На сите ни се случило во животот да дозволиме егото и тврдоглавоста да нè разделат од нашите блиски и сакани. Обично станува збор за ситници и обични недоразбирања кои лесно би се решиле со едно обично „извини“ или смирен разговор. Но, човечката природа е таква што реагира импулсивно и веднаш настојува да го одбрани својот став, наместо да го сослуша туѓиот. Тогаш желбата за одмазда и цврстата увереност дека ние сме во право нè заслепуваат и ризикуваме да изгубиме значајна личност од нашиот живот само за да докажеме дека не сме ние тие што згрешиле. Оваа поучна приказна ќе ви покаже дека сложноста и љубовта кон нашите блиски е најважна и треба да ги надвладее сите останати недоразбирања и несогласувања…rnrn
rnrnСи биле еднаш двајца браќа кои живееле во соседни фарми и кои биле скарани. Тоа била првата сериозна караница во текот на нивните 40 години. Дотогаш сложно живееле еден до друг, го делеле алатот и си помагале.rnrnНо, одеднаш таа хармонија била нарушена. Сè започнало од едно мало недоразбирање кое довело до голема кавга и сурови зборови по кои следувале недели поминати во молк.rnrnЕдно утро некој тропнал на вратата на Горан, постариот брат. Тој отворил и видел човек со столарски алат.rnrn„Барам работа. Можеби тука на твојата фарма би можело да се најде некоја работа за мене?“ – прашал столарот.rnrn„Да, знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш онаа куќа од другата страна на потокот? Таму живее мојот сосед, односно мојот помал брат. Минатата недела помеѓу нас имаше ливада, но тој нешто копаше кај реката и сега помеѓу нас има поток. Тоа го направи за да ми наштети, ама ќе му вратам јас мило за драго… Го гледаш оној труп покрај шталата? Сакам да ми направиш ограда од два метра и да не го гледам веќе ни него ни неговата куќа“, одговорил Горан.rnrnСтоларот на тоа рекол:rnrn„Сè ми е јасно. Дај ми клинци и бормашина и ќе видиш колку одлично ќе го направам тоа.“rnrnПостариот брат морал да отиде до градот, така што му го дал на столарот потребниот материјал и отишол. Столарот цел ден работел вредно, мерел, сечел…rnrnКога вечерта постариот брат се вратил, столарот имал завршено со работа. Горан се запрепастил! Воопшто немало ограда. Столарот направил мост кој ги поврзувал двата брега на потокот. Мостот бил прекрасен, а од другата страна се приближувал помладиот брат со широко раширени раце.rnrn„Ти си навистина прекрасен човек штом си направил мост после сè што ти кажав и направив“, рекол помладиот брат.rnrnБраќата стоеле секој на својата страна од мостот и полека тргнале еден кон друг, среќавајќи се на средина. Виделе како столарот ја подигнува кутијата со алатот и тргнува.rnrn„Еј, почекај! Остани неколку дена кај нас. Има уште многу работи кои би можел да ги направиш“, рекол постариот брат.rnrn„Навистина би сакал, но морам да направам уште многу мостови“, одговорил мудриот столар.
