КАФЕ ПАУЗА

Tag: браќа

  • 10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестри

    10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестри

    Вашите браќа и сестри се оние кајшто кои сакате да одите кога ви е потребна утеха, но и оние на кои сакате да врескате кога сте фрустрирани. Дури и откако ќе пораснете и ќе живеете одвоено од нив, сè уште ќе имате незаборавни заеднички моменти. Додека се потсетувате на спомените од минатото, не заборавајте дека некои од нив можат да бидат прилично смешни дури и ако тогаш ве повредиле. Погледнете дали и вие ќе се пронајдете во овие илустрации што ги опишуваат скапоцените заеднички моменти.rn

    1. Освен ако не сте првото или единственото дете, најверојатно ќе добиете веќе носена облека

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    2. Понекогаш е тешко да бидете слушнати затоа што мора да се натпреварувате со вашите браќа и сестри

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    3. Имате со кого да се смеете и кој да ви се смее

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    4. Вашите браќа и сестри ќе ви бидат партнери во злосторство, но ќе ве предадат за да се спасат себеси

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    5. Храната треба да се сподели, што значи дека колку побрзо ќе јадете, толку повеќе ќе добиете

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    6. Ако западнете во неволја, ќе имате на кого да се потпрете

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    7. Да имате браќа и сестри значи дека има со кого да ги споделите вашите поплаки за родителите

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    8. Кога вашите браќа и сестри не се дома, веројатно ќе се чувствувате осамени… или возбудени

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    9. Ќе се споредувате со вашите браќа и сестри или тие ќе ве споредуваат со другите

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrn

    10. Задевањето на вашите браќа и сестри ви е животна мисија, без разлика колку години имате

    rn10 илустрации што го опишуваат животот со браќа и сестриrnrnПогледнете ги и овие илустрации што ги опишуваат смешните разлики помеѓу мажите и жените.

  • Хороскопот открива кои се најдобрите, а кој најнеподносливите сестри на светот

    Хороскопот открива кои се најдобрите, а кој најнеподносливите сестри на светот

    Постојат сестри кои постојано се задеваат, но и сестри кои ги знаат сите тајни, сестри кои даваат вредни совети, сестри кои бескрајно сакаат. Вашиот хороскопски знак открива зошто понекогаш сте невозможни за вашата сестра или брат или зошто таа/тој повремено се фрустрира што баш вие сте ѝ најблиската личност на светот.rnrnХороскопот открива кои се најдобрите, а кој најнеподносливите сестри на светотrnrnСите единци им завидуваат на оние кои имаат браќа и сестри, но често и им олеснува што немаат некој со кој постојано би се расправале. Вистината е дека браќата и сестрите нѐ познаваат подобро од кој било друг. Знаат сѐ што нѐ мачи, како и разни ситуации од детството од кои сега се срамиме. Таа блискост дозволува понекогаш и крвнички да се расправаме, но сепак, длабоко во себе знаеме дека нашата љубов е доволно силна да го издржи тоа. Браќата и сестрите можат да ни бидат најважните луѓе во животот. Нив безусловно ги сакаме. Но, што открива хороскопот за нашиот потенцијал за добар однос со нашите браќа и сестри?rn

    Овен: Сестра со која ништо не поминува без кавга

    rnОвните не можат да си помогнат себеси и постојано се впуштаат во гласни препирања и натегања со своите брат или сестра. Мора да докажат дека се во право, а остатокот од семејството греши. За Овните тие кавги, сепак, не се ништо сериозно. Ако нивниот брат или сестра се објаснува на долго и широко, Овните само ги бранат своите ставови и притоа добро се забавуваат.rn

    Бик: Сестра која ги знае вашите слаби точки и сака да се подбива

    rnБиковите сакаат да ги исмеваат својот брат или сестра. Особено затоа што точно знаат кои им се слабите точки за кои можат постојано да ги задеваат. Понекогаш одат предалеку, па можат да ги повредат пред многу други луѓе. Сепак, тоа не значи дека не ги сакаат. Нивната љубов ќе остане силна без разлика на сѐ, само треба да бидат малку повнимателни.rn

