КАФЕ ПАУЗА

Tag: дебелеење

  • Откријте колку калории на ден му се доволни на вашето тело

    Откријте колку калории на ден му се доволни на вашето тело

    Ако добро размислите, слабеењето не е толку тешка работа. Па, понекогаш дури ни дебелеењето. Сè што треба да направите е да внесувате помалку калории отколку што ви требаат со цел да ја намалите телесната тежина или пак, спротивното доколку сакате да ја зголемите вашата тежина. Но, колку калории на ден ви се навистина потребни?rnrnОткријте колку калории на ден му се доволни на вашето телоrnrnСо помош на Харис-Бенедиктовата формула можете многу лесно да го пресметате тоа…rn

    Формула за жени

    rn447,593 + (9,247 x телесната тежина во килограми) + (3,098 x висината во сантиметри) – (4,330 x годините)rn

    Формула за мажи

    rn88,362 + (13,397 x телесната тежина во килограми) + (4,799 x висината во сантиметри) – (5,677 x годините)rnrnОткако ќе го добиете вашиот резултат, помножете го со коефициентот на активност со цел да добиете конечен број на потребните калории кои треба да ги внесувате во текот на еден ден…rn

      rn011

    • Никаква активност: x 1,2
    • rn011

    • Мала активност:x 1,375
    • rn011

    • Умерена активност: x 1,55
    • rn011

    • Голема активност: x 1,725
    • rn011

    • Секојдневна активност: x 1,9
    • rn

    rnВерувале или не, оваа формула е откриена уште во далечната 1919 година, но и ден-денес функционира беспрекорно, секако, доколку ги внесете реалните податоци.

  • Како одредени луѓе влијаат врз телесната тежина на жените?

    Како одредени луѓе влијаат врз телесната тежина на жените?

    Можеби не сте знаеле, ама овие 4 видови луѓе можат да придонесат при покачувањето на вашата телесна тежина. Познато е дека луѓето повеќе јадат кога се опкружени со блиски личности, но тоа не значи дека истото мора да се случи и со вас. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои блиските можат да влијаат врз вашата тежина и како да се справите со тоа…rnrnКако одредени луѓе влијаат врз телесната тежина на жените?rn

    1. Вашиот партнер

    rnАко вашиот партнер има вишок килограми, постојат дури 37% шанса дека и вие ќе ја покачите вашата телесна тежина. Особено ако живеете заедно. Доколку сакате да го избегнете тоа, а вашиот партнер не е подготвен за нов режим на исхрана, тогаш мора да воспоставите правила во однос на храната. Одделете ги оние работи кои се ваши од оние на партнерот и придржувајте се само до тоа што вие самите сте си одредиле да го јадете во текот на денот.rn

    2. Вашите деца

    rnЖените со деца дневно консумираат и до 400 калории повеќе од оние кои немаат деца. Но, добрата организација може да ви помогне да им одолеете на овие несакани калории во текот на еден ден. На пример, кога вашето дете ќе побара чоколадо или чипс, не посегнувајте и вие по истите овие задоволства. Наместо нив, земете нешто поздраво, како бадеми и јогурт.rn

    3. Вашата најдобра пријателка

    rnАко вашата најдобра пријателка е со прекумерна телесна тежина, тогаш постојат и до 57% можност и вие да качите некое кило повеќе. Токму затоа обидете се да ги избегнувате рестораните за брза храна додека сте заедно и договарајте се почесто да одите некаде каде што има здрава храна. На овој начин не само што ќе ја задржите вашата тежина, туку ќе ѝ помогнете и на вашата пријателка да почне да се исхранува поздраво.rn

    4. Вашите колеги

    rnЗаедничкиот ручек за време на пауза е одличен начин за зближување со колегите, но тој може да биде опасен за вашата линија. Истражувањата покажале дека кога сме опколени со поголема група на луѓе, односно над 7 души, тогаш можеме да изедеме и до 96% повеќе од вообичаено. Токму затоа кога сте со колегите на ручек, фокусирајте се на оној дел од менито кое вклучува здрава храна…

  • 5 најчести грешки во кујната поради кои се дебелееме

    5 најчести грешки во кујната поради кои се дебелееме

    Начинот на кој ја подготвуваме и конзумираме храната може да биде честа причина за накачување на килограмите или отежнување на процесот на слабеење. Но, за среќа, грешките кои ги правиме во кујната може да се поправат со здрави алтернативи кои ќе ги отстранат вишокот килограми.rnrn5-najchesti-greshki-vo-kujnata-poradi-koi-se-debeleeme-kafepauza.mkrn

