КАФЕ ПАУЗА

Tag: хармонија

  • Овие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работите

    Овие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работите

    Живееме во свет каде негативните емоции се подоминантни во споредба со позитивните. Свет во кој ги проектираме нашите несигурности, љубомора, омраза кон другите луѓе и создаваме негативна средина. За возврат, оваа негативност нè прави непродуктивни и ја намалува нашата духовна енергија. Еве на кој начин можете да престанете да ги сфаќате лично работите и да живеете во мир и хармонија.rnrnОвие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работитеrn

    1. Не се работи за вас туку за нив

    rnЛуѓето се несвесни за нивните најдлабоки стравови, несигурности и продолжуваат да ги проектираат своите идеи, најдлабоки желби, внатрешни конфликти и борби на оние околу нив. Она што луѓето не успеваат да го сфатат е дека проблемот лежи внатре во нив, а не надвор. Но, полесно е да ги рефлектираме нашите несвесни желби на другите, наместо да ги гледаме во очи и да се соочиме со нив.rn

    2. Не обрнувајте премногу внимание

    rnОд особена важност е да не се фокусирате секогаш на негативните зборови што луѓето ги зборуваат за вас. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на позитивните коментари. Имајте на ум дека негативните мисли имаат моќ да го отрујат вашето срце, вашиот ум, вашето тело и вашиот живот.rn

    3. Бидете тоа што сте

    rnПризнајте дека никој не ве познава подобро од вас. Тоа значи дека мислењата на другите за вас, без разлика колку се злонамерни, никогаш нема да ве променат. Имајте на ум дека е ваша должност да си бидете верни на себеси, да ја прифатите секоја мана што ја имате и да си ја пружите љубовта што ја заслужувате. Ако одредени луѓе не се согласуваат со начинот на кој го живеете вашиот живот, тоа е нивен проблем, а не ваш.rn

    4. Тоа што другите луѓе мислат за вас не е ваша работа

    rnДоколку постојано се грижите за тоа што другите мислат за вас и постојано го барате нивно одобрување, веднаш станувате нивен затвореник. Вие сте слободна индивидуа – слободна да размислува, да зборува и да ги остварува своите соништа.rn

    5. Луѓето го даваат она што го имаат во срцето

    rnСите ние сме родени со вродена потреба да даваме – да им го понудиме на другите околу нас она што го имаме во нашите срца. Оние луѓе чии срца се исполнети со љубов, добрина и сочувство, шират љубов кон секој на кој ќе наидат. Додека, пак, оние луѓе кои се во неволја и чии срца се ранети поради многуте предизвици, искушенија, трауми, тешкотии и болни искуства проектираат негативни емоции на луѓето на кои наидуваат. Во моментов тоа е сè што имаат да им понудат на другите. Нашата способност да го сфатиме ова ќе ни помогне да бидеме помалку груби кон луѓето за кои мислиме дека намерно шират негативност.rn

    6. Чувајте го своето срце, бидејќи сè што правите произлегува од него

    rnБез разлика што некој може да ви каже и без разлика колку негативност луѓето би можеле да се обидат да внесат во вашиот живот преку нивните постапки и однесувања, никогаш не дозволувајте болката што може да се создаде притоа да ве натера да мразите.rn

    7. Негувајте го вашиот мир

    rnОддалечете се од оние нешта или луѓе што не ви носат мир, радост и среќа во вашиот живот и постојано фокусирајте се на оние работи што го исполнуваат вашето срце со љубов. Поставете го душевниот мир како ваша највисока цел во животот и не дозволувајте ништо и никој да се меша во тоа. Не дозволувајте ништо и никој да ви го нарушува внатрешниот мир. Секогаш кога ќе се соочите со тешка личност или ситуација, запрашајте се: „Како можам да се справам со оваа ситуација на начин што нема да го наруши мојот внатрешен мир? Дејствувајте на начин што ќе ви помогне да ја одржувате состојбата на внатрешен мир и спокојство.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да престанете да ги сфаќате лично работите, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да им угодувате на другите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

    Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

    Бенгал се наоѓа во јужниот дел на Азија, во регионот околу делтата Ганг-Брамапутра и по должината на Бенгалскиот залив. Станува збор за еден од најгусто населените региони во светот, со густина на популацијата од 900/км2. Источниот дел му припаѓа на Бангладеш, а западниот дел на Индија (Западен Бенгал).rnrnОд Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природатаrnrnРегионот претставува плодна рамнина која е испресечена со бројни речни текови (Ганг, Брамапутра, Мегна, Дамодар, Рупнараин, Тиста) како и канали за наводнување.rnrnЕдинствен и оригинален меѓу индиските држави по тоа што се протега од Хималаите до морето, Западен Бенгал привлекува сè повеќе туристи кои се во потрага по необични дестинации. Главен град е Калкута чии жители и покрај огромната стапка на сиромаштија сè уште ја одржуваат сликата на софистициран, гостопримлив град кој некогаш бил престолнина на Британска Индија.rnrnОстатокот од Западен Бенгал, пак, се карактеризира со прекрасна палета на пејзажи и култури почнувајќи од Дарџилинг (место прогласено за светско наследство на УНЕСКО) па сè до мочуриштата Сундарбан каде талкаат кралските бенгалски тигри.rnrnРегионот изобилува со необични пејзажи и глетки како на пример мажи и деца кои сортираат рибарски мрежи во Канинг, гратче населено на западниот брег на реката Матла.rnrnОд Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природатаrnrnТие треба да се исушат и проверат дали се оштетени пред да се користат повторно. Големината на мрежите варира од 4 до 8 метри во дијаметар. Работниците по сортирањето ги бараат оштетените места и ги шијат дупките со најлонски конец. За еден работен ден, односно околу 10 работни часа добиваат надомест од 12 долари.rnrnОткако прочитавте нешто повеќе за Бенгал, можеби ќе ве интересира да прочитате и кои 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Според нумеролозите, денешниот датум ќе ни донесе нови можности бидејќи е магичен ден!

    Според нумеролозите, денешниот датум ќе ни донесе нови можности бидејќи е магичен ден!

    Од нумеролошки аспект, 2022 година се заснова на три двојки. Бројот 2 е симбол на хармонијата, љубовта, интуицијата, вниманието и односите. Ако ги погледнете поединечните датуми, ќе увидите дека само во текот на февруари веќе имавме два магични дена (2 февруари и 20 февруари) и сега третиот, 22.2.2022 година.rnrnСпоред нумеролозите, денешниот датум ќе ни донесе нови можности бидејќи е магичен ден! rnrn rnrnОбидете се да се сетите на 2 февруари. И тој ден беше преполн со „магична“ енергија. Какви сознанија се појавија тогаш во поглед на вашите врски или партнерства? Во случајот со 22 февруари, имаме дури 6 двојки што според нумеролозите ја истакнува потребата за соработка и блискост. На овој ден размислете како комуницирате со вашите најблиски. Бидете искрени, отворете го вашето срце и споделете ги вашите чувства.rnrnДенот е исто така добар и за зацврстување на вашата љубовна врска. Доколку покажете иницијатива и се вклучите во активности кои ќе ја направат вашата врска уште попродуктивна, тогаш енергијата на Венера ќе ви отвори нови можности.rnОвој ден ќе дојде до израз и вашата длабоко вкоренета желба за рамнотежа и хармонија со другите. Затоа денес ќе чувствувате поголема емпатија, а можно е да направите и одредени промени во врската како и да ѝ ставите крај на рутината. Таа позитивна промена може да биде план за излет или патување.rnrnАко пак сте слободни, поминете го денот грижејќи се за себе и правете нешто во што уживате, било да е тоа пешачење, јога, медитација, масажа, третман на лице… Сакајте се, уживајте во сопственото друштво, бидете свесни за она што се случува околу вас. На тој начин ќе бидете подготвени да запознаете некој. Овој ден може да биде и одличен датум за првиот состанок. Можеби токму денес ќе откриете дека ве привлекува оваа личност.rnrnБројот 22 се поврзува и со идејата за градење на нешто поголемо од вас, но под услов да работите во тим, заедно со другите. Во поглед на кариерата, ќе добиете нови идеи и решенија. Тоа е така бидејќи бројот 2 не ја претставува само интимната врска меѓу луѓето, туку и соработката, размената на енергија што може да доведе до иновации.rnrnАко го разложиме датумот 22.2.2022 од нумеролошки аспект така што ќе ги собереме сите цифри сè дури не добиеме еден број, го добиваме бројот 3 (2 + 2 + 2 + 2 + 0 + 2 + 2 = 12; 1 + 2 = 3). Бројот 3 е поврзан со Јупитер и е симбол на неговата експанзивна енергија.rnrnОткако дознавте за нумеролошкото значење на низата 2-2-2-2-2-2, можеби ќе сакате да дознаете и кој е вашиот скриен број.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Изберете ја картата што ве привлекува за да добиете порака за мир и хармонија во вашиот живот

