КАФЕ ПАУЗА

Tag: закони

  • Ова се 3-те најважни закони на универзумот за успехот!

    Ова се 3-те најважни закони на универзумот за успехот!

    Успехот значи различни работи за различни луѓе. За некои, тоа може да биде постигнување финансиска стабилност, додека за други, тоа може да биде исполнување на доживотен сон. Каква и да е вашата дефиниција за успех, важно е да знаете дека можете да постигнете сè што сакате, а вашиот потенцијал е неограничен.rnrnОва се 3-те најважни закони на универзумот за успехот!rnrnЧестопати сме условени од општеството да веруваме дека нема да успееме да ги постигнеме саканите цели ако не исполниме одредени критериуми. Нема да ја сретнеме љубовта на нашиот живот ако не сме доволно убави, нема да станеме успешни ако не сме доволно вешти итн. Во продолжение прочитајте ги законите на универзумот за успех што треба да ги вклучите во вашиот секојдневен живот:rn

    1. Спознајте ја вашата природа

    rnПрвиот чекор кон успехот е да знаете што навистина значи успехот за вас, а не она во што ве натерале да верувате вашите родители, врсници или општество. Што прави да се чувствувате убаво? Што ве прави среќни? Кои се вашите вредности и желби? За да ги најдете овие одговори, треба да го откриете вашето автентично јас, а за да го откриете вашето автентично јас, ќе треба да ја продлабочите вашата врска со Создателот, Изворот или Универзумот.rn

    2. Преземете ја контролата врз вашиот живот

    rnШтом ќе воспоставите врска со вашето вистинско јас, ќе можете да ги гледате вашите избори, одлуки и постапки во ново светло. Ќе се почувствувате виновни за некои од вашите минати постапки, лути за некои работи што ви се случиле или ќе се покаете за некои животни избори. Иако е важно да бидете нежни со себе и да ги простувате грешките од минатото, подеднакво е важно да преземете целосна сопственост над вашите постапки и да не ги обвинувате другите за вашите избори.rnrnМожеби вашите родители не ви обезбедиле здрава средина додека растевте и тоа можеби придонело за појавата на ниска самодоверба или несигурност. Можеби сте биле малтретирани од други деца, професори или колеги што оставило негативни последици во вашиот ум. Во ред е да ги признаете сите тие работи и да почувствувате болка, тага или дури и гнев. Но, не останувајте заробени во минатото. На крајот на краиштата, тоа е ваш живот и вашата иднина зависи само од вас. Можете да им простите на другите, да разговарате со некого за нив, да ги раскинете сите врски со одредени личности или можете да работите на подобрување на вашата врска. Правете сè што треба да направите, но продолжете понатаму.rn

    3. Манифестирајте ги вашите цели

    rnДодека ги манифестирате вашите цели, имајте ги на ум следните принципи:rn

    Бидете јасни во намерите

    rnРазмислете за тоа што сакате да постигнете и зошто. Вашите намери треба да се усогласат со вашите вредности и верувања. Кога поставувате намери кои се во согласност со вашето духовно јас, поголема е веројатноста да постигнете успех.rn

    Визуализирајте го вашиот успех

    rnВизуализацијата е техника која ви овозможува да се замислите себеси како ги постигнувате своите цели и ги доживувате емоциите што доаѓаат со процесот. Одвојте малку време секој ден за да го визуализирате вашиот успех. Ова ќе ви помогне да останете фокусирани и мотивирани.rn

    Позитивни фрази

    rnТреба да ги користите позитивните фрази за да се охрабрите и мотивирате себеси да размислувате позитивно за себе и за вашиот живот. Повторувајте гласно и тивко: „Знам дека ќе успеам“ или „Верувам во моите способности“.rn

    Бидете благодарни

    rnБлагодарноста е моќна алатка која може да го трансформира вашиот начин на размислување и да ви помогне да привлечете изобилство и успех во вашиот живот. Одвојте неколку минути секој ден за да размислите за работите за кои сте благодарни, без разлика колку се мали и фокусирајте се на позитивните аспекти од вашиот живот. Ова ќе ви овозможи да бидете оптимисти и продуктивни, дури и кога ќе се соочите со неволји.rnrnОткако прочитавте за најважните закони на универзумот за успехот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те духовни закони за успехот кои можат да ви го променат животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Дали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?