    Близнаци: Забавна сестра која е премногу љубопитна

    rnСите знаат дека вие сте забавна сестра. Вие сте таква личност која ќе ги изведе својот брат или сестра надвор и ќе ги почести пијачка кога тие ќе посакаат. Но, знаете и да си го пикате носот кај што не треба. Секогаш сакате да знаете сѐ што се случува во животот на вашиот брат или сестра, а вашето објаснување за оваа љубопитност е малку нерационално – вие мислите дека едноставно имате право на тоа. Кога сте оддалечени еден од друг, сакате да знаете дали се добро во секој момент, па затоа им поставувате многу прашања.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 8 мали нешта што треба да ги цените за вашите браќа и сестри

    8 мали нешта што треба да ги цените за вашите браќа и сестри

    Се разбира дека ги сакате вашиот брат или вашата сестра безусловно. Овие личности не се само семејство, туку и вашите најдобри пријатели. Доколку имате брат или сестра, веројатно често комуницирате и си помагате. Знаете дека ја сакате оваа личност повеќе од сè, но понекогаш најверојатно заборавате да ги цените и малите нешта. Навистина, нашите браќа и сестри се овде за нас и можат да ни покажат колку нè сакаат на наједноставниот, но потценет начин. Погледнете кои се нештата што треба да ги цените повеќе.rnrn8 мали нешта што треба да ги цените за вашите браќа и сестриrn

    1. Тие точно се сеќаваат за што зборувате

    rnСекогаш кога ќе се сетите на нешто од минатото, вашиот брат или сестра точно знае на што мислите. Оваа личност била покрај вас за секоја забавна авантура и ја знае секоја приказна што сакате да ја раскажете. Ова е личноста што ќе биде со вас кога носталгијата ќе ве нападне.rn

    2. Оддалечени сте само од еден телефонски повик или порака

    rnСекогаш знаете дека од вашите браќа и сестри ве дели само еден телефонски повик. Дури и ако живеете на разни краеви од светот, оваа личност секогаш ќе сака да го слушне вашиот глас.rn

    3. Ве сакаат безусловно

    rnИако можеби понекогаш се расправате со браќата и сестрите, тие сепак ве сакаат безусловно. Ова е вистинската моќ на семејството. Дури и ако пред две минути сте се расправале кој да го носи новиот џемпер, ако ви е потребна помош, вашиот брат или сестра е овде за вас.rn

    4. Можат веднаш да ве насмеат

    rnИмате толку многу внатрешни шеги со овие луѓе, што можат да ви предизвикаат солзи од смеење. Доколку ви е потребно подобрување на расположението, побарајте го вашиот брат или сестра. Дури и во најлошите денови, овие луѓе знаат како да ве расположат.rn

    5. Ве поддржуваат без разлика на сè

    rnБез никакви прашања, вашите браќа и сестри секогаш се на вашата страна. Доколку се расправате со пријателите или сте имале тешка работна недела, овие луѓе ќе ве ислушаат и ќе ви го дадат потребниот совет. Можеби не следат сè што ќе им кажете, но тоа не е важно бидејќи сепак се овде за вас.rn

    6. Никогаш не мора да глумите пред нив

    rnМожеби имате разни страни кои ги откривате во зависност од друштвото. Ја покажувате забавната страна пред пријателите, но сте професионалци на работа. Кога сте со вашите браќа и сестри, нема потреба да бидете никој друг освен самите себе. Овие луѓе ве сакаат поради личноста којашто сте, и ова никогаш нема да се промени.rn

    7. Ги даваат најдобрите совети

    rnБраќата и сестрите навистина ги даваат најдобрите совети. Кога сакате да го слушнете она што навистина ви е потребно, обратете се кај семејството. Уште подобро е ако се постари од вас, бидејќи дефинитивно имаат повеќе искуство и знаат што треба да направите во одредени ситуации.rn

    8. Вашите случајни пораки не се случајни за нив

    rnВашите браќа и сестри ве познаваат толку добро, што и најслучајните пораки им имаат смисла. Веројатно сте и одличен тим кога играте некоја друштвена игра со погодување.rnrnДознајте и како браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности.

