КАФЕ ПАУЗА

Category: Лав

  • Водолија и лав – пријателска комбинација

    Водолија и лав – пријателска комбинација

    Овие два знака се наоѓаат еден наспроти друг на зодијачкото тркало, што значи дека станува збор за едно интересно пријателство. Водолијата не може да не го обожава лавот, и покрај тоа што тие двајца се тотално спротивни за многу нешта. Импресивниот, драматичен стил на живот на лавот, е во тотална спротивност со опуштеното и смирено однесување на водолијата. Самото присуство на лавот, ја исполнува водолијата со енергија и ентузијазам. Од друга страна, незаинтересираноста и непристрасноста на водолијата, му помага на лавот да остане фокусиран на своите планови и цели.Водолија и лав - пријателска комбинацијаЛавот тежнее луѓето околу него да му даруваат љубов и да му покажуваат почит, а на водолијата не ѝ е гајле што другите мислат за неа. Лавот е искрена, срдечна и отворена личност, а водолијата е рамнодушна и воздржана. Лавот е емотивен, а водолијата е аналитична. Доколку водолијата може да го поднесе егоизмот на лавот, тој ќе излезе на крај со нејзината ексцентричност.rnrnСличноста помеѓу нив двајца е тоа што се многу лојални личности. Лавот никогаш нема да ѝ откаже средба на водолијата, само поради некоја згодна девојка/момче, а ни водолијата нема да го озборува по луѓето кои му завидуваат на лавот. Точно е дека лавот нема поим што водолијата му зборува во половина од времето кое го поминуваат заедно, поради нејзиниот апстрактен начин на размислување. На сличен начин, водолијата нема да сфаќа што лавот мисли, кога ѝ зборува за некои козметички продукти за разубавување или за најновата мода на облекување.rnrnОвие два знака се многу енергични и активни, поради што тие може да уживаат правејќи напорни вежби во салата за вежбање или џогирајќи во парк. Двајцата се прилично музикални луѓе и може да уживаат во одењето на рок концерти. Лизгањето по мраз исто така може да биде нивни заеднички интерес, бидејќи во овој спорт е вклучена грациозната прецизност на која двајцата ѝ се восхитуваат. Исто така, може да делат интерес за егзотични животни, играње партија тенис или летање со балон.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јарец и лав – пријателска комбинација

    Јарец и лав – пријателска комбинација

    Благодарение на веселиот и дружељубив лав, јарецот покрај него успева да запознае повеќе нови луѓе, одошто би запознал сам. Но, ваквата навидум предност од дружењето со лавот, може да биде добра или лоша ствар, зависно од ситуацијата. Од една страна, јарецот полесно запознава нови луѓе со лавот, кој нема никаков проблем да го „скрши мразот“. Од друга страна, веселиот нарав кој го има лавот, може да го замрачи тивкиот и достоинствен јарец. Поради тоа, доколку јарецот реши да биде пријател со лавот, мора да научи кога треба да се наметне себеси во ситуациите.Јарец и лав - пријателска комбинацијаФакт е дека и јарецот може да биде исто толку импресивен колку и лавот, но овие два знака едноставно не се трудат да се докажат на ист начин. Така на пример, јарецот е повеќе способен да се спријатели со луѓе кои го ценат интелигентниот начин на шегување, додека пак лавот ужива играјќи си мајтап со пријателите и задевајќи ги.rnrnЛавот го цени авторитетот кој го поседува јарецот, без разлика што сите знаат дека лавот е секогаш и секаде во центарот на вниманието. Јарецот пак, умее веднаш да го привлече вниманието на келнерот кој го служи во ресторан, да ги натера шалтерските бирократи да го пронајдат документот кој му е потребен и да издејствува полицаецот да не му ја пише казната за брзо возење.rnrnВо ова пријателство може да постои борба за докажување моќ. Лавот сака секогаш да биде предводник на кој сите ќе му симнуваат капа, но сталожениот јарец поседува поквалитетни лидерски способности, со што го засенува „кралот на животните.“ Доколку лавот се согласи јарецот да ја моќта „зад сцената“, тој ќе му ја отстапи популарноста помеѓу другите луѓе, без која лавот не може да живее.rnrnЈарецот не може да го поднесе егоизмот на лавот, додека пак песимизмот на јарецот го полудува веселиот лав. Без разлика на нивните карактерни разлики, овие двајца пријатели може да уживаат во разни заеднички активности како скијање, долго трчање, играње шах, изработка на глинени предмети и дискутирање на историски теми.rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и лав – пријателска комбинација

