КАФЕ ПАУЗА

Category: Лав

  • Бик и лав – љубовна комбинација

    Бик и лав – љубовна комбинација

    Кога бик и лав започнуваат љубовна врска, тие можат да бидат одличен пар, бидејќи секој од партнерите знае како да го „нахрани“ егото на другиот. Тие имаат слични интереси: бикот сака да добива многу внимание, да се чувствува љубено и почитувано, а лавот сака да добива комплименти, да биде обожуван и да му се восхитуваат. Бикот и лавот се екстремно лојални и посесивни љубовни партнери. Бидејќи имаат толку многу заеднички работи, овие два знака, генерално можат да ги задоволат потребите на другиот партнер.Бик и лав – љубовна комбинацијаДвата знака сакаат да имаат добар општествен статус, да поседуваат скапи работи и да живеат комфорно и луксузно. Лавот е многу самобендисан и очекува од партнерот често да добива  комплименти и подароци. Таквиот негов карактер пак, воопшто не му пречи на бикот, бидејќи тој обожува да ги применува традиционалните форми на додворување врз својот партнер. И покрај тоа што оваа врска може да функционира одлично, во неа не секогаш „цутат рози“, бидејќи и двата знака се многу тврдоглави и мораат да научат да зборуваат на заеднички јазик и меѓусебно да си ги прифатат недостатоците.rnrnБикот е предводен од Венера (планетата на љубовта и парите), а лавот од Сонцето (его). Сонцето зрачи со топлина и светлина, па и лавот блеска со таква енергија и ентузијазам. Венера се однесува на љубовта, убавината и луксузот. Оваа комбинација од женствена и мажествена енергија им овозможува на овие партнери да си се восхитуваат еден на друг и да си даваат морална поддршка. Сонцето го симболизира животот, а Венера ја отсликува романтичната љубов. Сè додека овие партнери се доволно внимателни еден кон друг и имаат меѓусебно разбирање, нивната врска ќе биде позитивна.rnrnБикот и лавот се амбициозни знаци, но на различен начин. Лавот тежнее да биде славен и богат, а бикот настојува да си обезбеди сигурен и стабилен финансиски и љубовен живот. Бидејќи секој од нив сака да биде „шефот во врската“, тие најверојатно ќе се борат за тоа кој да биде доминантен, освен доколку го прифатат фактот дека тоа ќе постане секојдневна пракса во нивната врска. Во текот на расправиите, бикот мрази да признава дека тоа што го зборува ја изгубило поентата на муабетот, бидејќи според него, тоа значи прифаќање дека неговиот партнер е доминантен. Нивните „битки“ имаат тенденција да бидат жестоки и спектакуларни, но сè додека секој од нив е сигурен дека нивниот партнер ја вреднува врската која ја имаат, тие ќе можат да се справат со проблемите.rnrnМногу е тешко да премислите личности родени во хороскопските знаци бик и лав. Кога еднаш ќе го „наместат умот“ по некое прашање, тешко дека нешто може да ги натера да размислуваат поинаку. Нивната тврдоглавост е причината зошто караниците помеѓу нив знаат да постанат толку напнати. Секој од нив длабоко е уверен дека е во право и дека нивниот начин на гледање на работите е и единствен. Друга заедничка особина кај овие партнери е нивната одбивност кон правење промени. Тие сакаат еднаш да ги средат работите и да ги остават да функционираат така до бесконечноста и назад, дури и ако има шанса да бидат подобрени.rnrnИстото важи и на љубовен план. Доколку бикот и лавот решат дека сакаат нивната врска да успее, речиси ништо на светот нема да може да ги разубеди да го остават нивниот партнер. Оваа нивна особина е поволна во однос на стабилноста на нивната љубов, но може да се претвори во негативна, ако нивната врска постане деструктивна и премногу ограничувачка.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација бик-лав е нивното обострано почитување, восхитување и обожување. Двата знака располагаат со многу моќен карактер, така што ниеден од нив нема да може да доминира над другиот, без разлика колку и да се обидуваат. Другите луѓе ги доживуваат како одличен пар, во кој партнерите се посветени кон реализација на нивните заеднички цели.

