КАФЕ ПАУЗА

Tag: значење

  • Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

    Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

    Заслужуваме да бидеме среќни“. Независно колку пати ја слушаме оваа реченица, таа секогаш ќе звучи себично и егоистично составена од нереални зборови кои немаат значење, особено ако ја споредиме со нашата работа, со сметките кои треба да се платат, како и со пријателските и љубовните врски. Се разбира, сите би сакале да бидеме среќни, но постојат други поприоритетни работи на кои треба да се сконцентрираме…rnrnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnНо, дали е тоа навистина така? Има ли нешто поважно од уживањето во животот? Има ли нешто поважно од тоа да се потрудиме да ги исполниме нашите цели и аспирации и да ја пронајдеме среќата? Постои ли некаков водич кој ќе ни помогне во таа наша потрага? Во продолжение прочитајте ги 4-те правила според кои живеат најсреќните луѓе на светот и дозволете мотивацијата и инспирација да станат ваши секојдневни практики.rn

    1. Дајте си дозвола да го правите она што навистина го сакате

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnВашата дозвола е единствената која има значење. Луѓето трошат премногу време во чекање потврда или дозвола од другите луѓе за да го направат она што го сакаат. Токму поради тоа често не ги споделуваат своите идеи, не посегнуваат по новото, се воздржуваат од учењето на нови вештини, од запознавањето нови пријатели или од вкусувањето нови рецепти. Освен ако не се благородни, потребни или корисни за сите други, ние не се осмелуваме да ризикуваме со новите можности. Она што треба да го направиме е да престанеме да се грижиме за реакциите на другите и да се фокусираме на нашите потреби со цел да живееме на начин на кој ќе се гордееме.rn

    2. Секојдневно правете мали работи кои ве радуваат

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnСите околу вас во секој момент можат да ви дадат листа од 100 работи кои треба да ги направите за нив, но единствената личност која може да си ги дозволи малите задоволства кои ги посакува сме самите ние. Топла купка, малку време да прочитаме добра книга, да го гледаме новиот филм, да го јадеме нашето омилено чоколадо, па дури и да испиеме шолја кафе покрај која е испишана некоја инспиративна порака. Посветувајќи се на себеси и правејќи работи кои нè радуваат е најдобриот начин да го потрошиме времето.rn

    3. Опкружете се со убави работи

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnУметност, музика, храна. Опкружете се со нешта кои се вистински убави, не само естетски добри, туку и автентични, реални и природни. Поглед од планината, совршено направена торта, вистински и искрен разговор со најдобриот пријател… Опкружете се со вистинска убавина и вашиот живот ќе стане едно прекрасно искуство.rn

    4. Никогаш не дозволувајте парите, статусот или другите луѓе да ја кршат вашата идеја за мир

    rnНајсреќните луѓе живеат според овие 4 правилаrnrnПарите и мислењата на другите луѓе доаѓаат и си одат. Мирот, благосостојбата и задоволството трпеливо нѐ чекаат во нашите срца, додека ја пренасочуваме среќата на работи кои ќе поминат. Кога ќе се ослободиме од таа површност, ќе ја искусиме среќата и мирот кои отсекогаш биле со нас.rnrnГледајте напред, а не назад. Дозволете мирот да дојде од вашето едноставно, чудесно постоење. Од вашето срце и од ништо друго.

  • Пресметајте го вашиот годишен број и дознајте што ви носи 2016-та година

    Пресметајте го вашиот годишен број и дознајте што ви носи 2016-та година

    Според нумерологијата, нашиот животен век може да се собере во рамките на циклус од 9 години, кој започнува од моментот на нашето раѓање, а завршува заедно со нашиот живот. Секоја година, внатрешниот циклус има своја единствена смисла и насоки со кои секој од нас ќе се сретне во некој дел од својот живот. Споменатите значења, во форма на личен годишен број можат да ни помогнат да донесеме некои помали и поголеми животни одлуки, а со тоа да ни помогнат и да го направиме нашиот живот полесен, подобар и поинтересен.rn2-presmetajte-go-vashiot-godishen-broj-i-doznajte-shto-vi-nosi-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Постапка за пресметување на личен годишен број и анализа на добиениот:

