КАФЕ ПАУЗА

Category: Патувања

  • Истанбул како Париз

    Истанбул како Париз

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnСѐ повеќе богаташи од целиот свет го вртат погледот кон Истанбул. Наместо во Париз, тие одбираат да купат луксузен имот во метрополата над Босфор. А таму цените веќе ги достигнуваат оние во најскапите региони во француската престолнина.rnrnИстанбул како Париз
    rn

    „Истанбул веќе игра во истата лига со Париз и со Лондон“ – беа зборовите на Арман Јозвер, претставникот на Турција на „Сотбис Интернешнл Риjалти“.

    rnrnИ тој не зборува за фудбал, туку за пазарот на недвижности, односно за сегментот на луксузни живеалишта. А никој во турската метропола не го познава тој дел од пазарот подобро од него.rn
    rn

    „Пред неколку години не би можеле ниту да претпоставиме дека цените ќе се кренат толку високо за да можат да се мерат со оние во Париз и Лондон“ – вели Јозвер.

    rn

    „Еве ви и еден пример: Претставништвото на „Сотбис“ се наоѓа во една градба што датира од крајот на 19-ти век, во престижниот дел од Истанбул – Нишантаси. Сопственикот на соседниот имот, за него платил 2,5 милиони долари, но тоа било уште пред 7 години. Денес, истата куќа ја достигнува вредноста од 15 милиони долари“ – додава тој.

    rnИстанбул како ПаризИстанбул како Паризrn

    Што ги привлекува богаташите?

    rnВжештените цени на имотите се резултат на економскиот подем на Турција. Во последните 10 години, турската економија е во огромен пораст и сѐ повеќе ги збогатува турските милионери. На сметка на кризата што ја има зафатено целата ЕУ, Турција доживува неверојатен бум. Облакодерите во финансискиот кварт на турската метропола изгледаат како стаклени џинови, накитени со огромни плакати кои, поставени пред зградите во изградба, ги прикажуваат како идни канцеларии и банки.rnrnВо 2010 година турската економија забележува пораст од 8,9%, според податоците на локалните статистички институти. Со ова Турција го зазеде првото место во Европа, а од земјите во развој, Кина е единствената земја пред Турците.rnrnПостојано расте и побарувачката на имоти од богати странци. Според Јозвер, 90% од клиентите на „Сотбис“ денес се богаташи од регионот на Персискиот Залив. Другите се најчесто Руси.rnrnПричините за овој подем лежат во промената на имиџот на градот. Во последните неколку години, Истанбул прерасна во голем економски, финансиски и културен центар. Со помош на активната надворешна политика, владата на Ердоган успеа да ги отвори портите на Турција кон светот, а Истанбул со својата локација, како и со својот економски и културен потенцијал, ја доби главната улога во целиот процес.rnrnОколу Босфор, во последно време, никнуваат нови модерни конгресни центри и актрактивни хотели со пет ѕвезди, а градот се подготвува за новата улога како финансиски центар на Турција. Дел од причините за развојот на градот се и меѓународните здруженија, кои сакаат свои претставништва во Истанбул. Токму тие ја зголемуваат побарувачката на луксузни имоти. Најдоброто што градот може да им го предложи се големите летни резиденции веднаш до Босфор – таканаречените „Yali“. Сопствениците на овие резиденции се наследници на некогашната аристократија од времето на Отоманската Империја.rnrnОвие имоти не се појавуваат по сајтовите на агенциите за недвижности, туку сопственикот и клиентот се договараат лично, со посредство на агенцијата. Многу од клиентите се претенциозни: Јозвер како пример ја посочува последната зделка од 115 милиони долари за луксузна вила, која пропаднала само поради тоа што на купувачот (син на емир од држава во Персискиот Залив), дворот од 4 илјади квадратни метри му бил премногу мал!rnrnИстанбул како Паризrn

    Истанбул ќе го надмине и Париз?

    rnЕкспертите очекуваат цените на имотите во Истанбул да продолжат да растат. Во случај на криза во Европа и во САД, Истанбул изгледа како сигурно пристаниште за странските инвестиции. Покрај тоа, турската влада подготвува нов закон со кој ќе отпадне едно од основните ограничувања за купување имоти од странски државјани.rnrnСега во Турција имоти можат да купат само граѓаните на оние држави во кои е дозволено Турците да купуваат недвижности. Оваа исправка на законот ќе им ги одврзе рацете на богатите клиенти од арапскиот свет и од Русија.rn
    rn