    Дали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?

    Досега сигурно сте наишле на необични закони во другите земји. Овој пат одлучивме да направиме листа на најдобрите европски закони кои сигурно и вие би сакале да се воведат кај нас.rnrnДали знаете во кој град е задолжително сите нови згради да имаат зеленило на покривот?rn

    Сите нови згради мора да имаат зелени покриви (Базел, Швајцарија)

    rnБазел е првиот град во светот каде на сите нови згради мора да има засадено зеленило на покривот, а истото важи и за сите стари згради кои се во фаза на детално реновирање.rn

    Шефовите не смеат да ги контактираат вработените по работното време (Португалија)

    rnЗа да се воспостави некаква рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, Португалците донеле закон кој ги спречува шефовите да ги контактираат вработените по работното време. Претпоставените не смеат да праќаат мејлови, пораки или да ми се јавуваат на вработените по завршувањето на работното време освен доколку не се работи за нешто навистина сериозно.rn

    Инфлуенсерско „разубавување“ на фотографиите (Норвешка)

    rnСе чини дека фотографиите кои инфлуенсерите најчесто ги објавуваат на социјалните мрежи се речиси совршени, а тој ефект е постигнат благодарение на разноразните алатки за разубавување како Фотошоп. Сепак, норвешкиот закон бара од инфлуенсерите да користат одредена ознака преку која ќе ги предупредат следбениците дека користеле алатки за разубавување.rn

    Две нови дрвја за секое родено дете (Велс)

    rnВо Велс е покрената иницијативата за засадување две дрвја за секое родено дете, од кои едното дрво ќе биде засадено во Велс, а другото во Уганда. Истото важи и за случајот кога се посвојуваат деца.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со најдобрите европски закони, можеби ќе сакате да прочитате и 10-те закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 20 закони на подлоста: Секогаш ќе останете или без пари или без време

    20 закони на подлоста: Секогаш ќе останете или без пари или без време

    Животот би бил здодевен и неинтересен ако сè е како што треба. Сигурно веќе сте се увериле дека во животот не оди сè според планот. Судбината секогаш ви поставува нешто што ја расипува совршената слика за животот.rnrn20 закони на подлоста: Секогаш ќе останете или без пари или без времеrnrn1. Ако има дури и најмала шанса да се случи некоја неволја, тогаш сигурно ќе се случи.rnrn2. Соседниот ред секогаш се движи побрзо.rnrn3. Сите големи откритија се случиле поради некоја грешка.rnrn4. Кој може – учи, кој не може – учи друг. Кој не може да предава, учи како да предава.rnrn5. Секоја наредба што може да биде погрешно разбрана е погрешно разбрана.rnrn6. Ако ништо не успее, прочитајте го упатството.rnrn7. Ако сте изгубиле нешто, побарајте го на најнелогичното место.rnrn8. Не секогаш има доволно време да се заврши добра работа, но секогаш има време да се повтори.rnrn9. Дајте му ја најтешката задача на мрзливиот работник, тој ќе најде полесен начин да ја реши таа задача.rnrn10. Тимската работа е многу важна. Тоа ви овозможува секогаш да обвините некој друг.rnrn11. Еден час откако ќе ги исечете ноктите, ќе сфатите дека ви се потребни нокти за нешто.rnrn12. Секојпат кога ќе дојде момент да чукнете во дрво, ќе сфатите дека светот е направен од алуминиум и пластика.rnrn13. Експерт е секое лице кое не е од нашиот град.rnrn14. Искуството расте пропорционално со онеспособената опрема.rnrn13. Лицето кое има точно еден час работа, секогаш знае колку е часот. Лицето кое има неколку часа да ја заврши работата – веќе не знае ништо.rnrn14. Никогаш нема да успеете да направите само една работа.rnrn15. Штом ќе фрлите нешто, ќе ви затреба!rnrn16. Секогаш ќе останете или без пари или без време.rnrn17. Најмногу водат полемики оние што се далеку од решение.rnrn18. Ништо не се презема од разумни причини.rnrn19. Оној што плаќа најмалку, се жали најмногу.rnrn20. Што и да ви се случило, тоа веќе му се случило на некој друг од вашите познајници – само полошо.rnrnПрочитајте кои 6 работи треба да ги знаете за кармата.

