КАФЕ ПАУЗА

Category: Добро е да се знае

  • Летечко доживување

    Летечко доживување

    Погледнете го ова кратко видео во кое неколку луѓе само за момент летаат. Нивното искуство е овозможено од Melbourne Skydive Centre во Австралија.rnrnЛетечко доживувањеrnrnСо ова видео, центарот се надева дека ќе понуди поинаква перспектива за она што овој спорт може да понуди. Небеската акробатика (Skydiving) подразбира вистинско летање во прекрасна тридимензионална средина – небото.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто е тешко да сакате пушач

    10 причини зошто е тешко да сакате пушач

    Пушењето е несомнено лоша навика. Покрај причините кои им се добро познати на сите, редовните пушачи стекнуваат навики кои го менуваат нивниот животен стил, што пак, се одразува на начинот на кој влијаат на другите луѓе, како и на нивното лично здравје и на хигиената. Еве 10 причини зошто е тешко да се сака пушач:rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Пасивно пушење

    rnЕдна од главните причини е пасивното пушење, односно доведувањето на сопственото здравје во опасност, кога сте во присуство на пушач, кој ќе запали цигара и ќе го дува чадот директно во вас. Докажано е дека пасивното пушење може да биде дури и поштетно од активното, па ова може да има огромни последици врз оние кои несвесно го вдишуваат чадот. Ако во вашето семејство или во друштвото имате пушач кој си има навика да запали цигара во присуство на останатите кои не пушат, терајте го да излегува надвор и да го прави тоа настрана од другите.rn

    Смрдливи алишта

    rnЧадот од цигарите има изразита и долготрајна миризба која тешко се ветрее од алиштата. Освежувачите за воздух понекогаш не можат да се изборат со презаситената миризба во просторијата каде што се пуши. По само неколку часа седење со пушачи, дури и ако вие не сте запалиле цигара, за други непушачи ќе делувате како да сте пушеле. Постојаната миризба што ја носат пушачите, може да биде предизвик за нивните партнери непушачи.rn

    Лош здив

    rnКолку и да ги мијат забите и да жабуркаат со течности за уста, пушачите сепак имаат лош здив. Кога се вели дека бакнувањето со пушач е како да бакнуваш пепелник, ова не е многу далеку од вистината. И не е само тоа. Забите на пушачите по некое време стануваат жолти и искривени, непцата се оштетуваат, а може да се појават и други дентални проблеми. Здивот на пушачот во вашата непосредна околина може да биде голем проблем доколку вие сте педантна личност која не поднесува непријатна миризба од устата.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Скапа навика

    rn Пушењето е скапа навика, но колку скапа, зависи од тоа колку долго личноста пуши и по колку цигари на ден. Ако направите пресметка, може да сфатите дека за една година со тие пари би можеле да купите нов телевизор со најнова технологија. Ако сте во врска или во брак со пушач, редовно правете му пресметка од кои „скапоцени“ работи всушност тој се откажува заради својата навика и колку точно пари фрла во вода на годишно ниво.rn

    Ненадејно исчезнување

    rn Повеќето пушачи имаат неверојатен талент за исчезнување во секоја ситуација што ќе им се види згодна за да вовлечат неколку димчиња. Ова може да претставува проблем на работа, бидејќи колегата може да ви исчезне баш кога ќе ви треба за нешто. На ова се надоврзува и нивната честа потреба за цигара, па паузите на секој час се скоро задолжителни. Но, за среќа, лесно е да ги најдете пушачите. Тие секогаш се во дворот или на терасата каде уживаат во нивната цигара.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Нерасположение

    rnСте имале прилика некогаш да бидете во присуство на пушач кој не запалил цигара одамна? Подобро би било да не сте го искусиле ова, бидејќи пушач кој не запалил цигара подолго време, станува нерасположен. Кога пушачот апстинира, нивото на никотин во крвта се намалува и тој почнува да копнее за никотин, додека истовремено чувствува главоболка и мачнина.rn

    Лошо однесување

    rnДури и кога пушачот ќе ја земе својата никотинска доза, тој може да има лошо однесување. Од вработениот кој прави пауза за цигара, а има итна задача, до тинејџерот кој сака да им врати на неговите напорни родители, пушачите често имаат инаетливо и песимистичко однесување. Не значи дека сите пушачи се вакви, но оние кои се, се потешки за сакање.rn

