КАФЕ ПАУЗА

Category: Филм

  • Животинско кралство (Animal Kingdom)

    Животинско кралство (Animal Kingdom)

    Филм за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството и што кога тоа ќе се сврти против насrnrnЖивотинско кралство (Animal Kingdom)Режија: Дејвид МишоrnrnИграат: Бен Менделсон, Гај Пирс, Џејмс Френчвил, Џеки ВиверrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 јуни 2010rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНема милост за тебе ако си дел од лавовското стадо. Доколку и наштетиш на групата, па и ако си мал лав, таа ќе се сврти против тебе. Биди сигурен во тоа. Ти останува само да се браниш. Дали ќе бидеш изеден или ќе излезеш само со гребнатини, ќе покаже твојата игра. Можеби ви изгледа дека оваа рецензија е наменета за документарен филм од програмата на Animal Planet, но грешка сте. Токму на овие сурови животински принципи функционира и семејството Коди кое е предмет на вивисексција во австралискиот трилер „Животинско кралство”. Сурово, да. Но за да преживееш, ти останува само да се соочиш.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    Приказна: Џошуа Коди (Џејмс Френчвил) е тинејџер чија мајка умира од предозирање со хероин. Прва сцена: тој и мајка му седат пред телевизорот, а на екранот „тече“ некој австралиски квиз. Мислиш сè е во ред, обичен ден во семејството. Но сликата на мир се крши кога влегуваат болничарите и тогаш сфаќаме дека жената е всушност мртва. Нема плач, нема емоци, сè е толку рамно, тивко, линеарно што просто боли. Оставен сам на себе, Џошуа одлучува да исконтактира со семејството на мајка си од кого таа го чувала понастрана целиот нејзин живот. Тогаш почнува неговата приказна во семејството Коди.

    rn

    На чело со чопорот е бабата на Џошуа, Џенин (Џеки Вивер) која под свое крило ги има тројцата браќа: Ендрју, кој е ограбувач, Дарен, кој, пак, е на почеток на својата ограбувачка кариера и Крег, дилер со дрога. Џенин се чини дека е вљубена во своите момци, некако инцестуозно. Не оди до крајност, но некако секоја сцена меѓу неа и нејзините синови по малку ве наежува. Во семејството Коди се шмрка кокаин на маса, се чистат пиштоли со кујнската крпа, а Џошуа е новодојденецот кој треба да стане дел од стадото. Сè тргнува во погрешен правец (ако и некогаш било на вистинскиот) откако најдобриот пријател и соработник на Ендрју, Бери (Џоел Едгертон) кој практично е дел од семејството, ќе биде застрелен од полицијата. Тоа повлекува серија луди одмазднички акции кои прават турбулентни промени во семејството Коди.Животинско кралство (Animal Kingdom)„Животинско кралство“ е свеж филм во повеќе аспекти. Станува збор за режисерско деби на Дејвид Мишо кој досега, пред сè, пишувал сценарија. Актерите, пак, не се толку експонирани освен можеби Гај Пирс („Мементо”, „Говорот на кралот”, „Л.А. Доверливо”). Сепак, и покрај тие ризици, станува збор за одлично обликувано кинематографско парче. Забележлива е изведбата на Џеки Вивер која е номинирана за најдобра споредна улога на претстојниот Оскар. Таа портретира „лавица“ која се чини дека е нежна и грижлива, но нејзиниот поглед кажува дека би ги забила своите канџи во секого, па дури и во својот внук, само за да ги зачува синовите. Нејзината прегратка е нежна, нејзиниот збор е утешителен што те прави за момент да се почуствуваш сигурен, дури и кога ти е тешко да се свртиш кон неа. Но, острата канџа доаѓа одзади. Животинско кралство (Animal Kingdom) Кинематографија: Начинот на кој „Животинско кралство” е снимен и музиката во позадина создава илузија на константен притисок, неизвесност… не знаеш што следува, но треба да се пазиш. Атмосфера на непредвидливост, како да си младенче кое пие вода во саваната и сосема можно е некој посилен од никаде да се нафрли врз тебе. Сепак, драматични (хорор) пресврти не се дел од овој филм. Повеќе или помалку, сè е некако мирно, па дури понекогаш и реакциите на големите настани (како смрт) се толку благи, што е надвор од што било, што може да се нарече нормално. Станува јасно дека ова е приказна за група (поголеми или помали) социопати. Па, не може да се очекува нормалност.Животинско кралство (Animal Kingdom)Кога и како да го гледате: „Животинско кралство” е вечерен филм, всушност секој филм за дрога и оружје е вечерен. Ова не е релаксиран филм, па не го пуштајте кога сакате да се олабавите по напорниот ден и  да му дадете на мозокот „филмска оаза“. Имајте предвид дека е пропратен со одредена тензија. Инаку, не дека некоја сцена е толку сурова што ќе ве извади од памет, сме виделе и повеќе. Поради присуството на оружје и дрога, подобро е „Животинско кралство” да не го гледаат деца.Животинско кралство (Animal Kingdom)

  • Познатите фаци во филмски утки

    Познатите фаци во филмски утки

    Никој не е безгрешен, па така ни познатите, а во овој случај зборуваме за нивниот избор на филмските улоги. Лошиот филм, исто како и добриот, е заеднички труд, но најчесто на актерите (понекогаш и на режисерите) најмногу им се „пишува“. Затоа, решивме да ја прочешламе листата на најлоши 100 филмови на International Movie Data Base (IMDB),која се креира врз основа на гласовите на публиката и да видиме кој каде „кикснал“.Познатите фаци во филмски уткиФилмовите како Glitter со Мараја Кери и Gigly со Џенифер Лопез и Бен Афлек, иако се на листата, ги прескокнавме, пред сè, затоа што уште кога излегоа многу се плукаше по нив. Од остатокот одбравме некои од поинтересните филмски приказни каде некоја ѕвезда се „избламирала“ на големото платно.