  • Драматични фотографии што ни покажуваат дека понекогаш браќата и сестрите можат да бидат вистинско зло

    Драматични фотографии што ни покажуваат дека понекогаш браќата и сестрите можат да бидат вистинско зло

    Околу 80% од Македонците имаат барем еден брат или една сестра, со кои поминуваат многу повеќе време отколку со родителите. Да се има брат или сестра е најдоброто нешто на светот! Без разлика дали се постари или помлади, врската што ја имаме со нив е единствена. Браќата и сестрите ни се најдобрите пријатели, но и најголемите причинители за чувството на срам. Исто така, битките меѓу нас не се нешто непознато. Со таа мисла на ум ги одбравме и овие забавни фотографии што ни покажуваат дека браќата и сестрите се истовремено и благослов, но и клетва.rn

    1. „Пораките од брат ми“

    rn

    Мислам дека млекото се расипало
    rn

    2. „Мојата мајка ми кажа дека сестра ми ќе спие во мојата соба вечерва“

    rnrn

    3. „Со вереникот ги спакувавме сите продукти во фрижидерот на сестра му“

    rnrn

    4. „Мојот внук го залепи својот брат на скејтбордот на внука ми“

    rnrn

    5. „Побарав од брат ми да ми направи нешто за јадење, и го добив ова“

    rnrn

    6. „Му го подарив ова на брат ми кој ги обожава Foo Fighters“

    rnrn

    7. „Побарав од брат ми да не ми го изеде целиот путер од кикиритки и тој навистина се потруди“

    rnrn

    8. „Брат ми е посебен вид идиот“

    rnrn

    9. „Нема друг начин на кој можам да играм со сестра ми Нинтендо“

    rnrn

    10. „Кај и да е ќе ја предложам сестра ми за предизвикот ‘ледена канта’“

    rnrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

    10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личности

    Животот со браќа и сестри е навистина прекрасен. Секако дека постојат моменти кога се карате и не можете да се поднесете едни со други, но науката докажала дека браќата и сестрите со себе носат голем број здравствени придобивки. Имено, тие навистина можат да ве направат посреќни, поздрави и подобри личност. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…rnrn10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личностиrn

    1. Браќата и сестрите можат да ве направат среќни подоцна во животот

    rnПридобивките од тоа да се има брат или сестра стануваат видливи подоцна во животот. Истражувањата покажале дека блиската врска со браќата и сестрите за време на средовечните години од животот и староста го зголемува позитивното расположение и здравјето во целост. Освен тоа, ако постојано се поддржувате со вашиот брат или сестра, нема да бидете осамени во подоцнежниот период од животот.rn

    2. Разгледувањето стари заеднички фотографии може да ви го зголеми оптимизмот

    rnВеднаш најдете ги старите семејни албуми со слики! Истражувањата покажале дека носталгијата, односно разгледувањето стари фотографии од вас и вашите браќа и сестри, може да ви го зголеми оптимизмот и да има позитивно влијание на вашите емоции.rn

    3. Сестрите можат да ви го подобрат психичкото здравје

    rnСпоред едно истражување, здравата врска со вашата сестра без разлика дали е постара или помлада од вас, може да ве заштити од чувството на осаменост, вина, несигурност и страв во текот на адолесценцијата.rn