    „А кога ќе дојдат клиентите, цените дури тогаш ќе експлодираат со што би ги надминале и оние во Париз“ – вели Арман Јозвер.

    rnrnИстанбул како Паризrn

    Градот околу Босфор расте и се збогатува

    rnИстанбул расте и се збогатува. Покрај овој факт премиерот Ердоган умешно се обидува да ги протне своите мегаломански проекти. Еден од нив предвидува изградба на нов проток, кој ќе го сврзе Црното со Мраморното Море.rnrnДури и самиот Ердоган овој проект го смета за „малку налудничава идеја“. Масовниот канал треба да биде изграден на стотина километри западно од Босфор, т.е. од другата страна на Истанбул. Со ова европскиот дел на најголемиот турски град ќе биде затворен помеѓу два канала или со други зборови – ќе стане остров.rnrnИстовремено, со овој проект се предвидени и изградба на два нови сателитни кварта во Истанбул, со кои ќе се овозможи место за уште 2 милиони жители. До едниот од овие квартови ќе се доаѓа преку мост – третиот мост над Босфор. Денес основниот сообраќај меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул се одвива на двата моста на Босфор, кои многу тешко се снаоѓаат со огромниот сообраќај во градот со петнаесет милиони жители.rnrnИстанбул како ПаризИстанбул како Париз
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемата затворена плажа во светот

    Најголемата затворена плажа во светот

    Вештачките плажи почнуваат да стануваат вистински хит во светот. На ваква плажа можеме да наидеме во Монако, Хонг Конг, Париз, Берлин, Ротердам, Торонто и на многу други места, но сепак најголемата, а можеби и најубавата се наоѓа во Мијазаки, Јапонија.rnrnНајголемата затворена плажа во светотrnrn„Seagaia Ocean Dome“ е вештачки затворена плажа долга 300, а широка 100 метри. Во неа има направено вулкан, плажа од вештачки песок на која има и вештачки палми, а за дождливите денови направен е најголемиот покрив на затворање, кој обезбедува сино ведро небо во секое време. Температурата на воздухот е постојано регулирана околу 30 степени Целзиусови, додека температурата на водата се движи околу 28 степени Целзиусови. Вулканот се активира на секои 15 минути и испушта огнени пламени на секој час, кога во океанот се прават огромни бранови за големо задоволство на сурферите. rnrnНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотrnrnОваа плажа може да пречека 10.000 туристи одеднаш, а интересното е тоа што вистинската плажа се наоѓа на само 300 метри од овој објект. Официјално е отворена во 1993 година, а најмногу посетители се забележани во 1995 година кога се избројани 1.25 милиони луѓе. Билет за возрасен чини околу 30 американски долари, додека за деца приближно 20.rnrnНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тробријански острови

    Тробријански острови

    Автор: Даниела РаденлиеваrnrnrnТробријанските острови се опишувани како место со прекрасни пејзажи и население со неверојатна култура, различна, но сепак воодушевувачка.rnrnТробријански островиТробријански островиТробријански островиrnrnТробријанските острови, денес официјално познати како островите Кирвина, се всушност корален архипелаг кој се простира на 450 километри квадратни и се наоѓаат покрај источниот брег на Нова Гвинеа.rnrnНаселението е главно составено од домородци кои се најчесто населени на главниот остров Киривина (па оттука и целата група е позната според нивното име) и нивната бројка изнесува приближно 12.000. Други попознати острови се Вакута, Китава и Каилеуна.rnrnДомородното население добива најголемо внимание од јавноста. Тоа живее на својот традиционален начин, има развиено посебен систем за сметање на времето и е предмет на истражување на многу социјални антрополози.rnrnТробријански островиТробријански островиТробријански островиrnrnЕден пример за разликата помеѓу нашата и нивата култура е начинот на јадење. Тие ручаат сами и што побрзо за во случај некој да ги набљудува. Јадејќи сами, Тробријанците својата порција храна директно му ја посветуваат само на своето срце, а стравот да не бидат набљудувани ги тера времето посветено на храната да биде минимално. Сепак, дозволено е да јадат бетелови ореви, што е причина забите често да им бидат обоени црвено.rnrnТробријански островиrnrnДруго карактеристично за нивната култура е почнувањето со еротски игри уште на седум или осум години и имитирањето на возрасните во нивното однесување за заведување. Веќе по пет, шест години почнуваат да си бараат партнери и многу често ги менуваат, а жените се исто толку наметливи и доминантни во потрагата по љубовник како и мажите. Ова однесување не само што е прифатливо, туку и охрабрувачко.rnrnТробријански островиТробријански островиТробријански островиТробријански островиТробријански острови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кели Муту – Езера каде почиваат душите