    Изберете ја картата што ве привлекува за да добиете порака за мир и хармонија во вашиот живот

    Погледнете ги овие четири карти и дозволете ѝ на вашата потсвест да ја избере онаа што најмногу ве повикува. Треба да ја изберете онаа карта што ве привлекува најмногу затоа што таа носи посебна порака што ќе донесе мир и хармонија во вашиот живот.rnrnИзберете ја картата што ве привлекува за да добиете порака за мир и хармонија во вашиот животrn

    1. Карта на радост и надеж

    rnОваа карта ви најавува дека живеете во денови на промени. Сè што ви се случило досега, се случило затоа што мора да учите, да растете и да бидете силни.rnrnСега е време да верувате дека најдоброто допрва треба да дојде и да го живеете животот со надеж. Сега е време да заблескате и да го направите невозможното, да правите работи што отсекогаш сте ги посакувале, но никогаш немавте храброст да ги пробате.rnrnВреме е да им се вратите на тие соништа и да бидете храбри затоа што универзумот секогаш работи во корист на оние што се обидуваат да ги остварат своите најголеми желби. Живејте го секој ден со радост и со позитивни чувства.rn

    2. Карта на мирот

    rnОваа карта ќе ве потсети дека можеби не сте одговорни за сето она што се случува во вашиот живот, но вие сте одговорни за ставот што го имате кон работите што се случуваат. Лутината и одмаздата никогаш не се добар избор.rnrnВие сте мудри и имате контрола над вашиот живот, над вашите одлуки и над вашите реакции. Научете да се справувате со гневот со љубов, а со тврдоглавоста со добри аргументи и ќе видите како вашите денови автоматски ќе станат посреќни и вашиот став кон животот и кон луѓето радикално ќе се подобри и ќе привлекувате благосостојба и љубов.rnrnБидете смирени, не дозволувајте луѓето да ве влечат кон бури, подобро вие да ги привлечете кон мирот.rn

    3. Карта на чесност и одговорност

    rnОваа карта ќе ве натера да се запрашате дали во последно време давате сè од себе. Што правите денес за иднината да ве одведе таму каде што сакате да бидете? Што можете да направите во вашиот живот за да бидете најдобрата верзија од себе?rnrnВие сте личност која прави прекрасни работи. Вашата судбина и вашиот живот се во ваши раце. Поради оваа причина, дефинирајте ги своите цели, исполнете се со сила, со љубов и со храброст и продолжете да се движите кон остварување на вашите соништа затоа што кога знаете што сакате, секогаш ќе најдете начин да го постигнете тоа.rnrnБидете силни и секогаш давајте сè од себе.rn

