КАФЕ ПАУЗА

Category: ТВ Серии

  • Излажи ме (Lie to me)

    Излажи ме (Lie to me)

    Вистината е испишана по нашите лица

    rn

    Излажи ме (Lie to me)Главни ликови: Тим Рут, Кели Вилијамс, Брендон Хајнс,rnМоника Рејманд, Меки Фајфер, Хејли Мекфарленд

    rn

    Режисер: Даниел Секхајм, Мајкл Зајберг, Едам Дејвисон…

    rn

    Креатори: Семјуел Баум…

    rn

    Жанр: криминалистика, драма, трилер

    rn

    Времетраење: 44 мин.

    rn

    Јазик: англиски

    rn

    Датум на прво прикажување: 21 јануари 2009

    rn

    Број на сезони: 3

    rn

    Следна епизода: 1 ноември 2010

    rn

    Официјален веб-сајт

    rn

    Наша оценка: 10/10

    rn

    ____________________________________________________________________________________________rn„Излажи ме“  е серија која воведува нешто свежо и невидено во криминалистичките ТВ шоуа. Групацијата „Лајтмен“ е тим составен од професионалци со широки познавања во полето на кинетиката и микро експресиите. Интересното  сценарио во комбинација  со навистина перфектни визуелни елементи и одлична музика, нема да ве остави рамнодушни и веднаш ќе ве навлече на серијата.rn____________________________________________________________________________________________rnrnrnrn

    Приказна:  Кал Лајтмен е основач на тимот Лајтмен и заедно со своите колеги води приватна фирма за разоткривање на вистината зад лагата. Секоја епизода е приказна за себе, но сепак има некое благо течение на дејството низ кое се откриваат елементи од приватниот живот на главните ликови.rnИзлажи ме (Lie to me)Кал Лајтмен, како главен лик во серијата, минал низ тежок период од животот поради смртта на неговата мајка, која ненадејно се самоубила и токму нејзината смрт го натерува да се изгради како експерт во областа на читање на фацијални експресии и разбирање на говорот на телото.rnИзлажи ме (Lie to me)Пилот епизодата во серијата започнува со расветлување на случај во едно локално училиште, каде што малолетен ученик самостојно се пријавува како извршител на деликтот, а само тимот на Лајтмен е убеден и цврсто решен да ја открие вистината. Дрскоста, прецизноста и перфектноста се главните особини на ликовите кои ќе ве натераат да се вљубите во нив.rnИзлажи ме (Lie to me)

    rnrn

    „Вистина или среќа. Никогаш двете“

    rnИнтересни податоци:rn

      rn011

    • Серијата е базирана врз искуствата на светски познатиот експерт во полето на фацијалните експресии, Пол Екман.
    • rn

    rn

      rn011

    • Досега правата на прикажување ги имаат откупено телевизии од 40 земји во светот.
    • rn

    rn

      rn011

    • За серијата да има посилен ефект, на главниот актер Тим Рут, намерно му е дозволено да зборува со својот британски акцент.
    • rn

    rn

    Излажи ме (Lie to me)

    rnКога и како да ја гледате? „Излажи ме“ е доста ефектна и тешка серија, па затоа за нејзино гледање ќе ви биде потребна максимална концентрација и потполна тишина. Препорачливо е да се гледа во мало друштво или пак да ја гледате сами. Иако серијата навлекува и ве тера постојано да ја гледате, погодно би било по изгледани две епизоди да правите мала пауза, па да продолжите. Исто така, тишината ќе ви биде максимално неопходна, токму поради фактот што главниот актер зборува со британски акцент, па доколку немате превод ќе имате мали тешкотии да го разберете.rn.rn

    „Единствен начин тројца луѓе да сокријат лага, е двајца од нив да се мртви“

    rn

    Излажи ме (Lie to me)

    rnСлични серии: „CSI-Miami”, “CSI-Las Vegas”, “CSI-New York”, “Bones”

  • Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

    Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

    ТВ серија исполнета со хумористични и непредвидливи случувања rnrn rnrnНајлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)  Главни ликови: Бен Милер, Сара Александер, Алисон Стедман, Џефри Вајтхед, Џенин Дувидски, Роналд Пикап.. rnrnРежисер: Марк Бусел, Џастин СбресниrnrnКреатори: Марк Бусел, Џастин СбресниrnrnЖанр: комедијаrnrnВреметраење: 30 мин.rnrnПремиера: 12 март 2004rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 3rnrnСледна епизода: немаrnrnНаша оценка: 8/10rnrn_________________________________________________________________________________ „Најлошата недела во мојот живот“ е одлична британска серија во продукција на БиБиСи, која навистина може да ви го разубави денот. Несекојдневните и незгодни случувања на еден млад брачен пар и нивните комплетно различни семејства, ќе ве наелектризираат со позитивна енергија и може да ви дојде како одлична релаксација после напорниот ден. ________________________________________________________________________________rn Од почетокот на првата епизода:rnrnrnПриказна: Серијата започнува една недела пред најсреќниот ден во животите на Хауард и Мел, нивната венчавка која сите со нетрпение ја очекуваат. Недела предвидена за релаксација и изострување на деталите околу свадбата, но и за зближување на Хауард со семејството на Мел, особено со нејзиниот татко Дик, кој и онака не е негов најголем обожавател. Но како непишано правило, секогаш кога премногу се трудите да оставите убав впечаток, работите се одвиваат обратно од планираното. Засрамувачките ситуации во кој запаѓа Хауард со семејството на неговата идна сопруга, во комбинација со љубоморните испади на неговата колешка, која е болно заљубена во него, ја дава дефиницијата за добра хумористична серија.rn.rn

    „Оф Боже, зошто не се венчавме некаде на плажа, само ние двајцата“

    rnВо понатамошниот тек на серијата сатиричните случувања продолжуваат и на нивниот меден месец и за време на Божиќните празници.rnrnНајлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)rnrnИнтересни податоци: Серијата е снимена во три сезони, од кои за третата сезона се снимени само три епизоди. По третата сезона, БиБиСи одлучи да се прекине со снимањето на серијата, што наиде на големо разочарување на публиката.rn

    Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)

    rnСепак серијата доби свои интернационални верзии, во Германија наречена „Помош! Свадба! Најлошата недела во мојот живот“ и далеку попопуларната американска верзија „Најлошата недела“ во која глуми и популарниот актер  од ТВ серијата „Лудите седумдесетти“, Куртвуд Смит, во улогата на Ред Формен.rnrnКога и како да ја гледате? Серијата е лесна и интересна и можете да ја гледате со друштво, со вашиот партнер или пак сами. Како и да е смеењето нема да изостане. Серијата во своите три сезони е составена од само 17 епизоди, па затоа е многу погодна да ги изгледате сите во еден викенд додека сте заминати некаде да се одморите и да уживате.rnrnНајлошата недела во мојот живот (The worst week of my life)Најлошата недела во мојот живот (The worst week of my life) rnrnСлични серии: „Најлоша недела“rnrnСлични филмови: „Запознавање со родителите“, „Запознавање со Фокерови“

  • Неочекуван живот (Life Unexpected)

    Неочекуван живот (Life Unexpected)

    Приказна за семејните врски, осаменоста, одговорноста, последиците, новиот почеток, љубовта и бунтовништвотоrnrnНеочекуван живот (Life Unexpected)Главни ликови: Британи Робертсон, Шири Апелбеј, Кристофер Полаха, Остин Бејзис, Кер СмитrnrnКреатор: Лиз ТигеларrnrnЖанр: драмаrnrnВреметраење: 42 мин.rnrnПремиера: 18 јануари 2010rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 2 (втората е во тек)rnrnСледна епизода: 28 септември 2010rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8rn———————————————————————————————————————————————————————-rn„Неочекуван живот“ е серија која ќе ви ги растрепери срцата и ќе ве натера да размислувате за тоа како животот може да ви се промени од корен, поради само една грешка во тинејџерските години. Од кратката сексуална авантура помеѓу Кејт и Бејз во средно училиште се родило девојче. Ова разединето семејство повторно се сретнува после 16 години. Лакс е прерано созреана тинејџерка која морала сама да се грижи за себеси целиот свој живот, а нејзините родители мораат конечно да пораснат и да ја преземат одговорноста за нивното дете.rn———————————————————————————————————————————————————————–rn.rn

    rn.rnПриказна: Откако поминала 15 години неуспешно барајќи родители кои ќе ја посвојат и засекогаш ќе се грижат за неа, Лакс решила дека дошло време таа да преземе контрола врз својот живот и да постане самостојна малолетничка. За сето тоа да биде правно регулирано, на Лакс и е потребен потпис од биолошките родители.rn.rn