    Не сака да се откаже

    rnПушачите тешко се откажуваат од оваа навика. Веројатно зашто цигарите се застрашувачки зависни. Ако сакате да натерате некој близок да ги остави цигарите, голема е веројатноста дека ќе се разочарате. Пушењето е помеѓу навиките со највисок степен на враќање, така што вашиот обид да откажете некого од пушење цигари веројатно ќе заврши неплодно.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Лошо здравје

    rnПушењето не е здрава навика. Не само што може да ги остави „без здив“ инаку здравите луѓе, туку може да има и многу посериозни последици. Луѓето кои им се блиски пријатели на пушачите го сакаат најдоброто за нив и сакаат тие да бидат здрави, но овие знаат да се инаетат во врска со откажувањето, па ова е уште една причина која го прави сакањето потешко.rn

    Замирисан автомобил

    rnИма нешто уникатно и препознатливо во возилото на пушачот. Миризбата секако. Како што чадот се впива во неговите алишта и во домот, таа изразита миризба е карактеристична и за автомобилот. Оваа карактеристика е уште полоша за непушачите. Влезете во автомобил на пушач. Штом запали цигара и го раздува чадот во затвореното возило, како непушач, веднаш ќе се почувствувате лошо, а од густиот чад кој нема доволно место за да се разбие низ просторот, ниту ќе можете да му го видите лицето на вашиот близок, а со оглед на неговата грда навика, веројатно нема ни да сакате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 заповеди за подобар живот

    10 заповеди за подобар живот

    „На крајот, не се годините тие кои се важат во вашиот живот. Животот во тие години е она што е најважно“ – рекол Абрахам Линколн.

    rnЕве 10 кратки совети во форма на заповеди, насочени кон самите себе. Доколку си ги повторувате и верувате во нив, навистина можете да си го направите животот поедноставен, поисполнет и поубав.rnrn10 заповеди за подобар животrnrn1. Јас не сум совршен и нема да се трудам да бидам.rnrn2. Јас не можам и нема да се трудам да ги задоволам сите.rnrn3. Јас ќе бидам дел од она во кое верувам.rnrn4. Јас ќе им дадам приоритет на моите обврски и ќе ги извршувам прво најважните работи.rnrn5. Внимателно ќе ги одбирам пријателите.rnrn6. Ќе им помагам на луѓето кога ќе можам.rnrn7. Ќе се фокусирам на позитивните нешта во животот.rnrn8. Јас можам да бидам само јас.rnrn9. Ќе бидам тука, сега.rnrn10. Животот никогаш не оди подобро од вчера. Тоа е само мојата перцепција за животот.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 50 работи кои сите треба да знаат да ги направат

    50 работи кои сите треба да знаат да ги направат

    Самоувереноста е основниот клуч за живеење здрав и продуктивен живот. За да знаете да се справите во секоја ситуација треба да имате познавања од сите области од живеењето. Еве листа на 50 работи кои треба да знаете да ги правите. Никогаш не се знае кога ќе ви затреба да запалите оган, нели?rnrn50 работи кои треба сите да знаат да ги направатrnrn1. Да запалите оганrn2. Да ракувате со компјутерrn3. Ефикасно да работите со Гуглrn4. Да давате вештачко дишењеrn5. Да ракувате со мануелен менувач за автомобилrn6. Да готвитеrn7. Да раскажувате приказни кои ќе го привлечат вниманиетоrn8. Да избегнете тепачка или да вратите со тупаница кога требаrn9. Да пренесете лоша вестrn10. Да смените гумаrn11. Да знаете како да се однесувате на интервју за работаrn12. Да се справите со времетоrn13. Брзо читањеrn14. Да помните имињаrn15. Преселување работи од едно до друго местоrn16. Да ги спакувате само потребните работи за патувањеrn17. Да се справите со полицијаrn18. Да дадете насоки за возењеrn19. Да дадете прва помошrn20. Да пливатеrn21. Да се паркирате паралелноrn22. Да ги препознавате сопствените граници за пиење алкохолrn23. Да одберете добар производrn24. Да знаете да користите чекан, секира и пилаrn25. Да знаете да го организирате буџетотrn26. Да зборувате барем два јазициrn27. Да знаете правилно да правите склековиrn28. Да дадете комплиментrn29. Да преговаратеrn30. Да ги слушате другите внимателноrn31. Да ги знаете основите на географијатаrn32. Да бојадисате ѕид од собаrn33. Да кажете краток и јасен јавен говорrn34. Да се насмевнете кога ве фотографираатrn35. Да знаете да флертувате без да изгледате смешноrn36. Да правите корисни забелешкиrn37. Да се однесувате со почит кога одите на гостиrn38. Да оставите одличен прв впечатокrn39. Да управувате со мапа и компасrn40. Да сошиете копчеrn41. Да наместите сараунд системrn42. Да типкате на тастатураrn43. Да ги заштитите вашите лични податоциrn44. Да инсталирате  антивирусен софтверrn45. Да препознаете кога некој ве лажеrn46. Да прекинете љубовна врска без никакви лажни ветувањаrn47. Да отстраните дамкаrn48. Да ја одржувате вашата куќа чистаrn49. Да држите бебеrn50. Да стартувате автомобил со каблиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 факти за пингвините