Tag: браќа
-

Поучна приказна за сложноста и братството
-

2 предности и 2 маани кои ги чувствуваат само најмалите деца во семејството
Да се воспитуваат две, три или повеќе деца е многу тешка работа. Но, самата одлука за поголемо семејство им помага на децата да изградат и одржат еден од најдолгите и најважните односи во својот живот – оној помеѓу браќата и сестрите. Во продолжение откријте какво значење имаат најмалите деца во семејството, како и кои се негативните страни на позицијата која тие ја имаат.rnrn
rnПРЕДНОСТИ:
rn
1. Најмладите деца се поснаодливи во животот
rnСпоред научните истражувања, најмладото дете во семејството има поголема потреба да се поврзе и да изгради однос со другите. Оваа особина најчесто се поврзува со физичките карактеристики. Имено, постарите деца се подоминантни и имаат поголемо искуство, а со тоа и животна предност над помладите. Од друга страна пак, помладото дете е послабо и како такво, развива поинаква способност да се истакне во семејството.rnrnНајмладите исто така ја користат и способноста добро да се прилагодат, да сочувствуваат со останатите, а во некои случаи и да искористат манипулација со цел да го добијат тоа што го сакаат. Токму таа способност им помага да „влезат по нечија кожа“ и ги прави поснаодливи во животот.rn
2. Најмладите деца се најчесто понезависни
rnТокму поради фактот што тие пристигнале последни, најмладите деца имаат најсилна желба да ја изградат својата индивидуалност, односно да се одвојат од своите постари браќа или сестри. Најмладите деца тежнеат кон индивидуалност која често ги прави сосема различни од останатите во своето семејство, особено од најстарото дете.rnrnЕкспертите објаснуваат дека станува збор за несвесно однесување со кое детето сака да го привлече вниманието кон себе, кое најчесто било насочено кон постарото дете. Ако и вие сте најмало дете во семејството, споредете се со вашите постари браќа и сестри, и веднаш ќе забележите колку навистина сте различни.rn
МААНИ:
rn
1. Најмладите деца се посклони на болести
rnИако звучи негативно, оваа тврдење всушност воопшто не е толку лошо. Ако размислуваме на долг план. Како што постарото дете поминува низ различни вируси, настинки и болести, тоа со тек на време станува сè поотпорно, но за жал поради него, најмладото дете порано ќе ги преживее овие здравствени проблеми. Иако тоа може да претставува вистинска мака за родителите, сепак најмладото дете ќе помине брзо низ оваа бурна фаза и ќе излезе од неа со посилен имунитет и поголема отпорност за различни болести во подоцнежните години.rn
2. Најмладите деца се посклони на лоши навики
rnМладите деца впиваат сè што нивните постари браќа и сестри прават, па токму затоа и се многу посклони на пороци. Овие пороци најчесто се обид да имитираат некого, особено одредени членови во семејството. Според истражувањата, ако постарите браќа или сестри пушат, тогаш помладите имаат и до 4 пати поголеми шанси да започнат со оваа лоша навика во однос на останатите.
-

Како вашите браќа и сестри можат да ве научат сѐ што треба да знаете за љубовта?
Оние што растеле со браќа и сестри знаат како е да обвинат некој друг за нешто што самите го направиле. Како да се вратите доцна во ноќта без да дознаат родителите. Како да се соочите со луѓето во вашиот социјален круг и како да се извлечете со многу работи. Но, најважното нешто што можете да го научите од своите браќа и сестри е како да сакате некого. Бидете благодарни за семејството кое го имате и во продолжение прочитајте ги сите оние работи за љубовта кои не сте ни знаеле дека треба да ги знаете.rnrn
rn1. Никој не може да ве научи да имате трпение подобро од браќата и сестрите
rnКога имате браќа и сестри од која било возраст, знаете дека единственото нешто што може да ја зачува вашата разумност е трпението. Не само што треба да бидете трпеливи со нив и нивното однесување, туку треба да бидете трпеливи и со вашите потенцијални животни партнери. Ако не научите да имате трпение со луѓето, тогаш многу почесто ќе се карате и ќе нема да можете да уживате во сите животни искуства.rn
2. Благодарение на браќата и сестрите вие станувате повнимателни
