КАФЕ ПАУЗА

Tag: дебелеење

  • Здравствени проблеми кои влијаат на вашата телесна тежина

    Здравствени проблеми кои влијаат на вашата телесна тежина

    Сигурно не се чувствувате убаво кога ја зголемувате вашата тежина, иако напорно работите за да ја намалите. Понекогаш, тоа воопшто не е ваша вина. Зголемувањето на тежината може да биде несакан ефект од многу здравствени проблеми кои не ни знаете дека ги имате. Погледнете за кои станува збор.rn

    1. Хипотироидизам

    rn(1)zdravstveni-problemi-koi-vlijaat-na-vashata-telesna-tezhina-kafepauza.mkrnrnВашата тироидна жлезда, и хормонот кој го произведува, го контролира метаболизмот. Но, кога имате намалено производство на тироиден хормон, вашиот метаболизам забавува. Ова нарушување, познато како хипотироидизам, често предизвикува замор и зголемување на телесната тежина. Овие симптоми се чести и кај нарушувања како депресија, па лекарите секогаш го проверуваат нивото на хормони. Иако нема лек за хипотироидизмот, вашиот лекар може да ви препише лекови кои ќе го одржуваат нивото на хормоните со цел вашиот метаболизам да се врати во нормална состојба.rn

    2. Полицистични јајници

    rn(2)zdravstveni-problemi-koi-vlijaat-na-vashata-telesna-tezhina-kafepauza.mkrnrnИ ова нарушување е поради нерамнотежа на хормоните. Симптомите се нередовни менструални циклуси, зголемување на машките хормони и цисти во јајниците. Многу жени со ова нарушување ја зголемуваат својата тежина, а ова ги влошува нивните симптоми. Ако имате нередовен менструален циклус и необјасниво зголемување на тежината, посетете го вашиот лекар.rn

    3. Гастроезофагеален рефлукс

    rnBusinessman has Heart AttackrnrnОваа болест ги опушта мускулите помеѓу желудникот и хранопроводот, така што содржината од желудникот може да се врати во хранопроводот. Иако самото нарушување не предизвикува покачување на тежината, некои од лековите кои ги ублажуваат симптомите може да се обвинат за тоа. Многу луѓе јадат повеќе за да ги намалат киселините кои се резултат од оваа болест, а ова сигурно ќе ја покачи вашата тежина.rn

    4. Нервозни црева

    rnMan Sitting On Bed And Feeling UnwellrnrnАко постојано се чувствувате подуено или имате болки во абдоменот, можеби имате нервозни црева. Ова нарушување не предизвикува физичка штета, но многу често е болно и непријатно. Симптомите не се секогаш присутни, а ова значи дека кога ги чувствувате симптомите јадете помалку, а кога ги нема јадете повеќе. Токму ова може да предизвика зголемување на тежината. Некои лекари препорачуваат да внесувате храна богата со хранливи влакна како и физичка активност. Исто така избегнувајте црвено месо и кофеин. Сепак, секој е различен и најдобро е да го посетите вашиот лекар.rn

    5. Гестациски дијабетес

    rn(5)zdravstveni-problemi-koi-vlijaat-na-vashata-telesna-tezhina-kafepauza.mkrnrnПовеќето од нас знаат за дијабетес тип 1 и тип 2. Но, има и трет тип – гестациски дијабетес. Жените кои го немаат ова нарушување, може да развијат гестациски дијабетес во 5-тиот или 6-тиот месец од бременоста. Во овој период вашето тело произведува доволно инсулин, но хормоните од плацентата ги блокираат неговите ефекти. Иако некои жени немаат никакви симптоми, други може да забележат значително зголемување на тежината, изразени глад и жед, и почесто уринирање. Добрите вести се што овој дијабетес обично исчезнува по раѓањето на детето.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 професии што можат да ве здебелат

    10 професии што можат да ве здебелат

    Најновите истражувања откриле дека професиите кои го зголемуваат нивото на стрес доведуваат и до вишок килограми. Во тој контекст, направена е листа од професии кои најмногу здебелуваат. Најверојатно ќе се изненадите од тоа кои работни места се вклучени во листата, но ако размислите подобро, ќе се согласите дека можеби има некоја вистина во сето ова. Прочитајте за кои професии станува збор…rn