    Кели Муту – Езера каде почиваат душите

    Жителите на Флорес, велат дека душите на врачевите живеат високо во планините на нивниот остров во Индонезија, во езерото каде водата е црна. Блиското зелено езеро е дом за грешните души, а душите на децата и девиците почиваат во езерото со светлозелена боја.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrnНа висина од над 1.600 метри, во кратерите на Кели Муту, кој претставува еден од многубројните згаснати вулкани на овој индонезиски остров, се наоѓаат овие три езера. На островот има и 14 активни вулкани, а и земјотресите се честа појава.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrnСамите езера со неверојатни бои претставуваат доволно изненадување, но со нив е поврзана и приказната дека не толку одамна нивните води биле поинаку обоени – со црна, кафена и сина боја. Во 60-те години на 19 век имале боја на бело кафе, црвено-кафеава и сина боја, а триесет години пред тоа имале бои слични на денешните.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrnНикој не ја открил причината зошто овие езера се вака обоени, ниту пак зошто им се менува бојата. Тие таинствено лежат во кратерите што некогаш биле жешки, а непознати процеси ја диктираат нивната следна промена на бојата.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поплавената пустина во Бразил

    Поплавената пустина во Бразил

    Националниот парк „Lençóis Maranhenses“ се наоѓа во североисточниот дел на Бразил и претставува едно од најуникатните места на планетата. Огромниот предел од околу 1.000 квадратни километри е пустина со ситен бел песок, во која има безброј прекрасни оази.rnrnПоплавената пустина во БразилrnrnБидејќи се наоѓа во непосредна близина на амазонскиот базен, регионот е погоден од редовната дождлива сезона во почетокот на годината. Водата од дождот се акумулира во долините помеѓу песочни дини и формира јасно сини и зелени лагуни, кои се најголеми во периодот помеѓу јули и септември. Иако езерата ги нема во поголемиот дел од годината, сепак во нив можат да се забележат голем број риби, бидејќи нивните јајца од реката ги носат птиците.rnrnПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилrnrnМестото е создадено пред неколку илјадници години, како резултат на таложење на песокот кој го носел ветрот од реките во близина. Најдобар период за посета е периодот од мај до септември, кога времето е топло, а езерата полни.rnrnПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во БразилПоплавената пустина во Бразил
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

    Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

    Архипелагот Лофотен во Норвешка се наоѓа северно од Арктичкиот круг. Сепак, во текот на годината има температури кои се косат со неговата местоположба. Тоа е така поради најголемата позитивна температурна аномалија поврзана со географската ширина. Тоа го прави Лофотен – Арктички рај. Бидете подготвени. Ова место го одзема здивот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnТука можете да најдете безброј видови морски птици, како што се морскиот орел, кормораните и пафините. Видрите се вообичаени жители на островот, а од рибите најзастапен е лосот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnДоселениците на еден од островите, му го дале името Лофотен што значи „стапалото на рисот“. Друг остров бил крстен „стапалото на волкот“, а всушност, од птичја перспектива овие острови навистина наликуваат на стапките од овие животни. Но сепак, целиот архипелаг се вика Лофотен и е област во норвешкиот Нордланд.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnБлагодарејќи на климата, Лофотен е центар на риболовците на бакалар векови наназад. Ваган е првиот забележан град во северна Норвешка кој исто така бил Викиншки град. Луѓето се привлечени кон Лофотен поради неговиот прекрасен морски живот. Бакаларите, кои мигрираат од Баренцовото море, доаѓаат во Лофотен да се мрестат и од неодамна тоа е главен профит во рибарската индустрија. Со векови, Норвешка е најголемиот извозник на бакалар од Северна Европа.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотенските планински врвови сигурно не наликуваат на стапало од рис. Тие се нарекуваат Лофотенски ѕидови кои, гледани од птичја перспектива, ги покриваат останатите врвови зад нив. Всушност, поставеноста на врвовите кои се 1.100 метри високи, е таква што тие ги преградуваат сите острови во архипелагот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnОна што ја создава аномалијата на Арктичкиот круг се многубројните заливски потоци кои се под влијание на Норвешката струја и Северноатлантската струја. Глетката на реки и поточиња ќе ве натера да се запрашате дали сте навистина во Арктичкиот круг, бидејќи кога ќе се спомне самото име, веднаш помислуваме на снег и неверојатно ладни зими.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnОвие прекрасни острови изобилуваат со природни богатства, но сепак, нивната репутација не е глобална. Планините со издолжените врвови изгледаат дури и нереално. Нема да се изненадите ако некој од локалните жители се претвори во хобит :)rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотен има и убави плажи, но капењето во овие води може да биде опасно поради морските струи. Сепак, во близина на брегот, водите се прилично мирни.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnАрхипелагот е најсеверното место во светот каде годишните температури се над нулата. Во јануари, во просек е -1 степен, а во летните месеци просечните температури се 13 степени Целзиусови. Најтоплата температура измерена тука е 30,4 степени. Не е премногу топло, но земајќи предвид каде се наоѓа….rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛофотен е толку далеку на север што може да го искусите и полноќното сонце. Секоја година од 26-ти мај до 17-ти јули, сонцето е над хоризонтот 24 часа на ден, односно никогаш нема потполна ноќ. За разлика од тоа, во зимските месеци од 9-ти декември до 4-ти јануари е целосно темно. Оваа состојба не е идеална за да биде место на живеење, па така ова е еден од недостатоците на овие острови.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnЛогично, овој архипелаг е под заштита на UNESCO, а тимот на National geographic го рангираше трет на листата на најубави острови во светот.rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrnВо просек има по 100.000 туристи во текот на годината, што е релативно малку за ваква убавина. Но, прашањето е: Дали би сакале да го поделите ова волшебно место со останатиот свет?rnrnЛофотен - аномалијата на Арктичкиот кругrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најубави есенски дестинации низ светот