rnИако често се расправате со вашите браќа и сестри за најразлични работи, токму овие расправии ќе ве научат како да ги разберете различните ставови и гледишта на другите. Ќе ве научат како да ги гледате работите од друга перспектива и да го избегнете конфликтот во секоја дадена ситуација.rn
3. Браќата и сестрите ќе ве научат како да го делите вашиот простор со другите
rn
rnrnЌе научите дека не треба да ги расфрлате своите работи насекаде. Така ќе ви биде многу полесно кога ќе се вселите со вашиот потенцијален партнер, бидејќи веќе ќе знаете дека е потребен компромис за да може една врска да биде успешна, функционална и полна со разбирање уште од самиот почеток.rn4. Ќе ве научат и како да ги делите своите работи
rnЛогично е дека ќе треба да знаете како да ги делите работите со вашиот иден партнер. Вашите браќа и сестри ќе ве научат дека треба да бидете толерантни и да ги почитувате желбите на своите најблиски, исто како што тие треба да ги почитуваат вашите.rn
5. Секогаш треба да ги поддржувате своите браќа и сестри
rnМожеби не се согласувате со сите работи што ги прават вашите браќа и сестри, но, ако некој непознат почне да ги навредува и критикува, вие ќе го одбраните своето семејство по секоја цена. Браќата и сестрите ќе ве научат дека поддршката на саканите е една од најважните работи во животот.rn
6. Ќе ве научат како да ги прифатите мааните и недостатоците на луѓето
rnВашите браќа и сестри ќе ве научат дека луѓето, и покрај сите нивни маани и недостатоци, се сепак луѓе и дека треба да ги прифатите онакви какви што се.rn
7. Можете да бидете лути на вашите браќа и сестри, но сепак сѐ уште ќе ги сакате
rn
rnrnАко сте пораснале како единци, тогаш ќе ви биде многу потешко да се соочите со чувствата кои ќе ги почувствувате кога ќе ја имате вашата прва значајна кавга со партнерот. Вашите браќа и сестри ќе ве научат дека и покрај сиот бес и лутина кои ви ги замаглуваат мислите во моментот, вие сепак сѐ уште ќе ги сакате вашите најблиски и би го дале животот за нив.rn8. Браќата и сестрите ќе ви покажат како да го изберете правилниот пат
rnЕдна од најважните лекции што можете да ја научите од своите браќа и сестри е тоа што понекогаш мора да ги зачувате коментарите и забелешките за себе. Она што ја одржува врската здрава и ја гарантира нејзината долготрајност е вашата способност да ги заборавите малите работи и да го изберете правилниот пат. Ако секогаш сакате да бидете во право, тогаш ќе имате многу слаба комуникација и лош однос со вашиот партнер.rn
9. Никој не може да ве научи како да бидете она што сте подобро од браќата и сестрите
rn
rnrnОва можеби звучи како да нема никаква врска со љубовта, но вистината е сосема спротивна. Никогаш нема да можете да сакате некого и да бидете среќни со нив, ако претходно не знаете како да се сакате себеси. Со вашите браќа и сестри не мора да го криете своето вистинско лице и секогаш можете да бидете она што навистина сте, а ова е нешто што треба да го правите и со вашиот потенцијален животен сопатник.rn10. Браќата и сестрите ја заслужуваат вашата безусловна љубов
rnШто и да се случи, вие секогаш ќе ги сакате своите браќа и сестри. Вие се раѓате со оваа безусловна љубов и како што растете и се развивате, така и таа паралелно расте и се развива со вас. Не постои ништо на светот што може да ја уништи таа љубов. Ова е една од најмоќните лекции за љубовта која можете да ја научите само од браќата и сестрите. Со неа, ќе можете подобро да го разберете тоа чувство и според него ќе знаете дали личноста која сте ја избрале како партнер е онаа вистинската за вас.
-

13 работи од кои се извлекуваат постарите деца, само затоа што се постари
Да, нив почесто ги малтретираат со досадни обврски и правила, но во некои ситуации постарите деца многу полесно се извлекуваат…rn
1. Постарите браќа/сестри ветуваат глупости и потоа оној кој е помал ги завршува задолженијата
rn
rnrn„Ако поминеш со правосмукалка, може да ги отвориш сите новогодишни пакетчиња.“rn2. Тие можат да ги убедат дури и најпаметните родители дека постои логична причина зошто доцнат навечер
rn
rnrnСекако дека не дојде претходниот автобус.rn3. Имаат апсолутна власт, кога се најстари во собата
rn
rnrnТоа се случува кога родителите ќе го назначат постариот за „одговорен“.rn4. Тие секогаш се извлекуваат на прашањето „Кој почна прв?“ Секој пат!
