КАФЕ ПАУЗА

Tag: депресија

  • Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

    Дали гените се причината за настанувањето на менталните болести?

    Една од најголемите невистини во врска со развојот на една личност, е верувањето дека нашиот карактер зависи 100% од нашите гени. И покрај тоа што гените имаат улога во развојот на личноста, сепак факторите на коишто сме подложни во нашата животната средина, се најважното нешто коешто го оформува и дефинира карактерот.rnrnДали гените се причината за настанувањето на менталните болести?rnrnВерувањето дека вие не можете да бидете подобра верзија од себеси, под изговор дека „немате добри гени“ или затоа што чувствувате дека не можете да го подобрите вашето однесување затоа што гените би ве ограничиле во остварувањето на таа цел, е сосема погрешен начин на размислување. По пат на учење како правилно да се справуваме со надворешните влијанија на коишто сме изложени во текот на целиот живот, ние можеме да го обликуваме нашиот карактер, на начинот на којшто посакуваме.rn

    Поврзаноста меѓу нарушувањата на личноста и гените

    rnНекои луѓе одат толку далеку со овие лажни убедувања, верувајќи дека тие имаат недостаток од самодоверба зашто што немаат такви гени или пак сметаат дека се чувствуваат инфериорно зошто им недостига некој конкретен ген. Доколку и вие сте дел од таа група луѓе, имаме добри вести за вас: сите овие верувања, се само митови со коишто на некој начин сте се здобиле, во текот на животот. Едноставно, разните животни искуства низ коишто поминуваме во текот на нашите животи, може да бидат главната причина којашто стои зад нашиот недостаток на самодоверба и чувството на пониска вредност во однос на останатите.rnrnВажно е да запомните дека никој од нас не се родил инфериорен или без самодоверба. Гените немаат никаква поврзаност со овие состојби. Ситуациите со коишто сте се соочиле во животот, довеле до тоа да се чувствувате сега така. Токму поради тоа, проблемите од овој тип, честопати се нарекуваат „нарушувања на личноста“. Нормалната, вообичаена состојба на умот е чувството на самодоверба, а не обратното сценарио.rn

    Генетските тенденции и проблемите со идентитетот

    rnДоколку читате психолошка литература, тогаш сигурно досега сте се сретнале со терминот „генетска тенденција“. И покрај тоа што многу луѓе имаат генетска предиспозиција да развијат одредени психолошки растројства, тие никогаш не би страдале од нив, доколку подобро управуваат со животните проблеми.rnrnДали сте знаеле дека повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот, од различна возраст страдаат од депресија? За жал, многумина имаат тенденција да се депримираат, кога се соочени со пролонгиран стрес. Меѓутоа, тука е важно да се потенцира дека доколку некои од овие луѓе научат како подобро да се справуваат со стресот, тие нема да завршат во депресија, дури и ако имаат генетска тенденција за психолошки нарушувања.rnrnДали гените се причината за настанувањето на менталните болести?rnrnДруги луѓе пак, ја носат оваа проблематика на уште поразлично ниво и доаѓаат до заклучоци дека депресијата е предизвикана исклучиво од генетиката и поради тоа, тие секогаш препорачуваат медикаменти за луѓето коишто страдаат од ова растројство, без да понудат никакви други можни солуции.rnrnСигурни сме дека и вие, исто како и јас, сте ја слушнале реченицата „Јас сум биполарен/на“ повеќе од еднаш во животот, без разлика дали било кажано како шега или не. Луѓето коишто кажуваат вакви работи, не мислат дека имаат некое конкретно ментално нарушување, туку тие веруваат дека нивниот идентитет и нарушување, се едно исто. Овие луѓе не велат дека се депресивни, туку биполарни, небаре го поврзале ова растројство со самите себеси и со нивната личност.rnrnМногу луѓе исто така, веруваат дека срамежливоста е карактерна особина, но и покрај тоа што одредени истражувања ја поврзуваат срамежливоста со генетиката, сепак голем број фактори треба да се земат во целина, за да се појави срамежливост кај една личност.rn

    Не ја обвинувајте генетиката за психолошките проблеми

    rnНемојте да бидете плен на овие митови и не го блокирајте вашиот личен развој поради ваквото ограничено верување. По пат на игнорирање на вашите моментални карактерни особини, вие секогаш ќе можете да се подобрувате себеси во секоја смисла на зборот и да станете среќна личност.rnrnСè што треба да направите за да дојдете до таа состојба на умот, е да донесете одлука, а потоа да направите сè што знаете и умеете, за да ја претворите ваквата одлука во план којшто страсно ќе го спроведувате. Дури тогаш, самите ќе ги забележите позитивните резултати кои ќе произлезат од таквото однесување.rnrnМоже да ве интересира и Која е најголемата причина за појава на депресија ширум светот?