  • Овен и лав – љубовна комбинација

    Овен и лав – љубовна комбинација

    Кога овен и лав се во љубовна врска, „летаат искри“. Двата знака се страсни, динамични, со здрав спортски дух и компетитивен карактер. Во оваа љубовна врска има многу акција. Двајцата партнери сакаат да се однесуваат шефовски во врската и можат да настанат конфликти кога нивните еднакво големи егоа ќе застанат на патот. Овенот и лавот меѓусебно искрено се почитуваат и обожаваат, но тие мора да научат да престанат да командуваат и да издаваат наредби, дури и во ситуациите кога треба да изберат филм во дивидитека. Ова партнерство е комплетно базирано на жестока страст, доминација и натпревар помеѓу партнерите кој да биде на врвот и кога.Овен и лав – љубовна комбинацијаДвата знака знаат да бидат нетрпеливи и горди. Лавот сака да биде обожаван, да биде во центарот на вниманието и неговото его да биде негувано, услуги кои овенот, на кој лесно му досадува, може нема да сака да ги прави. На овенот исто така, може да му здодее од флертувачката природа на лавот, но нивната врска во секој случај е многу возбудлива.rnrnНаспроти нивните разлики, овенот најчесто го доживува лавот како негов водич или советник. Лавот е кралот на животните, а овенот може да биде кроткото јагне. Исто како во митот „Лавот и јагнето“, сите разлики помеѓу овие два знака може да бидат надминати.rnrnОвенот е предводен од планетата Марс (страст), а лавот од сонцето (его). Двајцата партнери се енергични и силни личности, кои можат меѓусебно да се разберат бидејќи имаат сличен темперамент. Лавот е егоистичен, а овенот е агресивно енергичен. Токму поради овие нивни карактеристики, партнерите заеднички креираат еден високо компатибилен и моќен тим.rnrnОвенот и лавот се огнени знаци, поради што оваа врска има тенденција да биде многу „вжештена“ и страсна. Кога им е добро, им е супер, но кога им е лошо, сè се сведува на бучни кавги и повредени егоа. Во љубовните врски составени од партнери со хороскопски знаци овен и лав, секогаш постои борба помеѓу партнерите кој да биде шефот во врската, кој ќе ги диктира условите. Бидејќи во основата на љубовта не треба да лежи борбата за моќ. Натпреварувачкиот дух помеѓу нив, може да претставува голем проблем.rnrnДвата знака располагаат со неограничено количество енергија, па не е ни чудно што секогаш се некаде во акција. И покрај тоа што тие можеби честопати нема да се согласуваат за многу работи, нивните разлики во размислувањето не траат долго. Тоа е така бидејќи овенот е премногу зафатен да држи лутина (го чекаат нови предизвици на патот). Лавот пак, мора да запамети дека не треба да биде гневен и огорчен, во моментите кога смета дека неговиот љубен овен не му покажува доволно респект, бидејќи тој го почитува многу повеќе отколку што тој мисли.rnrnОвенот му помага на лавот да верува повеќе во себе, да презема иницијативи и да ги искористува шансите кои животот му ги дава. Од своја страна, лавот може да го научи овенот да се стабилизира и да ги остварува неговите планови еден по еден.rnrnОвенот понекогаш може да ги повредува чувствата на лавот, со изговарање зборови кои болат, без претходно да ги обмисли. Од друга страна, овенот може да го иритира шефовската природа на лавот и неговото честопати намуртено лице.rnrnБез разлика на нивните „жешки“ темпераменти, овенот и лавот доволно се сакаат, се грижат еден за друг и се меѓусебно лојални партнери, кои ако се потрудат повеќе, можат да сфатат дека не мора да постои шеф во нивната врска. Кога ќе ја научат оваа лекција, нивната љубов ќе биде возбудлива и блажена.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација овен-лав, е нивното обострано обожавање. Со иницијативноста на овенот да ги прифаќа предизвиците и послушноста на лавот да ги следи неговите идеи, тие ја држат во нивните раце главната алка за успешно љубовно партнерство. Нивната енергија и страст, ја прават оваа врска екстремно динамична.