rn
rnrnСекако дека не се тие.rn5. Тие никогаш не мора да носат веќе носени алишта од некој постар
rn
rnrnОсвен ако немаат постари братучеди. Во тој случај, им нема спас.rn6. Тие одлучуваат кој ќе биде денот кога ќе им соопштат на помалите браќа/сестри дека Дедо Мраз не постои
rn
rnrnКолку е слатко да се уништи детскиот сон, нели?rn7. Тие можат да си го измислат и преправат минатото според нивното „сеќавање“
rn
rnrnИ да им кажат на помалите колку им бил убав животот пред тие да се родат.rn8. Тие се прогласуваат за шефови во секоја можна игра
rn
rnrnА ако не е по нивно, едноставно одбиваат да играат.rn9. Тие никогаш не мора да седат на задното седиште
rn
rnrnКога си постар, бираш прв. Толку е едноставно правилото.rn10. Тие секогаш ги потсетуваат родителите на правилата кога некој сака лесно да се извлече
rn
rnrnАко мене ме казнија за тоа, бидете сигурни дека ќе бидете подеднакво казнети и вие.rn11. Тие отворено ги предизвикуваат родителските правила и потоа живеат за да ја раскажуваат таа приказна
rn
rnrnНе, нема да се запишам на француски и нема да се зачленам во секција.rn12. Тие ги создаваат модните трендови кои останатите ги следат
rn
rnrnАко нешто тие носат, тогаш е кул.rn13. Тие знаат да се претворат во суперхерои кога нешто претставува закана за помалите браќа и сестри
rn
rnrnИ затоа неизмерно ги сакаме. -

Фотографии кои покажуваат колку е убаво да се има браќа и сестри
Некогаш ни се качуваат на глава и ни одат по нерви, но сите знаеме дека без нашите браќа и сестри би биле осамени и неисполнети. Кога се навраќаме на спомените од детството, сфаќаме колку би ни бил празен животот без нив.rnrn
rnrnОвие фотографии покажуваат колкава е љубовта меѓу браќата и сестрите и нè потсетуваат колку сме среќни што ги имаме.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 начини на кои со растењето се зближувате со сестрата и/или братот
Растењето со брат и/или сестра ве прави она што сте денес. Тие се вашите први пријатели, но и први непријатели. Токму затоа сите настани со нив ве научиле како да се справувате со другите луѓе и ве направиле посилни во однос на справувањето со проблемите. Тие се бесценет дел од вашиот живот, и покрај тоа што како деца не сте можеле да го забележите тоа…rnrn
rn1. Порано игравте видео игри, а денес играте игри со пораки
rnИ покрај тоа што порано седевте на каучот и игравте игри на нинтендо или сони, денес вие водите секојдневна битка за како меѓусебно да се насмеете со најурнебесните мемиња и селфиња кои можете да ги направите.rn
2. Порано се издававте на вашите родители, а денес ги чувате вашите најдлабоки тајни
rnКога бевте помлади, беше во ред да го издадете и да ја обвините незрелоста за вашето однесување, но како што растете, така сфаќате дека всушност вашите браќа и/или сестри се најдобрите чувачи на тајни. Вие си кажувате сè за вашиот живот и воопшто не се грижите дека ќе бидете осудувани од нив или пак, дека тие ќе ја пренесат оваа тајна понатаму.rn
3. Порано се натпреварувате едни со други, а сега сте си најголемата поддршка
rnДодека растевте беше сосема нормално да се надминувате со цел да бидете најдобри во сè. Ова се случува поради постојаното споредување со вашите браќа и/или сестри и токму тоа може да биде стресно за млада личност. Но, сега кога сте постари веќе знаете кои се вашите силни страни, соништа и способности и токму затоа сте си најголемата поддршка која постои. Вие играте за истиот тим!rn
4. Порано бевте љубоморни едни на други, но денес се цените онакви какви што навистина сте
rnМногу е лесно да се биде љубоморен на братот или сестрата, особено ако имаат одреден талент. Но, како што растете така сфаќате дека и вие имате таленти, кои и покрај тоа што се различни, сепак и тие вредат исто колку нивните. Вие ги цените и се гордеете со нив.rn
5. Порано мислевте дека тој или таа е од Марс, но денес се гледате себеси во нив
rnКако дете, многу е лесно да се запрашате како е воопшто можно да сте во роднинска врска со овие луѓе, но како што растете така сфаќате дека вие сте исти како вашите браќа и/или сестри. Вие сте изградени од истата основа, без разлика на тоа колку сте различни.rn
6. Порано бевте посесивни, а денес делите сè.