    4. Најмладите деца се позабавни и поголеми авантуристи

    rnЕдно истражување од 2015 година открило дека најмладите браќа и сестри во фамилијата имаат подобра смисла за хумор, додека, пак, постарите браќа и сестри се посериозни. Освен тоа, најмладите деца се пољубопитни и поотворени кон нови искуства.rn

    5. Најстарите браќа и сестри се поодговорни

    rnНајстарите браќа и сестри се попослушни и поодговорни за разлика од помладите. Тие исто така повеќе се фокусираат на семејните вредности и лојалноста. Тоа значи дека секогаш можете да сметате на вашите постари браќа и сестри, а ако вие сте најстарите тогаш знаете да преземете одговорност и многу сте лојални.rnrn10 начини на кои браќата и сестрите ве прават посреќни, поздрави и подобри личностиrn

    6. Средните браќа и сестри знаат како да го одржат мирот

    rnДосегашните истражувања покажале дека средните деца знаат да прават компромиси и преговори. Во 2010 години, една студија докажала дека средните деца се подруштвени и знаат како да се зближат и со постари и со помлади луѓе од нив. Ова откритие навистина има логика.rn

    7. Браќата и сестрите можат да ви го подобрат физичкото здравје

    rnНашите најблиски имаат најголемо влијание на нашите секојдневни навики поврзани со здравјето. Според едно истражување од 2011 година, 46% од испитаните луѓе од 12 различни земји верувале дека пријателите и семејството имале најголемо влијание на нивниот начин на живот, физичките активности и здравата исхрана.rn

    8. Дружењето со браќата и сестрите може да ви го намали стресот

    rnОва важи за луѓето кои ги сметаат нивните браќа и сестри за најдобри пријатели. Истражувањата покажале дека ако поминувате време со вашите сакани, ќе можете да се ослободите од стресот. Освен тоа, експертите тврдат дека браќата и сестрите особено можат да ве заштитат од негативното влијание на стресот за време на детството. Можеби шопинг со вашата сестра е токму она што ви треба во моментов!rn

    9. Браќата и сестрите можат да ви помогнат да живеете подолго

    rnВреди да создадете блиска врска со вашите браќа и сестри, бидејќи тоа се поврзува со долгиот животен век. Истражувањата покажале дека луѓето кои не се толку блиски со нивните браќа и сестри се изложени на поголем ризик од рана смрт (околу 7,5 години порано од предвиденото), за разлика од оние кои се многу блиски со семејството. Ова е така затоа што семејството и пријателите ве охрабруваат да се грижите за себе и ви пружаат поддршка кога вашето психичко и физичко здравје е загрозено.rn

    10. Ќе се чувствувате подобро ако им кажете колку ги цените

    rnКое било добро дело (во овој случај искажувањето благодарност) може да ве направи посреќни, но и да го подобри расположението на личноста на која сте ѝ покажале љубов и внимание.rnrnПогледнете ги и овие фотографии кои покажуваат колку е убаво да се има браќа и сестри.

  • 11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

    11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините

    Дали некогаш луѓето помислиле дека вашиот помал брат или сестра се ваши деца? Кога постои голема возрасна разлика меѓу браќата и сестрите, нормално е тоа што луѓето се збунуваат. Помеѓу повеќето браќа и сестри не постои толкава разлика во годините, што значи дека тие поминуваат горе-долу низ истите работи во животот. Но, кога случајот не е таков, нивната врска е поинаква. Ова се 11-те работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годините…rnrn11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годинитеrn

    1. Вашите помали браќа или сестри сте ги гледале како кукли

    rnТоа значи дека сте ги облекувале како што сакате, без воопшто да ги прашате. Сега не можете да го правите истото, но сигурно постојат фотографии кои служат како докази за тие убави времиња.rn

    2. Секогаш ги прашувате што значат најновите сленгови

    rnНе сте разбирале што значи „LOL“ или „YOLO“ додека не ви објасниле вашите помали браќа и сестри.rn

