КАФЕ ПАУЗА

Category: Добро е да се знае

  • Што открива движењето на очите?

    Што открива движењето на очите?

    Можат ли очите да откријат дали некој лаже или ја кажува вистината? Во криминалистичките филмови и ТВ серии, еден поглед може да го реши злосторството. Сепак, во реалноста, техниката на „читање“ на погледот е корисна, применлива и понекогаш точен показател за вистината.rn

    Следува еден шаблон кој покажува какво значење има секој конкретен поглед.

    rn

    Што открива движењето на очите?

    rn

    Гледајте во цртежите како да гледате во друга личност (левото е ваше лево и обратно). Значењето на опишаните погледи важи за луѓе кои работат со десна рака. За левучари, толкувањето е обратно.

    rn

    Што открива движењето на очите?

    rn

    Горе-лево: Визуелно конструирање слики (ВКС)

    rnЗначење: личноста си замислува (визуелизира) одредена сликаrnrnПример: Некому му велите: „Замисли како би изгледал Цацко кога би бил слаб.“ Тој си го визуелизира ова во главата, ја конструирате таквата слика и притоа неговите очи се придвижуваат кон горе лево.rnrnШто открива движењето на очите?rnrnГоре-десно: Визуелно потсетување (ВП)rnrnЗначење: личноста се потсетува на некоја слика која ја има видено во минатотоrn

    Пример: Прашувате некого каква фризура имал пред 4 години, а тој ги придвижува очите кон горе-десно додека се присетува на таа слика од минатото.

    rn

    Што открива движењето на очите?

    rn

    Лево: Аудитивно конструирање (АК)

    rnЗначење: личноста си замислува (креира) некој звук во главатаrnrnПример: Ако некому му кажете да си замисли како би звучел најсилниот звук што тој би можел да го произведе со викање, тој ќе си го конструира ваквиот звук во главата, кој не му е познат од порано. Додека трае конструирањето на звукот во мислите, очите се придвижуваат кон лево.rnrnШто открива движењето на очите?rnrnДесно: Аудитивно потсетување (АП)rnrnЗначење: личноста се обидува да се присети на некој конкретен звукrnrnПример: Ако прашате некого како оди некоја песна, тие ќе го свртат погледот кон десно додека се присетуваат на мелодијата која им е позната.rnrnШто открива движењето на очите?rnrnДолу-лево: Кинестезија/Чувствување (К/Ч)rnrnЗначење: личноста се обидува да се присети на некоја миризба, чувство или вкусrnrnПример: Кога со некој разговарате за вкусни јадења кои сте ги пробале минатото лето на одмор, тој се присетува на вкусот на морските школки додека зборувате за нив, притоа движејќи ги очите надолу, кон лево.rnrnШто открива движењето на очите?rnrnДолу-десно: Аудитивен внатрешен дијалог (АВД)rnrnЗначење: личноста си зборува сама со себе во главатаrnrnПример: Гледате како некој е длабоко замислен и си води дијалози во својата глава.rnrnШемата за толкување на погледите не е применлива за секој човек. За да добиете подобри резултати во толкувањето, најдобро прво поминете некое време со личноста, пред да ги оценувате нејзините изјави.rn

    Вежбајте со вашите блиски роднини и пријатели. Со оглед на тоа дека добро ги познавате, ќе бидете во можност да направите подобра проценка.

    rn

    Што открива движењето на очите?

    rnrn

    Како ова може да ви помогне?

    rn

    1) За да дознавате на што мислат луѓето

    rnНа пример, ако некој гледа долу-десно, можете да претпоставите дека тој води интерен дијалог во својата глава, па можете да го прашате за што размислува, со цел да му помогнете. Ако некој погледне нагоре, лево или десно, ќе знаете дали се обидува да се сети.rn

    2) Откривање лаги

    rnАко прашате некоја ваша блиска личност, на пример вашето момче или девојка, каде бил/а излезен/а претходната вечер и тој/таа погледне нагоре кон лево, ќе знаете дека не се присетува, туку моментално конструира слика за тоа, додека ви го дава одговорот.rn

    3) Замаскирајте ги вашите мисли

    rnАко знаете што значат движењата на очите, можете да го совладате и нивното контролирање, со цел да не ја откривате вистината во ситуации кога преферирате да не бидете „прочитани“ од погледот.rnrnИмате ли уште некоја добра идеја за примена на овој модел? Дали луѓето лесно ве откриваат кога лажете или пак вие сте махери за тоа?