    rnЧекор 1: Запишете ги четирите броја од вашиот датум на раѓање (ден и месец) и соберете ги со годината што доаѓа (2016)rnrnПример: Ако сте родени на 12 јуни, направете го следново: 1+2+0+6+2+0+1+6=18rnrnЧекор 2: Ако добивте само една бројка, тогаш тоа е вашиот личен годишен број. Но, ако добивте двоцифрен број (како во примерот) собирајте сè додека не добиете едноцифрен број.rnrnПример: Ако го добивте бројот 18, направете го следново: 1+8=9, што значи дека вашиот личен годишен број е 9.rnrnВо продолжение откријте точно што значи вашиот број.rn1-presmetajte-go-vashiot-godishen-broj-i-doznajte-shto-vi-nosi-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Број 1

    rnОваа година ве очекуваат големи промени и нови животни прилики, па затоа не треба да ги одложувате одлуките. Ќе доживеете наплив од нова и силна позитивна енергија, но и нови идеи кои мора да ги распределите низ целите 12 месеци во годината.rn

    Број 2

    rnВтората животна година се однесува на стабилизација на она што до сега сте го постигнале во животот. Ова година се движи бавно, па можеби ќе ви се чини како ништо важно да не се случило. Сепак, не дозволувајте недостатокот од акција да ве залажува, бидејќи зад позадината се случуваат мали, но важни промени. Токму поради тоа, трпението е најважната особина која мора да ја изградите во текот на оваа година.rn

    Број 3

    rnЗа разлика од втората која може да бидат фрустрирачко бавна, третата година е повеќе енергична и динамична. Во оваа година на виделина доаѓаат сите работи кои сте ги оствариле во првата година, односно сите одлуки и промени кои сте ги посветиле себеси. Со оглед на тоа дека во вашиот живот ќе се случува сешто, важно е да вложите малку повеќе труд и да поработите на планирањето, дисциплината и концентрацијата. Во оваа година би требало повеќе време да поминувате со друштво.rn

    Број 4

    rnОваа година е посветена на сето она што е потребно за вашиот живот да стане подобар и поквалитетен. Токму поради тоа, организацијата и планирањето се многу важен фактор поради кој вашиот живот ќе се раздвижи и ќе крене на подобро. Тоа може да вклучува грижа за вашето здравје и тело, некој облик на штедење, промена во вашиот дом, решавање на долговите од минатото, школување или некој друг облик на надградување на својот потенцијал.rn

    Број 5

    rnЧетвртата година ја одбележуваат големи планови и тешка работа, но петтата година носи очекувани и неочекувани промени кои ќе се појават во разни облици. Кај некои тоа ќе значи преселување, нова работа или љубовна врска, додека другите тоа ќе го доживеат низ промена на размислувањата и ставовите за животниот стил. Без разлика како е, ќе ви се отворат бројни нови можности и затоа оттргнете се од старите рутини и испробајте нешто ново и поразлично, дури и ако ви се чини како мало и незначајно.rn3-presmetajte-go-vashiot-godishen-broj-i-doznajte-shto-vi-nosi-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_rn

    Број 6

    rnОваа година ќе ја одбележи несебичноста, па важно е да ја посветите на другите и да ја истакнете одговорноста. Понудете го вашето рамо за плачење на оние на кои им е потребно и обидете се да бидете пристапни и отворени за помош. Иако понекогаш ќе ви биде напорно, сетете се дека тој период нема да трае вечно, а резултатот од вашата несебичност и пожртвуваност ќе ви се врати повеќе одошто мислите. Шестата година е во знакот на љубовта.rn

    Број 7

    rnГодината со број 7 е посветена исклучиво на вас. Во овој период е многу важно да направите анализа на самите себеси со цел да сфатите кои сте, што навистина сакате, што ви смета и за што копнеете. Овој период не бара работни успеси, туку е важно да застанете, да направете чекор наназад и да размислите за сè што до сега сте направиле или сакате да направите. Во овој период е посакувано да работите на своите потенцијали. Запишете се на слободна активност за која размислувате веќе некое време или пак тргнете на некој курс или усовршување.rn

    Број 8

    rnОваа година е во знак на работата, кариерата, финансиите и правните работи. За некои тоа може да бидат нови работни прилики или пак напредок на вашето моментално работно место, додека други ќе ја почувствуваат во облик на пораст на трошоците и намален финансиски прилив. Животот кој го водевте до сега и сето она што сте го вложиле во себе во оваа година ќе ви се исплати.rn

    Број 9

    rnОва е последна година од животниот циклус, па е фокусирана на крајот на сето она што до сега сте го планирале и постигнале и е припрема за нов почеток. Најважниот дел од оваа животна трансформација е да го оставите зад себе сето она што повеќе ништо не ви значи во животот, без разлика дали станува збор за работата, пријателството, врската, местото во кое живеете или вашето однесување. Било како било, оваа година е идеална за „чистење“ на животот, а сето тоа за да тргнете напред и да се насочите кон подобри работи во животот.