    1. Туристички агент

    rn10 професии што можат да ве здебелатrnrnОвие луѓе даваат сѐ од себе за да ги исполнат потребите на секој муштерија, постојано планираат и организираат патувања. Туристичките агенти се под голем притисок и стрес, не само поради клиентите, туку и поради тоа што мора да остварат одреден профит. Освен тоа, поголемиот дел од работното време го поминуваат во седење.rn

    2. Адвокат

    rn10 професии што можат да ве здебелатrnrnСтресот и притисокот се секојдневна појава во оваа професија. Адвокатите најчесто јадат за да ја намалат анксиозноста, не ја контролираат големината на порциите и бројот на калории што ги внесуваат, па затоа постои голема веројатност да ја зголемат телесната тежина.rn

    3. Социјален работник

    rn10 професии што можат да ве здебелатrnrnИсто како и туристичките агенти, социјалните работници поминуваат многу часови во седење. Тие најчесто јадат на работната маса и немаат можност да вежбаат или да практикуваат други физички активности во текот на работната недела.rn

    4. Професор

    rn10 професии што можат да ве здебелатrnrnКога ќе го чуете зборот „професор“ која слика ви доаѓа прво на памет? Човек што седи позади катедра, се согласувате? Иако ова не важи за сите професори, некои од нив седат додека предаваат. Освен тоа, тие имаат и многу административни работи што треба да ги завршат седејќи како што се подготовките за час, оценувањето, бележењето присуство и слично.rn

    5. Уметник, дизајнер, архитект

    rn10 професии што можат да ве здебелатrnrnОвие професии одат рака под рака со флексибилното работно време и независната работа. Со оглед на тоа што овие луѓе зависат од нивната креативност и инспирација, не мора да се држат до некои строги распореди. Истото важи и за нивните оброци. Јадат кога сакаат, а најчесто работат во седечка положба.rnrnПродолжете на следната страница за да дознаете кои се останатите професии што дебелеат…rnrn

  • Научно докажани причини кои објаснуваат зошто постојано се дебелеете

    Научно докажани причини кои објаснуваат зошто постојано се дебелеете

    Повеќе од половина милијарда луѓе ширум светот имаат вишок килограми, но нашата телесна тежина е последица на многу фактори и не можеме секогаш да ја обвинуваме брзата храна. Доколку вежбате и внимавате на вашата исхрана, но сепак постојано се дебелеете, следниве неколку научно докажани причини можеби ќе ви ја откријат мистеријата и ќе ви помогнат да разберете зошто тоа се случува…rnrnНаучно докажани причини кои објаснуваат зошто постојано се дебелеетеrn

    Ги одбегнувате семејните ручеци и вечери

    rnИстражувањата покажале дека семејните оброци можат да ве заштитат од вишокот килограми. Собирањето за ручек или вечера со семејството нуди можност за емоционално поврзување помеѓу членовите од семејството што може да доведе до стекнување здрави навики за исхрана. Според резултатите од истражувањето, кај децата кои ручале со семејството најмалку три пати неделно постоела 24% поголема веројатност да јадат здрава храна од оние кои поретко ручале со нивните семејства.rn

    Година на раѓање

    rnДоколку сте родени по 1942 година, бидете внимателни. Истражувањата покажале дека дебелеењето во голема мера зависи од годината на раѓање. Кај луѓето кои имаат генетска мутација склона на дебелеење постои поголем ризик од вишок килограми ако се родиле по 1942 година.rn

    Класична музика во ресторани

    rnСпоред едно истражување, луѓето консумирале повеќе храна и кафе во ресторани со класична музика во позадина. Овој податок треба да го имате предвид ако сакате да ги намалите килограмите.rn

    Работење навечер

    rnЛуѓето се програмирани да спијат кога е темница и да јадат во текот на денот. Работењето навечер ќе ја зголеми вашата телесна тежина, бидејќи го нарушува психолошкиот циклус, а тоа доведува до целосно намалување на дневниот трошок на енергија. Ако работите навечер, решението е да јадете помалку за да го спречите дебелеењето.rn