  • Ѕидот посветен на Џон Ленон

    Ѕидот посветен на Џон Ленон

    Дали сте знаеле дека во Прага, Чешка постои ѕид посветен на големиот Џон Ленон? Овој некогаш обичен ѕид, во 80-тите години од минатиот век почнал да се преплавува со графити, пораки и стихови од песни на Битлси, па оттогаш претставува свето место за неговите фанови.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонrnrnВо 1988 година ѕидот претставувал место за искажување револт против режимот на Густав Хусак. Ова искажување на незадоволството подоцна довело до судир помеѓу стотици студенти и полицијата на „Карловиот мост“. Подоцна ова движење на младите студенти, од страна на властите иронично било наречено „Ленонизам“, претставувајќи ги овие млади луѓе како  алкохоличари, ментално заостанати, социопати и агенти на западниот капитализам.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонrnrnСкоро сите посетители на ова место оставаат своја порака на ѕидот. Сепак, 90% од пораките не се поврзани само со Ленон, туку со  Битлси воопшто. Тажно е само тоа што ѕидот постојано се обновува и старите пораки веќе не се видливи. Сепак, луѓето секогаш смислуваат нешто креативно кое останува да инспирира, а многумина се навраќаат за да се потсетат и да ги видат новите работи.rnrnЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон ЛенонЅидот посветен на Џон Ленонrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто го сакаме летото?

    Зошто го сакаме летото?

    Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветаните градини, разиграните облачиња, секси здолништа, апостолки што шлапкаат по асфалтите и дигаат прав по песочните плажи… Ах, колку многу причини има да се сака летото… Секое годишно време има свои предности и носи различни убавини, но додека трае летото, треба максимално да уживаме во него бидејќи ќе мине за миг. Како се доживува летото?rn

    Летото е како…

    rn

    Лето
    цвет кој ја видел убавината на денот
    rnrn
    Лето
    бавчи полни со црвени овошки на зелени дрвја
    rnrn
    Лето
    нешто суво, жешко, жолто…
    rnrn
    Лето
    добра топка сладолед во корнет
    rnrn
    Лето
    магичен одблесок на сончевите зраци од водените површини
    rnrn
    Лето
    бесконечна игра – прскање во вода и со вода
    rnrn
    Лето
    читање добра книга на раат
    rnrn
    Лето
    забава за сите кои знаат како да се забавуваат
    rnrn
    Лето
    многу денови поминати високо во воздухот
    rnrn
    Лето
    залез на сонце кој не сакате да го пропуштите
    rnrn
    Лето
    скокање во вода
    rnrn
    Лето
    детска радост
    rnrn
    Лето
    облаци кои играат на небото
    rnrn
    Лето
    разлеани капки вода кои танцуваат под сончевите зраци
    rnrn
    Лето
    крајбрежје, вода, песок, плажа…
    rnrn
    Лето
    свежи краткотрајни дождови
    rnrn
    Лето
    момент за семејството
    rnrn
    Лето
    капка роса на тревата
    rnrn
    Лето
    природата насликана со весели бои
    rnrn
    Лето
    одмор на планина
    rnrn
    Лето
    романтична средба под отворено небо
    rnrn
    Лето
    топол поглед
    rnrn
    Лето
    страстен бакнеж
    rnrnШто е за вас летото? Што го прави ова годишно време незаборавно во вашиот живот? rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистеријата зад феноменот дежаву