  • 30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи

    30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работи

    Сигурно многупати сте слушнале дека и позитивната и негативната енергија што ја испраќате ќе ви се врати како бумеранг. Но, постојат и други, помалку познати закони на кармата. Можеби не сте чуле за нив, но кога ќе ги прочитате, ќе сфатите дека функционираат и дека можете да ги почувствувате.rnrn30 закони на кармата: Сè што се случува во вашиот живот зависи од овие работиrnrn1. Вистинската радост доаѓа само како резултат на напор, работа, трпеливост и жртвување.rnrn2. Слободата доаѓа заедно со одговорноста.rnrn3. Енергијата и љубовта што ги вложувате во врската, сигурно ќе ви се вратат. Можеби не преку личноста што ја сакате, но универзумот ќе најде начини да ви ги врати.rnrn4. Она што ѝ го давате на некоја друга личност, вие всушност му го давате на целото човештво.rnrn5. Она што го вложувате во вашата работа, го вложувате и во човештвото.rnrn6. Вредноста на вашата работа лежи во енергијата и во подготвеноста да се потрудите.rnrn7. Ќе страдате сè додека не ја научите лекцијата што треба да ја научите. Кога ќе ја научите лекцијата, ќе имате алат во вашите раце што ќе ви помогне да го прекинете циклусот на страдање.rnrn8. Ако живеете во минатото или во иднината, ја пропуштате сегашноста.rnrn9. Придржувањето до старите навики и начини на размислување го спречува личниот развој.rnrn10. Ќе ја научите лекцијата кога вашите зборови, мисли и дела ќе се усогласуваат со неа.rnrn11. Вашата личност ќе згасне и ќе се удави во негативност ако заборавите да се фокусирате на моралот и на духовноста.rnrn12. Алчноста и мирот не можат да опстанат заедно.rnrn13. Малите дела силно се рефлектираат во универзумот. Бидете свесни за секое ваше дело, колку и да ви изгледа безначајно.rnrn14. За да постигнете нешто големо и значајно, прво мора да постигнете нешто мало.rnrn15. Ништо нема да заврши пред да преземете нешто. Колку и да е мал првиот чекор, тој секогаш е најважен.rnrn16. Вашите љубов, енергија, напорна работа и инспирација му носат нешто убаво на целиот свет, а универзумот ќе ве награди за тоа.rnrn17. За да растете и да напредувате, мора да бидете подготвени за промени.rnrn18. Учете од вашето минато и дајте сè од себе во сегашноста. Тоа е единствениот клуч за светла иднина.rnrn19. Само вие сте одговорни за вашата среќа. Никој друг.rnrn20. Сите сме дел од нашето опкружување. Нашата енергија има силно влијание врз пријателите, врз партнерот и врз семејството, без разлика дали е позитивна или негативна.rnrn21. На крајот, секогаш стануваме она што криеме во себе.rnrn22. Кога ќе го сретнеме непријателот, не смееме да го промениме нашето однесување и да ги заборавиме законите на кармата.rnrn23. Кога ќе сретнеме некој „полош“ од нас, не смееме да заборавиме на личните недостатоци.rnrn24. Она што одбивате да го прифатите, мора да се развие и да стане поинтензивно за повеќе да влијае на вашиот живот.rnrn25. Вашата награда е пропорционална со вашите напори.rnrn26. Промената доаѓа однатре. Не треба да очекуваме другите луѓе да променат нешто во нас. Само ние ја имаме таа моќ.rnrn27. Не можеме да ги промениме другите луѓе. Можеме да се промениме само ние самите.rnrn28. Надворешните промени започнуваат со внатрешните.rnrn29. Ако се предадете себеси, ја губите можноста да живеете вистински живот.rnrn30. Промените што сакаме да ги видиме во светот, прво мора да ги промениме кај нас. Тоа можеме да го постигнеме со зборови, мисли и дела.rnrnПрочитајте ги и овие 7 работи што не сте ги знаеле за кармата.