  • Предупредувачки знаци што покажуваат дека вашата депресија можеби се враќа

    Предупредувачки знаци што покажуваат дека вашата депресија можеби се враќа

    Депресијата се разликува од тагата и осаменоста. Додека секој од нас одвреме-навреме се чувствува тажно поради одредени настани и околности во животот, доколку тагата и очајот траат подолго од две недели, можно е да станува збор за клиничка депресија.rnrnПредупредувачки знаци што покажуваат дека вашата депресија можеби се враќаrnrnНекои луѓе искусуваат сериозна депресивна епизода еднаш во нивниот живот, но за некои депресијата е хронична и може постојано да се враќа.rn

    „Депресивните епизоди можат да станат поинтензивни со секое враќање и можат да станат хронична дистимија (постојана блага депресија). Во некои случаи може да се создаде и отпор кон третманот“, објаснил психијатарот Кери Бермриџ.

    rnПоради ова важно е да бидете свесни за знаците кои покажуваат дека можеби вашата депресија се враќа.rn

    1. Се иритирате и под стрес сте

    rnОбично кога сте смирени и центрирани лесно можете да се справите со стресни ситуации. Но, кога се чувствувате депресивно станувате посклони кон стрес и иритација. Ако забележите дека губите контрола и во мали инциденти, можеби сте во депресивна фаза.rn

    2. Се изолирате

    rnМалку осаменост и време за себе може да му годи секому. Но ако сте почнале да се изолирате на подолг период, можеби станува збор за враќање на вашата депресија. Кога сте депресивни, немате енергија да бидете опкружени со луѓе и да разговарате. Исто така не сакате другите да го забележат вашето нерасположение, па се криете од светот.rn

    3. Постојано сте уморни

    rnКај луѓето со депресија и рутинските активности, како станувањето од кревет, туширањето, па дури и јадењето, можат да бидат вистински предизвик. Ако се чувствувате премногу уморно или слабо да ги завршувате секојдневните обврски, голема е веројатноста вашата депресија да се враќа.rn

    4. Губите интерес за хобија и активности

    rnНашиот вкус се менува, па сосема нормално е да се откажете од едно хоби и да го замените со друго. Но ако сметате дека повеќе ништо не ве возбудува и ништо не ви го привлекува вниманието, можно е повторно да започнува вашата депресивна фаза.rn

    5. Многу спиете

    rnКога сте во депресија не сакате да се соочите со светот. Поголемиот дел од времето го минувате спиејќи или само лежејќи во креветот. Навистина ви е тешко да станете од кревет и не можете да ги одредите вашите приоритети, а немате ни енергија за тоа.rn

    6. Болки во телото

    rnНашите тело и ум се поврзани. Ако не обрнувате доволно внимание на вашите чувства и емоции, тие ќе почнат да ви го привлекуваат вниманието преку физичка болка. Ако постојано страдате од главоболка, болка во стомакот или во кој било дел од телото која не е предизвикана од некаква болест, можно е ова да биде знак за враќање на вашата депресија.rn

    7. Престанувате да се грижите за себе

    rnКога сте во депресија се чувствувате толку истрошено што понекогаш не можете да се грижите за личната хигиена. Дури и миењето заби и туширањето можат да бидат навистина тешки. Можете да бидете и најорганизираната личност на светот, но кога ќе се појави депресијата не можете да ги измиете ни садовите. Ако сте забележале дека не се грижите за вашето здравје и за личната хигиена, можеби вашата депресија се враќа.rn

    8. Ненадејни промени во тежината

    rnНенадејните промени во вашиот апетит и телесната тежина можат да бидат знак за депресија. Луѓето во депресија често одат до крајности – или јадат премногу или јадат премалку. Доколку забележите промена во тежината која не е резултат на диета или друга болест, можеби влегувате во уште една депресивна фаза.rn

    9. Намалени фокус и продуктивност

    rnКога сте депресивни не можете да се фокусирате на вашата работа или на која било друга задача. Можеби испуштате крајни рокови или го трошите времето на безначајни активности, како бескрајно листање на социјалните мрежи. Доколку го забележите ова, голема е веројатноста да сте во депресија.rn

    10. Пречесто критикување на сè околу вас

    rnКога сте премногу негативни и критикувате сè, можеби страдате од депресија или премногу стрес. Кога сте во депресија го гледате животот низ темни леќи, ништо не може да ве мотивира, па постојано барате недостатоци кај сè и секого.rn

    11. Бескрајно одложувате

    rnКога сте во депресија немате енергија да ги завршите дури ни обврските коишто знаете дека се навистина важни. Постојано одложувате, а поради тоа се чувствувате виновно и не можете да излезете од тој циклус.rnrnАко сте забележале кој било од предупредувачките знаци, веднаш побарајте помош од пријател, член на семејството или професионалец. Депресијата е сериозна болест која треба да биде третирана.rnrnПонекогаш симптомите од депресија можат да бидат навистина суптилни. Затоа погледнете кои се знаците на депресија кои луѓето често не ги забележуваат.