    4. Карта на фантазијата и на новите можности

    rnОваа карта ве повикува да го видите своето постоење со нови очи, со очи на љубопитно дете кое е изненадено од летот на пеперутките или од синото небо. Обично брзате низ животот, не ги гледате прекрасните работи што се случуваат секој ден и не ги забележувате пораките што ви ги испраќа универзумот.rnrnКреативната сила на универзумот го сака најдоброто за вас и секогаш ви испраќа пораки на својот суптилен јазик. Време е да внесете малку повеќе мир во вашите денови. Пред вас ќе се појават нови можности, но само ако го дозволите тоа.rnrnВреме е да почнете да ги забележувате знаците бидејќи животот никогаш не престанува да разговара со вас и секогаш ве води на најдобриот пат.rnrn[message_box title=”Изберете ловец на соништа и откријте што значи вашиот избор” color=”yellow”]Изберете ловец на соништа и откријте што значи вашиот избор[/message_box]rn

    Извор: Atma.hr

  • Научниците докажаа: Подобро е да се биде сингл отколку во лоша врска

    Научниците докажаа: Подобро е да се биде сингл отколку во лоша врска

    Група научници неодамна објавија дека е подобро да се биде сам, отколку во врска со погрешна личност, откако спровеле двегодишно истражување на оваа тема. Студијата е објавена во научното списание „Family Psychology“ и докажува дека е подобро да се биде сингл, затоа што љубовните врски се тесно поврзани со физичкото и психичкото здравје.rnrn(1) Научниците докажаа - подобро да се биде сам отколку во лоша врскаrnrnНаучниците од Универзитетот во Бафало, САД, поминале две години набљудувајќи ги животите на 200 млади луѓе кои биле во сериозни врски, без оглед дали станувало збор за брак или врска, затоа што и двете влијаат врз нашето здравје. Голем број луѓе сметаат дека е подобро да се забавуваат со некого, иако не се чувствуваат целосно среќни со таа личност, само да не бидат сами и да не се чувствуваат осамено. Но, новото истражување докажува дека токму таквите врски можат да му наштетат на нашето здравје. Резултатите покажуваат дека партнерите кои се чувствуваат пријатно во својата врска, имаат меѓусебно разбирање и немаат секојдневни расправии, всушност се во подобра здравствена состојба.rnrnСпоред Ешли Бар, авторот на ова истражување, недостатокот на стабилност во врската е директно поврзан со депресијата, зависноста од алкохолот и генерално влошената здравствена состојба кај луѓето. Истото прашање го покрена и научниот магазин „Psychosomatic Medicine“. Личноста која постојано има расправии со својот партнер/партнерка, се соочува со 8,5% поголеми шанси за развој на кардиоваскуларни болести, во споредба со некој кој живее во врска полна со љубов и хармонија.rnrnЗатоа размислете малку за тоа каква е вашата врска? Можеби е време да смените нешто и да обрнете внимание на вашето здравје.

  • 10 древни мудрости од Американските Индијанци

    10 древни мудрости од Американските Индијанци

    Американските Индијанци знаеле како да го уредат животот во хармонија со природата. Иако тие се речиси истребени, нивната мудрост останува да живее и да нè учи како да живееме во согласност со сопствената природа и со околината.rnrn10 мудрости од Американските Индијанциrnrn rn

    „Големиот Дух е насекаде, тој е во воздухот што го дишеме. Големиот Дух е нашиот Татко, но земјата е нашата Мајка. Таа нè храни. Сè што ќе ставиме во неа таа ни го враќа назад.“ – Големата Молња од племето Вабанаки Алгонквин

    rn

    „Првиот дел, кој е и најважен, извира од душата на луѓето кога тие ќе ја сфатат нивната врска и единство со Универзумот и сите негови моќи и кога ќе сфатат дека Големиот Дух е во средиштето на Универзумот, а тоа средиште е во секој од нас.“ – Црниот Лос од Оглала Сијуксите

    rn

    „Кога ќе го исечеме и последното дрво, ќе ја загадиме и последната река и ќе ја уловиме и последната риба ќе сфатиме дека не можеме да јадеме пари.“ – непознат Кри Индијанец

    rn

    „Кога се сомневаш, остани мирен и чекај. Кога сомнежот ќе го снема продолжи храбро напред. Остани мирен додека те опкружува маглата, но кога ќе пробијат првите зраци, а ќе пробијат, делувај храбро.“ – Белиот Орел од Понка