  • 10 закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди

    10 закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди

    Законите за заштита на животни станаа построги како што расте загриженоста кога се работи за суровоста насочена кон нив. Животните се ранливи иако некои видови се посилни од човекот. Грижата за милениците треба да биде развиена на едно високо ниво бидејќи светот не би можел да се замисли без нив. Не треба да се грижите само за вашите миленици туку подеднакво да ги почитувате сите останати припадници на животинскиот свет. Бидејќи тоа е одлика на свесни луѓе коишто се грижат за планетата Земја и сите нејзини жители.rnrnrnrnПрочитајте ги 10-те закони за заштита на животните кои покажуваат дека светот конечно почнал барем малку да се движи во правилна насока!rn

    1. Во Нов Зеланд се вели дека животните се чувствителни и насилството врз животните е казниво со закон

    rnОва земја е една од светските лидери кога се во прашање законите за заштита на животните. Тие ја препознаваат нивната чувствителност и дека треба да им се задоволуваат основните потреби на животните. Секаков вид насилство врз нив е забрането вклучувајќи и испитувања и експерименти кои се илегални.rn

    2. Во Полска постои закон којшто ги обврзува жителите да се јават кај надлежните доколку пронајдат напуштено куче или маче

    rnМора да се извести складиштето за животни, пожарникарите или полицијата.rn

    3. Во Вирџинија може да се лежи во затвор дури 10 години ако украдете куче

    rnБез оглед колку вреди миленичето, доколку некој го украде ќе одговара за стореното дело бидејќи тоа не го гледаат како киднапирање, туку во многу држави миленичињата се сметаат за имот.rn

    4. Во Алјаска доколку дојде до развод судот одлучува кој ќе ги задржи милениците

    rnВо 2017-та година, Алјаска стана првата држава којашто ја зела предвид заштитата на животните во случај на развод. Судијата одлучува кој ќе добие старателство над миленикот базирано на фактот кој ќе се грижи подобро за него.rn

    5. Русија забранува секакво насилство врз животни

    rnТаму е забрането и убивање на уличните мачки и кучиња.rn

    6. Во Холандија луѓето се задолжени да плаќаат годишна такса за кучиња

    rnОваа земја има голема цел: да стане првата земја без заскитани животни. Поголемиот број градови во земјата имаат годишна такса којашто се базира на бројот на кучиња во секое домаќинство. Сите кучиња мора да бидат регистрирани во локалната градска управа. Зошто се плаќа такса? Бидејќи тоа е еден начин луѓето да бидат поодговорни кон нивните миленици.rn

    7. Во Англија, насилството врз животните се казнува со најмногу 5 години лежење во затвор

    rnМаксималната казна за насилството кон животните ќе се зголеми за 5 години. Исто така ќе се зголеми и максималната парична казна.rn

    8. Во Германија можете да платите парична казна до 25.000 евра за убивање на заштитено животно

    rnОваа земја исто така се смета за една од светските лидери кога станува збор за правата за заштита на животните. Дали знаевте дека осите се заштитени во Германија? Заштитени се бидејќи помагаат за почиста околина и никому не му наштетуваат. Не се грижете ако убиете по некоја оса таму, законот важи само доколку убиете цело гнездо оси.rn

    9. Во Торино сопствениците на кучиња можат да бидат парично казнети ако ги шетаат кучињата помалку од 3 пати на ден

    rnВо Италија исто така постојат многу строги закони за заштита на животните. Во Торино сопствениците на кучињата можат да бидат парично казнети ако не ги изнесуваат на прошетка нивните миленици минимум 3 пати на ден. Тие не смеат ниту да го фарбаат нивното крзно ниту да им прават нешто друго што би ги оштетило.rn

    10. Во Оклахома, сопствениците на кучиња се одговорни ако нивните кучиња нападнат некого

    rnАко некој е каснат или повреден од куче, ќе може да покрене судска постапка дури до 2 години после инцидентот. Сопственикот на кучето мора да ја понесе одговорноста за каква било повреда којашто ја направило неговото куче, но доколку тоа било испровоцирано од луѓето, сопственикот може да го употреби ова како доказ во случај на самоодбрана.rnrnОвие закони покажуваат само дека луѓето почнале да се будат и дека животните ги заслужуваат истите права како и луѓето. И тие имаат основни потреби, а доколку чувате животно вие сте обврзани да му ги задоволите сите барања.rnrnПрочитајте ги и овие интересни факти за кучињата.

