КАФЕ ПАУЗА

Category: Добро е да се знае

  • Придобивките и негативните последици од ботоксот

    Придобивките и негативните последици од ботоксот

    Ботулинум претставува токсин кој се излачува од бактеријата Clostriium botulinum и воедно предизвикувач на болеста ботулизам. Овој токсин е невромускуларен блокатор кој предизвикува парализа на инфектираниот мускул со што се спречува излачувањето на невротрансмитерот ацетил холин од мотоневроните. Исто така, ботулинумот го намалува потењето така што делува на симпатичкиот нервен систем кој ги контролира потните жлезди.rnrn

    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Бактеријата Clostridium botulinum го лачи ботулинот А или уште познат како ботокс
    rnrnОвој токсин може да предизвика тешко труење со храна и е најмоќниот токсин кој ù познат на науката. Но, и покрај неговите негативни дејства, користејќи го во одредени дози, може и се користи во медицински и козметички третмани. Употребуван во мали дози, може да се користи за лечење на некои нервни болести. Токсинот уфрла специфични протеини во нервната клетка кои се медијатори во лачењето на трансмитерите кои предизвикуваат болка, мускулен спазам, грчеви и други симптоми.rnrnПридобивките и негативните последици од ботоксотrn

    Медицинска и козметичка употреба

    rnКозметичката улога на ботулинумот е поврзана со исчезнувањето и намалувањето на порите и брчките со директно инјектирање во фацијалните мускули. Третманите со овој токсин првично биле наменети за пациенти со мускулни грчеви, како блефароспазмот (спазам на очните мускули), стрбизам, цервична дистонија. Кај пациенти со фацијални спазми кои биле третирани со ботулинум, било забележано намалување на мускулните грчеви.rnrnЛуѓето на постара возраст не ги сакаат брчките кои се појавуваат со текот на годините, па така со помош на ботулинум, ги намалуваат овие линии на староста. Честопати, заедно со третманите со ботулин се користи и колаген и хијалуронска киселина. Ботулинските терапии се користат и кај луѓе со зголемено локално потење (хиперхидроза), најчесто во пазувите, за намалување главоболки, како и за некои форми на дерматитис.rnrn

    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Пред и по третман со ботокс
    rnrnЕфектот кој го има ботулинот на очните мускули е неможност за нивна контрaкција и со самото тоа, видливо намалување на брчките. Инјекциите кои се инјектираат директно во мускулите се безболни и луѓето можат нормално да трепкаат и да ги креваат веѓите. Се земаат 3-5 мали дози. Неговите ефекти ослабуваат после неколку недели од амплифицирањето, а повторен третман се прави после 3-6 месеци од првичното нанесување.rnrn
    Придобивките и негативните последици од ботоксот
    Ефектот на ботоксот на околуочните мускули, пред и по 7 дена
    rn

    Негативни последици од користење третман со ботокс

    rnНајчеста негативна појава е главоболката, која се јавува веднаш по нанесувањето. Може да се намали со земање парацетамол. Долготрајните главоболки се ретки. Исто така, можат да се јават лузни како резултат на инјекциите. Ако неправилно се нанесува ботулинот, може да се повреди мускулот на очниот капак и да се предизвика птоза односно затварање на очниот капак. Оваа појава обично трае неколку дена, во ретки случаи е долготрајна.rnrnПридобивките и негативните последици од ботоксотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни новогодишни традиции

    Интересни новогодишни традиции

    Ако за најлудата ноќ планирате да заминете надвор од земјата, немојте да се изненадите ако наидете на некоја од следните традиции.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Данска

    rnВо оваа земја, точно на полноќ луѓето скокаат од столици, со надеж дека ќе ги исплашат лошите духови и ќе им забранат влез во новата година. Покрај ова, традиција на овој скандинавски народ е и кршењето чинии од вратите на пријателите. Ако утрото не можете да излезете од дома, тоа значи дека имате навистина многу пријатели :).rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Јужна Америка

    rnВо јужноамериканските држави, се верува дека ако новата година ја дочекате со црвени гаќички на вас, наредните 365 дена ќе имате среќа во љубовта. Оние пак, кои повеќе преферираат пари, треба да облечат жолта долна облека.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Шпанија

    rnШтом започне отчукувањето на часовниците со кои ги броиме последните секунди до новата година, жителите на оваа земја брзаат да изедат 12 зрна грозје. Ако тоа го сторат пред да завршат отчукувањата, се верува дека ќе ги следи среќа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Белорусија

    rnТаму столбот на новогодишната традиција се немажените моми. Тие во текот на најлудата ноќ организираат игри на среќа и меѓусебни натпревари во различни вештини. Меѓу најинтересните е играта со пченка и петел. Пред себе ставаат зрна пченка и го чекаат петелот да почне да колва од нив. Веруваат дека прва ќе се омажи таа до купчето со првото изедено зрно.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Филипини