  • Риби и лав – љубовна комбинација

    Риби и лав – љубовна комбинација

    Во љубовната врска помеѓу риби и лав, двајцата уживаат во поинаквата перспектива што ја има нивниот партнер кон животот генерално. Лавот е силен и самоуверен знак, кој секогаш чувствува слобода да го прави она што го сака и ја има заповедничката улога во своето опкружување. Рибите пак се потивки, резервирани интроспективни. Во главно овие два знака се тотално спротивни, но она што е заедничко за двајцата е тоа што се „сонувачи во душа“. Кога помеѓу нив постои љубов, тие умеат меѓусебно да ги пополнат „празнините“ на својот партнер и да оформат нежна љубовна врска, во која двајцата можат да бидат вистински среќни.Риби и лав – љубовна комбинацијаЛавот е лидер во душа и кога тој е во врска со риба, најчесто постанува заштитник на неговиот понежен партнер. Рибата за возврат, му ја дава целосната поддршка која му е потребна за остварување на неговите амбиции и секогаш ги поддржува неговите „перформанси“ во социјалните збиднувања, односно таа е неговата „верна публика“, која му е толку потребна на лавот.rnrnРибата е многу флексибилна личност, која умее да се прилагоди на речиси секоја ситуација. Таа има тенденција комплетно да се предаде на својот љубовен партнер. Нејзиното добро срце и овозможува да го запознае лавот на начин, на кој повеќето други хороскопски знаци не умеат. Рибата со нејзината трпеливост и попустливост умее да ги „убие“ дрскоста, наметливоста и вообразеноста на лавот, кои му доаѓаат до израз кога тој е сингл. Лавот воопшто не е срамежлив кога не е во врска, за разлика од рибата која кога е сама, најчесто е прилично повлечена.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, а рибите од Јупитер и Нептун. Сонцето внесува живот, свежина, топлина и самодоверба во лавот. Нептун се однесува на идеите, илузиите и гледањето на работите од пошироката перспектива, но и на неисполнетите соништа и нереалните фантазии на рибите. Лавот може да и помогне на рибата да ги претвори нејзините илузии во реалност. Нептун и овозможува на рибата да ја „омекне“ крутоста и насоченоста кон сам себе на лавот, притоа канализирајќи ја неговата енергија кон покреативни и плодотворни нешта.rnrnЛавот и рибата можат да бидат многу среќни и успешни заедно, доколку успеат да ги сфатат потребите на својот партнер, преку анализа на неговите емоции и преку заедничка работа на креативни проекти, кои би ги работеле со душа.rnrnРибата може да му помогне на лавот да стане поскромен и да ги зема во предвид потребите и на другите луѓе, додека лавот пак може да ја научи рибата да се релаксира малце, да излезе во надворешниот свет и да се бори за она што и припаѓа.rnrnКонфликт помеѓу овие двајца партнери може да настане ако рибата стане премногу емотивна, со што би го „убила“ ентузијазмот на лавот. Во таквите ситуации на лавот може да му дојде „преку глава“ и ги повреди чувствата на рибата. Овие партнери мораат ефективно да комуницираат, за да го обезбедат потребниот баланс во нивната врска.rnrnРибата не се чувствува убаво во улога на „шеф во врската“. Нејзина најголема сатисфакција преставува подобрување на целиот универзум, притоа почнувајќи од подобрување на животот на нејзиниот партнер. Лавот, од друга страна, често има некоја идеја на ум за тоа какви промени од помал размер би можело да се направат во нивната врска.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација риби – лав е отвореноста на партнерите кон учење нови нешта од својот љубен/а. Рибата му покажува на лавот како да биде погрижлив и чувствителен, а тој ја учи како да ги претвори нејзините соништа во реалност, преку делување а не со фантазирање. Нивните спротивставени карактери им овозможуваат меѓусебно да си ги надополнуваат недостатоците на својот партнер, на начин на кој и двајцата се задоволни, исполнети и среќни.