    Стрелец и лав – пријателска комбинација

    Стрелецот и лавот имаат тенденција да оформат меѓусебна почит, после неколку минути откако ќе се запознаат. Стрелецот ја обожава великодушноста на лавот, а тој му се восхитува на веселиот дух кој го има стрелецот. И покрај тоа што лавот ги цени сите свои пријателства, стрелецот му е особено драг, благодарение на неговата дружељубивост, ентузијазам и смисла за хумор. Никој не може да го насмее лавот повеќе од незаменливиот стрелец. И лавот умее да го насмее стрелецот со неговиот необичен талент за имитирање, зајадливи забелешки и апсурдни шеги.Стрелец и лав - пријателска комбинацијаОвие пријатели можат меѓусебно да си поделат разни совети и искуства и можат многу да научат за себе, погледнувајќи ги работите од поинаква перспектива. Лавот може да му даде одлични совети на стрелецот за практични работи, како на пример ефикасно трошење на неговите пари. Стрелецот за возврат, може да му помогне на лавот да го отвори неговиот ум кон нови можности.rnrnПомеѓу овие пријатели може да се појават недоразбирања, како резултат на непрактичноста на стрелецот, која не се совпаѓа со здравиот начин на размислување кој го има лавот. На ист начин, екстремната посесивност на лавот, го полудува стрелецот. Ако лавот може да го прифати фактот дека стрелецот е расеана личност која секаде си го заборава паричникот и секогаш доцни, стрелецот ќе му го прости на лавот неговото кралско однесување и ќе има желба да го вклучи во сите негови авантуристички активности.rnrnСекој од овие два знака е полн со енергија и голема е веројатноста овие пријатели да имаат страст за спортување. Патувањата на некои егзотични места се исто така нешто, во кое двајцата неизмерно би уживале. Може многу да се забавуваат танцувајќи цела вечер во ноќен клуб, играјќи фудбал или глумејќи во претстави.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скорпија и лав – пријателска комбинација

    Скорпија и лав – пријателска комбинација

    Една работа е сигурна: ова е едно навистина интензивно пријателство, бидејќи лавот и скорпијата се најстрасните знаци во зодијакот. Вечно оптимистичниот лав создава тотална конфузија во главата на скорпијата, бидејќи таа не може да престане да му се воодушевува. Смета дека има нешто прекрасно во енергијата која лавот ја шири и не може да порекне дека животот е малку посветол кога овој пријател е во нејзино присуство.Скорпија и лав – пријателска комбинацијаИ покрај тоа што скорпијата се смешка во себе на обидите на лавот да доминира врз неа, таа сепак се вчудовидува секојпат кога овој пријател се обидува да го контролира нивното другарство. Во суштина, чесниот лав никогаш нема да биде идеален партнер за итриот стратег каков што е скорпијата. Сепак на скорпијата не ù смета одвреме-навреме да го негува егото на лавот, а тој за возврат ù влева храброст и позитивна енергија, која ù ја буди креативноста на скорпијата.rnrnПомеѓу овие два знака не постојат обични, секојдневни разговори. Тие се способни секоја тема на разговор да ја претворат во жешка дебата, во која едниот навива „за“, а другиот „против“ и таа дискусија ќе трае сè додека некој од нив не победи. Токму ова е причината зошто на лавот многу му се допаѓа карактерот на скорпијата – никој не може да му понуди постимулативна и посурова конверзација од неа. Скорпијата пак ужива во топлината и еланот кои лавот ги поседува, бидејќи ù помагаат да се оттргне од мрачните мисли кои понекогаш ја обземаат.rnrnЛавот не може да ја сфати повремената потреба на скорпијата за тотална приватност и изолираност, додека скорпијата ја збунува потребата на лавот да биде секогаш во центарот на вниманието. Во секој случај, овие пријатели имаат многу заеднички хобија и интереси како гледањето филмови, одењето во театар, дегустација на вина, а уживаат и во сите динамични спортови кои бараат голем влог на енергија.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вага и лав – пријателска комбинација