    rn

    „Убаво однесувај се со земјата. Таа не ти е дадена од родителите, туку ти е позајмена од децата. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, туку ја позајмуваме од нашите деца.“ – стара индијанска поговорка

    rn

    „Човекот не ја исткајал мрежата на животот. Ние сме само еден конец во неа. Тоа што ѝ правиме на мрежата, тоа си правиме себеси. Сè е поврзано.“ – Сиетл од племето Дувамиш

    rn

    „Нека ѕвездите ја истераат тагата од тебе. Цвеќињата нека те исполнат со убавина. Надежта нека ти ги избрише солзите. Но, пред сè, нека тишината те направи посилен.“ – Ден Џорџ од Тслеил Ваутут

    rn

    „Пред да пристигнат овде нашите бели браќа за да нè цивилизираат, ние немавме никакви затвори. Затоа немавме ниту престапници. Без затвор, нема ни престапници. Немавме ниту брави и катанци, па немавме ниту крадци. Кога некој беше многу сиромашен и не можеше да си дозволи коњ, шатор или ќебе, тој тоа ќе го добиеше како подарок. Ние бевме премногу нецивилизирани за да ѝ дадеме важност на цивилизираната сопственост. Не знаевме за пари, па затоа и вредноста на човекот не беше мерена според неговото богатство. Немавме пишани закони,немавме адвокати и политичари, па затоа не знаевме ниту да се лажеме меѓу себе. Навистина бевме за никаде пред да се појават белите луѓе и не можам да објаснам како успевавме да се справуваме со овие основни работи кои според нив се неопходни за едно цивилизирано општество.“ – Огнениот Сакат Елен од Лакота Сијуксите

    rn

    „О, Голем Духу, помогни ми тивко да ја зборувам вистината, да слушам со отворен ум кога другите зборуваат и да не заборавам дека мирот може да се најде во тишината.“ – молитва на Чироки Индијанците

    rn

    „Мирот и среќата ни се на дофат во секој момент. Мирот е во секој чекор. Треба да чекориме фатени за раце. Не постојат политички решенија за духовни проблеми. Запомнете, ако Создателот ставил нешто таму, тоа му е местото. Не може да има виножито во душата без дожд во очите. Кажете им на вашите луѓе дека откако ни ветија дека нема да нè преселат од овде, нè преселија дури пет пати.“ – непознат индијански поглаватар

  • 3-те основни потреби на секој хороскопски знак

    3-те основни потреби на секој хороскопски знак

    Основната потреба на секој Бик е сонот, а покрај тоа потребни му се уште две работи. На Близнакот му треба слобода, на Девицата сигурност, а на Стрелецот дружење. Погледнете кои се основните 3 потреби на секој хороскопски знак.rnrn1-3-te-osnovni-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНезависност – Потребна ви е слободата во однесувањето. Не сакате на никого да му се објаснувате за своите постапки. Не поднесувате кога некој ве присилува на нешто или ве контролира.rnrnДвижење – Вие едноставно мора постојано да „брзате“, па вашите дела се често поважни од самите резултати. Натрупувањето на обврските не ве загрижува премногу. Напротив, вие знаете и годишниот одмор да го користите за работа.rnrnВласт – Не можете да бидете задоволни ако не им командувате на другите, а бидејќи секогаш сте полни со иницијатива, вие сте идеален лидер.rn

    Бик

    rnСон – Тоа е основната потреба на секој Бик. На спиење би требало да одите секогаш во исто време и да избегнувате непроспиени ноќи.rnrnИсхрана – Вие сте голем гурман и генерално сакате да готвите. Но, љубовта кон храната може да ве доведе до вишок килограми. Кога ќе дојде до тоа, силата на вашата волја може да ја одигра главната улога.rnrnХедонизам – Уживате во сѐ што е убаво, но исто така имате потреба тоа чувство да го споделувате со оние кои ги сакате.rn