  • Која е поврзаноста помеѓу депресијата и зависноста?

    Која е поврзаноста помеѓу депресијата и зависноста?

    Кога станува збор за депресија и зависност, едно нешто е сигурно – постои силна врска помеѓу двете. Покрај тоа јасно е дека луѓето со депресија често земаат лекови на своја рака. Исто така познато е дека и зависноста може да предизвика депресија. Она што не е познато е зошто многу луѓе кои се справуваат со зависност претходно биле депресивни.rnrnКоја е поврзаноста помеѓу депресијата и зависноста?rnrnМногу случаи со депресија остануваат без дијагноза. Па ако зависникот покажува знаци на депресија, навистина е тешко да се одреди дали таа се појавила пред или после проблемот со зависност.rn

    Кога депресијата предизвикува зависност?

    rnПознато е дека некои дроги и алкохолот функционираат на сличен начин како лековите за депресија. На пример уличната дрога кетамин е препишана за депресија. Луѓето често користат антидепресиви за централниот нервен систем за да ја намалат анксиозноста и опиоиди за да ги намалат симптомите на депресија. Кога лекот или дрогата предизвикува убаво чувство, привремено се ослободувате од депресивните мисли и чувства. За жал, ова не го решава проблемот од корен. Колку повеќе се употребуваат дрогите, толку повеќе се потребни за справување и се зголемува ризикот од зависност. Зависноста може да предизвика или да ја влоши депресијата поради неколку причини.rn

    Кога зависноста предизвикува депресија?

    rnПостојат три начини на кои зависноста може да предизвика депресија. Прво зависноста може да направи вистински хаос во нечиј живот. Со текот на време таа му станува приоритет на корисникот. Работата, семејството и врските страдаат бидејќи личноста се обидува да ја задоволи само својата зависност. Како што нештата тргнуваат на лошо, разбирливо е што се појавува депресијата.rnrnПостојат и две биолошки причини што објаснуваат зошто зависниците развиваат депресија. Причината е што дрогите и алкохолот вештачки го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Бидејќи ова чувство не се доживува по природен пат, зависникот се потпира на вештачкиот извор за допамин. Како што мозокот се навикнува на вештачкиот допамин, се намалува лачењето на природниот. Со текот на времето единствените позитивни сензации доаѓаат од дрогата и алкохолот.rnrnВтората биолошка причина е лекувањето зависноста од дрога или алкохол. Не секој се справува со лекувањето на ист начин, но депресијата е многу чест симптом. Таа се појавува откако физичките симптоми на повлекување, како гадење, повраќање и халуцинации се намалуваат. Во овој период мозокот не лачи доволно допамин и серотонин кои влијаат на расположението.rn

    Лекување на депресијата и зависноста

    rnОколу 18% од возрасните имаат ментално нарушување, а речиси половина од нив се справуваат и со некаква зависност. Постои силна поврзаност помеѓу двете, па важно е да се истакне проблемот.rnrnАко познавате некој кој страда од депресија, охрабрете го да побара помош. Лекувањето на своја рака може само да го влоши проблемот. Ако некој што го познавате е во депресија и се справува со зависност, вклучете се. Можете да започнете со обичен разговор за проблемот. Ова можеби нема да биде решение, но е чекор во вистинската насока. Депресијата и зависноста се опасни проблеми кои не се решаваат самите од себе. Вклучете се кога можете и обидете се да им помогнете на саканите.rnrnДознајте и која е разликата помеѓу стресот и депресијата.

  • Како емоционалното запоставување во детството предизвикува депресија подоцна во животот?

    Како емоционалното запоставување во детството предизвикува депресија подоцна во животот?

    Вашите емоции се најдлабокиот личен биолошки дел од вас. Тие се вашиот најголем извор на сила и способност за справување. Многу луѓе минуваат децении од животот целосно несвесни дека нешто им недостасува. Можеби забележуваат дека другите имаат поисполнет живот и можеби чувствуваат дека нешто не е во ред.rnrnКако емоционалното запоставување во детството предизвикува депресија подоцна во животот?rnrnНо тие се интелигентни и компетентни, па сè е во ред. Го прават она што се очекува од нив и го овозможуваат она што е потребно. Не се свесни дека се поранливи на животните предизвици за разлика од другите луѓе.rnrnОва се случува сè додека не им се промени работното место, нивното дете има сериозен проблем или не почине некој што им е драг. Можеби имаат проблеми во бракот, или некој ги одбил. Без разлика која е причината, се случило нешто што ги тргнало од нивниот пат.rnrnТогаш почнуваат да се мачат и чувствуваат дека можеби нивниот проблем отишол предалеку и откриваат дека се во депресија. Се прашуваат зошто им е толку тешко, како завршиле овде и зошто не можат да бидат поотпорни.rnrnМожеби ако добивале доволно емоционално внимание во детството би имале пристап до нивните емоции на начин што им е од помош. Можеби ако нивните родители забележале што чувствувале како деца, и самите ќе можеле да го прават тоа.rnrnРастењето во дом каде што на чувствата не им се придава големо значење има лошо влијание на детето во развој. Поради ова детето е посклоно кон депресија во текот на животот и засекогаш ќе се обвинува самото.rnrnАко сте пораснале во семејство без емоционална поддршка од родителите, најверојатно сте го правеле она што го прават сите деца – автоматски сте ги потиснувале вашите емоции. Ова можеби функционирало во текот на детството, но сега кога сте возрасни потребен ви е здрав пристап до вашите емоции. Ова запоставување предизвикува депресија кај возрасните на неколку начини.rn