    Не спиете доволно

    rnНаучно докажано е дека недостатокот на сон го зголемува вишокот килограми. Спиењето игра важна улога во здравиот метаболизам, па според тоа, кога не спиеме доволно, јадеме повеќе како еден вид на физиолошка адаптација за да останеме будни.rnrnНаучно докажани причини кои објаснуваат зошто постојано се дебелеетеrn

    Загадување на околината

    rnИзложувањето на одредени загадувачи на околината покажала зголемен ризик од дебелеење. Причината лежи во тоа што некои загадувачи се таложат во масното ткиво. Тие стигнуваат до телото преку храната богата со маснотии, како што се месото и масните риби.rn

    Гледање премногу телевизија

    rnДоколку поминувате повеќе од два часа дневно пред телевизор, ќе бидете изложени на 23% поголем ризик од вишок килограми. Спиењето пред телевизор исто така го зголемува ризикот. Според едно истражување, изложувањето на вештачка светлина навечер додека спиеме, го намалува нивото на мелатонин, хормон кој нѐ штити од метаболични нарушувања кои, пак, предизвикуваат дебелеење и дијабетес.rn

    Стрес, депресија, анксиозност

    rnЖените кои страдаат од посттрауматски стрес се здебелуваат побрзо од оние кои не поминуваат низ истата ситуација. Но, добрите вести се што со намалувањето на симптомите на ова нарушување, и ризикот од дебелеење исто така се намалува. Освен тоа, многу луѓе реагираат на стресот со тоа што јадат храна богата со маснотии и шеќери. Научното објаснување за оваа појава е тоа што овој вид храна влијае на центарот во мозокот одговорен за чувството на задоволство и утеха.rn

    Јадење храна со ниска масленост

    rnЕдно истражување покажало дека јадењето високо маслени млечни производи е поврзано со намален ризик од зголемување на телесната тежина, бидејќи тие многу побрзо заситуваат од производите без маснотии или со ниска масленост. Освен тоа, истражувањата покажале дека многу од производите кои се рекламираат како ниско маслени содржат повеќе калории од оние кои се сметаат за високо маслени.

  • 7 скриени причини поради кои се дебелеете

    7 скриени причини поради кои се дебелеете

    Внимавате на исхраната, постојано вежбате, но сепак вагата покажува некој килограм повеќе? Можеби и вие сте дел од луѓето кои, иако водат здрав живот и постојано се активни, сепак не можат да си објаснат зошто и како успеваат да се дебелеат. Но, не очајувајте. Пред да се откажете од сè и да се фрлите на мрсните и слатки оброци, размислете дали можеби има некоја скриена причина којашто ви ја зголемува телесната тежина. Ние ви нудиме седум можни причини, кои вообичаено предизвикуваат дебелеење.rnrn(0) 7 скриени причини поради кои се дебелеетеrn

    1. Јадете многу солена храна за вечера

    rnСетете се што јадевте вчера за вечера. Дали беше многу солена? Вишокот натриум ја задржува водата во организмот, поради што вагата може да покаже неколку килограми повеќе, а вие да се чувствувате подуено и непријатно. Во таков случај пијте вода, а доколку во неа исцедите и лимон, тогаш ефектот ќе биде уште подобар. Таквата состојба брзо проаѓа, но внимавајте вечерите да ги консумирате колку што е можно порано и да бидат со минимално количество на сол.rnrn(1) 7 скриени причини поради кои се дебелеетеrn

    2. Ретко одите во тоалет

    rnЧувствувате подуеност во стомакот? Сетете се кога последен пат сте биле во тоалет. Доколку имате проблем со вашата столица, внесувајте храна богата со влакна, особено овошје и зеленчук. Тоа ќе му помогне на метаболизмот да работи побрзо, а вие веднаш ќе ја забележите разликата.rn

    3. Не пиете доволно вода

    rnДоколку јадете храна (особено сува) со многу сол, а не пиете доволно количество вода, вашето тело веројатно ја задржува водата што ја има во себе за да компензира. Водата е исклучително важна за нашиот организам, не само за слабеење, туку и за здравјето и правилната работа на нашите органи. Во текот на целиот ден пијте вода и ќе забележите подобрување на вашето расположение и здравје, а килограмите ќе почнат полека да се топат.rnrn(2) 7 скриени причини поради кои се дебелеетеrn