  • Водолија и лав – љубовна комбинација

    Водолија и лав – љубовна комбинација

    Кога овие два знака се во љубовна врска, спојот од способноста на водолијата за предвидување на идните ситуации и креативноста на лавот, предизвикува тие да бидат забележани од надворешниот свет. Ова љубовно партнерство е енергично и незапирливо, а понекогаш помеѓу двата знака може да се јави натпреварувачки дух, што за нив претставува уште еден начин на забава.Водолија и лав - љубовна комбинацијаОвие два знака имаат тенденција да размислуваат премногу идеалистички и за секоја работа им е неопходна мотивација за да можат со задоволство и успех да ја завршат. Водолијата и лавот сакаат необични, несекојдневни работи и возбудливи, авантуристички ситуации, па одвреме–навреме многу е возможно да го претвораат нивниот живот во една бескрајна партија „Вистина или предизвик?“.rnrnПовеќето љубовни врски составени од партнери со хороскопски знаци лав и водолија се успешни, благодарение на нивната меѓусебната почит, која никогаш не згаснува. Лавот се восхитува на индивидуалноста, визијата и креативноста која ја поседува водолијата. Водолијата пак, се воодушевува на ентузијазмот, шармот и гордоста, кои се својствени за лавот. Водолијата секогаш има некоја нова идеја на ум, но честопати не е доволно поттикната да ја претвори во реалност, како што тоа го може лавот.rnrnДвата знака се гордеат со нивната независност во врската, но проблеми можат да настанат ако лавот почне премногу да бара и очекува од својот партнер или доколку водолијата стане премногу резервирана и повлечена. Лавот може да биде премногу драматичен според „вкусот“ на водолијата, но од друга страна водолијата може да биде премногу нестабилна и несигурна според лавот.rnrnОвие партнери треба да ги почитуваат нивните различни перспективи. Ако тие ја вреднуваат нивната врска и умеат добро да комуницираат во насока на нивна обострана среќа, сè ќе биде во ред.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а водолијата од Сатурн и Уран. Уран во водолијата внесува креативност, добра визија и способност за смислување нови идеи. Лавот со влијанието од Сонцето внесува енергија во нивните планови, со која тој ги реализира нивните заеднички идеи. Влијанието на Сатурн пак, овозможува целиот тој процес да се реализира до крај, кога инспирацијата на Уран ќе згасне и енергијата на Сонцето ќе се пренасочи кон нешто ново. Водолијата не само што може да „држи чекор“ со енергичниот лав, туку може и да додаде посебна креативна нота во нивната врска. Заедно, овие два знака можат да достигнат „големи височини“.rnrnИнтелектот кој го има водолијата, ја поттикнува амбициозноста на лавот и неговата подготвеност да ги спроведе нејзините идеи во акција. Водолијата делува многу стимулирачки за лавот.rnrnДвата знака имаат интереси од многу различни области. Поради желбата на лавот да биде оригинален, тој со задоволство ужива во процесот на претворање на уникатните идеи кои ги смислува повлечената водолија.rnrnЛавот и дава на водолијата храброст да презема иницијатива за она што сака да го постигне, наместо само да седи на своето работно место и да смислува некоја нова идеја. Оригиналноста и уникатната визија со која располага водолијата, може навистина да го импресионира лавот.rnrnПартнерите во оваа љубовна врска се многу лојални и посветени еден на друг. Кога тие ќе сфатат дека не мора постојано да чувствуваат одговорност за завршување на некои обврски, ќе успеат да остварат сè што ќе замислат, комбинирајќи ги нивните заеднички сили.rnrnНајдобриот аспект од љубовното гнездо водолија-лав  е способноста на партнерите да создадат „магија“ во нивната врска. Тие знаат како да смислат идеја, да направат план како да ја спроведат во акција и да го започнат процесот на реализација кој води до успех. Нивниот „рецепт за успех“, го прави овој пар визионерски, практичен и уникатен.