  • Ако ја имате оваа буква на вашата дланка, животот ви е благословен

    Ако ја имате оваа буква на вашата дланка, животот ви е благословен

    Ако сте едни од оние луѓе кои не веруваат дека постои барем мала вистина во науката зад читањето на дланките, тогаш ова најверојатно не е за вас. Исто како и во секоја друга уметност чии корени се израснати во метафизичкото и спиритуалното, сите информации се значајни само за оние кои веруваат во нив. Истото важи и за астрологијата, видовитоста, па дури и вуду магијата.rnrn(0) Ако ја имате оваа буква на вашата рака, животот ви е благословенrnrnНо, доколку верувате и уживате во овие мисли за магија, симболизам и можност за нешто поголемо (без разлика што тоа значи), тогаш дефинитивно ќе ви се допаднат овие информации. Особено ако сте доволно среќни да ја имате оваа буква на вашата рака.rnrnЧитањето од дланките е една од најстарите студии во светот, запишана во книгата на Јова. Таа најмногу се применувала во Античка Кина и Индија. И покрај тоа што многу нешта од оваа „уметност“ се смениле со текот на годините, постои еден базичен концепт кој сè уште има големо влијание: значењето на буквата М.rnrn(1) Ако ја имате оваа буква на вашата рака, животот ви е благословенrnrnБуквата М се создава низ линиите на дланката кои се нарекуваат срце, глава и живот. Оние кои се родени со оваа буква на нивната дланка се високо мотивирани и благословени со самодисциплина. Токму затоа и најчесто се неверојатно надарени во нивните кариери кои претежно се наоѓаат во областа на новинарството, пишувањето или едукацијата. Тоа е и една од причините зошто ги привлекуваат менаџерски позиции и имаат големи шанси да заработуваат повеќе пари. Сепак тоа не е најголемата предност на оние со буквата М на својата дланка. Тие исто така и неверојатно добро проценуваат нечиј карактер и се способни да читаат меѓу редови.rnrnНо, не се радувајте пред време. Овие дарби постојат само доколку се наоѓаат на спротивната рака од онаа со која пишувате. Па, доколку ја гледате буквата М само на својата лева рака, а сте леваци, вие ја имате истата судбина како и оние кои воопшто ја немаат оваа буква на своите дланки. Извинете.

  • Што кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?

    Што кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?

    Човечките односи се едни од најважните делови на животот. Без разлика дали станува збор за родители, партнери, деца или пријатели, нивниот квалитет често го одредува и квалитетот на вашиот живот. Со цел подобро да ја процените вашата врска, доволно е да обрнете внимание на малите нешта. На пример, на начинот на кој се држите за рака со партнерот или партнерката. Погледнете што различните видови држења за раце значат за вас и вашата врска…rnrnШто кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?rnrn1. Дланка со дланка – Ова е можеби еден од најчестите видови. Според експертите оној кој има навика да биде од горната страна ја има и доминантната позиција во врската.rnrn2. Заплеткани прсти – Паровите кои ја сакаат оваа положба на рацете, сакаат и што е можно почесто да бидат близу едни до други. Тие се многу поврзани, како физички, така и емоционално. Тие немаат проблем со тоа, па затоа и лесно ја покажуваат својата ранливост на љубените.rnrn3. Држење за неколку прсти – И двете личности се независни, кои имаат свои лични страсти и интереси надвор од односот. Тие уживаат во својата самостојност и важно им е да ја зачуваат својата слобода. Сепак, постои длабока поврзаност помеѓу нив.rnrn4. Држење за прст – Станува збор за многу опуштена врска. Можеби таа не изгледа толку интимно, но сепак е многу романтична, а партнерите добро се познаваат помеѓу себе.rnrn5. Преку рамена – Станува збор за многу близок однос. На овој начин контактот не се задржува само со рацете, туку се пренесува низ целото тело. Делува заштитнички, бидејќи со префрлањето на рацете преку рамена, се остава впечаток на заштита.rnrn6. Пасивно држење за раце – Во овој случај едниот партнер одлучно ја зема раката на другиот, но кај другиот се чувствува пасивност. Нема потпирање еден на друг и сè делува недефинирано. Не постои наклонетост кон другиот и емоциите слабо доаѓаат до израз.rnrn7. Дамско држење – Често се забележува на свадбите и во филмовите кога се прикажуваат кралски балови и повик за танц. Тоа е знак за здрава врска, полна почит, која е изградена на доверба и восхит.rnrn8. Лесно држење за раце – Ова е можеби најсамоуверениот начин за држење раце. Покажува голема доверба помеѓу партнерите и многу стабилен однос. Иако ставот е многу опуштен, сепак е интимен и дава прилика да се приближите уште поблиску.rnrn9. Држење за зглоб – Оваа позиција можеби изгледа агресивно, но всушност укажува на нешто сосема спротивно. Тука не се испреплетени само дланките, туку целата рака. Ставот е повеќе интимен и страстен.

