КАФЕ ПАУЗА

Tag: добрина

  • 3-те хороскопски знаци со најголемо срце

    3-те хороскопски знаци со најголемо срце

    На прв поглед, никогаш не би помислиле дека токму овие знаци се оние со најголемото срце. Нивната нежна страна често е затскриена од самите нив, за да се оттргнат од стереотипите за нивната чувствителност или пак, за да се претстават во кул светло, но колку и да се трудат, не можат никого да прелажат. Кога подобро ќе ги запознаете, вие веднаш ќе сфатите дека тие се меки однатре и дека нема подобри знаци во зодијакот од нив!rnrnrn

    1. Риби

    rnРибите мислат дека делуваат како премногу кул личности, но сите знаат дека тие се едни од најнежните и најчувствителните во зодијакот. Тие имаат неверојатна способност за сочувство и знаат кога нешто ви пречи дури и пред вие да забележите. Во овие моменти, тие би направиле сè само за да ви помогнат. Јадрото на Рибите е меко, па токму затоа и имаат потреба креативно да се изразуваат. Сепак, имајте на ум дека нивната нежност не ги прави слаби, баш напротив, таа им е еден од најголемите извори на моќ.rn

    2. Рак

    rnМожеби не е мистерија колку емоционални можат да бидат Раковите, но тоа што не го знаете за нив е дека се грижат многу повеќе одошто признаваат. Тие знаат за својата репутација дека се зависни од другите и дека бараат многу, па затоа и се обидуваат да се оттргнат малку и да го скријат своето вистинско лице. Но, ретко кога ова им успева. Ракот не може да помине ниту еден ден без да ги искаже своите позитивни мисли или да направи некому услуга. Можеби делува како да се држат на одредена дистанца, но верувајте, токму ова значи дека тие се премногу заштитнички настроени кон вас.rn

    3. Овен

    rnМожеби мислите дека Овните се премногу зафатени за да се грижат за другите, но всушност токму спротивното е вистина. Тие длабоко се грижат за блиските, и под нивниот натпреварувачки дух, имаат огромно срце. Овните можеби и ќе се пофалат за своите неверојатни достигнувања, но веднаш потоа ќе побараат начин како да им помогнат на оние што навистина имаат потреба од помош.rnrnДознајте и кој хороскопски знак има најмногу среќа!

  • 14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знае

    14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знае

    На светот му недостасуваат добри вести. Медиумите постојано емитуваат вести за глобално затоплување, терористички напади и проблеми со сиромаштијата, додека луѓето од различни земји и континенти постојано прават добри дела и го менуваат светот. Хероите не треба да живеат во сенка! Прочитајте ги следниве моќни вистински приказни кои целиот свет треба да ги знае…rn

    1. Случајна порака спасила живот на дете

    rn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnСид сакала да прати фотографии од нејзиниот фустан за да побара совет од пријателка, но ја пратила пораката на погрешен број. Тони, татко на неколку деца, се изненадил, но љубезно одговорил: „Мислам дека поракава е за некој друг. Жени ми не е дома, така што не можам да побарам нејзино мислење, но јас и децата мислиме дека изгледаш одлично во фустанот! Дефинитивно треба да го одбереш тој!“ Тој исто така пратил фотографија од децата како го одобруваат фустанот.rnrn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnНа фотографијата од децата го нема најмалиот син на Тони, Кајслер, кој тогаш бил во болница. Сид ја споделила приказната на Твитер. Кога дознале дека синот на Тони има рак, следбениците на Сид и другите корисници на Твитер собрале околу 3.000 долари. Една љубезна реакција на нечија грешка успеала да спаси детски живот!rn

    2. Работници работеле прекувремено за да може нивниот колега да се грижи за болниот син

    rn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnАндреас Граф, 36-годишен работник од Марбург, Германија, имал ужасна судбина: Неговата сопруга починала, а на син му му била дијагностицирана леукемија. Очаен, Андреас напишал барање за отпуст за да може да се грижи за детето, но човек од одделот за човечки ресурси ја споделил неговата приказна со колегите и ги убедил да помогнат.rnrn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnРаботниците одлучиле да ги поделат смените на Андреас помеѓу себе за да не мора да дава отказ. Колегите работеле прекувремено вкупно 3.264 часа, а тоа се околу 400 работни дена и мажот добил компензација. Февруари годинава Андреас можел да се врати на работа и не можел да ги задржи солзите кога им се заблагодарувал на колегите за нивната добрина.rn

    3. Храброста на мајката старателка

    rn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnРодителите на Оксана не сакале да ја земат од болница веднаш по нејзиното раѓање. Девојчето имало конгенитални аномалии на долните екстремитети кои подоцна морале да бидат ампутирани. Девојчето сменило 3 сиропиталишта, преживеало глад, тепање, па дури и силување. Но, овој малечок живот бил спасен од страна на Геј Мастерс, терапевтка за говор од Америка. На Геј ѝ требале 2 години за да ги собере сите потребни документи и да може да го пренесе 6-годишното девојче во Америка.rnrn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnГеј одлично ја воспитала посвоената ќерка и ја научила да го сака спортот. Таа ја поддржувала ќерка ѝ во сите работи што сакала да ги прави. На последните Параолимписки игри во Пјонг Чанг, Оксана освоила сребрен медал во дисциплината спринт во биатлон и бронзен медал во скијање. „Таа ми го даде животот“, изјавила Оксана за нејзината една и единствена вистинска мајка.rn

    4. Спасувањето на едноокото куче

    rn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnПовеќето луѓе би го одминале кучето Фродо. Но, Клаудија од Хрватска има големо и добро срце, па затоа му дала на болното куче надеж за среќен живот. Таа го претворила малото чудовиште во слатко и разиграно кутре и ја објавила неговата приказна на Интернет. Сега Фродо има нови сопственици кои го нашле на Интернет страницата на Клаудија и продолжиле да се грижат за него во замена за бескрајна благодарност и верна љубов.rn

    5. 8.700 долари биле собрани за да може една старица да ги објави нејзините книги

    rn14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знаеrnrnНеколку грижливи луѓе успеале да ѝ дадат среќен крај на една старица која поминала години обидувајќи се да ги продаде нејзините книги на замрзнатите улици во Екатеринбург. Тета Вера пишувала бајки и ја искористила пензијата за да го исполни својот сон: Да објави прекрасна книга со тврди корици и со илустрации од нејзината ќерка која умрела од рак. Историјата на уличната писателка допрела многу Руси и за буквално една недела, старицата собрала повеќе од 500.000 рубљи (околу 8.700 долари) за да го оствари својот сон. На тета Вера ѝ било понудено и бесплатно место за да ги продава книгите во трговски центар.rnrnПродолжете на следната страница за останатите приказни…rnrn

  • Фотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвото

    Фотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвото

    Некои луѓе велат дека сѐ додека постои барем една добра личност покрај вас, ќе продолжите да верувате во човештвото. Мора да продолжиме да мислиме дека побројни се добрите луѓе од лошите. Следниве фотографии се вистински примери на искрена несебичност. Погледнете ги овие добри дела што ќе ви ја вратат вербата во човештвото…rn

    Вистински херој!

    rnФотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    Вака ги фотографираат кучињата од засолниште за животни што треба да бидат дадени на посвојување

    rnФотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    Наставник кој ги учи децата како да користат Word без компјутер!

    rnФотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    Полицаец добива награда од човекот кого го спасил

    rnФотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    Трпелива келнерка му помага на повозрасен човек да стигне до неговото столче

    rnФотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    Овој човек му дава вода на мачето од рака, бидејќи не можел да најде чашка

    rnФотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    Готвач секој ден готви бесплатна храна за луѓето кои не можат да си дозволат да одат во ресторан

    rnФотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn

  • Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење

    Моќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеење

    Постојат луѓе кои се појавуваат во многу неочекувани, но добри моменти. Понекогаш овие луѓе се подготвени да жртвуваат сè што имаат. Обично овие приказни не се познати, но ќе ве натераат повторно да верувате во човештвото. Ќе ве натераат да верувате дека постојат луѓе кои прават добри работи без да очекуваат нешто за возврат. Во продолжение погледнете неколку приказни кои се полни со добрина.rn

    1. 7-годишното девојче што собрало 600.000 евра за лекување на пријателката

    rnМоќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеењеrnrn7-годишната Дана и нејзината мајка се од американскиот град Болдер. Тие организирале донации за да ѝ помогнат на пријателката на Дана која страдала од многу ретка болест – Батенова болест. Третманот чини околу 600.000 евра. За да соберат пари што е можно побрзо, Дана и мајка ѝ почнале да прават колачиња и да ги продаваат на соседите. Кога повеќе луѓе разбрале за проектот Колачиња за Мила, луѓето од целата држава почнале да порачуваат колачиња. Оваа мала хероина успеала да собере над 600.000 евра, па нејзината пријателка Мила ќе може да го добие потребниот третман.rn

    2. Жената која се избори против суеверието

    rnМоќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеењеrnrnВо 2016-та година, Ања Рингерн Ловен пронашла едно момче, Хоуп, во Нигерија. Тоа шетало по улиците гладно и полно со паразити. Излегло дека во Нигерија постои суеверие дека некои деца се вештери/вештерки. Ако детето е обвинето за ова, тоа е исфрлено надвор и никој не се грижи за него. Па, Ања му помогнала на малото момче и започнала мисија за спасување на други вакви деца. Како што се гледа на фотографијата, промената на Хоуп е неверојатна и денес тој е во одлично здравје.rn

    3. 6-годишно момче подарило 170 пара чевли на бездомниците

    rnМоќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеењеrnrnЕден дождлив ден, 6-годишниот Рајдер видел бездомник кој немал чадор, ниту пак чевли. Ова го запрепастило, па момчето и неговите родители почнале да собираат донации за да купат чевли. На Рајдер му биле потребни 5 месеци за да собере околу 6.000 евра. Купил речиси 170 пара чевли, чорапи, ракавици и палта.rn

    4. Жената која била казнета за собирање шишиња

    rnМоќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеењеrnrnАна Либ, жена во пензија, собирала пластични шишиња од железничката станица во Минхен за да заработи нешто. Но откако се смениле управителите на станицата, ѝ забраниле да го прави ова. По забраната, Ана зела едно пластично шише и чуварите ја изнеле од станицата. Покрај тоа, таа морала да плати казна од 2.000 евра. Откако приказната стигнала до медиумите, многу луѓе биле гневни за оваа неправда. Еден човек решил да отвори страница за донации за да ѝ помогнат на Ана да ја плати казната. За само неколку дена се собрале 7.000 евра, пари кои ѝ биле дадени на Ана.rn

    5. Едноставните нешта го прават светот подобро место

    rnМоќни вистински приказни кои докажуваат дека можеме да го направиме светот подобро место за живеењеrnrnОвој човек не можел да се качи на ескалатор. Неколку минути подоцна, се појавило едно момче и му понудило помош. Во меѓувреме старецот му кажал на момчето дека еднаш се заглавил на ескалаторот и оттогаш му било страв. Да не се појавело момчето, старецот никогаш немало да го надмине својот страв.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 знаци дека давате премногу од себе