    „Ако си 30-годишен маж и си сингл, значи дека имаш стандарди, а ако си 30-годишна жена и си сингл, значи дека имаш некаков проблем?“

    rnНајпрво таа успева да стигне до барот чиј сопственик е нејзиниот татко Бејз, кој живее ергенски живот со двајца мрзливи цимери, а веќе ја има поминато 30-тата година од животот. Тој е шокиран од фактот дека има ќерка, за која никогаш не дознал дека постои. Лакс е тотално изненадена кога Бејз и открива дека нејзината биолошка мајка е Кејт Кесиди, ѕвездата на радио шоуто „Утринско лудило“, кое таа го води заедно со нејзиното момче Рајан. Лакс го слушала гласот на Кејт на радио целото свое детство и чувствува инстантна поврзаност со својата мајка, која никогаш не ја запознала.rn.rn

    „Секоја девојка си го замислува таткото како на денот на нејзината венчавка ја испраќа до олтарот. Јас едвај можам да се сетам на мојот татко. “

    rn

    rnrnИнтересни податоци: rn

      rn011

    • Кога Лакс би и била вистинска ќерка на Шири Апелбеј (Кејт), би требало да ја има родено на 11 години.
    • rn011

    • Актерката Нина Добрев, која ја глуми главната улога во серијата „Вампирски дневници“, била на аудиција за улогата на Лакс.
    • rn

    rnКога и како да ја гледате: „Неочекуван живот“ е серија за сите генерации  и за сите времиња. Интересно е да ја гледате заедно со вашето семејство, бидејќи од неа можете да научите многу за градењето здрави семејни односи, но е подеднакво интересна и ако ја гледате сами или со друштво. Едноставна е за разбирање и следење, така што можете да ја гледате во кој било дел од денот и да уживате во нежните емоции кои ќе ги пробуди кај вас.rn.rn

    „Кога животот ти дава лимони, направи лимонада“.

    rnСлични серии: „Три Хил“, „Модерно семејство“, „Седмо небо“rnrnГледајте ја серијата онлајн: www.watch-life-unexpected.com

  • Кои од вашите омилени ТВ серии ќе можете да ги гледате нареднава недела

    Кои од вашите омилени ТВ серии ќе можете да ги гледате нареднава недела

    Секоја година, крајот на септември е период во кој почнуваат новите сезони на повеќето светски познати ТВ серии. Летната пауза помина, па сите долгоочекувани нови сезони започнуваат токму оваа недела. Погледнете го распоредот за оваа недела и подгответе се за нови возбудувања со вашите омилени ликови.rnКои од вашите омилени Тв серии ќе можете да ги гледате во нареднава неделаrn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    ТВ серија Датум на следна епизода Епизода Сезона
    rn

    Озборувачкаrn(Gossip girl)

    rn

    20 септември 2010 (понеделник) #2 4
    rn

    Д-р Хаусrn(House)