    Мистеријата зад феноменот дежаву

    Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.rnrnМистеријата зад феноменот дежавуrnrnСамиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.rnrnНаучниците имаат голем проблем да откријат зошто се случуваат ваквите состојби кај луѓето бидејќи тие доаѓаат неочекувано и не можат вештачки да бидат предизвикани. Сите што имаат искусено дежаву, велат дека тоа е чувство, кое им дошло од никаде и дека не траело многу долго. Па, дури и со најнапредните техники за скенирање на мозокот и други истражувачки методи, научниците и понатаму се мачат да го објаснат овој феномен.rnrnМистеријата зад феноменот дежавуrn

    Што со сигурност знаеме за состојбата дежаву?

    rn1) Епилептичарите често доживуваат интензивно чувство на веќе видени ситуации непосредно пред да добијат напад. Поради ова, научниците шпекулираа дека причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, ова објаснување не ја исцрпува мистеријата во целост.rnrn2) Дежаву најчесто доживуваат луѓето на возраст помеѓу 15 и 25 години, но може да се искуси на секоја возраст, а честотата варира од човек до човек.rnrn3) Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.rnrnДруга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.rnrnНекои психијатри го припишуваат чувството на неусогласеноста во мозокот што предизвикува грешење на минатото и сегашноста. Многу парапсихолози веруваат дека доживувањето на ваквата состојба е поврзана со искуства од минатите животи.rnrnШвајцарскиот научник Артур Функхаузер, пак, разликува различни искуства при состојба на дежаву, на пример, веќе видено, веќе доживеано и сл.rnrnКако и да е, чувството кога доживувате дежаву е необично и интересно. Се надеваме дека спаѓате во оние 70% бидејќи дефинитивно, состојбата на дежаву е нешто поразлично од секое друго човечко искуство. Истражувањата на темата продолжуваат.rnrnЖамеву(jamais vu) е состојба која е спротивна од состојбата на дежаву. Таа подразбира непријатно чувство на доживување некоја ситуација за првпат, и покрај рационалното сфаќање дека ситуацијата е порано искусена. Личноста моментално не препознава некој збор, место или нешто друго што таа вообичаено го знае.rnrnОвие две состојби често се ставаат во иста група со уште една, прескву (presque vu) или состојба на скоро видено. Ова претставува феномен на неможност за враќање на некој збор од меморијата во комбинација со парцијално присетување и чувство дека враќањето од меморија неизбежно ќе се случи. Народски при оваа состојба често велиме дека нешто ни е на врв на јазик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музејот на Шерлок Холмс

    Музејот на Шерлок Холмс

    Музејот на Шерлок Холмс е всушност куќата на легендарниот фиктивен детектив од приказните напишани од Сер Артур Конан Дојл, која се наоѓа во Лондон. Според авторот, Шерлок Холмс и докторот Џон Ватсон  живееле на адреса „Baker Street“ 221б во периодот помеѓу 1881 до 1904 година.rnrnМузејот на Шерлок ХолмсrnrnВо музејот на првиот кат се наоѓа продавница за сувенири, која е преполна со многу интересни и инспиративни подароци. Можете да купите качкет, луле, приврзоци, мали сувенири со ликовите и слично. На вториот кат од музејот се наоѓаат собата на Ватсон, канцеларијата на Шерлок Холмс и  дневната соба. На третиот кат има восочни фигури од сите ликови, прикажани преку некои сцени од книгите.rnrnМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок ХолмсМузејот на Шерлок Холмсrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Значењето на боите околу нас

    Значењето на боите околу нас

    Секоја боја околу нас има свое значење и ни буди различни чувства. Добрата комбинација од бои, често може да се покаже како клучна за успех при работата, уредувањето на домот, промовирањето на некое добро или услуга и слично. Која боја вам ви е омилена?rnrnЗначењето на боите околу насrnrnЦрвената е бојата на огнот и на крвта, па токму затоа таа асоцира на енергија, војна, опасност, сила, моќ, одлучност, страст, копнеж и љубов.rnrnЦрвената е емотивно интензивна боја. Таа го забрзува човечкиот метаболизам и дишењето и го зголемува крвниот притисок. Таа има голема видливост, па токму затоа сообраќајните знаци, семафорите и противпожарните апарати ја содржат токму неа. Во хералдиката, црвената се користи за означување храброст. Оваа боја се наоѓа и на многу национални знамиња.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnЦрвената ги поставува текстот и сликите во преден план. Може да се користи за да се акцентираат некои работи, кои можат да го натераат човекот да донесе некои брзи одлуки, како на пример „Купи сега“ или „Кликни тука“. Во маркетингот, црвената боја најчесто се користи да пробуди еротски чувства. Црвената боја својата најширока примена ја наоѓа во обележувањето на нешто што е опасно. Исто така, таа се применува и за асоцирање на енергија, па така може да се користи за промоција на енергетски пијалаци, игри, автомобили и друго.rn

