КАФЕ ПАУЗА

Category: Добро е да се знае

  • Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Наместо да мислите дека живеете во себичен свет, во кој единствено можете да си верувате себеси, ослободете го духот и почнете да анализирате што би можеле да направите за да бидете попозитивни и посреќни. Човекот не може да се чувствува исполнето ако нема околу себе искрени луѓе, кои вистински го сакаат и почитуваат. Сите ние имаме чувства, желби, соништа… Тоа значи дека само доколку соработуваме заеднички, можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Се прашувате како? Еве еден несекојдневен предлог.rnrnСтани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrnrn„Коцки за промени“ е навистина уникатен концепт направен од страна на холандската дизајнерска куќа Криејтив хироус, кој има за цел да го промени однесувањето на луѓето на еден весел начин – со едноставно фрлање на коцките. Засега се измислени три типа на коцки, на кои има по шест симпатични икони што прикажуваат што да направите во текот на денот за да се чувствувате хармонично, урамнотежено и исполнето. Секојдневното фрлање на коцките, ќе ве стимулира да направите мали промени во секојдневната рутина, кои можат да резултираат со изненадувачки позитивен ефект.rn

    1. Коцка за љубезност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrn

    2. Коцка за здравје

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rn

    3. Коцка за еколошка свесност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rnrnКонцептот за жал, сè уште не е на продажба бидејќи дизајнерите бараат партнерство за производство на заровите. Доколку мислите дека ваквиот начин на негување на психичката состојба е одличен избор за вас, можете да ја оставите вашата имејл адреса на официјалниот веб сајт, за да добиете известување кога заровите ќе бидат ставени на продажба. До тогаш, вкулчете ја вашата креативност и рачно изработете нешто слично, кое секој ден ќе ви го покачува степенот на задоволство од сопствениот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најчести фобии

    10 најчести фобии

    Фобијата претставува постојан, ирационален и интензивен страв од одредени ситуации, активности, предмети, животни или луѓе. Еве ја листата на најчестите фобии низ светот.rn

    1. Фобија од стоматолог

    rnНе само мали деца, туку и голем број возрасни се плашат од посета на забар. Некои не можат да ја поднесат болката, други миризбата, трети звукот од машините. Во САД нешто повеќе од 10% од возрасните не посетуваат стоматолог дури и при сериозни проблеми.rnrn10 најчести фобииrn

    2. Фобија од кучиња

    rnНе станува збор за страв од големи страшни кучења како на пример доберман или питбул, доволна е и малечка слатка пудлица. Овој страв најчесто се појавува кај некое лице кое било каснато од куче или пак присуствувало кога тоа му се случило на друг.rnrn10 најчести фобииrn

    3. Фобија од летање

    rnНекои се раѓаат со овој страв, други го стекнуваат поради страшни катастрофи кои се случиле од некој пад на авион. Верувале или не, оваа фобија ја имаат 25 милиони американци.rnrn10 најчести фобииrn

    4. Фобија од грмотевици

    rnЛуѓето кои ја имаат оваа фобија, при светнувањето се чувствуваат како да им запира срцето и се препотуваат.  Универзитетот во Ајова, во 2006 година направил истражување кое потврдило дека дури 73% од студентите поседуваат извесен страв од грмотевици, но голем дел од нив се срамат да признаат.rnrn10 најчести фобииrn

    5. Страв од темница

    rnОвој страв се појавува кај најголемиот број деца, но кај некои продолжува многу подолго. Истражувањата покажале дека децата се плашат од темнината поради заплашувачките приказни кои ги слушале, па потсвесно мислат дека ќе се појават зли духови, крадци, киднапери или чудовишта.rnrn10 најчести фобииrn

    6. Страв од височини

    rnОва е една од најраспространетите фобии низ светот. Се проценува дека околу 5% од вкупното население на земјата ја поседува. Според анализите, луѓето кои ја имаат доколку се качат на висина од само 2 метри, им се причинува дека се на дупло повисоко.rnrn10 најчести фобииrn

    7.  Страв од друго лице

    rnОваа фобија најчесто може да се примети по влегувањето во пубертет. Лицата кои ја имаат најчесто не можат слободно да разговараат со други лица, не ги изговараат убаво зборовите, се зацрвенуваат и потат, па дури и ги заболува стомак. Исто така, не можат да јадат и пијат на јавни места.rnrn10 најчести фобииrn

    8. Страв од затворен простор

    rnЛицата кои ја поседуваат најчесто ги фаќа паника кога се наоѓаат во простор од кој мислат дека тешко можат да излезат. Обично тие се плашат од ливтови, трговски центри, автомобили, авиони, тунели. На нив обично им се препорачува да не се возат во автомобил предолго.rn

    10 најчести фобии

    rnrn

    9. Страв од пајаци

    rnОваа фобија е најмногу застапена кај женскиот пол. Истражувањата покажуваат дека бројот на жени кои се плашат од пајаци е за четири пати поголем во споредба со мажите. Ова е така бидејќи жените почесто ги сретнуваат по домовите чистејќи или подготвувајќи ја храната (без навреди кон женската популација).rn

    10 најчести фобии

    rn

    10. Страв од змии

    rnОвој страв е дефинитивно најраспространет и тоа подеднакво кај двата пола. Нормално, страшниот изглед и фактот дека голем дел од нив се отровни и смртоносни си го прави своето. Дополнителен факт е што е споредувана со Сатаната и секогаш е спомнувана во лоша конотација, дури и во Библијата.rnrn10 најчести фобии

  • Што ги нервира келнерите?

    Што ги нервира келнерите?