    rn

    20 септември 2010 (понеделник) #1 7
    Како ја запознав мајка виrn(How I met your mother) 20 септември 2010 (понеделник) #1 6
    Два и пол мажиrn(Two and a half man) 20 септември 2010 (понеделник) #1 8
    Треваrn(Weeds) 20 септември 2010 (понеделник) #5 6
    90210 20 септември 2010 (понеделник) #2 3
    Чакrn(Chuck) 20 септември 2010 (понеделник) #1 4
    Три Хилrn(One Tree Hill) 21 септември 2010 (вторник) #2 8
    Неочекуван животrn(Life Unexpected)rn 21 септември 2010 (вторник) #2 2
    Модерна Фамилијаrn(Modern Family) 22 септември 2010 (среда) #1 2
    ИМЗ: Лас Вегасrn(CSI: Las Vegas) 23 септември 2010 (четврток) #1 11
    Вампирски дневнициrn(The vampire diaries) 23 септември 2010 (четврток) #3 2
    Теоријата за Биг Бенгrn(The Big Bang Theory) 23 септември 2010 (четврток) #1 4
    Вовед во анатомијаrn(Grey’s Anatomy) 23 септември 2010 (четврток) #1 7
    Приватна праксаrn(Private Practice) 23 септември 2010 (четврток) #1 4
    Натприродноrn(Supernatural) 24 септември 2010 (петок) #1 6
    ИМЗ: Њујоркrn(CSI: New York) 24 септември 2010 (петок) #1 7
    Симпсоновиrn(The Simpsons) 26 септември 2010 (недела) #1 22
    Очајни домаќинкиrn(Desperate Housewives) 26 септември 2010 (недела) #1 7
    Декстерrn(Dexter) 26 септември 2010 (недела) #1 5
    Фамилијарен човекrn(Family Guy) 26 септември 2010 (недела) #1 9
  • Декстер (Dexter)

    Декстер (Dexter)

    ТВ серија за убиствата, правдата и семејствотоrnrnДекстер (Dexter)rnrnГлавни ликови: Мајкл С. Хол, Џенифер Карпентер,  Лорен Велез, Дејвид Зајас, Џули БензrnrnКреатор: Џејмс Манос Џуниор rnrnЖанр: криминал, драма, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 55 мин.rnrnДатум на прво прикажување: 1 октомври 2006rnrnЈазик: англиски и шпанскиrnrnБрој на сезони: 4 (x 12 епизоди)rnrnСледна епизода: 26 септември 2010rnrnВеб-сајт: http://www.sho.com/site/dexter rnrnНаша оценка: 10/10rnrn_________________________________________________________________________________ Што се наоѓа помеѓу убивањето и казните? Освен со мерките на полицијата и законите, постои ли друг начин престапниците да си го добијат своето? Декстер се грижи тоа да биде така. Без разлика зошто и како го прави тоа, тој го одржува балансот помеѓу доброто и злото, помеѓу правдата и криминалот, а и самиот е некаде помеѓу. Кон која страна натегнува повеќе, одлучете сами. _________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Декстер Морган е форензичар во полициската станица во Мајами каде работи како експерт за анализа на шаблони во распрскување на крв. Извршувајќи ги своите дневни обврски кон работата и посветувајќи им го секогаш потребното внимание на своите најблиски, навечер сепак наоѓа време да живее сосема поинаков живот – живот на сериски убиец.rn

    Декстер (Dexter)

    rnНо, Декстер Морган не е таков убиец кој ќе го мразите и презирате. Напротив, тој може да стане ваш херој. Тој ги следи оние кои го прекршиле законот и некому нанеле зло, но некако успеале да и избегаат на затворската казна. Тој работи според однапред утврден ред и правила. Не остава ништо на случајноста. Ладнокрвен е и искрен кон себеси, свесен е дека е монструм, но сепак игра итро за да не биде фатен.rn

    (2) Декстер (Dexter)

    rnСекоја сезона е посебно заокружување, но токму кога ќе помислите дека веќе нема што да се случи, приказната добива нов тек, уште подобар и понеочекуван од претходниот.rnrnСеријата Декстер се базира на две новели од Џеф Линдзи „Нежно посветениот Декстер“ и „Мрачните соништа на Декстер“.rn

    (3) Декстер (Dexter)

    rnИнтересни податоци: Играјќи ги братот и сестрата во серијата, Мајкл С. Хол (Декстер) и Џенифер Карпентер (Дебра Морган) се земаа на 31ви декември 2008 година.rn.rn