    rnКај филипинците сè е во форма на круг. Се надеваат дека годината ќе им биде бериќетна, ако носат облека со кружни форми и дезени и ако за време на новогодишната забава јадат топчести овошја, како на пример, грозје. Округлите работи ги симболизираат железните пари и значат просперитетна година.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Еквадор

    rnВо многу земји палењето фотографии значи лоша среќа. Но, во Еквадор верувањето е сосема спротивно. На новогодишната ноќ тие палат фотографии на кои има работи што не сакаат да им се случат или да им се повторат во годината што доаѓа.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Порторико

    rnТаму луѓето фрлаат вода од прозорците за да ја испратат старата година, а со неа и проблемите. Тогаш ги чистат и декорираат домовите, убедени дека со тоа ќе ги избркаат лошите духови.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Австрија и Германија

    rnВо овие две земји за новогодишниот дочек се истура стопено олово во голем сад со вода. Формите што ќе ги направи оловото, треба да одредат каква ќе ви биде годината.  Ако се формира круг, ќе ве следи среќа, но ако се појави крст,  тоа според нивните верувања, значи смрт.rnrnИнтересни новогодишни традицииrn

    Чиле

    rnЗа Чиле пак, може да се рече, дека гаи по малку морбидна новогодишната традиција. Таму масовно се посетуваат гробиштата, со цел новата година да ја дочекаат заедно со починатите лица од нивните семејства.rnrnИнтересни новогодишни традицииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Аурора аустралис – јужни светлини

    Аурора аустралис – јужни светлини

    Автор: marfirnrnrnАурора аустралис или јужните светлини се смирувачки, динамични дисплеи од светлина кои се јавуваат на небото над Антарктикот во зима, како и во Нов Зеланд, Австралија и Јужна Америка. Тие се всушност како лајт-шоу на природата, визуелна поезија од атмосферските гасови. Оние коишто биле сведоци на ваква глетка, со сигурност можат да потврдат дека многу малку глетки може да се израмнат со магијата и мистеријата на овие бои кои се појавуваат на антарктичкото небо.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Што е Аурора аустралис?

    rnАурора е заедничкото име на светлината од фотоните емитувана од атомите, молекулите и јоните кои се наелектризирани од разни партикули (најчесто електрони) кои патуваат низ магнетското поле на повисоката атмосфера на Земјата. Како резултат на интеракцијата меѓу соларниот ветер (соларна плазма) и магнетското поле на Земјата, се јавува Аурора.rnrnОвие судари произведуваат електрични празнења кои ги исполнуваат атомите со кислород и азот, кои ги даваат разните бои на светлината. Магнетските полиња на Земјата ги насочуваат овие празнења кон половите, а пак активноста на Сонцето и короналните дупки ги зајакнуваат празнењата на електроните од кои пак зависи интензитетот и траењето на дисплеите.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Колку трае?

    rnАктивната фаза може да трае 15-40 минути и повторно да се појави два-три часа подоцна. Траењето и интензитетот зависи од локацијата на која се појавува оваа светлина на јужниот пол.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Какви се боите?

    rnДисплеите може да се појават во многу бои, а бледо зелената и розовата се најдоминантни. Забележани се и сенки од црвена, жолта, зелена, сина и виолетова. Разните атоми на гасовите даваат различна боја. Атоми од наелектризиран кислород даваат црвена боја, јони од азотот даваат виолетова. А комбинацијата од овие гасови даваат белузлав изглед. Овие варијации зависат од висината, композицијата и густината на јоните на одредената висина.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Колку е оддалечена Аурора аустралис?

    rnГенерално, лакот на аустралис е во пониските граници на околу 113 км во висина. Ако долната граница е со розова боја, тоа значи дека висината е пониска, околу 80 метри, а ако има црвеникава боја тоа значи дека аустралис е во висина од над 240 км.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Во какви форми може да се јави?

    rnАустралис може да се јави во многу форми – столбови, снопчиња, ореоли од вибрирачки бои. Се простира од исток кон запад, а формата најчесто зависи од бројот на наелектризирани електрони во атмосферата и интеракцијата на електричните празнења и магнетните полиња. Ако ги има доволно, лакот на аустралис може неколку пати да ја промени формата и бојата.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrnrnПогледнете го прекрасното видео за појавата на Аурора бореалис во Северна Русија.

