КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм

  • Господин Никој (Mr. Nobody)

    Господин Никој (Mr. Nobody)

    Филм за животните одлуки, за последиците, за љубовта и страстаrnrn rnrnГосподин Никој (Mr. Nobody)Главни ликови: Џеред Лето, Даен Кругер, Сара ПолиrnrnРежисер: Жако Ван Дормел rnrnЖанр: драма, фантазија, романса, научна фантастикаrnrnВреметраење: 138 мин.rnrnПремиера: 6 ноември 2009rnrnДејство: различни времиња во 20от и 21от векrnrnЈазик: англискиrnrnМузика: Пијер Ван ДормелrnrnНаша оценка: 8/10rnrn___________________________________________________________________________________________rnШто би направиле кога би можеле да го вратите времето назад до оној момент кога знаете дека сте направиле голема грешка? Би живееле ли поинаку? Каква би била вашата судбина тогаш? Би сакале ли да се сеќавате на сите враќања назад до моментите на донесување погрешна одлука или губење на вашиот живот како резултат на таква?rn___________________________________________________________________________________________rn

    rnГосподин Никој е филм за реалните ситуации во животот на секој човек, но умешно испреплетени со фантастичното, така за да во ниту еден момент не заборавиме дека во нашите животи сепак, не можеме да живееме различни сценарија. Ова е еден од оние филмови кои ќе ве натера да се запрашате: Имав ли избор да живеам поинаку? Зависно од вашите одговори, можеби ќе успеете да дојдете до вистината.Господин Никој (Mr. Nobody)Приказна: Немо Ноубади е 9-годишно момче кое се соочува со најтешката одлука – избор на еден од двајцата родители со кој ќе го продолжи својот живот. Но донесувањето одлуки е тешко, па тој ги испробува двете сценарија. Патем, станува возрасен човек кој среќава и се заљубува во различна девојка со која има едни или други деца. На своите 118 години пак, тој е последниот смртник кој се обидува да се сети на вистинската приказна за својот живот.Господин Никој (Mr. Nobody)rn

    „Велат ако дишеш пополека, времето поминува побавно.“

    rn

    „Секој пат е правиот пат. Се би можело да биде нешто друго и би имало подеднакво значење.“

    rn

    „Во шахот тоа се нарекува цуцгванг – кога единствениот вистински потег е да не направиш потег воопшто.“

    rnГосподин Никој (Mr. Nobody)Кинематографија: Уживање е зборот кој најреално ќе го опише чувството додека тонете во техничката реализација на филмот. Крупни кадри, понекогаш прикажувајќи човечки елементи од кои ќе се згрозите, а на моменти такви од кои ќе ви се наежи кожата и стопи срцето… Забавени снимки кои изненадено преминуваат во реално временски дејства и забрзани движења кои асоцираат на споредноста на луѓето и ситуациите во животот…Господин Никој (Mr. Nobody)Господин Никој (Mr. Nobody)Кога и како да го гледате? Господин Ноубади е филм кој апсолутно го препорачуваме за гледање, но никако во друштво со повеќе луѓе кои се склони да коментираат. Не го гледајте ако сакате да се релаксирате со добра драма која има јасно развиено дејство во петок после работа. Дајте си време и внимателно изберете ја атмосферата и друштвото.Господин Никој (Mr. Nobody)Господин Никој (Mr. Nobody)Господин Никој (Mr. Nobody)Слични филмови: „Бескрајна светлина на еден беспрекорен ум“, „Човекот Да“, „Необичниот случај на Бенџамин Батн“, „Небо од ванила“Господин Никој (Mr. Nobody)

  • Писател од сенка (The Ghost Writer)

    Писател од сенка (The Ghost Writer)

    Политички трилер за луѓето зад луѓето. За оние личности кои можеби не се во кадарот, но чии активности се чувствуваат…rnrn Pisatel od senka (The Ghost Writer)Режија: Роман Полански rnrnСценарио: Роберт Харис, Роман Полански rnrnУлоги: Јуан Мекрегор, Пирс Броснан, Ким Катрал, Оливија Вилијамс rnrnВреметраење: 128 минути rnrnЈазик: англиски rnrnПремиера: 19 март 2010 rnrnЖанр: драма, трилер rnrnОфицијален веб-сајт rnrnНаша оценка: 6/10 rnrn____________________________________________________________________________________________rnКолку е само лесно да влезеш во замка и да го пуштиш овој филм. На хартија изгледа феноменално – режиран е од Роман Полански кој ги има потпишано „Пијанист” и „Розмариното бебе”, а „Писател од сенка” буквално триумфира и на Европските филмски награди. Но, зад целата таа помпа стои филм кој најблаго кажано е само коректен. Нешто што тргнало со идејата за брз политички трилер, завршило како „мрзлива” приказна на која секој следен чекор може буквално да се намириса. Но и режијата, и глумата, и… се толку во средина што како да се направени без многу труд, без многу мерак, туку колку, ете, за да помине редот. Писател од сенка е како најпросечното дете во класот, доволно добро за да не го фати радарот и да ја помине годината, но не толку и за да биде запаметено.rn____________________________________________________________________________________________ rn

    rnПриказна: Писателот (Јуан Мегрегор) е ангажиран да интервенира во веќе започнатите мемоари на поранешниот британски премиер Адам Ланг (Пирс Броснан). Неговиот претходник починал на мистериозен начин, а само што почнува со работа, и Ланг се соочува со сериозни политички обвинувања. Приказните за моќниците, за задкулисните игри, за тоа кој ги влече конците секогаш се интересни за гледачите. Едноставна човечка психологија – сакаме да знаеме кој е и каков е тој што одлучува за нас. Писател од сенка (The Ghost Writer)Базата е поставена, но градењето на целото дејство е невешто, филмско „дежа ву”. Решенијата од типот дека главниот лик нема да има име во смисла дека е „дух”, сенка на човекот на кого му ги пишува мемоарите, изгледа просто. Финишот пак на филмот, сцената која треба да нè стресе од корен и да ни расветли сè, повеќе или помалку се насетува уште од многу порано. Нема ништо лошо во тоа да направиш филм кој нема цел да ги преоптоварува гледачите, но не и кога нудиш разврски кои ни ја „навредуваат” интелигенцијата. Писател од сенка (The Ghost Writer)Но, во името на јин и јанг-филозофијата – во морето од црно мора да има по една точка бело, би кажала дека изведбата на најмалку познатата актерка во екипата, Оливија Вилијамс („Шесто сетило”), е вистинско освежување. Таа ја игра жената на поранешниот премиер и, искрено, убедливо портретира лик кој не е само жена зад успешен маж, туку многу многу повеќе од тоа.Писател од сенка (The Ghost Writer)Кинематографија: Го кажав еднаш и еве го пак – и во овој аспект Писател од сенка е коректен. Дејството се одвива на остров во Америка, претпоставувам во есенски, т.е. зимски денови, па и атмосферата е темна. Солидно е одработено, но таа тежина можела да се искористи во насока на надополнување на драматичноста, што во овој случај не се прави во потполност. Сепак, како најинтересна би можела да се посочи последната сцена каде што се покажува сè, а не се гледа ништо. Ни се сервира онолку колку што треба да видиме за да ни стане јасно, а немаме пред очи некоја трагична, потресна сцена…, дури сè изгледа и помалку поетично.Писател од сенка (The Ghost Writer)Кога и како да го гледате? Пожелно е само да не сте уморни затоа што постои опасност за многу кратко време да заспиете и толку од „даунлодираниот” филм, од купената карта… Мислам дека постои еден профил на филмови кои по извесен период се откупуваат од македонските телевизии и стануваат еден од најискористените пополнувачи на дупки во програмата. Е, токму таков е и Писател од сенка – може да ви го пополни времето, но не е нешто по кое треба да трагате и да вложувате екстра-труд за да го гледате.Писател од сенка (The Ghost Writer)Писател од сенка (The Ghost Writer)

  • Српски филм (A Serbian Film)

    Српски филм (A Serbian Film)

    Филм за снаф-филмовите – ги знаете оние филмови нарачани од „болни богатници“ кои се преполни со секс и со насилство и каде што секогаш има жртви кои реално умираат (не онака филмски). Сликите кои ќе ги видите нема да можете да ги извадите од глава ако не со денови, барем со часови.rnrnСрпски филм (A Serbian Film)Режија: Срѓан СпасојевиќrnrnСценарио: Александар Радивојевиќ, Срѓан СпасојевиќrnrnУлоги: Срѓан Тодоровиќ, Сергеј Трифуновиќ, Јелена ГавриловиќrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: српскиrnrnПремиера: 2010rnrnЖанр: хорор, порнографија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rn__________________________________________________________________________________________rnКога пред неколку месеци прочитав дека „Српски филм“ го повлекле од Лондонскиот фестивал на хорор-филм затоа што организаторите премногу го „исекле“, си реков „овие Англичаниве навистина имаат мек стомак“. И повеќето филмофили во Македонија би го помислиле тоа – ние сме „хард кор“ гледачи и можеме да истрпиме речиси сè. Е па не е баш така. За морбидните сцени во Српски филм, мислам дека апсолутно никој не е подготвен. Сепак, ако тргнам да го „бичувам“ филмот и сè што е прикажано, сигурно само ќе ве поттикнам да го гледате (и јас би си рекла – е ова мора да го видам), а од друга страна, не можам при здрава свест и разум да кажам пофални зборови. Така што, ќе ви ги сервирам само информациите, а потоа сè друго паѓа на ваша одговорност.rn____________________________________________________________________________________________rn