    1. Погрешно користење на маслото

    rnМногу видови масло не се прилагодени за високи температури односно немаат висока точка на чадење (температурата на која маслото може да се загрева без да чади) поради што доаѓа до уништување на сите хранливи состојки и создавање на супстанци кои се лоши за здравјето. Најдобро е за пржење да користите масло од маслена репка и палмино масло, додека маслиновото е одлично за свежи салати или за додавање на самиот крај од готвењето на јадењата.rn

    2. Лоша проценка на порциите

    rnКога ја сервираме храната во чинии обично порциите ги дефинираме од око, што е и те како погрешно за нашата линија. За контролирање на големината на порциите ќе ви помогне следниот совет: во чинијата ставете половина од количината која мислите дека можете да ја изедете, ако не сте сити, додадете уште неколку залаци.rn

    3. Доследност во следење на рецептите

    rnДоколку доследно ги почитувате количините и состојките во рецептите за подготовка на разни јадења, се лишите од можноста да ги направите поздрави и помалку калорични. Така, ако рецептот ви вели да употребите 240 мл слатка павлака, вие можете да ставите половина од таа количина, а остатокот да го надоместите со пире од авокадо. Таквата промена значително ќе ја намали масленоста и калориите на приготвеното јадење, а воопшто нема да влијае на неговата текстура и вкус.rn

    4. Каснување на од јадењето во текот на подготовката

    rnСѐ додека се работи за гриз од убавиот крај на краставицата или парче од доматот со кој подготвувате салата, оправдано е. Но, ако пробувате од јадењето на шпоретот во неколку наврати, натопувате леб во манџата која се крчка или јадете од сварените тестенини додека го приготвувате сосот, тоа само ви додава дополнителни калории. За да не ве фаќа стрв од храната околу која се вртите во кујната, практикувајте да испиете чаша вода кога сте во кујната, а ако веќе каснувате по некое залче додека готвите, ставете толку залчиња помалку потоа во чинијата кога сѐ ќе биде готово.rn

    5. Избегнување нови свежи зачини

    rnСолта, шеќерот и маслото се најкористените засилувачи на вкусот кои ги додаваме во скоро секое јадење не размислувајќи како количините влијаат на калориите кои на тој начин ги добива јадењето. Наместо стандардните зачини, обидете се да користите свежи или суви билки со интензивен мирис и интересен вкус кои ќе го збогатат секое јадење, а вашата линија ќе ја држат под контрола. Има многу такви зачини, некои од нив се: циметот, биберот, ѓумбирот, семето од синап, лутиот буковец, босилекот и др.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?

    Што се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?

    Месната преработена храна како виршлите, колбасите и саламите има многу калории, масти и сол. Со редовно конзумирање, по неколку пати неделно, го доведувате организмот до ризик од дебелеење, дијабетес, срцеви болести и рак.rnrnСигурно многупати сте чуле дека сувомесните производи не се добри за вас, но веројатно целата вистина за тоа колку се всушност нездрави не сте ја знаеле досега. Месната преработена храна ги опфаќа сите месни производи кои го поминале процесот на солење и хемиска обработка со кои се продолжува нивниот рок на траење. Еве ги ризиците од нив.rnrnШто се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?rn

    1. Дебелеење

    rnСувомесните производи се полни со сол, калории и масти. Премногу сол во вашето тело доведува до задржување на водата и надуеност. Уште повеќе сол и масти внесувате ако ги јадете овие производи во сендвич со многу сирење, мајонез и слични додатоци.rnrnУште еден проблем со месните производи е што со внесувањето на сол и масти ви се забавува системот за варење што ве прави потроми, па наместо да се позанимавате со физичка активност, ви доаѓа да си поспиете.rn

    2. Срцеви болести

    rnЗнаете ли колкав товар за вашиот организам претставува кога ќе изедете една виршла или некое друго преработено месо? Добивате трипати поголема количина сол отколку кога ќе изедете сендвич со печено пилешко месо. Солта внесена во преголеми количини во организмот е опасна бидејќи тоа ги ослабува крвните садови, а тоа доведува до срцеви болести.rnrnВашето тело не може да преработи толкава количина сол. Задржувањето на водата заради внесената сол го зголемува протокот на крвта и тука доаѓаме до проблемот – што поголем проток на крв, толку вашето срце мора да испраќа повеќе крв до вашите артерии – заради што тие многу се оптоваруваат.rn