  • 20 кратки, но слатки животни задоволства

    20 кратки, но слатки животни задоволства

    Најубавите нешта во животот се бесплатни. Секој ден е исполнет со мали, слатки задоволства, кои најчесто се неочекувани, краткотрајни, но сепак даваат чувство на среќа и уживање. Тие се дарови од животот, кои секој од нас потсвесно ги прославува на свој, уникатен начин. Прочитајте ги овие дваесет животни задоволства и не заборавајте да додадете некое ваше.rnrn20 кратки, но слатки животни задоволстваrnrn1. Спиење во дождлив ден. Како што капките дожд нежно тропкаат по прозорецот од вашата соба, вие сè подлабоко ја нурнувате главата во перницата. Спиењето додека врне дожд е најслатко.rnrn2. Пронаоѓање пари кои не сте знаеле дека ги имате. Дали ви се случило да си најдете пари во џеб од некоја јакна или фармерки кои одамна не сте ги носеле? Дури и да станува збор за 10 денари, невозможно е да не се израдувате за момент.rnrn3. Краток контакт со очи со тотален странец од спротивниот пол. Чекорите по улица и разменувате страстен поглед очи в очи, кој ви кажува дека личноста е заинтересирана за вас. На момент се замислувате и после неколку секунди „магијата“ исчезнува, но убавото чувство останува.rnrn4. Капење голи во езеро. Има нешто мистериозно, ослободително, а сепак природно во капењето голи во вода.rnrn5. Добивање писмо или честитка од стар другар/роднина. Електронската пошта и социјалните медиуми станаа примарен начин за пишана комуникација. Но, сепак кога во вашето традиционално поштенско сандаче ќе добиете писмо или пакет испратен до вас, се возбудувате што сте добиле таков необичен подарок.rnrn6. Поминување на жолто светло со вашиот автомобил. Ова е ситуација, која секојпат создава чувство на задоволство. Како што поминувате на жолто светло, ѕирнувате на ретровизорот и ги гледате сите автомобили зад вас, кои мораат да чекаат 90 секунди на црвено. Се чувствувате како газда!rnrn7. Раскажување интересна приказна. Има ли некој кој не ужива да биде во улога на раскажувач на интересна приказна која ќе предизвика длабока љубопитност и насмевки кај слушателите?rnrn8. Смешно сопнување на некој ваш пријател. Како што пешачите со вашиот пријател по улица, тој прави некој невообичаен чекор, поради кој убаво се сопнува и паѓа на задник. После неколку секунди станува, го исправува телото како пушка и се преправа како ништо да не се случило. Ова може да биде премногу смешна глетка, се разбира доколку никој не е повреден.rnrn9. Слушањето на вистинската песна во вистинскиот момент. Не е важно дали станува збор за ситуација кога се чувствувате среќно, тажно, исполнето, разочарано или заљубено, нема поубаво чувство од слушањето песна која ги пресликува вашите моментални емоции и му дава смисла на вашиот живот во целина.rnrn10. Првата голтка од пијалакот кога сте многу жедни. Само што се вративте од џогирање и сè што ви се врти во глава е чаша студена вода. Кога сте навистина многу жедни, првата голтка од чашата е вистинско блаженство.rnrn11. Ситуација во која со некоја личност кажувате истовремено иста реченица. Пред ова да се случи, најчесто има момент на тишина и после одненадеж, вие и вашиот соговорник истовремено го изустувате истиот редослед на зборови. Овие моменти се ретки и необични и секогаш успеваат да нè расположат.rnrn12. Чувството кога ќе сфатите дека имате уште време за спиење. Нешто изненадно ве разбудило и вие си мислите дека секој момент ќе заѕвони и вашиот аларм, бидејќи дошло време за станување. Но, го погледнувате часовникот и сфаќате дека имате уште 2 часа за спиење. Наеднаш ве облева нежно чувство на задоволство и подвиткани во ќебенцето, со задоволство се враќате назад во вашите соништа.rnrn13. Чувството кога вашата идеја станува реалност. Цел ден сте се мачеле обидувајќи се да решите некаков проблем, но едноставно не ви успева. Обземени од фрустрацијата, решавате да пробате уште една идеја, пред да се откажете. Токму таа идеја е вистинското решение на вашиот проблем и вие задоволни и исполнети си легнувате да спиете.rnrn14. Чиста, свежа постела на вашиот кревет. Изморени од напорниот ден, си легнувате в постела и сфаќате дека утрово ја заменивте со чиста, која мириса на омекнувач за алишта. Задоволни си легнувате, чувствувајќи се чисто и убаво, како никој досега да не легнал на тој кревет.rnrn15. Уживање во прекрасен поглед. Препуштете се на убавините на кои ќе наидете возејќи се по прекрасните планински предели или планинарејќи по врвовите. Нека прекрасниот пејзаж пред вас ви даде енергија која ќе ви помогне да уживате повеќе во животот.rnrn16. Навраќањето на старите добри времиња со пријателите. Нема поубаво чувство од навраќањето на убавите случки со луѓето со кои сте ги доживеале истите. Можеби не можете да го вратите времето, но сигурно можете да го вратите чувството.rnrn17. Смеење до солзи. Смеењето лечи сè. Животот е прекрасен во моментите кога се смеете толку силно, што ви се чини дека секој момент ќе се задушите затоа што не можете да земете воздух. Ваквите моменти ви го подобруваат расположението и ве прават весели и позитивни.rnrn18. Чувството после добар тренинг. Вежбањето е една од оние активности која ви создава одлично чувство после доброто потење и од која подоцна можете да го подобрите изгледот на вашето тело.rnrn19. Ситуација кога ќе изнудите насмевка на нечие лице. Забележувате дека вашиот колега се наоѓа под стрес поради големиот број работни обврски, па тајно преземате дел од нив. Кога тој ќе сфати што сте сториле за него, со насмевка ќе ви заблагодари, а вие ќе се чувствувате одлично поради направеното доброто дело.rnrn20. Релаксирање на сончев ден. Седнати на удобното меко столче на вашиот балкон, со книгата в рака која толку долго чекавте да ја започнете, уживате додека птиците пеат, а Сонцето ја милува вашата кожа. Совршенство!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила според кодот на мажите

