КАФЕ ПАУЗА

Tag: добрина

  • 11 мали акти на добрина што ќе ве направат подобра личност

    11 мали акти на добрина што ќе ве направат подобра личност

    Истражувањата постојано ни покажуваат дека добрината ја подобрува нашата добросостојба. Добрите дела не постојат само во приказните и од нив немаат придобивки само оние за кои биле наменети – баш напротив, тие се често застапени во секојдневниот живот и од нив најмногу добиваат оние што ги практикуваат. Погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да го вежбате вашиот алтруизам и на тој начин да станете подобра личност, најпрво за себе, а потоа и за другите околу вас.rnrn11 мали акти на добрина што ќе ве направат подобра личностrn

    1. Насмевнете се на случаен минувач

    rnНе го избегнувајте контактот со очите. Истражувањата покажале дека размената на насмевка со непозната личност може да го зголеми чувството на социјална поврзаност.rn

    2. Задржете ја вратата за некого и посакајте му/ѝ добар ден

    rnЕдноставно? Да. Моќно? Повеќе одошто можете да замислите. Поголемиот дел од луѓето постојано живеат под стрес, па со оваа постапка можете да ги потсетите на убавите моменти во животот.rn

    3. Донирајте пари на значајна организација

    rnНиту еден придонес не е премногу мал. Истражувањата покажуваат дека човечките суштества се изградени од емпатија, па затоа и сме толку мотивирани да помогнеме при борбата против неправдите.rn

    4. Подарете искрен и длабок комплимент

    rn„Ми се допаѓа твојот џемпер“ звучи убаво, но оваа пофалба многу брзо се заборава. Ако сакате навистина да освоите некого со комплимент, еве како можете да го сторите тоа.rn

    5. Волонтирајте

    rnПомогнете им на луѓето и на животните во неволја. Истражувањата покажуваат дека волонтерството може да нè направи посреќни и да ги намали симптомите на депресијата.rn

    6. Испратете благодарност во форма на писмо

    rnВреме е да им кажете на луѓето во вашиот живот колку ви значат! Најдете пенкало и лист хартија и запишете ги сите оние нешта што сакате да ги кажете гласно, но постојано се премислувате. Пишаното изразување е многу полесно, а има огромно терапевтско влијание.rn

    7. Простете некому

    rnПостои моќ во простувањето. Проширете ја добрината така што ќе ја дадете на оние што некогаш сте сметале дека не ја заслужуваат. На овој начин ќе го зајакнете вашето емоционално, но и физичко здравје.rn

    8. Помогнете ѝ на личност што изгледа како да се бори

    rnЕдно мало дело може да создаде огромна разлика. Помогнете ѝ на мајка со количка по скали или пак, подајте му 100 денари на гладен бездомник.rn

    9. Прегрнете сакана личност

    rnЛуѓето цутат со интимност. Студиите покажале дека само една прегратка може да го намали крвниот притисок, да го истреби стравот и да го отстрани стресот.rn

    10. Однесете го кучето на долга прошетка

    rnКучињата нè сакаат безусловно. Возвратете им ја љубовта така што ќе поминете малку повеќе време со нив, без разлика дали станува збор за вашето куче, она на соседите или пак, некое од засолниште за животни. Кучињата можат да ги намалат чувствата на осаменост, како и да го спуштат крвниот притисок.rn

    11. Секојдневно кажувајте си по една позитивна работа во огледало

    rnУште подобро ако тоа не е поврзано со изгледот. Истражувањата покажале дека самоприфаќањето е клучот за здрав и среќен живот, а вие го заслужувате тоа!

  • Научно докажано: Добрината не се исплати!

    Научно докажано: Добрината не се исплати!