    rn rn

    Парис Хилтон

    rnАпсолутна кралица на пропаднатите филмови е Парис Хилтон. Да, не е баш некоја мистерија дека малата размазена богаташка е без талент за глума и за пеење и дека е позната само по тоа што е позната. Но, дури 4 филма во кои таа глумела некоја од главните улоги (The Hottie & the Nottie, Pledge This!, The Hillz и Nine Lives) се на листата на 100-те најлоши светски остварувања на IMDB. Тоа е премногу дури и за неа. Интересно е што дури и првиот филм каде што се појавила во занемарливата улогата на „девојка на плажата“, Wishman, е со оценка 1,5. Прашање е кога режисерите ќе почнат да бегаат од неа како од чума или пак некој повторно ќе биде доволно луд, храбар и глупав (во исто време) да и даде втора шанса.Познатите фаци во филмски утки rn

    Џон Траволта

    rnОткако ги сними мега-хитовите како Pulp Fiction („Евтини приказни“) и Grease („Брилијантин“), Џон Траволта се впушти во еден малце поинаков проект – научнофантастичниот Battlefield Earth: A Saga of the Year 3000. Филмот е направен по книга на Рон Хабард, водач на црквата на Скиентологијата во која и денес Траволта е член. Станува збор за вонземјани кои ја имаат поробено Земјава и нормално еден Американец одлучува да им се спротистави. А Џон Траволта е злобниот водач на вонземјаните. „Се околу овој филм не чини. Од несоодветната музика, сетовите во кои не може да се верува, ужасните дијалози, лошата глума и специјалните ефекти, почетокот, средината, а особено крајот”, пишуваа критичарите. Покрај него во филмот се појавуваат и актерите Форест Витакер и Шон Остин Грин.Познатите фаци во филмски утки rn

    Џон Војт

    rnНема шанси да не сте виделе барем еден филм во кој глуми Џон Војт, а за поновите генерации најчесто е препознатлив како „таткото на Анџелина Џоли“. Покрај филмовите како „Анаконда“ и „Државен непријател“, се појави и во „Супербебиња: бебиња-гении 2“, односно најлошиот филм според гласовите на IMDB. Може да се претпостави дека не размислувал трезвено кога го прифатил проектот затоа што приказната е повеќе од смешна – група паметни бебиња кои зборуваат, се наоѓаат во центарот на експеримент чија цел е да се пробие кодот на бебешкиот говор, па доенчињата тргнуваат во акција за доброто на сите бебиња.Познатите фаци во филмски уткиrn

    Мет Лебланк

    rnДобро е што Мет Лебланк во своето резиме ја има серијата „Пријатели“ затоа што не смее да биде запаметен по „Ед“, филм за бејзбол играчот кој се спријателува со шимпанзо кое игра бејзбол. Снимен во 1996 година, овој филм доби и 3 номинации за наградата за најлош филм „Златна малина“ (пандан на Оскарот, но ги одбележува најлошите филмови во годината) – за најлош филм, најлошо сценарио и за најлоша филмска двојка (Мет Лебланк и механичкиот мајмун). Сепак, изгуби во сите категории од „Стриптиз“ со Деми Мур. Повеќе среќа следната година.Познатите фаци во филмски утки rn

    Адам Сендлер

    rnХуморот на Адам Сендлер или го сакате или не го сакате, но изгледа дека на никој не му се допаднал оној во Going Overboard. Еден од неговите први филмови снимен уште во 1989 година, моментално се наоѓа на 44 место на листата на 100 најлоши филмови на IMDB. Филмот комплетно е сниман на брод тргнат на крстарење од Њу Орлеанс до Канкун. Куриозитет е дека камерманите заборавиле да ја донесат кутијата со леќи, па директорот на фотографија бил приморан да го снима целиот филм со погрешни леќи.Познатите фаци во филмски утки rn

    Куба Гудинг Џуниор

    rnКуба Гудинг го доби Оскарот за споредна улога во филмот „Џери Мекгвајер“, но за комедијата Daddy Day Camp може да се каже дека беше бичуван. Режисерско деби на детската филмска ѕвезда, Фред Саваџ во кој Гудинг е во главната улога, е продолжеток на Daddy Day Care со Еди Марфи. За жал не и толку успешен. Филмот доби 5 номинации за Златна малина и ја освои наградата за најлош филмски продолжеток.Познатите фаци во филмски уткиrn

    Ерик Робертс

    rnНе дека Ерик Робертс е најдобар актер на планетата Земја и нема направено ниту една филмска грешка (напротив попознат е по утките и филмовите од Б-категорија), но неговото остварување во Miss Cast Away мора да го ставиме, пред сè, поради неговото уникатно сценарио. Значи, филмот е комедија во која се комбинираат Cast Away и „Мис шарм“, „Планета на мајмуните“, „Шесто сетило“, „Паркот Јура“ итн. Што ќе се случи доколку авион полн со убавици на пат кон изборот за Мис универзум, се сруши на празен остров? Инаку во овој филм се појавува и Мајкл Џексон.Познатите фаци во филмски утки

  • Шишање (Skinning)

    Шишање (Skinning)