  • Јарец и лав – љубовна комбинација

    Јарец и лав – љубовна комбинација

    Љубовната унија сочинета од луѓе со хороскопски знаци јарец и лав, е базирана на голема обострана поддршка. Љубовните партнери се екстремно приврзани, посветени и верни еден на друг. Јарецот е конзервативен, ужива да работи од утро до мрак и има прилично традиционални сфаќања, а лавот е исто така вреден знак но, има тенденција да ги добива работите што ги сака со помош на неговата дружељубивост и шармантност.Јарец и лав – љубовна комбинацијаИако јарецот и лавот не изгледаат како убав пар на прв впечаток, нивната љубов ќе почне многу бргу да расте, со откривањето на нивните заеднички интереси и сличности во карактерите. Овој пар преферира удобен и разгален начин на живот, а воедно ужива и во напорната работа која води кон остварување на нивните цели. Лавот и јарецот наоѓаат големо задоволство во материјалните работи, а во социјалните збиднувања сакаат да бидат во центарот на вниманието.rnrnЛавот знае да биде скандалозен во јавност, додека јарецот е покласичен и има поедноставна природа. И двата знака се многу решителни и упорни, така што ако посветат малку поголемо внимание на врската, тие ќе делат слично размислување. После кратко време поминато заедно, овие партнери ќе сфатат дека можат многу да научат еден од друг. Лавот може да го научи јарецот како добро да се забавува, а јарецот може да му ги покаже на лавот традиционалните вредности и да му го долови значењето и вредноста на трудољубивоста, упорноста и истрајноста како карактерни особини.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а јарецот од Сатурн. Сонцето симболизира живот, енергичност, ентузијазам, топлина и егоистичност. Сатурн симболизира упорност, трудољубивост и издржливост. Овие два знака можат да научат многу работи од нивните разлики. Сè додека се длабоко приврзани еден со друг, нивната врска ќе биде успешна и ќе води кон многу комплетирани заеднички проекти.rnrnЛавот сака креативна слобода, додека јарецот сака професионална безбедност. Токму комбинацијата од овие нивни интереси, ја прави оваа врска урамнотежена. Тие ќе уживаат во поминатото време заедно, но ќе си двојат и доволно простор да ги следат нивните лични интереси. Сè додека лавот и јарецот постојано си даваат еден на друг значење и вредност, евентуалните конфликти помеѓу нив, нема да бидат штетни по врската.rnrnИ двата знака се тврдоглави, вообразени, самоуверени и амбициозни и никогаш не се откажуваат пред да ја остварат својата замислена цел. Јарецот преферира стабилен и мирен живот, подреден според сопствени правила. Лавот сака луди проводи и непредвидливи ситуации. Кога еднаш ќе констатираат дека се добар пар, кој може да успее, лавот и јарецот нема никогаш да ја заборават вредноста која ја има нивната врска и заеднички ќе се посветат кон одржување на истата.rnrnНајдобриот аспект од комбинацијата лав-јарец е нивната одговорност за навремено извршување на работните обврски, поради упорноста, издржливоста и непоколебливоста, како карактерни особини кои се заеднички за нив двајца. Можеби на луѓето од страна ќе им биде чудно како воопшто се случило лавот и јарецот да станат пар, но во суштина не е така како што изгледа; тие се пример за изразот „спротивностите се привлекуваат“.  Овие два знака убаво се чувствуваат кога се заедно и тоа ги одржува да се посакуваат уште повеќе.

  • Стрелец и лав – љубовна комбинација

    Стрелец и лав – љубовна комбинација

    Врската помеѓу лав и стрелец е многу страсна како резултат на нивните екстремно динамични карактери. Овие два знака се полни со живот, уживаат во секој момент од него и се многу интересни за луѓето кои се во нивна близина. Секој од партнерите го охрабрува другиот секогаш да цели кон високи достигнувања. Тие меѓусебно се обожаваат и почитуваат. Комбинацијата од нивните карактери создава искрена, харизматична и шармантна атмосфера, поради што останатите луѓе уживаат да бидат во друштво на овој пар кој ја шири таа енергија.Стрелец и лав – љубовна комбинацијаДвата знака знаат да бидат прилично нетрпеливи, а лавот може да го иритира флертувачката тенденција на стрелецот, но во ниеден момент нивната врска не е досадна. Стрелецот животот го гледа како еден учебник кој мора да го научи, додека лавот се обидува секогаш да ја задржи својата грациозност и се стреми кон стекнување богатство.rnrnДвата знака се екстремно друштвени луѓе, со тоа што на лавот му е крајно важно да се чувствува дека има контрола врз секој разговор. Во оваа врска лавот е лидер кој ги држи работите под контрола, а стрелецот полека ги анализира плановите за остварување на неговите цели. Стрелецот и лавот најчесто се почитувани од страна на другите луѓе, но многу е битно тие да запомнат дека треба и меѓусебно да се однесуваат со голема почит.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а стрелецот од Јупитер. Сонцето во лавот ја симболизира неговата гордост, его и сопственото „јас“, додека Јупитер во стрелецот, ја означува потребата за постојан развој на неговата личност и учење нови работи. Тие се фокусираат на нивните животи и се обидуваат да ја пронајдат нивната местоположба во светот, а понекогаш и се преоптоваруваат со ваквите размислувања. Кај двата знака циркулира силна, мажествена енергија и тие создаваат еден одличен пар, бидејќи меѓусебно се разбираат, токму поради нивните слични карактери.rnrnСтрелецот и лавот се огнени значи, што значи дека и двајцата се многу страсни и треба да внимаваат нивните глави да не се „вжештат“ премногу. Стрелецот може да го „гуши“ лавот со длабоката поддршка и разбирање, кои тој му ги нуди, а на лавот не му се потребни. Од друга страна, лавот може минимално да се прилагодува на веселото однесување на шармантниот стрелец во социјалните збиднувања. Стрелецот може да се умори од површната самобендисаност и муртењето на лавот, но разликата во нивното размислување нема да трае долго, бидејќи тие не сакаат да си го губат своето време. Стрелецот ќе тргне во потрага кон освојување нова цел, а оптимистичниот лав ќе организира кафе со неговите пријатели кои знае дека го обожаваат и нивната ситна кавга набргу ќе стане минато завршено време. Во секој случај, двајцата партнери се лојални, приврзани и посветени на врската и убавината на унијата која тие ја создаваат. Ова ги победува ситните препреки помеѓу нив.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е волјата на партнерите да функционираат како тим и прекрасната конекција која тие ја манифестираат секогаш кога ги гледаат работите низ иста призма. Тие меѓусебно си ги надополнуваат нивните карактери и обрнуваат особено внимание на нивниот развој, на лично и на професионално ниво. Стрелецот и лавот ја знаат нивната улога во врската. Нивните слични енергии и експлозивната страст, постојано ја зачинуваат оваа врска со нови разновидни искуства.

