КАФЕ ПАУЗА

Tag: есен

  • 4 мали ритуали за максимално да уживате во оваа есен!

    4 мали ритуали за максимално да уживате во оваа есен!

    Есента пристигна! За време на оваа сезонска промена, важно е да бидеме свесни за текот на времето – транзицијата од лето во есен може да ни помогне да се ослободиме од непотребното и да се чувствуваме благодарни за она што го имаме. Одвојте малку време во текот на следните неколку дена за да го прославите доаѓањето на есента преку овие мали ритуали.rnrn4 мали ритуали за максимално да уживате во оваа есен!rn

    1. Најдете време за размислување

    rnСеднете и размислете за оние работи кои можеби ве кочат во моментот да ги исполните вашите цели. Запишете ги вашите мисли на лист хартија и бидете храбри да започнете со промените.rn

    2. Пробајте нови рецепти

    rnНаместо да жалите по летното овошје, нека изобилството од есенски намирници ви биде инспирација за да испробате нови рецепти!rn

    3. Прошетајте во природа

    rnИзлезете надвор и набљудувајте ја природата околу вас. Вдишете го воздухот и препуштете им се на топлите есенски бои кои имаат смирувачко дејство.rn

    4. Читајте наглас

    rnКако што се менуваат годишните времиња и поминуваме се повеќе и повеќе време во затворени простории, добар начин да се опуштите е да посветите време на добра книга која ќе ја читате наглас. Читањето наглас може да ви помогне да ги подобрите концентрацијата и менталниот фокус.rnrnОткако прочитавте за овие мали есенски ритуали, можеби ќе сакате да прочитате и кои 8 прашања треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 8 прашања кои треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен

    8 прашања кои треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен

    Ни претстои магична и инспиративна есен, а и нова животна етапа. Важно е да сфатиме што е тоа го посакуваме за себе оваа есен. Затоа, одвојте еден или два часа за да размислите што навистина ќе ви биде добро, корисно и неопходно оваа есен. Бидете искрени со себе и смело поставувајте си прашања.rnrn8 прашања кои треба да си ги поставите на почетокот на оваа есенrnrnЕве неколку корисни прашања што треба да си ги поставите оваа есен:rnrn1) Кои се моите основни вредности и дали навистина живеам според нив?rnrn2) Што значи за мене „да се живее“ и „да се биде жив“?rnrn3) Кои се моите приоритети и што правам за да ги постигнам?rnrn4) Кои работи од минатото сакам да ги запалам како есенски лисја и никогаш да не помислам на нив?rnrn5) Зошто тврдоглаво одложував некои работи за подоцна, иако ги сакам, иако тие ми се навистина важни?rnrn6) Со какви нови работи сакам да ја пополнам оваа есен и мојот живот?rnrn7) Каков/а сум навистина? Како можам да знам и да се видам себеси?rnrn8) Како точно оваа моја есен ќе се разликува од сите други сезони од мојот живот?rnrnОва мало есенско дружење со себе е одлично време за подобро да се разберете себеси и да се ставите на прво место. На тој начин ќе се стекнете со важни одговори. Имајте на ум дека само од вас зависи во какви бои ќе ја обоите есента!rnrnОткако прочитавте кои прашања треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен, можеби ќе сакате да прочитате и кои прашања треба да си ги поставите пред да донесете тешка одлука.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?

    Кои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?

    Летото сега е во полн ек, се релаксирате покрај вода, уживате во сонцето, но летниот период може да биде одличен и за планирање. Дури и кога седите на лежалка покрај море можете да работите на вашите нови соништа.rnrnКои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?rnrnСекоја сезона носи свеж воздух, желба за промени, здрави навики и нови цели. Доколку сакате есента како период по летото да ви ги донесе најубавите плодови, време е да се посветите на организацијата на вашето време уште сега.rnrnДури и ако е уште лето, за големите планови е потребно време. Така, можете да ги планирате следните неколку месеци од сега, за да избегнете стрес и анксиозност во септември, кога ќе се чувствувате преоптоварени да преземете каква било акција.rnrnАко ги направите овие 4 чекори до крајот на летото, може да имате повеќе успех во есента отколку што сте замислиле:rn