    Вага и лав – пријателска комбинација

    Вагата не може да остане рамнодушна на гламурозниот лав, кој ужива во убавините на животот, исто колку и таа. Тој пак не може да ù одолее на суптилната грациозност на вагата. Овие пријатели никогаш не штедат на нештата кои го прават нивниот живот вреден, како добрата храна, стилот на облекување и свечените прослави и забави.Вага и лав – пријателска комбинацијаВагата има беспрекорен осет за уметност, поради што лавот секогаш кога сака да гледа добар филм во кино или сака да посети уметничка галерија, промоција на музички албум и слично, првиот пријател на кој ќе се сети да се јави е вагата. Почитта не е еднострана. Вагата го обожава начинот на кој лавот го живее животот до максимум и секогаш е расположена да му прави друштво, додека тој шета низ целиот трговски центар или се поздравува со сите присутни на журката.rnrnПонекогаш може да има недоразбирања помеѓу овие пријатели, бидејќи лавот има тенденција да ги помножи со нула чувствата и потребите на вагата и да инсистира да биде по негово, а вагата може да го полудува лавот со нејзините променливи ставови. Објаснението за тоа е јасно: прво, лавот е егоцентричен и сака сите да му го тераат ќефот и второ, тој нема толку време и желба да ја чека вагата да се одлучи дали сака да го купи црвениот или синиот капут. Кога тој би можел да бира, најверојатно би ги купил двата и би завршил веднаш со таа работа. Она што лавот може да не го забележува, е дека вагата во себе врие додека тој си се шегува со келнерот кога тие седат на нивниот пријателски петочен ручек или додека се запознава со девојката/момчето кое наплаќа за палтата во ноќниот клуб.rnrnЗа среќа овие двајца пријатели, умеат да го излечат најдоброто, а не најлошото еден од друг, поради што имаат тенденција да бидат одлични другари. Двајцата уживаат во сите форми на уметност, вклучувајќи театар, музика, танцување и сликарство и обожаваат да одат на добри журки. Вагата и лавот се доста активни, па најверојатно би им годел заеднички џогинг, скијање, лизгање по мраз и возење ролери. Во оние ретки мигови кога животот не им блеска, овие двајца секогаш се желни за гледање некој добар романтичен филм, кој ќе ги релаксира.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лав и девица – љубовна комбинација

    Лав и девица – љубовна комбинација

    Кога лав и девица ќе стапат во љубовна врска, отпрвин може да мислат дека немаат ништо заедничко и немаат што да научат еден од друг. Но, на нивната љубовна врска ù треба повеќе време за да се развие. Лавот е екстравертен, доминантен, шармантен и честопати многу нетрпелив. Девицата е вредна, внимателна и повлечена. И покрај тоа што имаат различна природа, лавот и девицата се одличен љубовен пар.Лав и девица – љубовна комбинацијаНа почетокот од нивната врска, лавот и девицата можеби ќе ги забележуваат само маните на нивниот партнер. Лавот може да се однесува деспотски, а девицата премногу да критикува. Но, кога овие двајца ќе престанат само да бараат мани во карактерот на нивниот партнер и ќе почнат да ги забележуваат позитивните особини, ќе забележат дека помеѓу нив постои силна меѓусебна привлечност. Лавот може да ù покаже на девицата како да се забавува и да ужива во својот живот, како и да ја запознае со поимот спонтаност, кој честопати недостасува во животот на девицата. Исто така може да ја научи како да биде помалку критична кон другите луѓе. Таа пак, од своја страна, го подучува лавот да биде потрпелив и како паметно да ја канализира неговата интелигенција. Лавот може ќе си мисли дека девицата е премногу претпазлива и секогаш ги гледа работите со широко отворени очи, но нема да ù го замерува тоа. Девицата пак, може да смета дека лавот на моменти се однесува премногу себично, но таа може да го научи како да стане почувствителен и пообѕирен кон чувствата и потребите на другите.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а девицата од Меркур. Лавот, исто како Сонцето испушта топлина и светлина секаде каде што ќе зачекори и очекува сите да му бидат потчинети и да се благодарни што ја имаат честа да бидат во негово друштво. Девицата пак, секогаш успева да допре до срцата на другите луѓе. Таа е внимателна и секогаш претпазливо ги анализира сите детали пред да се посвети кон остварување на некаква цел. Двајцата партнери треба да си дадат себеси повеќе време, за да можат да ја увидат вредноста и корисноста од пристапот кон животот, кој го има нивниот партнер.rnrnЛавот импулсивно почнува нови проекти без да застане да помисли која е неговата мотивација за таа работа. Девицата од друга страна, има попрактичен пристап кон работите. Таа секогаш се грижи за резултатите кои ќе произлезат од трудот кој го вложила во нешто, а лавот едноставно си тера напред кон својата цел, без да се заморува со последиците од тоа.rnrnДевицата сака да поминува многу часови во работа. Многу е вредна и сака да може да се подели себе на многу делови, за да може да работи повеќе нешта истовремено. Лавот пак, ужива да биде во менаџерска улога на некој проект и да им доделува работна улога на учесниците. Лавот и девицата немаат потреба да докажуваат кој е „поглавниот“ во нивната врска, а тоа им скратува многу непотребни расправии.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација лав и девица е нивната ефикасност како пар. Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба  за  забава и возбуда. Девицата е вредната пчеличка, која работи „зад сцената“, закажува состаноци и ги следи сите детали, за кои лавот изгубил интерес да ги забележува. Нивните карактери се спротивставени на толку многу начини, но токму тоа ги прави овие партнери високо компатибилни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    [23:17:19] Криста: Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба  за  забава и возбуда.
  • Лав и лав – љубовна комбинација