    3. Никогаш не се карате, бидејќи немате причина зошто да се карате

    rnНе ја носите истата облека, немате исти интереси и симпатии. Вие навистина немате за што да се карате!rn

    4. Многу ви било тешко да гледате телевизија заедно

    rnСега работите се сменети, но додека сте растеле, ретко кога ви се допаѓале истите емисии и цртани филмови. Сте морале да гледате „Телетабиси“ наместо „Млади бунтовници“ и тоа ве вадело од кожа.rn

    5. Сте научиле да давате одлични совети

    rnСо оглед на тоа што сте биле многу помлади или постари, сте можеле да понудите многу поразлична перспектива на работите од онаа на вашите браќа и сестри. Понекогаш на луѓето им е потребен совет од некој постар и поискусен, но понекогаш потребно е да се согледаат нештата од детски аспект. Секогаш можете да сметате едни на други без оглед на вашата разлика во годините.rnrn11 работи што ќе ги разберат само браќата и сестрите меѓу кои постои голема разлика во годинитеrn

    6. Сте се зближувале благодарение на вашите „смотани“ родители

    rnИ вие и вашите браќа или сестри сте се нашле во ситуација кога сте биле засрамени од вашите родители. Тие не ги разбираат најновите трендови и постојано се обидуваат да најдат начин да допрат до вас, но никогаш нема да успеат во тоа.rn

    7. Постојано слушате дека сте премногу стари или премногу млади

    rnДоколку вие сте постариот член во семејството, сигурно вашите браќа или сестри ве нарекувале „баба“ или „дедо“. Вие, пак, сте им велеле дека се бебиња и дека треба да „изедат уште многу фурни леб“ за да ве стигнат. И покрај сите закачки, јасно е дека не можете да живеете едни без други.rn

    8. Никогаш не се однесувате во согласност со вашите години

    rnАко сте постари, секогаш имате некој околу вас кој ве подмладува и тоа се вашите братчиња и сестричиња кои ве потсетуваат дека не треба да го сфаќате животот премногу сериозно. Доколку вие сте помладите, вашите постари браќа и сестри сигурно ви помагале да се однесувате позрело.rn

    9. Многу сте заштитнички настроени

    rnАко некој се обиде да ги повреди вашите браќа и сестри, вие веднаш заземате заштитнички став. А доколку не ги одобрите нивните љубовни партнери, на таа врска ѝ се гледа крајот.rn

    10. Понекогаш се чувствувате изгубено кога ќе ви ги кажат нивните интереси

    rnНемате поим зошто на вашите помали браќа или сестри им се допаѓаат новите бендови кои звучат како некој да дере мачки, а тие, пак, не можат да разберат што ви е толку интересно кај вежбањето јога. Навистина се трудите да се разберете едни со други, но тоа понекогаш едноставно не се случува.rn

    11. И покрај сите разлики, вие сте најдобри пријатели

    rnНе би ги менувале вашите браќа и сестри со ништо друго на светот, а знаете дека и тие се чувствуваат на истиот начин.rnrnВо продолжение прочитајте кои се 11-те нешта што само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат.

  • Вашиот редослед на раѓање ви открива две работи без кои не можете да живеете

    Вашиот редослед на раѓање ви открива две работи без кои не можете да живеете

    Во зависност од тоа кое дете по ред сте во семејството, вие имате различни приоритети, навики и желби. Освен тоа што овој редослед може да ви открие многу за вашиот карактер, исто така можете да дознаете и без кои работи не би можеле да живеете. Без разлика дали сте најстаро, средно или најмало дете, вие имате нешто без кое не можете да си го замислите животот. Погледнете за што станува збор.rnrnВашиот редослед на раѓање ви открива две работи без кои не можете да живеетеrn

    Најстаро дете: Релаксирање

    rn1. За разлика од вашите помали браќа или сестри, вие сакате да уживате во топла чаша чај или млеко. Затоа, сакате чаши со интересни дезени за дополнително уживање.rnrn2. Кога не сте расположени за чај, вие, како највозрасно дете, сакате да се одморите. Сакате да уживате во чаша добро вино, а исто така уживате да се релаксирате и во топла бања.rn