rnКога станува збор за делење, вие го почитувавте правилото „што е мое, мое е“. Но, денес сфаќате дека вашите браќа и сестри се вашето семејство и дека тие се единствените луѓе кои навистина вредат. Стварите си се ствари, но семејството е засекогаш!rn
7. Порано сте прифатиле дека сте заглавени еден со друг, но сега знаете дека не постои друга личност со која сте поблиски
rnНе можете да ја избирате вашата фамилија, точно. И без разлика на тоа колку ве полудувале вашите браќа и/или сестри додека сте растеле, вие не можете да го замислите животот без нив. Тие можеби не се совршени, но дефинитивно се ваши! Тие се оние кои ве направиле личноста која сте денес.rn
8. Порано полудувавте кога сестра ви ви ја крадеше вашата облека, но сега и вие ја „крадете“ нејзината
rnТаа секогаш го гледала вашиот шкаф како нејзин личен бутик од кој зема сè што ѝ се допаѓа и токму ова ве полудувало кога бевте помлади. Вие поминувавте часови барајќи ги вашите фармерки со висок струк пред да дознаете дека сестра ви веќе ги носи на неа. И покрај тоа што не сте сигурни кога развила сопствен стил или пак, кога купила подобра облека, вие во моментов постојано се облекувате од нејзиниот шкаф.rn
9. Порано сакавте да бидете целосно одделени, но сега сте горди затоа што сте дел од истата група
rnВие сакавте да бидете своја личност и да не ве поврзуваат со вашите браќа и/или сестри на никој начин бидејќи тоа влијае врз вашиот карактер. Не сакавте да бидете познати како „помладата сестра на Дијана“ или „постариот брат на Марко“. Вие сакавте да бидете ВИЕ! Но, денес сте среќни затоа што ве гледаат како група бидејќи знаете колку добра комбинација сте заедно.rn
10. Порано бевте смртоносни непријатели, денес сте најдобри пријатели
rnДали постои поспротивставено ривалство од она помеѓу браќата и/или сестрите? Тие се најголемиот натпревар и најдобрите играчи кои ги познавате. Но, денес сте возрасни и ова ривалство е веќе далеку позади вас бидејќи денес правите сè што е во ваша моќ за да си помогнете едни на други. Денес сте најдобрите пријатели.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

15 неверојатни работи кои можат да ги потврдат само оние кои имаат постар брат
Постарите браќа се како колачиња од кои никогаш не можете да се заситите. Дури и покрај тоа што понекогаш знаат да ве нервираат, вие едноставно не можете да одолеете на нивното присуство. Тие можеби ќе ве задеваат и ќе ве полудуваат, но истовремено и ќе ве заштитуваат и сакаат. Погледнете ги овие 15 нешта кои ќе ве потсетат на неверојатните придобивки од постоењето на постариот брат во вашиот живот.rnrn
rn1. Тој ве научил како да бидете трпеливи
rnКако помлада сестра или брат, вие сигурно сте добро запознаени со шегите и игрите во кои тој ужива. Токму затоа можете да кажете дека ова негово однесување ве научило на трпение. Без разлика дали станува збор за родителство или пак, за каков било вид справување со други луѓе, вашиот постар брат ве научил како да не се лутите или фрустрирате толку брзо.rn
2. Тој ви покажал како да бидете силни
rnОние кои имаат постари браќа имаат тенденција да бидат силни борци, во секој поглед. Вие сте научиле од него како да стоите цврсто на својот став и како да направите вашиот глас да биде слушнат. Вие учите да не дозволувате никој да ве турне. Сите оние „борби“ кои сте ги поминале со вашиот брат ве направиле посилни и ве научиле никогаш да не се откажувате.rn
3. Само за сестри: Тој ве научил како да ги разбирате момците
rnМомците можат да бидат тешки за една млада девојка, но постариот брат може многу да помогне при нивното разбирање. Од моментот кога нивната сестра ќе почне да оди на љубовни состаноци, постариот брат ќе ја води низ сите искуства во оваа врска. Исто така, советите од постариот брат можат многу да помогнат при избегнување скршено срце. Или при надминување на истото.rn