  • Најслаткиот поглед: Што сакаат да ви кажат кучињата кога ја навалуваат главата на страна?

    Најслаткиот поглед: Што сакаат да ви кажат кучињата кога ја навалуваат главата на страна?

    Дали и вие се топите кога вашето куче ќе ве погледне со оној неодолив поглед додека ја врти главата на страна? И покрај тоа што многумина би помислиле дека кучињата на тој начин се обидуваат да ви се умилкуваат, сепак истражувањата покажале дека зад ова однесување се крие сосема друга причина.rnrnНајслаткиот поглед: Што сакаат да ви кажат кучињата кога ја навалуваат главата на страна?rnrnАмериканскиот експерт за кучиња, Стенли Корен, тврди дека ова однесување кај кучињата е поврзано со способноста тие да покажат емпатија, односно сочувствување. Кучињата неверојатно добро го читаат говорот на телото и гласот на луѓето и соодветно реагираат. Кога им зборувате, тие разбираат сè и покрај тоа што буквалната порака се губи некаде во преводот. Тие сочувствуваат со вас и ја разбираат вашата лутина, а тоа ќе ви го покажат со навалувањето на главата на страна. Истото се случува и кога имате позитивни зборови за нив.rnrnКучињата се способни да препознаат одредени делови од човечкиот јазик, па кога тие ќе ја навалат главата додека им зборувате, најверојатно ве слушаат внимателно со цел да ги чујат оние зборови и модулации кои ги поврзуваат со забавни активности како јадење, шетање или играње. Ако размислите подобро, дури и ние луѓето го правиме истото. Кога ќе слушнеме нешто што нè погодува, ние ја навалуваме главата на страна како знак дека сочувствуваме.rnrnНавалувањето на главата кај кучињата може да има поврзаност и со градбата на нивните уши. Иако кучињата чувствуваат фреквенции кои човечкото уво не е способно да ги чуе, сепак нивната способност да го откријат изворот на звукот е малку попрецизна од нашата. Кучешкиот мозок ги проценува дури и екстремно ситните разлики во врска со времето кое е потребно звукот да дојде до секое уво, па ситната промена на положбата на главата им овозможува корисна сензорна информации. Токму затоа и некои експерти веруваат дека кога ќе ја навалат својата глава, кучињата ги прилагодуваат своите уши за полесно да откријат од каде доаѓа одреден звук.

  • Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска

    Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска

    Сите ние знаеме дека различни видови луѓе се изразуваат себеси на различни начини. На пример, начинот на кој одите може многу да открие за вашата личност. Оние кои имаат висока самодоверба гордо чекорат низ животот, додека пак, интровертите се движат напред со главата надолу. Но, што може да се открие кога двајца луѓе со различни карактери се присилени физички да се судрат, во прегратка? Погледнете што кажува начинот на кој се прегрнувате за вашите врски, пријателски или љубовни…rnrn[column col=”1/2″](1) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/2″](2) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](3) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](4) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](5) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](6) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](7) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](8) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](9) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](10) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rn[column col=”1/3″](11) Начинот на кој се прегрнувате може да открие многу нешта за вашата љубовна врска[/column]rnrn

  • Што прво забележувате на оваа слика? Тестот е точен 98%!

    Што прво забележувате на оваа слика? Тестот е точен 98%!