    rnПриказна: Милош е пензиониран порноглумец кој „на времето“ бил ѕвезда во бизнисот, а денеска е посветен на синот и на сопругата. Сепак, парите собрани од порно-деновите пополека се трошат, па мора да смисли нешто. Тогаш доаѓа Вукмир, кој му нуди нов проект. Во игра се големи пари, Милош го потпишува договорот, но не знае апсолутно ништо за тоа што треба да снима. Е, тука почнува морбидната игра. Преполн со секс и насилство, во Српски филм апсолутно ништо не е свето, па дури ни децата, всушност, особено не децата. Филмот е напад на сите сетила – лесно е да ги затворите очите на моменти, но разорливиот звук на бебешкиот плач останува во главата. Да, генерално мислам дека цензурата е непотребна, но ете моите недемократски ставови ќе ги ставам во функција кога станува збор за Српски филм – понекогаш некој треба да нè заштити од нашата љубопитност, барем знам дека некогаш некој треба да ме заштити од мојата.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кинематографија: Единствената причина зошто на овој филм му дадов пет поени – „златна средина“, е начинот на кој е снимен и за глумата. Совршено. Иако ментално ве силуваат, па во текот не ни размислувате на овие аспекти, кога ќе помине сè, јасно е дека причината зошто филмот остава таков впечаток се и актерите и кадрите. Српски филм е мрачен како што треба, а приказната не е комплетно линеарна, туку се раскажува и преку „флешовите“ на Милош откако дрогите „излегле“ од телото. Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ се маестрални – луди, бесни, црни…Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)Кога и како да го гледате? Не гледајте го. Ги знаете оние задолжителни препораки на филмовите, а „забрането за лица под 18“ е најверојатно најсилната. За Српски филм листата со забрането треба да биде подолга од овој текст. Па така, полнолетството не е единствен критериум, туку треба да имате и посилно срце, да не сте гадливи, да имате јак „ментален имунитет“. Но, ако ја земеме предвид човековата слободна волја (некој сигурно и ќе го пушти), тогаш олеснете си колку што е можно повеќе – задолжително гледајте го во друштво. Иако тешко дека овој филм ќе заигра во некое македонско кино, но и без тоа не би ви го препорачала во таа атмосфера. Дома ја имате слободата да го исклучите кога ќе посакате, а сигурно во кино впечатокот е посилен (непотребно) – темница, сала, големо платно.Српски филм (A Serbian Film)Српски филм (A Serbian Film)

  • Друштвена мрежа (The Social Network)

    Друштвена мрежа (The Social Network)

    Филм за тоа како е да се гази по лешови за да се изгради мултимилионски бизнис, но и за онаа мала (сé уште постојна) трошка на совест. Каков човек треба да бидеш за да станеш најмладиот милијардер во светот?rnrnДруштвена мрежа (The Social Network)Режија: Дејвид ФинчерrnrnСценарио: Арон СоркинrnrnГлавни улоги: Џеси Ајсенберг, Ендрју Гарфилд, Џастин ТимберлејкrnrnЖанр: драмаrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnПремиера: 1 октомври 2010rnrnЈазик: англискиrnrnОфицијален веб-сајтrnrn

    Наша оценка: 9/10rn___________________________________________________________________________________________rnМарк Зукерберг е претенциозно копиле кое не знае нормално да комуницира со луѓе освен ако не се во чет-прозорче. Но, Марк Зукерберг е и основач на социјалната мрежа Фејсбук и милијардер, а има само 26 години. Најверојатно, мора во исто време да бидеш и двете за да го поминеш патот до мултимилионски бизнис? Кеш, слава, почит, но и одлуки од типот дали да го оставиш на цедило најдобриот пријател, дали да украдеш нечија идеја, дали да играш валкано. И пак мора да бидеш толку самозадоволен за на крајот на денот да се погледнеш во огледало и да го сакаш тоа што го гледаш. Што е вистина, а што е лага во овој филм? Не си даваме за право да судиме. Сепак, и покрај сé, приказната те фаќа веќе во првите 5 минути и никако да те пушти. А таков филм, независно за кого е направен, секогаш вреди да се види.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnПриказна: Фокусот на филмот е правното сослушување на Марк Зукерберг, на луѓето кои велат дека идејата за Фејсбук е нивна и на неговиот најдобар пријател Едуардо Саверин со кого го почнале бизнисот. Преку нивните искази, приказната оди уште од почетокот на целата историја кога Фејсбук не им бил ни на крај памет, а Зукенберг бил студент на „Харвард“. Филмот е преполн со остар саркастичен хумор, со динамични дијалози… Да, вака кажаната приказна звучи целосно неатрактивно – ех, па кој би сакал да гледа филм за правно сослушување? Иако станува збор за големи пари, ниту еден живот не е загрозен. Сепак, впечатокот е дека „Друштвена мрежа“ посилно го катапултира адреналинот и од повеќето акциони филмови.Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)Кинематографија: Кога ќе го видите филмското си-ви на Друштвена мрежа – режисерот Финчер ги потпишал и филмовите „Седум“, „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, а сценаристот Соркин го напишал и „Неколку добри луѓе“, грешки би биле непростливи. Брзи кадри и приказна, феноменални актерски остварувања (буквално ниту еден актер не ја утна работата)… Интересно е што приказната е проследена со исклучително динамична музика, што на почетокот е малку смешно (па, добро, не е толку напната приказната за таа музика), но како што навлегуваш, сфаќаш дека посоодветна музика не може да се најде. Го засилува филмското случување за 100 степени.Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)Кога и како да го гледате? Да го имавме во некое од нашите кина, ќе ви кажев да го погледнете таму, но како и секој блокбастер така и овој нé заобиколи, па воопшто и не е потребно да давам некаков коментар – едноставно ќе морате да го проследите дома. Секако, навечер и со изгаснати светла. Филмот е доволно интересен и сленговски кажано „ве вози“, така што можете да го гледате и подоцна во ноќта, верувајте, нема да заспиете. Иако глумат само момчиња, и тоа некои од моментално најсексапилните на планетата како Џастин Тимберлејк, сепак, приказната во Друштвена мрежа е и машка и женска така што може да го гледате во секаква комбинација – со пријатели, со девојка/момче, сами…Друштвена мрежа (The Social Network)Друштвена мрежа (The Social Network)

  • Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)

    Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)

    Автор: Андријана АндоваrnrnФилм за „неподносливата“ леснотија, но и за убавината на неверството, особено… кога не ти се случува тебе.rnrnНека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Режија: Рајко ГрлиќrnrnСценарио: Анте Томиќ и Рајко ГрлиќrnrnГлавни улоги: Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Дарија Лоренци, Ксенија Маринковиќ…rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnВреметраење: 87 минутиrnrnПремиера: 9 март 2010rnrnЈазик: хрватскиrnrnОфицијален веб-сајтrn

    Наша оценка: 7/10rn___________________________________________________________________________________________rnДа бидеш неверен е неверојатно интересно. Одиш на пазар по салата, а веќе за некоја минутка имаш „брз“ секс со 20 години помлада студентка. Да направиш прељуба е неодоливо слатко. Заминуваш на службен пат, но всушност се селиш кај своето „паралелно“ семејство. А сексот со помлад е секогаш забавен. Наоѓаш момче, ја финансираш неговата пасија да се обложува на фудбалски натпревари, ама затоа во кревет е одличен. Сите ликови во новиот филм на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ се повеќе или помалку тинејџери заробени во тело на возрасен човек, но и самите тие и сите нивни постапки се неодоливо симпатични. Нивните „злосторства“ одат и многу подлабоко од наивна прељуба, но во ниту еден филмски момент не се напушта атмосферата на леснотија, независно од тоа колку во реалноста настаните се тешки.rn___________________________________________________________________________________________rnrnВи препорачуваме да ги гледате и останатите трејлери и видео исечоци.rnrnrn

    Приказна: Филмот е интересно осмислена сложувалка од приказните на петтемина, браќата Никола и Брацо, сопругите Анамарија и Марта и само една, но и најважна, љубовницата Латица. Тука секако се и децата на кои не им се знае таткото, но тоа се само луѓе – колатерална штета во безгрижната потрага по секс на главните протагонисти. Сепак, „Нека остане меѓу нас“ не е филм за тоа кој, како и колку бил повреден, туку за страстите. Кога од поранешните ЈУ-простори ќе излезе филм кој не носи воена приказна, чија тематика не е болка, тага, други лузни, е свежина. Не дека војната не е нашата приказна, но понекогаш нашата приказна се и сексот, и љубовта, и прељубата… Токму затоа „Нека остане меѓу нас“ е филм за нешто човечко, а не за нешто наше.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Иако Рајко Грлиќ и досега го има обработувано неверството, а од поново време режисер е на филмот „Караула“ со Сергеј Трифуновиќ (правен по книга на Анте Томиќ, исто така косценарист и на овој филм), овој пат го прави поинаку, необременето од она што го направил досега. Сепак, не очекувајте да паднете на колена по филмот, дека ќе ви се кажат нови животни вистини, дека ќе го смените начинот на размислување, но, дефинитивно, убаво ќе си поминете.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Кинематографија: Да не го знаевме јазикот, кадрите слободно ќе ги помешавме со, на пример, италијански филм. Загреб е прикажан како град каде што по улиците се пеат божиќни песни, каде што се возат убави коли (иако има и „ренолки“) и каде што не само воените профитери се дојдени до убави пари. Дури откако одлучив да ја пишувам рецензијата за овој филм, дознав дека католичката црква кренала бунт против еротските сцени во „Нека остане меѓу нас“, но вистината е дека секој просечен филмски гледач видел и многу, многу повеќе од она што е прикажано.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Кога и како да го гледате? Вакви филмови е секогаш подобро да се гледаат навечер, едноставно тематиката не „легнува“ на дневно светло. Можете и дома пред телевизор, можете и во кино – ниту една од ситуациите нема да му додаде, ниту да му одземе некој момент на филмот, така што, како ви одговара. Не правиме ограничување на полот, а во зависност во која „ментална состојба“ сте во моментот и од придружните животни случувања, може на филмот да гледате како на невина приказна или, од друга страна, како потврда дека жените се курви или дека мажите се свињи. Сè зависи од вас.Нека остане меѓу нас (Neka ostane među nama)Фотографии: Никола Предовиќ

  • Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Автор: Андријана АндоваrnrnФилм за себепронаоѓањето, за храброста да се направи промена, за потрагата по мир и задоволство, за среќата, прво сам со себе, а потоа со другите…rnrnЈади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Режија: Рајан МарфиrnrnГлавни улоги: Џулија Робертс, Хавиер Бардем, Ричард Џенкис, Џејмс ФранкоrnrnЖанр: драма, романсаrnrnВреметраење: 133 минутиrnrnПремиера: 13 август 2010rnrnЈазик: англиски, италијанскиrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnБазиран на книгата од Елизабет Гилберт „Јади, моли се и уживај“rnrn


    rnrnРетки се оние самозадоволни проклети среќници кои нема да се пронајдат барем малку во овој филм, кои нема да размислат за некоја животна одлука и каде таа ги однела. Оние што нема да запрат ниту за секунда и да се запрашаат дали се задоволни со својот живот, дали е време за промени и дали воопшто имаат храброст да ги направат тие промени… Иако ова се работи кои ќе ги заскокоткаат мозочните бразди на повеќето гледачи и може да се обработат на 1001 начин, искрено, приказната во „Јади, моли се и уживај“ е малку лесна, лимонадеста, лесно сварлива. Особено што овој филм го носи проклетството на речиси секое кинематографско парче базирано врз книга – едноставно книгата секогаш, ама секогаш е подобра.rn


    rn
    rn

    rnrnПриказна: Лиз Гилберт е во навидум среќен брак, со добра работа, убава куќа и на чекор пред одлуката дали да роди дете. Но, под таа розова фасада, Лиз пополека се распаѓа. Низ годините се изгубила самата себе и станала, не она што е, туку она што се очекувало од неа. Таа одлучува да остави сè зад себе и да тргне на патешествието на себепронаоѓањето – во Италија за да го закрепне телото, во Индија душата, во Бали за да најде… љубов. На својот пат Лиз сретнува луѓе кои на различен начин ја инспирираат и ја поттурнуваат поблиску до целта.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кинематографија: Уште кога споменавме дека филмот се одвива во Италија, Индија и во Бали, не може сцените да не се живописни, интересни за гледање. Но, една од забелешките е што од овие три земји ни е сервирано само она што сакаме да го видиме (клишето, стереотипот) – па, така, од Италија имаме фонтани и млади на веспи, од Индија луѓе на рикши и оние што просат, а во Бали само природа и природа. Сепак, овој филм колку и да е лесен „за варење“ нема да ве засити веднаш и да ве натера да заспиете, а една од причините е што токму кога ќе почнете да „паѓате“, приказната се сели на ново место, па ќе си речете: чекај да видам што ќе се случи.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кога и како да го гледате? Ве „измасирале“ на работа, сте имале екстра-напорен и нервозен ден и вечерта сакате да се отпуштите со филмче – ова дефинитивно е вашиот избор. Приказната нè поттикнува да мислиме дека во секој од нас стои силата за промени, но, од друга страна, нема толку да ве преоптовари и да ве остави без сон. Oва е дефинитивно женски филм. Наша препорака е да го гледате или сами или во женско друштво бидејќи доколку сте со вашето момче, можеби во знак на одмазда, следната недела ќе се најдете на најновиот филм на Силвестар Сталоне.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Слични филмови: „Сексот и градот 2“ (Sex and the City 2), „Писма за Џулиет“ (Letters to Juliet), „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You), „Ерин Брокович“ (Erin Brockovich)rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)

    Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)

    Филм за митологијата, храброста, семејството, борбите и спријателувањетоrnrnКако да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Режисери: Дин Деблојс и Крис СандерсrnrnСценарист: Вил ДејвисrnrnГласови: Џерард Батлер, Џеј Барушел, Крег Фергусон, Америка ФерераrnrnПродукција: DreamWorks AnimationrnrnЖанр: авантура, акција, комедијаrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 март 2010rnrnМузика: “Sticks and Stones” од Џон Тор БиргисонrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 9/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnАдаптиран според книгата на Кресида Ковел, оваа анимирана авантуристичка приказна пренесува позитивна порака за надминување на непријателството со разбирање, наместо со насилство, служејќи се со докажаната формула: човекот и неговиот љубимец, овој пат моделиран во облик на змеј.rn____________________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Дејството се случува одамна, на Северот, поточно на островот Берк, во едно необично село населено со Викинзи кои често се борат против нивниот најголем непријател – змејовите. Хикап (Штуцко) е коскесто, несмасно, но паметно момче кое се труди да се вклопи во средината и да му се докаже на својот почитуван татко, кој е инаку лидер во селото и најголем борач со змејови, дека е време тој да стане вистински Викинг. Иако обидите на Хикап се секогаш безуспешни, тој наоѓа начин да се докаже пред останатите Викинзи и да му покаже на селото дека насилството не е единствениот начин. Дополнителен мотив за докажување претставува Астрид, снажна девојка во која Хикап е заљубен, но која е сѐ што тој не е.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Компјутерска графика и анимација: Многумина се едногласни во мислењето дека ова е најдобрата 3D реализација на Dreamworks Animation. Светли сцени, импресивни борби и широки, длабоки кадри во кои се протегаат летачки змејови го прават овој филм исклучително пријатен за гледање.rn

