ТВ серија за различните судбини на посвоените деца, неочекуваните животни пресврти, мистеријата и лагите од страна на децата и родителитеrnrn
Главни улоги: Александра Чендо, Али Гонино, Алис Грачин, Кристен Праут, Блер Редфорд, Енди Бакли, Шерон Пјер Луи, Хелен СлејтерrnrnЖанр: тинејџ-драма, мистерија, трилерrnrnПремиера: 15 август, 2011rnrnЈазик: англискиrnrnКреатор: Сара ШепардrnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————–rn Кога е вистинскиот момент да му кажете на вашето посвоено дете дека не сте негови биолошки родители? А дали некогаш би ù признале дека има сестра близначка, со која се одвоени уште како бебиња? Одговорот на ова прашање е многу тежок, бидејќи повеќето посвоени деца, без разлика кога ја дознале вистината за нивниот живот, инстантно се разочаруваат, фрустрираат и се чувствуваат отфрлено од нивните вистински родители, поради што тргнуваат во потрага по нив, за да ги добијат своите одговори. Токму тоа се случува и со младата девојка Сатон, која откако ќе слушне дека е посвоена, веднаш почнува да ги бара своите биолошки родители. Но, притоа останува шокирана – таа има сестра близначка, физички идентична на неа, за која никогаш не ни чула дека постои. ———————————————————————————————————————————————————————–rn
rnЗошто родителите кои ја посвоиле Сатон криеле толку голема, мрачна тајна од неа? Зошто не ги посвоиле двете близначки? Тоа се прашања на кои најверојатно нема да им го дознаеме одговорот во брзо време. Ако ги обожавате ТВ сериите „Озборувачка“ и „Убави мали лажливки“, со сигурност ќе ви се допаѓа и „Лажливата игра“ бидејќи на неа работи Лесли Моргенстеин, извршниот продуцент на горенаведените серии, а автор на истоимената книга „The Lying Game“ е Сара Шепард која го напиша и романот „Убави мали лажливки“. Мистерија, тајни, лаги и манипулации повторно се провлекуваат и во оваа серија, во комбинација со убави тинејџерки и згодни момци, во едно ново, поинакво пакување. Серијата е многу нова, но најверојатно ќе стане уште еден светски хит.
Приказна: Ема е добродушно посвоено девојче, постојано задевано од страна на нејзиниот перверзен брат со кој не е во крвно сродство. Таа живее сиромашен и не баш среќен живот. Еден ден дознава дека има идентична сестра близначка, Сатон, која за разлика од неа, била посвоена од страна на богати родители и однадвор изгледа како да живее идеален живот.

На нивната прва средба, после тримесечниот контакт преку Скајп, Сатон ја наговара Ема да го поживее нејзиниот живот неколку дена, додека таа се обидува да најде некаква трага од нивната биолошка мајка. Првенствено возбудена што ќе ù направи услуга на нејзината новооткриена сестра, Ема сфаќа дека Сатон ја нема повеќе денови одошто било договорено и стравува дека можеби е во некаква неволја. Додека максимално се труди да ја имитира Сатон пред нејзиното семејство и пријателите, Ема е во недоумица дали да им ја каже вистината, откривајќи им каде се наоѓа нивната ќерка или и понатаму да се преправа, бидејќи не ù е јасна мистеријата која стои зад причината поради која тие како бебиња биле раздвоени.

Кога и како да ја гледате: „Лажливата игра“ е интересна ТВ серија, со многу сплетки и случувања, така што можете да ја гледате во кој било дел од денот, сами или во друштво. За да ви биде повозбудливо, можете да си резервирате филмска вечер со пријателите или партнерот, секој вторник во неделата, бидејќи тогаш новата епизода станува достапна за гледање на интернет.rnrnСлични серии: Убави мали лажливки, Заменети при раѓање, Неочекуван живот, Деветте животи на Клои Кинг.rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn

Романтичниот ситком, прво беше во рацете на ABC уште во 2009, но откако не добија зелено светло за пилот епизодата, им дозволија на 



rn
Главни улоги:

Приказната е толку едноставно поставена, а толку сложено се развива. Нема епизода која ќе ве разочара (освен можеби една или две), нема момент кој ќе ви дозволи да одлутате, нема секунда во која ќе престанете да се запрашувате што ќе се случи потоа.