    Психолозите кои го користат овој тест велат дека има точност од 98%. Погледнете ја убаво сликата. Што најпрво забележувате на неа? Вашиот избор симболизира одредени карактеристики од вашиот карактер.rnrnshto-prvo-zabelezhuvate-na-ovaa-slika-testot-e-tochen-98-kafepauza.mkrn

    Јаболко

    rnСимбол на животот, мудроста и здравјето. Претставува комплетност, апсолутност и единственост.rnОзначува личност која е полна со живот, среќна во љубовта и со весел дух.rnПоловината јаболко овде навестува кратка, но страсна авантура!rn

    Пеперутка

    rnСимболизира нешто радосно, нешто ново во вашиот живот.rnНаскоро ќе се ослободите од грижите кои одамна ве оптоваруваат.rnЌе почувствувате дека сте млади и безгрижни, ќе уживате во среќата на своето постоење.rnВе чека среќа во љубовта, уживајте во целост!rnПеперутката се поврзува со убавина и нежноста, и е еден од најсилните симболи на љубовта, посебно онаа младешката, невината, непотиснатата…rnСамиот поглед на овој весел инсект е доволен да ја сфатиме симболиката – нејзиниот лет од цвет на цвет е јасен приказ на врската која човекот секојдневно ја остварува со својата околина. Таа е симбол на човековото тежнеење да останеме млади, макар во душата.rn

    Нож

    rnЗборува за тоа дека е време да направите промена во животот.rnВреме е да се отсечете од нешто старо.rnНожот е симбол на лутина, агресија и/или разделба. Треба нешто да „исечете“, односно да отстраните од својот живот. Можеби е во прашање слабеење или прекинување на некоја врска или однос. Бидете одлучни и јасни.rnИсто така ножот претставува некој вид сексуална тензија и сексуална спротивставеност.rn

    Гасеница

    rnЗборува за вашиот страв и вашата збунетост.rnСимболизира многу работа, ситни проблеми и обврски.rnГасеницата претставува земен живот, а кожурецот ја преставува телесната смрт, па пеперутката која се ослободува од кожурецот е знак на ослободување.rnТргнете го оклопот и полетајте слободно.

  • 9 клише изјави за раскинување и нивното вистинско значење

    9 клише изјави за раскинување и нивното вистинско значење

    Постојат малку нешта кои се полоши од раскинувањето, како на пример, алергична реакција на восок за депилирање на интимната зона, смрт на домашно милениче или дупната гума во опасно маало. Не мора ни да почнеме да објаснување колку е лошо самото раскинување. Но, работите можат да станат уште полоши доколку тој употреби една од овие клише изјави со кои не ни добивате официјално раскинување, па токму затоа и потоа постојано ќе се прашувате што точно значат неговите зборови. Па, без разлика дали сте оптимисти или реалисти, погледнете што тој навистина сака да каже со овие изјави…rnrn9 клише изјави за раскинување и нивното вистинско значењеrn

    1. „Не е до тебе, до мене е.“

    rnОптимист: Ти не си проблемот, ти си совршена. Јас ги правам сите проблеми и сум единствената причина зошто нашата врска не функционира.rnrnРеалист: Ти си 100% од проблемот!rn

    2. „Ми треба простор.“

    rnОптимист: Потребно ми е да направам еден чекор наназад и да ја анализирам нашата врска.rnrnРеалист: Имам потреба да избегам што подалеку од тебе.rn

    3. „Премногу сме исти.“

    rnОптимист: Ти си исто толку забавна, грижлива, чувствителна и шармантна како мене.rnrnРеалист: Досадно ми е со тебе.rn

    4. „Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе.“

    rnОптимист: Жал ми е, но не успева ова помеѓу нас. Мислам дека би можеле да најдеме други партнери со кои ќе бидеме посреќни.rnrnРеалист: Веќе се гледам со други личности, па сметам дека треба и ти истото да го правиш.rn

    5. „Мислам дека ни е подобро како пријатели.“

    rnОптимист: Не би сакал да го загрозиме нашето одлично пријателство со врска.rnrnРеалист: Немам потреба да те извлечам од твојата облека. Всушност, преферирам да си со облека.rn

    6. „Не сум подготвен за врска.“

    rnОптимист: Ти си одлична за врска, но во овој момент од мојот живот не сум спремен за сериозна врска – можеби да пробаме пак по некое време.rnrnРеалист: Нашата заедничка иднина ме плаши.rn