    Актерите допринесуваат со одличната изведба на гласовите, успевајќи да го задржат ритамот, балансирајќи го во однос на хуморот и на емоциите на карактерите. Она што е највпечатливо во овој филм се сцените во кои змејовите летаат. Со перфектна длабочина и добра обработка, овие сцени ве ставаат во филмот, па повеќе се чувствувате како вие да летате на змеј, отколку како гледач.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Кога и како да го гледате? Ова е филм кој можете да го гледате во секое време и на секое место. Во секој случај, ќе влијае на вашето расположение, ќе ве насмее, разведри и одмори. Друштвото не е пресудно, но дефинитивно е подобро отколку изборот да го гледате сами. „Како да издресираш змеј“ е филм во кој уживаат и децата и возрасните, па е одличен избор за фамилијарно собирање пред големиот телевизор. Дополнително, моментално имате опција и да го гледате во кино.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Слични филмови: „Аватар“, сите делови на Хари Потер, „Облачно со услови за ќофтиња“ (Cloudy With a Chance of Meatballs)

  • Правда за сите (Law Abiding Citizen)

    Правда за сите (Law Abiding Citizen)

    Филм за болката, љубовта кон семејството и одмаздатаrnrn rnrnПравда за сите (Law Abiding Citizen)Главни ликови:  Џерард Батлер, Џејми Фокс, Колм Мини, Брус Мекгил, Лесли Биб, Мајкл Ирби…rnrnРежисер: Феликс Гери ГрејrnrnЖанр: трилер, драма, акцијаrnrnВреметраење: 108 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 октомври 2009rnrnМузика: Боб Дилан, Чино Морено, Ченг Чи, Марк Фарнер…rnrnВеб-сајт: www.lawabidingcitizenfilm.comrnrnНаша оценка: 8/10rnrnrnrnrn___________________________________________________________________________________________  Приказна која покажува што може да направи болката за трагично изгубеното семејство, кога љубовта и омразата се сплотуваат, а неправдата само ги поткрепува. Оригинална приказна, одиграна од актери кои ви овозможуваат максимално да се соживеете со дејството и да погледнете еден одличен филм.rn___________________________________________________________________________________________rnrnrnrnПриказна: Филмот започнува во домот на Клајд Шелтон, каде што двајца разбојници му ги убиваат жената и малата ќеркичка пред неговите очи. Сепак, судот донесува одлука едниот разбојник да ја одлежи казната, а другиот, кој е всушност убиецот на семејството, во договор со обвинителството е пуштен на слобода, заради недостаток од докази.rn.rn

    „Не важно што знаеш. Важно е што можеш да докажеш во судот.“

    rnСепак, 10 години подоцна Клајд Шелтон, сам, со однапред  испланирани потези, решава да го сруши целиот корумпиран судски систем и да ја задоволи правдата.  Интересното е тоа што, главниот лик истовремено е и позитивецот и негативецот, па ваше е да одлучите како ќе гледате на приказната.rn.rn

    „Тешкиот дел не е да ја донесеш одлуката. Тешкиот дел е да живееш со неа.“

    rnФилмот доби негативна критика само за завршетокот, кој што можеби малку би ви бил предвидлив или би ве разочарал, но сепак во целост филмот со сигурност ќе ви се допадне.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Кинематографија: Филмот навистина го доловува ефектот на болката на актерот, искажана преку нездравата и морбидната одмазда врз негативците. Режисерот навистина успеал многу добро да ги замисли сцените, а и да ги спроведе во пракса. Сето тоа е збогатено со одлична музика и добро одбрани локации за снимање, за максимално подигнување на адреналинот.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Кога и како да го гледате: Овој филм го заслужува вашето внимание, па затоа е препорачливо да го гледате со помирно друштво или пак можете и сами.  Обезбедете си освежителен пијалак и дозволете си да погледнете еден несекојдневен филм за време на  викендот.Правда за сите (Law Abiding Citizen)Слични филмови: „15 минути“ (15 Minutes), „Фрактура“ (Fracture), „Автопат“ (Freeway)

  • Исчезнувањето на Алис Крид (Тhe disappearance of Alice Creed)