4. Тој ве запознал со спортувањето
rnДоколку сте спортски ентузијаст, големи се шансите дека имате многу сеќавања во кои уживате гледајќи го вашиот брат додека спортува. Тој има огромна улога во изборот на спортот кој сте го тренирале или кој е вашето редовно хоби.rn
5. Тој ве научил како да се натпреварувате
rnПостариот брат е одличен кога станува збор за повикување на натпреварувачкиот дух. Токму оваа карактеристика останува со вас низ годините и ви помага побрзо да напредувате во вашата кариера. Но, тој исто така ви помогнал и да ја развиете вашата самодоверба и лидерските способности.rn
6. Тој ве научил да имате контрола над вашите емоции
rnМногу често се случува помладите деца да бидат поемотивни, особено ако станува збор за девојчиња. Но, оние кои растат со постар брат имаат многу подобра контрола врз своите емоции. Тој едноставно ве научил дека во животот се случуваат лоши работи постојано и дека вашата задача е да ги надминете и да продолжите понатаму.rn
7. Тој ве научил на кавалерство
rnПостарите браќа ги учат своите сестри како еден маж треба да се однесува кон нив, но исто така ги учат и своите помлади браќа како тие треба да се однесуваат кон жените. Вие учите и од неговото однесување кон мајка ви, како и кон неговата девојка и според тоа поставувате стандарди кои ги очекувате од вашите момчиња.rn
8. Тој секогаш ќе ве заштитува
rnПонекогаш на една личност сè што ѝ е потребно е заштита од својот постар брат. Вие не треба никогаш да се грижите дека некој ќе ве повреди кога тој е во близина, бидејќи покрај него едноставно се чувствувате безбедно.rn
9. Тој е секогаш тука за да ги поправи расипаните работи
rnБез разлика за каков проблем станува збор, тој едноставно има способност да поправи сè што не работи. Што и да се случува, тој никогаш нема да ви дозволи да му платите некому за да ја заврши оваа работа. Исто така, доколку се преселувате, тој ќе биде првиот што ќе ви помогне при преместувањето на тешкиот мебел.rn
10. Покрај него, секогаш ќе имате добар избор на момци и девојки за состанување
rnПокрај вашиот брат, вашиот круг на пријатели многу брзо се шири. Без разлика на тоа колку е тешко да се најде добар дечко или девојка за состанување, покрај него вие секогаш ќе имате голем избор. Можеби станува збор за негови пријатели и пријателки или пак, за нивни помали браќа и сестри, па така вие секогаш ќе имате однапред проверени добри личности кои ја заслужуваат вашата шанса.rn
11. Само за сестри: Вие имате можност да го научите за однесувањето на девојките
rnМажите знаат многу малку нешта за начинот на кој размислуваат жените. Но, вашиот брат има предност бидејќи има со кого да се советува доколку има проблем со неговата девојка. Без разлика на ситуацијата, тој во секое време е слободен да побара совет од вас, а вие сте и повеќе од среќни кога можете да му помогнете.rn
12. Тој ве научил на самоодбрана
rnКако што поминува време, така сите треба да знаат барем основно ниво на самоодбрана. Светот станува сè поопасно место за живеење, па токму затоа е добро доколку знаете како да се заштитите. Доколку знаете да користите нож или пиштол, големи се шансите дека сте го научиле тоа од вашиот постар брат.rn
13. Тој ве научил како да бидете кул
rnУште од млади години, помладите браќа и сестри се угледуваат на својот постар брат и учат многу од неговото однесување. Меѓу другото, тие учат за животот, за културата и за светските настани. Токму затоа покрај него, вие секогаш ќе бидете во тек со најновите случувања.rn
14. Тој секогаш ви помага финансиски
rnПостарите браќа обожаваат да ја преземат улогата на татко, па токму затоа се подготвени во секое време да ви помогнат финансиски. Бидејќи тој е постар, сигурно ќе најде работа пред вас, па големи се шансите дека тој ќе ви позајми пари тогаш кога вашите родители ве одбиле.rn