    Правила според кодот на мажите

    Мажите мора да се однесуваат според правилата кои важат за сите мажи. Никаде не се официјално напишани, ама оние кои ќе ги прекршат, сигурно ќе доведат некого во незгодна ситуација, а веројатно и себеси. Еве 15 правила според „кодот“ на мажите кои се споделени на Твитер со хаштагот #GuyCode. Слободно дополнувајте…rnrnПравила според кодот на мажитеrnrn1. Доколку има слободни места за мочање во тоалетот, никогаш не застанувај до она кое во моментот го користи друг.rnrn2. Во сала со 200 седишта, никогаш не седнувај до друго лице од машки пол.rnrn3. Мажите не треба да носат унисекс чизми.rnrn4. Никогаш не му стискај „Poke“ на друг маж на Фејсбук.rnrn5. Не е ОК мажи да носат тесни пантолони („уз нога“).rnrn6. Ако се најдеш на забава каде сите се мажи, слободно напушти го местото. Не мора да придонесуваш за проблемот.rnrn7. Немој да остваруваш контакт со очи со друго машко додека јадеш банана.rnrn8. Никогаш не зборувај со машко на телефон подолго од 2 минути, освен ако не сте се виделе подолго од 2 месеци.rnrn9. Брадата треба да биде небричена барем еднаш или два пати во неделата.rnrn10. Кога девојка ти ќе ти каже дека вечерта ќе излегува со други девојки, кажи ѝ дека и ти ќе го правиш истото. Види како ќе изреагира :).rnrn11. Само жени фарбаат коса.rnrn12. Не излегувај со девојка која го менува нејзиниот статус на Фејсбук почесто од долната облека.rnrn13. Доколку на пријател му забележиш трепка на лицето или пердув во косата, во никој случај не посегнувај да го отстраниш страното тело.rnrn14. Мора да се нафураш на вежбање, барем еднаш во животот.rnrn15. Освен ако твојот другар немал секс со твојата девојка, мора да го избавиш од неволја.

  • 7 неверојатни природни феномени

    7 неверојатни природни феномени

    Природата ни дава единствени пејзажи кои се уживање за нашите сетила, но понекогаш знае да нè изненади со чудни феномени кои не можат целосно да се објаснат. Некои од нив имаат научна основа, но други се тотално мистериозни. Тоа ја прави самата природа толку уникатна и прекрасна. Ние ги издвоивме 7-те најневеројатни феномени кои се случуваат низ светот.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    1. Вечната бура во Венецуела

    rnМистериозната молња Кататумбо е уникатен природен феномен во светот. Се наоѓа на устието на реката Какатумбо и езерото Маракаибо. Овој феномен се состои од големи облаци од молња кои формираат голем електричен лак висок 5 километри. Ова се случува да трае 140-160 ноќи во една година, 10 часа во една ноќ и да удираат громови по 280 пати во еден час.rnrnОваа, скоро постојана бура, се случува врз мочуриштето на реката каде таа се слива во езерото и испарува. Се смета дека овој дел е најголем генератор на озон судејќи по атмосферското празнење и големата фреквенција. Оваа појава се користела и за навигација на бродовите векови наназад. Судирот на ветрови кои доаѓаат од Андите ги предизвикуваат молњите, а тоа е резултат на електричните празнења на јонизирачките гасови, посебно метан, кој потекнува од разградувањето на органските материи во мочуруштето.rnrnЛокалните еколози прават напори да го воведат овој регион под закрила на UNESCO, бидејќи сметаат дека оваа област може многу да помогне во заштита на озонската обвивка.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    2.  Дожд од риби во Хондурас