    Близнаци

    rnСлобода – Слободата ви е неопходна заради вашата љубопитна природа, па одлично се снаоѓате и во неочекувани ситуации.rnrnИнтелигенција – Вашата изострена интелигенција, флексибилност и брзите рефлекси ве прават способни за извршување различни задачи.rnrnКомуникација – Најсреќни сте кога пред себе имате публика која ве слуша.rn

    Рак

    rnСемејство – И како дете и како родител создавате толку јаки врски со семејството што дури тешко успевате да се осамостоите. Кога ви недостига семејството вие можете да почувствувате и физичка болка.rnrnЉубезност – Бидејќи сте затворени, сите проблеми ги чувате во себе, што пак е главна причина за вашата фрустрација и проблеми со желудникот. Вашето оружје се љубезноста и претпазливоста со кои ги разоружувате дури и оние најарогантните и највообразените.rnrnХармонија – Потребата за хармонија ве прави посмирени и прилагодливи, па избегнувајте директни судири.rn

    Лав

    rnУглед – Вишокот енергија ве прави желни за моќ и слава, па макар и во ограничена средина, како што е училницата, работното место или семејството.rnrnИзобилие – Патите од величина и сјај, па не сте од оние штедливите кои своите добра ги сокриваат од погледите на околината. Сакате сѐ, но сакате и другите да видат колку имате.rnrnСледбеници – Не ви е доволно почитувањето од брачниот другар и од семејството, туку ви треба цела армија на свои обожаватели. Заради тоа одржувате добри односи со подалечните роднини и со голем број познаници.rn

    Девица

    rnСигурност – Штедливи сте и економични, па со задоволство ќе го жртвувате уживањето заради долгорочна сигурност.rnrnУмереност – Не сакате да трошите пари, ни време, ни енергија. Не ви паѓа на памет спонтано да се предадете на уживањето, бидејќи знаете дека тоа може скапо да ве чини.rnrnРед – Секогаш сакате да знаете каде што сѐ наоѓа и на кого можете да сметате. Ги почитувате прописите, не толку од морални причини, туку заради полесно снаоѓање во животот.rn

    Вага

    rnРамнотежа – Сакате сѐ да биде во рамнотежа: активностите, одморот, материјалните и духовните потреби. Фанатизам не поднесувате.rnrnУдобност – Одморот е многу важен за вашата слаба точка – крстот, а за да се одморите, потребна ви е удобност. Тешко се прилагодувате на спартански начин на живот.rnrnЗаедница – Бракот е идеален за припадниците на вашиот знак, бидејќи поседувате вродено чувство за живот во заедница. Не поднесувате осаменост и едноставно сте зависни од социјалниот живот.rn

    Скорпија

    rnСексуалност – Вашата огромна енергија е тешко да се контролира, а со вашата психа доминира силно изразена сексуалност. За да би можеле нормално да функционирате, вашиот еротски живот мора да биде исполнет.rnrnДоминација – Во друштво мора да имате доминанта улога, додека рамноправен однос тешко прифаќате.rnrnИгра – По природа сте сомничави, но исто така сакате и да ризикувате, па игрите ви помагаат да се опуштите.rn

    Стрелец

    rnДружење – Потребна ви е поддршка од пријателите иако не сакате со никого претерано да се врзувате. Обожавате да организирате патувања, излети и излегувања.rnrnПланирање – Иако не сте од оние кои претерано се грижат за иднината, сепак сакате да размислувате за неа. Пред себе мора да имате некој план, макар и нереален, кој ве влече напред.rnrnПатувања – Припаѓате на знакот на светскиот патник кој најдобро се чувствува кога е далеку од дома. Дури и ако не сте имале прилика да патувате надвор од земјата, чувствувате чудна поврзаност со далечните краеви.rn