    Добрината е карактерна особина за која постојат поделени мислења. Некои луѓе велат дека секогаш треба да се ставате себеси на прво место, додека, пак други тврдат дека многу е важно да се размислува и за потребите на другите луѓе. Но, научниците дошле до неверојатно откритие поврзано со штетните последици од алтруизмот.rnrnНаучно докажано: Добрината не се исплати!rnrnВо светот владее епидемија на осаменост, која според истражувачите е подеднакво штетна за здравјето како и пушењето. Иако постојат цврсти докази дека социјалните активности се исто толку важни колку и телесните активности, луѓето не вложуваат труд во одржувањето на добрите односи, додека, пак, постојано се обидуваат да вежбаат и да внимаваат на исхраната. Нормално дека како и сите други активности, така и одржувањето на контактите со луѓето си бара време, енергија, а понекогаш и пари. Но, кои се придобивките од добрината и дарежливоста?rnrnПостојат одредени придобивки, барем што се однесува до експертите за еволуциска психологија кои ја развиле теоријата за натпреварувачки алтруизам. Според оваа теорија, поединците кои помагаат имаат повисок статус во друштвото, а со тоа имаат повеќе можности за избор на потенцијален партнер. Освен тоа, најновите истражувања покажуваат дека алтруистите се задоволни од нивниот живот и немаат проблеми со депресијата.rnrnМеѓутоа, алтруизмот има и друга страна. Истражувањата покажуваат дека некои луѓе се премногу добри. Кај поединците кои секојдневно им помагаат на другите се забележуваат симптоми на стрес и влошена психичка состојба. Тука не станува збор само за луѓето кои работат во здравство, туку и за оние кои се грижат за членови од семејството. Одржувањето рамнотежа меѓу грижата за другите и за самите себеси и напорна работа. Иако сме свесни колку е важно да одвоиме време за себе, тоа не е толку лесно да се направи.rnrnСепак, добрината значи дека имате пријатна личност, не сте манипулативни, агресивни и одмаздољубиви. Ова и не е толку корисно според некои истражувања кои докажале дека лутината и потиснувањето на бесот ја влошуваат здравствената состојба. Најдобро е да ја одбегнувате лутината, а ако веќе се налутите, тогаш би требало тоа и да го покажете. Не мора секогаш вие да ја смирувате ситуацијата.rnrnИ покрај тоа што не треба да заборавите да се грижите за себе, убаво е да им се помага на другите. Прочитајте ги и овие приказни кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на човекот.

  • Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

    Погледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“

    Според доктор Мајкл Томасело, професор по развојна психологија при Универзитетот Дјук, децата се природно добродушни. Но, како што можат да посведочат родителите и наставниците, тие исто така знаат да бидат егоцентрични и комплицирани со многу промени во однесувањето во текот на нивниот развој.rnrnПогледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“rnrnИако децата треба се воспитуваат на начин кој ќе им го доближи значењето на доброто дело преку лични примери од секојдневниот живот, има нешто посебно во тоа кога ќе им се дозволи на децата самите да дадат дефиниција за поимот „добрина“.rnrnСо цел да се покаже нивното разбирање за оваа важна човечка особина, организацијата Dignity Health им дала задача на 6 деца на возраст од 4 до 11 години да го нацртаат последното добро дело што го виделе. Она што тие го нацртале и напишале за моќта на добрината ќе ви го стопли срцето и ќе ви ги отвори очите! Уверете се во тоа и самите…rn

    1. Со пријателство до победа!

    rnПогледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“rn

    „Другар ми ме праша дали сакам да си играме. Тоа ме направи многу среќен.“ – Елон, 6 години

    rn

    2. Човечката добрина доаѓа во форма на погача

    rnПогледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“rn

    „Еднаш јас и мојата дадилка му ги дадовме нашите погачи на еден бездомник. Се чувствував убаво, бидејќи му помогнав на човекот. Малите нешта прават голема разлика.“ – Луси, 11 години

    rn

    3. Алтруизам на дело

    rnПогледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“rn

    „Едно девојче падна и си ја повреди ногата. Едно друго девојче ѝ помогна да стане и ја однесе кај медицинската сестра. Се растажив поради тоа што девојчето падна, но потоа станав среќна кога видов дека некој ѝ помогна.“ – Сесилија, 8 години

    rn

    4. Меѓусебна грижа

    rnПогледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“rn

    „Вистинска добрина е кога човек ќе застане во нечија одбрана!“ – Орен, 8 години

    rn

    5. Засолниште од бура

    rnПогледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“rn

    „Врнеше и еден непознат човек ми даде чадор.“ – Давија, 5 години

    rn

    6. Шампион за добрина

    rnПогледнете ги овие 6 детски цртежи на тема „Добрина“rn

    „Мајка ми ме зема од училиште и додека одевме накај дома видов една постара госпоѓа која беше многу натоварена и ѝ требаше помош да ги носи работите. Мајка ми отиде да ѝ помогне, а јас стоев отстрана, ги држев чашките што ги боев на училиште и навивав: „Браво! Само напред!“. Ми беше многу драго што мајка ми ѝ помогна на жената. И почувствував дека и моето навивање исто така помогна.“ – Саша, 8 години