  • 25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегални

    25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегални

    Дали во последно време сте направиле нешто нелегално? Ако одговорот е не, размислете подобро. Интернет законот е навистина комплициран и постојано се менува, па тешко е да следите што е, а што не е легално онлајн. Па, ако сте како повеќето луѓе, најверојатно сте ги направиле овие нелегални работи онлајн.rnrn25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегалниrn

    1. Користење торенти

    rnСамото користење торенти не е нелегално, но ако симнувате содржина заштитена со авторски права, тогаш станува нелегално. Илјадници луѓе биле осудени токму поради ова.rn

    2. Онлајн малтретирање

    rnОнлајн малтретирањето понекогаш е тешко да се забележи. Во САД дури постојат посебни закони против онлајн малтретирањето и казните се разликуваат. Некогаш виновниците се избркани од училиште, се осудуваат за напад или се осудуваат за нанесување штета.rn

    3. Гледање филмови и серии онлајн од неофицијални извори

    rnСекојдневно, милиони луѓе гледаат телевизиски серии и филмови преку нелегални веб-сајтови. На пример, „Игра на тронови“ е најпиратирана серија на сите времиња.rn

    4. Користење на длабокиот Интернет

    rnДлабокиот Интернет ја претставува мрачната страна на Интернетот. Всушност, не е нелегално да го користите, а многу новинари го користат за комуницирање со држави кои имаат строги Интернет закони. Но, ако налетате на погрешен веб-сајт, можете да си предизвикате големи проблеми.rn

    5. Користење лажно име

    rnИако звучи малку глупаво, според нејасниот Акт за компјутерска измама и малтретирање, користењето лажно име онлајн е нелегално.rnrn25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегалниrn

    6. Лажирање на вашата IP адреса

    rnИако можете да ја сокриете вашата IP адреса, нелегално е да ја лажирате. Ова не би требало да ве изненади бидејќи можете да правите многу лоши нешта кога сте анонимни.rn

    7. Крадење Интернет

    rnАко го користите незаштитениот безжичен Интернет на вашиот сосед, го прекршувате законот.rn

    8. Продавање на eBay без објавување на приходите

    rnНе можете да продадете нешто на овој веб-сајт без да дадете извештај за вашата заработка од него.rn

    9. „Тролање“

    rn„Тролањето“ е како шегување во светот на Интернетот и го направиле многу луѓе. Но ако ова шегување се претвори во напаѓање, следење и малтретирање, тогаш станува илегално.rn

    10. Блокирачи на реклами

    rnВо повеќето држави блокирањето на рекламите од веб-сајтовите не е нелегално. Но, во Кина не смеете да го правите ова.rnrn25 работи што ги правите онлајн, а најверојатно се нелегалниrn

    11. Гифови и „мемиња“

    rnДодека повеќето гифови и мемиња користат јавен домен или креативни слики, повеќето нелегално користат материјал заштитен со авторски права.rn

    12. Симнување фотографии

    rnСамото зачувување на некоја фотографија од Интернет не е нелегално, но ако фотографијата е заштитена со авторски права, можете да си направите проблем.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

    11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

    На Земјата постојат многу места со навистина чудни закони. На некои места дури и наједноставното свиркање по улица може да ви донесе казна, или пак одредена боја може да ви донесе притвор. Ако планирате патување настрана, добро е да погледнете некои од помалку познатите закони, без разлика колку чудно ви изгледаат.rn

    1. Бурунди: Забрането е утринско џогирање

    rn11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странствоrnrnМожеби утринското трчање е одлично за вашата форма, но во оваа африканска држава тоа само ќе направи да ве уапсат. Во Бурунди трчањето е воен акт, па претседателот официјално го забранил утринското трчање со цел да ги спречи конфликтите помеѓу етничките групи.rn