    3. Дијабетес

    rnИстражувањата покажуваат знаци на опасност во нитритите кои се содржани во месните производи. Имено, според експертите за дијабетес, нитритите го намалуваат излачувањето на инсулин и негативно влијаат на нивото на глукоза во крвта. Според едно недамнешно истражување на Харвард, само една порција со преработено месо на ден (2 парчиња салама или една виршла), го зголемува ризикот од појава на дијабетес за 29%.rn

    4. Рак

    rnШведските научници откриле дека помеѓу оние кои јадат месни производи е зголемен ризикот на рак на желудникот. Долгогодишна студија спроведена на Хаваи покажала дека оние кои најмногу јаделе преработено месо имале за 67% поголем ризик за рак на панкреасот во однос на оние кои јаделе ретко или никогаш.rnДоколку сакате да продолжите да јадете месни производи, препораката од стручњаците е да не го правите тоа повеќе од еднаш неделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здравствени митови и вистини поврзани со празниците

    Здравствени митови и вистини поврзани со празниците

    За новогодишните и божиќните празници се врзани голем број митови, па проверете кои се вистинити, а кои не. Еве од кои работи треба да се пазите, а кои не треба да ве загрижуваат.rnrnЗдравствени митови и вистини поврзани со празницитеrn

    Дебелеење

    rnТочно. Многу луѓе качуваат по некој килограм за време на празниците. Но, тоа не е толку многу како што најчесто се мисли. Едно ново истражување покажало дека во текот на овој период, качуваме нешто помалку од килограм, но дури и ако не се менува бројката на килограми на вагата, се зголемува процентот на масно ткиво во телото. Значи, внимавајте што јадете во текот на празниците, но не очајувајте премногу заради јадењето доцна навечер.rnrnПовеќе истражувања покажале дека јадењето во доцните часови не е директно поврзано со зголемениот број килограми. Меѓутоа ако јадете повеќе од три пати дневно или го прескокнувате појадокот, тоа може да доведе до зголемување на тежината.rn

    Расте бројот на самоубиства

    rnНеточно. Стапката на самоубиства во декември е најниска во однос на останатите месеци во годината, според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција од болести.rnrn„Луѓето всушност имаат поголема емоционална и социјална поддршка во овој период од годината, а намален е и бројот на посети на психијатар. Повеќе самоубиства има за време на летните месеци.“ – вели докторката Рејчел Вримен.rn

    Зголемена е опасноста од пожари

    rnТочно. Ова особено се однесува на оние луѓе кои со сијалички го украсуваат надворешниот дел од домот или некои високи дрва во дворот. Доколку го правите ова морате да бидете максимално внимателни. Пожарите се најзастапени за време на месец декември, а најчест предизвикувач се неисправните сијалички и свеќите околу дрвата. Затоа проверете дали ги имате изгасено сите пред да си легнете.rn

    Мамурлакот може да се излечи

    rnНеточно. Досега се појавиле безброј трикови кои можат да ви помогнат да се ослободите од мамурлакот, меѓутоа сите тие се неточни. Мамурлакот можете да го избегнете само ако не испиете преголема количина на алкохол.rnrnСепак, постојат некои аминокиселини кои се наоѓаат во јајцата и кои можат да му помогнат на телото да ги исфрли токсините кои доаѓаат од алкохолот, но нема сигурна гаранција дека тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро.rn

    Зголемен ризик од срцев удар

    rnТочно. Срцевите удари се почести во зимно време отколку во лето, делумно затоа што ладното време може да го зголеми крвниот притисок. Најмногу треба да се пази во периодот околу Нова година, бидејќи при крајот на јануари и почетокот на февруари, опасноста се намалува.rnrnТака, доколку имате проблеми со срцето, внимавајте на правилната исхрана, вежбајте, спијте доволно и избегнувајте стрес. Опасност претставува и храната со висок процент на масти и сол.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

    Како здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?