  • Трогателна приказна која ќе ви докаже дека нема ништо поважно од добрината

    Трогателна приказна која ќе ви докаже дека нема ништо поважно од добрината

    Станува збор за неверојатно топла и искрена приказна од Пол Вилард со наслов „Стар телефон“ (An Old Telephone). Оваа приказна ќе ве потсети дека не е важен статусот во општеството, популарноста и богатството, туку дека само добрината и љубовта можат да ви го стоплат срцето. Прочитајте ја оваа трогателна приказна која ќе ви ги отвори очите…rnrnТрогателна приказна која ќе ви докаже нема ништо поважно од добринатаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога бев дете, моето семејство беше едно од првите во соседството кое имаше телефон. Се сеќавам на сјајната дабова кутија прицврстена на ѕидот веднаш до скалите. Блескавата слушалка висеше отстрана до кутијата. Се сеќавам дури и на бројот: 105.rnrnБев премногу низок за да го достигнам телефонот, но со восхит слушав додека мајка ми зборуваше на него. Еднаш ме подигна за да зборувам со татко ми кој беше на деловно патување. Магично! Потоа открив дека некаде внатре во оваа прекрасна направа живее една неверојатна личност. Нејзиното име беше „Информации, ве молам“ и немаше нешто што не знаеше. Мајка ми можеше да ѝ го побара кој било број, а кога ни се расипа часовникот Информации, ве молам веднаш ни го кажуваше точното време.rnrnПрвото лично искуство со овој дух од слушалката го имав еден ден кога мајка ми отиде на гости кај сосетката. Си играв со кутијата за алати во подрумот и си го удрив прстот со чекан. Болката беше ужасна, но немаше поента да плачам, бидејќи немаше никој дома за да сочувствува со мене. Се шетав околу куќата цицајќи го прстот, кога конечно пристигнав до скалите. Телефонот! Брзо го земав малото столче од ходникот и го довлечкав дотаму. Се качив на него, ја земав слушалката и ја доближив до увото. „Информации, ве молам“ реков во звучникот над мојата глава. После неколку кликови, слушнав како проговори еден нежен, јасен глас: „Информации“.rnrn„Си го повредив прстот“, почнав да се жалам на телефонот.rnrnСолзите веднаш се пролеаја сега кога имав публика.rnrn„Мајка ти не е дома?“, ме праша гласот.rnrn„Никој нема дома“, промрморев.rnrn„Дали крвариш?“rnrn„Не. Го удрив со чекан и боли“, одговорив со плачење.rnrn„Можеш ли да го отвориш замрзнувачот?“, ме праша, а јас одговорив дека можам.rnrn„Скрши мало парче мраз и држи го на прстот. Тоа ќе ја сопре болката. Биди внимателен кога ќе го вадиш мразот. И немој да плачеш. Сѐ ќе биде во ред“, утешително зборуваше гласот.rnrnПосле оваа случка, ѝ се јавував на Информации, ве молам за сѐ што ми требаше. Барав помош додека учев географија и таа ми кажуваше каде се наоѓа Филаделфија и Ориноко – романтична река што ја истражив кога пораснав. Ми помагаше со аритметика и ми кажа дека верверичката што ја фатив во паркот јаде овошје и ореви. Потоа, Пити, нашиот канаринец умре. Ѝ се јавив на Информации, ве молам и ѝ ја раскажав тажната приказна. Таа ме сослуша и ми ги кажа вообичаените работи што секој возрасен ги кажува за да утеши дете. Но, за мене немаше утеха. Како можеше птицата која пееше толку убаво и му носеше радост на целото семејство да заврши со пердувестите ноџиња нагоре на дното од кафезот? Таа сигурно ја почувствува мојата длабока загриженост и тивко ми кажа:rnrn„Вилард, никогаш не заборавај дека постојат и други светови на кои ќе може да им пее.“rnrnНекако, се почувствував подобро.rnrnЕднаш го земав телефонот и сега веќе добро познатиот глас кажа „Информации“.rnrn„Како се пишува ’поправи’?“, прашав.rnrn„П-О-П-Р-А-В-И.“rnrnВо тој момент сестра ми, која обожаваше да ме плаши, скокна од скалите накај мене и испушти гласен крик: „Јаааааааа!