    7 знаци дека давате премногу од себе

    Во денешно време, секојдневно сме сведоци на голем број неправди и манипулации. За среќа, постојат поединци кои се љубезни и сочувствителни и сакаат да им помагаат на луѓето околу нив. Тие даваат толку многу што честопати се ставаат себеси на последно место. Тие не сакаат да ги импресионираат другите и да привлечат внимание. Тие се скромни, работат во туѓа сенка и не добиваат заслуга за својот труд. Овие поединци се претерано добродушни, но забораваат дека треба да се грижат и за себе. На тој начин, си го ризикуваат своето ментални, физичко и емоционално здравје. Дали и вие сте дел од нив? Прочитајте ги следниве 7 знаци и дознајте дали давате премногу од себе…rnrn7 знаци дека давате премногу од себеrn

    1. Луѓето секогаш ви ги доверуваат нивните проблеми и ви бараат совет

    rnСите знаат дека можат да ви се јават секогаш кога поминуваат низ тежок период. Без разлика колку е голем или мал проблемот, луѓето знаат дека можат да сметаат на вас во секое време. Тоа е знак дека никогаш не се ставате себеси на прво место. Време е да застанете и да размислите за приоритетите во вашиот живот.rn

    2. Не знаете да кажете „Не“

    rnДоколку постојано се согласувате да правите работи што не сакате да ги правите, тоа е знак дека не знаете да поставите граници. Важно е да го научите значењето на зборот „Не“. Денот има само 24 часа и мора да научите правилно да ги користите со тоа што ќе издвоите време за себе.rn

    3. Луѓето во вашиот живот многу зависат од вас

    rnНе ви пречи да бидете тука за луѓето кои ви значат, но ако забележите дека тие стануваат зависни од вас и не можат да функционираат без вашата помош, тоа е знак на предупредување дека ситуацијата отишла предалеку. Треба да бидете тука за луѓето и да им помагате, но еден ден тие мора да научат сами да застанат на нозе.rn

    4. Имате непотребни драми во животот

    rnСите луѓе се соочуваат со некаква драма во животот, но доколку постојано мора да се справувате со драматични ситуации, тоа е знак дека луѓето околу вас ве користат како издувен вентил. Не дозволувајте да се случува тоа. Си имате вие и свои проблеми.rnrn7 знаци дека давате премногу од себеrn

    5. Луѓето ве бараат само кога нешто им треба

    rnЗа жал, доколку давате премногу од себе, постојат луѓе кои ќе го забележат тоа и ќе се обидат да го искористат вашето големо срце. Ако забележите дека луѓето во вашиот живот ве бараат само кога им треба нешто, време е да ги преиспитате вашите врски и пријателства.rn

    6. Немате време за себе

    rnКога планирате да останете дома и да одморите, дали се опуштате и уживате во одморот или постојано завршувате некои задачи? Ако се обидувате да бидете продуктивни дури и за време на одморот, порано или подоцна ќе се истоштите. Запомнете дека ви треба време за да си ги наполните батериите.rn

    7. Чувствувате дека туѓиот товар ви ја ускратува среќата

    rnДоколку постојано давате, но ништо не земате од животот, нема да можете да почувствувате вистинска радост. Сите заслужуваат да бидат среќни, но мора сами да ја побарате сопствената среќа. Правете ги работите што ви причинуваат задоволство и редовно издвојувајте време за нив.rnrnПрочитајте и за овие 5 позитивни човечки особини што општеството ги смета за слабости.

  • Зошто е најтешко да се биде во врска со добар маж?

    Зошто е најтешко да се биде во врска со добар маж?