    1. Вашите емоции се потиснати

    rnБидејќи сте ги потиснувале емоциите како дете за да се справите со животот во домот од детството, сега ви недостасува пристап до богат, мотивирачки и стимулирачки систем.rn

    2. Сте го испуштиле емоционалниот тренинг

    rnВие сте пораснале во зона без емоции. Никој не ве научил како да ги идентификувате, искажете или како да се справите со вашите емоции.rn

    3. Се чувствувате како да сте сами на светот

    rnКога никој не забележува што чувствувате како дете и кога не постои одговор на вашите емоции, вие учите дека не можете да се потпрете на другите.rn

    4. Го насочувате гневот кон вас

    rnГневот може да биде навистина корисна емоција, но само ако знаете како да го користите. Вашиот гнев не бил прифаќан кога сте биле дете и ако не ве научиле како да го користите, постои ризик да го свртите кон вас.rn

    5. Чувствувате срам

    rnБидејќи вашите емоции биле запоставувани, пораката што ја носат тие или не е важна или е лоша па чувствувате срам. Но, не можете да живеете без емоции.rnrnЗа среќа, кога ќе ги дознаете и разберете ефектите на емоционалната запоставеност во детството, можете сами да се справите со проблемот. На овој начин не само што ќе ја намалите склоноста кон депресија, туку ќе подобрите многу делови од вашиот живот.rn

    1. Почнете да работите на проблемот

    rnМожете да го срушите ѕидот зад кој сте ги криеле вашите емоции во детството. Ќе почнете да чувствувате разновидни емоции. Ќе научите да го користите гневот на здрав начин. Ќе ги научите емоционалните вештини што сте ги испуштиле.rn

    2. Прифатете дека чувствата ви се пријатели

    rnВашите емоции се извор на живост и богатство. Без нив живеете во сив свет без боите што ги искусуваат другите. Кога ќе ги „вратите“ вашите емоции и кога ќе научите да ги користите, ќе се поврзете и одново ќе се родите.rn

    3. Побарајте помош

    rnВие сте научени сами да се справувате со сè. Но потребно е да се отворите кон светот. Колку повеќе луѓе има покрај вас, толку помалку осамено ќе се чувствувате.rnrnПрочитајте нешто повеќе за знаците на депресија што не треба да ги игнорирате.

  • Млада мајка ја покажа страната на депресијата што не ја гледаме

    Млада мајка ја покажа страната на депресијата што не ја гледаме

    Изминативе денови една 25-годишна мајка ги разбранува социјалните мрежи кога ги нагласи аспектите од депресијата за кои ретко се зборува. На 30-ти јуни, Британи Ернспергер направила многу искрена објава за нејзината депресија и за тоа како таа не ѝ дозволува да се грижи за себе и да ги заврши и најобичните обврски во домот.rnrnМлада мајка ја покажа страната на депресијата што не ја гледамеrn

    „Еве како изгледа депресијата. Не. Не мислам на измиените садови. Туку тоа што воопшто има толку садови. Тоа што поминаа 2 недели без да ги измијам. Пред 3 дена седев на подот во кујната и ги гледав додека плачев. Знаев дека треба да се измијат. Колку многу сакав да ги измијам. Но, депресијата ме повлече надолу. Ме вшмука. Како црна дупка. Поминував покрај нив наутро и навечер и по цел ден. И само ги гледав. Си кажував дека можам да ги измијам. Си кажував дека ќе го направам тоа. Се чувствував победено секој пат кога не успевав да ги измијам. Правејќи ја депресијата уште полоша бидејќи неизвршувањето на некоја обврска е неуспех. Безвредна. Неуспешна. Некомпетентна. Глупава. Мрзлива. Сите овие нешта минуваат нив главата на некој со депресија. Цел ден. На тоа додајте и анксиозност и имате вистинска гозба. Да се плашите дека ќе ве остави сопругот бидејќи мисли дека сте мрзливи. Да ви е страв да ги пуштите луѓето во вашиот дом бидејќи ќе помислат дека сте валкани. Да се чувствувате како да ги изневерувате вашите деца бидејќи 3 ноќи по ред нема чисти садови за готвење. Па, повторно пица. И најлошиот дел е што не се само садовите. Облека, чистење, облекување, туширање, миење заби, нормални секојдневни задачи. Сè ова станува кошмар. Многу тешка задача. Понекогаш не се завршува ништо.“

    rnБритани споделила и неколку зборови за поддршка за луѓето кои имаат проблеми со нивното ментално здравје.rn