    rnОваа интересна појава се случува во малото гратче Јоро во периодот меѓу мај и јули. Сведоци на оваа појава се жителите на овој град каде според нив најпрво се создава голем, густ, црн облак проследен со громотевици и дожд кој трае 2-3 часа. По престанување на врнежите, огромен број риби се наоѓаат на земјата. Како стигнуваат таму сè уште не се знае точно. Луѓето си ги носат рибите дома и ги готват. Во таа чест, од 1998 година, се организира фестивал на дождот од риби кој е несомнено интересен да се посети.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    3. Козите на Мароко

    rnКози на дрвја се наоѓаат главно во Мароко. Тие се качуваат по нив за да им ги јадат плодовите на дрвјата Агран кои се слични на маслинките. Локалните фармери ги следат козите како се движат кон дрвјата, се качуваат по нив и ги јадат нивните плодови. Но, тие не ги следат козите само затоа што е невообичаено да се видат качени на дрво. Козите ги јадат само плодовите на овие дрвја додека семките ги плукаат бидејќи не можат да ги преработат. Па, тие семки потоа ги собираат фармерите бидејќи од нив се добива аграново масло кое се користи во кулинарството и козметиката.rnrnСобирањето на овие семиња се одвива векови наназад, но денес ова дрво полека изчезнува поради пречестата берба, како резултат на што генерациите не се обновуваат. Но, исто така проблем се и големиот број кози кои ги соголуваат дрвјата од нивните плодови. Многу организации прават напори да се зачува ова дрво и овој реон го прогласија за заштитена биосфера каде е забрането пасење на козите.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    4. Црвениот дожд во Керала, Индија

    rnОваа појава за првпат била забележана од 15 јули до 23 септември во индиската држава Керала. Поројните дождови кои паѓале имале црвена боја слична на крвта. Исто така биле забележани и жолти, зелени и црни дождови. Првично се мислело дека дождот бил обоен како резултат на распукување на метеор, но подоцна во истражувањата нарачани од владата на Индија, се утврдило дека дождовите биле обоени од спорите на некои копнени алги кои живеат во тоа подрачје.rnrnВо 2006 година, овие црвени дождови го свртеа вниманието на јавноста по откритието дека во нивната структура се наоѓаат вонземски клетки (истражување спроведено од Годфри Луис од универзитетот Махатма Ганди во Котајам). Сепак, на крајот, било утврдено дека тие честички се изотопи на јаглерод и азот.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    5. Најдолгиот морски бран во Бразил

    rnДва пати годишно, во текот на февруари и март, водата од реката Амазон се завива во Атлантскиот Океан со што се генерира најдолгиот бран. Тој се појавува на устието на реката и се нарекува „Pororoca“. Брановите се високи околу 3,6 метри и траат околу половина час. Името „Pororoca“ потекнува од јазикот на домородното население Tupi што значи „голема деструктивна бучава“. Овој бран може да се слушне 30 минути пред неговото појавување и кога ќе се судри со копното може да уништи дрвја, животни и локални населби.rnrnОваа појава е многу интересна за сурферите. Од 1990 година па навака се одржува „São Domingos do Capim“ – шампионат во сурфање. На овие натпреварувања рекордот го има поставено бразилецот Пикурута Салазар. Тој сурфал 37 минути и поминал 12,5 километри. Сонот на секој сурфер е да јава бран што никогаш не завршува.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    6. Црното сонце во Данска

    rnВо текот на пролетта, на околу половина час пред зајдисонце, јата од милиони сколовранци се собираат во неверојатни формации и го покриваат целото небо. Овој феномен се нарекува Црно Сонце и може да се проследи во Западна Данска од март до април. Тој предел е дом на огромен број сколовранци кои мигрираат од југ.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    7. Огнено виножито

    rnАтмосферскиот феномен познат како „Пламенот на виножитото“, се појавува кога Сонцето е високо над небото т.е. повисоко од 58° од хоризонтот и неговата светлина поминува високо низ облаците кои имаат шестоаголна плоча од кристали. Сончевата светлина навлегува во вертикалната страна на кристалната плоча и се прекршува, расејувајќи се во убави и прекрасни бои. Кога кристалната плоча во облаците ќе се усогласи, се добива брилијантен спектар на бои кој потсетува на виножитото. Ова огнено виножито е фатено во северниот дел на Ајдахо, расположено на околу 100 метри квадратни на небото.rnrn7 неверојатни природни феномениrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што зборуваат цртите на лицето за вас?