“rnrnПаднав од столчето и ја откорнав слушалката од кутијата. И двајцата бевме исплашени. Информации, ве молам не беше повеќе таму, а јас не бев сигурен дали сум ја повредил кога се извади слушалката. По неколку минути, еден човек се појави пред врата.rnrn„Јас поправам телефони. Работев во куќата малку подолу и операторот ми кажа дека можно е да има некаков проблем со овој број“, тој посегна по слушалката во мојата рака.rnrn„Што се случило?“, ме праша и јас му раскажав.rnrn„Па, ова може да го поправиме за само неколку минути.“rnrnЈа отвори телефонската кутија од која ѕиркаше цел еден лавиринт со жици и навртки. Си поигра малку со крајот на кабелот од слушалката и зацврсти неколку работи со еден мал шрафцигер. Го притисна копчето неколку пати и потоа проговори во телефонот.rnrn„Здраво, овде е Пит. Сѐ е под контрола кај 105. Децава си играле и го извадиле кабелот од кутијата.“rnrnТој спушти, се насмевна, ме погали по главата и си замина.rnrnПотоа, кога имав девет години се преселивме во Бостон и мене навистина ми недостасуваше мојот ментор. Информации, ве молам ѝ припаѓаше на таа дрвена кутија во стариот дом и некако не ми ни паѓаше на памет да се обидам со високиот, тенок, нов телефон што се наоѓаше на малата масичка во ходникот. И покрај тоа, дури и кога бев тинејџер, сеќавањата на тие детски разговори никогаш не избледеа. Честопати во моменти на сомнеж и збунетост, ќе се сетев на тоа чувство на сигурност што ми ја влеваше помислата дека секогаш можам да ѝ се јавам на Информации, ве молам и да го добијам вистинскиот одговор. Сега навистина ја ценев трпеливоста, разбирањето и добродушноста што ја имаше и што си го трошеше времето на некое си мало дете.rnrnНеколку години подоцна, кога се враќав од факултет, авионот слета во Сиетл. Имав околу половина час за да го испланирам понатамошното патување и поминав околу 15 минути на телефон со сестра ми која тогаш живееше таму, среќно омажена со неколку деца. Тогаш, без да помислам што правам, завртев на мојот домашен оператор и кажав „Информации, ве молам“. Чудно, но повторно го слушнав оној нежен, јасен глас што ми беше толку добро познат: „Информации“. Го немав испланирано ова, но одеднаш се слушнав себеси како велам:rnrn„Ќе можете ли ве молам да ми кажете како се пишува зборот ’поправа’?“rnrnСледуваше долга пауза. Потоа го чув топлиот одговор.rnrn„Претпоставувам дека прстот ти поминал досега“, кажа Информации, ве молам.rnrn„Значи тоа сте навистина Вие. Се прашувам дали знаевте колку многу ми значевте сите тие години…“, кажав низ смеа.rnrn„Се прашувам, дали знаевте колку Вие мене ми значевте? Никогаш не сум имала деца и со нетрпение ги чекав Вашите повици. Глупаво, нели?“, одговори гласот.rnrnНе мислев дека тоа е глупаво, но не го кажав тоа гласно. Наместо тоа, ѝ кажав колку често сум помислувал на неа низ годините и ја прашав дали може да ѝ се јавам пак кога ќе се вратам да ја посетам сестра ми и ќе ми заврши семестарот.rnrn„Секако. Само побарајте ја Сали“, се согласи гласот.rnrn„Довидување, Сали“.rnrnМи беше чудно тоа што Информации, ве молам имаше вистинско име.rnrn„Ако налетам на некои верверички, ќе им кажам да јадат овошје и ореви“, се пошегував.rnrn„Направи го тоа. И очекувам деновиве да заминеш за Ориноко. Довидување“, ми одговори и разговорот заврши.rnrnПо само три месеци, повторно бев на аеродромот во Сиетл. Ми се јави друг глас и јас ја побарав Сали.rnrn„Пријател сте ѝ?“, ме праша гласот.rnrn„Да. Стар пријател“, одговорив.rnrn„Жал ми е што морам да Ве известам дека Сали работеше со половина работно време последните неколку години, затоа што беше болна. Почина пред 5 недели.“rnrnСамо што сакав да спуштам, кога гласот продолжи да зборува.rnrn„Чекајте малку. Дали Вашето име е Вилард?“rnrn„Да.“rnrn„Сали остави порака за Вас. Ја напиша.“rnrn„Која е пораката?“, прашав иако знаев што ќе ми одговори.rnrn„Еве, ќе Ви ја прочитам: ’Кажи му дека постојат и други светови на кои ќе може да им пеам. Ќе знае на што мислам’“.rnrnСе заблагодарив и спуштив. Навистина знаев на што мислеше Сали.rnrn[/message_box]

  • Запознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!

    Запознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!

    Сигурно сте го слушнале терминот „добро момче“ што им се доделува на оние самопрогласени џентлмени кои мислат дека жените треба да им се заблагодарат со секс доколку се однесуваат добро со нив. Денес, истиот термин може да се искористи и за женската популација. Не можете да не ја забележите „добрата девојка“.rnrnЗапознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!rnrnСекако дека нема ништо лошо во тоа да се биде добра личност. Потребата да се покаже емпатија и почит е дел од човечката природа. Но, постои разлика помеѓу некој кој е добар и некој кој мисли дека поради неговата добрина заслужува совршен партнер кој ќе му ја исполнува секоја желба и потреба. Станува збор за „добрата девојка“.rnrnДобрата девојка никогаш не греши, бидејќи таа е премногу добра. Таа го исполнува секое барање на партнерот, вели „Да“ кога мисли „Не“, не поставува никакви граници и потоа вината за распадот на врската ја префрла на саканиот. Таа очекува дека партнерот треба да ги прочита нејзините потреби. Тој треба да знае дека мислела „Не“ кога кажала „Да“. Треба да почувствува дека таа е незадоволна и негова должност е да ги постави нејзините граници.rnrnДобрата девојка секогаш се однесува како жртва. Таа е девојката која тврди дека „Сите мажи се исти“ и смета дека е попосветена на врската од партнерот. Но, таа не е подготвена да го промени начинот на кој ја покажува нејзината љубов. Таа не разбира дека во љубовта понекогаш треба да му се даде до знаење на партнерот дека ја преминал границата. Не разбира дека треба постојано да ги искажува нејзините потреби и желби директно и искрено, за да може партнерот да ги исполни.rnrnТаа мисли дека љубов е кога го става партнерот пред себе. Но, во реалноста тоа не е така. Таа всушност на прво место го става нејзиниот страв од конфликти. Добрата девојка е подготвена да жртвува сѐ на сметка на нејзината идеја дека таа е морално совршена. Таа е подготвена да направи сѐ освен да биде искрена во моментите кога е најтешко да се покаже искреност. Токму тоа се најзначајните моменти од кои зависи успехот на врската.rnrnЗапознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!rnrnВистината за „добрата“ девојка е тоа што таа никогаш нема да сака некој друг повеќе отколку што сака сопственото его. Таа се смета себеси за нежен цвет чие срце секогаш бидува искористено од злобните мажи. Таа не може да разбере зошто ѝ се случува тоа. Сепак, тоа не е нејзина вина. Таа е добра.rnrnВо реалноста нејзината дефиниција за „добрина“ подразбира само онаква добрина на каква што таа е навикната. Најважниот елемент на вистинската добрина е искреноста, дури и кога вистината е непријатна. Ако велите дека сѐ во ред кога не е, тоа не е добрина. Доколку потајно му замерувате на партнерот поради нешто, но не разговарате за тоа, никому не правите услуга. Ако сте несреќни и незадоволни во врската, но тие чувства ги потиснувате во себе, дозволувајќи му на партнерот да мисли дека сѐ е во ред меѓу вас, врската е уште од самиот почеток осудена на пропаст.rnrnНиту една врска не може да опстои доколку ја засновате на неискреност. На тој начин намерно создавате ситуација во која самите ги занемарувате сопствените потреби и потоа го обвинувате партнерот поради тоа што не сте задоволни. Нема ништо добро во тоа што изигрувате маченик. Нема ништо добро во тоа што лажете дека сте задоволни. Нема ништо добро во тоа што давате само за да добиете нешто за возврат.rnrnТоа не е добрина, туку ниска самодоверба. Вистината за „добрите“ девојки е тоа што не си го бранат ставот во врските затоа што сметаат дека нивната вредност зависи од љубовта на партнерот. Тие мислат дека ќе ја изгубат љубовта на саканиот, ако почнат да покажуваат незадоволство. Токму затоа тие девојки ги потиснуваат нивните потреби, го ставаат целиот товар на рамената на нивниот партнер и го нарекуваат тоа добрина.rnrnНо, тоа не е добрина. Тоа е обид да се одбегне преземањето одговорност за сопствените чувства. Наместо да очекуваат љубов од партнерот, добрите девојки најпрво треба да научат да се сакаат себеси. Додека не го направат тоа, добрите девојки ќе поминуваат низ низа токсични врски во кои ќе ги потиснуваат сопствените потреби, нема да комуницираат искрено со партнерот и цврсто ќе бидат убедени дека ништо од тоа не е нивна вина. А тоа мора да се признае дека не може да се смета за добрина.

  • Неколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душа

    Неколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душа

    Луѓето се многу комплицирани суштества. Животните, на пример, ако им се спие – спијат, ако им се јаде – јадат, ако сакаат да се размножуваат – се размножуваат. На животните не им е гајле колку е часот, каква е храната што ја јадат, што ќе прават за 30 години и дали партнерот ќе ги изневери.rnrnНеколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душаrnrnНо, луѓето имаат разум и поради тоа многу се грижат за времето што поминува. Тоа ниво на свест нѐ прави свесни за нашето постоење во времето и просторот. Ние сме свесни за минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа, секој од нас има своја приказна, карактерни особини, начин на однесување, доблести и мани, таленти, знаење и искуства.rnrnПомеѓу приказната од нашето минато и сликата за тоа какви би сакале да бидеме во иднина, се наоѓа нашето его. Добро е да се има здраво его. Тоа нѐ издвојува од останатите и ни помага да напредуваме во иднина. За да можеме да ја планираме иднината мора да бидеме свесни за тоа кои сме и што сакаме. Меѓутоа, постои нешто што ни го попречува напредокот, а произлегува од нашата несигурност. Тоа е грижата за туѓото мислење. Со цел да го скриеме фактот дека немаме самодоверба, ние сакаме да бидеме прифатени од сите луѓе кои нѐ опкружуваат. Ние бараме бегство од суштинскиот проблем што е производ на нашата слабост.rnrnДоколку сакате сите да имаат позитивно мислење за вас, постои голема веројатност дека постојано им помагате на луѓето, се однесувате примерно и секогаш ги ставате другите пред себе. Суровата реалност е дека на овој начин само си наштетувате. Се обидувате да ги спасите сите луѓе додека вам ви треба вистинската помош. Единствената личност која може да ви помогне е презафатена со тоа што им помага на останатите, а тоа сте вие самите.rnrnЦелта на нашиот ум е да ни овозможи да ја потрошиме енергијата на најефикасен начин. Доколку сте премногу добродушни, тоа значи дека не ја трошите вашата енергија продуктивно. Ако се пронајдете во следниве неколку примери, тоа е доказ дека имате претерано добра душа…rnrnНеколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душаrnrn1. Чувствувате дека постојано се жртвувате за другите.rnrn2. Ги заборавате лошите работи што луѓето ви ги направиле и сѐ уште се дружите со нив, иако знаете дека не ве почитуваат.rnrn3. Секогаш ги ставате другите пред себе.rnrn4. Премногу често ги преминувате вашите граници за други луѓе.rnrn5. Сметате дека не заслужувате љубов и кога некој ќе направи нешто убаво за вас, вие возвраќате со двојно повеќе љубов.rnrn6. Не си го браните вашиот став.rn

    Како да не бидете толку добродушни?