    „Депресијата е нешто за коешто ‘силните’ луѓе не зборуваат бидејќи не сакаат другите да мислат дека се ‘слаби’. Не сте слаби. Сте биле силни доволно долго и сте поминале низ многу што на вашето тело му е потребен одмор. Не ми е грижа ако единственото нешто што сум го направил денес е нанесување антиперспирант. Се гордеам на тоа. Одлично. Јас сум на ваша страна.“

    rnДосега, објавата на Британи е споделена над 200.000 пати.rnrnПрочитајте и кои работи ги прават луѓето кои ја маскираат нивната депресија.

  • Психолог издвојува 4 моќни причини зошто треба да одберете живот наместо смрт

    Психолог издвојува 4 моќни причини зошто треба да одберете живот наместо смрт

    На неодамнешно предавање психологот Џордан Питерсон прочитал сериозно прашање од анонимен слушател: Планирам наскоро да си го одземам животот. Зошто да не го направам тоа?rn

    „Не знам дали да одговорам, но ќе се обидам бидејќи е многу сериозно“, изјавил Џордан.

    rnТој го одговорил прашањето и изнел 4 важни причини зошто прашувачот треба да продолжи со неговиов живот.rnrn4 причини зошто да не извршите самоубиство според еден психологrn

    1. Ќе ги уништите луѓето што ве сакаат

    rnСо самоубиството ќе влијаете многу повеќе одошто мислите, особено на вашите најблиски.rn

    „Размислете како секој што го знаете би реагирал на вашата смрт. Семејството, пријателите, каков би бил нивниот живот ако ве нема вас? Можеби целосно ќе ги уништите и никогаш нема да бидат истите. Не можете да го заборавите самоубиството на некого. Заглавени сте со тоа. Што ако се обвинуваат самите? Можеби ќе го поминат целиот живот обвинувајќи се не само за која било смрт, туку за смртта на личност што многу ја сакаат. Имав пациенти кои никогаш не заздравија од самоубиството на член од семејството. Децении подоцна сè уште се мачеа со тоа. Кога му ставате крај на вашиот живот, можеби ставате крај и на нечиј друг. Едноставно ја пренесувате вашата болка на сите што ги сакате.“

    rn

    2. Си должите себеси и на семејството да ја разгледате секоја можна алтернатива

    rnВтората причина е тоа што веројатно ги немате разгледано сите решенија на вашите проблеми. Замислете да си го одземете животот, а решението да ве чекало веднаш зад аголот.rn

    „Постојат секакви третмани за депресија. Истражете ја секоја можност пред да го преземете последниот чекор. Истражете сè што може да ве крене на нозе. Разговарајте со психијатар, психолог, пробајте антидепресиви, бидете зафатени, посвојте милениче. Пробајте буквално што било. За некои луѓе антидепресивите се решение, за некои не. Но сигурно се подобар избор од самоубиството.“

    rn

    3. Немојте да ја потценувате вашата вредност

    rnТретата причина е тоа што ќе го сопрете целиот ваш потенцијал.rn

    „Имате вредност и не можете да ставите крај на тоа. Луѓето со депресија често имаат проблем да најдат значење во нивниот живот. Мислат дека никој не ги сака и дека никому не се потребни. Ова речиси никогаш не е вистина. Не потценувајте ја вашата вредност. Само затоа што не го гледате вашиот потенцијал, не значи дека тој не постои. Секој може да даде нешто, дури и ако не знае за тоа. Можете да извршите самоубиство и утре. Денес имате работа. Денес светот има потреба од вас, дури и ако вие немате потреба од него.“

    rn

    4. Не бидете сигурни дека тоа е ваш живот за одземање

    rnМожеби вашиот живот не ви припаѓа вам.rn

    „Не се поседувате себеси како што поседувате некој предмет. Ако сте религиозни можеби вашиот живот ѝ припаѓа на некој поголема сила. Ако не сте религиозни можеби животот им припаѓа на вашите сакани или на некоја поголема цел. Имате морална обврска кон себе. “

    rnПодоцна Чед, личноста што го поставила прашањето, му се обратил на докторот на Твитер:rn

    „Здраво, доктор Пиерсон. Ова е Чед. Го прочитавте моето сериозно прашање на предавањето вечерва. Сакам да ви кажам дека можеби ме насочивте на друг пат. Веројатно ќе одам во болница утре вечер. Ви благодарам.“

    rnМногу луѓе се сомневаат во интегритетот на доктор Питерсон. Сепак, тој покажал голема храброст одговарајќи го прашањето. Тој му дал надеж на еден маж истакнувајќи 4 причини зошто да го одбере животот наместо самоубиството. Ако се соочувате со сличен проблем, имајте на ум дека не сте сами. Разговарајте со семејството, со пријателите или со терапевт. Секогаш има некој кој ќе сака да ви помогне.rnrnПогледнете неколку начини за справување со самоубиствените мисли.