    8 факти за пингвините

    Пингвините се прекрасни и многу интересни суштества, но сепак поголемиот дел од луѓето во светот го немаат задоволството да живеат во нивна близина и да го следат секој нивни потег. Ова се неколку интересни факти поврзани со нив, од кои ќе научите и ќе дознаете нешто повеќе за нивните навики.rnrn8 факти за пингвинитеrn

      rn011

    • Постојат 18 различни видови пингвини. Нив можете да ги најдете на бреговите на Нов Зеланд, Австралија, Чиле, Јужна Африка, Перу и на островите Галапагос во пределот на екваторот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Тие изгледаат слатко и мило, но знаете како се вели, не суди за книгата според нејзините корици. Тие се родени ловци. Нивните клунови се остри како сечиво, а со нивните крила можат силно да замавнат доколку им се приближи натрапник. Ако се најдете во ситуација да ги набљудувате, држете се на безбедна дистанца.
    • rn

    rn8 факти за пингвинитеrn

      rn011

    • Тие се киднапери. Доколку мајка загуби бебе пингвин, таа киднапира бебе од друга мајка.
    • rn

    rn

      rn011

    • Помеѓу нив постои татковска љубов. Кај нив, мајката не е таа која се грижи за бебето пингвин. Таа обврска ја презема таткото.
    • rn

    rn8 факти за пингвинитеrn

      rn011

    • Пингвините се месојадци, кои се снабдуваат со храна преку морето. Храната која ја јадат зависи од нивниот вид. Тие можат да јадат различни морски животни како што се лигњи, риби, ракчиња и слично.
    • rn

    rn

      rn011

    • Најголем вид е царскиот пингвин и тој може да достигне тежина и до 35 килограми и висина од 1,1 метар. Од друга страна, најмал вид е малиот син пингвин кој може да достигне висина од 40 сантиметри и тежина од само 2 килограми.
    • rn

    rn8 факти за пингвинитеrn

      rn011

    • Животниот век на пингвините, исто така, зависи од нивниот вид. Дивиот пингвин може да живее од 15 до 20 години. Во тој период, пингвините поминуваат 75% од времето во морето.
    • rn

    rn

      rn011

    • Пингвините живеат во големи групи. Овие големи групи можат да ги сочинуваат и до 1000 пингвини.
    • rn

    rn8 факти за пингвините8 факти за пингвините
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајните на водата

    Тајните на водата

    Автор: М. ДавидовскаrnrnСекој ден ја пиеме, а малкумина од нас знаат колку е таа моќна и значајна во нашиот живот. На 22 март се одбележа меѓународниот ден на водата. По тој повод, еве неколку познати и помалку познати факти за неа.rnrnТајните на водатаrnrnНашето тело има 80% вода, а исто толкав е процентот и на вкупната количина вода на Земјината топка. Толку многу вода, а уште повеќе тајни, кои таа ги крие во себе.rnrnНаучниците велат дека водата е мала молекула со крајно специфични својства. Не постои друга молекула, во која се откриени такви аномалии. Да не постоеше барем една од тие аномалии, немаше да постои животот на Земјава.rnrnВодата може да се наоѓа во три агрегатни состојби. Од сите течности, таа има највисок површински притисок и е најмоќниот растворувач.rnrnТајните на водатаrnrnРезултатите од експериментите изведени во многу држави, покажуваат дека водата го прима и помни секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некој предмет, за да ги „разбере“ и меморира неговите својства.rn