    Лав и лав – љубовна комбинација

    Кога два лава започнуваат љубовна врска, тие навистина привлекуваат огромно внимание секаде каде што ќе зачекорат. Сите околу нив воздивнуваат гледајќи ги. Овие сензационални, креативни и друштвени индивидуалисти, изгледа како меѓусебно да си се заслужуваат. Нема подобра љубовна комбинација од нивната, барем кога станува збор за социјализирање, формирање добра друштвена екипа или начинот на кој тие ги инспирираат другите, во романтична смисла на зборот. Лавовите се привлечни луѓе, па кога станува збор за двајца кои се во врска, тие инстантно се привлечени од добриот изглед на нивниот партнер и ниеден од нив не се срами да ги покаже своите побуди и сексуални желби.Лав и лав – љубовна комбинацијаЛавот е кралот на џунглата, па така и љубовното дуо составено од двајца припадници на овој знак, зрачи со енергија, ентузијазам и лидерски предиспозиции. Но, ако двајцата имаат исто ниво на страст и авторитет, тие ќе мораат да научат да ја контролираат таквата енергија, за да може да функционираат како пар. Овие партнери уживаат во задоволствата кои ги нуди  животот и никогаш не се двоумат кога станува збор за забава, добар помин и релаксација. Секој од лавовите го „храни“ егото на неговиот партнер, и му го дава вниманието кое постојано му е потребно.rnrnУправител на лавот е Сонцето. Тоа, само по себе, е совршен симбол на перцепцијата на лавот за себеси (позиционирано е на средина во однос на останатите планети). Сонцето создава силна светлина и поседува голема моќ и енергија. Топлината од Сонцето (т.е. од лавот) длабоко ја чувствуваат сите оние кои се најблиску до него и претставува нивен одличен водич низ животот. Но, Сонцето исто така може да ги „изгори“ тие кои се во негова близина, со неговата тенденција да се однесува драматично, себично и преувеличено да реагира на обични ситуации. Тоа ги прави лавовите, понекогаш тешки за поднесување од страна на нивниот партнер, како и за останатите луѓе во негова близина.rnrnЛавот е огнен знак. Жешката страст која „гори“ помеѓу два лава е незапирлива. Нивниот оган, во комбинација со нивното потпирање на физичка активност (наместо на емоционална или интелектуална) ја прави оваа врска многу динамична. Тој збир од интензивната енергија на двата лава може им да донесе прекрасни работи, се разбира доколку тие не ја претворат во катастрофална кавга. Па така, лавовите или ќе ја имаат најдобрата или најлошата љубовна врска на сите времиња, во зависност од тоа колку тие ќе успеат да ја пронајдат средината помеѓу „совршената љубов“  и тенденцијата кон нејзино уништување. Двата лава ќе треба да вложат поголем напор за да го овозможат функционирањето на нивната врска. Она што најмногу ги зближува овие партнери, е нивната потреба за постојано внимание и восхитување.rnrnЛавот е фиксен знак. Секогаш постои моќна битка кога два фиксни карактери ќе се соединат. Рационалната и социјална страна на лавот ќе им овозможи на овие партнери да ги разрешат нивните разлики доколку го сакаат тоа доволно силно. Двајцата ќе прават отстапки, но само понекогаш. Избувливиот лав може брзо и често да „експлодира“, но конфликтите брзо се забораваат, па доброто расположение може да продолжи.rnrnКој е најдобриот аспект на љубовната врската помеѓу два лава? Тоа е нивната голема љубов кон забавата и чувството за креативност. Добро поминатото време никогаш не запира. Социјализирањето, забавата и меѓусебното засмејување, ги прави партнерите со хороскопски знак лав, фантастичен љубовен пар.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астролошки профил на родените во знакот лав

    Астролошки профил на родените во знакот лав

    (23 јули – 22 август) rnrnАстролошки профил на родените во знакот лавДа се наведат сите карактеристики на родените во знакот лав, е исто како да ги прочитате сите имиња на крајот од филм, кои се заслужни за неговото реализирање. Лавот може да ја одигра секоја улога во филмот и притоа да го прилагоди светлото, за да се осигури дека секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Овие луѓе сакаат секогаш да бидат забележани и да привлекуваат внимание. Лавовите се родени за да бидат „кралови/кралици на драмата“. Тие се родени лидери, кои се ценат себеси и зрачат со самодоверба.rn
    rn