      rn011

    • Светло-црвена: радост, сексуалност, страст, чувствителност и љубов
    • rn011

    • Розова: романтика, љубов, пријателство, женски квалитети и пасивност
    • rn011

    • Темно-црвена: енергија, волја, бес, лутина, лидерство, храброст, тага, злоба и гнев
    • rn011

    • Кафеава: машки квалитети и стабилност
    • rn011

    • Црвено-кафеава: жетва и есен
    • rn

    rnПортокаловата ја комбинира енергијата од црвената и среќата од жолтата. Таа се поврзува со радост, сонце и тропски предели. Портокаловата боја претставува ентузијазам, фасцинација, среќа, креативност, решителност, атракција, успех, охрабрување и поттикнување.rnrnВо човечките очи, портокаловата е многу жешка боја, па така му дава чувство на топлина. Сепак, портокаловата не е толку агресивна како црвената. Портокаловата боја го зголемува нивото на кислород во мозокот, произведува заживувачки ефект и ја стимулира менталната активност. Таа е мошне прифатлива помеѓу младите луѓе. Како цитрусна боја, портокаловата се поврзува со здрава храна и таа го стимулира апетитот. Портокаловата е бојата на есента и жетвата. Во хералдиката, оваа боја е симбол на сила и издржливост.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnПортокаловата боја има многу висока видливост, па можете да ја користите за да привлечете внимание и за да ги нагласите најважните елементи во вашиот дизајн. Таа е многу ефикасна за промовирање на прехранбени производи и играчки.rn

      rn011

    • Темно-портокалова: измама и недоверба
    • rn011

    • Црвено-портокалова: желба, сексуална страст, задоволство, доминација, агресија и жед за акција
    • rn011

    • Златна: престиж, просветлување, мудрост, богатство и висок квалитет
    • rn

    rnЖолтата е боја на сонцето. Таа се поврзува со радост, среќа, интелект и енергија.rnrnЖолтата боја обезбедува чувство на топлина, чувство на бодрење, ја стимулира менталната активност и создава мускулна енергија. Таа често се поврзува со храната. Светлата, чисто-жолта боја е предизвикувач на внимание, поради што и такси возилата во многу земји од светот се бојадисани со таа боја. Кога е премногу употребена може да има вознемирувачки ефект. Познато е дека бебињата повеќе плачат во соби во кои доминира жолтата боја. Во хералдиката, жолта укажува на чест и лојалност. Подоцна, некои значењето на жолта го поврзуваат со кукавичлукот.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnЖолтата боја се користи за да предизвика пријатни и весели чувства. Оваа боја можете да ја одберете за да промовирате детски производи и предмети поврзани со користењето на слободното време. Жолтата е многу ефикасна за привлекување внимание, па може да се користи за да се потенцираат најважните елементи во дизајнот. Мажите често на жолтата боја гледаат како на детска, па затоа не се препорачува престижни и скапи продукти за мажи да ја содржат. Таа е нестабилна и спонтана боја, па препорачливо е да се избегнува ако треба да се потенцира стабилност и безбедност. Светло-жолтата има тенденција да исчезнува кога е во комбинација со белата, па затоа потребна е потемна боја за да се потенцира нешто. Нијансите на жолта боја се визуелно непривлечни, бидејќи ја губат ведрината и постануваат валкани и безбојни.rn