    Јарец

    rnРазбирање – Совршено знаете да живеете со својата работа и со своите мисли. Сепак, тоа ваше повлекување обично е последица на разочараност од луѓето. Оној кој сака да ја здобие вашата доверба треба само да покаже разбирање за вас. Тоа ви е најважно.rnrnПозиција – Од мали „готвите“ план како да се оттргнете од влијанието на авторитетите и да се искачите на што повисок врв од каде слободни и независни ќе ги гледате „џуџињата“ во подножјето.rnrnПоредок – Повеќе сакате да се придржувате на веќе постоечките правила и закони одошто да импровизирате. Вашите главни адути се педантноста, сериозноста, упорноста, строгоста и непоколебливоста.rn

    Водолија

    rnНезависност – многу сте самостојни и имате изразена потреба да се движите слободно. Не поднесувате наметнати врски и посесивни личности, но умеете да покажете длабоки чувства.rnrnСлобода – Секогаш сте во потрага по нешто ново и возбудливо. Сепак, размислувате за иднината бидејќи со вас управува Сатурн, планетата на логиката.rnrnБратство – Најдобро се чувствувате кога можете да им помогнете на другите, така што некако секогаш се наоѓате во ситуација во која тоа можете на сите да им го покажете.rn

    Риби

    rnЧувства – Вашата потреба за љубов е толкава што имате желба целосно да се посветите на оној кого го сакате. Од љубов можете буквално да се разболите, но љубовта може и да ве излечи.rnrnЗаштита – Живеете во облаци и постојано барате некого кој може да ви пружи заштита.rnrnПосветеност – На работа сте добри соработници, подготвени да се жртвувате за колегите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Драматични снежни пејзажи со медитативна моќ

    Драматични снежни пејзажи со медитативна моќ

    „Бела тишина“ е занесна серија црно-бели фотографии направена од страна на фотографот Василис Тангоулис. Во секоја од овие неверојатни фотографии може да се пронајде момент на мир и тишина. rnrnГрчкиот фотограф користел филтри за неутрална густина за да може да ја долови драматичната длабочина на овие визуелно впечатливи пејзажи. Елегантноста која извира од недопрениот снег им дозволува на гледачите да влетаат во тивките сцени и да се изгубат во белата околината. Преку одлично изработените фотографии со медитативни моменти, Тангоулис им овозможува на гледачите инстантно да стапат во хармонија со природата. rn
    rn

    Според неговото био, „неговата фотографска визија најдобро може да се опише како фотографирање на времето во свет каде што ‘сегашноста’ е само бесконечно мал дел од времето, краткотрајна илузија која ги раздвојува скоро бесконечните минато и иднина. “

    rnrnМедитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја

    Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја

    Оваа необична куќа се наоѓа во близина на градот Јонаго, Јапонија и на прв поглед изгледа како да е расфрлана без план низ шумата. Но, сепак постои многу добра причина за нејзиниот изглед. Наместо да ја уништува природата и да го менува пределот, архитектот Кеиске Кавагучи од студиото K2 Design решил да го создаде овој модерен дом кој е во целосна хармонија со дрвјата.rnrnМодерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја rnrnЕнтериерот е поврзан преку кратки и мали ходници, додека пак дневниот простор е сместен на вториот кат за да може да се овозможи најголема удобност во текот на сите сезони. Станарите на овој начин ја избегнуваат влажноста и топлината која се подигнува од земјата во текот на летото, но истовремено им е топло и за време на зимата кога надвор има и до 2 метра снег.rnrnМодерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топол минималистички стан во студената Москва

    Топол минималистички стан во студената Москва

    Минималистичкиот дизајн најчесто значи жртвување на топлината на станот за добивање на поголема функционалност, но од секое правило има отстапувања. Така е и во овој случај. Топол минималистички стан во студената МоскваОвој прекрасен стан од 100 метри квадратни се наоѓа во Москва, Русија и плени со својата топлина и комфор. Дело е на дизајнерскиот тим од компанијата „ZE|Workroom studio“, а сопствениците побарале да добијат светол и просторен дом со многу место за складирање на работи. Сепак, дизајнерите своеволно „додале малку магија“ при дизајнирањето и резултатите се фантастични. Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената МоскваВо домот владее хармонија, а боите фантастично се дополнуваат и му даваат живост на овој прекрасен дом. Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.