    Љубител на човековата насмевка

    rnВие поседувате неколку карактеристики кои ви овозможуваат да го придобиете вниманието на другите луѓе. Некои можеби ќе ве обвинат дека сте егоцентрични, но вистината е дека вие едноставно го покажувате вашето вистинско лице – забавувач. Вие сакате да сте „виновникот“ за туѓите насмевки, бидејќи тоа ви создава искрено задоволство во душата. Оваа ваша дарежлива природа ве прави алтруист, кој може да постигне голем успех во животот, благодарение на вашиот оптимизам и позитивни мисли. Лавот е кралот на животните, па така и вие чувствувате обврска дека треба да се грижите за поданиците во вашето царство. Со задоволство го понесувате товарот на другите луѓе, секогаш кога е тоа потребно, но и кога не е потребно, ниту е ваша работа да се грижите.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

    Хуманитарната страна на лавот

    rnНајчесто луѓето кај вас ја забележуваат само вашата „сценска страна“. Најчесто се чувствувате како да сте на сцена и морате да се однесувате онака како што публиката очекува од вас. Но, во вас се крие и друга страна, која е тешко забележлива, а тоа е хуманоста.rnrnВашата длабока потреба да им помагате на другите луѓе е честопати засенета од карактерот кој го прикажувате пред светот. Повеќето луѓе никогаш не успеваат да ја видат оваа ваша страна. Тоа е така, бидејќи вие сте многу затворена личност кога станува збор за добрите дела кои ги правите, ко божем да чувате некоја државна тајна. Последната работа која што сакате да се случи, е некој да се сомнева во вашите акти на хуманост. Оваа ваша особина може да изгледа дека е контрадикторна на вашата позерска улога која ја прикажувате пред светот, но вашето големо срце е навистина многу дарежливо и милосливо и ве тера да се вклучите во некоја добротворна акција.rn
    rn

    Суетност: мит или реалност?

    rnВо многу прилики, најверојатно сте биле обвинети дека сте многу самоуверени, суетни или нарциси. Соочете се, вам ви се допаѓа вашиот одраз во огледало и да се има его е навистина добра компонента во карактерот на една личност. Но, кај некои лавови, тоа е екстремно нагласено. На овие луѓе, им е многу тешко да го пронајдат балансот помеѓу самоувереноста и потребата да доминираат над другите луѓе. На крајот на краиштата, тоа е космичка сила, а понекогаш едноставно не можете да се борите против ѕвездите.rn
    rn

    Лавот на работното место

    rnВашата силна потреба за внимание, може да постане водечка сила во вашиот живот. Глумата е природен избор на кариера за вас, како и пиар или работа во департманот за продажба. Секоја професија во која вашата улога е да ги убедувате луѓето, ќе ви биде добредојдена. Вие секогаш сте во центарот на вниманието, а тоа може да ги налути луѓето околу вас, кои сакаат да бидат на вашето место. Научете да го делите „сценското светло“ со другите луѓе, особено со колегите и ќе бидете почитувани и обожувани повеќе отколку што можете да посакате.Астролошки профил на родените во знакот лавЛавот е роден за успех. Тој никогаш не би прифатил пораз и ќе продолжи да се бори, додека не го победи секој предизвик кој ќе му се појави на патот. Кога ќе започне да работи на некој проект, лавот не само што ќе си ги оствари своите цели, туку и ќе ги надмине очекувањата на другите за него. Тој исто така, може да биде одличен шеф бидејќи неговиот стил на менаџирање е професорски и менторски. Лавот чувствува огромно задоволство кога гледа дека членовите на неговиот тим напредуваат во работата.rn
    rn

    Екстремно лојален кон најблиските

    rnВие сте многу лојална и предана личност и сте безусловно приврзани и посветени кон членовите на вашето семејство и пријателите и го очекувате истото од нивна страна. Кога лојалноста не ви е возвратена, се чувствувате повредени до дното на вашето срце. Тоа е така, бидејќи лавовите имаат многу големо его, кое им е секогаш на прво место во животот и тоа лесно може да биде рането. Ќе бидете во агонија поради предавството и непочитувањето кое сметате дека ви е дадено. Вие ќе се обидете да ја излекувате оваа рана, но доколку не пронајдете начин да се справите со вашата болка, таа може да ви претставува камен на кој ќе се сопнувате во текот на целиот ваш живот. Доколку такво нешто ви се случи, вие треба да свртите нов лист и да научите како максимално да го живеете животот кој ви е даден, како и да почнете да ги опростувате туѓите грешки. Морате да сфатите дека не секогаш светот се врти околу вас, бидејќи во спротивно, постојано ќе им се лутите и ќе им замерувате на луѓето во вашиот живот. На крајот на краиштата, секој заслужува втора шанса, нели!?rn
    rn