  • Како да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?

    Како да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?

    Депресијата може да го отежни дури и станувањето од кревет. Постојат денови кога чувството на тага е толку силно што веќе не знаете како да се справите. Депресијата е ужасна и вистински предизвик е да го поминете денот, но постојат неколку начини на кои можете да си помогнете кога сè ви изгледа безнадежно.rnrnКако да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?rn

    1. Станете од креветот

    rnОва изгледа очигледно, но за многу луѓе и станувањето од кревет е невозможно кога се во депресија. Желбата да останете подалеку од светот е речиси неодолива кога сте депресивни. Па ако сте заробени во креветот, станете уште веднаш! Преземете и драстични мерки ако има потреба од тоа. Некои луѓе го тргаат душекот од нивниот кревет, некои редат книги врз него, некои ја тргаат постелнината. Направете сè што е потребно за да не се вратите назад во креветот.rn

    2. Вежбајте

    rnНајдобриот начин да се мотивирате кога сте депресивни е да излезете и да вежбате. Вежбањето го поттикнува производството на ендорфини кои не само што ќе ви го подобрат расположението, туку ќе ви ја дадат и потребната енергија за денот. Ако успеете да излезете и да бидете активни надвор, придобивките се зголемуваат.rn

    3. Смејте се

    rnКога се депресивни, луѓето настојуваат да се изолираат. Интеракцијата со други им е навистина тешка. Токму затоа треба да го правите спротивното. Замислете си, можете да го поминете целиот ден во кревет, да тагувате и да губите надеж. Или пак, можете да ги поканите најдобрите пријатели кои сигурно ќе ви го подобрат расположението. Дајте сè од себе за да се насмеете. Ако навистина не можете да бидете со луѓе, пуштете си некоја комедија.rn

    4. Направете едно мало нешто во коешто уживате

    rnКога сте во депресија не можете да правите ништо, а тоа само ја влошува вашата состојба. Штом ќе успеете да станете од креветот и малку да се активирате физички, направете само уште едно нешто. Одберете некоја активност што навистина ја сакате. Одете на кафе, средете ја собата, слушајте музика, одете во шопинг… Што и да е што ви причинува задоволство.rn

    5. Бидете добри кон себе

    rnВо депресија сте и се чувствувате навистина лошо. Но, немојте да си судите поради тоа. Немојте да мислите дека сте ужасна личност бидејќи се чувствувате така. Немојте да мислите дека сте губитник бидејќи тагата ве спречила во нешто. Важно е да ја спознаете депресијата и да ви стане јасно дека мора да ја победите. Многу луѓе страдаат од ова нарушување и тоа не е знак на слабост. Всушност, луѓето со депресија се многу посилни од другите бидејќи се соочиле со потежок живот. Бидете добри кон себе. Имајте на ум дека депресијата ќе помине и дека повторно ќе бидете личноста којашто сте. Не заборавајте да се грижите за себе.rnrnПрочитајте и за овие терапии против депресија за кои сигурно не сте слушнале.

  • Интересно истражување: Безвремен музички хит што помага при борбата со депресија

    Интересно истражување: Безвремен музички хит што помага при борбата со депресија

    Научниците дошле до интересни податоци дека музиката и пеењето го забрзува развојот на мозочните функции и им помага во борбата против депресијата, особено кај децата. Тие докажале дека музиката влијае на развојот на мозокот што е задолжен за обработка на звукот, говорот и вештини за читање, како и при развојот на креативноста.rnrnrnrnОд друга страна пак, со музичка терапија можат ефикасно да се излечат и голем број ментални нарушувања. Научниците утврдиле дека личностите што имаат шизофренија многу лесно можат да се вклопат во друштво доколку покрај медикаментите користат и музичка терапија. Музиката е и одличен начин да се намали депресијата и да се справи со хроничните болки.rnrnПеењето исто така им помага на луѓето да се почувствуваат ослободено, а со самото тоа и да се испразнат од негативностите и стресот што го насобрале во организмот. Токму затоа и не плашете се да пеете кога и да добиете желба за песна, дури и ако немате добар глас и музички талент.rnrnШто се однесува до самите песни, едно истражување неодамна дошло до заклучок дека постојат одредени музички дела што успешно влијаат на различни видови психолошки нарушувања така што го подобруваат расположението и ја ублажуваат депресијата. Но, сигурни сме дека никогаш не би ни помислиле дека токму оваа песна се нашла на првото место! Сакате да најдете добар лек за депресија? Едноставно притиснете плеј!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=55&v=fJ9rUzIMcZQrnrnСлушнете ги и овие 10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле!