    Можете да најдете стотици диети, совети и трикови за намалување на тежината и навистина, додека поголем дел од луѓето се борат со вишок килограми, не се посветува доволно внимание на оние кои го имаат спротивниот проблем.rnrnДоколку сметате дека ви недостигаат неколку килограми за поздрав и поубав изглед, следете некои од овие совети и постигнете ја вашата цел на здрав начин.rnrnКако здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?rn

    Јадете почесто

    rnОва правило важи и за оние кои сакаат да изгубат на тежина, но разликата е во изборот на намирници. Иако послабите можат да си дозволат калорични грицки, сепак не е се во бројот на калории, туку и во паметниот избор. Храната која ја јадете треба да биде комбинација од протеини, скроб, зеленчук и масти.rnrnКонзумирајте леб направен од целозрнести житарки, тестенини, млечни производи со ниска масленост, посни извори на протеини, јаткасти плодови, семиња, овошје и зеленчук.rnrnКако здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?rn

    Протеински шејкови

    rnПротеините го хранат мускулот и ќе ви помогнат тежината која сакате да ја покачите да се „складира“ на вистинските места. Без разлика дали ќе подготвите некои од илјадниците рецепти кои можете да ги пронајдете на Интернет или пак ќе се решите за готова формула, шејкот може да биде одличен начин да ја контролирате телесната тежина. Како состојки користете немасно млеко, свежи сокови и мелено ленено семе.rnrnПијте течности 30 минути пред и по оброците, не за време на јадењето за да не се заситувате прерано. Дополнително, ако имате проблеми со апетитот, пробајте со кратки прошетки пред времето за јадење или со лесно овошно смуди кое ќе ви го „раскопа“ желудникот.rnrnКако здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?rn

    Вежбајте

    rnСите ги знаеме придобивките од редовното вежбање, но за оние кои сакаат на здрав начин да покачат тежина, овој дел е особено важен. Освен што ќе ви помогне да го оформите телото на вистинскиот начин, редовното вежбање ќе ви отвори и апетит. Покачете ја мускулната маса и без проблем ќе го добиете телото кое го посакувате.rnrnЈадете високопротеински чоколатца или пијте протеински шејкови веднаш по вежбањето за да ги нахраните мускулите. Исто така, доколку вежбате, добро е да косзумирате висококалорични и високопротеински шејкови пред спиење.rn

    Калорични ужини и додатоци

    rnИако најголем дел од обичните смртници мора постојано да внимаваат на калоричните ужини, вие слободно можете да го избегнете ова правило. Ставете екстра сос во цезар салатата, изрендајте сирење над помфритот – има многу вкусни комбинации кои можете да си ги дозволите.rnrnКако здраво да ги покачите килограмите доколку сте премногу слаби?rnrnИсто така, за ужина грицкајте јаткасти плодови, консумирајте путер од кикирики, сушено овошје и авокадо и комбинирајте ги овие продукти со друга храна. Сепак, дури и кога сакате да ги покачите килограмите, треба да бидете внимателни со внесувањето на шеќери и да избирате здрави слатки задоволства.rnrnАко немате проблеми со холестеролот, можете да уживате во полномасни млечни производи. Наместо вода, пијте сокови, во салатите, супите и манџите додавајте маслиново масло, а како замена за некои од оброците пијте калорични смудиња.rn

    Додатоци во исхраната

    rnНеправилната исхрана ја нарушува благосостојбата на организмот, па особено е важно да го надополните недостатокот од витамини и минерали. На пазарот постојат безброј видови додатоци во исхраната, па во консултација со вашиот доктор можете да ги изберете вистинските за вас. Доколку имате проблеми со апетитот, ова може да биде едноставно решение.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто среќните парови се подебели?

    Зошто среќните парови се подебели?

    Среќниот брак предизвикува зголемување на тежината, а задоволството во љубовта има негативен ефект на физичкиот изглед, покажува истражувањето на Универзитетот во Далас, каде следеле брачни парови, 4 години откако се земале.rnrnЗошто среќните парови се подебели?rnrnПричината поради која среќата е поврзана со зголемувањето на тежината ја пронаоѓаат во опуштањето т.е. фактот што брачните партнери се чувствуваат сакано и не водат грижа дали со физичкиот изглед ќе го задржат партнерот.rnrnВо среќните бракови дебелеењето не настанува нагло, туку со текот на времето, додека во нестабилните врски партнерите не покажуваат тенденција да ја зголемуваат телесната тежина.rn
    rn

    „Заљубените младенци се дебелеат бидејќи не посветуваат внимание на својот физички изглед, додека оние кои размислуваат за раскинување, сакаат да изгледаат фит за потоа полесно да можат да пронајдат нов партнер“ – вели Андреа Мелцер, која го има правено ова истражување.

    rnИсто така, таа додава дека иако ваквото опуштање во врската докажува самодоверба и верба во врската, сепак може да има негативни здравствени последици, поради зголемениот ризик од дијабетес и срцеви болести, кои се тесно поврзани со дебелеењето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто најмногу се дебелееме на стомакот?