    4. Често излегувате навечер

    rnСекако, држите диета и внимавате на исхраната, но истовремено излегувате речиси секоја вечер. Можеби, релаксирани во добро друштво, често знаете да се напиете по една – две чаши од омилениот алкохолен пијалак? Не заборавајте дека алкохолот е калоричен. Пијте умерено, не само заради тежината, туку и за вашето здравје и безбедност.rn

    5. Земате лекови

    rnЗголемената телесна тежина многу често може да биде и несакана последица од земањето на одредени лекови. Некои апчиња за контрацепција предизвикуваат задржување на водата во организмот, додека други лекарства отвораат поголем апетит, што е причина многу луѓе да јадат неконтролирано и да качуваат килограми. Доколку редовно пиете одредени апчиња и забележувате зголемување на вашата телесна тежина, консултирајте се со вашиот лекар.rn

    6. Не спиете доволно

    rnНедостигот на сон не само што прави да се чувствувате изморено и под поголем стрес, тоа може да предизвика и покачување на телесната тежина. Недостигот на сон влијае врз хормоните. Во вашиот организам се создава одреден „хаос“, а вие може да чувствувате глад. Наместо добро да се наспиете, мислите дека ви се јаде и сонот го заменувате со храна. Сонот е многу важен, затоа потрудете се да ги отспиете потребните осум часа.rnrn(3) 7 скриени причини поради кои се дебелеетеrn

    7. Често сте под стрес

    rnКога се наоѓате во некоја непријатна ситуација, кога чувствувате нервоза и притисок, може да забележите дека вашето тело задржува повеќе масти. Тоа е така затоа што телото во тие стресни ситуации го ослободува хормонот кортизол, којшто доведува до побрзо складирање на мастите во пределот на стомакот. Најдете начин да се смирите и покрај тоа што стресните ситуации не зависат секогаш од вас. Пијте зелен чај, медитирајте, спортувајте, слушајте ја омилената музика, читајте книги.

  • Какви се последиците од прекумерното консумирање јаткасти плодови?

    Какви се последиците од прекумерното консумирање јаткасти плодови?

    Јаткастите плодови се многу здрави, но само ако ги консумирате во умерени количини. Во спротивно може да имате несакани последици. Плодовите како што се оревите, бадемите и индиските ореви се навистина важен дел од исхраната, меѓутоа не се препорачува да ја надминете препорачаната дневна доза од овие плодови, која изнесува 50 до 100 грама.rnrnКакви се последиците од прекумерно консумирање јаткасти плодови?rnrnЕве што може да се случи доколку претерате со консумирањето на овие плодови.rn

    Дебелеење

    rnБројни научни студии покажале дека јаткастите плодови можат да помогнат при слабеењето. Но тоа се однесува на умереното консумирање, а во случај да се внесува повеќе од препорачаната дневна количина, може да дојде до спротивен ефект. Јаткастите плодови навистина се здрави, но истовремено и многу калорични, па внимавајте доколку не сакате да се здебелите.rn

    Проблеми со варењето

    rnАко после консумирањето на јаткастите плодови се чувствувате подуено, не сте единствени. Подуеноста најчесто е последица на танинот, материја која го отежнува варењето на храната. За да го избегнете тоа, едноставно придржувајте се до препорачаната дневна доза од овие вкусни намирници.rn

    Слабеење на ноктите и косата, воспаление на мускули, болки во зглобовите

    rnСите овие нешта се симптоми на труење од селен, до кое може да дојде како последица на консумирањето огромни количини јаткасти плодови. Иако оваа појава е многу ретка, сепак е уште една причина да го ограничите внесувањето на јаткастите плодови во прекумерни количини, поголеми од препорачаната дневна доза.