  • 11 здравствени ризици поврзани со мигрените

    11 здравствени ризици поврзани со мигрените

    Медицината сè уште ја нема дефинирано точната причина за настанување на мигрените, но она што се знае е дека постои цел спектар на фактори што може да ја предизвикаат или да ја влошат состојбата. Исто така, мигрената е често поврзана со многу заболувања, кои можат да настанат како последица, како што се депресијата, астмата или кардиоваскуларните здравствени проблеми.rnrn11 здравствени ризици поврзани со мигренитеrnrnОд мигрена страдаат 18% од жените и околу 6% од мажите и истата често е проследена со гадење, пречувствителност на светлина, звуци или мириси, вртоглавица, па дури и целосна физичка неспособност на личноста. Има многу причини и истите варираат кај различни лица – кај некои причинител може да биде храна или мирис, додека кај други промените во крвниот притисок или лошиот сон. Поради тоа, оваа состојба не се лечи исто кај сите.rnrnОна што е заедничко за луѓето со мигрени е дека се склони кон одредени болести и здравствени нарушувања кои можат да ги добијат подоцна во животот. Затоа, обрнете внимание на интервалите во кои добивате мигрена, но и дали препознавате некој од следниве симптоми:rn

    1. Депресивност

    rnРетките мигрени двојно го зголемуваат ризикот за депресија во однос на оние кои никогаш немале ваков тип главоболка. Кај хроничната мигрена, пак, ризикот е четири пати поголем. Луѓето може да станат депресивни поради болката, но важи и обратното, дека депресивните расположенија може да предизвикаат епизоди на мигрена. Според докторите, овие две нарушувања одат едно со друго во голем број случаи и кое било од нив може да се појави прво.rnrnДоказ за ова тврдење е и фактот дека некои антидепресиви успешно се користат во лечењето на мигрените, затоа што влијаат на хемиската активност на мозокот.rn

    2. Анксиозност

    rnОколу половина од лицата кои страдаат од мигрени, покажуваат и знаци на анксиозност. Слично како и кај депресијата, мигрената и анксиозноста одат „рака под рака“ во голем број случаи. При ваква клиничка слика, двете состојби се третираат одделно, но има и случаи кога со некои лекови може успешно да се контролираат и анксиозноста и мигрената.rn

    3. Мозочен удар

    rnКај лицата кои долго време во животот страдале од мигрена со аура, можно е подоцна да се случи да имаат мозочен удар. Мигрената со аура двојно го зголемува ризикот за зголемен притисок, создавање на тромбови во телото и мозочни удари. Во оваа ситуација жените се помалку ризичната група. Сепак, иако е евидентирана поврзаноста, мозочните удари како последица на мигрена се доста ретки.rnrn11 здравствени ризици поврзани со мигренитеrn

    4. Епилепсија

    rnИ двете заболувања се нарушувања на работата на мозокот и за нив важи истото што и за анксиозноста и депресијата. Мигрената го зголемува ризикот за епилептични напади, но и епилепсијата ги зголемува појавите на мигренозни главоболки. Поради тоа што се нарушувања на ист систем, истите лекови може да се користат за контролирање на здравствената состојба.rn

    5. Срцеви заболувања

    rnСпоред медицински студии, лицата кои страдаат од мигрена се во групата со зголемен ризик за висок притисок, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, особено ако се работи за мигрена со аура. Затоа, важно е да се грижиме за здравјето, со помош на здрав животен стил и правилна исхрана.rn

    6. Астма

    rnИако едното е невролошко, а другото респираторно нарушување, овие две заболувања често „одат“ едно со друго. Предизвикувач во овој случај се воспаленијата кои настануваат во респираторниот и кардиоваскуларниот систем. Со редовно земање на терапијата за астма, се намалува ризикот од мигрена.rn

    7. Прекумерна тежина

    rnЗголемената телесна тежина може да ја влоши веќе постоечката состојба со мигрените или пак да предизвика нивно појавување кај оние кои никогаш ги немале. Намалувањето на телесната тежина може да помогне, а треба да се избегнуваат црвеното вино, чоколадите, месните преработки и старите и зрели сирења.rnrn11 здравствени ризици поврзани со мигренитеrn