    10 најубави есенски дестинации низ светот

    Немојте да жалите поради крајот на летото. Есента е волшебна и нуди огромен број предели и градови кои можете да ги посетите и да уживате во нивната природа. Од убави зелено-жолти шуми до „страшни“ фестивали. Еве ја листата на топ 10 најубави есенски дестинации.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    1. Долината Дуеро, Португалија

    rnМногу делови од Европа, во есен се привлечни туристички дестинации. Високо на оваа листа се наоѓа и долината Дуеро. Таа е една од ретките места во светот каде виното сè уште се добива со гмечење со нозете. На крајот на септември и почетокот на октомври може да бидете дел од локалните манифестации кои се одржуваат во чест на виното. Местото располага со прекрасна природа, речната долина е опкружена со зелени ридови кои ви нудат мир, тишина и спокој.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    2. Големиот Кањон Ксихаи, Кина

    rnНеодамна отворен за туристи, овој кањон со извонредна природна убавина може да ви биде прекрасно есенско доживување. Овие карпести предели, честопати опкружувани со магла, беа најголемата чувана тајна на Кина. Со својата мистериозна убавина, старите борови, стрмни планини и необични карпести формации, Ксихаи се нарекува и „Магичната живописна област“. Есента е најдобро годишно време за да се посети овој кањон. Менувањето на бојата на лисјата уште толку го прави овој предел помагичен.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    3. Њу Форест, Англија

    rnАнглија е земја која има прекрасни шумски предели во изобилство. Њу Форест е меѓу најубавите, а се наоѓа во Југоисточна Англија. Во овој период од годината таа „гори“ со своите бои. Њу Форест е рај за пешаци и велосипедисти. Има долги патеки ослободени од метеж, фини местенца за пикник, традиционални англиски пабови, продавници за чај и секако, прекрасна природа од која ќе ви застане здивот. Ако ја посетите шумата Њу Форест, не пропуштајте ги малите шумски коњчиња кои скитаат слободни низ овие шуми.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    4. Фестивалот за Денот на мртвите, Мексико

    rnДенот на мртвите не е толку страшен фестивал, како што би си помислиле. Всушност, овој колоритен мексикански празник е доста весела и фина прослава. Се одржува на 1 ноември, а воедно е и католички празник. На овој ден се собираат семејството и блиските и се сеќаваат на нивните починати, а од друга страна, го празнуваат животот. На овој фестивал се украсуваат улиците, се бојат скелетни фигури, се осветлуваат гробиштата со цветни светилки. Исто така, има голем број паради, придружени со мексиканска музика и традиционална храна.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    5. Вирџинија, Америка