  • 20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

    Глумата и актерството не се толку лесни професии како што повеќето мислат. Ретко кога некој актер се појавува на филмскиот сет, ги одработува своите 8 часа и си оди дома. Големите улоги бараат и голема посветеност и големи психофизички подготовки. Но, и естетиката треба да се има предвид за актерите да можат да се соживеат со ликот кој го играат.rnrnОва се 20-те актери кои поминале низ најневеројатни физички трансформации за нивните филмски улоги.rn

    1. Ен Хатавеј – „Клетници“

    rn(1) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 25 кг пред почетокот на снимањето на филмот, 6 кг за време на снимањетоrn

    „Бев на диета за изгладнување за да изгледам како да ѝ се приближувам на смртта. Но имав план и водич, нутриционист, кој ми помогна низ целиот процес. Само морав да престанам да јадам цели 13 дена за време на снимањето.“

    rn

    2. Рене Зелвегер – „Дневникот на Бриџит Џоунс“

    rn(2) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 18 кгrn

    „Првите два дена е супер, можеш да си ги оствариш сите фантазии за прекумерно јадење секаква храна, од пици до чоколади. После една недела гликозните нивоа во телото ти полудуваат и не се чувствуваш многу добро. Никој не сака да го слушне тоа, но таква е вистината.“

    rn

    3. Кристијан Бејл – „Машинист“

    rn(3) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 28 кгrn

    „Немам цел еден ден да станам невидлив, да јадам толку малку што ќе исчезнам. Не ја прифатив оваа улога мислејќи: ‘Oх, потребна е физичка трансформација’. Баш секогаш си велам: ‘По ѓаволите! Потребна е физичка трансформација.’“rn

    rn

    4. Шарлиз Терон – „Чудовиште“

    rn(4) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnЗголемена тежина: 13 кгrn

    „Најпрвин почнав да се прејадувам крофни, но по некое време почнаа да ми стануваат одвратни. Обожавам чипс и солена храна, па секогаш со мене имав скриена резерва на пакетче чипс.“

    rn

    5. Метју Фокс – „Алекс Крос“

    rn(5) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 19 кгrn

    „Да бидам искрен, понекогаш го мразев ова. Ако го тргнете резултатот настрана, тогаш слабеењето како процес воопшто не ми се допадна.“

    rn

    6. Метју Меконахи – „Клубот на купувачи Далас“

    rn(6) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 21 кгrn

    „Ми беше тешко. Имав 64 кг и бев постојано гладен и нервозен. Телото ми наликуваше на малечка птица која плаче да ја нахранат и која сфаќа дека мајката нема да дојде да ја нахрани. Тешко е.“

    rn

    7. Мила Кунис – „Црниот Лебед“

    rn(7) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Вежбав 4 часа дневно, 7 дена во неделата. Имав само еден ден слободен за мојот роденден и по пола ден за наградите Еми и Златен Глобус. На овие денови, мојот инструктор по балет работеше со мене од 5 часот наутро до 11 часот навечер, потоа одев во одделот за шминка и фризура и потоа на доделувањето на наградите.“

    rn

    8. Натали Портман – „Црниот Лебед“

    rn(8) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 9 кгrn

    „Имаше ноќи кога мислев дека ќе умрам. Тоа беше првиот пат кога сфатив дека еден актер може толку многу да се посвети на една улога, што полека може да се уништи себеси.“

    rn

    9. Том Хенкс – „Отфрлен“

    rn(9) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 2 2кгrn

    „Најтешкиот дел беше времето. Посакував да имам некаква таблета и да ја изгубам целата тежина одеднаш, но реалноста беше таа: морав да започнам во октомври, знаејќи дека ќе завршиме во февруари. Идејата дека треба да поминам 4 месеци во постојана состојба на претпазливст, што се однесува до она што го јадев и два часа во салата за вежбање секој ден, правејќи само монотони вежби, беше застрашувачка. Единствениот излез е да се мотивираш со некаков трик со медитација. Не е воопшто гламурозно.“

    rn

    10. Крис Прат – „Чувари на галаксијата“

    rn(10) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauzarnrnНамалена тежина: 29 кгrn

    „Шест месеци изгледаат како долг период, освен ако не гледаш наназад… сѐ што треба да направиш е да останеш конзистентен и времето ќе летне. Ако ја тргнете нездравата храна од вашата диета и потрошите неколку часа на ден правејќи вежби, 6 месеци ќе поминат многу брзо и ќе се чувствувате психички, физички и духовно поздраво – сѐ е поврзано.“

    rnrn

  • Откријте зошто сте дебели: Во кој тип спаѓате и како да се ослободите од вишокот килограми?