    Тешко е да се љуби добар маж. Добриот маж не е само добар човек. Тој секогаш ќе прави убави работи за вас за да ви ја докаже неговата љубов. Љубезноста е дел од неговиот ген и морален код. Тој знае кои се вистинските животни вредности и никогаш не отстапува од своите лични стандарди. Добриот маж секогаш го прави она што е добро за него.rnrnЗошто е најтешко да се биде во врска со добар маж?rnrnТој никогаш нема да ве излаже за да ве поштеди од болните чувства, напротив, тој може да стори многу работи што ќе ве налутат и повредат. Но, најверојатно нема да можете да му се налутите, бидејќи знаете колку е добар.rnrnДобриот маж ќе одговори на повикот од неговата поранешна девојка додека е со вас, бидејќи нема што да крие. Тој знае дека најверојатно се работи за нешто итно, па затоа нема да ја игнорира и ќе биде подготвен да ѝ помогне, дури и да не се согласувате со тоа.rnrnДобриот човек секогаш ги става потребите на неговите пријатели и семејството пред неговите, дури и тогаш кога тие се однесуваат манипулативно и себично. И покрај нивните недостатоци, тој секогаш ќе им биде лојален.rnrnВо денешно време кога речиси сите луѓе лажат и не си го покажуваат вистинското лице, искреноста и отворената комуникација на добриот маж е вистински благослов, дури и тогаш кога боли. Тешко е да се биде во врска со добра маж, но во овој свет на лаги, неверства и манипулации, голема среќа е доколку најдете и успеете да задржите таков човек.rnrnТој се грижи за семејството и неговата партнерка. Тој е нежен, знае како даде утеха, благодарен е за малите работи во животот и е отворен кон новите искуства што би можеле да му го отворат патот кон уште поголеми успеси. Многу е тешко да се преболи ваков човек поради сите негови доблести.rnrnЗошто е најтешко да се биде во врска со добар маж?rnrnДобриот маж ќе ве промени, бидејќи ќе уживате покрај него. Со часови ќе водите длабоки разговори и во тие моменти ќе сфатите дека тој не поминува време со вас затоа што нема попаметна работа, туку затоа што навистина го интересира вашето мислење.rnrnТој ќе ви ги постави критериумите на толку високо ниво, што секој нареден маж нема да ви се чини доволно добар за вас. Тешко е да се биде во врска со таков притисок. Иако ќе ви биде помалку здодевен и напорен со сите негови грижи, здрави навики и љубезни гестови, нема да можете да му замерите.rnrnНо, можеби не се работи за неговата добрина, туку за фактот што никогаш претходно не сте сретнале толку добар маж. Можеби ќе го споредувате со новите партнери. Немојте да се зачудите доколку сѐ уште го помните неговиот датум на раѓање иако сте раскинале пред една година.rnrnСигурно имало моменти кога тој се обидел да ве заштити од одредени болни емоции и моменти кога не сте можеле да ги скриете вашите чувства, бидејќи тој знаел како да ги извлече од вас со неговата добрина.rnrnТешко е да се пронајде добар маж, но уште потешко е да се биде во врска со таков човек,. Доколку врската се распадне и треба да раскинете, загубата е неподнослива. Невозможно е да се замисли ниту да се прифати таква загуба. Дали сте подготвени да ја прифатите љубовта на добриот маж, знаејќи дека постои можност еден ден да ја изгубите? Дали сте подготвени секој ден да живеете во страв? Дали сте подготвени да љубите добар маж?rnrnДоколку имате добар партнер, но сепак се чувствувате вознемирено, прочитајте како да ја надминете несигурноста во врската.

  • Науката откри нова причина зошто жените се подобри од мажите!

    Науката откри нова причина зошто жените се подобри од мажите!

    Некои истражувања уште одамна откриле дека жените се подобродушни и поголеми алтруисти од мажите. Но, причината за тоа досега не беше разјаснета. Сега, најновото истражување, објавено во весникот „Природно човечко однесување“ (Nature Human Behaviour), покажало дека женскиот мозок навистина реагира поинаку од машкиот кога треба да се донесат одлуки што се однесуваат на добрината.rnrnНауката откри нова причина зошто жените се подобри од мажите!rnrnИстражувачите побарале од 40 возрасни да учествуваат во експерименти каде што требале да донесат разни одлуки од типот дали да ги поделат парите со другите или да ги задржат за себе. Тие дознале дека добродушното однесување активирало посилен сигнал до областа за награди во мозокот кај жените, за разлика од тој кај мажите. Интересно е тоа што машкиот систем за награди реагирал посилно на себичното однесување.rnrnДали ова значи дека жените се родени подарежливи од мажите? Па, не баш. Главниот автор на истражувањето Александар Саутшек, професор доктор по економија на Универзитетот во Цирих, објаснил дека системот за награди во мозокот е силно поврзан со учењето. Некои претходни истражувања покажале дека девојчињата добиваат повеќе награди во вид на пофалби за нивната добрина за разлика од момчињата. Со други зборови, како последица од различното воспитување на момчињата и девојчињата уште од рана возраст, девојчињата очекуваат дека ќе добијат некаква награда за нивното добродушно однесување.rn