    2. Малезија: Не носете жолто

    rn11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странствоrnrnАко одите во Малезија, оставете ја жолтата облека дома. Малезиската влада донела закон со кој се забранува носењето на оваа боја. Во јужниот дел од државата, жолтата боја е симбол на протест. Секој кој носи жолто може да биде уапсен и притворен.rn

    3. Барбадос: Немојте да се вклопите со опкружувањето

    rn11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странствоrnrnЗа да избегнете конфликт со локалната полиција во Барбадос, немојте да носите облека во војнички стил. Само вистинските воени лица имаат право да носат таква облека. Оваа облека е забранета во Барбадос, Јамајка, Гренада, Доминика и Света Луција. Во забраната спаѓа облека, ранци, паричници и сè што има каки боја.rn

    4. Тајланд: Не возете автомобил без облека

    rn11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странствоrnrnБез разлика колку е топло, во Тајланд не можете да возите автомобил само со костим за капење. Мора да имате маица или што и да е што ќе ве покрие. Ова правило важи и за возачите и за патниците. За да избегнете казна, осигурете се дека функционира клима уредот во автомобилот.rn

    5. Италија: Не носете апостолки

    rn11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странствоrnrnНа италијанскиот остров Капри забрането е да се носат апостолки или сандали. Обувките за плажа се илегални бидејќи прават многу врева и им го одвлекуваат вниманието на другите луѓе.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Психотерапевт открива 7 закони за добар живот: Не трошете ја енергијата на оние кои не се грижат за вас!

    Психотерапевт открива 7 закони за добар живот: Не трошете ја енергијата на оние кои не се грижат за вас!

    Андреј Курпатов, психотерапевт, писател и колумнист, поставил златни правила за својот живот. Ви предлагаме да ги прочитате, бидејќи можеби и вам ќе ви одговараат.rnrn1-poznat-psihoterapevt-otkriva-7-zakoni-za-dobro-zhiveenje-ne-troshete-ja-energijata-na-onie-koi-ne-im-e-grizha-za-vas-www.kafepauza.mk_rn

    1. Никогаш не ја префрлајте одговорноста за она што ви се случува во животот на туѓ грб

    rnРазбираме дека постои константно искушение да обвините некој друг, бидејќи тоа е најлесниот начин да се оправдате себеси. Но, ќе ја пронајдете моќта само тогаш кога целосно ќе прифатите дека сте автор на сите свои неуспеси и креатор на сите свои успеси.rn

    2. Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – тоа е завршено

    rnМожеме да влијаеме само на иднината, а таа зависи од тоа што го правиме сега. Не очекувајте дека вашето идно јас ќе биде случајно: Морате да работите најдобро што можете за иднината да ви се насмевнува.rn

    3. Отфрлете ја илузијата дека можете да ги промените другите

    rnПотсвесно, сите ние ја имаме таа наивна илузија дека можеме да промениме некого. Како резултат на тоа, патиме бидејќи не можеме да ја спроведеме на дело. Само околностите може да ги променат луѓето – сѐ останато е перцепција на измама. Дозволете им на другите да бидат поразлични, да бидат она што се. Во некој момент, можеби ќе започнете да уживате во нив.rn

    4. На луѓето сте им потребни во најсилното издание

    rnНа никого не сте му потребни кога сте слаби, уморни, кога патите или кога сте несреќни. Ако луѓето се преправаат дека ве сакаат кога сте слаби, само ве лажат. Не подлегнувајте на таквите лаги. Едноставно сложете се со апсолутноста на ова правило, издишете, обидете се да се расположите…rnrn2-7-zakoni-za-dobro-zhiveenje-ne-troshete-ja-energijata-na-onie-koi-ne-im-e-grizha-za-vas-www.kafepauza.mk_rn

    5. Сите наши постапки имаат последици

    rnВсушност, ние секогаш избираме – не што ќе правиме, туку што ќе излезе како резултат од нашите постапки. Затоа, секогаш размислувајте за последиците. Така ќе има помалку глупави работи кои ќе ви се случуваат во животот.rn