    rnЕсента е совршен период за да ја посетите оваа американска држава. За почеток, има удобна клима и ќе имате шанса да го проследите менувањето на бојата на лисјата од зелена во златно-жолта. Вирџинија располага со густи шуми, убави плажи како и некои од најстарите градови во Северна Америка. За уникатен есенски одмор, можете да изнајмите воздушен балон и да летате над убавите природни предели или пак да го посетете крајбрежјето. Нема да зажалите.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    6. Октоберфест, Германија

    rnОвој познат фестивал на пивото се одржува секоја година од 17 септември до 3 октомври во Минхен. Оваа 16-дневна прослава е широко позната низ Европа по своите уникатни конобарки и огромниот спектар на пива. Октоберфест, првично бил еднодневна прослава по повод женидбата на принцот Лудвиг, но станал толку популарен што денес претставува мајка на сите пивски фестивали.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    7. Есенскиот фестивал во Куала Лумпур, Малезија

    rnОвој фестивал се празнува на 15-тиот ден од осмиот месец во кинескиот календар и всушност претставува годишна прослава за главниот град на Малезија. Овој фестивал уште се нарекува и „Mooncake“, бидејќи главна дејност е печењето колачи во сите облици и големини, кои се раздаваат низ народот. Овој ден е познат по прекрасните фенерски поворки, убаво украсените паркови и општата веселба.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    8. Швајцарија

    rnОваа централна европска земја, средиштето на Алпите, е волшебна дестинација за кој било период од годината. Но, во есен се случува магијата. Тие прекрасни планински предели, кои ја менуваат бојата се како бајка. Во есен, во Швајцарија можете да посетите многу градови кои изобилуваат со есенски фестивали. Жетвата тука се слави во голема мера и ако ја посетите оваа земја може да налетате на саеми на костени, најразлични улични прослави кои се проследени со уникатни костими изработени од кожи и мов.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    9. Даблин, Ирска

    rnЕсен е одлично време да го посетите и Даблин, со оглед на тоа дека градот е ослободен од големиот број туристи кои го посетуваат во текот на летото. Пабовите и фините меани ви нудат порелаксирана атмосфера за уживање. Ако планирате да го посетите Даблин околу празникот „Ноќ на Вештерките“, нема да згрешите. Всушност, се верува дека легендата за овој празник потекнува од Ирска, па секоја година се празнува во Даблин. Улиците на овој град се преполни со луѓе маскирани во страшила, духови како и митски ирски суштества.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrn

    10. Нова Англија, Америка

    rnНиедна листа за топ 10 есенски дестинации нема да биде комплетна без да се спомене Нова Англија. Ова е прекрасно место исполнето со шуми и ливади кои ве исполнуваат со свежина и комфор. Можете да пешачите, да возите велосипед или едноставно, да уживате во она што оваа природа го нуди.rnrn10 најубави есенски дестинации низ светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали е ова најкривата улица во светот?

    Дали е ова најкривата улица во светот?

    Улицата Ломбарт во Сан Франциско, Калифорнија, лоцирана во соседството Руски рид помеѓу улиците Хајд и Левенворт има осум остри кривини, поради кои таа ја заслужила придавката најкривата улица во светот. Ваквата необична изградба на патот била неопходна од безбедносни причини, поради големата стрмност на ридот, по кој повеќето возила не можеле да се искачат.rnrnДали е ова најкривата улица во светот?rnrnИнтересно е тоа што оваа улица е еднонасочна во правец надолу. Искривениот дел од улицата е долг 400 метри и е поплочен со црвени бекатонски плочки. Максималната дозволена брзина на возење по кривините изнесува 8км/ч.rnrnДали е ова најкривата улица во светот?rnrnЕдни од најскапите имоти во Сан Франциско, лежат токму на улицата Ломбарт. Ова соседство поседува грандиозни резиденции, што е причина плус за секојдневниот порој од туристи на оваа уникатна уличка. На пролет и во текот на целото лето, улицата Ломбарт е разнобојна, благодарение на прекрасните расцутени цвеќиња засадени покрај секоја од осумте кривини.rnrnДали е ова најкривата улица во светот?Дали е ова најкривата улица во светот?rnrnНо, интересно е тоа што улицата Ломбарт не е најкривата улица во светот. Таа не е дури ни најкривата улица во Сан Франциско. Честа ѝ припаѓа на улицата Вермонт, која се наоѓа помеѓу 20-та и 22-та улица во соседството Портеро Хил. И покрај тоа што Вермонт технички е покрива улица од Ломбарт и интересна сама по себе, таа сепак ја нема популарноста и визуелната убавина на Ломбарт, на која секој посетител, додека е таму, не пропушта да направи неколку фотографии.rnrnДали е ова најкривата улица во светот?Дали е ова најкривата улица во светот?Дали е ова најкривата улица во светот?