rnrn
„Истрага на местото на злосторството: Мајами“, никогаш немаше да биде толку позната да не беше овој лик. Сите го знаат по неговите надалеку познати очила за сонце, а неговото специфично отворање на секоја епизода, со поставување енигма и заминување од кадарот, стана легендарно.rn
Со својата дрскост и британскиот акцент, овој лик ќе ве привлече уште од првата епизода. Ќе уживате во неговата генијалност и прецизност, а приказната на серијата во која глуми ќе ве воодушеви.rn
Зарем може да се опише ваков лик!? Неговата прецизност и планирањето на секоја секунда од неговото време во комбинација со неговото знаење и генијалност ќе ве насмее до солзи. Маичките од супер херои кои ги носи во зависност од расположението, точниот распоред за секој оброк во неделата, комплицираните договори за цимерскиот живот и што ли уште нема да видите од овој лик.rn
Ја паметите оваа серија, нели? Одличниот хумор кој ù го носи овој лик на серијата е многу важен дел од успехот кој таа го постигна. Вонземјанинот во човечко тело, како глава на лудото семејство секогаш знаеше да ги каже „најпаметните“ работи, а токму затоа публиката го обожаваше.rn
Неверојатно смешниот психијатар со свое радиско шоу е длабоко влезен во историјата на најдобрите комични ликови на сите времиња. Надополнет од својот брат Нилс Креин и татко му Мартин, скоро е невозможно да не го сакате.rn
Разведениот татко, кој меѓу другото е познат писател, е главна ѕверка во Калифорнија по кого сите жени сечат вени. Нездравиот начин на живот и неговиот несериозен пристап кон работите, го прават овој лик многу интересен.rn
Дрскост, дрскост и само дрскост. Главниот лик на оваа серија е склоп од комплексност и професионалност, а неговиот изглед само ја надополнува сликата. Со слободна мисла, без влакна на јазикот и со извонредно проткаениот хумор на ниво, овој лик и тоа како ја прослави оваа серија.rn
Секогаш перфектно костумосаниот Барни е еден од оние ликови кои се паметат вечно. Големиот „швалер“ прави одлична дигресија во мирното и забавно друштво во серијата, а неговите фрази и постапки пополека стануваат легендарни.rn
Човекот кој без влакна на јазикот и со крајна дрскост оди до крај за да обезбеди најдобар ангажман за своите клиенти. Безобразен, нападен и енергичен на работа, кроток и емотивен со семејството, него го сакате, додека истовремено и го мразите. Ари Голд се пика под кожа кај сите останати во серијата, но и кај публиката. Кратко кажано, човекот е цар!rn
Ладнокрвен, сталожен, пристоен и мирен се додека не му згрешиш некако нему, на неговото семејство, пријателите, но и на човечкиот морал и достоинство. Според многумина, една од најдобрите серии некогаш снимена, токму поради одлично замислениот и реализиран лик на Декстер.rnrn
Главни улоги:
На другата страна е семејството Кениш, совршено и безгрижно, сè додека еден ден ќерката Беј случајно открива дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на нејзините родители. По обраќањето во болницата каде што Беј е родена, на виделина излегува вистината. При раѓањето Беј била заменета со друго бебе и семејството Кениш всушност си отишло дома со туѓо бебе. Заменетите бебиња се всушност Беј и Дафни.
Болницата им овозможува да стапат во контакт. Иако двете семејства имаат различен пристап кон целата ситуација и различни очекувања во иднина, сепак се сложуваат да живеат без малку под ист покрив со цел сите подобро да се запознаат.
Тука настапуваат семејните драми, тинејџерските изливи на бес, кавгите помеѓу двете мајки на две ќерки, по една биолошка и по една која ја имаат одгледано, притисоците од таткото кој чувствува дека треба многу да надомести за пропуштеното и секако, љубовните авантури на двете девојки во главните улоги.


Порака: 


Главни улоги
Невнимателна зад воланот, таа погинува во сообраќајна несреќа, а нејзиниот дух влегува во дебело тело на триесет и кусур годишна адвокатка, која животот си го посветила на образование и работа, а не на лакирање нокти и чешлање трепки. Како да се справи со новиот живот? Ќе успее ли да се снајде, буквално кажано „во туѓа кожа“?
Како што вели старата поговорка: „Сè се може, доколку се сака“. Запомнете: каква личност ќе бидете, зависи од тоа каква вие самите сакате да бидете.
Вознемирена од тоа што го слуша, таа притиска едно копче на компјутерот, кое се надева дека ќе ја врати назад на Земјата помеѓу живите. 
На Деб делумно ù се остварува желбата со притискање на копчето, кое не смеела да го притисне. Таа е повторно жива, но нејзиниот дух влегува во телото на неодамна починатата, брилијантна, вредна, интелигентна и дебела адвокатка по име Џејн Бингам.
Видно вознемирена од нејзиниот нов човечки облик, Деб е принудена да го заборави нејзиниот претходен живот и да го открие значењето на внатрешната човечка убавина. Длабочината на душата и умот ù ја овозможуваат интелигенцијата и знаењето кои ги има Џејн и нејзината способност вешто и тактички да ги освојува „битките“ во судницата.
Единствени луѓе кои знаат за новиот идентитет на Деб се нејзиниот ангел-чувар Фред и нејзината површна, но многу лојална најдобра другарка Стејси.
Животот уште повеќе започнува да ù се комплицира, кога во адвокатската фирма, започнува да работи нејзиното момче Грејсон, кој сè уште е „во црнила“ поради нејзината ненадејна, трагична смрт. Лудо заљубена во него, на Деб ù се кине срцето гледајќи го нејзиното прекрасно момче како страда по неа.
Воедно, таа му вети на нејзиниот ангел-чувар Фред дека нема да му каже на Грејсон која всушност е, бидејќи како што тој ù вели, нејзината животна цел, откако е Џејн, е да остварува длабока конекција со луѓето во нејзиниот живот. Оправдувањето на Фред, е дека доколку Грејсон навистина ја сакал Деб, а не нејзиното манекенско тело, ќе се заљуби повторно во неа, но во облик на Џејн.rnrn

Главни улоги:
Но, сè се менува една ноќ, кога Стајлс исчезнува во шумата, а Скот ќе биде нападнат од врколак. Иако на почеток тој е збунет и целосно обземен од она што му се случило, сепак истовремено тој мора да научи да ги контролира своите нагони, но сосема лесно му оди и искористувањето на благодетите од она што значи да се биде врколак. 
Секако, во приказната доаѓа новата ученичка Алисон, која „паѓа“ на самодовербата и шармот кој го карактериизраат тазе-созададениот волк-човек. 






Како за потсетување, анимираната серија „Флинтстонови“ премиерно се прикажуваше на американската телевизија „
Оваа листа е направена за серии од сите жанрови, со цел да се докаже инвентивноста без разлика на тематиката. Уживајте и дадете предлог кој друг го заслужува своето место тука.rn