КАФЕ ПАУЗА

Tag: браќа

  • Кога сакаш да направиш нешто посебно за родителите…

    Кога сакаш да направиш нешто посебно за родителите…

    Овие пет браќа и сестри, по повод Божиќ, сакале да направат нешто посебно за своите родители. По долги дискусии и безброј идеи, тие решиле, иако се веќе големи, повторно да се однесуваат како деца и да рекреираат фотографии од детството. Иако идејата не е нова и е веќе видена, сепак резултатот од нивната реализација е одличен.rnrnКога сакаш да направиш нешто посебно за родителите... Кога сакаш да направиш нешто посебно за родителите...


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Браќа кои 30 години по ред се сликаат со Дедо Мраз

    Браќа кои 30 години по ред се сликаат со Дедо Мраз

    Сите дома имаме по некоја фотографија на која сме сликани со Дедо Мраз кога сме биле мали. Но, браќата Мајк и Мартин Греј, ова фотографирање го претвориле во традиција, па 30 години не пропуштиле ниту една Нова година, а да не се сликаат со Дедо Мраз.rnrnrnrnТрадицијата ја започнала нивната мајка, а сега тие не сакаат да ја прекинат. Пред раѓањето на Мартин, Мајк се сликал сам со Дедо Мраз, а од пред неколку години на фотографиите им се приклучиле и нивните деца. Навистина интересна традиција.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Детството на две јапонски братчиња

    Детството на две јапонски братчиња

    Јапонскиот фотограф и веб-дизајнер Хидеаки Хамада од Осака, ужива фотографирајќи ги неговите љубопитни слатки момчиња Хару и Мина, додека тие го живеат своето безгрижно детство. Овој многу горд татко прави фотографии од неговите деца уште од моментот кога тие пристигнале на овој свет. Постариот син Хару има 5 години, а помладиот Мина, 3 години. Од повеќе причини, тој решил да го документира нивниот живот и да ги сподели нивните лични моменти, со целиот свет.rnДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчиња
    rn

    Сакам да правам фотографии од моите деца, за тие да почувствуваат нешто кога ќе пораснат. Овие фотографии во иднина ќе бидат моите малечки подароци за моето семејство.

    rnДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчиња
    rn

    Лично, сметам дека дигиталните фотографии како материјал, се многу покревки во однос на печатените, но онлајн изразувањето нуди безброј можности. Ги поврзува луѓето низ целиот свет.“

    rnДетството на две јапонски братчињаНекои од фотографиите на Хидеаки, биле дел од неговата соло-изложба во галеријата „Синсевел“ во Тајван.Детството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаОдамна не сме сретнале татко кој го фотографира детството на неговите деца на толку сладок и оригинален начин. Со сличен тип фотографија се бави и Џејсон Ли, таткото кој прави креативни фотографии од неговите две ќеркички.rnДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаНавистина е прекрасно тоа што еден ваков горд татко, ги споделува скапоцените моменти од детството на неговите синови со светот, потсетувајќи нѐ нас како гледачи, дека треба да останеме љубопитни за животот и да ја продлабочиме почитта во врска со односите кои ги имаме со нашите браќа/сестри.rnДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчиња
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Постарите браќа и сестри се попаметни, но помладите поинтересни

    Постарите браќа и сестри се попаметни, но помладите поинтересни

    Чувањето повеќе од едно дете може да значи повеќе работа и обврски за родителите. Секоја мајка која пробала да го остави накратко едното дете, за да види дали на другото му треба нешто, го знае тоа. Но,  одлучувајќи да имате повеќе од едно дете, вие им овозможувате, да ја создадат најдолгата и најважната врска во нивниот живот. Според Џефри Клугер, автор на книгата: The Sibling Effect: What the Bonds Among Brothers and Sisters Reveal About Us, меѓусебниот однос на браќата/сестрите влијае на целиот нивни животен тек, уште од самото раѓање. Постарите браќа и сестри се попаметни, но помладите поинтересниrn

    Првороденото дете е попаметно

    rnПостарите деца имаат за 3 единици поголем коефициент на интелигенција од помладите, така што родителите не треба да се грижат доколку нивното помладо дете не ги добива сите 5-ки на училиште, како постариот брат/сестра. Клугер вели дека првородените деца имаат корист од целосното, неподелено внимание од страна на родителите, пред да се роди второто дете, а откако ќе се роди, учат доста работи, подучувајќи го помладото братче или сестриче.rn.rn

    Помладите деца повеќе сочувствуваат

    rnПостарите деца се можеби малку попаметни, но помладите полесно се прилагодуваат на другите луѓе. Зошто? „Постарите деца се најчесто физички поголеми и повеќе разбираат како функционира светот, така што нивната предност е тоа што се помоќни.rn.rn

    Помладото дете, мора да пронајде посуптилен начин за справување со луѓето околу него“ – вели Клугер. „Ако имате макар и мала способност за „читање“ на туѓите мисли, тоа е вашиот начин да го компензирате тоа што сте физички помали и послаби.“ Тој додава: „Не е случајност, тоа што повеќето комедијанти се помлади или најмлади деца во семејството“.

    rnПостарите браќа и сестри се попаметни, но помладите поинтересниrn

    Помалите обично бираат различни хобија или кариери од нивните постари браќа и сестри

    rnКлугер вели дека помладите деца обично се обидуваат да бидат различни од своите постари браќа и сестри, па затоа не треба да ве зачуди ако одберат да прават нешто друго во животот.rn.rn

    „Тие бараат нешто уникатно, кое ќе привлече 100% од вниманието на останатите луѓе“ – вели тој.rn.

    rn

    Помладите полесно се разболуваат

    rnТоа можеби е малку лошо, но не мора да значи, бидејќи така се зацврстува имунитетот кај детето.rn.rn

    Тоа не значи дека родителите повеќе му посветуваат внимание на здравјето на поголемото дете.“– вели Кругер.

    rnТој исто така потсетува родителите да ги вакцинираат своите помали деца навреме, бидејќи тие полесно ги фаќаат бактериите кои ги пренесуваат нивните постари браќа и сестри.Постарите браќа и сестри се попаметни, но помладите поинтересниrn

    Помладите го имитираат лошото однесување

    rnПомладите деца обично ги прибираат навиките од постарите, особено кога станува збор за лошото однесување на братот или сестрата. Доколку постарото дете пуши, шансите дека и помладото дете ќе пропуши се 4 пати поголеми. Кога станува збор за бременоста, доколку постарата сестра забремени на тинејџерски години, помалата ги зголемува своите шанси за повторување на постапката за 5 пати. Клугер советува дека треба да го научите постарото дете на добри манири, за потоа да немате проблем со помалото.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn