КАФЕ ПАУЗА

Tag: хармонија

  • Како да го посадите семето за посреќен живот?

    Како да го посадите семето за посреќен живот?

    Дали сакате да ги раширите погледите кон животот, да ги зацврстите односите со другите луѓе и да поставите солидна основа за среќен и исполнет живот? Еве како да го посадите семето за хармонија во животот.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Како да развиете поголема трпеливост?

    rnКога гледате дека сте на работ да го изгубите трпението, длабоко вдишете и потсетете се дека вие сте разбрано човечко суштество. Зборувајте смирено и ќе забележите дека колку постабилен е вашиот тон толку посмирено се чувствувате. Само разговорот со смирен тон ќе ве спречи целосно да го загубите трпението.rn

    Хармонија во кујната

    rnrnНеколку пати неделно или тогаш кога ќе најдете време, издвојте еден час и посветете се на работа во кујната. Испечете леб, направете торта или слатки. Ваквата навика е здрава и позитивно ќе се одрази на вашето расположение. Иако многумина во денешно време се навикнати ваквите работи да ги купуваат готови, понекогаш е добро да ги направите сами. Кога мирисот на печен леб ќе ја исполни вашата кујна, вие ќе се чувствувате смирено.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Посветете се на вашата градина

    rnИсто, навикнати сме да купуваме зеленчук од пазар. Но зошто да не направите една, макар малечка зеленчукова градина? Доколку имате простор и можност, посветете се на одгледување на неколку зеленчукови растенија. Грижата за растенијата и здравата супа од зеленчук која сте ја подготвиле од вашата градина ќе придонесат да се чувствувате добро.rn

    Имајте свое хоби

    rnСлободното време не е време за безделничење или период од денот кој треба да го отспиете. Неодамна разговарав со странец кој е во пензија веќе неколку години. Кажа дека откако престанал со работа се посветил на градење ветерници. Тој можеби бил адвокат или директор, сеедно, сега градењето ветерници му внесува мир и спокој. Не дека мора вашето хоби да биде поврзано со тешка физичка работа или да чекате додека стигнете до пензија, само најдете нешто што ве исполнува и посветете му го вашето слободно време. Би можеле да бидете изненадени од исходот на вашата работа.rn

    Посадете рози

    rnrnНе само што вашиот двор или балкон ќе изгледа поубаво, туку и вие ќе се чувствувате поубаво кога ќе го пиете вашето утринско кафе меѓу расцветаните рози кои прекрасно мирисаат.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Физичка активност

    rnСекогаш кога зборуваме за здрав и хармоничен живот, мора да ја споменеме физичката активност. Еве некои физички активности кои ви ги даваме како предлог:rn

    rn

    Здрав однос со вашите родители и деца

    rnОдносот родители–деца секогаш е важен фактор за хармонија во животот. Посветете им љубов, грижа и внимание на вашите родители. Оформете здрав однос со вашите деца и поставете се како слободоумна личност на која можат да ѝ кажат сè и која секогаш ќе ги разбира нивните чувства. Без разлика колку сте зафатени, издвојте време да ги посетите вашите родители или да одите на прошетка со вашите деца. Надгледувајте го нивниот развој и правете белешки со цел да утврдите во што вашите деца би биле добри во иднина. Потоа трудете се да ги надградите нивните знаења во тие правци.rn

    Грижете се за домашно милениче

    rnДоколку веќе имате, посветете му повеќе внимание, доколку немате, купете го што поскоро. Грижата за друго суштество ќе ве смири, а после долгиот стресен ден на работа, галењето на вашето маче или игрите со вашето куче, навистина ќе ве ослободат од стресот.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Проширете ги хоризонтите

    rnПатувајте секогаш кога имате можност. Не мора тоа да биде во далечни земји или да трошите пари на луксузи. Заминете на планина за време на викенд, посетете некое село и дојдете во допир со природата. Посетете друга земја кога имате прилика и дознајте повеќе за тамошната култура.rn

    Опкружете се со зеленило

    rnОдете на прошетки во природа, донесете зеленило во вашиот дом или градина. Само со прошетки на свеж воздух и одморање на очите со зеленилото, си правите многу подобро за себеси отколку што мислите.rn