    Помнејќи ја информацијата од околината, таа придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште беше дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав. Сензационална новост е дека тоа претставува глупост. Структурата на водата всушност е многу поважна од хемискиот состав.

    rn

    Тајните на водата

    rn

    Структурата на водата се однесува на начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во коишто водата запишува сè што гледа и чувствува.

    rnСо современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440.000 информациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина.rnrnМолекуларната структура претставува „азбука на водата“. Со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.rnrnТајните на водатаrnrnЕмоциите, позитивните и негативните делуваат најсилно. Во лабораторијата на прoф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции врз водата. Водата реагирала на строго определен начин. Генерално, љубовта ја стабилизира, агресијата ја дестабилизирa.rnrnВо лабораторијата на д-р Емото се испитува водата подложена на различни делувања. „Впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со криогена камера.rnrn

    Тајните на водата
    Влијание на зборовите „Ти благодарам“ (лево), „Ми се лоши од тебе, ќе те убијам“ (десно)
    rnrn
    Тајните на водата
    Влијание од хеви метал музика (лево) и од Моцарт (десно)
    rn

    Современата технологија овозможува структурирање на водата. Обработувањето на земјата со структурирана вода навистина има ефект. Структурираната вода делува и на крвта на човекот. Терапија со таква вода го лечи организмот.

    rnФеноменот структурирана меморија и овозможува на водата да запамети сè наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата.rnrnВодата ни дава живот, здравје и енергија. Разбудете ја свеста и користете ја водата на правилен начин.rnrnЛегендата вели: Ќе дојде ден кога целата вода на светот, освен онаа која ќе биде брижно сместена, ќе исчезне. А на нејзино место ќе се појави друга, од која луѓето ќе полудуваат.rnrnТајните на водатаrnrnСамо еден човек го сфатил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода. Дошол претскажаниот ден кога сите извори пресушиле. Човекот пиел од своите резерви. Набрзо изворите се наполниле со нова вода. Луѓето пиеле жедно и сите полуделе, а тој човек продолжил да пие од својата вода и останал нормален. Тој бил единствениот „разумен“ сред „безумниците“. Сите луди го нарекувале луд. Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот. А безумниците сфатиле дека тој најпосле се здобил со разум…

  • Најстудениот град во светот

    Најстудениот град во светот

    Овој мал град, наречен Оимјакон, се наоѓа во северен Сибир, а познат е по тоа што го држи рекордот за најстудениот град на планетата Земја, каде што температурите паѓаат и до -71,2 Целзиусови степени.rnНајстудениот град во светотЗа да се стаса до најблискиот град Јакутск, потребни се 3 часа патување со автомобил по замрзнатите патишта. Во ова гратче птиците замрзнуваат дур се во лет, но сепак луѓето некако издржуваат да преживеат. Доколку температурата се движи околу -50 Целзиусови степени, состојбата се смета за нормална, а дури кога ќе отиде многу пониско, се прогласува вонредна состојба, се затвораат училиштата, луѓето не одат на работа и слично.Најстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светотНајстудениот град во светот
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што значи да се биде човек?

    Што значи да се биде човек?