    Филм за загубената генерација на деца преполна со гнев кон другите и кон животот, за оние со кои лесно се манипулира, за… скинеритеrnrnШишање (Skinning)Режија: Стеван ФилиповиќrnrnИграат: Никола Ракочевиќ, Виктор Савиќ, Никола Којо, Наташа ТапусковиќrnrnВреметраење: 98 минутиrnrnЈазик: српскиrnrnПремиера: 6 октомври 2010rnrnЖанр: акција, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnСрпската кинематографија како најмногу да е заинтересирана за животот на малите луѓе фрлени во вртлогот на високата политика. Прво беа филмовите за физичките и емотивните жртви по или за време на војната во 90-тите, а сега се приказните за онаа изгубена младина директен производ на режимот на Слободан Милошевиќ. Растурени семејства, деца што не можат да се пронајдат себе си во времето и просторот и имаат чувство дека нема напред, нема иднина. Пинки и Шваба во „Рани” станаа дел од српското подземје, сурови убијци кои ниту за момент не размислуваат за последиците од тоа што го прават. Додека Новица во „Шишање” влегува во скинерска банда каде болните идеи за чиста Србија го менуваат – од математичка надеж во уште еден пион на политичките моќници.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Новица (Никола Ракочевиќ) е српски средношколец – примерен ученик и миленик на професорот по математика. Но, Новица е и дете чиј единствен пријател му е неговиот братучед и живее само со татко му кој буквално е како „домашно растение”. По ненамерно пријателство со еден скинер, Реља (Виктор Савиќ) пополека навлегува во мала скинерска банда и од повлечено момче станува малиот Хитлер во групата. Неговите пријатели-скинери со години зборуваат за она што би требало да го направат, отвораат веб-сајтови, повремено се тепаат на фудбалски натпревари, но Новица е единствениот доволно гневен за да тргне и кон вистинско „чистење” на Србија од сето она што го сметаат за валкано, а тоа најверојатно е сè околу. Сепак, Новица како и секој пред него и секој под него е марионета во рацете на политичките фотелјаши, оние кои всушност и ги вбризгуваат идеите во младите мозоци и од сенка ги влечат сите конци.Шишање (Skinning)Шишање (Skinning)Можеби кој било фанатизам во животот – дали е тој математичкиот или пак оној на скинерите, не е добар. Сепак, понекогаш мора да одбираш помало зло од двете – што се чини дека во земјите од Балканот е повеќе практика отколку случајност. Шишање (Skinning)Режисерот Стевановиќ прикажува една страна на Белград која и не сме имале можност да ја гледаме на филмското платно. Сепак за да биде „must see“ филм и во светските киносали, на „Шишање” му се потребни и неколку силни состојки – прво масовност на сцените кои вака на моменти изгледаат малку смешно; второ група на скинери која е поголема од 10 души, па да поверуваме дека се и навистина важен фактор во општеството (како што се третираат во филмот) и може да направат некои промени; и на крај малку повеќе навлегување во приказната и психологијата на Новица и тоа што го довело таму каде што е. Шишање (Skinning)Кинематографија: „Шишање” снобовски кажано, е еден од поурбаните филмови од српската „кујна”. Нема турбо-фолк и шмркање кокаин, цицлести пејачки во евтини кафеани, печено прасе и златни ланци. Тука повеќе гледаме бетонски градби, скривници и високи облакодери, еден вид бетонски стерилен предел на кој црниот „док мартинс“ одлично легнува. На моменти влегуваме и во животот на онаа српска интелектуална елита која пие виски, пуши пури и нормално смета дека е над џганот на улиците. Гледаме и кинески ресторани, и елитни собири, и огромни библиотеки, и српски валкани или добри полициски детективи прикажани во малку американски стил. Но, и тоа е можно гледање на работите затоа што хулиганите не се секогаш тие со палката в раце туку се и во убавите костуми, на телевизиските екрани, на некое кожно столче…  Шишање (Skinning) Кога и како да го гледате: Овој филм поубаво е да го погледнете во домашна атмосфера и тоа ноќно време. Не дека не можете да уживате и во други услови, туку за филмчиња за скинери секогаш поубаво е да е темница. Предупредуваме дека во филмот има и крв и неколку (не многу) непријатни сцени, а и доколку имате деца, нормално не е пожелно да бидат со вас. И за крај – интересна е балканската филмска солидарност – кога доаѓа филм од Србија или некоја друга блиска земја, најчесто едноставно гледаме со повеќе симпатија, па никако нема да заспиете и ќе го истерате до крај. Не дека филмот е лош туку едноставно ако беше американски филм можеби и ќе затворевте очи. Вака важат поинакви правила.Шишање (Skinning)

  • Најромантични филмски сцени на сите времиња

    Најромантични филмски сцени на сите времиња

    Расположени сте за малку романтика? Сакате да поминете ноќ со самите себе и на раат да ги полните марамчињата со солзи, додека истовремено правите гримаси пред телевизорот кои не се за пред други луѓе. Погледнете ги најромантичните сцени на сите времиња од кои срцето ќе ви затрепери, очите ќе ви се навлажнат, а душата ќе ви се исполни:rn
    rn

    Titanic

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаНезаборавната сцена кога Роуз и Џек се прегрнати на клунот на бродот Титаник е историска и вонвременска. Ако ништо друго, песната на Селин Дион „My heart will go on“ ќе биде вечна инспирација за сочни бакнежи и топли прегратки. Убавината во оваа сцена е страсниот бакнеж помеѓу главните ликови, а сето тоа е уште поромантично кога ќе земеме предвид дека нивната љубов траеше многу кратко.rn
    rn

    When Harry met Sally

    rn

    Најромантични филмски сцени на сите времињаДали тие некогаш ќе сфатат дека се еден за друг? Кога Хари конечно ќе ѝ изјави љубов на Сали (во вид на омаловажувачки говор, во кој меѓу другото ѝ кажува дека има брчки над нејзиниот нос), неговата лудост и симпатичност ќе направат цинизамот и неромантичноста кај гледачот да исчезнат.rn
    rnrn

    Romeo and Juliet

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаМожеби никогаш не сте помислите дека аквариумот би можел да биде романтичен, но за Ромео и Јулија, љубовната двојка осудена на пропаст, тука беше првата и најромантична средба која им се случила. Дали е романтичноста на филмот во саундтракот „Kissing you“ или во неодоливата насмевка на Леонардо Дикаприо, останува на вас да одлучите.rn
    rn

    The Notebook

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаОд моментот кога Ноа ќе се качи на панорамата за да ја покани Али да излезат, со цел да ѝ го привлече нејзиното внимание, па сè до моментите кога двајцата ликови ја осознаваат силата на нивната голема љубов во поодминатите години, ова е филм кој изобилува со љубов и романтика. Иако е навистина тешко да се избере само една сцена од овој прекрасен филм, сепак моментот кога Ноа ѝ вели на Али „Ако си ти птица и јас сум птица“ е еден од најромантичните, помеѓу многуте.rn
    rn

    Moulin Rouge

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаГламурозната куртизана Сатин никогаш не ни замислуваше дека нејзиното срце може да му припадне на сиромашен поет од долната класа, сè до моментот кога Кристијан ќе ја освои со најромантичната песна некогаш напишана. Додадете ги музиката на Елтон Џон и U2, огнометот и небото во Париз и имате загарантирана романтика.rn
    rn

    Casablanca

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаОва е една од најубавите срцекршачки љубовни приказни досега, помеѓу Ингрид Бергман и Хемфри Богарт кога ќе се сретнат во Казабланка после многу години од нивната разделба.rn
    rn

    Love Actually

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаАко за миг заборавиме на моралноста во овој филм (таа е тазе мажена, а тој е најдобар пријател на нејзиниот маж), најромантичната сцена без двоумење е кога Марк ќе ѝ ја покаже на Јулија љубовта која ја чувствува кон неа, презентирајќи ѝ постери со текстуални пораки пред вратата од нејзината куќа, една снежна вечер, иако и двајцата знаат дека нема да бидат заедно.rn
    rn

    Breakfast at Tiffany’s

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаКој го гледал овој филм сигурно се сеќава на најромантичната сцена од него, кога прекрасното дуо Одри Хепберн и  Џорџ Пепард ќе се прикрадат од продавницата за играчки, носејќи исти маски на себе и во тој момент двајцата ќе се изнасмеат. Тогаш секоја девојка би помислила: „Тој е тој магичен момент“.rn
    rn

    10 Things I Hate About You

    rn

    Најромантични филмски сцени на сите времињаГледајќи го „лошото“ момче Хит Леџер како ја пее песната „Can’t Take My Eyes Off of You“ може да го стопи секое женско срце. Уште кога Леџер тоа го прави пред училиште, мудро избегнувајќи го обезбедувањето, сцената станува уште послатка.rn
    rnrn

    An officer and a gentleman

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаОва е една од приказните кога принцот доаѓа на белиот коњ. Кога Риџард Гир ќе се појави во бела униформа, ќе ја земе Дебра Вингер во прегратките и ќе ја изнесе надвор од фабриката каде што таа работи, веднаш ќе се сетите на прекрасните љубовни бајки во кои некогаш сте верувале како мали.rn
    rn

    Shakespeare in Love

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаИако Вилијам не може да биде со Виола, во која е многу заљубен, тој ѝ ја посветува претставата на неа со зборовите: „За онаа која е моја хероина, цело ова време и нејзиното име ќе биде… Виола“.rn
    rn

    A Walk to Remember

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаЛандон знае дека Џејми е болна од леукемија и сака да ѝ ги исполни сите желби кои ги има напишано таа на нејзината листа: тетоважи, преминување граници и најголемата – да се омажи во црквата во која тоа го направила нејзината мајка.rn
    rnrn

    Juno

    rnНајромантични филмски сцени на сите времињаИако тие никогаш не беа официјално заедно, Џуно сфаќа дека е заљубена во таткото на нејзиното бебе, Поли Бликер и тоа додека сè уште е бремена. Гестот со кој таа ја покажува љубовта спрема него е личен, сладок и шарен: Џуно му го полни поштенското сандаче на Бликер со неговите омилени тик-так портокалови бомбони.rnrnКоја е според вас најубавата филмска сцена на сите времиња?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимска коска (Winter’s bone)

    Зимска коска (Winter’s bone)

    Филм за точката бело во море на црнило, за малите животни победи, за женската борба да се зачува она што можеrnrnЗимска коска (Winter's bone)Режија: Дебра ГраникrnrnУлоги: Џенифер Лоренс, Џон Хоукс, Гарет ДилахантrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 17 септември 2010rnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnНагради: најдобар филм на фестивалот на независен филм „Санденс”, номиниран за Оскар за најдобар филмrnrnОфицијален веб-сајт rnrnНаша оценка: 9/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnШто кога си девојка и од раѓање ти се поделени лоши карти? Кога се околу тебе вика дека треба да бидеш или силувана или да затрудниш на 16 години и да бидеш тепана од мажот или да отидеш во војска и… толку можеш да очекуваш од животот. Дали тогаш ќе се бориш или ќе „легнеш” на патот за судбината да те раскине? Да разјасниме, да излезеш не можеш, но да направиш мали промени за себе и за најблиските, да секако дека можеш. Тинејџерката Ри во „Зимска коска” одбира да не стои како нем сведок додека непредвидливите животни настани ја фрлаат во калта. И иако таа во оваа мини приказна е победник, филмот е светлосни години далеку од хепи енд. Затоа што да бидеме реални, картите веќе се поделени. Можеш некое време да блефираш, но ќе те препознаат, а ти само го одолговлекуваш неизбежниот крај.rn____________________________________________________________________________________________rn