    Зајакнете ја врската со партнерот

    rnrnСекојдневно разговарајте, тоа ќе ја зајакне интимната врска и ќе ве ослободи од стресот. Доколку се соочите со проблем во врската, не мора да го решите во истиот момент. Смирете ги страстите со тоа што ќе поминете 30 минути слушајќи се еден со друг. Не поставувајте прашања, само ислушајте се. На крајот од денот е секогаш добро да имате кому да му ги раскажете случувањата.rnrnКако да го посадите семето за посреќен живот?rnrn

    Работете на вашиот карактер

    rnВашето мислење кажувајте го гласно и јасно и одлучно речете НЕ кога нешто што се бара од вас не ви одговара. Така ќе го зајакнете вашиот карактер и ќе создадете авторитет во туѓите очи. Почнете така што ќе кажете НЕ за нешто со што не се согласувате.rn

    Соочете се со негативните критики

    rnСекогаш кога некој негативно ќе ве искритикува, како прво мора да бидете свесни дека на тој некој му значите вие и вашата работа, па сака да ви посочи каде грешите, или пак ако ништо друго, одвоил време и внимание за вашето дело. Првиот чекор кон подобрување на она што го работите е мирното прифаќање на критиките.

  • Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар

    Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар

    Во една зоолошката градина во американската држава Џорџија меѓу животните постои пријателство кое сме го виделе само во цртаниот филм „Мадагаскар“. Таму мечката Балу, лавот Лео и тигарот Шир Кан се дружат исто како да припаѓаат на истиот вид.rnrnХармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигарrnrnТие се во зоолошката уште од мали нозе, кога биле одземени од некој дилер на дрога кој се обидувал да ги дресира за сопствени потреби притоа малтретирајќи ги. Плашејќи се дека кога-тогаш ќе почнат да се борат меѓусебно, луѓето од зоолошката се обиделе да ги раздвојат и да ги стават во посебни живеалишта, но наишле на одговор кој не го очекувале. Трите животни покажувале јасни знаци дека не сакаат да живеат одвоено еден од друг. Решиле да ги остават заедно извесен период и да ја следат состојбата меѓу нив пред конечно да ги раздвојат, но тие веќе 12 години живеат во хармонија која сите ги изненадува. Доколку денеска ја посетите оваа зоолошка градина може да ги забележите Балу, Лео и Шир Кан како трчаат и си играат заедно наоколу, како се бркаат еден со друг, се забавуваат со топка или јадат заедно.rn
    rn

    „Мислам дека маките низ кои поминале како малечки ја зацврстиле врската меѓу нив. Тие биле сè што имале. Се имале само еден со друг“, вели Алисон Хеџкот од зоолошката.

    rnХармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигарrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фенг шуи за вашиот дом

    Фенг шуи за вашиот дом

    Фенг шуи е традиционален кинески метод или уметност на одредување на најпропорционалниот дизајн и декорирање на просторот за да можете да ја постигнете максималната хармонија како резултат на протокот на позитивна енергија помеѓу вас и околината.rnrnФенг шуи за вашиот домrnrnСе верува дека вистинското фенг шуи е од голема корист за вашето здравје, богатство и среќа. Тоа е и начин на живеење, бидејќи ги вклучува сите аспекти од вашата дневна рутина, почнувајќи од вашиот работен простор, па сè до вашата спална соба, дневна или тоалет. Фенг шуи не е само обично сместување на одредени објекти, туку е наоѓање на вистинското место, боја и осветлување за секоја соба со цел да постигнете максимална рамнотежа и хармонија.rnrnНо, пред дури и да почнете да размислувате за фенг шуи објектите, прво мора да го исчистите вашиот дом од сè она што не ви е потребно. Мора да се ослободите од сè што претставува лоша енергија. Откако ќе завршите, можете да се префрлите на боите, формите и основните фенг шуи елементи.rn