    Високи очекувања од пријателите

    rnНаучете да направите еден чекор назад и да ја преиспитате ситуацијата. Обидете се да погледнете кон светот со други очи. Можеби ќе откриете дека она што сте го интерпретирале како недостаток на лојалност од нечија страна, не е ништо друго освен фактот дека вашите преголеми очекувања од некое пријателство, не се совпаѓаат со дефиницијата за пријателство која таа личност ја има во својата глава. Можеби ќе сфатите дека не станувало збор за некакво непокажување почит, лојалност или доверба. Можеби е тешко да ги преиспитате вашите сопствени идеали и да ги погледнете од поинаков агол, но тоа е најдобриот начин да сфатите дека, не секоја личност може да одговори на толку високи стандарди какви што имате вие.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

    Како другите го доживуваат лавот?

    rnИ покрај тоа што можеби сте „кавгаџиски“ настроени во некои ситуации, повеќето луѓе сепак ве доживуваат како пријатна, дарежлива и љубезна личност. Вашите колеги очекуваат од вас да бидете лидери на работното место и честопати ќе се обраќаат кај вас за совет околу работата. Вашите деца (ќе) ве сметаат за топол, искрен, срдечен и забавен родител. Вашиот љубовен партнер ве доживува како интересна, егзотична и страсна личност. Вашите родители ќе се гордеат со она што нивното дете го постигнало во животот. Како што можете да забележите, вашиот хороскопски знак има многу комплексна природа. Ако научите како да го контролирате вашето его, убавите аспекти од вашиот карактер ќе излезат на површина и ќе го заземат централното место во вашиот живот.rn
    rn

    Креативност

    rnЕдна помалку позната карактерна особина на лавовите, е нагонот кој тие го чувствуваат за создавање нешто, без разлика дали станува збор за глумење во претстава, пишување роман или нешто друго. Лавовите не се луѓе, кои можат само да седат и фантазираат за работите, туку сакаат нивната креативност да ја инвестираат во нешто што ќе роди плод.rn
    rn

    Негативни особини на лавот

    rn

      rn011

    • Ароганција
    • rn

    rnЛавот знае понекогаш да ги премине границите на нормалното однесување и може буквално да смета дека тој, заедно со неговото семејство и пријателите го сочинуваат центарот на универзумот. Како и да е, лавот има многу големо срце, поради што луѓето во неговиот круг имаат тенденција да му „прогледаат низ прсти“, кога арогантноста ќе му дојде до израз.rn
    rn

      rn011

    • Ориентиран кон угледот
    • rn

    rnЛавовите сакаат да ги држат најдобрите нешта во свои раце. Сакаат да возат најубав автомобил, да живеат во најубава куќа, да се облекуваат во најмодерна облека, да ручаат во најелитните ресторани… Тие понекогаш премногу се внесуваат во светот на раскошот, што забораваат дека материјалните работи не се градители на нивната личност, туку она што го носат во душата. Ако забележите дека оваа потреба да се покажете и докажете пред светот со скапи работи ви се случува и вам, сопрете навреме и запомнете дека вашата искреност спрема себеси, е она што ќе ве направи уникатна личност, различна од сите останати во светот.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

      rn011

    • Темната страна на самобендисаноста
    • rn

    rnВашата потреба да бидете во центарот на вниманието, честопати доаѓа во пакет со една негативна страна. Понекогаш, кога ќе сфатите дека сите знаат дека вниманието е постојано свртено кон вас додека зборувате, вие почнувате да ги игнорирате проблемите на вашите пријатели и членовите на вашето семејство и го ставате фокусот на вашите лични драми. Кога тоа ќе се случи, обидете се да се повлечете малку. Една од вашите најголеми карактерни квалитети, е вашата дарежлива природа. Помешајте ја вашата дарежливост со обид да слушате малку повнимателно додека некој друг зборува и ќе оставите впечаток на многу мила и фина личност, достојна за почит.Астролошки профил на родените во знакот лавrn