    rn

    Приказна: Ри (Џенифер Лоренс) живее во руралниот Озарк и целиот товар околу грижата за семејството е оставен на неа. Татко ѝ е во затвор додека мајка ѝ е во депресија и комплетно не функционира. Младата девојка покрај за себе мора да се грижи и за помладите брат и сестра. Како ова да не е доволно, Ри дознава дека татко ѝ е пуштен од затвор, а за да ја плати кауцијата како залог ја ставил целата нивна куќа. Доколку не се појави во суд за една недела, тие ќе ја загубат нивната руинирана куќа која и покрај сè им е дом, единствена сигурност и покрив над главата. Ри тргнува во потрага по својот татко, а луѓето низ кој треба да помине за да дојде до каква било информација се благо кажано непријатни – сомнителни типови кои исто како и жените се соочиле со својата улога во средината, тие се непресметливи тепачи на жени, глави на семејството и пред сè произведувачи и дилери на дрога. Зимска коска (Winter's bone) Важен е трнливиот пат низ кој младата Ри ќе помине за да си помогне себеси и на своето семејство, а единствен кој ќе и помогне е чичко ѝ Теардроп кој иако е ист како останатите, наоѓа трошка милост за својата внука. Но само трошка, не многу повеќе. И да, Ри на крајот од сè успева да го зачува својот дом, но како што камерата се оддалечува додека таа седи на скалите, не може а да не го составите во вашата глава крајот кој не ни го покажуваат, оној по одјавната шпица – трудна, силувана, тепана или во првите редови во војска. Зимска коска (Winter's bone) „Зимска коска” е втор долгометражен филм на режисерката Дебра Граник, но недостатокот на филмско искуство воопшто не се забележува. Таа креира темен филм исполнет со мачно чувство на неизбежната состојба, а иако е жена и главната улога ја толкува жена – ова не е женски филм. Таа ја избегнува замката да направи мекушасто кинематографско парче кое тотално ќе ја одвлече машката публика. „Зимска коска” е пред сè филм со карактер. Се појавуваат актери кои не се толку познати, но воопшто нема утки. Единствена која можеби е препознатливо лице е Џенифер Лоренс (играше покрај Ким Бесинџер и Шарлиз Терон во Burning Plain) која за овој филм е номинирана за Оскар. Дали треба да ја добие статуетката оваа феноменална (само) 20-годишна девојка, одлучете вие. Зимска коска (Winter's bone)Кинематографија: Зимата може да се смета за дополнителен актер во „Зимска коска”. Ни дава чувство на неизбежност, на товар, на мачнина. Темнина, запуштени куќи, природа ама не од онаа убавата… Испукани раце, груби усни, тоа е реалноста во Озарк и никој не очекува повеќе. Денските сцени имаме впечаток како воопшто да не се случуваат дење, туку во некој магловит облак.  Зимска коска (Winter's bone) Зимска коска (Winter's bone)Кога и како да го гледате: Сепак гледајте го сами, за повременото „а” и „у”, да ви бидат во мир и тишина. По можност дома и навечер за да го имате комплет ефектот кој режисерката го замислила. За останатите параметри, нема потреба од препораки, останува на вашата желба и расположение.Зимска коска (Winter's bone)

    rn

  • Зајачка дупка (Rabbit Hole)

    Зајачка дупка (Rabbit Hole)

    Филм за загубата и за тоа како понатаму откако ќе ви се случи најстрашното. Што откако сите грижливи пријатели ќе си заминат дома и ќе останете сами со своите мисли?rnrnЗајачка дупка (Rabbit hole)Режија: Џон Камерон МичелrnrnСценарио: Дејвид Линдзи-АбаирrnrnУлоги: Никол Кидман, Арон Екхарт, Даен Вест,rnСандра ОхrnrnВреметраење: 91 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnrnНаша оценка: 8/10rnrn__________________________________________________________________________________________rnРетки се оние филмови кои како да не се направени само за да не забавуваат, туку и за да ни помогнат, кои ни делуваат како психијатар – ни носат катарза, не прават да се чувствуваме помалку луди или чудни во овој свет или ни ја намалуваат тежината на сопствените чувства и мисли. И покрај тоа што е одлично изведено кинематографско парче, главниот адут на „Зајачка дупка” е во тоа што како да сака да не стави на психијатрискиот кауч и да не праша „И, како се чувствуваш ти во врска со тоа?”. Иако фокусот на филмот е најстрашното нешто за секој родител – загубата на сопственото дете, во основа „Зајачка дупка” поставува прашања вредни за размислување. Сепак, од овој филм не очекувајте некаков одговор, најверојатно затоа што и во реалноста не постои само еден, за секој човек е различен.rn_________________________________________________________________________________________ rn

    rn

    Приказна: Бека и Хауви се среќен брачен пар кој целосно се губи по смртта на нивниот 4-годишен син, Дени. Иако целата филмска приказна започнува откако Дени е починат, гледачот е апсолутно сигурен дека претходно тие биле идилично мало семејство затворено во својот сопствен мал универзум на совршени слики. Но сега не останува ништо освен сопствените чувства, тага, јад. Не постои збор кој што може да помогне, ниту пак во филмот има прекршен момент кој магично им ги прави животите на Бека и Хауви подобри…Зајачка дупка (Rabbit hole)Никол Кидман како и секогаш нежно и женствено, но и доволно драматично, темно и напатено ја претставува Бека. Нејзиниот начин на соочување со тагата можеби не е вообичаен, таа има кратки средби со тинејџерот кој случајно го прегазил нејзиниот син, но кој тука може да суди што е правилно, а што не. Нема точно време кога некој ќе престане да тагува, нема ни точно време кога некој повторно ќе посака секс, друго дете…Зајачка дупка (Rabbit hole)На маестралната Кидман (за среќа) сосема достојно и издржано ѝ парира Арон Екхарт, чиј лик Хауви е повеќе свртен кон игнорирањето на тоа што се случува и со опкружување на себеси со секојдневните случувања, со она што треба (а не сака) да се направи… Од друга страна, туку е и мајката на Бека, Нет која низ играта на одличната Даен Вест ја доживуваме како вистинска поддршка, доволно нежна и подготвена да ги прими сите твои „го*на” за да ти е подобро, но и доволно реална за понекогаш да ги каже работите в лице. Овој филм не е за обвинувањата на кого било, за потрага по правдата, за прашањата зошто и како, туку за тагата и за неоспорниот факт дека после некои настани тагата повеќе или помалку останува, независно што и да направиме.Зајачка дупка (Rabbit hole)Кинематографија: И музиката и кадрите се и мачни и тажни како што треба да бидат во филм за пар кој се соочува со смртта на сопственото дете. Ако „Зајачка дупка” го начекате на некој телевизиски канал и притоа не знаете за кој филм станува збор, прво што ќе помислите е дека сигурно тука се случило нешто страшно. Нема дилема, атмосферата на неподнослива тишина едноставно протекува од секоја секвенца на филмот.Зајачка дупка (Rabbit hole)Кога и како да го гледате: Сепак „Зајачка дупка” е филм за домашна атмосфера, така полесно и поубаво се гледа. Можете и сами, а и во друштво. И покрај тематиката не очекувајте дека ќе пуштите солзи. Да, темата е можеби тешка, но обработена е реално и без никакви претензии од гледачот да испровоцира сожалување и евтини емоции. „Зајачка дупка” ги прикажува работите точно како што се – откако ќе завршат прегратките останувате сами и треба да се снајдете со чувствата, а тогаш не е потребно сожалување, тогаш немате потреба некој да ве гледа со солзи во очите.Зајачка дупка (Rabbit hole)

  • Закопан (Buried)

    Закопан (Buried)

    Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секундa rnrnЗакопан (Buried)Режија: Родриго КортесrnrnСценарио: Крис СпарлингrnrnУлога: Рајан РејнолдсrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 септември 2010rnrnЖанр: трилер, мистерија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnВо кинематографска ера кога специјалните ефекти се филмско „добро утро“ и сé помалку се снима, а се повеќе се доработува и дошминкува на компјутерските монитори, вистинска реткост е да се види минималистички филм кој се враќа на голата суштина на работите – сé што е потребно е креативно сценарио, инвентивна режија и глумец кој не се плаши да превземе ризик. Токму по таа формула е работен филмот „Закопан“ во кој постојано пред камерата имаме само еден актер, Рајан Рејнолдс, а апсолутно целото дејствие се одвива во дрвен ковчег, под земја. Иако филмската траекторија на моменти малку паѓа, што е прифатлив ризик со оглед на тоа дека следиме час и половина дејство кое се одвива на метар квадратен, сепак сценаристот и режисерот наоѓаат креативни начини да не вратат на патеката, што за приказна со волку „ограничувачка“ основа е вистинска умешност.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn

    rn

    Приказна: Пол е возач за американска компанија во Ирак. Откако неговата група е нападната, тој се буди во дрвен ковчег под земја, а оставен му е само мобилен телефон со ограничено траење на батеријата и запалка. Има само неколку часа да изнајде начин за да се спаси… и би било сурово ако ви раскажам повеќе од приказната – би била како најиритантното друштво за филм (од оние кои го гледале филмот и ги извикуваат сцените пред да се случат). Затоа пуштете си го „Закопан”. Закопан (Buried) За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… Закопан (Buried)Закопан (Buried) Кинематографија: Исто како и главниот лик Пол, така и камерата воопшто не излегува од дрвениот ковчег. Мајсторство е да се изнајдат доволно агли за снимање во толку ограничен простор, а сето тоа да не изгледа смешно како зумовите на лице во сапунските серии. Тука камерата е динамична и воопшто не се чувствува „заседнатост“ и статичност. Воедно светлото во „Закопан” доаѓа од извори како запалка, мобилен телефон или халогени светилки. Има моменти кога се наоѓаме пред целосно темен екран каде се слуша само дишење или панично удирање по дрвениот ковчег. Но токму тоа го прави целиот филм интересен за гледање, атмосферата како и вие да сте со Пол во сандакот. Закопан (Buried)Кога и како да го гледате: Филмот е „Закопан”, па најдобро е додека го гледате и вие да се закопате, метафорички кажано. Значи идеалната атмосфера е во темна соба на голем телевизиски екран и по можност сами, нормално доколку не сте премногу плашливи. Ова не е попладневно филмче за после работа, пуштете го на оние одбрани филмски вечери со пуканки и сокче. И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.Закопан (Buried)

    rnrn

    rn

    rn

    Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

    rn

    rn

  • Црниот лебед (Black Swan)

    Црниот лебед (Black Swan)