    Дебра: „Зошто никогаш не правиме муабет како брат и сестра?“rnДекстер: „Нашиот татко беше полицаец, ти си полицаец, јас работам за полицајците… за нас, ова е муабет за брат и сестра.“

    rnИмето на главниот лик Декстер е во релација со значењето на зборот dexterity (вештина, спретност). Овој збор се дефинира како ментална способност или брзина, подготвеност и грациозност во физичка активност, особено вештина и леснотија за користење на рацете.rn

    (4) Декстер (Dexter)

    rnКога и како да ја гледате? Веројатно ако се одлучите за ваква серија, вашето срце може да ја издржи возбудата и исчекувањето кои со неа доаѓаат. Според тоа, за вас е сеедно кога ќе ја гледате, но најдобро правете го тоа кога сте сами и во темница. Така, нивото на адреналинот во вашиот организам ќе се покачува и ќе си дозволите вистинско доживување на неочекуваното.rn.rn

    Живеев во темнина долго време. Со годините моите очи се прилагодија додека темнината не стана мојот свет и можев да гледам.

    rnСлични серии: „Закон и ред“, „Моќ“, „Менталист“, „Бројки“rnrn

  • Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

    Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

    ТВ серија за средношколци и вампири, за љубовта и одмаздатаrnrn Вампирски дневници (The Vampire Diaries)rnrnГлавни ликови: Нина Добрев, Пол Веслеј, Ијан Сомерхалдер, Стивен Р. Мекквин, Катерина Грахам, Кендис АколаrnrnРежисер: Маркос Сиега rnrnАвтори: Кевин Вилијамсон, Џули ПликrnrnЖанр: драма, фантазија, хорор, романсаrnrnВреметраење: 40-42 мин.rnrnПремиера: 10 септември 2009rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 1 (22 епизоди)rnrnСледна епизода: 9 септември 2010rnrnВеб-сајт: http://www.cwtv.com/shows/the-vampire-diariesrnrnНаша оценка: 8/10rn__________________________________________________________________________________rn„Вампирски дневници“ е серија која треба задолжително да ја гледате доколку сте фанови на сите продолженија на „Самрак“. Дури и да не е така, доколку сте љубители на тинејџерски ТВ серии и/или на ТВ серии со вампири, крвопролевање и заплеткани игри, тогаш треба добро да се загреете со првата сезона, бидејќи втората само што не започнала.rn_________________________________________________________________________________ rnrnПриказна: Двајцата сосема различни браќа, Дејмон и Стефан Салваторе, се враќаат во гратчето Мистик Фолс, во Вирџинија, каде пред повеќе од едно столетие останале осудени на вечна младост, преобразувајќи се во вампири. Цената на ваквата вечност е висока, а тие одлучуваат да живеат и да се хранат различно за да опстанат и притоа да не бидат фатени.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Доаѓаат во градот од иста причина, но поради различна личност – едниот трага по Кетрин, љубовта од минатото за која верува дека е заробена во локалната гробница, а другиот се заљубува во нејзината човечка репликација, отелотворена во ликот на Елена Гилберт. Едниот дрзок и безобѕирен, другиот скромен и човечен, сепак тие наоѓаат начини да живеат заеднички живот. Дали се тие единствените вампири во Мистик Фолс? Дали секој од нив ќе ја постигне целта по која трагал? Дали љубовта помеѓу вампир и човечко битие може да опстои? „Читајте“ ги вампирските дневници за да дознаете.rn

    rnИнтересни податоци: Во оваа серија ќе научите дека вампирите јадат лук, пијат света вода, распнувањето нема ефект врз нив и имаат рефлексија во огледало.rnrnНина Добрев (Елена Гилберт) е 6 месеци помлада од Стивен Р. Мекквин (Џереми), додека во серијата е 2 години постара.rnrnПилот епизодата за Вампирски дневници е снимена во Ванкувер, каде е снимено и второто продолжение на „Самрак„, „Нова месечина“.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Кога и како да ја гледате: Доколку сте романтичари и решивте да ја гледате серијата поради љубовта која во неа дефинитивно ги поместува границите, тогаш каучот во дневната соба кога нема никој дома е идеалната атмосфера за вас. Ако пак повеќе ве фасцинираат тврдокорните елементи во серијата, може да размислите да поканите и друштво за гледање.rnrn.