    Лавот во љубовта

    rnКога припадниците на овој хороскопски знак се заљубени, нивните најголеми квалитети доаѓаат до израз. Ако ве сака некој лав, вие ќе бидете облеани со скапи подароци, ќе ве однесе на „најжешките“ места за ноќно лудување, а кога е во романтично расположение, ќе ви заѕвони на врата со букет цвеќиња и шампањско. Ако вашата дефиниција за љубов, е базирана на некој романтичен филм, лавот може да ви помогне да си го остварите тој ваш љубовен сон.Астролошки профил на родените во знакот лавЕве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите вашиот лав среќен:rnrnФалете го често. Кажете му/ù дека изгледа одлично или дека мириса фантастично и гледајте како задоволно ви се насмевнува.rnrnЖивејте го животот до максимум. Бидете расположени да експериментирате со нови места за состанок со вашиот лав и секогаш понесувајте си ги со вас неопходните работи и по можност пар пижами. Можеби ќе отидете на некоја „екскурзија“ во близина на вашиот град, или подалеку. Сè е можно со партнер во знакот лав.Астролошки профил на родените во знакот лавНемојте да го повредувате егото на лавот. На припадниците на овој хороскопски знак многу лесно можете да им ги повредите чувствата. Тоа не значи дека не треба да му/ù потенцирате кога ќе ја преминат вашата линија на толеранција, но бидете внимателни како се изразувате, ако не сакате да провоцирате кавга.rn
    rn

      rn011

    • Лавот најмногу си одговара со: вага, стрелец, овен, близнаци.
    • rn011

    • Животно мото: „Ако ти сметам – тужи ме!“ или „Никогаш не следи ја толпата“.
    • rn011

    • Најдобри професии за лав: актери во филм или драма, стенд-ап комедијанти, спортисти, брокери, менаџери, професори, спортски тренери, рудари, пожарникари, организатори на настани, уметници, советници, адвокати, политичари, агенти во односите со јавноста, модни дизајнери, танцувачи.
    • rn


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Рак и лав – љубовна комбинација

    Рак и лав – љубовна комбинација

    Кога рак и лав се во љубовна врска, тие знаат како да ги задоволат основните емоционални потреби на својот партнер. Секој од нив очекува посветеност, нежност, љубов и грижа од страна на другиот, но додека ракот е во потрага по стабилност и емоционална хармонија, лавот тежнее да му бидат давани комплименти од срце и со искрено восхитување. Двајцата партнери се многу лојални, дури и посесивни еден спрема друг, ракот за да се чувствува безбедно, а лавот за да ја „нахрани“ неговата самодоверба. Тие обострано се залагаат за истрајна и длабока поврзаност. Бидејќи нивните желби имаат многу слична природа, ракот и лавот можат да си пополнат многу важни „празнини“ во нивните животи.Рак и лав - љубовна комбинацијаЛавот и ракот преферираат удобен и стабилен живот. Сакаат да имаат убав, пријатен дом и блиски односи помеѓу членовите од нивното семејство. Лавот внесува имагинација и страст во нивниот дом, а ракот емотивна нота и нежност. Посилната половина во врската е лавот, кој претставува олицетворение на величественост и висок статус. Двајцата партнери се смели, силни и решителни, но мораат секогаш да бидат внимателни еден кон друг и меѓусебно да си ги прифатат и разберат карактерните разлики.rnrnСо ракот управува Месечината, која во него внесува емотивност, длабочина и страст, додека со лавот управува Сонцето, кое во него внесува живост, енергичност и самобендисаност. Лавот поради ваквото влијание од Сонцето, е „топла“, ведра, енергична и ентузијастички настроена личност. Ракот пак, под влијание на Месечината, е нежна личност, која се грижи за другите луѓе и создава и одржува длабоки емоционални врски со нив. Ова е комбинација од мажествена и женствена енергија. Сонцето го симболизира животот, а Месечината негата и напредокот. Сè додека овие двајца партнери се обѕирни во поглед на нивните различни потреби, нивната врска ќе биде одлична.rnrnДвајцата партнери сакаат да бидат победници во секоја игра, но имаат многу различна улога како лидери. Поради оваа разлика, помеѓу ракот и лавот можат да настанат расправии. Доколку тие никогаш не ја земаат нивната врска здраво за готово и ја зацврстуваат со практични и романтични постапки, таа ќе биде значајна за секој од нив и ќе успеат да го пронајдат нивниот заеднички „медиум за комуникација“.rnrnКога се под стрес, лавот станува тврдоглав, а ракот може да почне да се служи со манипулација на емоционална база. Ракот е секогаш во улога на упорен иницијатор за заеднички планови, а лавот ја канализира нивната заедничка енергија, борбено работејќи за нивна реализација. Ако му е даден избор, ракот ќе одбере стабилност и домашен мир, притоа не очекувајќи некаков гламурозен живот или признанија за успех. Од друга страна, лавот сака да ги „растресува“ работите во неговиот живот, трагајќи по необичното и неочекуваното.rnrnИ покрај тоа што овие двајца партнери можат емотивно да се посветат на нивната врска, сепак паралелно секој може успешно да си ги следи своите цели, водејќи се според сопствениот инстинкт. Доколку пак, ракот и лавот не се доволно искрени во поглед на нивните намери во врската, тие може да отидат на едно емоционално возење со ролеркостер, кое ќе нема крај. Ракот со неговото криење зад „невината обвивка“, може да биде тивкиот контролор на оваа врска, а во одреден степен може да почне и да манипулира со неговиот љубен лав, секогаш кога тој чекор ќе му изгледа доволно практичен.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и лав е нивната обострана посветеност и искреност во врската. Заеднички, овој пар може да внесе поддржувачка, позитивна и здрава вибрација во нивниот однос. Луѓето ги доживуваат како совршен пар, а нивната заедничка потреба за стабилна врска полна со љубов, ги тера да се борат за хармонија и среќа.