    Надреален психолошки трилер за патолошката борба сам со себе и со останатите за професионален успех, за подготвеноста да се направи сé за целта… за тоа како на почетокот една (само) невротична личност под притисок се трансформира во „црниот лебед”.rnrnЦрниот лебед (Black Swan)Режија: Дарен АронофскиrnrnИграат: Натали Портман, Мила Кунис, Винсент Касел, Барбара Херши, Винона РајдерrnrnВреметраење: 108 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 17 декември 2010rnrnЖанр: драма, трилерrnrnОфицијален веб-сајт rnrnНаша оценка: 9/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnРежисерот Дарен Аронофски е дефинитивно уметник. Темен, изопачен уметник. Едгар Алан По во филмскиот свет. Оди на тенката линија помеѓу лудилото и генијалноста и секогаш ја извлекува подобрата карта – генијалноста. Во неговите филмови таман кога ќе помислите дека претерал, ќе ве предомисли, таман кога ќе помислите дека ќе се лизне, ќе успее да избалансира. Во „Црниот лебед”, Аронофски ни ја портретира суровата страна на можеби една од најнежните и најрафинираните професии, балетот. Раскрварени прсти, психолошки малтретирања, страв од нож во грб, за на крај пред нашите очи да излезе едно „Лебедово езеро”. Без пардон приказ на неприродната борба за успех и за тоа кога е време да се каже стоп. Аронофски во овој филм не го интересира толку она што се случува меѓу луѓето туку внатрешните лични (добро наспроти лошо) дуели на амбициозната балерина, Нина.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn

    rn

    Приказна: Нина (Натали Портман) е балерина во една њујоршка балетска компанија и во текот на целата кариера е „девојката од задните редови”. Живее под претерана, дури перверзна заштита на нејзината мајка Ерика (Барбара Херши) која исто така е нереализирана балерина. Нина е совршена во секој поглед, покорна ќерка која и дозволува на мајка ѝ да ја контролира за сè, а од друга страна балерина која е нежна, кршлива и технички најпрецизна танчарка. Но во нејзе нема емоција, страст, речиси како да е киборг, кој знае што треба, а не што сака.Црниот лебед (Black Swan)Сето тоа се менува откако продуцентот Томас (Винсент Касел) ќе одлучи да ја постави „Лебедовото езеро” каде една балерина треба да ги игра и белиот и црниот лебед. Нина отсекогаш во себе го имала белиот, но Томас го гледа во неа и изопачениот црн лебед и ѝ дава шанса да дебитира за да стане новата голема ѕвезда на компанијата. Таа пополека се бори со сопствените и бариерите поставени од другите и пополека го открива својот „црн лебед”. Во сето тоа, Нина се губи и станува длабоко психолошки растревожена личност. Еден од најголемите противници на младата балерина на тој пат на себепронаоѓање е Лили (Мила Кунис) која е сé што не е Нина – страсна, самосвесна, слободна. Црниот лебед (Black Swan)„Црниот лебед” е толку комплексен, вознемирувачки и нежен токму поради играта на главните актери. Особено трите главни женски улоги Портман, Херши и Кунис. Сите се толку различни, но толку јасно обликувани ликови што просто е невозможно на гледачот да му остане некоја емоција или некоја реакција нејасна.Црниот лебед (Black Swan)Кинематографија: Одличен темен приказ на њујоршкиот балетски натпреварувачки свет. Најголем дел од дејствијата се одвиваат ноќе па се чини како денската светлина за овој растревожен филм да е непотребна. Се користат и специјални ефекти (но умерено) кои сосема солидно ја надополнуваат приказната. Да, филмот би преживеал и без нив, но визијата на Аронофски е таква. Интересен момент кој го надополнува филмското лудило се сцените со рефлексијата на одразот на Нина во огледалата – таа слика ја одразува нејзината вистинита извртена душевна состојба наспроти прибраниот лик во реалноста. Музиката за „Црниот лебед” ја направи Клинт Мансел кој работи на музиката на секој филм на Аронофски (аналогно на тоа и на феноменалниот саундтрак од „Реквием за еден сон”),така што ќе уживате во одлични музички парчиња.Црниот лебед (Black Swan)Кога и како да го гледате: „Црниот лебед” е филм за во кино, лудилото така подобро се чувствува. Пожелно е да се гледа на крај на денот, како што во филмот недостасува сончева светлина, пожелно е така да биде и додека го гледате. Дали ќе го проследите сами или во друштво е комплетно ваш избор. „Црниот лебед” е психолошки трилер кој ќе ве размрда, но повеќе во насока на разговор, а не толку што ќе ве остави без сон или долго време вознемирени.Црниот лебед (Black Swan)
  • Најубавите новогодишни и божиќни филмови

    Најубавите новогодишни и божиќни филмови

    Новогодишните и божиќните празници се највеселиот период од годината. Во домовите преовладува топлината на позитивните вибрации и среќата, а богатата трпеза, подароците и семејството се секогаш тука да ја надополнат прекрасната атмосфера.rnrnДоколку се прашувате што интересно би можеле да правите во овие слободни опуштени денови, еве една интересна идеја – повикајте ги пријателите и разбудете ја магијата на празниците, уживајќи во еден целодневен маратон од новогодишни и божиќни филмови. Ова е предлог-листата која ние ја подготвивме, а изборот останува на вас. Среќни празници!rnrn

    1. A Christmas Story (1983) – [трејлер]

    rnA Christmas Story (1983)rnrn

    2. Scrooged (1988) – [трејлер]

    rnrnScrooged (1988)rnrn

    3. Home Alone (1990) – [трејлер]

    rnrnHome Alone (1990)rnrn

    4. The Nightmare Before Christmas (1993) – [трејлер]

    rnrnThe Nightmare Before Christmas (1993)rnrn

    5. Miracle on 34th Street (1994) – [трејлер]

    rnMiracle on 34th Street (1994)rnrn

    6. How the Grinch Stole Christmas (2000) – [трејлер]

    rnHow the Grinch Stole Christmas (2000)rnrn

    7. The Polar Express (2004) – [трејлер]

    rnThe Polar Express (2004)rnrn

    8. Homeless for the Holidays (2009) – [трејлер]

    rnHomeless for the Holidays (2009)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Новогодишната заменете ја со филмска вечер