    Средно дете: Забавување со семејството

    rn1. Имате големо семејство и затоа никогаш не ви е досадно. Кога не озборувате или не се расправате, најверојатно гледате некој филм или серија. Токму затоа не можете да преживеете без компјутер или телевизор.rnrn2. Се разбира, колку и да се досадни вашите браќа или сестри, ги сакате и не можете да си го замислите животот без нив. Вие имате многу уникатни начини за комуницирање, што ви го прави животот уште позабавен.rn

    Најмало дете: Дружење со посебна личност

    rn1. Кога бевте мали, вашите браќа или сестри постојано се жалеа дека ги вознемирувате, па вие моравте да пронајдете пријатели на друго место. Токму затоа станувавте блиски со вашето милениче од детството. Потсетете се на тие денови така што ќе си подарите мало крзнено пријателче.rnrn2. Доколку сакате добро да спиете во текот на ноќта, тогаш обезбедете си удобна ноќна перница. Бидете креативни и пронајдете таква која ќе прави да се чувствувате дека покрај себе имате некоја личност. Дефинитивно ќе спиете подобро!

  • Овие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајка

    Овие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајка

    Во 1994 година, браќата Берт и Џон Џејкобс, кои денес се сопственици на мултимилионската компанијата „Life is Good“, добиле идеја која им го променила животот засекогаш. Имено, тие решиле да продаваат маици со куси ракави со нивен сопствен дизајн.rnrnОвие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајкаrnrnНивното патешествие не било воопшто лесно. Тие почнале со продажба на маици во нивното комбе на улиците на Бостон и стигнале до основање неверојатно успешна фирма. Но, тие веројатно никогаш не би успеале без нивната мајка Џоан која ги научила секогаш да ја гледаат позитивната страна на работите без оглед на сѐ.rnrnОвие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајкаrnrnЏон и Берт Џејкобс биле најмали од останатите 4 деца во семејството кое припаѓало на пониската средна класа. Кога браќата оделе во основно училиште, нивните родители доживеале ужасна сообраќајна несреќа. Мајка им успеала да се извлече со помали повреди, но татко им поминал многу полошо, односно неговата десна рака останала парализирана. Оваа трагедија многу влијаела на однесувањето на таткото. Тој станал нервозен и започнувал караници без никаква причина.rnrnНо, и покрај сите несреќи, мајка им сѐ уште верувала дека животот е убав. Секој ден кога целото семејство ќе се соберело на вечера, таа им поставувала на децата едно единствено прашање: „Кои убави работи ви се случија денес?“.rnrnОвие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајкаrn

    „Зборовите на мајка ми звучат едноставно, но веднаш ја менуваа енергијата во просторијата. Одеднаш сите почнувавме да зборуваме за најдобриот, најсмешниот или најчудниот дел од денот. Нашето семејство отсекогаш го имало овој оптимизам иако имавме многу малку други работи“, објаснува еден од браќата.

    rnОваа мајка ги научила нејзините синови дека оптимизмот е избор што го правиме секој ден. Берт и Џон го следеле ова просто правило целиот нивен живот. Тие почнале да ја влечкаат нивната облека по бостонските улици и по 5 години продавање маици имале само 78 долари во банка. Но, не се откажале. Тие постигнале огромен успех откако одново ја брендирале и основале нивната компанија и почнале да произведуваат маици со насмеани ликови и со реченицата „Животот е убав“ (Life is good).rnrnОвие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајкаrnrnОвој едноставен, но позитивен дизајн ги освоил срцата на многу луѓе и до крајот на годината „Life is Good“ продала маици во вредност од 87.000 долари. Денес, нивните маици, капчиња и други производи се продаваат во илјадници продавници ширум светот, а самата компанија, чија вредност изнесува 100 милиони долари, промовира здрав начин на живот. Исто како и пред 22 години, на поголемиот дел од нивните парчиња облека стои слоганот „Life is Good“. И мора да се согласите дека не можете да противречите на тоа: Животот е навистина прекрасен!

