КАФЕ ПАУЗА

Tag: добрина

  • Сè што може да направите до петок за ова да ви биде најдобрата недела од оваа година

    Сè што може да направите до петок за ова да ви биде најдобрата недела од оваа година

    Се наближува крајот на оваа година и полека ги одбројуваме последните денови. Ве фаќа празнична еуфорија, но заглавени сте на работа или имате за учење и се плашите дека ќе ве одмине новогодишната радост? Не грижете се, еуфоријата е тука. Еве што сè може да направите за да си ја разубавите оваа недела.rnrnСè што може да направите до петок за ова да ви биде најдобрата недела од оваа годинаrn

    Смејте се хистерично

    rnСмеата го продолжува животот и тоа е точно! Смејте се хистерично и заразете ги и другите со вашата смеа. Може тоа да биде поради шегата која сте ја чуле или урнебесната епизода од вашата омилена комедија. Едноставно ослободете се и изнасмејте се.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Темелно исчистете нешто

    rnТој куп облека или сметките и листовите на подот. Земете и исчистете нешто што одамна го одложувате, па уживајте во вашето дело.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Јавете им се на пријателите

    rnНе им пишувајте, не праќајте пораки, туку ѕвонете им и слушнете се. Кажете што ви лежи на душата, како се чувствувате, што има ново, израдувајте се, насмејте се, споделете.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Прочитајте нешто што навистина го сакате

    rnМоже тоа да биде вашата омилена поема или вашата омилена книга кога сте биле деца. Завиткајте се во ќебе и прочитајте нешто за свое задоволство.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Танцувајте како да ќе нема утре

    rnТанцувајте како луди, движете се, скокајте, замислувајте се дека сте на голема музичка сцена. Танцувајте како никој да не ве гледа и ослободете се од негативната енергија.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Зближете се со членовите на вашето семејство

    rnЈавете им се на родините со кои одамна не сте се чуле. Направете им кафе наутро на вашите родители или изненадете ги со домашно подготвено јадење. Оваа недела посветете си ја на себе и на вашите најблиски.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Излакирајте се во омилената боја

    rnЗапрете за миг и налакирајте ги вашите нокти во омилената боја.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Поспијте подолго

    rnДали е одговорно однесување излежувањето во кревет? Не. Но, направете го тоа следното утро.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Купете си нешто за ваше задоволство

    rnНапорно работевте, олеснете си го паричникот за ваше сопствено задоволство.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Направете си го омилениот оброк

    rnЗгответе си нешто што ви е по ќеф, не мислете на калориите.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Побарајте ги старите пријатели

    rnЗнаете, другарот од средно со кој кога и да се видите само спомнувате одење на кафе но никако да се договорите. Јавете му се и договорете средба.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Направете добро дело за некој кој не го познавате

    rnНаправете му добрина на оној кој прв пат го гледате. Колку и да звучи како клише.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Прегрнувајте ги луѓето најсилно што можете

    rnЗатрчајте се кон вашата мајка и прегрнете ја долго и силно без апсолутно никаква причина.rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrn

    Едноставно не правете ништо

    rnКога последен пат ги кренавте нозете во вис, слушавте музика и уживавте без да правите нешто посебно, без да брзате, без да мислите на обврските и роковите?rnrn(1) se-shto-mozhe-da-napravite-do-petok-za-ova-da-vi-bide-najdobrata-nedela-od-ovaa-godina-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Оваа жена добила писмо од тотален странец. Нема да поверувате што имало внатре.

    Оваа жена добила писмо од тотален странец. Нема да поверувате што имало внатре.