    6. Правете го она што ви е навистина важно

    rnАко се прашувате која е смислата на животот, најверојатно сте по малку депресивни. Тоа што е најважно не е „смислата на животот“, туку чувството дека го живеете вашиот живот со смисла. Правете го она што сметате дека ви е од голема важност. Не заборавајте одвреме-навреме да се потсетите на тоа. Немојте слепо да го следите успехот, само затоа што поголемиот дел од луѓето околу вас го прават тоа. Ако едноставно го правите она што чувствувате дека е важно, успехот сигурно ќе дојде.rn

    7. Немојте да го трошите времето и енергијата на оние кои не им е грижа за вас или на оние кои не ве сакаат

    rnВо овој свет, постојат многу луѓе на кои им се допаѓате и со кои животот би бил целосна радост. Само немојте да бидете затворена и сомнителна личност. Верувајте ни – отвореноста и добрината ќе ви помогнат да ги добиете сите добра.

  • 10 љубовни закони што владеат во сите врски

    10 љубовни закони што владеат во сите врски

    Секоја љубовна врска со текот на времето се менува. Колку повеќе љубовниот пар е заедно, толку повеќе промени ќе доживеат. Неки од тие промени ќе бидат убави и забавни, некои страшни и вознемирувачки. Но, ако се проучат подобро, веднаш е јасно дека станува збор за нови фази од љубовната врска. Ви откриваме десет љубовни закони кои ниту еден пар не може да ги избегне.rnrn1-10-najiskreni-zakoni-na-ljubovta-koi-nitu-eden-par-ne-mozhe-da-gi-izbegne-www.kafepauza.mk_rn

    1. Довербата е лесно кршлива

    rnТемелот на секоја љубовна врска е довербата, и таа понекогаш изгледа доста цврста. Но, тоа е опасно чувство, бидејќи таа е многу нежна и кршлива, па затоа секогаш треба да се обидувате да ја зајакнувате доверба кај својот партнер, без разлика колку силна ви изгледа.rn

    2. Понекогаш ќе ви биде досадно заедно

    rnНевозможно е да очекувате партнерите да ги извршуваат сите обврски заедно и цело време да уживаат во тоа. Досадните моменти се неизбежни, и тоа е сосема во ред. Нема потреба за поставување недостижни цели.rn

    3. Нема секогаш да се согласувате

    rnИсто така, апсолутното согласување во текот на донесувањето на секоја одлука нема да се случи. Важно е да пронајдете компромис и да не се расправате.rnrn2-10-najiskreni-zakoni-na-ljubovta-koi-nitu-eden-par-ne-mozhe-da-gi-izbegne-www.kafepauza.mk_rn

    4. Бракот и децата се голем предизвик

    rnНекои парови мислат дека бракот или децата ќе им ја зацврстат нивната врска, но не би требало да размислуваат на тој начин. Всушност, бракот и децата може да бидат голем предизвик, па затоа е важно да се донесе таа одлука од исправни причини.rn

    5. Нема секогаш да си бидете привлечни еден на друг

    rnПочетокот на секоја врска е страстен. Но, таа страст со тек на време се смирува и вашиот љубовен живот станува посмирен. Тоа понекогаш знае да биде проблем, но не треба да очајувате, бидејќи со искрен разговор сè можете да решите.rn

    6. Понекогаш ќе се чувствувате осамено

    rnОдвреме-навреме личноста која е во врска или во брак ќе се чувствува осамено, како никој да не се грижи за неа и како никој да не ја разбира. Не треба да се грижите, бидејќи секоја личност понекогаш се чувствува на овој начин.rn

    7. Ќе имате чудни мисли

    rn„Треба ли да се разделиме?“ или „Можам ли да бидам посреќен/посреќна со некој/а друг/а?“ се неизбежни прашања во секоја љубовна врска или брак, без разлика колку сте среќни. Но, тавите чудни мисли се тотално неважни.rnrn3-10-najiskreni-zakoni-na-ljubovta-koi-nitu-eden-par-ne-mozhe-da-gi-izbegne-www.kafepauza.mk_rn

    8. Понекогаш ќе ја изгубите поврзаноста

    rnПонекогаш чувствувате како душата и срцето да ви се поврзани со партнерот. Но, понекогаш изгледа дека таа поврзаност исчезнала. Таквите чувства се сосема нормални и немојте да им давате големо значење.rn