    „Овие стереотипи функционираат како пророштва што се остваруваат и ги произведуваат половите разлики за кои тврдат дека се вистинити. Разликите во мозокот се производ на интернализацијата на овие културолошки очекувања“, објаснил Саутшек.

    rnПо овие сознанија, дефинитивно би требало да почнеме подеднакво да ги учиме момчињата и девојчињата дека треба да бидат добродушни.rnrnДоколку не сте убедени во женската доминација, прочитајте ги следниве 12 работи во кои жените се подобри од мажите.

  • 25 едноставни добри дела со кои некому ќе можете да му го разубавите денот

    25 едноставни добри дела со кои некому ќе можете да му го разубавите денот

    Филантропијата не мора да подразбира големи дела и огромна посветеност. Понекогаш, доволно е да вложите сосема малку труд за да разубавите нечиј ден. Погледнете ги следниве 25 едноставни добри дела за кои ќе треба да посветите само малку внимание за да извлечете голема насмевка од нечие лице…rnrn25 едноставни добри дела со кои ќе можете да го разубавите денот некомуrnrn1. Оставете ги прочитаните книги и списанија на клупа или во автобус за да може и некој друг да ужива во нив.rnrn2. Засадете цвеќиња на некој запуштен јавен простор.rnrn3. Соберете го ѓубрето од улица или од плажа.rnrn4. Донирајте ја облеката што не ја носите повеќе за хуманитарни цели.rnrn5. Поканете го на семеен ручек пријателот чие семејство живее далеку, особено за време на празниците.rnrn6. Испратете ѝ на мајка ви огромен букет цвеќиња без никаква особена причина.rnrn7. Соберете го ѓубрето на соседите ако видите дека го заборавиле пред врата.rnrn8. Дајте сѐ од себе за да бидете добри и љубезни кон личноста која воопшто не ви се допаѓа. Можеби ќе откриете дека не е толку лоша колку што сте мислеле.rnrn9. Дајте му одлична оценка на ресторанот што го обожувате.rnrn10. Задржете го лифтот дури и да се брзате.rnrn11. Нареден пат кога ќе нарачувате кафе за носење, почестете го човекот што чека во редот зад вас.rnrn12. Купете сендвич за некој бездомник.rnrn13. Споделете го вашиот чадор со непознат човек кога ќе ве фати дожд и невреме.rnrn25 едноставни добри дела со кои ќе можете да го разубавите денот некомуrnrn14. Ако имате полна корпа во супермаркет, а човекот зад вас има само неколку производи, пуштете го пред вас.rnrn15. Јавувајте им се почесто на вашите родители за да ги прашате како се. И не заборавајте да им кажете дека ги сакате.rnrn16. Испраќајте рачно напишани пораки заради најмали причини, како на пример „Ти благодарам што ме ислуша вчера и ми дозволи да се ослободам од стресот, навистина ми требаше тоа“.rnrn17. Препуштете му го паркинг местото некому, барем еднаш.rnrn18. Дозволете им на луѓето да се пикнат преку ред, дури и да сте стигнале пред нив. Направете го тоа со насмевка на лицето.rnrn19. Сте забележале девојка со прекрасен фустан? Дајте ѝ комплимент!rnrn20. Оставете љубовни или забавни пораки насекаде во домот, на влезната врата, во тоалетот, на огледалото и слично. Вашите родители, партнери или цимери пријатно ќе се изненадат кога ќе дојдат дома.rnrn21. Испратете му порака на вашиот пријател од нигде никаде и кажете му што ви се допаѓа најмногу кај него, на пример „Имаш најубава насмевка!“rnrn22. Испратете му краток имејл на некој ваш колега или колешка во кој ќе ги пофалите за нивните успеси на работа.rnrn23. Сте налетале на одличен келнер или продавач? Кажете му го тоа на шефот!rnrn24. Понудете им се на туристите да ги фотографирате доколку забележите дека се мачат да направат селфи.rnrn25. Конечно почнете да носите шише со вода за повеќе употреби. И планетата заслужува малку добрина.rnrnПрочитајте ги и овие 26 мали нешта кои ќе им го разубават денот на луѓето околу вас.