    Исчезнувањето на Алис Крид (Тhe disappearance of Alice Creed)

    Приказна за лагата, стравот, борбата и неизвесностаrnrnИсчезнувањето на Алис КридГлавни ликови: Мартин Компстон, Еди Марсан, Гема АртертонrnrnРежисер: Џеј БлејксонrnrnЖанр: криминалистика, трилер, драмаrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 април 2010rnrnМузика: Марк КенхамrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn_________________________________________________________________________________________rnЖивотот е непредвидлив. Додека се надевате дека ќе ви биде среќен и исполнет, може да ви се случат неочекувани ситуации кои ќе ви го променат засекогаш. Тоа ѝ се случува на прекрасната Алис Крид: еден ден ја живее својата младост, а следниот е заробена во 4 ѕида, надевајќи се дека ќе успее да си го спаси својот живот. __________________________________________________________________________________rnrn

    rn

    Приказна: Двајца маскирани мажи грабнуваат една убава девојка од улица. Ја носат во напуштена куќа во која има јака звучна изолација, ја врзуваат за кревет и ѝ ја затнуваат устата. Девојката се вика Алис Крид, ќерка на милионер. Киднаперите имаат смислено прецизен и страшно генијален план, кој веруваат дека ќе им се оствари, но паметната Алис не се предава без борба.rnИсчезнувањето на Алис КридНема да ви откриеме зошто токму Алис е нивната жртва и какви им се индивидуалните намери на киднаперите, бидејќи колку помалку знаете, толку повеќе ќе се возбудувате од изненадувањата кои ги носи секоја наредна сцена. Во вознемирувачкиот хаос од спротивставени интереси, лицемерие, алчност и желба за опстанок, сфаќате дека дури и најдобриот план може  да тргне наопаку, ако погрешите во изборот на вашата жртва.rnИсчезнувањето на Алис Крид Кинематографија: Импресивна е првата сцена од филмот, кога киднаперите ги прават подготовките за грабнувањето на девојката, со обрнување внимание на секој детаљ. Ќе помислите дека уште на самиот почеток можете да го предвидите крајот, но се лажете – овој филм е сé само не предвидлив. „Исчезнувањето на Алис Крид“ е филм полн со многу драматични сплетки и неочекувани ситуации. Светлото и ефектите со камерата пренесуваат чувство на клаустрофобија, мрачност и неспокој.rnИсчезнувањето на Алис КридНа моменти релаксирачка и мелодична, улогата на музиката во филмот е да го интензивира чувството на тензија и страв од неизвесното. Мал недостаток во сценариото е што нема повеќе информации за животот на Алис Крид пред киднапирањето.

    rnКога и како да го гледате: Препорачуваме да го гледате сами навечер, за да можете најубаво да ги почувствувате неизвесноста, стравот и напнатоста. Пожелно е да го гледате со високо-квалитетна слика.rnИсчезнувањето на Алис Крид Слични филмови: „Одземена“ (Taken), „Лавиринт“ (Labyrinth), „Кошмар пред Божиќ“ (Nightmare Before Christmas)

  • Почеток (Inception)

    Почеток (Inception)

    Филм за сонувањето, борбата, љубовта, возбудата, филм во кој реалноста и нереалноста се преклопуваат, филм кој мора да го гледатеrnrnrnПочеток (Inception)Главни ликови: Леонардо Дикаприо, Џозеф Гордон Левит, Елен Пејџ, Мајкл Кејн, Мерион Котијард, Џилијан Марфи, Том ХардиrnrnРежисер: Кристофер НоланrnrnЖанр: акција, научна фантастика, мистерија, трилерrnrnВреметраење: 148 мин.rnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јули 2010 (САД)rnrnМузика: Ханс ЗимерrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 10/10rn

    _________________________________________________________________________

    rn

    Исчекувањето во кое не ставија светски познатите филмски критичари по премиерното прикажување на „Почеток“, за многумина беше вистинско измачување. Очекувањето на денот кога „филмот кој е нешто досега невидено“ ќе стигне и во нашите кино сали, беше големо и тешко. Ако сте од оние кои прифаќаат да ги гледаат новите врвни филмски остварувања само со квалитетна слика и звук, тогаш ова е моментот што го чекавте. Почеток е филм кој го заслужи сето внимание кое му го дава публиката, а причините за тоа се многубројни.rn__________________________________________________________________________

    rnrn

    Приказна: Невозможно е да се раскаже приказната во филмот, без да се откријат деталите кои може да ви го расипат доживувањето. Се чини премногу да се открие и само еден збор кој ќе го опише дејството. Доволно е да очекувате невидена приказна, со толку замрсени елементи вткаени во праволиниска акција, со паралелни дејства, едни во реалноста, други во една друга реалност која ја овозможуваат соништата. Ако ова не ви е доволно, на свој ризик прејдете на следниот пасус.

    rn

    Почеток (Inception).