    За некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите:rnrnШто значи да се биде човек?rnrn1. Добивате тело, кое можеби ќе го сакате, можеби ќе го мразите, но ќе остане ваше за цело време.rnrn2. Ќе учите лекции. Ќе ве запишат во неформално училиште со полно работно време, наречено „живот“.rnrn3. Не постојат грешки, само лекции. „Растењето“ е процес на обиди, пропусти и експерименти. Неуспешните експерименти се подеднакво дел од процесот, како и оние кои успеваат.rnrn4. Лекциите се повторуваат додека не се научат. Секоја лекција ќе ви биде презентирана на различни начини, сè додека не ја научите. Кога ќе ја научите, може да преминете на следната.rnrn5. Учењето лекции не завршува никогаш. Не постои период од животот кој не содржи лекции. Ако сте живи, тоа значи дека сè уште има лекции за учење.rnrn6. Нема подобро место од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе стане „овде“, вие ќе најдете друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.rnrn7. Другите луѓе се безмалку одраз од огледалото пред кое стоите. Не можете да сакате или да мразите нешто кај некоја личност, доколку тоа не рефлектира некоја особина која си ја сакате или мразите кај себе.rnrn8. Што правите во животот е ваша работа. Ќе ги имате на располагање сите ресурси и алатки. Што ќе направите со нив зависи од вас. Изборот е ваш.rnrn9. Вашите одговори лежат во вас. Одговорите на животните прашања се во вас. Сè што треба да направите е да погледнете, да послушате и да верувате.rnrn10. Ќе заборавите на сево ова.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот е…

    Животот е…

    Животот е она што го доживувавме во сегашноста. Минатото е зад нас, иднината сè уште не е тука. Доколку не ги живееме моментите од сегашноста, не можеме да бидеме во контакт со нашиот сопствен живот. Доколку се фокусираме само на убавите работи кои ги сакаме, тогаш имаме шанса да живееме убав живот. Една убава мисла вели:rn
    rn

    „Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете  и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа.“

    rnПогледнете ги следните 20 слики кои ги покажуваат едноставните, но прекрасни работи во животот. Почнете веднаш да го чувствувате вашиот поинаку – уживајте во секој момент од сегашноста, бидејќи животот е:rnrn

    Животот е...
    Чувства
    rnrn
    Животот е...
    Среќа
    rnrn
    Животот е...
    Радост
    rnrn
    Животот е...
    Убавина
    rnrn
    Животот е...
    Љубов
    rnrn
    Животот е...
    Единство
    rnrn
    Животот е...
    Грижа
    rnrn
    Животот е...
    Верба
    rnrn
    Животот е...
    Слобода
    rnrn
    Животот е...
    Мир
    rnrn
    Животот е...
    Креација
    rnrn
    (12) Животот е...
    Фантазија
    rnrn
    (13) Животот е...
    Уметност
    rnrn
    Животот е..
    Сон
    rnrn
    (15) Животот е...
    Бајка
    rnrn
    (16) Животот е...
    Знаење
    rnrn
    Животот е...
    Уживање
    rnrn
    Животот е...
    Одмор
    rnrn
    Животот е...
    Раскош
    rnrn
    Животот е...
    Природа
    rnrn
    Животот е...
    Животот е убав, зар не?
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Некогаш озлогласени затвори – денес туристички атракции

    Некогаш озлогласени затвори – денес туристички атракции

    .Алкатраз (Alcatraz), Калифорнија, САД

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Можеби најпознатиот затвор во светот, Алкатраз,е првиот во САД кој имал максимално обезбедување и кој не нудел никакви привилегии за затворениците. Сместен на карпест остров и опкружен со многу ладна вода од заливот на Сан Франциско, се сметало дека од него е невозможно да се избега. Од 36 мажи кои се обиделе да извршат бегство, 23 биле фатени, 6 биле застрелани и убиени, а двајца се удавиле. Останатите 5 затвореници никогаш повеќе не биле видени.  Денес Алкатраз е комплетно отворен за посетителите како туристичка атракција и се наоѓа под покровителство на „National Park Service“.

    rnrn

    Лондонската кула (Tower of London), Лондон, Англија

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Лондонската кула“ функционирала како затвор од 1100-тата година, до средината на 20-от век. Во него биле задржувани најголемите злосторници и криминалци од Англија меѓу кои и Сер Томас Мур, кралот Хенри VI, Ана Болејн, Катерина Хауард и многу други. Денеска замокот е најпопуларната туристичка атракција во Англија, а во неа се чуваат богатството и накитот на кралската круна.

    rnrn

    Островот Робен,(Robben Island) Кејп Таун, Јужна Африка

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Островот се наоѓа во близина на Кејп Таун и во текот на годините имал многу функции. Сепак, најпознат е по тоа што претставувал затвор под режимот на апартхејдот. Познатите Нелсон Мандела и Кгалема Мотланте, се само дел од многуте политички затвореници кои го отслужиле своето време во овој затвор. Денеска Островот Робен е популарна туристичка атракција, а до нејзе се стигнува со ферибот од Кејп Таун.