  • Дали сте претерано добра личност? Негативните страни на оваа позитивна карактеристика

    Дали сте претерано добра личност? Негативните страни на оваа позитивна карактеристика

    Да се ставите себеси на прво место и на својот трон во вашиот живот можеби ќе ви звучи себично или ќе мислите дека ќе ве нарекуваат себични, но тоа се само верувања кои ни се всадени низ годините на растење, училиштето и влијанието на другите луѓе, заради кои сметаме дека е подобро прво да ги задоволиме потребите на нашите блиски, а потоа да се посветиме на сопствените. Ако остане време, што најчесто не се случува. На тој начин многу лесно се запоставувате и вашата добрина ви станува најголемиот непријател така што ви ја одзема мотивацијата, инспирацијата, трпението, расположението, самодовербата… во краен случај можете дури и да развиете депресија. Па, како да ги спречите негативните несакани последици од добрината? rnrn1-dali-imate-sindrom-na-predobra-lichnost-kade-prestanuva-dobrinata-a-se-sozdava-niskata-samopochit-www.kafepauza.mk_rnrn

    Усреќете се прво себеси за да можете да ги усреќите другите

    rnКако ќе созревате, така подобро ќе сфаќате дека секогаш треба да се ставите себеси на првото место. Кога вашите потреби се на првото место, ќе можете со чисто задоволство и желба да ги задоволите и потребите на луѓето кои ги сакате и цените. Можеби некогаш некоја ваша блиска личност ќе ви напомени дека секогаш прво се грижите за себе. Можеби тоа ќе ве заболи, но ќе сфатите дека подоцна ќе бидете среќни што таа личност е во право. Немојте погрешно да разберете, вие секако ќе обожавате да им помагате на другите личности, да им правите услуги, да им го дадете вашето срце и да делите сѐ, но никогаш немојте да го правите она што не се поклопува со вашите желби и потреби.rnrnМожеби во вашето опкружување ќе се сретнете со многу жени кои ќе направат сѐ за секого, и сите тие се прекрасни, успешни жени кои се мили и драги кон сите… освен кон самите себе. Можеби на прв поглед тоа не се забележува, бидејќи помагањето на другите ги усреќува, но нивните срца и умови се преполни со замерки кон себе, грешки кои никогаш не би си ги опростиле и отворени врати кои никогаш не ги затвориле, сѐ со желба да бидат предобри личности.rnrn3-dali-imate-sindrom-na-predobra-lichnost-kade-prestanuva-dobrinata-a-se-sozdava-niskata-samopochit-www.kafepauza.mk_rn

    Каде е границата?

    rnКаде престанува добрината и започнува ниската самодоверба е тешко да се одреди. Може да кажеме дека тоа е прилично индивидуално за секого од нас и дека нашата внатрешна свест многу добро знае каде престанува желбата за сопственото задоволување, а започнува желбата за задоволување на другите. Понекогаш задоволувањето на потребите на другите може да биде резултат на ниска самодоверба, а понекогаш само желба да им се допаднеме на сите. Верувајте ни, не се родила личност која им се допаѓала на сите што ја запознале. Најважно е да се допаѓате на себе, а потоа сѐ останато. Не можете да го дадете она кое всушност го немате, зар не?rnrnТокму затоа, жените кога танцуваат најпрво тргнуваат од стравот од неуспех и желбата да задоволат нечии очекувања. Она што ние се обидуваме да ги научиме е да танцуваат исклучително за себе и заради себе, исто како што е медитацијата исклучиво за себе и заради себе. Тоа бара одредено време и соочување со себе, бара развој на самопочитта низ прифаќање на своето тело во почетокот, а подоцна прифаќања на вистинските ние и сите делови од својата личност.rnrn2-dali-imate-sindrom-na-predobra-lichnost-kade-prestanuva-dobrinata-a-se-sozdava-niskata-samopochit-www.kafepauza.mk_rn

    Љубовта кон другите започнува со љубовта кон себе

    rnКога ќе се прифатите себеси, онакви какви што сте, полека започнувате да ги забележувате сите ваши добри страни, вашите предности и учите како да ги славите. Притоа мислиме и на славење на вашата убавина, внатрешната и надворешната. Дури потоа се вртите кон своите недостатоци и полека дознавате дека и тие се прекрасни. И, последната работа која што ќе ја доживеете е опростувањето. Сите ние правиме грешки и кога-тогаш некого, најчесто ненамерно, ќе го повредиме со нашите постапки. Ако сѐ уште не сте се освестиле и не се започнале со развивање на самодовербата, тогаш настапува вината, самопонижувањето и изостанува она најважното – опростувањето на самите себе. rnrnРаботејќи на вашето тело, работите и на слободата на духот, емоциите и личноста. И тоа многу брзо се забележува. Кога ќе започнете да се ставате себеси на прво место, да ги славите вашите предности и да ги сакате вашите недостатоци, ќе танцувате имајќи го на ум само вашето чувство, а не туѓите очекувања. Тогаш телото станува флексибилно, флуидно, опуштено… А, помошта која ја давате ќе ја давате и после тоа, само што таа ќе биде поискрена. Сакајте се себеси, за да можете да ги сакате другите.

  • Поучна приказна: Она што им го даваме на другите, го добиваме и за себе

    Поучна приказна: Она што им го даваме на другите, го добиваме и за себе

    Сигурно сте слушнале повеќепати дека доброто со добро се враќа и дека треба да бидеме дарежливи, бидејќи само така ќе можеме да успееме во животот. Понекогаш можеби ви се чини дека овие изреки не функционираат во реалниот свет каде што владеат неправди, но клучот лежи во тоа да бидете трпеливи. Вашата добрина еден ден несомнено ќе ве награди со сочни плодови, само треба да почекате! Прочитајте ја следнава приказна која ќе ве увери во тоа…rnrnПоучна приказна: Она што им го даваме на другите, го добиваме и за себеrnrnСи бил еден земјоделец, чие жито постојано добивало прва награда на локалниот саем. Но, тој воопшто не бил вообразен поради неговиот успех, напротив! Тој го делел неговото најдобро семе со сите селани во околината. Кога го прашале зошто го прави тоа, тој им го одговорил следново:rnrn„Станува збор за мој личен интерес. Ветарот го носи поленот од една нива на друга. Кога моите соседи би одгледувале жито со лош квалитет, вкрстеното опрашување би го намалило квалитетот и на моето жито. Ете зошто ми е толку важно секогаш да го насадуваат само најдоброто семе.“rnrnНевозможно е да им помогнете на другите без истовремено да си помогнете и себе, исто како што е невозможно да им нанесете зло на другите без истовремено да си нанесете зло и себе. Правете добри дела и не штедете ја вашата хуманост! Само така ќе го дознаете вистинското значење на зборот „човек“ и ќе можете да постигнете личен напредок.rnrnПрочитајте ја и оваа поучна приказна која ќе ви го стопли срцето.