  • Скорпија и лав – љубовна комбинација

    Скорпија и лав – љубовна комбинација

    Кога скорпија и лав стапуваат во љубовна врска, резултатот е најчесто многу динамична и енергична унија. Секој од нив е добро запознаен со потребите на својот партнер. Во тој контекст, скорпијата бара да биде почитувана и посакувана, додека лавот сака да биде обожаван и постојано да му се делат комплименти. Двата партнери се екстремно лојални, па дури и посесивни еден кон друг. Тие се способни да му го пружат на партнерот она што тој го бара и на тој начин меѓусебно си ја хранат самодовербата.Скорпија и лав – љубовна комбинацијаЛавот наоѓа задоволство во материјалниот свет. Тој ужива во комфорот и луксузот, па не е изненадувачки да го видите како троши пари на сè и сешто, живеејќи го животот од „висока нога“. Лавот понекогаш знае да биде самобендисан и надмен, а скорпијата ќе го цени тоа и без проблем ќе се согласи да биде „публиката“ која тој ја очекува, сè додека постои еднаквост во нивната врска. Во оваа врска лавот може да се опише со именките раскош, луксуз и сјај, манифестирани во човечки облик. Скорпијата се трга настрана од „сценското светло“ и публицитетот, но таа сака да ги контролира жичките од позадина. Бидејќи и двата знака по природа се многу решителни и дефинирани личности, тие ќе мораат повеќе да поработат на нивната врска, со цел меѓусебно да се разберат и прифатат.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, а скорпијата од Марс и Плутон. Сонцето е симбол на егото и „сопственото јас“, а зрачи со топлина и светлина. Лавот емитира одредена жар, елан и ентузијазам, со кои ги освојува луѓето околу себе. Од друга страна, планетата Марс ја симболизира војната, дрскоста и освојувањето битки, додека влијанието на Плутон ѝ дава способност на скорпијата да води внатрешен дијалог сама со себе. Плутон влијае и врз создавањето на мислите во мозокот на скорпијата насочени кон регенерација и преродба. Во оваа љубовна комбинација преовладува мажествена енергија, која им помага на скорпијата и лавот да ги смират нивните конфликти и да си помагаат еден на друг.rnrnЛавот е симбол на животот, а скорпијата на амбициозноста и потсвеста. Доколку овие партнери си дадат време вистински да се запознаат на подлабоко ниво, нивната врска ќе биде многу позитивна и ќе ветува многу. Лавот од своите врски очекува слобода, која ќе му овозможува често да се дружи и меша меѓу луѓе. Карактерот на скорпијата пак се менува како боите на камелеонот, во зависност од конкретната ситуација. Двата знака сакаат да бидат лидери, но на различен начин, па тоа понекогаш може да ги „разгори“ страстите во оваа вообичаено стабилна и пријатна љубовна врска.rnrnНа моменти нивната врска може да не биде хармонична, а како резултат на тоа и двајцата се способни да се откажат еден од друг. Како и да е, партнерите ќе успеат да сфатат дека расправиите ги оттргнуваат нивните умови од нивниот најголем приоритет – да бидат заедно, сè додека ја тргаат нивната гордост на страна. И лавот и скорпијата имаат тенденција да бидат непопустливи, самоуверени и отпорни на промени. Но, затоа пак кога заеднички работат на некој проект, тие можат да бидат многу доследни, постојани и истрајни. Ако имаат план, тие ќе се држат до него, додека не го добијат тоа што го сакаат. Но, доколку дојде до разидување на нивните ставови, нивниот разговор ќе постане една бескрајна борба. Скорпијата нема да попушти, бидејќи според неа тоа би значело покажување слабост. Притоа лавот ќе мисли дека скорпијата сака секогаш правдата да биде на нејзина страна.rnrnДоколку успеат да ја погледнат „поголемата слика“ и сфатат дека се на истата страна на работите, ќе биде многу полесно за нив да бидат продуктивни на секое поле. Најдобриот аспект од оваа енергично љубовно партнерство е моќта која ја поседуваат овие партнери и нивните стратегиски различни карактери. Другите луѓе ги доживуваат како силен пар, а нивната посветеност во исполнувањето на нивните желби, ја прави оваа врска стабилна и издржлива.rnrn