    rnrnСлични серии: „Вистинска крв“, „Месечина“, „Натприродни“, „Бафи, убиец на вампири“, „Порти“rn.rn

    „Животот е без врска на секој начин Џереми. Барем кога си вампир, можеш да не се чувствуваш лошо поради тоа ако не сакаш.“

    rn

  • Придружба (Entourage)

    Придружба (Entourage)

    ТВ серија за шоу бизнисот, лудувањето, пријателството и славатаrnrnПридружба (Entourage)  Главни ликови: Кевин Коноли, Едријан Гринер, Кевин Дилон, Џери Ферара, Џереми Пивен, Рекс ЛиrnrnРежисер: Марк Мајлод rnrnКреатори: Даг Елин, Роб Веис, Ели Мусика, Клиф ДорманrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnВреметраење: 22-30 мин.rnrnПремиера: 18 јули 2004rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 7rnrnСледна епизода: 29 август, 2010rnrnВеб-сајт: www.hbo.com/entouragernrnНаша оценка: 10/10rnrn_____________________________________________________________________________________________ „Придружба“ е серија на која ќе се навлечете после првите 2 минути. Тоа е така, бидејќи во неа, нема што да не ви се допадне. Слава, излегување, шоу бизнис, забава, хумор, сексапил, дружба и актери кои ќе ве пленат со фантастична глума и добар изглед. Ако ви зборувале дека Придружба е машка серија, имаме една новост за вас – навистина е, но е подеднакво заразна и за девојките. _____________________________________________________________________________________________rn

    rnПриказна: Четворица млади луѓе доаѓаат од Квинс во Њујорк каде го започнуваат животот на славата, уживањето и благосостојбата. Вини Чејс, главниот фраер во серијата, е млад актер пред кого е успехот во кариерата и популарноста помеѓу припадничките на понежниот пол. Него во секој чекор го следат двајцата другари од детството Ерик Марфи и Тртл, како и неговиот полубрат Џони Драма, кој во последно време не ги живее најдобрите денови од својата актерска кариера.

    rnrnКарактеристична е улогата на агентот на Вини, Ари Голд, кој е супер-арогантен и истовремено екстра ангажиран за својот клиент. Сепак, тој е омилен кај публиката. Во серијата поминуваат многу популарни ликови, кои придонесуваат за нејзиниот гламур, уникатност и сјај, меѓу кои: Џесика Алба, Скарлет Јохансон, Џејмс Камерон, Мет Дејмон, Боб Сагет и многу други.rnrnНајдобри делови: rn

    rnИнтересни податоци:rn

      rn011

    • Серијата е делумно базирана на холивудските искуства на Марк Валберг, еден од извршните продуценти, попознат како Марки Марк и како член на поранешната музичка група New Kids on the Block.
    • rn011

    • Улогата на Ерик Марфи била специјално креирана за актерот Кевин Коноли, кој пред да ја прифати се имал повлечено од глумата.
    • rn011

    • Продуцентот Ари Голд зборува на телефон најмалку еднаш во секоја епизода, освен во една.
    • rn011

    • За еден од филмовите на Вини Чејс, Medellin, снимен е вистински трејлер и направен е официјален веб-сајт на кој трејлерот може да се погледне.
    • rn

    rn

    rnКога и како да ја гледате? Придружба можете да гледате во секое време и со секакво друштво. Расположени или разочарани, исполнети или нерасположени, Придружба нема да ве остави рамнодушни. Наша препорака, гледајте ја серијата, секогаш штом се појави нова епизода или подобро, ако можете да се стрпите, почекајте да излезат сите епизоди од сезоната и потоа гледајте ги за време на викендот.rnrnПосле оваа сезона, ќе се снимат уште 6 епизоди во 2011 година, после што ќе следува адаптација за филм.rnrnСлични серии: Придружба е уникатна серија која тешко се споредува со други. Ако сепак можете да најдете сличност со некоја, пишете ни коментар.rn.rn

    „Let’s hug it out“ („Да преминеме преку ова со едно гушкање“) стана легендарен израз откако го употреби Ари Голд во една сцена. Погледнете:

    rn