    rnАко им помагате на другите само затоа што сакате тие да ве сметаат за добра личност, вие правите добрини бидејќи очекувате нешто за возврат. Очекувате да бидете наградени од луѓето, универзумот, Господ или што било друго, затоа што сте биле добар човек. Но, работите не функционираат така.rnrnЛуѓето чија добрина е автентична знаат кому му треба нивната помош. Самиот чин на помагање е награда. Мора прво да си помогнете себеси за да стигнете до ова ниво на свесност. Кога ќе почнете да се почитувате себеси и да се сметате за личност која заслужува љубов, ќе почувствувате слобода да го правите она што го сакате, а не она што ќе ве претвори во добар човек.rnrnНа тој начин, ќе можете слободно да се претставувате себеси во вистинско светло и ќе станете свесни за вашата вредност. Нема да ви треба ничие одобрување или позитивно мислење. Доброто и злото се идеи создадени од егото. Но, вие можете да го надминете вашето его. Вие сте тоа што сте и нема потреба од понатамошно комплицирање на работите. Само бидете свои!

  • Животот е подарок што треба да го прифатите

    Животот е подарок што треба да го прифатите

    Иако можеби не е онаков каков што сте си го замислувале во вашето детство, сепак, животот е убав. Годините одминуваат, а вие постојано чекате нешто за да почнете да дишете слободно, да бидете среќни и спокојни, наместо конечно да почнете да живеете. Сите овие години никогаш не ќе можете да ги вратите и дури во староста можеби ќе сфатите дека животот тивко поминал пред вас, додека вие сте замислувале како би сакале да го живеете. Што и да ви се случи, најпрво морате да се потсетите себеси дека животот има непроценлива вредност. Тоа е чудо, иако моментално не ви се случуваат работите кои ги сакате.rnrnЖивотот е подарок што треба да го прифатитеrnrnОбрнете внимание на сѐ она што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на настаните кои ве прават тажни или радосни. Прифатете сѐ без да приговарате. Дозволете си да страдате кога ви е тешко, а и да се радувате кога ќе постигнете некој успех. Сакајте со целото срце. Сакајте го и она што ви одговара и она што не ви одговара. Трудете се од сѐ да го извлечете најдоброто, од секое случување, од секоја личност, од секој проблем и од секоја пречка. Сакајте се себеси и својата улога на овој свет. Вашето присуство не е случајно, туку вие сте важна алка во огромниот синџир на постоењето. Животот е подарок, иако можеби немате сѐ што посакувате.rnrnЧовекот ќе го жнее само она што го посеал. Затоа, сејте љубов, разбирање, добрина, хуманост, искреност, смелост, верба и сочувство. Треба да верувате дека добрината раѓа добрина. Правете добри дела и помагајте им на оние на кои тоа им е најпотребно. И за крај треба да запаметите дека животот никому не останал должен!

  • Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат

    Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат

    Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да се откажат од вас и нема да ве предадат. Но, за тоа најпрво ќе морате да поминете низ многу предавства. Некогаш ќе сфатите дека надворешниот сјај на човекот не е ништо во споредба со неговата внатрешна убавина. Затоа што сѐ што е однадвор нема да трае уште многу долго, а она што е внатре, останува да гори засекогаш. Некогаш речиси и ќе се изгасне тој оган и ќе остане само мало жарче, но доволно е малку да дувнете и огнот постепено ќе се разгори и ќе ве згрее кога тоа ќе ви биде најпотребно.rnrnЕден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадатrnrnЕден ден ќе сфатите дека многу од зборувањата кои сте ги слушнале од другите, ќе избледнеат и ќе исчезнат. Иако биле убави, ќе сфатите дека тоа било само една серија зборови и ништо повеќе. Важни се само оние вистини до кои сте дошле самите вие. Еден ден ќе сфатите дека добрината, нежноста, прегратките и грижата се израз на внатрешна сила, а не на слабост.