    Зошто најмногу се дебелееме на стомакот?

    Дали некогаш сте се запрашале зошто сè што јадете ви се лепи на стомакот? Прочитајте ги следниве неколку причини зошто тоа се случува и на што да внимавате во иднина.rnrnЗошто најмногу се дебелееме на стомакот?rn

    Брашно

    rn„Пивскиот стомак“ најчесто не е последица само на пивото, туку на сите житарки. Луѓето кои имаат тенденција да јадат многу производи од брашно, кои пак содржат висок гликемиски индекс, се склони кон дебелеење токму на стомакот. Тоа е така, бидејќи денешните житарки, дури и интегралните, се хибриди кои содржат дури и до 10 пати повеќе глутен, за разлика од житарките пред 50 години.rn

    Стрес

    rnСтресот во голема мера влијае врз хормоните. Жлездата која лачи кортизол е истата која го содава адреналинот. Кортизолот е последица на хроничен стрес, може да се акумулира, правејќи хормонална нерамнотежа и да придонесе за собирање на салото околу стомакот.rnrnЖените кои имаат неурамнотежен естроген, премногу или премалку, исто така можат да страдаат од таложење на масти околу стомакот. Кај машките, неурамнотежениот тестостерон е штетен за нивната добра линија. Стресот и тоа како влијае врз овие хормони.rn

    Утеха во храната

    rnАко стресните ситуации ги ублажувате тешејќи се со храна која е полна со рафиниран шеќер, едноставни јаглехидрати и лоши масти, тогаш очекувајте дека ќе ви се зголеми стомакот. Обидете се да најдете поинаков начин за ослободување од стресот. Најдобар начин за тоа е спортувањето.rn

    Несоница

    rnКвалитетниот сон е многу важен чекор за рамен стомак. Пожелно е да спиете непрекинато по 8 часа дневно. Доколку спиете немирно или тешко ви е да спиете, пијте кафе само наутро. Пробајте да се опуштите пред спиење со малку музика или добро филмче и погрижете се во собата да биде потполен мрак и да не биде претопло.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Секојдневието на кучињата се состои од играње, пешачење, трчање, спиење и јадење. Но, сакајќи постојано нешто да грицкаат помеѓу забите, и кучињата исто како и луѓето, можат да се здебелат од консумирање нездрава храна и да станат тромави и мрзливи. Доколку сакате да се погрижите вашето куче повторно да има добра линија, прочитајте како да му помогнете да ги стопи вишокот масти, со помош на здрава диета.

    rn

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    rnrn

    Дали вашето куче е дебело?

    rnАко не сте сигурни дали е вашето куче полно или има таква природна конструкција, прво посоветувајте се со ветеринар, да видите што тој мисли. Ако и тој утврди прекумерна тежина, тогаш време е да преземете нешто. На кучињата кои имаат нормална телесна тежина, мешето не треба да им виси повеќе од градниот кош кога ќе го погледнете во профил. Исто така грбот не треба да му биде многу обемен.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Измерете му ги килограмите на вага

    rnПред да го стартувате здравиот режим на живот на вашето куче, кренете го внимателно во раце и качете се на вага. Потоа едноставно, одземете ја вашата телесна тежина и ќе ја добиете неговата маса. Проверете која е идеалната тежина за расата на вашето куче, според табелата направена од американското здружение за спречување на здебелувањето на животните.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Не му давајте да јаде од вашата храна

    rnПрвата работа која треба да ја направите за да ја ставите под контрола тежината на вашето куче, е да престанете да му давате храна за луѓе. Миленичето можеби на почетокот ќе биде вознемирено, ќе ви се лути, а можеби и ќе ве моли со тажниот поглед во очи, да му фрлите некое мевце под трпезата. Но, доколку сакате да му помогнете со проблемот со килограмите, тогаш не треба да му попуштате. Човечката храна многу лесно се таложи на кучињата. Можеби си мислите „ако јас ја јадам, зошто да не може и моето куче?“, но неговото тело не е исто како вашето и нему не му е потребна вашата храна, си има своја.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Избегнувајте да му давате да грицка помеѓу оброци