    Едно утро Џинџер се разбудила од зуењето на домофонот од влезната врата на зградата во која живее. „Првите две зуења ги игнорирав со надеж дека ќе си заминат, но третиот пат станав“, објаснува таа. Ѝ отворила на личноста за да влезе и по кратко време се појавил постар човек на нејзината врата.rnrn0-ovaa-zhena-dobila-pismo-od-totalen-stranec-nema-da-poveruvate-shto-imalo-vnatre-kafepauza.mkrnrn„Дали сте вие Карен?“ – прашал тој.rnrnТаа му рекла дека не е, дека тоа е мајка ѝ. Тој се насмеал и ѝ подал едно необележано писмо. Потоа само си заминал.rnrnОткако го отворила писмото, толку се шокирала што морала да седне на подот.rnrn1-ovaa-zhena-dobila-pismo-od-totalen-stranec-nema-da-poveruvate-shto-imalo-vnatre-kafepauza.mkrnrnОва е целосниот текст од писмото.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnВе молиме прифатете го овој подарок како акт на добрина.rnrnПочитуван член на нашето семејство посвети многу време и средства за да помага на други луѓе преку „Random Acts Of Kindness“ (Случаен акт на добрина). Таа им даде на другите на многу начини, и секогаш го правеше тоа анонимно. Еден начин на кој нашето семејство одлучи да ѝ оддаде почит е да ја продолжи традицијата на помагање на другите во заедницата преку случајни добри дела.rnrnСлучајниот акт на добрина не мора да подразбира давање пари. Може да биде и само поминување време со некого, слушање додека некој зборува или давање комплимент. Најважно е делото да биде спонтано и направено без очекувања дека треба да се добие нешто за возврат.rnrnИако не ве познаваме лично, другите членови на нашата заедница ве идентификуваа вас како заслужен примател на овој дар. Ве молиме употребете ги парите како што ви одговара, дали за да си олесните некои финансиски потешкотии или да си дозволите нешто посебно за себе.rnrnНе бараме ништо за возврат, само се надеваме дека ќе бидете охрабрени да размислите на начините на кои вие можете да направите позитивна промена кај некој друг, како и мотивирани да ја прифатите оваа идеја, и да ја продолжите традицијата.rnrn[/message_box]rnrnОткако го добила писмото, Џинџер објаснува „И се јавив на мајка ми и ѝ кажав да седне, па ѝ го прочитав писмото… почна инстантно да вриска.“rnrnПарите не можеле да пристигнат во подобар момент.rn

    „Мајка ми се бореше со оваријален рак веќе 3 години. Тоа беше долго и тешко патување, ментално, физички и финансиски. Како и да е, ова помага многу повеќе одошто дарувачот може да претпостави. Овие пари го намалија стресот и на мајка ми ѝ дадоа надеж и причина да се смее.“

    rnЏинџер и мајка ѝ се длабоко благодарни.rn

    „Благодариме со цело срце и особено што одржувате една ваква прекрасна традиција“, пишува Џинџер.

    rnДо овој ден ниту Џинџер ниту мајка ѝ немаат идеја кој бил нивниот добродетел.

  • Најдобрите животни совети од нашите мајки

    Најдобрите животни совети од нашите мајки

    Нашите мајки се оние кои нè научиле на љубов, добрина и разбирање. Мајката е првата личност која секој од нас ја има како пример во животот. Ова се најдобрите и најискрените животни совети кои сме ги добиле од нашите мајки и без разлика колку сме возрасни, никогаш не смееме да ги заборавиме.rnrnНајдобрите животни совети од нашите мајкиrn

    Вистинската љубов постои

    rnКога на 16 години плачев поради скршеното срце, мојата мајка не ја исмеа мојата незрелост, туку ме прегрна и рече дека она што ужасно нè боли во овој момент, треба да го ставиме во едно ковчеже, и да го закопаме дури да мине свежината на болката. По некое време, кога ќе се завртиш назад ќе сфатиш дека како што минува времето болката сè повеќе исчезнува. Ни една болка, ниту пак скршено срце не трае вечно. Еден ден, можеби години по првото скршено срце, во нашите животи доаѓа нашиот принц без бел коњ но со многу љубов, почит и внимание, само треба да бидеме трпеливи.rnrnГледајќи ги нашите родители, нивната љубов која трае со години и нивната грижа за себе и за своите деца, сфаќаме дека вистинската љубов постои и вреди да се чека, а кога ќе дојде во нашите животи треба да се чува и негува. Колку и во моментот да не ви изгледа возможно дека може да доживеете вистинска љубов, само верувајте им на вашите мајки.rn