    1. Направете генерален план

    rnНовата сезона е одлична можност да започнете нов план, со свежа енергија. Затоа, имајте на ум одредени насоки. На пример, замислете дека конечно ќе присуствувате на курсот на кој сакате да се запишете или дека ќе научите некој странски јазик. Не мора детално да ги планирате сите ваши акции, доволно е да имате општа идеја за претстојниот период.rn

    2. Организирајте ги вашите цели

    rnШто сакате од оваа есен? Повеќе мир, акција, внимание, релаксација или решителност? Важно е да бидете свесни за тоа што ви треба и да преземате конзистентни чекори додека не стигнете таму каде што сакате да бидете. Откако ќе одредите што сакате, време е да се запрашате што треба да направите за да ги постигнете вашите цели. Тоа може да се однесува на запишување курс или дури и на универзитет, инвестирање во бизнис или нешто специфично што ќе ви помогне да започнете да работите кон вашите соништа.rn

    3. Уште сега почнете со првите чекори

    rnОткако ќе направите план и ќе разберете кои се вашите цели, секако, следува акција. Во текот на оваа фаза, сè можете да претворите во ваша корист. Доколку сакате да се храните поздраво и да изгубите или да добиете некој килограм, веќе можете да почнете да се придржувате до мали навики кои ќе ве доближат до целта. Ако сакате да научите странски јазик, преземете ја апликацијата или гледајте видеа на Јутуб за почетници. Овие едноставни трикови ќе ви помогнат да ја започнете есента полни со мотивација и желба за успех.rn

    4. Организирајте ги плакарите

    rnНикогаш не потценувајте ја моќта на добро организираниот плакар! Дури и ако изгледа како мал чекор, организираната гардероба може да направи чуда кога станува збор за вашето расположение и продуктивност. Замислете само колку време ќе заштедите ако имате сè при рака! Одвојте неколку часа во текот на викендот за да ја средите облеката што ја имате. Чувајте ги вашите омилени парчиња облека и донирајте или рециклирајте го остатокот. Чувајте ја вашата облека по категории, за секогаш да знаете каде да најдете одредени парчиња.rnrnОткако прочитавте за работите кои треба да ги направите во текот на оваа лето доколку сакате да бидете поуспешни во есента, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како да ги прифатиме промените во животот и предизвиците што тие ги носат?

    Како да ги прифатиме промените во животот и предизвиците што тие ги носат?

    Промените доаѓаат во многу форми во животот, но понекогаш може да биде навистина тешко да се прилагодиме на овој животен процес. Без разлика дали станува збор за привремена или длабока промена, нашето прифаќање е од клучно значење.rnrnКако да ги прифатиме промените во животот и предизвиците што тие ги носат?rnrnПонекогаш се случува да не ни одговора промената бидејќи имаме тенденција да се чувствуваме безбедно во она што е предвидливо и познато. Еден дел од нас се спротивставува на промените затоа што се плашиме од нив. Но, таква е природата на нештата. Промената ја претставува динамиката на нејзиниот циклус на мирување и повторно раѓање.rnrnЕсента може да се смета за вистински „учител“ кога станува збор за промените. Како што ветрот почнува да дува и лисјата се откинуваат од дрвјата, природата се подготвува за нејзината метаморфоза. На тој начин и вие можете да го искористите ова време за да го отфрлите она што ви е непотребно. Потоа, кога ќе дојде пролетта, можете да се подготвите за сопственото повторно раѓање.rnrnЕсента е време за размислување за вашите приоритети. Тоа е можност за позитивна промена и шанса да им ставите крај на сите верувања кои ве ограничуваа досега.rnrnЗапрашајте се: „Што е тоа што ме мачи? Како да се ослободам од товарот кој ја притиска мојата душа?“ Ова ќе ви го олесни товарот и ќе ви даде енергија. Освен тоа, ќе увидите дека есента може да ви понуди подлабоко искуство во поглед на вашата сопствена трансформација, духовност и радост.rnrnМеѓу другото, важно е да се грижите и да се негувате себеси. Грижата за себе ќе ви помогне да ги прифатите промените и ќе го поттикне вашиот внатрешен раст.rnrnЕсента е идеално време и за собирање на плодовите од вашата работа и вашиот живот. Тоа е моќен период на трансформација и опуштање. Можете да ги искористите спокојните есенски утра за медитација која ќе ви помогне со претстојните периоди на промени. Запрашајте се што е тоа што повеќе не ви служи и какви промени ви се потребни во животот. Преку балансирањето на умот, телото и душата ќе можете полесно да го пронајдете внатрешниот мир и благосостојба. Со секоја клетка од вашето тело заблагодарете му се на животот за сите досегашни искуства. Пронајдете го сопствениот мир во вашето опкружување, препуштете му се на универзумот и обидете се да уживате во малите нешта од вашето секојдневие.rnrnОткако прочитавте за промените во животот, можеби ќе сакате да прочитате и за 7-те начини за да се справите со животните предизвици.rnrnИзвор: themindsjournal.comrnrn 