    Што зборуваат цртите на лицето за вас?

    Се верува дека постојат сто точки на лицето со помош на кои може да се анализира карактерот. Еве некои од нив.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    Обликот на лицето

    rnЛуѓето кои имаат тркалезно лице се исклучително грижливи, чувствителни и емотивни. Тие имаат изразени сексуални фантазии и знаат да уживаат во стабилни и долготрајни врски.rnrnОние кои имаат издолжен облик на лицето се практични, методични и работливи.  Најчесто се мускулести и спортски градени, па поради тоа малку и самобендисани. Нивното его им создава проблеми во врските.rnrnОние кои имаат квадратен облик на лицето често можат да бидат агресивни и амбициозни личности со склоност за наредување. Тие имаат остар аналитичен ум и се многу одлучни.rnrnЛице во облик на триаголник е карактеристично за личности кои се темпераментни, креативни, интелигентни и имаат витка става.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    Веѓи

    rnОбликот на веѓите исто така говори за карактерот на личноста, за нејзината репутација и темперамент.rnrnГусти, маркантни веѓи се знак за агресивни и јаки личности кои се вешти со рацете.rnrnТенките веѓи откриваат личности кои се често неодлучни.rnrnНиско поставени веѓи откриваат импулсивен темперамент, додека високите веѓи означуваат претпазливост во донесувањето одлуки.rnrnРамните веѓи се знак за личности со висок естетски критериум и особена чувствителност.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    Усни

    rnОбликот на усните ни говори за сензуалноста, апетитот за храна и секс, како и за комуникативноста.rnrnТенка горна усна и бујна долна укажуваат на некој кој во врската не знае да врати со иста мерка.rnrnСпротивниот облик сугерира на личности кои можат да дадат премногу.rnrnПолни тркалезни усни се знак за грижливи, чувствителни и сензуални личности со изразен сексуален апетит, а тенките усни се одлика на себичност.rnrnСпуштена горна усна упатува на некој на кого е тешко да му се угоди, додека пак усни подигнати нагоре се знак на оптимизам. Рамни усни се знак на самоконтрола.rnrnШто зборуваат цртите на лицето за васrn

    И бојата на очите го открива карактерот

    rnТемно сина боја на очите значи дека личноста е сензуална и отворена, но истовремено нежна и чувствителна.rnrnСветло сини очи се карактеристични за оние кои веројатно уживаат во кокетирањето со спротивниот пол.rnrnТемно зелени очи означуваат енергија и инвентивност. Луѓето со зелени очи се спонтани и луцидни и кога сте со нив во друштво, навистина треба да си ја изострите својата интелигенција.rnrnЧоколадно кафени очи упатуваат на страстен карактер, лојалност и посветеност. Исто така, овие личности напорно работат за да обезбедат удобен живот за своето семејство. Кафените очи обично упатуваат на великодушност.rnrnСивите очи означуваат висок степен на интелигенција и рафинираност, но недоволно страст, бидејќи овие личности имаат склоност да размислуваат и премеруваат.rnrnЦрните очи се многу ретки, а ги имаат доминантни и впечатливи луѓе, кои својата цел нема секогаш да ја постигнат на најфиниот начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кривите улици во Сан Франциско

    Кривите улици во Сан Франциско

    Градот Сан Франциско е познат по своите ридови, неверојатно стрмните улици и прекрасната мешавина од викторијанска и модерна архитектура. Фотографот Dan Ng се обидел да ги „исправи“ овие неверојатни удолни улици, така што го навалувал фотоапаратот во спротивна насока од косината на улиците. Од неговата работа, произлегла една уникатна галерија на овој град.rnrnКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан Францискоrnrn rn

    „Што би бил Сан Франциско без своите стрмни ридови? Па, како прво би ни било многу поедноставно да шетаме наоколу без да вложуваме многу напор. Ќе ни беше полесно да паркираме автомобил. Немаше да ни се лизгаат автомобили и тениски топчиња по удолниците.“ – објаснува фотографот

    rnКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан Францискоrnrn rn

    „Од друга страна пак, немаше да имаме жичарница, прекрасен поглед и необично привлечни соседства. Немаше да имаме толку многу филмови и разни разгледници со нашиот град. Накратко кажано, Сан Франциско не би бил Сан Франциско.“

    rnКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан Францискоrnrn rn

    „Со навалување на апаратот, се обидов да ги израмнам ридовите, а моите фотографии на еден палав начин ги портретираат улиците на Сан Франциско, во рамно издание. Но, фала му на Бога што не се рамни! Поради тоа што мојата населба е опкружена со ридови, стрмни ридови и уште пострмни ридови, јас ќе продолжам да правам повеќе и повеќе фотографии.“

    rnКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан ФранцискоКривите улици во Сан Францискоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 чадори поради кои ќе го засакате дождот