    Во животот добрината секогаш се исплатува

    rnСекој од нас доживеал ниски удари кои направиле да имаме помалку љубов кон човештвото и да веруваме дека оние кои се добри се наивни и глупави бидејќи дозволуваат да ги газат. Да, постојат користољубиви личности, постојат и себични кои никогаш не би ни вратиле со иста мера, но светот е подобро место за живеење кога луѓето сочувствуваат, сакаат и помагаат. Оставете ги поединците и погледнете ја големата слика.rnrnОној кој никогаш не подава рака за помош има помали шанси да добие рака за помош кога ќе има потреба. Оној кој дава никогаш не е сиромашен, барем така мојата мајка ми вели. Испружи ја дланката, ако ја свиткаш цврсто во тупаница, ништо нема да излезе од неа, но ништо нема и да влезе. Ако ја пуштиш слободно, нешто ќе изгубиш, но и нешто ќе добиеш.rn

    Никогаш не се срами од она што си

    rnКога бевме тинејџери притисокот да не бидеш свој беше навистина голем. Паметам дека беше срамота да те видат како читаш на балкон во слободно време – што не е во ред со тебе? Тогаш истапуваат нашите мајки-херои, кои безрезервно си ги сакаат децата баш онакви какви што се, и ни велат дека светот секогаш ќе има одредено мислење без разлика што и да правиме, па зошто едноставно да не бидеме свои?rnrnИ токму кога мислиш дека поминал периодот на суровост кога не можеш да бидеш слободен во својата кожа, животот ти дава трезвена лекција дека таквите стандарди допрва доаѓаат. Еве што ме научи мојата мајка, истовремено давајќи ми пример со своето однесување: Никогаш не се срами од она што си, никогаш не ги потиснувај во себе емоциите ниту пак она што сакаш да го кажеш. Во животот ќе искусиш многу предизвици и притисоци, но ти остани доследна на она во што веруваш, во твоите семејни вредности, религијата, начинот на живот, мислењата и ставовите што ги имаш на која било тема, бидејќи тоа те прави она што си. На светот не му треба едноликост, туку шаренило. Секој кој ќе те тера да промениш нешто кај себе, да престанеш да веруваш во нешто или да го промениш своето мислење, не те заслужува. Напротив, постојат многу личности кои ќе те ценат и почитуваат баш поради тоа што не ставаш маска на себе.rn

    Секогаш биди благодарен

    rnЗа сè што имаш, сè во што можеш да уживаш, за луѓето околу тебе, за љубовта која ти ја даваат блиските, за заштитата во својот дом. Кога јас ќе почнев да се жалам за нешто, однесувајќи се по малку размазено, мајка ми секогаш ме замолчуваше велејќи ми дека постојат многумина кои не можат да уживаат ни во основните права на човекот.rnrnМајките нè научија да бидеме благодарни и за најмалите работи и секојдневно да покажуваме благодарност. Да им велиме „благодарам“ на луѓето дури и кога навидум сториле навистина малку за нас. Благодарноста е многу важна, оној кој не знае да биде благодарен, не знае ни да биде среќен.rnrnНајдобрите животни совети од нашите мајкиrn

    Прости и не држи лутина во себе

    rnТогаш кога држиме лутина и кроиме планови за одмазда, си наштетуваме најмногу самите себеси, а не на непријателот. Луѓето не се совршени ниту безгрешни, па кога некој ќе ви згреши простете му, бидејќи и вие грешите. Ако грешката е голема и таа личност не заслужува да ве има во својот живот, нека биде така, но вие сепак простете му/ѝ, ако ништо друго заради самите себе. Едно е да ја отфрлите од својот живот но да продолжите да чувате омраза, а друго е да ја казните со вашето отсуство но да ѝ простите за ваше добро. Лутината е горчина која го обзема срцето. Ослободете се од неа.rn

    Не гради ѕидови околу себе

    rnСекој бил повреден, но што ако изградиме толку цврсти ѕидови околу нас и никогаш не дозволиме некој да ни влезе во срцето? Таквите личности се осамени и самите себе се казниле со отсуство на љубовта. Без разлика што ти се случило, не изолирај се од светот. Така некој кој ти мисли само добро ќе биде казнет поради нешто што не го направил.rnrnМајките нè учеле да имаме топли и големи срца и да не си дозволуваме да бидеме осамени. Нè учеле и нè учат дека семејството и пријателите му се потребни секому и дека никогаш не треба да си дозволиме да ги изгубиме или пак да ги оддалечиме од нас поради која било причина.rn

    Не секогаш си во право, прифати го тоа

    rnЧовек учи додека е жив и никогаш не се поставувај како супериорен, како апсолутен сезнајко бидејќи можеш да научиш нешто и од 5-годишно дете. Некогаш нашето его, нашата гордост не ни дава да прифатиме дека не секогаш сме во право. Проширете ги видиците, погледнете подалеку од сопствениот нос и за ваше добро, прифатете дека не секогаш вашите ставови се правилни. Прифатете го оној со кој не се согласувате, анализирајте го она што има да ви го каже, потем размислете дали ќе прифатите нешто и ќе си дозволите да бидете разубедени или пак ќе останете на своето.rnrnНашите мајки ни дале безброј совети. Надополнете ја оваа листа со некој од советите што вашата мајка ви ги дала а направиле вистинска промена во вашите животи.

  • 15 мудрости од Аристотел

    15 мудрости од Аристотел

    Невозможно е преку само еден пост да се пренесат ниту основите на Аристотеловите учења. Овие 15 цитати служат само да ве инспирираат и да ви бидат насока за понатамошно размислување.rnrn15 мудрости од Аристотелrn

    „Моралната изврсност е резултат на навика. Стануваме праведни чинејќи праведни дела, умерени преку чинење на умерени дела и храбри преку чинење на храбри дела.“

    rn

    „Ние сме она што постојано го правиме. Оттаму, изврсноста не е чин, туку е навика.“

    rn

    „Моралните особини кај нас не се формираат ниту природно ниту неприродно. Природата само го подготвува теренот за нивно прифаќање, а нивното целосно формирање е производ на навиката.“

    rn

    „Оној што е пријател секому не е пријател никому.“

    rn

    „Карактеристика на едуцираниот човек е да се занимава со некоја мисла без да ја прифати.“

    rn

    „Ако можеме да сториме нешто, можеме и да не го сториме тоа.“

    rn

    „Љубовта е една душа во две тела.“

    rn

    „Храброста е најважниот човечки квалитет затоа што ги гарантира сите други.“

    rn15 мудрости од Аристотелrn

    „Образованиот се разликува од необразованиот како живиот од мртвиот.“

    rn

    „Оној кој не се вклопува во општеството, или кому не му е потребен никој затоа што сам себеси си е доволен, мора да е или ѕвер или бог.“

    rn

    „Целото е повеќе отколку збирот на неговите делови.“

    rn

    „Природата ништо не прави за џабе.“

    rn

    „Тоа што е блесок на денот за очите на лилјакот, тоа е и разумот во нашата душа за работите кои изгледаат најочигледни.“

    rn

    „Мудриот не се изложува на непотребна опасност затоа што има малку нешта за кои доволно се грижи, но во тешки времиња спремен е да го даде и животот знаејќи дека под одредени услови не вреди да се живее.“

    rn

    „Бегството од проблемите е форма на кукавичлук, така што иако самоубиството бара храброст за соочување со смртта, тоа не се прави поради некоја благородна причина туку за да се побегне од болката.“

  • 3-минутна реклама која ќе ви го стопли срцето

    3-минутна реклама која ќе ви го стопли срцето

    Оваа тајландска реклама е едно од оние видеа кои навистина мора да ги погледнете и споделите. Пораката која таа ја пренесува е многу моќна и ни покажува дека доколку повеќето од луѓето се однесуваат на овој начин, светот ќе биде многу подобро место за живеење. Погледнете го ова 3-минутно видео кое ќе ви го стопли срцето и ќе ви го покаже вистинското значење на човековата безусловна добрина…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајните на позитивната карма

    Тајните на позитивната карма

    Кармата означува причинско-последични постапки, кои ја одредуваат сегашноста и иднината на поединецот. Доброто со добро се враќа, лошото со лошо. Погледнете кои работи треба да ги правите во животот за да ве следи позитивна карма.rnrn0-tajnite-na-pozitivnata-karma-kafepauza.mk_rn

    Заборавете на грешките

    rnНикој не е безгрешен. Грешките се неизбежен дел од живеењето. Престанете да се фокусирате на нив, едноставно заборавете ги. Можеби така ќе престанете да размислувате за лошите последици што треба да ве снајдат од грешката што сте ја направиле.rn

    Простувајте

    rnАко сте згрешиле, признајте го тоа и извинете се. Или пак, ако вам ви згрешиле, простете. Веднаш ќе се чувствувате подобро и ќе бидете спремни за нови предизвици.rn

    Засадете цвет

    rnОва е добар начин за постигнување на позитивна карма. Со тоа што засадувате цвет ѝ давате на нешто на природата и се чувствувате убаво. Ова не е тешко, а истовремено е и забавно.rnrnТајните на позитивната кармаrn

    Давајте комплименти

    rnБидете искрени кога давате комплименти. Ако нешто навистина ви се допаѓа, не штедете ги позитивните критики. Запомнете, колку давате, толку и добивате.rnrn

    Внимавајте што зборувате

    rnУбавиот збор железни врати отвора. Еден начин за постигнување на добра карма е сознанието за моќта на зборот. Внимавајте, бидејќи злобните мисли, зборови, намери може многу лесно да ви се вратат.rn

    Не изневерувајте

    rnЖивотот е полн со искушенија, но треба да бидете доволно силни да им се спротивставите. Само така, преку градење на сопственото трпение и издржливост, станувате подобра личност.rn

    Не судете

    rnЛуѓето не постојат за да бидат осудувани. Ако не ви се допаѓа нечиј начин на облекување, не судете. Можеби некому, токму тоа му се допаѓа. Различни луѓе, различни вкусови. Не судете им на другите за грешките и размислувајте позитивно.rn

    Сакајте се себеси

    rnСекако, за да сѐ од горенаведеното биде возможно, треба најпрвин да се сакате себеси. Престанете постојано да си барате маани. Сакајте се онакви какви што сте. Само доколку самите се почитувате и другите ќе ве почитуваат.rnrnТајните на позитивната карма
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни цитати од незаменливата Одри Хепберн

    Незаборавни цитати од незаменливата Одри Хепберн

    Одри Хепберн (4 мај 1929 – 10 јануари 1993) беше британска актерка и хуманитарка. И покрај тоа што била многу скромна за своите актерски способности, таа се смета за една од најголемите легенди на филмското платно на сите времиња. Хепберн во светот е најпозната како актерка и модна икона на 20-от век, која со својот стил му дала ново значење на зборот гламур и поради тоа сè уште се наоѓа на интернационалната листа на најдобро облечени.rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри ХепбернrnrnПокрај својата слава на големите екрани и во модната индустрија, многу луѓе долго ќе ја паметат и по нејзините незаборавни цитати. Таа на многу духовит и интересен начин совршено доловува секојдневни и несекојдневни ситуации од животот. Еве еден мал дел од нив во кој сигурно ќе се пронајдете и вие:rn

    „Запомнете, ако некогаш ви е потребна ‘дланка’ за помош, таа се наоѓа на крајот од вашата рака. Како што ќе стареете, не заборавајте дека имате уште една рака. Првата ви е за да си помогнете на себе, втората да им помогнете на другите.“

    rnНема нешто што не можеме да го постигнеме сами. Всушност, кога тоа ќе го направиме на наш начин, без никаква помош – ние се чувствуваме најуспешно и најисполнето. Секако, истото чувство се појавува и кога ќе им помогнеме на другите. Поради тоа трудете се колку што можете повеќе сами да си помагате на себе, но и да бидете несебични кога ќе треба да помогнете на некој друг.rn

    „Мојот живот е многу повеќе од бајка. Имав и потешкотии, но секогаш кога ќе ги надминев, на крајот добивав награда.“

    rnХепберн со овој цитат индиректно ви вели никогаш да не се откажувате. Пробајте животот да го гледате како нешто прекрасно, со голема доза на оптимизам и на тој начин полесно ќе се справувате со проблемите. И не заборавајте дека со секое нивно надминување, ве очекува пријатно и позитивно изненадување.rn

    „Сè што научив во животот – го научив од филмовите.“

    rnНикогаш не потценувајте ја моќта на филмовите и ТВ сериите. Можеби токму последниот филм кој сте го гледале, ви помогнал да сфатите голема животна лекција. Или пак, можеби поради него сте го положиле најтешкиот испит…rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри Хепбернrn

    „За прекрасни очи – гледајте го доброто кај другите, за прекрасни усни – зборувајте само добри зборови, а за достоинство – движете се знаејќи дека никогаш не сте сами.“

    rnСо овој неверојатен цитат, Хепберн вели дека добрите луѓе се прекрасни луѓе. Понекогаш навистина сè што ви е потребно во моментот и на вас и на оние околу вас е да ги забележите нивните добри особини или пак, да ги пофалите за нешто што направиле… На тој начин со сигурност ќе им го разубавите денот. И секако, никогаш не заборавајте дека некој постојано мисли на вас и дека доколку ви е потребен, доволно е само да му/ѝ кажете.rn

    „Верувам во маникирот. Верувам во дотерување. Верувам во препуштање на задоволството и носење кармин. Верувам во розово. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека може да се остане силен и во најтешките мигови. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е само уште еден ден и… Верувам во чуда.“

    rnСекој си има свои верувања. Некои се посекојдневни, некои се сосема необични. Но, можеби најважното од сите верувања е верувањето во чудата. Секако, Хепберн не сака да ви каже дека вие не треба ништо да преземете и дека тие „ќе ви паднат од небо“ – туку дека доволно е само да верувате во нив и тие ќе ви помогнат кога ќе ви бидат најпотребни.rn

    „Решив, уште многу одамна, да го прифатам животот безусловно. Никогаш не очекував да направи нешто посебно за мене, но сепак постигнав многу повеќе отколку што се надевав. Скоро секогаш тоа се случуваше кога воопшто не барав.“

    rnПостои едно непишано правило – колку ни се пониски очекувањата, толку повеќе ќе ги надминуваме. Но, тоа не значи дека не треба воопшто да ги имате. На тој начин едноставно нема за што да се борите. Пробајте да бидете умерени во своите планови за иднината и не барајте многу од животот – само така ќе бидете навистина среќни.rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри Хепбернrn

    „Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.“

    rnОвој цитат е и научно потврден. Има многу придобивки од смеењето, и на здравствено ниво и на психолошко ниво. Понекогаш доволна ни е само мала насмевка за да ни „тргне“ денот на подобро. Исто така таа е и најдобриот моден додаток, не ја заборавајте во ниеден момент…rn

    „Јас бев среќна. Можностите не доаѓаат многу често. Затоа кога ќе дојдат, грабнете ги.“

    rnОвој цитат на Хепберн одлично ни го покажува нејзиниот „рецепт“ за успех. Точно е дека можностите не нè следат во секој чекор. Но и кога ќе се отворат, големи се шансите случајно да ги пропуштиме. Поради тоа мора да знаеме како да ги препознаеме. Секогаш држете ги очите широко отворени, бидејќи никогаш не се знае што може да ви донесе животот на наредниот свиок.rn

    „Ако треба да бидам искрена, ќе ви кажам дека сè уште читам бајки. И ги сакам повеќе од сè останато.“

    rnСекој човек треба да гледа на животот барем малку како на бајка. Всушност тоа е на некој начин многу оптимистичен поглед кон светот… И во никој случај не може да биде негативен, баш напротив. Но, немојте да претерувате многу со овој вид оптимизам, бидејќи така може да не забележите многу лоши работи кои можат да ви наштетат.

  • Доброто со добро се враќа

    Доброто со добро се враќа

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnКога последен пат помогнавте на некој изнемоштен старец да ја премине улицата? Му подадовте ли рака на детето кое падна пред вас? И понудивте ли помош на бабичката која едвај ги носеше торбите или можеби го поделивте вашиот сендвич со бездомникот кој го затекнавте како бара храна во контејнер?rnrnДоброто со добро се враќаrnrnРетки се оние кои ќе кимнат со главата додека го читаат ова. Но, тоа не значи дека сме себични и сурови, туку невнимателни. Денеска сите некаде брзаме и не им обрнуваме внимание на овие ситни работи, кои нам ќе ни одземат незначително малку време, а некому сигурно ќе му го разубават денот. Со ваквите мали и несебични гестови, можеби ќе мотивираме и некој друг да го стори истото.rnrnДоброто со добро се враќаrnrnПогледнете како љубезноста се пренесува од еден на друг и ни се враќа како бумеранг, преку ова кусо видео на добротворната организација „Life Vest Inside“.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку

    12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку

    Истражувањата укажуваат на 12 нешта кои среќните луѓе ги прават различно од другите за да го подигнат нивото на сопствената среќа. Ако почнете да ги практикувате овие нешта уште денес, ќе можете побрзо да ги почувствувате ефектите од повеќе среќа во вашиот живот.rn
    rn

    „Секогаш верував дека квалитетниот живот полн со уживање и мудрости е мое човеково право стекнато со раѓање и ќе ми биде автоматски доделено по некое време. Никогаш не се сомневав дека ќе морам да научам како да живеам, дека постојат специфични дисциплини и начини на гледање на светот кои ќе морам да ги усовршам пред да се разбудам во едноставен, среќен и некомплициран живот.“ – Ден Милмен

    rnБез разлика на каков животен пат се наоѓате, овие „среќни навики“ можете да ги примените во секое време.rnrn12 нешта кои среќните луѓе ги прават поинаку1. Искажувајте благодарност – Кога го цените она што го имате, она што го имате добива поголема вредност. Па така, ако сте благодарни за добрите нешта кои веќе ви се случуваат во животот, ѝ давате подлабока смисла на среќата. Логично е, би ни било многу тешко да бидеме среќни ако не сме благодарни за она што веќе го имаме.rnrn2. Негувајте го оптимизмот – Луѓето кои се победници по природа имаат способност самите да создаваат оптимизам. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, ако сте успешна личност, ќе најдете начин да воведете оптимизам во неа. Оптимистите знаат дека неуспехот е само можност да се научи ново искуство во животот. Луѓето кои размислуваат оптимистички, го гледаат светот како место полно со можности.rnrn3. Избегнувајте споредби со други Споредувањето со други луѓе може да биде отровно за вас. Кога се споредуваме со луѓе на кои им оди полошо одошто нам, добиваме супериорно чувство кое го вади Канје Вест од дното на нашата внатрешност. Кога пак ни оди полошо одошто на некој друг, споредбата прави да го потценуваме трудот кој сме го вложиле и прогресот кој сме го имале. Во секој случај, споредбата со други луѓе скоро секогаш е нездрава работа, па ако веќе некогаш сакате да се споредувате, споредете се со постара верзија од себеси.rnrn4. Практикувајте акти на добрина – Кога правите добрина, во вашиот мозок се ослободува серотин (супстанца со огромни здравствени придобивки, меѓу кои и ефектот на блажено чувство). Несебичното помагање на другите е супермоќно оружје за раѓање на добри чувства. Ваквите акти се со двојна добивка бидејќи не само вие, туку и оние кои го гледаат тоа ќе се чувствуваат подобро. Набљудувачите ќе ослободуваат серотин само гледајќи што се случува. Па и работата на анти-депресивните лекарства се состои токму во тоа да ослободуваат повеќе серотин во мозокот.rnrn5. Негувајте ги социјалните врски – Најсреќните луѓе на светот се оние кои имаат длабоки, значајни врски со други луѓе. Дури и студиите покажуваат дека стапката на смртност е двојно поголема кај осамените луѓе. Има некое топло чувство кое не облева кога имаме активен круг од пријатели со кои можеме да ги споделува искуствата во животот. Така се чувствуваме како дел од нешто што има  подлабока смисла од нашето самостојно постоење.rnrn6. Развијте стратегија за совладување на работите – Како реагирате во моментите кога нешто неочекувано ќе ви ја уништи тековната активност? Ваквите реакции го обликуваат вашиот карактер, а лошите моменти секако се случуваат во сечиј живот. Затоа, добро е да имате спремни тактики за реагирање, кои ќе ги вадите од ракав во дадената ситуација.rnrn7. Научете да опростувате – Негувањето чувство на омраза е лошо по вашето здравје. Вашиот мозок не прави разлика помеѓу сегашните и минатите емоции. Кога мразите некого, вие постојано мислите на тоа, па овие негативни емоции го подјадуваат вашиот имун систем.rnrn8. Стремете се кон фокусирани активности – Постои состојба во која имате чувство дека времето мирува. Тоа се случува во оние моменти кога сте толку многу фокусирани што се соединувате со задачата на која работите. Активноста и свесноста се спојуваат. Не ви се јаде, не ви се спие, не сте емотивни. Само сте комплетно ангажирани во активноста која ја правите. Ништо не ви попречува, ниту ве одвлекува од вашиот фокус.rnrn9. Вкусете ја среќата во животот – Не можете да почувствувате длабока среќа доколку не го забавите темпото за да уживате во неа. Лесно е да заборавиме да уживаме во животните искуства бидејќи толку многу нешта ни се случуваат секојдневно. Но, ако не ги цениме нештата, ги заробуваме моментите на нивната магија. Наједноставните нешта во животот може да бидат највредни, само доколку не забораваме целосно да ги искусуваме.rnrn10. Посветете се на вашите цели – Ако се посветите на нешто со целото срце, ќе постигнете резултати со неописливо голема моќ. Посветувајќи се да направиме нешто по секоја цена, правиме да се случуваат магични нешта. Кога сте целосно посветени да постигнете нешто, немате друг избор освен да го постигнете тоа. Ако немате опција, не можете да се премислите, па потсвесно станувате посреќни бидејќи си ја знаете својата улога во остварувањето на целта.rnrn11. Практикувајте духовни работи – Кога практикуваме духовни работи, сфаќаме дека животот е поголем од нас. Се откажуваме од идејата дека сме најмоќните суштества кои постојат. Тоа ни овозможува да се поврземе со изворот на она од каде што сè е произлезено и да ја прифатиме поврзаноста со сè што постои.rnrn12. Грижете се за вашето тело – Грижата за сопственото тело е од клучно значење за да бидете најсреќната личност што можете да бидете. Ако не поседувате физичка енергија, тоа негативно ќе се одразува на вашата ментална енергија (фокусот), вашата емоционална енергија (чувствата) и на вашата духовна енергија (целта). Некои студии покажуваат дека клинички депресивните луѓе кои континуирано вежбале, го подигнале нивото на сопствената среќа, исто како што тоа го прават медикаментите. Згора на тоа, по 6 месеци, овие луѓе покажувале многу помали шанси повторно да ѝ подлегнат на болеста бидејќи имале зголемено задоволство од самостојното постигнување и чувство на поголема вредност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.