  • Тест: Изберете пердув за да добиете порака од вашиот ангел за оваа есен!

    Тест: Изберете пердув за да добиете порака од вашиот ангел за оваа есен!

    Погледнете ја внимателно оваа слика и одберете го пердувот што најмногу ви се допаѓа. Дозволете вашата интуиција да ве води. Пердувот што ќе го изберете ќе ви даде ангелска порака која ќе ви биде ѕвезда-водилка оваа есен…rnrnТест: Изберете пердув за да добиете порака од вашиот ангел за оваа есен!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Пердув бр. 1″ active=”false”]Ова е знакот што долго време го чекавте. Ако го избравте пердувот број 1 знајте дека вашиот најубав сон наскоро ќе се оствари. Не плашете се да размислувате за вашите цели. Само опуштете се и сонувајте бидејќи ви се нуди нов живот и шанса да се промените. Со други зборови, пред вас е нов живот, полн со светлина и љубов. Вашиот ангел е секогаш со вас и ви ја покажува светлината напред.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Пердув бр. 2″ active=”false”]Имајте на ум дека понекогаш вреди да се забави. Во моментов се случува огромна енергетска промена и затоа најдобро би било да не избрзувате со работите. Освен тоа, не можете ни да замислите каков среќен настан ќе ви се случи наскоро. Ќе има многу среќа, насмевки и љубов! Доволно е да верувате дека го имате она што е потребно за да ја постигнете вашата задача. Размислете што можете да правите овде и сега без да гледате премногу напред. Вие сте способни за тоа. Бидете трпеливи.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Пердув бр. 3″ active=”false”]Ангелите ви го испратија овој пердув затоа што сакаат да ве поттикнат да размислувате за нови идеи. Погледнете ги новите можности и обидете се да го реализирате она за кое сонувавте. Освен тоа, не можете ни да замислите колку активно работи сега вашиот ангел чувар, заблагодарете му се и почекајте да се случат чуда. Не заборавајте да дејствувате без одлагање секогаш кога ќе почувствувате внатрешен импулс.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува оваа зима.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете волшебен часовник и откријте што ќе се промени во вашиот живот оваа есен!

    Тест: Изберете волшебен часовник и откријте што ќе се промени во вашиот живот оваа есен!

    Препуштете ѝ се на интуицијата и изберете еден часовник кој ќе ви открие какви промени ве очекуваат оваа есен!rnrnТест: Изберете волшебен часовник и откријте што ќе се промени во вашиот живот оваа есен!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Часовник бр. 1″ active=”false”]Есента ќе ви донесе многу важна лекција. Морате да положите тежок испит доколку сакате работите да се променат на подобро. Напуштете ја вашата удобна зона и обидете се да стекнете нови вештини кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели. Не заборавајте дека сите овие привремени тешкотии се нови можности кои ќе ви отворат нови врати во животот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Часовник бр. 2″ active=”false”]Доколку почнете активно да се залагате за своите права, да се борите за правда и за вашето топло место под сонцето, тогаш оваа есен дефинитивно ќе победите! Вашиот труд нема да биде залуден затоа што конечно ќе го остварите она за кое што сонувавте и работевте со месеци.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Часовник бр. 3″ active=”false”]И покрај тоа што есента за многумина ќе биде симбол на меланхолија, сепак вие нема да ја почувствувате. Ова златно годишно време ќе ви помогне одново да ги пронајдете креативноста и инспирацијата. Така, есента ќе биде идеалниот период за вас да искусите нешто ново. Освен тоа, ќе успеете да соберете храброст и ќе почнете активно да дејствувате во насока на она што го посакувате. Вашата самодоверба ќе се зголемува со секој нов чекор![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете која особина ви помага да се справите со тешкотиите.rnrnИзвор: atma.hr

  • Мистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објектив

    Мистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објектив

    Фотографот Алберт Дрос е познат по тоа што обичните пејзажи ги претвора во неверојатни уметнички дела. Неговата неодамнешна фотосесија снимана во магловита шума во Луксембург не е исклучок. Неговите фотографии ја доловуваат мистичноста на шарените есенски лисја во комбинација со лесната магла што се тркала низ пејзажот.rnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnИако многумина ја сметаат маглата за мрачна, според фотографот, таа е совршена временска состојба за фотографирање. Тој ја користи маглата како средство за истакнување на шарените лисја и дрвја. Резултатот е приказ на есенски лисја и богат, темнозелен мов што расте на стеблата од дрвјата. Дрос смета дека сивата боја не секогаш означува депресивност. Сигурни сме дека кога ќе ги погледнете неговите фотографии ќе посакате да облечете топла јакна и да излезете на прошетка во најблиската шума.rnrnВо продолжение погледнете ги неговите преубави фотографии.rnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnМистичната убавина на магловита шума во есен доловена преку објективrnrnОткако ги погледнавте овие прекрасни фотографии, ви препорачуваме да ги погледнете и фотографии од Плитвичките Езера во есен.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Магијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотограф

    Магијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотограф

    Фотографот Тамас Домбора Тот ги посетил Плитвичките Езера пред четири години и ја фотографирал прекрасната зимска идила со бели, снежни пејзажи. Неодамна повторно се вратил за да го овековечи паркот со боите на есента.rnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrn

    „Ова е место што вреди да го посетите во кое било време од годината затоа што убавината на овој парк е секогаш празник за очи“, вели фотографот.

    rnВо продолжение погледнете ги неговите фотографии.rnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnМагијата на Плитвичките Езера во есен доловена преку објективот на еден фотографrnrnОткако ги погледнавте овие преубави фотографии од Плитвичките Езера, можеби ќе сакате да погледнете и фотографии од езеро во Хрватска кое изгледа волшебно во боите на есента, но исто така и под белата снежна покривка.rnrnИзвор: designyoutrust.com

  • Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

    Откријте како да го уредите домот со есенски, шик детали

    Првите нешта што ни паѓаат на ум во врска со пристигањето на есента се секако пократките денови, намалената дневна светлина, дождот и студеното време што на прв поглед и не се баш привлечни. Но, на некои луѓе враќањето дома за време на есенските дождливи денови им причинува вистинска радост бидејќи ги очекува топол дом каде ќе можат да се стоплат, да уживаат во есенските бои и мириси и да почувствуваат мир.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnИзборот на бои е многу важен во уредувањето на домот. Внимателниот избор на боите може да придонесе за хармонија меѓу мебелот и просторот. Покрај тоа, боите играат важна улога во дефинирањето на атмосферата во домот, а исто така, тие се и одраз на луѓето што живеат во него.rnrnЗа да постигнете шик ефекти и да ја подобрите атмосферата во тмурните есенски денови, ве советуваме да користите интензивни бои при уредување на просторот. Ви препорачуваме бои како темно црвена, боја на авокадо, златна боја, бакарна или портокалова како боја на тиква. Овие топли и богати бои се вистинска отстапка од неутралните тонови. Ѕидовите можат да останат во неутрална боја, но затоа можете да го украсите амбиентот со перници, прекривки и теписи во посмели бои.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnЗа да доловите удобна атмосфера, доволно е да користите земјени тонови кои му даваат топлина на амбиентот и лесно се вклопуваат со мебелот, па така ќе оставите впечаток на безвременска елеганција и софистицираност. За да постигнете баланс во смелата есенска палета на бои, столовите и масата можат да бидат во неутрални тонови.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnКомбинацијата од неутрални и живописни тонови придонесува за доловување на топлината на есента. Овој сплет од бои е присутен и во природата. Користете го истиот принцип и во вашиот дом – нека мебелот е во неутрални нијанси, а декоративните елементи нека бидат во посмели бои. Можете да ја додадете и сината или розовата боја за да се постигне контраст со есенските бои.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnМожете да постигнете контраст и доколку комбинирате црвено-портокалови нијанси што се типично топли бои на есенскиот амбиент со ладна виолетова боја за создавање пријатна атмосфера во вашиот дом.rnrnОткријте како да го уредите домот со есенски, шик деталиrnrnДоколку ви се допаднаа нашите предлози за уредување на просторот со есенски, шик детали, ви препорачуваме да прочитате и како најубавите есенски украси од природата да станат дел од вашиот дом.