    8. Болки во другите делови од телото

    rnХронична болка во вратот, рамената и грбот може да биде предизвикувач на мигрена. Во овие случаи често се работи за генетска предиспозиција, но и може да биде последица на лековите што се земаат за да се третираат хроничните болки. Во овие ситуации често се препорачуваат и алтернативни третмани, како масажи и акупунктура.rn

    9. Дигестивни проблеми

    rnЧесто се случува мигрената да биде проследена со зголемено лачење киселини во желудникот, гадење и повраќање. Исто така, дигестивните проблеми може да бидат причина за појавата на епизоди на мигрена. Постојат и медицински сознанија дека деца на мајки кои страдаат од мигрена имаат зголемен ризик за бебешки грчеви.rn

    10. Синдром на вознемирени нозе

    rnДоколку често имате потреба да ги мрдате нозете, да ги тресете, па дури и откако ќе си легнете на спиење, тоа може да биде поврзано со мигрените или пак да биде знак дека можеби подоцна ќе имате мигрена. Постојат и одредени медицински случаи кои покажале поврзаност меѓу мигрените и Паркинсоновата болест.rn

    11. Привремена парализа на лицето

    rnСимптомите потсетуваат на мозочен удар, но причината не е иста. Оние кои страдале од привремена парализа на лицето, најчесто само на едната страна, претходно имале хронична мигрена која траела со денови, а некогаш и недели. Според медицинските сознанија, мигрените двојно го зголемуваат ризикот за парализа на нервите на лицето.rnrnДали знаевте дека и врзувањето на косата во коњско опавче може да предизвика главоболка?

  • 5 работи за депресијата кои никој нема да ви ги каже

    5 работи за депресијата кои никој нема да ви ги каже

    Денес милиони луѓе во светот страдаат од депресија. Ако спаѓате овде, голема е веројатноста да сте примале терапија во форма на лекови обидувајќи се да се справите со очајот, безнадежноста и недостатокот од енергија. Понекогаш причината за оваа болест не е толку очигледна. Можеби сте помислиле дека лековите не се доволни и сакате подлабоко да навлезете во проблемот, да го откриете неговиот корен. Во продолжение погледнете ги 5-те нешта кои никој нема да ви ги каже за депресијата.rnrn5 работи за депресијата кои никој нема да ви ги кажеrn

    1. Депресијата не е само едно нешто

    rnСите сакаме брзо и едноставно решение на нашите проблеми. Компаниите за лекови ги поедноставуваат нештата покажувајќи ни слики од точки кои пловат помеѓу нервните клетки, а кога земаме антидепресиви има повеќе од нив. Поедноставувањето им помага да продадат повеќе лекови , но тоа не е секогаш од помош. Депресијата е комплицирана. Потребен е специфичен пристап за секоја индивидуа, па еден лек не може да им помогне на сите.rn

    2. Депресијата вклучува поврзување или недостаток од поврзување со луѓе

    rnЗа некои најдобриот начин да ги ублажат симптомите на депресија е давање помош. Кога им помагаме на другите се чувствуваме подобро и светот ни изгледа како подобро место. Исто важно е и вие да побарате помош. Навистина е повеќе лесно да се каже отколку да се направи, но сигурно ќе се чувствувате подобро.rn

    3. Депресијата може да биде нормална реакција на живеење во свет без рамнотежа

    rnДепресијата можеби е болест на мозокот во смисла што сè во нашите животи е поврзано со она што ни се случува во мозокот. Но, таа е многу повеќе од тоа. На многу луѓе им е јасно дека живееме во свет без рамнотежа. Ја загреваме планетата, пребрзо ги трошиме ресурсите, ги загадуваме водата и воздухот, убиваме цели животински видови, го засилуваме конфликтот помеѓу мажите и жените и државите, сиромаштијата станува сè почеста и има огромна разлика во богатството. Пиењето лекови нема да ги реши овие проблеми.rn

    4. Депресијата има корења во некоја рана семејна траума

    rnЕдно истражување кое започнало во 1996-та година го поврзува стресот од детството со болестите во подоцнежниот живот. Оттогаш над 1.500 истражувања ги потврдиле овие резултати. Овде спаѓаат сексуалната злоупотреба и физичкото малтретирање, но и многу ситуации кои се сметаат за нормални, како растење со разделени родители, живеење со родител алкохоличар или родител кој ве понижувал. Луѓето кои искусиле 4 од овие категории имале двојно поголеми шанси да бидат дијагностицирани со рак или депресија.rn

    5. Депресијата може да биде предизвикана од подлабока рана

    rnМилиони мажи и жени пораснале во дом во кој таткото бил оддалечен, отсутен или нефункционален. Многу често не му придаваме значење на минатото, го даваме најдоброто од себе, растеме и продолжуваме со животот. Но поради ова не ја гледаме поврзаноста помеѓу раните од детството и проблемите во животот понатаму.rnrnПогледнете и кои се знаците на депресија кои луѓето често не ги забележуваат.