Сите понекогаш го губиме животниот компас и размислуваме што навистина би нè направило среќни и би нè натерало да уживаме во секојдневните искуства и предизвици. Во овие моменти, најдобро е да размислиме кои работи од нашиот живот се или треба да ни бидат приоритетни. За среќа, постои еден многу едноставен начин како да ги откриеме и да се вратиме на патот кон личниот напредок.rnrnrnrnЗемете лист хартија и едно хемиско пенкало, па запишете ги следните вредности: љубов, соработка, интегритет, трудољубивост, праведност, слобода, благодарност, моќ, скромност, разумност, почитување, статус, толеранција, имунитет и пријателство. Пречкртајте ги оние за кои сте апсолутно сигурни дека не ви се важни, а заокружете ги оние кои сметате дека имаат големо значење за вас. Запишете ги сите вредности на посебни листови хартија и наредете ги по важност. rnrnОткако ќе завршите со оваа листа, почнете да ги забележувате сите случувања и емоции кои се поврзани со заокружените вредности и кои ќе ви се случат во текот на наредната недела. За да ја олесните потрагата, поставете си неколку прашања: Дали ве разочарал некој близок кој ве озборувал со другите – искреност, дали ве повредило тоа што вашиот партнер одлучил да ја помине вечерта со пријателите, наместо да дојде на закажаната средба со вашето семејство – почитување и така натака…rnrnКога ќе откриете кои вредности ви се поважни, повторно наредете ги и истакнете ги оние кои сметате дека имаат најголема важност. Постапката повторувајте ја сѐ додека не сте сосема сигурни кои вредности го дефинираат вашиот живот и ве мотивираат да работите на личниот напредок. Така, ќе можете многу полесно да ги донесувате одлуките, независно дали тие се лесни или тешки, бидејќи конечно ќе знаете по што навистина копнеете и што недостасува во вашиот живот.
На 15 јануари се одбележа 87-от роденден на д-р Мартин Лутер Кинг. Иако тој не ѝ се обраќаше директно на нашата генерација, многу од неговите учења важат и денес. После долгите скандали, политичкото клеветење и омразата кон неговите проповеди, важно е да се навратиме на неговите зборови како една форма на просветлување.rnrnrn
„Можеби сите дојдовме со различни бродови, но сега сите сме во истиот брод.“
rnБез разлика од каде доаѓате и каде одите, мора да запомните дека државата во која моментално се наоѓате не ви припаѓа лично вам. Вие го делите ова парче земја со голем број други луѓе и токму затоа треба да се стремите кон живеење во мир со нив.rn
„Темнината не може да ја истера темнината; само светлината го може тоа. Омразата не може да ја истера омразата; само љубовта го може тоа.“
rnБез разлика дали се работи за сексуална ориентација, расни односи или религија, постои расправа во секое семејство. Кога започнува предизборната кампања, 24 часа сме бомбардирани со омраза и дискриминирање на противниците. Нашата генерација милениумци мора да научи да го селектира ѓубрето кое им се сервира и да почне да придонесува за подобрување на општеството. Ништо нема да се промени ако седиме и чекаме.rn
„Верба е кога не се плашиме да го направиме првиот чекор, иако не го гледаме целото скалиште.“
rnИмајте верба во себе и во вашите верувања, без разлика на реакциите и цената која треба да ја платите.rn
„Никогаш не подлегнувајте на искушението на огорченоста.“
rnКога губиме, лесно е да мразиме. Научете да го оставите минатото зад себе и да гледате напред кон иднината. Тоа е единствениот начин за напредување.rn
„Нашите животи завршуваат оној ден кога ќе останеме тивки за прашањата кои нѐ засегаат.“
rnСметаме дека тука не е потребно дополнително објаснување.rn
„Секогаш е вистинско време за преземање на правилниот чекор.“
rnНикогаш не е предоцна да се вклучите во некое движење. Борбата за она во кое веруваме нѐ прави човечки суштества. Се надеваме дека оваа генерација ќе се избори за вистинските вредности.rn
„Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.“