  • 5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

    5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

    Иако пандемијата влијае врз нашиот вообичаен начин на патување, така што денес ни треба посебна подготовка за да се чувствуваме безбедно на саканата дестинација, сепак, и тоа е остварливо. Туристичката сезона веќе не е во полн ек, но од друга страна, есента е идеално време за нови познанства па и за патувања: во топлите есенски денови можете мирно да шетате по прекрасните локалитети и поевтино да платите за хотелски аранжмани. Во продолжение, ви препорачуваме 5 дестинации за оваа есен.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    1. Бордо, Франција

    rnИзбран за најубава дестинација во Европа, Бордо е град што ќе ги оживее вашите сетила за мирис и вкус, место каде ќе доживеете преубави спомени. Бордо го посетуваат оние кои бараат автентично место, историја, топлина, насмевки, традиционална гастрономија. Не пропуштајте ја плажата Аркашон во близина на градот, чија убавина ќе ве натера да се заљубите во југоисточниот француски регион, Аквитанија. Бордо истовремено е традиционален, модерен, класичен и космополитски град, а есента е идеално време за негова посета.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    2. Фиренца, Италија

    rnТуристи од сите краишта на светот ја посетуваат Италија, а особено оние во потрага по мали, романтични места и културни крстосници. Во Италија се наоѓа и дел од најубавите музеи во светот. Па така, за време на некој тивок есенски ден можете да ја посетите галеријата Уфици во Фиренца и да им се восхитувате на ремек-делата на италијанските сликари и скулптори.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    3. Билбао, Шпанија

    rnНекои од најголемите светски уметници како Енди Ворхол, Ив Клајн и Жан Мишел Баскија ве очекуваат во музејот Гугенхајм во Билбао. Во овој период од годината, бројот на туристи кои го посетуваат музејот е намален, така што нема да чекате редици. Во постојаната музејска поставка се изложени извонредни уметнички дела на кои ќе може да им се восхитувате во тишината на тивките музејски сали. Доколку претпочитате пејзажи, нема проблем! Лозјата околу Билбао се вистинска ерупција на есенски бои.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    4. Торино, Италија

    rnУште еден италијански град на нашата листа со предлози. Торино е совршена опција за оние кои сакаат да ја истражуваат Италија. Местото кое никако не смеете да го пропуштите во Торино е египетскиот музеј, вториот најголем музеј во светот за египетската цивилизација по оној во Каиро.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    5. Будимпешта, Унгарија

    rnГлавниот град на Унгарија е вистинската дестинација за уживање во есен. Искачете се по ридовите на Будимпешта и уживајте во преубавата панорама на Дунав, зградата на Парламентот, а дрвјата во кафено есенско руво ќе направат да се чувствувате сакано во еден од најромантичните градови во Европа. Градот нуди безброј активности – возење со кочија, крстарење по Дунав, посета на ридот Гелет, базиликата Свети Стефан… листата е бесконечна. За што и да се одлучите, нема да погрешите!rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrnrnДоколку ви се допаднаа нашите предлози, погледнете ги овие 15 спектакуларни фотографии кои ќе ве однесат на патување низ целиот свет.