      rn011

    • Несјајна: претпазливост, распаѓање, болест и љубомора
    • rn011

    • Светло-жолта: интелект, свежина и радост
    • rn

    rnЗелената е боја на природата. Таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Зелената има силна емоционална кореспонденција со сигурноста. Темно-зелената, многу често се поврзува со пари.rnrnЗелената има голема исцелителна моќ. Таа е најспокојната боја за човечкото око и може да го подобри видот. Таа симболизира стабилност и издржливост. Понекогаш зелената означува недостаток на искуство. Во хералдиката, зелената боја покажува раст и надеж. Оваа боја, обратно од црвената, означува безбедност. Не за џабе, таа е бојата на слободен премин во патниот сообраќај.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnКористете ја зелената за да посочите безбедност при рекламирање лекови и медицински производи. Зелената е директно поврзана со природата, па можете да ја користите за промовирање еколошки производи. Потемно-зелената најчесто се поврзува со парите, финансискиот свет, банкарство и слично.rn

      rn011

    • Темно-зелена: амбиција, алчност и љубомора
    • rn011

    • Жолто-зелена: болест, кукавичлук, раздор и љубомора
    • rn011

    • Аква: емоционално лекување и заштита
    • rn011

    • Маслинесто-зелена: мир
    • rn

    rnСината е боја на небото и морето. Често, таа асоцира на длабочина и стабилност. Оваа боја симболизира доверба, лојалност, мудрост, самодоверба, интелигенција, вера, вистина и рај.rnrnСината се смета како корисна за телото и умот. Таа го забавува човечкиот метаболизам и произведува еден фин смирувачки ефект. Сината е силно поврзана со спокојството и смиреноста. Во хералдиката, сината боја се користи за да симболизира побожност и искреност.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnМожете да ја користите за промоција на производи и услуги поврзани со чистота (филтри за прочистување на водата, средства за чистење…) воздухот и небото (авиокомпании, аеродроми, климатизери), вода и море (туристички патувања, минерална и обична вода). За разлика од емотивно-топлите бои како црвената, портокаловата и жолтата, сината е поврзана со свеста и интелектот. Користете сина за да покажете прецизност кога промовирате технолошки производи.rnrnСината е машка боја бидејќи, според истражувањата, таа е многу прифатена во машкиот свет. Темно-сината е поврзана со длабочина, експертиза и стабилност. Избегнувајте да употребувате сина боја кога промовирате храна и готвење, бидејќи оваа боја го потиснува апетитот. Кога се употребува заедно со некоја од топлите бои, сината може да создаде енергичен дизајн.rn

      rn011

    • Светло-сина: здравје, лек, спокојство, разбирање и мекост
    • rn011

    • Темно-сина: знаење, моќ, интегритет и сериозност
    • rn

    rn

    Виолетовата боја е комбинација од стабилноста на сината и енергијата на црвената. Виолетовата е поврзана со кралското семејство. Симболизира моќ, благородност, луксуз и амбиција. Таа претставува богатство и екстраваганција. Виолетовата е поврзана со мудроста, достоинството, независноста, креативноста, мистеријата и магијата.

    rn

    Значењето на боите околу нас

    rn

    Според анкетите, речиси 75 проценти од предадолесцентите преферираат виолетова пред сите други бои. Виолетовата е многу ретка боја во природата, па затоа некои луѓе сметаат дека таа е вештачка. Светлата виолетова е добар избор за женски дизајни. Таа може да се користи за промоција на детски производи.