  • Близнаци и лав – љубовна комбинација

    Близнаци и лав – љубовна комбинација

    Љубовната врска помеѓу лав и близнаци е ведра, позитивна, активна и изобилува со младешка енергија. Близнакот е во вечна потрага по ментална стимулација, па поради тоа многу го привлекува креативната, драматична природа на лавот. Но, помеѓу овие двајца партнери може да настанат и проблеми. Тоа може да се случи, доколку лавот ја сфати премногу сериозно комуникативната, флертувачка природа на близнакот или доколку близнакот смета дека лавот се обидува да заземе целосна контрола врз нивната врска. И покрај тоа што нивните погледи кон животот се различни, во смисла близнакот сака да ги анализира сите детали од еден интелектуален разговор, а лавот попрво не би разговарал на темата и би се впуштил во кавга – овие два знака сепак добро си одговараат.Близнаци и лав – љубовна комбинацијаИ лавот и близнакот се многу енергични знаци. Лавот обожава да биде координатор на проекти, додека близнакот сака да ја има слободата да размислува што е можно побрзо и подлабоко. Директниот и решителен лав, може да му помогне на близнакот побрзо да донесува одлуки, доколку тој почне да се колеба, поради неговата способност да ги гледа сите опции кои му стојат на патот. Но, лавот мора да внимава да не звучи премногу шефовски, бидејќи на таквото однесување, близнакот нема да реагира добро.rnrnЛавот е предводен од Сонцето (его), а близнаците од планетата Меркур (комуникативност). Двата знака се доста отворени луѓе, желни за разговор, како резултат на нивните слични планетарни влијанија во нивниот хороскопски знак. Но, тие имаат различен начин на самоизразување, поради што може да имаат „жешки“ дебати. На близнакот ваквите дискусии може да му бидат забавни и ментално стимулирачки, но лавот има тенденција да ги сфаќа премногу сериозно, поради што неговите чувства може да бидат многу повредени.rnrnБлизнакот како воздушен знак и лавот како огнен знак, си одговараат многу добро. На близнакот му е многу лесно да излезе на крај со енергичноста и креативноста која ја има лавот. И покрај тоа што, лавот има тенденција да биде премногу драматичен  и демонстративен и сака да „им соли памет“ на луѓето, близнакот секогаш успева да ја разбере пораката која што тој се обидува да ја испрати. Најслатката работа во нивната врска, е тоа што овие двајца партнери може да бидат во текот на цел ден, активни, зафатени со некоја работа, но навечер кога ќе се видат, со задоволство ќе си раскажат сè што им се случувало додека не биле заедно.rnrnЛавот е тврдоглав и одлучен лидер, а понекогаш е и премногу крут, кога се обидува да промени некоја своја идеја или правец во животот. Кога лавот еднаш ќе се реши на некој чекор, тој некако умее да си ја визуелизира целата работа до крај. Близнаците, од друга страна, се екстремно флексибилни луѓе. Нив лесно им досадува, па поради тоа и му дозволуваат на лавот да управува со своите планови, онака како што тој смета дека треба, без разлика на тоа дали тие мислат дека таквиот план е изводлив или не. Близнакот сака единствено да си биде лидер на сопствените мисли. Нему му е сосема во ред да заземе подредена положба во врската и да си биде среќен со мислите кои „стрјуат“ низ неговата глава, додека неговиот лав е во центарот на вниманието.rnrnНајдобриот аспект од љубовната врска помеѓу лав и близнаци, е младешкиот поглед кон животот кој го имаат овие два знака. Овој пар, може да биде многу успешен, како резултат на оптимизмот и отворената природа на овие двајца партнери.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.