    Откријте зошто сте дебели: Во кој тип спаѓате и како да се ослободите од вишокот килограми?

    Прекумерната телесна тежина може да биде причинета од низа фактори. Научно е докажано дека постојат 6 видови дебелина и сите тие настануваат како резултат на различни причини. Проучете ги типовите и дознајте како да се ослободите од вишокот во делот од телото кој вам ви е најподложен на дебелеење.rnrnotkrijte-zoshto-ste-debeli-vo-koj-tip-spagjate-i-kako-da-se-oslobodite-od-vishokot-kilogrami-kafepauza.mkrn

    1. Дебелина предизвикана од храна

    rnОвој тип е најзастапен во светот. Настанува како резултат на прекумерно внесување храна и шеќери. За да се ослободите од вишокот килограми едноставно треба да ја редуцирате исхраната и да вежбате најмалку 30 минути на ден.rn

    2. Дебелина заради „нервозен“ желудник

    rnОвој тип е предизвикан од анксиозност, стрес, депресија. Луѓето кои патат од овој вид дебелина, често внесуваат повеќе слатки во својот организам. Лекот? – Занимавајте се со повеќе физичка активност.rn

    3. Глутенска дебелина

    rnГлавно е присутна кај жените во адолесценција, менопауза и при хормонски нарушувања. Многу е важно да се избегнува долго седење, пушење и алкохол. Исто така препорачливо е вежбање со тегови.rn

    4. Атерогенична метаболична дебелина

    rnАко вашиот желудник е подуен, значи дека во тој дел од вашето тело се акумулираат масти. Најпогодени од овој вид дебелина се личностите кои конзумираат алкохол или оние кои имаат проблеми со дишењето.rn

    5. Дебелина заради венска циркулација

    rnОва е генерално наследна дебелина. Настанува во текот на бременоста и кај лицата на кои им отекуваат нозете. Трчајте или вежбајте на скали, самото одење ја подобрува циркулацијата.rn

    6. Неактивност

    rnОва е тип дебелина која ги погодува деловите од телото кои во минатото биле многу активни, на пример биле изложени на вежби и тренинзи кои се фокусирале на одредена група мускули. Клучот за елиминирање на овој вид масти е да не дозволувате предолги периоди без јадење, бидејќи тоа може да го забрза метаболизмот и да го натера телото побрзо да согорува.

  • Еве како да уживате во храната и да ја зачувате вашата линија

    Еве како да уживате во храната и да ја зачувате вашата линија

    Сакате да уживате во сласните залаци, но исто така сакате да го зачувате вашето згодно тело и да ги спречите здодевните килограми да се вратат назад. Време е да се запознаете со балансологијата – вештина која ни помага да уживаме во храната, а да ја задржиме фит линијата. Дознајте како да одолеете на предизвикувачкиот, брз начин на живот и притоа да останете во фит форма.rnrn1-eve-kako-da-uzhivate-vo-hranata-i-da-ja-zachuvate-vashata-linija=www.kafepauza.mk_rn

    1. Не постои храна од која се дебелееме

    rnБалансологијата бара паметен однос помеѓу внесувањето храна и физичката активност. Колку калории внесуваме, толку мора да потрошиме со физичката активност. Така јо-јо диетите кои го исцрпуваат организмот стануваат минато, бидејќи организмот започнува природно да ја регулира тежината. „Доколку редовно вежбате, може да јадете и да пиете сè што ќе посакате, но во умерени количини“, советува д-р Љубиша Кнежевиќ, нутриционист.rn

    2. Нема баланс без активност

    rnВашите енергетски потреби варираат врз база на физичките активности во текот на денот. Секое движење предизвикува согорување на калории, па без физички активности енергетскиот баланс е невозможен. „Што повеќе вежбате – повеќе ги развивате мускулите, а што повеќе мускули имате – потребни ви се повеќе калории“, додава д-р Кнежевиќ.rn

    3. Уживајте пред сè

    rnНе е страшно некогаш да паузирате и да уживате во храната. Најголемата грешка што можете да ја направите е прескокнувањето на оброците. Сепак треба да водите сметка за калориите, бидејќи нивниот број за постигнување енергетски баланс е индивидуален – ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, тоа ќе се одрази со зголемена телесна тежина и обратно. Совет од нутриционистите: доволно е да се измерите еднаш неделно за да ги држите килограмите под контрола.