    rnrn

    Замокот на Иф (Chateau d’If), Марсеј, Франција

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Chateau d’If“ е добро познат поради неговото споменување во романот „Грофот од Монте Кристо“ од Александар Дима. ОД 1634 година до крајот на 19 век, овој замок се користел како затвор за верски и политички затвореници. Во тоа време, оние од повисоките класи со подлабок џеб, во затворот имале поголеми привилегии од оние помалку среќните. Замокот бил демилитизиран и отворен за посети во 1890 година. Денеска е еден од најпознатите затвори во светот.

    rnrn

    Островот на ѓаволот (Devil’s Island), Француска Гвајана

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    За првпат затворот бил отворен во 1852 година под владеење на царот Наполеон III. За време на 94-годишното постоење, во ова историско место одлежале многу затвореници, од политички злосторници до најопасни криминалци. Невозможно било да се избега поради густата шума  и водената површина полна со пирани која го опколувала островот. Затворот е затворен од 1952 година и оттогаш секоја година го посетуваат илјадници туристи.

    rnrn

    Замокот Елмина (Elmina Castle), Елмина, Гана

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Замокот „Елмина“, изграден во 1492 година, е најстарата европска градба, која се наоѓа јужно од Сахара. Повеќе од 300 години служел за чување на лицата кои биле грабнати со сила, за подоцна да бидат продавани како робови. Понекогаш една ќелија делеле повеќе од 200 души, без простор да можат да прилегнат. Во 18-от век повеќе од 30 000 робови циркулирале низ замокот. Денес замокот е признаен од УНЕСКО како светско културно наследство и претставува популарна туристичка организација.

    rnrn

    Островот Гори (Goree Island), Сенегал

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Илјадници робови поминувале низ овој остров, пред Франција да ја укине трговијата со робови во 1848 година. Едно од најозлогласените места на островот е „Maison des Esclaves“ или „Домот на робовите“ каде што се чувале робовите пред да бидат качувани на бродови и упатувани во правец накај Новиот Свет (Америка). Сега островот претставува музеј и е заштитен од УНЕСКО како светско културно богатство, а истовремено претставува почетна точка на Афро-американците за наоѓање на своите корени.

    rnrn

    Туол Сленг (Tuol Sleng), Пном Пен, Камбоџа

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Започнал со работа во 1975 година во време на владеењето на Црвените Кмери. Сместен во зградата на поранешното средно училиште, „Туол Сленг“ бил еден од најстрашните затвори во светот. Затворениците биле секојдневно рутински измачувани, сѐ со цел да ја признаат вината за своето зло дело. Откако ќе го признаеле злосторството или ќе ги кажеле соучесниците и нарачателите, тие биле убивани. Од 17 000 луѓе приведени во затворот, за време на неговото четиригодишно постоење, познати се само неколкумина преживеани. Од 1979 година, затворот работи како музеј за потсетување на делата направени за време на владеењето на Црвените Кмери.

    rnrn

    Хоа Лоа, (Hoa Loa) Ханој, Виетнам

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Изграден е од Франција со цел да ги затвора виетнамските политички злосторници. Војската на Северен Виетнам го употребувала за затворање на заробеници во Виетнамската војна. Во него затворениците биле изложувани на глад и мачење, а често биле и убивани. Интересен факт е тоа што противникот на Барак Обама на последните избори за претседател на САД, Џон Мекејн одлежал во овој затвор пет и пол години откако бил фатен од Виетнамците. Само дел од затворот моментално функционира како музеј. Остатокот бил срушен во 1990 година додека се граделе висококатниците кои сега се наоѓаат околу него.

    rnrn

    Пристаништето Артур (Port Arthur), Тасманија, Австралија

    rn

    Некогаш озлогласени затвори - денес туристички атракции

    rn

    Од 1833 година до 1850 година, бил дестинација за најголемите криминалци од Британија и Ирска. Денеска се останати многу од зградите како казнено-поправниот дом, болницата, менталната институција и црквата која ја изградиле затворениците. Овој затвор спаѓа во светското културно наследство на УНЕСКО и секоја година е цел на многу туристи.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.