    rnrn

      rn011

    • Светло-виолетова: романтични и носталгични чувства
    • rn011

    • Темно-виолетова: мрак, тажни чувства и фрустрација
    • rn

    rnБелата боја се поврзува со светлината, добрината, невиноста, чистотата. Таа се смета за бојата на совршенството. За разлика од црната, белата боја обично има позитивна конотација. Таа може да претставува успешен почеток. Во хералдиката, белата отсликува вера и чистота.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnВо маркетингот, белата се поврзува со свежина и чистота бидејќи тоа е бојата на снегот. Можете да ја користите за да сугерирате на едноставноста во технолошките продукти. Белата е соодветна боја за добротворни организации, бидејќи ангелите обично се замислуваат дека носат бела облека. Белата е поврзана со болници и доктори, па можете да ја користите за да прикажете безбедност при промовирање на медицински производи. Белата е често поврзувана со мала тежина, ниско калорична храна и со млечни производи.rnrnЦрната боја се поврзува со моќта, елеганцијата, формалноста, смртта, злото и мистеријата. Црната е мистериозна боја која асоцира на страв и непознато. Таа вообичаено има негативна конотација. Црната боја се смета за многу формална, елегантна и престижна боја.rnrnЗначењето на боите околу насrnrnВо хералдиката, црната е симбол на тагата. Црната боја дава чувство на перспектива и длабочина, но сепак кога се користи како позадина ја намалува читливоста. Црниот костум или фустан исто така може да направи да изгледате послабо. При дизајнирање и фотографирање, црната боја може да се искористи како позадина за да се истакнат другите бои. Таа е одличен контраст на светлите бои. Во комбинација со црвена или портокалова, црната боја добива агресивност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква работа не сакаат пребирливите?

    Каква работа не сакаат пребирливите?

    Некои работни места ги бие лош глас заради работните задачи кои вработените треба да ги извршуваат. Има луѓе кои се срамат да го работат тоа, но и такви кои се навистина пребирливи. Сепак, никоја работа не смее да се потценува туку максимално да се почитува.rn

    1. Ѓубреџија

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rn

    2.  Возач на камион

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rn

    3. Чистач на заби

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rn

    4. Работник во погребална фирма

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rn

    5. Електричар

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rn

    6. Водоводџија

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rn

    7. Контролор на квалитетот на работа во фабрика

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rn

    8. Службеник во поправен дом

    rnКаква работа не сакаат пребирливите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 29 начини да останете креативни

    29 начини да останете креативни

    Потребна ви е креативност повеќе од кога било, а баш некако периодов слабо ви протекуваат брилијантни идеи низ мозокот?rnrn29 начини да останете креативниrnrnОваа симпатична анимација од тимот TO-FU ви нуди 29 начини да си ја поттикнете и одржите креативноста, но дури и да решите да прифатите само 2-3 совети, може да почувствувате промена кон подобро.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    Постојано сме опкружени со нив, но тешко ги препознаваме. Некои ни се чудни, некои оригинални. Еве како да препознаете дали и кои луѓе во нашето опкружување се вистински креативци:rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе се љубопитни

    rnТие поставуваат прашања во секое време. Кога гледаат или се соочуваат со нешто што не го разбираат, тие даваат сè од себе за да го научат она што не им е јасно.rn

    Креативните луѓе сакаат предизвици

    rnТие не бегаат од предизвици, туку подготвено ги пречекуваат и им се спротивставуваат. Колку е поголем предизвикот, толку нивниот адреналин е поголем. Креативците не бегаат од проблемите, туку преферираат да се соочат со нив. Тие се одлични и во решавањето на проблемите на нивните блиски и пријатели.rn

    Креативните луѓе не се плашат да експериментираат

    rnКреативците превземаат ризици и воопшто не се плашат од новите работи, без разлика дали се работи за нов процес, ново пријателство, нов гаџет, ново јадење… Експериментирањето е начинот на кој тие пробуваат дали нешто функционира или не. Тие се лидери и не чекаат другите да им кажат што да прават.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе го сакаат најдоброто

    rnТие не се задоволуваат со просечни нешта. Креативните луѓе секогаш го сакаат најдоброто! Секогаш знаат да најдат начин да дојдат до посакуваното и никогаш не престануваат да учат.rnrnКако ќе ги препознаете креативните луѓе?rn

    Креативните луѓе знаат да прифатат и дадат критика

    rnБез разлика што работиме, ние луѓето секогаш имаме што да кажеме. Креативците знаат да прифатат критика, особено ако таа е негативна, кога веднаш гледаат да го искористат тоа за своја полза. Но, тие знаат и да дадат аргументирана критика, позитивна и негативна. Со оглед на тоа што се луѓе кои го сакаат најдоброто, креативните луѓе секогаш сакаат да се надминат себеси во она што го прават, но истото го очекуваат и од другите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчесто употребуваните „бели“ лаги