  • Братот или сестрата од спротивниот пол имаат големо влијание врз понатамошните љубовни врски

    Братот или сестрата од спротивниот пол имаат големо влијание врз понатамошните љубовни врски

    Борбата за кој ќе седи на предното седиште во автомобилот или кој ќе ја добие најголемата чаша сок сигурно се едни од најчестите сеќавања коишто ги делите со вашиот брат или сестра. Но, она од што повеќето од вас би можело да бидат изненадени е откритието дека овие навидум бесмислени расправии, на некој начин може да ве подготват за идните романтични врски. Всушност, видот врска којашто сте ја имале со браќата или сестрите од спротивниот пол, може да има влијание врз квалитетот и долговечноста на вашите љубовни врски во понатамошниот живот.rnrnrn

    Тинејџерска романса: Резултат од блиска врска со браќата/сестрите

    rnМожеби ќе треба да им се заблагодарите на вашите браќа или сестри за романтичната врска којашто сте ја имале во тинејџерските денови. Според едно истражување спроведено од страна на Сузан Е. Даути и колегите на Државниот универзитет во Пенсилванија, поврзаноста помеѓу браќата и сестрите може многу да влијае врз понатамошните љубовни односи.rnrnВо истражувањето биле вклучени личности коишто биле испрашувани за нивниот однос со браќата/сестрите, а по две години било проследено како тие односи се манифестирале врз нивните љубовни врски.rn

    Редоследот на раѓање може да влијае на вашата понатамошна љубовна врска

    rnСпоред едно истражување објавено во Списанието за личноста и социјалната психологија, доколку имате постар брат или сестра од спротивниот пол, голема е веројатноста дека ќе бидете повеќе поврзани со луѓето со спротивен пол од вашиот.rnrnВо истражувањето биле вклучени 40 личности од двата пола. Учесниците биле студенти коишто имале брат или сестра од спротивен пол. Во истражувањето бил разгледуван и редоследот на раѓање, па се покажало дека мажот којшто е роден прв се поврзува со жената којашто е родена прва и така натаму. Секој пар бил сниман за време на нивниот прв состанок, а потоа биле испрашувани.rnrnРезултатите покажале дека последно родените мажи зборувале речиси двојно повеќе и поставувале повеќе прашања отколку првородените. Исто така тие предизвикале повеќе погледи и разговори, додека пак последно родените жени имале повеќе веројатност да започнат разговор и повеќе предизвикувале насмевка кај мажите за разлика од првородените жени.rnrnВсушност, вашиот редослед на раѓање може да влијае на вашата понатамошна врска со спротивниот пол повеќе отколку што можете да замислите. Ако сте најмлади во семејството, може да ви биде полесно да го привлечете спротивниот пол.rn

    Фаворизирањето на братот или сестрата и вашата врска

    rnВо истражувањето спроведено и објавено од страна на Ејми Џ. Рауер и Бренда Л. Волинг од департманот за психологија при Универзитетот во Мичиген, било прикажано дека браќата и сестрите коишто се изјасниле дека добивале еднаков третман кон себе како своите браќа, имале повисоко ниво на самопочит и помало разочарување во љубовните врски, додека пак оние коишто искусиле различно внимание од родителите, биле повеќе негативни и имале понесреќна романтична врска.rnrnОва истражување опфаќало 200 млади луѓе. Резултатите покажале дека семејните односи и третманот врз браќата и сестрите од страна на родителите може да имаат големо влијание врз понатамошното однесување.rnrnrn