  • Научниците потврдуваат: Среќните врски зависат само од овие 2 работи

    Научниците потврдуваат: Среќните врски зависат само од овие 2 работи

    Силните и долготрајни врски бараат голем труд и многу вложување во нив од двајцата партнери. Но, работите можеби и не се толку комплицирани колку што изгледаат на прв поглед. Научниците откриле дека постојат две основни карактеристики коишто ги дефинираат среќните врски. Тоа се особини кои секој од нас треба да ги прифати и да поработи на нивниот развој.rnrn(1) Научниците потврдуваат: Среќните врски зависат од две работиrnrnСе прашувате кои се? Тоа се љубезноста и великодушноста. Психолозите Џон Готман и Џули Готман по долгогодишните истражувања, кои опфатиле илјадници двојки, откриле дека љубезноста и великодушноста се главната материја што ги „лепи“ партнерите еден за друг. Овие особини, заедно со емоционалната стабилност се најважниот фактор за успешна врска или за долготраен брак. Добрината, којашто значи да се биде пријателски настроен, дарежлив и внимателен е особено тешко да се применува во љубовните врски, иако на прв поглед можеби и не изгледа така. Но, кога партнерите се обземени од силни емоции, многу често избувнуваат расправии и недоразбирања во врските. Во тие моменти треба да дадете сè од себе лутината и бесот да не надвладеат во вас, заради тоа што по неколку минути можеби ќе се каете за некои изречени зборови или сторени дела. Работете на себе и на тоа љубезноста да владее со вашето срце и со вашата љубовна врска.rn

    Љубезноста не значи дека ние нема да ја изразиме лутината и нервозата, но таа ни го покажува патот на кој начин е најдобро да го сториме тоа. Можете да му се нафрлите на вашиот партнер и непотребно да викате или на еден смирен начин да му објасните што е тоа што ве налутило и повредило“, објаснува Готман.

    rnПотрудете се лутината и бесот да ги држите настрана, затоа што тие можат да предизвикаат непоправлива штета на вашата врска или брак. Живееме во многу брзо време, растргнати сме меѓу работата, семејството, децата, роднините, пријателите… Најчесто, во сета таа брзаница најмногу забораваме на своите партнери. Сета негативна енергија којашто сме ја насобрале во текот на денот често знаеме да ја истуриме токму врз личноста којашто најмногу ни значи. Но, тоа може да остави трајни последици на нашиот однос или да донесе крај на врската. Побарајте ја добрината и топлината во вашите срца, затоа што таа е основната нитка која ги врзува луѓето и ги прави неразделни пријатели, партнери и љубовници.

  • Трогателен гест кој ќе ви докаже дека сѐ уште постојат хумани луѓе во светот

    Трогателен гест кој ќе ви докаже дека сѐ уште постојат хумани луѓе во светот

    Во денешното урбано општество со изместени морални вредности, гледајќи ги сите тие неправди и зла на кои секојдневно сме сведоци, сѐ повеќе ја губиме вербата во човековата добрина и хуманоста. Но, таквите случаи, иако се загрозен вид, сепак постојат. Овој пат примерот доаѓа од Индија, од хотелот „Сабрина“ во градот Малапурам.rnrnТрогателен гест кој ќе ви докаже дека сѐ уште постојат хумани луѓе во светотrnrnАкилеш Кумар ручал покрај еден прозорец во хотелот и додека уживал во неговиот скап оброк здогледал едно слабо и изгладнето момче кое стоело на улицата. Акилеш му дал знак на детето да влезе во ресторанот. По неколку минути, детето дошло заедно со неговата сестра која ја држел за рака.rnrnГи прашал што би сакале да јадат, а тие срамежливо покажале на неговата чинија и рекле дека ќе го јадат истото што тој го јаде. Кога завршиле со јадење, Кумар го викнал келнерот за му донесе сметка и да плати.rnrnНо, кога келнерот ја донел сметката, Кумар останал без текст и не можел да поверува што пишувало на неа. Таму стоела една голема нула, а под неа пишувало: „Не постои каса која би можела да наплати толкава хуманост. Ви посакуваме сѐ најдобро…“rnrnТрогателен гест кој ќе ви докаже дека сѐ уште постојат хумани луѓе во светотrnrnОвој трогателен гест е потврда дека хумани луѓе постојат и никогаш не можеме да знаеме кога ќе налетаме на некој од нив. Токму затоа хуманоста треба да биде неизбежен дел од нашиот живот и треба да помагаме секогаш кога ќе можеме, бидејќи не знаеме кога и ние самите ќе се најдеме во ситуација кога ќе ни биде потребна туѓата помош и добрина.