    Најчесто употребуваните „бели“ лаги

    Откривањето дека некој близок човек не излажал е ужасно чувство. Но, белите лаги обично поминуваат небаре се вистини, а за волја на вистината, на сите така ни е поубаво. Обидот да си поминеме полесно во одредени ситуации, често го зачинуваме со по некоја бела лага и многупати тоа ни успева. Сепак, иако навидум лесни и незначителни, во даден момент и тоа како можат да нанесат голема штета. Ова се неколку од најчесто користените бели лаги.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    1. Бели лаги во вашето CV

    rnНабројувањето способности и јазици кои не ги говорите се најчестите злоупотреби во пишувањето на вашето резиме. Секако, сметате дека работодавецот ќе се воодушеви од долгата листа на набројани работи и дека нема да му текне да се заморува проверувајќи ги. Но, не надевајте се дека секаде туку така ќе си пројдете, во иднина некаде со сигурност ќе се сопнете.rn

    2. „Еве идам! За 5 минути сум таму…“

    rnОва со сигурност е најкористената лага од сите. Навиката да се излаже во ситуација кога доцните некаде, доаѓа природно од проста причина што сакате оној кој ве чека да се чувствува посмирено во тој период. Секако, доколку не стигнете во тие 5 минути само му ја зголемувате лутината уште повеќе, бидејќи несвесно сте го извисиле и по вторпат. Доколку често ви се случува да ја кажувате оваа бела лага, во друштвото засекогаш ќе бидете етикетирани како човекот кој никогаш не стигнува во договореното време.rn

    3. „Во средно бев многу популарен…“

    rnДоколку за време на средното образование сте биле помирна и не толку забележителна личност, најверојатно раскажувајќи потоа, ќе си додадете некој детаљ за да изгледате покул отколку што сте биле. Тоа нема да го промени минатото и она што сте биле, но во сегашноста и во муабетот сигурно ќе изгледате поинтересни. Во секој случај, секој преувеличува одредени ситуации од својот живот, но претерувањето само покажува дека потиснувате нешто од што не сте задоволни.rnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    4. „Мммм, многу е вкусно…“

    rnКога некој ќе вложи труд приготвувајќи ви нешто со голема љубов, едноставно срцето не ви дава да му кажете дека не го направил баш како што треба. Понекогаш знаете дека е подобро да одглумите дека уживате, само за да не ги повредите чувствата на вашиот близок.rn

    5. „Супер ти стои фустанот…“

    rnНиту една девојка не би излегла облечена во нешто за што смета дека не ѝ стои убаво, па токму затоа и не цени кога некој ќе ја излаже и нема да и признае искрено дека нешто не е во ред. Не мора да кажете директно што мислите, но во секој случај оваа навидум невина бела лага, може навистина да предизвика посериозен проблем. Ова важи и за момчињата, но не во толкава мерка колку за девојките и секако не за фустан.rn

    6. „Ти си најзгодниот/та со кој/а сум бил…“

    rnОва се препорачува да се кажува само во случај кога искрено се мисли, бидејќи не може да се вброи во оние „добри“ бели лаги. Луѓето ја кажуваат оваа реченица најчесто за да избегнат конфликт, бидејќи ако одговорат поинаку од она што сака да го чуе другата страна, ќе следи неколкучасовна расправија.rnrnНајчесто употребуваните бели лагиrn

    7. „Се обидов да ти се јавам, ама зафатена беше линијата…“

    rnСите понекогаш забораваме нешто. Тоа се случува и воопшто не е чудно доколку заборавите да му се јавите или да му пишете порака некому. Тој од другата страна, „заборавениот“, со сигурност ќе ви прокоментира нешто следниот пат кога ќе ве види или кога тој ќе ви се јави, а вие како и сите останати луѓе, ќе пробате да се извлечете на полесниот начин. Со тоа само си оставате простор наредниот пат повторно да изумите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.