    Имањето повеќе браќа или сестри носи помали шанси за развод

    rnНови истражувања пак покажуваат дека колку повеќе браќа и сестри имате, толку е помала веројатноста понатаму да се соочите со развод. Дона Бобит Зехер, коавтор на истражувањето и асистент професор по социологија на кампусот Марион во Охајо вели:rn

    „Не е значајна само разликата дали сте сами или имате браќа или сестри. Очекувано е ако имате браќа или сестри, дека тоа ќе ви донесе искуство со личните врски, коешто пак ќе ви помогне во вашиот брак. Откривме дека тоа се менува со секој нареден брат или сестра. Да се има повеќе браќа и сестри значи повеќе искуство со други луѓе, што се чини корисно во справувањето со врските и со бракот во понатамошниот живот како возрасни.“

    rnСтудијата ги користела податоците од општото социјално истражување, каде што биле интервјуирани околу 57.000 возрасни од сите делови на САД помеѓу 1972 и 2012 година. Резултатите покажале дека секој дополнителен брат или сестра до околу седум членови обезбедува понатамошна заштита од развод.rnrnПа, доколку уживате во врската со вашиот партнер во животот, можеби е време да им се заблагодарите на вашите браќа или сестри!

  • Луѓето кои имаат помал брат или помала сестра се одлични пријатели

    Луѓето кои имаат помал брат или помала сестра се одлични пријатели

    Дали имате помлади браќа или сестри? Дали и вие сте пораснале на тој начин што сте морале да им помагате на вашите родители во грижата за нив? Секако, како дете ова можеби не ви се допаѓало, но како возрасни ќе сфатите дека тие ве научиле многу важна лекција. Честопати оние коишто се поголеми во семејството уште рано ја започнуваат својата родителска улога. Еве неколку заеднички карактеристики што ги делат луѓето кои имаат помали браќа или сестри.rnrnrn

    1. Тие се горди кога се грижат за другите

    rnПоголемите деца имаат обврска да се грижат за нивните помали браќа или сестри, а истото се одразува и во понатамошниот живот. Овие луѓе чувствуваат кога на другите им треба помош, па се горди кога може да ги преземат работите во свои раце.rn

    2. Тие се позрели од нивните врсници

    rnОд луѓето кои имаат помали браќа или сестри секогаш се очекува да се однесуваат позрело. Па, не ретко ваквите луѓе го критикуваат и незрелото однесување на своите пријатели, при што честопати може да бидат нарекувани како здодевни луѓе или уништувачи на забава. Да се биде постар брат или постара сестра значи да се стават на страна детските лудости и да се преземе посериозна улога.rn

    3. Тие се повеќе одговорни

    rnПостарите браќа или сестри речиси секогаш преземаат поголема одговорност во однос на помладите членови во семејството. Без разлика дали станува збор за играње или пак за нивно чување, постарите деца уште во рана возраст учат да ја преземат водечката улога. Затоа, најчесто овие личности се поодговорни во животот бидејќи кај нив е вметнато чувството на должност и обврска.rnrnrn

    4. Тие се лидери

    rnЛуѓето кои имаат помали браќа или сестри имаат тенденција да се однесуваат како родители. Тие најчесто нудат насоки и се вистински лидери. Овие особини ги прават овие личности одлични пријатели, коишто понекогаш може да дејствуваат заштитнички и да наликуваат на вашите мајки.rn

    5. Тие имаат високо ниво на самосвест

    rnЧестопати преземајќи ја улогата на старател уште од рана возраст, овие личности мора да развијат силна свест за другите, како и за работите коишто им се потребни. Поради ова, не двоумете се да им се обратите ним кога ќе имате тенки моменти.rn

    6. Тие се многу внимателни

    rnДа се биде постар брат или сестра значи да се биде премногу внимателен кон помалите членови. Затоа, кога станува збор за пријателството, овие луѓе се големи пријатели, токму поради тоа што тие уште од мали нозе научиле како да бидат внимателни и љубезни со останатите.