    Петте елементи

    rnФенг шуи за вашиот домrnrnЗемја, оган, дрво, метал и вода се 5-те основни фенг шуи елементи. Дрвото се претставува со зелена и кафена, огнот со црвена, силни нијанси на жолта, портокалова, виолетова и силна розова. Белата и сивата се употребуваат за металот, сината и црната за водата, додека пак земјата е нежно жолта, светло кафена или боја на песок.rnrnЗелената е одлична за подобрување на вашето здравје и би требало да биде искористена во Источната фенг шуи багуа област во вашиот дом. Белото би требало да има свое место во Северната багуа област за раст на кариерата, во Источната може да помогне за фамилијата и здравјето, додека пак местото во југоисточната е резервирано за богатството.rn

    Тројството

    rnГлавните енергетски центри во вашиот дом се во спалната, тоалетот и во кујната. И покрај тоа што овие соби се клучни за протокот на позитивната енергија, не значи дека не би требало да ги средите и другите простории, од подрумот па сè до ходниците. Започнете со мали фенг шуи објекти, бидејќи целта не е одеднаш да го пренатрупате вашиот дом. Погрижете се да обрнете поголемо внимание на осветлувањето и не заборавајте на боите.rn

    Фенг шуи објекти за тоалетот

    rnФенг шуи за вашиот домrnrnВо фенг шуи филозофијата, тоалетот се смета за место каде што се акумулира негативната енергија. Доколку сакате да го направите ова место попозитивно, мора да се погрижите да изгледа како мини спа. Користете огледала, но погрижете се да не можете да го видите одразот на тоалетната школка во нив. Одржувајте го многу чист, поставете некое растение како бамбус и користете миризливи стапчиња или масла за да создадете мирно место. Свеќите исто така се добредојдени, како и релаксирачката музика. Вашата бања би требало да биде местото каде што ќе се ослободите од негативните мисли и стресот.rn

    Фенг шуи објекти за кујната

    rnКујната се смета за срцето во вашиот дом, но исто така е и симбол за богатство и напредок. Свежи цвеќиња или овошја се добредојдени. Нежната жолта боја е најсоодветен избор за ѕидовите. Кујната е комбинација од сите елементи: имате рерна како оган, дрвени елементи кои ја претставуваат земјата, водата поминува низ мијалникот, металот може да се пронајде во кујнските додатоци за готвење.rnrnМијалникот би требало да биде веднаш до прозорот, бидејќи сината на небото е и бојата на водата. Дрвените елементи, вклучувајќи ги и масата или шанкот би требало да имаат нежни рабови. Сè во кујната би требало да биде позитивно, па би можеле да си поиграте со боите, како и со елементите, но пазете да не претерате и да направите да изгледа пренатрупано.rn

    Фенг шуи објекти за спалната

    rnФенг шуи за вашиот домrnrnУпотребувајте само слики, фотографии или уметнички дела кои сакате да ги доживеете во вашиот живот. Избегнувајте да го наместите креветот во линија со вратата и погрижете се тој да ви биде достапен од двете страни. Свеќите се одлично фенг шуи осветлување за во спалната, но погрижете се секогаш да имате свеж воздух – отворајте го прозорот почесто.rnrnНе треба да имате ни телевизор ни компјутер во вашата спална соба. Употребувајте различни нијанси на црвена за страст и љубов, но пазете да не претерате, па за да го одржите балансот, комбинирајте со пастелни бои. Исто така можете да декорирате со статуи од Буда, бамбуси што носат среќа или багуа приврзоци.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршена хармонија

    Совршена хармонија

    Среќа е кога она што го мислиш, она што го кажуваш и она што го правиш се во совршена хармонија.rn

    Совршена хармонија
    Преземете ја сликата за десктоп позадина (2560×1600)

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Наместо да мислите дека живеете во себичен свет, во кој единствено можете да си верувате себеси, ослободете го духот и почнете да анализирате што би можеле да направите за да бидете попозитивни и посреќни. Човекот не може да се чувствува исполнето ако нема околу себе искрени луѓе, кои вистински го сакаат и почитуваат. Сите ние имаме чувства, желби, соништа… Тоа значи дека само доколку соработуваме заеднички, можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Се прашувате како? Еве еден несекојдневен предлог.rnrnСтани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrnrn„Коцки за промени“ е навистина уникатен концепт направен од страна на холандската дизајнерска куќа Криејтив хироус, кој има за цел да го промени однесувањето на луѓето на еден весел начин – со едноставно фрлање на коцките. Засега се измислени три типа на коцки, на кои има по шест симпатични икони што прикажуваат што да направите во текот на денот за да се чувствувате хармонично, урамнотежено и исполнето. Секојдневното фрлање на коцките, ќе ве стимулира да направите мали промени во секојдневната рутина, кои можат да резултираат со изненадувачки позитивен ефект.rn

