rn

rn
rn

rn
rnrnrnУште две вакви ремек дела ќе најдете на официјалниот веб-сајт на авторот: simonchristen.com, додека љубителите на добрата фотографија можеби ќе сакаат да го ѕирнат и неговиот профил на Фликр.

rn

rn
rn

rn
rnrnrnУште две вакви ремек дела ќе најдете на официјалниот веб-сајт на авторот: simonchristen.com, додека љубителите на добрата фотографија можеби ќе сакаат да го ѕирнат и неговиот профил на Фликр.

Што мислите за автомобил брендиран од „Епл“ (Apple)? Италијанскиот дизајнер Ливиу Тудоран, инспириран од производите на „Епл“ создал концепт на автомобил за 2020 година, кој го нарекол iMove. Тој би работел на електрична енергија, а надворешно би ги имал истите стилски карактеристики како најновите Мекинтош производи.rn
Поголемиот дел од колата е прекриен со проѕирен материјал, така што и целосно затворен би ви создавал чувство како да се возите во кабриолет. Транспарентниот материјал истo така е и сончев колектор. Во него би можеле да се возат тројца патници, а возилото ќе понуди и инвентивен багаж простор.rn
Овој концепт исто така предвидува, разни можности за персонализација, така што сопственикот би можел да си го прилагодува возилото спрема своите потреби.rn
rnВидео за концептот iMove (препорачливо е да го гледате на цел екран):rnrn

Дизајнерот Коби Леви (Kobi Levi) се специјализирал во дизајнирање на невообичаени обувки кои се нешто помеѓу мода и уметност. Тој дипломирал на Академијата за уметност и дизајн Безалел во Ерусалим и оттогаш работи како фриленсер.
Леви ги опишува своите креации како уметнички обувки кои ги изработува рачно во своето студио. „Чевелот е моето платно“, вели Леви.
Поттикот за создавање на еден ваков пар чевли доаѓа како идеја, концепт или слика која Леви ќе ја види во мислите. Комбинацијата од таа слика и пар чевли, создаваат хибрид и така дизајн-концептот станува реалност. Ваквите производи претставуваат своевидни скулптури кои можат да се носат.






Сите знаеме дека во случај на земјотрес, треба да најдеме сигурно место за да се засолниме од евентуалните рушевини кои можат да следуваат. Најсигурно место е влезот кај вратата, бидејќи тука конструкцијата на градбите е најцврста и најчесто е последно место што страда при силни потреси. Тесниот влез на вратите не врши баш голема работа во таа насока.rnrn
rnrnЗатоа, Younghwa Lee, студентка на постдипломски студии по дизајн на универзитетот Кингстон во Англија, измислила врата која е посебна зашто може да гарантира поголема безбедност во услови на земјотрес.rnrnНа оваа идеја Younghwa Lee дошла по катастрофите што ги доживеа Хаити, со цел да овозможи поголем број на преживеани случаи при катастрофални земјотреси.rnrnНејзиниот дизајн претставува врата која има носечка оска во централниот дел по хоризонтала. Тука вратата се витка и со тоа создава место каде можат да се засолнат луѓе при ваква елементарна непогода.rnrnДолниот дел од вратата останува прицврстен за подот, за да биде поцврста потпора. Бидејќи вратата ќе биде наведната под агол кога ќе се наоѓа во мод за земјотреси, рушевините ќе се лизгаат надолу, наместо да се собираат горе.
И тоа не е сè. Вратата има мало кабинче во кое се складирани џебна батерија, вода и медицински резерви. Под една ваква врата може да собере до двајца луѓе.
Younghwa ја има дизајнирано вратата мислејќи, пред сè, на Истанбул, каде според едно истражување е пресметано дека има 70% шанси градот да биде погоден од земјотрес со јачина од 7.6 степени според Рихтеровата скала, пред 2030 година, кој може да резултира со 150 000 фатални случаи. Таа смета дека вратите ќе можат да се постават евтино низ многу домови во градот.

Палетите во секоја индустриска населба се најнепосакуваните нешта и буквално се фрлаат на улица. Многу архитекти и дизајнери се обидувале да им најдат некоја примена во нивните дела, но никој не успеал да го достигне ова. Во Амстердам, Холандија фирмата MOST Architecture за потребите на агенцијата BrandBase, создале уникатен и потполно употреблив канцелариски простор со нивна помош.rn
Сите работни и конференциски маси, подот, па дури и скалите се изработени од палети во комбинација со стакло, метал и дополнителни штици.rn
Интересната замисла, со уште подобра реализација, претставува одличен работен простор во кој вработените со полн елан и мотивираност можат да ги вршат своите задачи.rn





Оваа куќа е трансформација на една штала лоцирана во пространа околина. Идејата за реновирањето била да се направи куќа која природно ќе се вклопи во тој крај. Куќата е традиционална земјоделска градба во која е доволно удобно за да се живее во модерен животен стил. На постојната градба и се додадени 2 дополнителни крила и базен.
Главниот објект претставува еден широк простор со таван од дабови даски, висок 9 метри. Употребата на дрво и големиот модерен камин му даваат топлина на местото. Сите објекти вклучуваат палета од едноставни материјали: камени подови, дабови подови, греди, врати и тавани, како и бело малтерисани ѕидови. Енергијата која е потребна за работа на подземниот систем за греење доаѓа од пумпи за загревање кои се закопани во околното земјиште.


rn

Бови Ли е артистка која изработува исечоци од хартија, кои се производ на нејзината голема имагинација, посебна техника и талент.
Нејзините дела се инспиративни, кои понекогаш се јасни геометриски шаблони, а понекогаш сложени пејсажи од природата што раскажуваат цела приказна, преку ситните детали.

Понекогаш е тешко да се одреди каде е границата на човековата креативност. Секој од овие замоци претставува пример за упорност, трпение и прецизност, а на креаторите треба да им се симне капа. Иако летните одмори поминаа, песочните плажи се секогаш пријатни за око бидејќи не потсеќаат на одмор, пријатно време и релаксација.rnrn
rnrnПогледнете ги овие воодушевувачки песочни зданија и уживајте.

Кореографот Вили Дорнер реализирал една интересна и несекојдневна идеја. Заедно со својата група актери, тој извел театарска претстава на улиците на Њујорк, притоа употребувајќи ги телата на актерите како живи скулптури.rnrn

Овие скулптури, изработени од почва и пченични семки, прицврстени на конструкции од рециклирано железо, се резултат од креативната работа на Матилда Русел-Жироди.
rn
„Природниот свет кој го апсорбираме станува дел од човековото постоење. Преку овие антропоморфски (човечки форми) скулптури од почва и пченични тревни семиња, се залагам да покажам дека храната, нејзиното потекло и нејзиниот транспорт имаат влијание врз нас, повеќе од нејзиниот вкус. Нејзината внатрешна моќ влијае на секој орган од нашето тело. Набљудувајќи ја природата и станувајќи свесни за тоа што јадеме и како јадеме не прави почувствителни на циклусите на исхрана во светот, за изобилието, за немаштијата и ни овозможува да бидеме физички, интелектуално и духовно поврзани со глобалната реалност.“
rn