    7. „Имам потреба да се фокусирам на мојата кариера.“

    rnОптимист: Ти си толку неверојатна што постојано ми го одвлекуваш вниманието и се плашам дека ќе изгубам сè доколку продолжам да те љубам.rnrnРеалист: Ми се допаѓа колешката од работа.rn

    8. „Ти заслужуваш подобро.“

    rnОптимист: Ти си одлична девојка, секој би бил среќен да те има покрај себе. Не се чувствувам доволно добар за тебе и не можам да живеам со тоа чувство.rnrnРеалист: Сакам да ти раскинам нежно за да не полудиш.rn

    9. „Мислам дека работите се одвиваат премногу брзо.“

    rnОптимист: Ајде да забавиме и да уживаме во возењето.rnrnРеалист: Престани постојано да ме прашуваш што правам. Знам дека веќе знаеш.

  • Што ни открива изборот на тетоважа за карактерот на мажите?

    Што ни открива изборот на тетоважа за карактерот на мажите?

    Изборот на тетоважата открива многу повеќе отколку што би помислиле. Експертот за невербална комуникација, Џуди Џејмс, ни објаснува што кажуваат најчестите тетоважи за неговата личност…rnrnШто ни открива изборот на тетоважа за карактерот на мажите?rn

    Тетоважа од бившата љубов

    rnДоколку на кожата има тетоважа од нејзиното име, тогаш станува збор за маж кој лесно се заљубува и кој не е способен да учи од своите грешки. Тој е голем оптимист и верува дека секоја жена со која ќе започне врска е онаа вистинската за него.rn

    Мистичен симбол

    rnМажот кој на своето тело има мистичен симбол, всушност тежнее за внимание, се смета за личност која не е површна и омилена фраза му е: „Јас сум несфатен“. Мистериозните симболи најчесто се знак дека тој сака да биде сериозно сфатен.rn

    Традиционална и мала тетоважа

    rnФраерите кои имаат традиционална и мала тетоважа се способни да ве изненадат во кревет. За нив важи верувањето дека го добивате токму она кое го гледате. Овие личности најчесто се многу лојални и верни.rn

    Забавни и будалести тетоважи

    rnБудалестите тетоважи воопшто не треба да ве загрижуваат. Тие можат да бидат знак дека мажот прилично одговорно го сфаќа животот, но и дека е способен да ја изненади партнерката со необична смисла за хумор.rn

    Име на своето дете

    rnОваа тетоважа укажува на чувствителен маж, кои сака емотивно да се врзе и кој сериозно ја сфаќа љубовната врска.rn

    Позната ѕвезда

    rnЧесто мажите се идентификуваат со одредени супер херои, па токму затоа ставаат тетоважи на познати личности, реални или цртани. Тоа ни говори дека станува збор за личност која во врската ќе се однесува детинесто, но и многу егоистично.rn

    Смешна тетоважа

    rnСмешната тетоважа е на исто ниво како и носењето забавна кравата. Мажите кои на својата кожа имаат ваква слика сакаат да ја покажат својата смисла за хумор (дури и ако ја немаат). Овие личности често се одлични за партнери.rn

    Тетоважа со животно

    rnАко на себе има цртеж од одредено животно, тој сака да каже дека е силен и моќен. Неговата намера е во сексот да биде страстен и токму затоа е подготвен во секој момент да го покаже тоа.rn

    Трофеј од клуб

    rnТој е лојален, но и малку старомоден. Оваа личност секогаш ќе биде тука за оние пријатели кои имаат најмногу потреба од него, па токму затоа и често има висока позиција на социјалната скала.

  • Смешни англиски идиоми, чии превод и значење ќе ве насмеат до солзи

    Смешни англиски идиоми, чии превод и значење ќе ве насмеат до солзи

    Рошин Хахеси неодамна се преселила во Бразил, каде што почнала да учи нов јазик, но истовремено и да предава англиски. Токму затоа, таа почнала повеќе да размислува за нејзиниот мајчин јазик. Особено за идиомите и нивното буквално значење кои ако размислите подобро, ќе сфатите дека се претерано смешни и дека луѓето кои не ги знаат никогаш не би можеле да откријат што точно тие значат. Погледнете дел од нив…rnrn

    Кул како краставица (многу смирен, сталожен и недопирлив од стрес)
    Ладен како краставица (многу смирен, сталожен и непогоден од стрес)
    rnrn