    rnДиетата за вашето куче не мора да биде многу строга. Откако ќе престанете да му давате од вашата храна, внимавајте да не му давате многу често да грицка меѓу оброците. Почекајте да видите дали ќе има некаква промена во неговите килограми. Вие ќе можете и понатаму да го почестите зашто на пример, дента многу послушно реагирало на вашите наредби, а притоа да не внесува непотребни калории. Дајте му здрави грицки како морков или целер. Не сте сигурни дали вашето куче ќе сака да јаде морков? Обидете се, можеби ќе се изненадите од неговата реакција.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко и понатаму е доста полно вашето кутре, тогаш ќе мора да ја намалите количината на кучешка храна која му ја давате, но за ова е подобро прво да се посоветувате со неговиот ветеринар, за да не дозволите тоа да прегладнува.rn

    Избегнувајте ја диеталната кучешка храна

    rnНе користете диетална кучешка храна за поедноставно да го решите овој проблем. Основните хранливи состојки се отстранети од оваа храна, за да се намали нејзината калоричност. Проблемот се состои во тоа што, основните масти се неопходни за вашето мило животинче да има здрава кожа, убаво крзно и високо енергетско ниво. Ако сепак решите да му давате диетална храна, правете го тоа постепено, а не одеднаш. Првите денови мешајте му ја со регуларната храна која ја јаде.rn

    Носете го секојдневно на прошетка во паркот

    rnТерајте го вашето куче повеќе да вежба за да ја намали неговата тежина. Секако, тоа не значи дека треба да го носите вашето куче на едночасовна прошетка, доколку тоа досега било навикнато на 15 минути движење на ден. Исто како и кај луѓето, и на вашето куче му е потребно прво да стекне малку кондиција, за да не се исцрпува и да нема болки во телото. Постепено, од ден на ден, покачувајте ги минутите наменети за прошетка и трчање. Така, ако тоа е навикнато на 15 минути спортување дневно, тогаш покачете го ова време на 20-25 минути на ден. После една недела покачете го уште за 5-10 минути и така секоја седмица.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Терајте го да трча кога ќе му фрлите играчка

    rnВо продавниците за миленичиња, ќе најдете разнообразни играчки за кучиња. Сите играчки кои се лесно преносливи, се одлични за неговата диета. Користете топчиња, фризби, плишани играчки или некоја друга ваша омилена играчка. Фрлете ја во тревата еднаш, два пати, пет пати, сè додека вашето кученце не се растрча малку.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Шетајте го по трева и песок, а не по асфалт

    rnСекогаш земајте ја предвид површината по која вашето куче пешачи. Оние кучиња кои секогаш пешачат по тротоари и асфалтни површини, ги абат нивните зглобови и шепи. Пешачењето по трева и песок е добро за неговите зглобови, а зелената околина ментално ќе ја стимулира неговата љубопитност и ќе го направи потолерантно за подолго движење.rn

    Вежбајте го вашето куче наутро

    rnАко го терате вашето куче да вежба рано наутро, пред да јаде појадок, ефектите ќе бидат многу поголеми отколку ако вежба поручек или навечер. Однесете го на прошетка во зеленило рано наутро што ќе му овозможи да согорува калории во текот на целиот ден, дури и кога ќе одмора. Доколку ова го практикувате секој ден и вие паралелно ќе одржувате здрава линија на вашето тело.rn

    Стимулирајте го психички

    rnУпотребувајте мили зборови и погалете го вашето куче пред, за време и по вежбањето, за тоа да знае дека ја прави вистинската работа и ги исполнува вашите желби. Колку и да ве сака кучето, ако му претставува тешкотија да вежба, ќе треба повеќе да се потрудите со менталната стимулација.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко вашето куче има здравствени проблеми, слушајте ги исклучиво советите од ветеринарот. Доколку тоа е сосема здраво, а има проблем само со тежината и сакате да создадете здрави навики во неговото, а со тоа и во вашето секојдневие, тогаш правилно следејќи ги овие освети, очекувајте резултати за неколку месеци. Идеално е вашето куче, на неделно ниво да губи од 1-2% од телесната тежина.rnrnПрочитајте и како правилно да го чешлате вашето бушаво куче.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Ручекот е најглавниот оброк во денот кога се претпоставува дека целото семејство треба да е собрано и да ужива во оброкот. Но, некои од нас за време на ручекот не се дома заради работни или други обврски. Тогаш јадеме во ресторани и најчесто, не водиме грижа за тоа колку ќе изедеме. Разни студии покажале дека оние луѓе кои почесто јадат надвор во ресторани, внесуваат повеќе маснотии, сол и калории во организмот. Па така, ако не бидете внимателни со тоа што ќе го нарачете за јадење, таа невнимателност ќе резултира со пополнување на вашата половина.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrnСо овие неколку совети ќе научите како оброците што ги нарачувате може да бидат еднакво здрави како и домашно зготвената храна.rn