    Како резултат на големата невработеност во нашата држава, многу млади момци и девојки, но и повозрасни луѓе одлучуваат да се вработат како келнери во некој кафе бар, затоа што тоа е единствената работа која лесно може да се најде. И покрај тоа што платата не е голема, на некои луѓе им е неопходна за да си ги покријат трошоците за кирија или за студирање.rnrn1-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrnrnОние кои немале потреба да ја работат оваа работа, сметаат дека буквално секој може да биде келнер. Но, во реалноста келнерите, покрај тоа што работат физичка работа, трошат многу енергија и на меморирање на стотиците нарачки во текот на денот, а за возврат очекуваат поголема почит од своите муштерии.rnrnЕве неколку ситуации во кои келнерите се чувствуваат понижено од страна на своите муштерии:rn

    „Колку треба?“

    rnКелнерите се чувствуваат навредено кога муштеријата ќе им ги фрли парите на маса уште пред да ја добие сметката. Гостите очекуваат дека келнерот треба на памет да ги знае сметките од сите маси и прашуваат колку чини тоа што го пиеле.rnrnТака излегува дека келнерот не бил доволно брз (и покрај тоа што давал сé од себе за да биде), па се случува гостинот да нема трпение да ја почека сметката и да остави помалку пари.rnrn2-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Немам ситно“

    rnТочно е дека келнерите работат со пари и треба да имаат ситно во секој момент за да враќаат кусур. Но, невозможно е келнерот да има ситно ако сите муштерии плаќаат со илјадарки за сметка од 80 денари. Па тогаш келнерот, ако е сам на смена, треба да трча низ маало и да бара да му раситнат пари во локалните продавници, обложувалници, банки…rnrn3-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Многу ви се високи цените“

    rnКафе баровите се во приватна сопственост и за цените на пијачките одлучуваат нивните сопственици. Тоа значи дека дури и келнерот да сака цените да бидат пониски, за жал нема моќ да ги промени. Неговата работа е да го внесе артиклот во компјутер, да ве послужи, да ви ја одржува масата чиста и да ви донесе сметка. Толку!rn

    Правење неред на масата

    rnГостите седнуваат во кафе бар за да се релаксираат, да се видат со пријателите и да се освежат со една кафе пауза. Келнерите треба да бидат љубезни и услужливи со своите муштерии и да ги исполнуваат нивните желби за да бидат тие задоволни од услугата. Меѓутоа, само затоа што седнувањето во кафе бар кошта пари, не значи дека гостите треба намерно да истураат шеќер и кафе по масата или да кинат хартија на ситни парчиња. Келнерите навистина немаат време да раскреваат сè што муштериите ќе остават зад себе.rnrn4-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Ова не е тоа што го нарачав“

    rnКако и на секој друг човек, така и на келнерот понекогаш може да му се случи да ја заборави нарачката или да ги помеша нарачките со некоја друга маса. Меѓутоа, откако ќе му објасните дека не ви го донел тоа што сте сакале да го пиете, тој/таа ќе ја поправи грешката. Од друга страна, ако гостинот нарачал макијато во лето, а не потенцирал дека сака ладно макијато, тогаш тоа не е грешка на келнерот.rnrn5-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Продавате цигари?“

    rnПоголемиот број кафе барови во Македонија не држат цигари, меѓутоа муштериите упорно ги прашуваат келнерите дали продаваат. До тука е сé во ред. Меѓутоа некои гости мислат дека келнерот е нивни слуга, па се дрзнуваат да им кажат да отидат да им купат цигари и притоа да го остават полниот локал со гости. Келнерите се само вработени лица како и сите останати, меѓутоа дел од нивната работа не е да пазарат низ маало за да ги задоволат побарувањата на гостите.rn

    Правење неред во тоалетот

    rnТочно е дека ве-цето во кафе баровите е јавно и секој муштерија има право да го користи, но тоа не значи дека кога ќе влеземе во него треба да се однесуваме како да сме во шума. Без разлика што тој тоалет не е дел од нечиј дом, сепак на крајот од работниот ден, келнерите се тие кои треба да го исчистат хаосот и притоа да останат живи.rnrn6-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    Зборување на мобилен додека келнерот прави нарачка

    rnКелнерите кои се трудат да бидат професионални во својата работа, сакаат да бидат гостопримливи и да комуницираат со своите муштерии, но тоа не е возможно доколку гостинот зборува на мобилен додека нарачува кафе. Ако тој телефонски разговор мора да се случи токму во тој момент, би било културно барем гостинот да му каже добар ден и пријатно на келнерот.rnrn7-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најнеобичните куќи низ светот

    Најнеобичните куќи низ светот

    Некои луѓе имаат чуден вкус за уредување на нивниот дом однатре, но и за дизајнирање и украсување на својата куќа однадвор. Без да навлегуваме во причините, мотивите и оправданоста за изборот, ова се дефинитивно 10-те најнеобични куќи кои можете да ги видите низ светот:rnrn

    Најнеобичните куќи низ светот
    1. Куќа на танцот, Прага
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    2. Куќа на дрво, Синсинати
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    Куќа на дрво, Синсинати (2)
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    Куќа на дрво, Синсинати (3)
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    3. Еко-тркалезна куќа, Австралија
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    4. Спирална зграда, Германија
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    5. Куќа во облик на НЛО, Тајван (1)
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    Куќа во облик на НЛО, Тајван (2)
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    Куќа во облик на НЛО, Тајван (3)
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    6. Куќа инспирирана од вселената, Чикаго
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    7. Грбава куќа, Полска
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    8. Чита куќа, Чикаго
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    9. Куќа-школка, Кариби
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    10. Куќа од камено време, Португалија (1)
    rnrn
    Најнеобичните куќи низ светот
    Куќа од камено време, Португалија (2)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.