  • Што значи „дебелеење на нервна база“?

    Што значи „дебелеење на нервна база“?

    Фразата со која често кажуваме што е причината за некој наш проблем со чувствата или состојбата во која се наоѓаме, гласи: „Сè е тоа на нервна база“. И тоа е многу повеќе од точно, бидејќи сè е на нервна база. И кога многу добро се познаваме себеси, и понатаму имаме „нервна база“ која си го прави своето, бидејќи е директно поврзана со нашето тело и психа, на кои често не можеме да им обезбедиме сè што им е потребно.rnrn1-shto-znachi-debeleenje-na-nervna-baza-www.kafepauza.mk_rnrnКога се во прашање вишокот килограми, скоро секоја жена е свесна за импулсот „нервна база“. Се познаваме себеси доволно, па знаеме дека се дебелееме кога сме незадоволни, во страв, преоптоварени со обврски, емотивно неисполнети, под стрес и ненаспани. На нашето тело му треба гориво, а кога нешто му го попречува балансот, потребен ни е резервоар. На менталната стабилност ѝ е потребна вкоренетост во животот, а за телесната преводот е буквален – треба да ја притиснеме земјата со што поголема тежина и да заземеме поголем физички простор.rn

    Зошто го губиме апетитот и слабееме кога сме заљубени?

    rnБидејќи тогаш летаме како балон, не ја допираме земјата и исполнети сме со емоции кои ја одредуваат нашата телесна хемија. Се активираат резервоарите, се зголемува нивото на среќни хормони и воопшто не нè интересира да се вкорениме кога чувствуваме дека можеме да летаме. Леснотијата и брзината со која се движиме низ периодот на заљубеност резултира со намалена телесна тежина, со брзина која никогаш не ја постигнуваме со никаква диета или дисциплина.rnrnНекои жени слабеат од грижи и проблеми, а некои се дебелеат. Оние кои копнеат „се јадат однатре“ и се намалуваат, како да забораваат на себе и на својата моќ да управуваат со својот живот и како на тој начин полесно да ќе се провлечат низ замките на животот. Оние кои се дебелеат, се спротивставуваат на стравовите со зголемување на калориите. И тоа се механизми кои главно не се менуваат, т.е. ретко на некоја личност да ѝ се случува и едното и другото.rnrnУспешното симнување на килограмите – доколку изостане заљубувањето, како ракетно гориво кое нѐ полетува директно кон ѕвездите (витки и сјајни) – почнува во моментите на „кршење“ – кога ќе ни се смачи, кога ќе се налутиме на својата слабост или пак на силата на „механизмот на нашата нервна база“ и кога ќе се одлучиме да се спротивставиме на тоа нешто во нас, што управува со нашата килажа. Кога ќе си кажеме на себе „не можам повеќе вака“, но не на тој начин како што стопати сме си кажале, загрижено и очајно, туку луто и заповедно.rnrn2-shto-znachi-debeleenje-na-nervna-baza-www.kafepauza.mk_rnrnТогаш стануваме како невоспитано мало детенце на кое започнуваме да му воведуваме дисциплина. Тоа е добар импулс, но не успева секогаш. Не можеме доволно долго да бидеме лути на себе со ист интензитет, а можеме да станеме лути затоа што сме гладни. Но, затоа пак, често поради успехот што сме изгубиле неколку килограми, имаме волја да продолжиме понатаму.rnrnИ кога ќе постигнеме успех, некое време уживаме во себе, а потоа работите ќе станат обични, паѓаме во рутина и се враќаме на „механизмот на нервна база“. Понекогаш доста долго ја одржуваме линијата без некои напори и одрекувања, но тогаш наидуваат периоди во кои нашата потреба да заземеме одбранбен став кон животот и да ја притиснеме земјата со поголема маса, нè обзема.rnrnТреба да исклучиме неколку механизми за да ја задржиме нашата линија, а тоа значи да поработиме на нервната база., т.е. да го промениме начинот на живот и на своето тело и дух да им обезбедиме услови за одмор, активност, креативност и задоволство – да ги промениме сигналите кои доаѓаат од „нервната база“.