15. Тој е вашето рамо за плачење
rnДел од неговата заштитничка природа е неговата способност да ве ислуша и да ви пружи поддршка дури и во најтешките моменти. Вие знаете дека секогаш можете да сметате на него без да добиете никаква критика и осудување и токму тоа е една од причините зошто сте толку блиски.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

11 нешта кои само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат
Доколку имате помал брат или помала сестра тогаш имате цело богатство во животот. Секако, тоа богатство на моменти може да ви оди на нерви, но искрено, сè би дале за вашите помали браќа и сестри.rnrnПостари браќа и сестри обединете се, ова се нештата кои само вие меѓусебно ги разбирате.rnrn
rn1. Го менувате расположението често и ненадејно
rnДали страдате од биполарно нарушување? Не, едноставно имате помал брат или сестра. Во еден момент врискате од нервоза бидејќи ништо не им влегува во глава, во наредниот ви доаѓа да ги гушнете бидејќи вистински ги сакате. Како можеше вашата сестра да ви го земе фустанот без да ве праша? Се спремате за војна, но од друга страна не можете да си го замислите животот без неа. Еве сега ви кажува добра случка или проблем со дечкото и вие заборавате за што ѝ се деревте пред малку и се свртувате кон давање совети.rn
2. Вие мора да бидете кул
rnИ ова може да биде навистина напорно. Вие мора однапред да знаете сè бидејќи го имате веќе искусено и да бидете кул брат/сестра. Вашата желба да им бидете идоли на помалите браќа и сестри е навистина голема.rn
3. Од вас се бара да бидете брутално искрени
rnКој ќе им ја каже болната вистина ако не вие? Затоа ќе мора да ѝ кажете на помалата сестра дека не ѝ се јавува бидејќи не е заинтересиран или на помалиот брат дека не личи на Роналдо па подобро да смисли друга цака за фаќање женски.rn
4. Од вас се очекува да бидете добар пример
rnИсцрпувачки! За сè што вашите помали браќа и сестри ќе направат погрешно вие сте ги научиле лошо, но никој не ве фали кога нешто ќе заврши на арно. Вие мора да бидете одговорни и примерни бидејќи тие ве земаат за пример.rn
5. Не смеете да покажете слабост
rnДоколку минувате низ тежок период, да речеме семеен проблем кој го делите со вашите браќа и сестри, вие мора да бидете похрабри бидејќи сте постари. И вам ви е тешко, само немате право да го покажете тоа. Вие секогаш мора да давате утеха и да воспоставувате баланс.rn
6. Секогаш мора да попуштате
rnПопаметниот попушта, па така „Попушти, постар/а си“ сте го слушнале и сами не знаете колку пати.rn
7. Уживате да се фалите со вашето искуство
rnШто им оди на нерви на помалите. „Ех, кога бев на твои години“… или „Сум минал/а низ тоа уште кога ти беше бебе“. Ваквите паметни испади често се игнорирани бидејќи звучат многу самобендисано.rn
8. И самите не знаете од колку „каши“ сте ги извадиле
rnОд пишување состав вечерта пред писмена до криење на нивното враќање дома доцна. Добро, како никој не беше тука да го направи тоа за вас?!rn
9. Порано ви одеа на нерви бидејќи секогаш мораше да бидат со вас
rnГи влечевте со вас како пијавици, а ако решевте да се побуните одма имавте проблем со родителите. Така ќе го трпите помалиот брат кој упорно седи во вашата соба кога на гости ви се дојдени другарките. Уф, навистина имате желба само да го фрлите низ балкон.rn
10. Имало моменти кога сте биле убедени дека се глупави
rnДобро, како е можно да не разбира нешто толку едноставно? И зошто поставува толку прашања? Уф, ако не му/ѝ објасните по 100-ти пат ќе имате проблем со родителите кои ќе тврдат дека не сте заинтересирани да им помогнете на своите браќа/сестри.rn
11. Животот без нив би ви бил празен
rnПокрај сè, кога подобро ќе размислите, без нив најверојатно ќе бевте размазено дете без своето најголемо богатство… знаете она што понекогаш ви оди на нерви.