    13 чадори поради кои ќе го засакате дождот

    Чадорот е едно од оние нешта кои не сакаме да ги употребуваме многу. Сепак, кога ситуацијата наложува да носиме чадор поради лошите временски услови, сакале или не, мора да понесеме еден со нас. Па за да биде целата работа поинтересна, еве некои модели кои ги смислиле дизајнерите низ светот.rn

    1. Чадор со часовник

    rnЈапонските дизајнери смислиле начин како да дознаете колку е часот преку вашиот чадор. На неговата внатрешност се испишани часовите, а вградениот компас ќе ви покаже накаде треба да се свртите. Па така, со помош од светлината, чадорот ќе ви го означи точното време.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    2. Чадор со визир

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    3. Чадор-оклоп

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    4. Чадори за подобрување на расположението

    rnЛошото време може да растажи многумина. Токму затоа се направени овие два чадори, едниот со ротирачки тркалца, а другиот со печат на врвот. Двата модела оставаат „смајли“ откако ќе ги натопите во некое вирче.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    5. Чадор за покажување револт кон дождот

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    6. Чадор кој прикажува поинаква слика во тмурните денови

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    7. Чадор со пиштол

    rnОвој уникатен изум овозможува водата да се слева низ рачката во пиштолчето, а за понатаму сите знаете како се употребува. :)rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    8. Чадор со држач за чаша

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    9. Чадор кој се претвора во чанта

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    10. Чадор со кој можете да играте голф

    rnОвој изум е на дизајнерот Себастијан Еразуриз. Тој обожава да игра голф, па честопати на голф-терените морал да оди со чадор поради лошото време. Токму затоа го создал овој модел.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    11. Чадор-ранец

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    12. Самурајски меч

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    13. Чадор кој свети

    rnКако што водата паѓа на површината од чадорот, енергијата од ударот на капките врз проводната мембрана се трансформира во електрична енергија, која ги напојува ЛЕД-светилките. Тоа му овозможува на чадорот да свети. Колку посилно врне, толку посилно свети чадорот. Моделот е создаден  за да можат возачите на автомобили да ве видат и во темница, со цел да не завршите мокри или повредени.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 15 најубави замоци во светот

    Топ 15 најубави замоци во светот

    Иако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rn

    1. Замокот Хоенцолерн, Германија

    rnОвој волшебен замок бил средиште на големи пруски кралеви и германски владетели. Датира уште од средниот век. Изграден е во 11 век, потоа бил целосно уништен во 1423 година, а бил реконструиран во 1461 година. Погледот кон планината Хоенцолерн (855 м) е зачудувачки, како и самиот комплекс. Овој замок се наоѓа на околу 50 км јужно од Штутгарт.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    2. Замокот Хауард, Англија

    rnИако изгледа како замок, ова е всушност фамилијарна резиденција на семејството Хауард, кое живее тука веќе 300 години. Оваа семејна резиденција се наоѓа во Северен Јоркшир и претставува најголемото живеалиште во Велика Британија. Изградбата на оваа палата е започната од крајот на 17 век и траела околу 15 години. Меѓу најзабележителните карактеристики на замокот се прекрасните градини и паркови кои се распослани на огромно пространство.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    3. Замокот Алказар во Сеговија, Шпанија

    rnОвој замок се наоѓа во стариот дел на Сеговија, Централна Шпанија. Изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    4. Замокот Химеџи, Јапонија

    rnЗамокот Химеџи, познат и како Белиот замок на чапјите, се одликува со прекрасна бела надворешност. Во овој огромен комплекс влегуваат 83 древни објекти. Еден од најпознатите одбранбени елементи на овој замок се многуте лавиринти кои водат до главната кула. Портите се изградени на тој начин што ги принудуваат натрапниците да се соочат со многу слепи патеки. Химеџи бил изграден во 14 век, а денес може да го посетите во регионот Кансаи во Јапонија.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    5. Замокот во Прага, Чешка

    rnПрашкиот замок претставува икона на Чешка, а е еден од најстарите и најголемите замоци во светот. Долг околу 570 метри и широк 130 метри, овој замок претставува извонредно архитектонско чудо. Во себе ги содржи сите стилови на последниот милениум, готика со романескни и барокни елементи. Првиот објект од овој прекрасен комплекс е изграден уште во 9 век.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    6. Замокот Пелеш, Романија

    rnСместен во планинската идила на Карпатите, Пелеш е вистинска бајковидна градба. Изградбата била започната во 1873 година и еве како романската кралица Елизабета го опишала неговото градење:rn.rn