rnБорбата за човекови права не е лесна. Мартин Лутер Кинг се соочил со напади врз неговото семејство, неговите приврзаници, како и врз него самиот, за да го убеди американскиот народ дека мора да постои еднаквост. И покрај насилството и заканите врз него, тој успеал да ги отвори очите на владата, а уште поважно и на многу луѓе ширум светот.rnrnНо, борбата за човекови права никогаш не завршува. Денес сѐ уште се соочуваме со расна, полова и сексуална дискриминација и сите мора да придонесеме кон борбата против нееднаквоста.rn
„Ако не можете да летате, трчајте, ако не можете да трчате, одете, ако не можете ни да одите тогаш ползете, но што и да правите никогаш не застанувајте.“
rnНикогаш не престанувајте да се борите. Никогаш не престанувајте да поставувате прашања. Никогаш не застанувајте.rn
„Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.“
rnБез разлика дали се работи за движењето за права на црната раса или заштитата на мажите и жените од ЛГБТ заедницата, нашето општество е соочено со предизвици и контроверзии. Застанете во одбрана на тие што немаат право на глас. Дигнете го гласот за оние кои се плашат да зборуваат.rn
„Доаѓа момент кога секој мора да заземе позиција која не е безбедна, ниту политичка, ниту пак популарна, но морало да ја направат само затоа што ја послушале својата совест.“
Кога ќе запознаете некое момче, вие најчесто ја забележувате неговата коса, прекрасните очи и неверојатната насмевка. Но, сте се запрашале ли некогаш „Дали тој има сестра?“ Најверојатно не. Секако, тоа не е некоја мисла што веднаш ќе ви падне на памет, но верувајте дека е многу корисна. Момците кои имаат сестра развиваат некои добри квалитети, кои ги користат во врската, а секако ги научиле од своите сестри.rnrnrn
1. Тој знае како да третира дама
rnМомците кои пораснале со сестра, најверојатно слушале како таа сака да биде третирана од страна на еден маж. Таа најверојатно му има кажано што треба да прави, а што не кога ќе запознае девојка. После слушањето на сите тие приказни, тој ќе научи што очекуваат жените во врската и ќе биде подготвен да се посвети.rnrnrn
2. Тој ги разбира девојките
rnБидејќи бил опкружен со жени целиот негов живот, тој нема да има нереални очекувања од вас. Тој ќе разбира на пример колку болно може да биде кога сте во менструален циклус. Исто така ќе разбере и дека не може да носите шминка 24/7 и вашата коса да биде постојано средена.rnrnrn
3. Тој бил сведок на скршено срце
rnАко неговата сестра патела од скршено срце после сериозна врска, тогаш тој знае колку е тешко раскинувањето од женска перспектива. Тој ќе види како неговата сестра се справувала со тоа и каков ефект оставило тоа врз неа. Откако ќе види колку е тешко, тој ќе се погрижи да биде најдобар што може за да не ви се случи истото и вам.rnrnrn
4. Тој ќе ве штити
rnСигурно сте слушнале дека браќата се однесуваат заштитнички кон својата сестра кога станува збор за момчето со кое таа излегува. Можеби за некои ова звучи чудно, но има некоја вистина во тоа. Момчињата кои се однесуваат заштитнички кон својата сестра, ќе се однесуваат исто така и кон својата девојка. Тие ќе ја заштитат од наметливите момчиња кои ќе се обидат да флертуваат со неа, бидејќи тоа е негов природен инстинкт – да ги заштити оние кои ги сака и за кои се грижи.rnrnrn
5. Тој знае како да зборува со девојки
rnТој не е еден од оние момчиња кои ќе ви зборува колку време поминал во теретана или колку пива испил за да ве импресионира. Наместо тоа, тој ќе зборува за работи кои двајцата ги сакате, бидејќи знае дека девојките повеќе се заинтересирани за нештата за кои можат и тие да зборуваат.rnrnrn
6. Тој знае колку ви се важни вашите пријателки
rnТој знае дека девојките имаат тенденција во детали да зборуваат за нивните момчиња со најдобрите пријателки. Тој исто така знае дека за да го освои вашето срце, треба да има одобрение од нивна страна, што ќе го мотивира да остави што е можно подобар впечаток.rnrnrn
7. Тој знае колку време ви е потребно да се подготвите