-

5 работи што ги знаат оние кои растеле во големи семејства
Големите семејства не се исполнети само со љубов и врева, туку и со можности да се научат некои животни лекции кои се важни. Ова се пет од нив.rnrn
rn1. Не можеш секогаш да го добиеш тоа што го сакаш
rnНе е исто да се одгледа едно дете или четири деца со истиот приход. Оние кои имаат повеќе деца треба да бидат мудри при планирањето на буџетот, но како и да сметаат, големи се шансите дека на крај пак некое од децата ќе треба да причека за нешто. Затоа децата кои растат во големи семејства уште од мали нозе учат дека во животот не се добива сè кога и да се посака.rn
2. Границите на личниот простор најчесто се преценета работа
rnДецата во големите семејства делат сè, вклучително и личниот простор. Во една соба спијат по две-три деца, по исто толку може и да се бањаат заедно додека се мали. Ним тоа не им пречи, туку напротив, имаат посилно чувство на заедништво. Тие знаат дека границите на личниот простор понекогаш се преценета работа, барем кога станува збор за блиските.rn
3. Мора да се дејствува на време
rnСпоред поговорката „Кој рано рани, две среќи граби“, во големо семејство е важно со време да почнете да го правите тоа што сакате да го правите. За да не се случи да чекате половина час за туширање или многу подолго за да ви дојде редот да го позајмите автомобилот од родителите, најдобро е да си ги резервирате работите. Овој начин на размислување им се исплати подоцна во животот.rn
4. Тимската работа е најважна
rnДецата во ваквите фамилии уште од мали нозе ја учат вредноста на тимската работа. Заедничките стратегии за лажење и криење од родителите, како и заедничкиот настап против каква било опасност од нешто или некого е добивка која може да се примени на секое поле во животот.rn
5. Знаат да се стават во туѓа кожа
rnЕмпатијата е квалитет на оние кои имаат повеќе браќа и сестри. Тие имаат увид во личниот живот на луѓе од различни возрасти и од различен пол и знаат да разберат работи кои на другите им изгледаат чудно.
-

Добра вест за првородените женски деца
Една нова студија открила дека првородените женски деца во семејството се оние кои имаат најмногу амбиција и способности. Институтот за социјални и економски истражувања при Универзитетот Есекс испитале 1.503 групи на браќа/сестри (вкупно 3.523 испитаници) за да можат да откријат како влијае односот помеѓу браќата и сестрите врз успехот. Студијата дошла до заклучок дека првородените ќерки имаат најголеми шанси за успех, а оваа теорија го поддржува и искуството на познатите личности како Опра, Бијонсе, Џ. К. Роулинг и Хилари Клинтон.rnrn
rnrnВторото дете со добри шанси за добивање Оскар или пак, за откривање лек за смртоносна болест е првороденото машко во фамилијата. Сите мажи кои биле на Месечината биле или првородени или единци. Интересно, се согласувате? Според резултатите, оние кои се чувствувале потценето се најмладите деца, а тоа било потврдувано и со неколку постари истражувања. Но, она што е навистина интересно кај овие резултати е што тие укажуваат дека синдромот „средно дете“ изгледа како да не постои.rnrnНајвисокото ниво на успех се сведува на желбата кај децата да продолжат со својата едукација, но водечкиот истражувач на оваа студија, Феифеи Бу, верува дека можно е сѐ да зависи од родителите.rnrn„Постојат неколку можни објаснувања за повисоките достигнувања и амбиции на најстарите. Тоа можеби би можело да се објасни со времето и енергијата кои родителите ги посветуваат на нив, но може да значи и дека тие се едноставно поинтелигентни“ – вели Бу.
rnИстражувањето исто така открило дека колку е поголема разликата помеѓу браќата/сестрите, толку секое од децата има поголеми аспирации за постигнување на повисоки академски достигнувања.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