    9. Ќе се повредите меѓусебно

    rnНикој не може да нè повреди повеќе од личностите кои ги сакаме. Нивните зборови во текот на караницата може да ве „прободат во срцето“. Тогаш меѓусебно ќе се повредите, но најважно е да го воочите проблемот и да се обидете да го решите пред да биде предоцна.rn

    10. Љубовта не може да преживее сама од себе

    rnНе заборавајте, љубовта не е доволна за врската да преживее. Партнерите во неа мора да вложат време и труд, односно мора да има подеднакво залагање од двете страни.rnrnДоколку сте заедно со вашиот партнер подолг временски период, тогаш сигурни сме дека ќе ги разберете овие чудни нешта кои ги прават само паровите кои се во долга врска.

  • 13 универзални духовни закони што треба да се почитуваат за добра карма

    13 универзални духовни закони што треба да се почитуваат за добра карма

    Духовните луѓе веруваат во универзални закони што им откриваат свет со бесконечни можности, и неретко живеат во целосна согласност со нив. Затоа тие имаат исполнет живот, постојано се среќни и добро расположени и живеат во хармонија со природата. Токму затоа и сакаме да ве поттикнеме да заборавите на момент на оние „човечки“ закони чија единствена цел е да ве ограничат, да ве држат под контрола и да се обидете што повеќе да ги применувате овие правила и насоки препорачани од ведските учења.rnrn13-univerzalni-duhovni-zakoni-shto-treba-da-se-pochituvaat-za-dobra-karmarn

    1. Закон на карма

    rnЦелата е да се одржи согласност и рамнотежа. Кармата се создава со своите намери, мисли, емоции, зборови и дела. Со цел да живеете урамнотежен живот, мора да сте во единство со својат карма.rn

    2. Закон на мудрост

    rnДа се биде мудар значи да се искористи патењето во овој живот за спознавање на самиот себеси. Мудроста е спознавањето на тоа што можеме и мораме да го промениме и она што едноставно не можеме да го промениме.rn

    3. Закон на развој

    rnМудроста се стекнува со духовен развој – мора да се издигнеме над своите емоции и егото со цел да се развиеме во насока на душата.rn

    4. Закон на вибрациска енергија

    rnСите ние сме енергија што без прекин се движи и дух што живее во телото чија енергија не умира. Ништо во универзумот не е постојано, сè се менува.rn

    5. Закон на единство

    rnСите ние сме делови од поголема целина.rn

    6. Закон на љубов

    rnЉубовта е одговор на сè, таа мора да биде безусловна, бидејќи на тој начин ве исцелува и вас, но и другите.rn

    7. Закон на благодарност

    rnВажен дел од човековиот раст и развој е благодарност за сите оние нешта што ги имате, без разлика колку мало и незначајно ви делуваат.rn

    8. Закон на став

    rnТреба да бидете способни да управувате со своите реакции, односно со својот став – цврсто стојте до своите верувања, но исто така бидете отворени и за други перспективи.rn

    9. Закон на прифаќање

    rnПрифаќањето носи согласност, а отпорот произлегува од стравот. Човекот често станува тоа на што му дава отпор – па доколку сакате да напредувате, прифатете ги работите што не можете да ги смените.rn

    10. Закон на двојност

    rnВо универзумот делуваат две сили – јин и јанг (во ведските учења се нарекуваат шива и шакти), односно машката и женската енергија. Мора да постои рамнотежа меѓу нив.rn

    11. Закон на тројство

    rnТело, ум и дух! За да се чувствувате исполнети, морате да ги прифатите овие три дела од себе, подеднакво, и да создадете рамнотежа меѓу нив.rn

    12. Закон на привлекување

    rnГо привлекувате тоа што сте, никогаш не заборавајте го тоа! Доброто се привлекува со добрина, љубовта се привлекува со љубење…rn

    13. Закон на судбина

    rnСите животни искуства ни носат по некоја поука, што по пат ја усвојуваме. Сите ние имаме своја судбина, и најпрво треба да ја пронајдеме, а потоа да ја оствариме така што ќе ги користиме лекциите што дотогаш сме ги научиле.rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие 12 универзални, но урнебесни закони за секојдневниот живот.