    1. Немојте да сте изгладнети

    rn

    Ако не појадувате или не земете некоја здрава ужина во времето до ручекот, тоа може да резултира со прејадување во ресторанот. Вие ќе бидете гладни и ќе сакате да нарачате сѐ што ќе ви изгледа примамливо од менито. Затоа, пред да ручате во ресторан, каснете некое овошје, бадеми, ореви или некој крекер.

    rnrn

    2. Не посегајте по лебот

    rnМногу ресторани служат парчиња леб или фурнаринки во кошница и го даваат заедно со салата или некое макало. Замолете го келнерот да го тргне од масата (освен ако некој колега не сака да го јаде, па понудете му го нему). Така, нема да паднете во искушение и трпеливо ќе чекате да пристигне нарачаното. Побарајте чаша вода и пијте сѐ додека не ви стигне главниот оброк.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    3. Внимателно разгледајте го менито

    rnКога келнерот ќе ви го донесе менито, не брзајте веднаш да му кажете што ќе нарачате. Прочитајте го секое јадење кое ви звучи примамливо, и најважно–прочитајте го начинот на кој се подготвува (дали се пржи, пече, вари…). Скенирајте ги оние оброци кои се подготвени на скара, на пареа, јадења кои се поширани, без тешки сосови. Секогаш има здрави опции во менито. Избегнете ги оние кои се пржени, сотирани или јадења на база на путер или млеко.rn

    4. Прашувајте

    rnНе се плашете да прашате како некое јадење е подготвено или да му кажете на келнерот како главниот готвач да ви го подготви јадењето кое сакате да го нарачате. На пример, наместо пржено пилешко, да биде динстано. Исто така, сосовите кои ќе ги нарачате консумирајте ги во многу мали количини, за да го почувствувате вистинскиот вкус на јадењето.rn

    5. Изберете помали порции

    rnРечиси во сите ресторани има мала, средна, голема и екстра голема порција (или фамилијарна). Разумни порции се малата и средната порција. Ако нарачате голема порција, не мора да изедете сѐ од неа. Побарајте да ви го спакуваат остатокот за дома. Така ќе имате еден вид самоконтрола за тоа колку јадете количински. Друг трик е наместо од одделот за главни оброци, да нарачате од одделот за предјадења. Така, ќе може да нарачате и салата или зеленчук настрана.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    6. Бидете отворени за различни кујни

    rnНе знаете што да нарачате ако сте во Кинески, Мексикански, Јапонски ресторан? Сите кујни имаат пржени јадења или јадења кои содржат многу калории. Еве како вашиот избор да биде поздрав:rn

      rn011

    • Кинески ресторан: Нарачајте сѐ што е готвено на пареа, зеленчуци, тофу, риба, пилешко со сос настрана.
    • rn011

    • Француски ресторан: Месо или морски плодови на брускети или на скара.
    • rn011

    • Индиски ресторан: Пилешко или морска храна, леќа, јадења со кари и басмати ориз.
    • rn011

    • Италијански ресторан: Паста примавера, мариниран мускул, шпагети со доматен сос, морски плодови на скара, пица со тенко тесто.
    • rn011

    • Јапонски ресторан: Суши, шашими, теријаки, јакитори, мисо супа.
    • rn

    rn

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    rn

    7. Не нарачувајте мезе

    rnАко нарачате разни мали мезиња заедно со главниот оброк, тоа ќе доведе несвесно да изедете повеќе одошто е потребно. Запомнете: На мозокот му се потребни 20 минути да добие сигнали за ситост, велат експертите. Затоа, не брзајте додека јадете – јадете полека и мирно.rn

    8. Не нарачувајте десерт веднаш

    rnПрво изедете го главното јадење, па дури потоа, размислувајте да нарачате десерт. Не се знае, може ќе бидете најадени и нема да сакате да јадете повеќе. Ако веќе нарачате, поделете го со колегата или пријателот. Така ќе заштедите и калории и пари.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.