    rnrn

    „ОК, еве јас ти всадувам идеја во твојата глава и ти велам: „Не мисли на слонови“. На што мислиш?rnrn– На слонови.“

    rnДејството е лоцирано во свет во кој постои таква технологија благодарение на која е возможно да се навлезе во умот на човекот за да се украдат важни информации од него. Дом Коб кој го игра Леонардо Дикаприо е лидерот на својот тим од специјалци во разни области (има: хемичар, фалсификатор и архитект), кој треба да заврши една последна задача за да биде повторно во можност да ги види лицата на неговите деца. Тоа е скоро незвомозжна мисија, бидејќи наспроти вообичаеното извлекување информации, овој пат тие треба да успеат да всадат информација во човековиот ум за да спречат конкурентната компанија на нивниот клиент, да стане монопол на пазарот.rnrnПочеток (Inception)rnrnЗа да се случи ова, на кое секако се нафаќаат, потребно е многу планирање, градење, совладување пречки, манипулации, борби и искушенија.rn.rn

    „Болката е во умот, а судејќи по декорот, ние сме во твојот ум, нели Артур?“

    rn

    На филмот не му недостасува ниту емотивната компонента, која е всушност стожер на дејството. Приказната во овој момент наликува на онаа во „Островот Шатер“ заради што многумина повлекуваат силна паралела помеѓу ликот на Дом Коб и оној на Теди Дениелс.

    rn

    Почеток (Inception)

    rn

    Кинематографија и музика: Ништо не недостасува. Совршенството продолжува и во овој сегмент. Без разлика дали имате тенденција да направите анализа на кинематографските елементи или не, не може да не се воодушевите на широките пејзажи и сложени лавиринти, често прикажани од птичја перспектива. Сцените во кои владее состојба на нулта гравитација се просто неверојатни. Тука е споредбата со „Матрикс“, но не ја споредуваме техниката, ниту дали истата напреднала од пред 11 години. Би било неблагодарно.

    rn

    Почеток (Inception)Почеток (Inception)

    rn

    Иако Матрикс ги воведе овие специјални ефекти во научно-фантастичните филмови, Почеток ги применува сосема сплотени во приказната, толку дозирани за да не преовладуваат, волшебни за да едвај чекаме повторно да се појават. Динамичните сцени магично преминуваат во забрзани снимки, соништата и реалноста се синхронизирани до перфекција, а звукот, на моменти остар и јак, дури ќе ве помрдне од столчето. Убавината на режисерско-музичко-кинематографскиот продукт е несомнена, но и понатаму споредна во однос на перфекционистички развиената приказна, со сите нејзини замрсености.rn.

    rnrn

    „Доаѓаат овде секој ден за да спијат?rnrn– Не. Доаѓаат за да бидат разбудени. Сонот стана нивната реалност.“

    rnКога и како да го гледате: Во моментов имате можност да го гледате филмот во кино и веројатно сега тоа е најдоброто место за тоа. Сепак, со оглед на концентрацијата која ви е потребна во текот на целиот филм, можеби би сакале да ги избегнете поткашлувањата, шушкањата и грицкањето пуканки, звуци кои во стерео мод доаѓаат од присутните во салата.rnrnПочеток (Inception)Почеток (Inception)rnrnИако нетрпеливоста за да го гледате филмов може брзо да се совлада, за вистинските филмски фанатици кои ги затвораат ушите секогаш кога некој зборува за Почеток, како не би им се расипало очекувањето, изненадувањето и чувството кое филмот го предизвикува, препорачуваме да почекаат до појавувањето на верзија за преземање со прифатлив, до одличен квалитет. Почеток дефинитивно не е филм за пуканки, не е за големо друштво и не е за разлабување, разонода и релаксација. Почеток е филм кој го гледате во еден здив, а по завршувањето продолжувате да реанимирате одредени сцени уште долго потоа.Почеток (Inception)rnrnНајдобро би било, филмот да го гледате барем два пати, за да навлезете подлабоко во приказната и да ги поврзете елементите кои останаа да ви немаат смисла после првиот пат, но и затоа што едноставно еднаш нема да ви биде доволно.rn.rn

    „Кој би сакал да биде заглавен во сон 10 години?rnrn– Зависи од сонот.“

    rnАктерска екипа: Веќе навикнавме да го гледаме Леонардо Дикаприо во сериозни филмови со јака приказна. Она што изненадува е улогата на Џозеф Гордон Левит кој сите го паметиме по улогата на детето во „Третиот камен од сонцето“, како и на Елен Пејџ која делува далеку посозреано и посериозно од улогата со која се прослави во „Џуно“. Ефектот на заедничка сплотеност во приказната го надополнува актерската игра на Том Харди и Марион Котијард.rnrnПочеток (Inception)rnrnСлични филмови: „Матрикс“ (Matrix), „Островот Шатер“ (Shutter Island), „Вечен сјај на еден бескраен ум“ (Eternal Sunshine of the Spotless Mind), Мементо (Memento), „Мрачен град“ (Dark City)