  • Водопадот што паѓа во пештера

    Водопадот што паѓа во пештера

    Водопадот Батар се наоѓа во Либан и е откриен во 1952 година. За него може да се каже дека е повеќе од невообичаен. Ако се вели дека водопадите си имаат свои трикови, Батар има извонреден трик: водата паѓа 255 метри во огромна пештера која датира од времето на диносаурусите.rnrnВодопадот што паѓа во пештераrnrnОвој водопад е лоциран на планината Траил, а амбисот во кој паѓа се нарекува „бездната на трите моста“. Своето име го добил заради тоа што за да се стигне до неа се поминува преку три природно настанати моста. Бидејќи висината на овие мостови е голема, имало предлог да се изработат заштитни огради и да се користи опрема при шетање покрај водопадот. За среќа, властите на Либан ја отфрлиле таа идеја бидејќи секоја додатна заштитна опрема би ја деградирала оваа најзабележителна геолошка формација.rnrnВодопадот што паѓа во пештераВодопадот што паѓа во пештераrnrnДенот на откривањето на оваа пештера е ден за помнење, денот кога францускиот био-спеолог ја откри оваа извонредна дупка. Чудно е колку време било потребно да се пронајде оваа природна убавина со оглед на тоа дека е многу блиску до селото Balaa и градот Tannourine.rnrnВодопадот што паѓа во пештераrnrnМожеби, бидејќи е затскриена во убавите планини и поради волшебниот поглед кој ќе ве обземе одејќи низ ливадата, никогаш не би претпоставиле што се крие на крајот на прошетката. Истата година локалната патрола го испитала дното на пештерата, но дури после 30 години е забележано ова место на мапа.rnrnВодопадот што паѓа во пештераrnrnЈура-варовникот на дното на пештерата е стар повеќе од 160 милиони години. Формирањето на овие варовници е од витално значење за локалитетот. Постојаното присуство на вода низ милениумите, допринело за добивање на формата која пештерата ја има денес.rnrnВодопадот што паѓа во пештераrnrnНајвисокиот мост настанал прв, а потоа со серија циркуларни и вертикални ерозии во комбинација со распаѓање на карпите настанале средниот и долниот мост. Дури и денес не се знае целосно за настанувањето на пештерската дупка, но нема ни да се дознае, сè додека тече вода во неа. Најдеструктивни се зимските мразулци, кои кога снегот се топи, предизвикуваат отцепување на крупни делови по ѕидовите на пештерата.rnrnВодопадот што паѓа во пештераrnrnНа самиот локалитет има знаци кои им укажуваат на туристите да бидат внимателни и да не се приближуваат премногу по ивицата, бидејќи тлото е лизгаво и може да дојде до паѓање во бездната, повреди и смрт. Исто така, шетањето по средишниот мост е забрането бидејќи е најнесигурен и има опасност од рушење земајќи ја предвид додатната тежина од туристите. Времетраењето на овој прекрасен локалитет може само да се претпостави со оглед на секојдневните ерозии кои се случуваат. Па затоа, ако некогаш патот ве води накај Либан, посетете го овој водопад додека е сè уште таму. Нема да зажалите.rnrnВодопадот што паѓа во пештераrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сензационалните Хималаи

    Сензационалните Хималаи

    Хималајскиот планински венец (името значи „дом на снегот“) се простира низ Азија и претставува дом на највисоките светски врвови, Монт Еверест и К2. Во овој планински масив влегуваат повеќе од 100 планини кои се повисоки од 7.200 метри.rnrnСензационалните ХималаиrnrnГлавниот Хималајски венец се простира од запад кон исток, од долината на реката Индус до долината на реката Брахмапутра, притоа формирајќи лак долг 2.400 километри, кој во ширина варира од 400 до 150 километри.rnrnСензационалните ХималаиrnrnНекои од главните светски реки извираат од Хималаите, а низ нивното течение, вкупно собрано, живеат околу 3 милијарди луѓе во 18 земји (скоро половина од светската популација). Хималаите имаат и големо влијание врз културата во Јужна Азија, бидејќи голем број од врвовите се свети во хиндуизмот, будизмот и сикизмот.rnrnСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните ХималаиСензационалните Хималаиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.