  • Вага и лав – љубовна комбинација

    Вага и лав – љубовна комбинација

    Кога вага и лав стапуваат во љубовна врска, тие формираат прекрасна целина базирана на согласност, разбирање и емотивна поврзаност. Бесконечната енергија на лавот во комбинација со природното чувство за хармонија на вагата, ѝ дава баланс на оваа љубовна врска. Вагата и лавот имаат доста заеднички карактеристики. Знаат да бидат прилично ексцентрични, наспроти нивната воздржаност. Директни се во искажување на своите чувства, но истовремено сакаат мир во односите со другите луѓе.rn

    Вага-лав - љубовна комбинација

    rnВагата со својот шарм и добри манири, умее да го скроти и контролира темпераментниот, категоричен и зајадлив лав. Но за разлика од вагата, лавот е многу поодлучен. Тој не само што брзо смислува планови и решенија, туку и веднаш трга во акција да ги реализира. Таа негова карактеристика внесува спонтаност и функционалност во нивната врска.rnrnЛавот е предводен од Сонцето, кое симболизира силна машка енергија и решителност, а вагата е управувана од планетата Венера, која внесува женственост и нежност во овој знак. Вагата ужива во убавината на романтичните мигови, а лавот бара свежина во животот, која несебично ја шири на луѓето околу него. Оваа врска е судир на две спротивставени енергии, кои ја создаваат основата на љубовта – топлина и страст. Вагата умее да преговара со жестокиот и импулсивен лав, што овозможува овие два знака да оформат и успешен заеднички бизнис. Обата знака се вредни луѓе посветени на својата работа, па ако се случи да работат на исто место, нема да имаат проблем да ги завршуваат сите обврски на време.rnrnВагата и лавот умеат да се сретнат на половина пат, а кога се согласни, се неизмерно среќни заедно, но тие мораат да бидат обѕирни за чувствата и желбите на другиот. Во таа смисла, ориентираноста на лавот кон акција, може да дојде во судир со пасивната вага, чие однесување е базирано на моменталното расположение. Овие знаци имаат различни интереси, а лавот тежнее да биде меѓу луѓе, за да има да ѝ раскажува одлични приказни на неговата резервирана вага. Издржливиот лав, ѝ „погледнува низ прсти“ на манипулативната вага и нејзините моментални каприци. Овој пар мора да поработи на „измазнување на нерамнините“ во врската, со цел и двајцата да си ги остварат своите индивидуални соништа.rnrnЛавот е лидерот во врската како резултат на неговата голема енергичност и моќ за убедување, додека вагата тивко ќе го преземе кормилото во свои раце од интелектуална перспектива. Лавот сака да издава наредби бидејќи сака да биде авторитетен, додека вагата на посуптилен начин умее да го сврти на нејзина страна. Таа е среќна кога ќе успее да го намали огромното его на лавот. Многу е важно лавот да ја разбере важноста на пожртвуваноста во врската. Вагата умее да ги види двете страни на расправијата и лесно постигнува компромис, додека на темпераментниот лав му е потребно повеќе време пред да попушти.rnrnВо оваа врска двата партнера можат да научат многу еден од друг за балансот помеѓу себичноста и дарежливоста. Секој од нив го надополнува она што другиот го нема, што ги прави вагата и лавот многу компатибилен знак.