    Новогодишната заменете ја со филмска вечер

    Не мора Новата година да ја форсираме онака како што од нас се бара – дотерани во кафана, диско или кај некој дома, па следниот ден со крвави очи и мамурлак… Со оглед дека за вработените ова е сосема обичен викенд (во понеделник повторно на работа), па и краткото патување отпаѓа. Затоа е сосема задоволително да се помине вечерта дома со кифлички, руска салата и добри филмчиња.Новогодишната заменете ја со филмска вечерЗа делот со јадењето ќе мора да се погрижите сами, но ви нудиме листа на филмови кои одлично ќе ви се најдат на новогодишната листа. Станува збор за филмчиња кои можеби не ги преполнија веснициве изминатата 2010 година, но тоа не значи дека не се добри. За еден дел од нив можно е допрва да се слуша, а останатите едноставно вреди да се видат.rnrn rn

    1. Говорот на кралот (The King’s Speech)

    rnОткако неговиот брат ќе абдицира, Џорџ VI (таткото на кралицата Елизабета Втора) неволно го зема престолот. Мачен од постојаното пелтечење, го сметаа дека е недостоен за крал. За помош, тој ангажира необичен логопед. Преку збир на неочекувани техники и како резултат на неверојатно пријателство, Џорџ го наоѓа својот глас и смело ја води земјата преку војна. Главната улога ја толкува Колин Фирт, а играат и Хелена Бонам Картер и Џефри Раш. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечерrnrn rn

    2. Никогаш не пуштај ме (Never Let Me Go)

    rn„Никогаш не ме напуштај“ ја следи приказната на Кети, Рут и Томи, портретирани од Кери Малиган, Кира Најтли и Ендрју Гарфилд, кои влегуваат во љубовен триаголник и откриваат дека всушност се „експериментални глувчиња“ – креирани во лабораторија со цел да обезбедат органи за сериозно болни пациенти. Филмот го освои бронзениот медал на изборот за најдобро филмско остварување за 2010 година на магазинот „Тајм“ (на прво место заврши „Приказна за играчките 3“). [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечерrnrn rn

    3. Излези преку гифт шопот (Exit Through the Gift Shop)

    rnРежисер на овој филм е најпознатиот графити-уметник на денешницата, Бански, познат по силниот политички и социјален печат во делата. Ја следи приказна на ексцентричен француски чувар и аматер филмски режисер кои сакаат да го лоцираат и да се здружат со Бански. Филмот се прикажува како документарец иако филмските критичари се сомневаат во неговата вистинитост. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечерrnrn rn

    4. Скот Пилгрим наспроти светот (Scott Pilgrim vs. The World)

    rn

    Скот Пилгрим (Мајкл Цера кој играше и во „Џуно“) е млад канадски музичар кој ќе ја сретне девојката од неговите соништа, Рамона Флауерс. За да ја добие Рамона, тој мора да ги порази нејзините „седум злобни поранешни момчиња“ кои доаѓаат да го убијат. Оваа комедија е режирана од Едгар Врајт, а направена е врз основа на стрип додека сега има и видео игра. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер

    rn rn

    5. Илузионистот (The Illusionist)

    rnДодека цртаните како „Tangled“ и „Приказна за играчките 3“, правеа парче по медиумите, „Илузионистот“ помина многу потивко. Но тоа не значи дека не треба да се види. Зборува за француски илузионист кој останува без работа и заминува во Шкотска каде запознава млада девојка. Нивните авантури им го менуваат животот и на двајцата. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечерrnrn rn

    6. Чекајќи го Супермен (Waiting for Superman)

    rnДокументарецот „Чекајќи го Супермен“ ги анализира недостатоците на американското образование така што следи неколку студенти низ едукативниот систем. Режиран од Дејвис Гугенхајм, филмот ја доби наградата од публиката за најдобар документарец за 2010 на најголемиот американски фестивал на независен филм „Санденс“. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечерrnrn rn

    7. На патот назад (The Way Back)

    rnДрама со Колин Фарел, Ед Харис и Џим Стуџес во главните улоги која зборува за војници кои бегаат од сибирски затвор во 40-тите години. Режијата е на Питер Вир, а исто така и сценариото кое е напишано врз основа на мемоарите на полскиот воен поручник Sławomir Rawicz. Со оценка за почит – 8,2 на  IMDB, вреди да се види. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечерrnrn rn

    8. Син Валентајн (Blue Valentine)

    rnОваа американска романтична драма ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал Санденс, а го следи брачниот пар Дин и Синди и нивната врска низ годините. Се нуди сурова аутопсија на проколнатата врска меѓу идеалистичкиот сонувач Дин (Рајан Гослинг) и наспроти него, практичната жена (Мишел Вилијамс). [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечерrnrn rn

    9. Лесна петка (Easy A)

    rn

    Откако „белата лага“ за загубата на нејзината невиност ќе излезе на површина, средношколата (Ема Стоун) почнува да го споредува својот живот со оној на Хестер Прин 0д „Буква на срамот“. Таа страда сè додека не одлучи да го искористи тоа за да ги подобри своијата социјална и финансиска положба. Покрај Стоун во оваа романтична комедија играат и Лиса Кудроу („Пријатели“), Малколм Мекдауел („Пеколен портокал“), Стенли Туци („Терминал“, „Џулија и Џулија“). [трејлер] Новогодишната заменете ја со филмска вечер

    rn rn

    10. Експеримент (The Experiment)

    rn

    Овој трилер се базира на вистинит настан – Стенфордскиот затворски експеримент каде 26 мажи за истражувачки цели се поделени на затвореници и чувари. На почеток сè е во ред додека тие не влезат премногу во својата улога. Ова е римејк на германскиот филм Das experiment кој е маестрален. Во американската верзија се појавуваат Адријан Броди и Форест Витакер. [трејлер]Новогодишната заменете ја со филмска вечер