    1. Коцка за љубезност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrn

    2. Коцка за здравје

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rn

    3. Коцка за еколошка свесност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rnrnКонцептот за жал, сè уште не е на продажба бидејќи дизајнерите бараат партнерство за производство на заровите. Доколку мислите дека ваквиот начин на негување на психичката состојба е одличен избор за вас, можете да ја оставите вашата имејл адреса на официјалниот веб сајт, за да добиете известување кога заровите ќе бидат ставени на продажба. До тогаш, вкулчете ја вашата креативност и рачно изработете нешто слично, кое секој ден ќе ви го покачува степенот на задоволство од сопствениот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете добар цимер?

    Како да бидете добар цимер?

    Студентите кои студираат во друг град или во друга држава, најчесто го делат просторот во кој живеат со еден или со повеќе цимери. Меѓутоа, често се случува да се создаваат конфликтни ситуации помеѓу цимерите, како резултат на недостаток на почитување на правилата за живот во заедница. За да не бидете озборувани и нарекувани „ужасни“ цимери, придружувајте се до следниве совети:rn

    Бидете педантни

    rnСекогаш одржувајте го вашиот дел од собата чист и уреден. На тој начин, ако вашиот цимер секогаш растура предмети околу собата и никогаш не ги средува, ќе имате силен аргумент да се побуните.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Не ги чепкајте туѓите работи

    rnНа некои луѓе едноставно не им се допаѓа да им ја користите облеката, шминката, лаптопот или кој било предмет што е во нивна сопственост. Ако сакате нешто да позајмите, прво побарајте дозвола.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Почитувајте ја приватноста на вашиот цимер

    rnДоколку вашиот цимер спие или учи, немојте да слушате музика, немојте гласно да разговарате на телефон во истата просторија и никако немојте да каните пријатели на кафе.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Создадете правила на игра

    rnДоговорете се за сѐ што сметате дека е битно за вашето заедничко живеење, како на пример дали ќе зборувате на телефон во или надвор од собата, дали внатре може да се пуши или не итн.rn

    Согласност од цимерот за поканување на вашиот партнер

    rnПред да се договорите со вашето момче/девојка да дојде кај вас, морате прво да побарате согласност од вашиот цимер, за да избегнете конфликт. Кога сакате да поминете време насамо со партнерот, замолете го цимерот (доколку е тоа возможно) да си замине од собата 1-2 часа. Ако цимерот има разбирање за вашите потреби, секако дека и вие ќе му ја возвратите почитта во иднина.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Чистење

    rnОднапред определете дел од седмицата, кога заеднички ќе ја чистите собата и поделете ја работата. Фрлање на ѓубрето и редовно купување заеднички производи се дел од правилата. Ако се придржувате до нив, ќе ги избегнете тензиите помеѓу вас и вашиот цимер.rn

    Сепак…

    rnНе заборавајте дека секогаш ќе има нешта кои ќе ви сметаат во карактерот на вашите цимери, што е нормално и природно. Научете да живеете со туѓите недостатоци и контролирајте ја вашата вознемиреност. Доколку е невозможно да излезете на крај, пријателски поразговарајте со цимерот и посочете ги работите кои сакате да ги промени. Можеби и тој/таа има да каже нешто за работите кои му/ù сметаат кај вас. Ако повторно не ве разбере и си тера по свое, побарајте од одговорните во студентскиот дом, да ве преместат во друга соба и со друг цимер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги зацврстите вашите пријателства?

    Како да ги зацврстите вашите пријателства?

