Поезија: Благодарам!
Автор: Душица Динова
Ја смени продолжувајќи да го прави истото,
затоа што му е важно да ѝ го разубави животот,
но правејќи го тоа поинаку…
Допирајќи најнапред само еден детаљ,
нејзиното срце.
Искрено, без скромност ја сака за себе,
искрено, без скромност ѝ го краде срцето.
Со љубов му се разлева низ усните малечка…
Љубов која вели благодарам затоа што постојат,
затоа што се сакаат неизмерно,
затоа што нивните раце се сплотени една во друга,
нивните еуфорични души трагаат по единство,
нивните гради величествено ја пречекуваат
секоја нова возбуда во нивните воздишки,
нивните усни страсно ја доживуваат експлозијата на нивните бакнежи..
Едно гризнување на вратот, едно на усните со мирис на мека роза,
познат парфем,
добро познати очни капаци,
веѓи, усни и срдечна насмевка со дупчиња на образите.
Насмевка која ветува многу.
Ветува дека ќе се препознаат
и кога годините ќе ги фрлат сите календари врз нив.
Си ја возвраќаат љубовта,
сонуваат со едно „Благодарам што постоиш“.
Копнеат еден за друг,
тој за неа, таа за него…