    „Италијанците биле ѕидари, Романците ги граделе терасите, Циганите биле носачи, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, а Турците ги гореле тулите. Инженери биле Полјаците, а каменоресци Чесите. Очигледно, можеле да се слушнат 14 јазици меѓу работниците.“

    rnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    7. Замокот Шамбор, Франција

    rnСо оглед на тоа дека Шамбор бил официјално изграден како викенд-куќа за лов, овој замок е доста импресивна градба. Локацијата за неговата изградба била одредена од кралот Франсоа I. Тој намерно го избрал тоа место бидејќи се наоѓало блиску до замокот на неговата љубовница, Клод Рохан. Овој масивен замок има 440 соби, 365 камини и 84 скали и со тоа претставува најголемиот замок во долината Луара во Франција.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    8. Замокот Нојшванштајн, Германија

    rnИзградбата на овој замок била започната уште во 1896 година, а дизајнер на ова прекрасно здание бил, не архитект, туку сценографот на Лудвиг Втори, Христијан Јанг. Пред завршувањето на замокот тој бил прогласен за луд. Ова објаснува многу во поглед на архитектурата на Нојшванштајн. Локацијата и големината на замокот се спектакуларни и помалку луди. Тој се наоѓа на врвот на еден рид во југозападниот дел на Баварија и претставува голема туристичка атракција во Германија.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    9. Замокот Корфе, Англија

    rnИако, рушевините е сè што е останато од замокот Корфе, тие се доволен доказ за грандиозноста на оваа градба. Се наоѓа во округот Дорсет, на островот Пурбек и се претпоставува дека е изграден во 9 век. Други докази укажуваат на тоа дека е изграден многу порано и бил римска дефанзивна градба. Остатоците од деловите кои се сочувани до денес, биле изградени во 11 век. Два века подоцна биле во функција на магацини на богатството на кралството на Англија и служеле како затвор.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    10. Замокот во Мацумото, Јапонија

    rnОва е неверојатен замок кој се наоѓа во градот Мацумото, во близина на Токио. Бил изграден во 1504 година и денес е Национално богатсво на Јапонија. Замокот бил во употреба сè до средината на 19 век. По реставрацијата на Меиџи во 1868 година, новата јапонска влада била одлучна да го сруши замокот и да го продаде за дрво и железо. За среќа, локалните жители го купиле пред да биде срушен и денес сведочи за суровата јапонска историја.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    11. Замокот Елц, Германија

    rnЕлц е уште еден истакнат германски замок. Оваа прекрасна средновековна конструкција се наоѓа во југозападниот дел на Германија и сè уште е сопственост на фамилијата која живее таму 800 години. Сопственик на замокот е д-р Карл Граф фон унд цу Елц, кој ја претставува 33-тата генерација на домот на Елц.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    12. Ејлен Донан, Шкотска

    rnЗамокот Ејлен Донан бил изграден во 13 век да ги спречи Викинзите од инвазии, а денес е најпознатата туристичка атракција во Шкотска. Бил именуван по епископот Донан кој дошол во Шкотска во 6 век. Замокот се наоѓа на остров опкружен со прекрасни предели и висорамнини. Тврдината е реконструирана најмалку 4 пати, па затоа и нејзината реставрација траела 200 години (18-20 век). Таа всушност лежи на урнатини. Во 1932 година е отворена за посетители и секојдневно има огромен број туристи од целиот свет.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    13. Тврдината Нешател, Швајцарија

    rnЗамокот, изграден во 10 век, е подарок од Кралот Рудолф III и неговата жена. По овој дарежлив подарок биле именувани градот, езерото и Швајцарскиот кантон. Бил реконструиран во 15 и 17 век, а денес замокот е средиште на кантонската влада и судовите.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    14. Тврдината Гуаита, Сан Марино

    rnОваа тврдина се наоѓа на врвот Гуаита, има поглед кон целиот град Сан Марино и претставува икона на оваа мала земја целосно опколена со територијата на Италија. Тврдината била изградена во 11 век и некое време служела како затвор.  Гуаита е една од трите кули на Сан Марино, која се наоѓа на трите врвови на Монте Титано. Кулите се прикажани и на националното знаме и на грбот на Сан Марино.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrn

    15. Замокот Конви, Велс

    rnКонви е еден од најистакнатите замоци на Едвард Први, изграден во 13 век. Тој е еден од клучните замоци на кралскиот „железен прстен“ изграден на тврдината во Велс. За неговата градба се претпоставува дека Едвард Први потрошил 15.000 фунти (162.000.000 фунти во денешни пресметки) што го прави овој замок најскапиот во Велшката историја. Денес Конви е прогласен за светско наследство и со својот поглед кон заливот Конви е најпретставителниот објект во Северен Велс.rnrnТоп 15 најубави замоци во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.