    Зборувајте помалку, слушајте повеќе

    rn

    Повеќето од нас уживаат додека зборуваат за себеси. Без разлика дали темата на разговорот се успесите кои сме ги постигнале или маките низ кои сме поминале, мора да внимаваме да не ја преминеме границата, бидејќи тие околу нас ќе се презаситат од нашиот егоизам.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Некои луѓе едноставно не се свесни колку доминираат во разговорот. Ако сте расположени да чуете што другите имаат да ви кажат, ќе ја освоите почитта од вашите пријатели. Доколку забележите дека во разговорите со другите луѓе секогаш зборувате за себеси, сетете се на советот од грчкиот филозоф Епиктектус:rn
    rnrn

    „Природата ни дала еден јазик и две уши, за да можеме да слушаме двојно повеќе отколку што зборуваме.“

    rn

    Што е поважно, да бидете секогаш во право или да ја одржувате хармонијата?

    rnКако да ги зацврстите вашите пријателства?Повеќето проблеми во односите со другите луѓе, настануваат како резултат на нашата гордост. Немојте да инсистирате да го имате секогаш последниот збор, туку обидете се да се повлечете, пред  разговорот да прерасне во нешто кое на никој нема да му се допадне. Запомнете дека здравите врски не се базираат врз победувањето во безначајни аргументи.rn
    rn

    Избегнувајте да озборувате

    rnДоколку вистински го цените вашето пријателство со некоја личност, нема да уживате коментирајќи ги недостатоците или неуспесите на истата, бидејќи кога  – тогаш таа ќе разбере за тоа. Дури и никогаш да не дознае, ризикувате да си ги ослабите односите со сите ваши пријатели, кога тие ќе дознаат дека сакате да озборувате. Тоа е така, бидејќи несвесно немаме доверба во луѓе кои имаат репутација на озборувачи. Инстиктивно имаме доверба и ги почитуваме оние, кои ја немаат потребата да критикуваат други.Како да ги зацврстите вашите пријателства?rnrn

    Опростувајте

    rnПрочката не е клише, туку многу моќен и значаен фактор за градењето здрави односи. Вистинското проштавање значи дека треба да го заборавите лошото искуство кое сте го имале со личноста, а не денес да и опростите, а после неколку недели повторно да ја критикувате за истата работа. Помислете колку би биле среќни кога вам би ви биле опростени и заборавени грешките кои сте ги направиле.Како да ги зацврстите вашите пријателства?rnrn

    Имајте искрен мотив и научете да молчите

    rnАко гледате каква корист можете да извлечете од пријателствата, правите огромна грешка. Доколку пријателите ви требаат секогаш кога барате нешто од нив, тогаш бидете сигурни дека и тие ќе имаат слични или можеби и поголеми барања од вас. Еден ден, кога навистина ќе ви бидат потребни, тие ќе „исчезнат“.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Искрените пријателства треба да се базираат на заедничка поддршка и добра волја, а не на некаква лична полза. Исто така, кога сметате дека вашиот пријател има лоша идеја, која нема да му успее, немојте веднаш да се расправате и да го напаѓате. Молчете и дозволете самиот да си донесе заклучок. Можете да му ја понудите вашата помош или поддршка, но тотално е неисправно секогаш да се чувствувате одговорни за туѓите постапки и одлуки. На крајот на краиштата, не можете вие да го живеете нивниот живот место нив.rn
    rnrn

    Единство и хумор – клуч за вистинско пријателство

    rn

    Најдобриот рецепт за градење цврст однос со вашите пријатели е создавање на чувство на единство. Кога ќе научите да функционирате како еден, во вашите односи нема да постојат негативни чувства, како што се љубомора и несигурност. Плус, ако се чувствувате вистински поврзани, нема да имате срце да направите нешто кое ќе ги повреди вашите пријатели.Како да ги зацврстите вашите пријателства?Многу е важно да научите да се забавувате и смеете. Доколку забележите дека некој ваш близок не е во добро расположение, кажете неколку шеги на ваша сметка, кои знаете дека ќе го насмеат. Хуморот е и најдобар лек за надминување на напнатите ситуации.rn
    rnrn

    „Вистински пријател е оној кој останува во вашиот живот, кога сите останати си одат“ – Волтер Винчел.


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn