Да се има големо срце може да биде подарок, но и проклетство. Вие сте љубезни со оние околу вас, особено со вашето семејство и пријателите. Позитивно размислувате и навистина уживате во животот. Но, има луѓе кои можат да го искористат вашето добро срце за свои злодела. За среќа, вашиот поглед кон животот и високата емоционална интелигенција го спречува тоа.rnrn
rnrnСпоред Psychology Today, луѓето со висока емоционална интелигенција се свесни за своите емоции и знаат да управуваат со нив. Контролата над емоциите е клучна за успешни и здрави релации со другите.rnrnЗа жал, не е секој емоционално интелигентен. Во продолжение прочитајте ги знаците кои покажуваат дека имате високо развиена емоционална интелигенција и големо срце.rn
1. Не се плашите да ги искажете своите емоции
rnКога чувствувате нешто во вашето срце, никогаш не го прикривате. Вие си дозволувате да се опуштите да му ја покажете на светот војната што се случува во вашата глава, раните на душата кои полека заздравуваат и болката во која се губите по неуспешната врска.rnrnЛуѓето ве предупредуваат дека сте премногу отворени, но сепак им дозволувате на сите да ги прочитаат зборовите кои произлегуваат од вас. Вие им овозможувате на луѓето да ве запознаат, да ги разберат вашите емоции и да се поврзат со вас на подлабоко ниво.rn
2. Имате кревко срце
rnВашето срце не е подготвено да биде освоено од секого. Вие тоа им го дозволувате само на луѓето кои ги сакате и малкуте пријатели во кои верувате. Никогаш не се двоумите да го ставите срцето во нивните дланки, бидејќи сте уверени дека е на безбедно место.rnrnНо, кога некој случајно ќе го испушти, целиот твој свет исчезнува. Повредени сте и тешко ви е да заздравите и продолжите понатаму. Тешко ви е да ги вратите скршените парчиња од срцето во целина.rn
3. Вие го цените искуството повеќе од материјалните нешта
rnПовеќе сте возбудени од можноста да искусите нови нешта отколку да стекнете нови материјални нешта. Знаете дека најдобрите чувства потекнуваат од добрите спомени, а не од од вашиот имот.rnrnЗа вас, вредноста не е дефинирана со тоа колку пари има некој во џебот, туку колку искуство има во неговото срце. И секогаш ќе бидете некој кој избира да го исполни срцето на другиот со радост.rn
4. Вие се вљубувате во карактерот на личноста
rnВие сте еден од оние луѓе кои веруваат дека физичките убавини исчезнуваат, но внатрешната убавина живее вечно. Вие не сте импресионирани од нечиј убав изглед.rnrnОна што прави забрзување на работата на вашето срце е кога некој на нежен начин постапува со луѓето, кога зборовите кои ги кажува се искрени и личноста е посветена на своите страсти во животот.rn
5. Вие сте љубезни
rnПомагањето на другите луѓе ви дава чувство на исполнетост. Секогаш се обидувате да му го разубавите денот некому со вашата најслатка, најголема насмевка. Вие одвојувате време да се дружите со луѓето кои се чувствуваат осамено.rnrnВие им пренесувате на луѓето позитивна енергија и самодоверба кога ќе забележите дека минуваат низ тежок период. Сакате да им помогнете да се чувствуваат подобро затоа што знаете како е да ги надминувате проблемите во животот без поддршка од никого.rn
6. Се грижите за светот
rnПосакувате да бидете доволно моќни да направите промена. Посакувате да имате влијание да ги замолите луѓето да им помогнат на оние кои се во темнина во моментов. Посакувате да направите нешто затоа што ви е тешко да спиете мирно во текот на ноќта, знаејќи дека некои луѓе на оваа планета немаат удобни кревети за да ги одморат нивните уморни души.rn
7. Ја сакате уметноста
rnВашето срце се стоплува секогаш кога наидувате на нешто што е креативно направено. Вие сте инспирирани и полни со енергија од уметниците кои имаат незапирлива страст за она што го прават. Имате чувство на припадност кога сте со нив затоа кај вас постои нешто што тие лесно можат да разберат и да се поврзат.rn
8. Сакате да се приврзувате кон места
rnМоже да се заљубите во одредено место веднаш штом вашата нога стапне на него. Вие веќе ја чувствувате магијата во моментот кога го вдишувате воздухот што ве опкружува, веќе се чувствувате како дома дури и кога сè уште не сте распакувани.rnrnПрисуството во поинаква средина ве возбудува и ви помага да обновите сè што сте научиле во животот досега.rn
9. Вие сте емотивно осетливи
rnПонекогаш луѓето не сфаќаат како врз вас влијаат нивните зборови и постапки. Понекогаш забораваат дека вам ви е тешко да ги избришете сите спомени кои сте ги создавале заедно со нив.rnrnТолку многу вложувате во врските со луѓето, така што кога ќе ве остават навистина ви е тешко да започнете самостојно сè од почеток. Тешко ви е да продолжите да живеете знаејќи дека тие не се повеќе дел од вашиот свет.rn
10. Ги забележувате најмалите детали
rnПронаоѓате среќа во чувствата кои ви ги предизвикуваат доцните попладневни сончеви зраци на вашата кожа, кога ги гледате децата кои посегнуваат по раката на нивните родители, кога слушате како некој упатува нежни зборови кон својата вистинска љубов.rnrnЗабележувате ситни важни нешта што другите луѓе не успеваат да ги видат, тоа е така бидејќи вие сте тип на човек кој сака да направи пауза и да одвои време да вреднува сè околу себе. Светот не успева да ве изненади секогаш.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека вашите негативни емоции не се проблем што треба да го решите.