  • Работи кои ќе ги разберат само девојките кои постојано се дебелеат или слабеат

    Работи кои ќе ги разберат само девојките кои постојано се дебелеат или слабеат

    Некои жени цел живот се крупни и полни, други пак отсекогаш биле слаби, некои слаби се здебелуваат и остануваат дебели, а други ослабуваат и остануваат слаби. Сите тие пронаоѓаат некоја константа во она што се или она што станале. Но, некои жени цел живот варираат со својата тежина. Не станува збор за 5 килограми кои ќе ги ослабат, па повторно ќе ги вратат, туку за жени кои во некои периоди ја имаат својата нормална тежина, а во некои додаваат дури 20 килограми.rnrnПостојат работи во врска со прифаќањето на сите свои варијации, кои нема да ги разберат оние кои не ја менуваат својата тежина на толкав драстичен начин.rnrn1-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-postojano-se-debeleat-ili-slabeat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Минатата година бев витка цела година

    rnИли беше предминатата? Ќе погледнам некои слики за да се потсетам. Зошто сега не изгледам толку многу добро? Па, сега не е време за тоа. Можеби следната година. Или понатаму.rn

    2. Време е за фустаните од пред 5 години

    rnКога ќе ослабеме купуваме фармерки и ги вадиме од дното на гардероберот оние работи кои биле мерка за нашата виткост, а таму секогаш се наоѓаат некои блузи кои не сме ги носеле неколку години. И кога ќе ни станат тесни, ги пакуваме и се надеваме дека некогаш повторно ќе ги носиме, со сигурност. Но, сега е време да ги извадиме оние фустани од периодот кога бевме дебели. И тие се слатки и изгледаат како нови, а модата во меѓувреме завртила цел круг. Тоа е најинтересниот дел – кога вадиме од гардероберот нешто што неколку години стоело спакувано и неносено, исто како да сме го купиле сега. Ако имате големо искуство со варирање на својата тежина и сè уште чувате облека од средно, на забавата и нема крај.rn

    3. Понекогаш сакаме да ги фрлиме работите кои не сме ги носеле 5 години

    rnДа, потребно е да го фрлиме старото и да направиме место за ново, но ако еднаш сме згрешиле и сме ги исфрлиле сите „дебели“ работи додека сме биле слаби, па потоа сме морале да купуваме нова гардероба за два броја поголема, не би ја повторувале истата грешка по вторпат. Затоа, кога ќе решиме да ја задржиме витката фигура и додатно да се мотивираме со тоа што ќе се ослободиме од сите дебели работи кои сме ги носеле во претходните години, ќе ги спакуваме и ќе ги кренеме некаде, за да не стојат во гардероберот. Дури и онаа облека од најдебелиот период, ќе дојде повторно на ред. Ова не се нарекува саботажа, туку вистинско познавање на себе.rnrn2-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-postojano-se-debeleat-ili-slabeat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кога диетата не оди – не оди

    rnДиетата не е наш начин на живот. Кога сме полни со волја и мотивираност, тогаш е вистинско уживање да се практикува некоја дисциплина и да се гледаат резултатите. Кога не оди, не сакаме да се мачиме и да се чувствуваме лошо. Премолчување на слабостите? Можеби. Но, можеби и мудрост.rn

    5. Се сакаме себеси во сите фази на дебелеење и слабеење

    rnДобрата форма и следењето на модата не се наш императив. Повеќе сакаме да ни е удобно и добро да се чувствуваме. А можеме да се чувствуваме добро и удобно во сите периоди на дебелеење и слабеење. Опуштено и лежерно. Неодговорност? Можеби. Но, можеби е прифаќање на себеси во сите моменти.