rnРастејќи со сестра, тој сигурно чекал долго време пред бањата. Или пак, чекал долго време во трговскиот центар додека таа купувала нешто. Тој ќе ве разбере. На девојките им е потребно долго време за да се подготват кога сакаат да изгледаат убаво, но исто така и кога се во соблекувалната, за да се убедат да не купуваат разни непотребни парчиња. Тој тоа добро го знае.rnrnrn
8. Тој знае кои квалитети да ги побара во една девојка
rnТој знае како да ја пронајде девојката која е вредна за неговото време, бидејќи неговата сестра го има научено кои девојки треба да ги избегнува. Тој исто така нема да прифати ништо помалку од тоа што му треба, бидејќи знае што сака од една девојка и има реални очекувања.rnrn
Честопати нашето внимание е насочено кон случувањата и околностите во кои не сме се покажале во најдобро светло или пак кон желбите кои нè насочуваат кон нешто што ни се чини недостижно, па затоа имаме тенденција да го занемаруваме сето она што е феноменално околу нас. Од друга страна пак, научени сме да бидеме скромни и ретко кога го гледаме сопствениот успех во целост, но понекогаш е добро да се потсетиме на нашите јаки вредности.rnrnrn
1. Добро знаете што не сакате
rnПоминуваме многу време размислувајќи за она што го сакаме. Го бараме вистинскиот партнер, кариера која ќе не исполнува, ги набљудуваме луѓето околу нас и гледаме што тие постигнале пред нас… Сепак, за целото тоа време ние имаме јасна претстава што ние не сакаме во нашиот живот. Не треба да го водиме нашиот живот врз основа на другите луѓе, не треба да го остваруваме сето она што ќе ни падне на памет и што мислиме дека ни е потребно. За среќа е потребно многу малку, а тоа малку најчесто се крие во она што веќе го знаеме или пак ни е лесно да го дознаеме – сè она што не сакаме да нè опкружува. Свртете ја перспективата и таму ве очекува вистинско изненадување.rn
2. Ја прифаќате одговорноста за својот живот
rnСекој од нас имал некој тежок момент во својот живот. Без разлика дали станува збор за губење на саканата личност, финансиски потешкотии, скршено срце или проблеми со семејството и пријателите, нема личност која никогаш не почувствувала некоја празнина. Можеби не е можно тие ужасни искуства да се избришат, но има избор да се продолжи понатаму. Ако сте прифатиле дека иднината е во вашите раце, со самото тоа сте ја прифатиле и одговорноста за вашиот живот, како и тоа што ќе биде со него. Можеби не можете да го промените минатото, но знаете дека може да влијаете на вашата иднина.rn
3. Ја знаете вистинската вредност на пријателството
rnВо некој момент од животот сигурно покрај вас сте имале негативни луѓе, луѓе кои во вас буделе некои негативни страни кои не сте знаеле дека воопшто ги имате, но веќе сте се оттргнале од нив. Сте сфатиле и потполно се сложувате дека не е важен квантитетот на луѓе кои ве опкружуваат, туку квалитетот на тие односи. Знаете дека вашето време треба да го посветувате на луѓето кои ќе го ценат тоа и кои ќе ви возвратат со иста мера и со позитивна енергија. Започнавте да одбивате да бидете во близина на личности кои не се способни да ги споделуваат вашите емоции, да бидат искрено среќни за вас и сега знаете дека заслужувате многу повеќе.rnrnrn
4. Свесни сте дека материјалните работи немаат голема важност
rnМногу е лесно некои работи да ве привлечат и да помислите дека ако ги добиете на вашата среќа нема да ѝ има крај, но колку и да е силна, таа не трае долго. За вистинска среќа воопшто не ви се потребни најновите производи, скапата гардероба или техничките уреди. Ако веќе го знаете тоа, вие давате поголемо значење на односите со луѓето кои ви значат и знаете дека рачно направената честитка од пријателите е многу повредна од скапиот подарок од некој бутик.rn
5. Не дозволувате да ве изнервираат мали нешта
rnСите ние одвреме-навреме се нервираме. Без разлика што е во прашање, дали проблемот е мал или голем, нашите емоции се секогаш валидни. Меѓутоа, треба да се потсетиме дека животот не е толку долг. Ако не дозволувате малите нешта толку многу да допрат до вас, вие си давате повеќе време и оставате повеќе енергија за убавите моменти кои ги носи животот. Побргу оздравувате од стресот и полесно ја пронаоѓате зрелоста за да продолжите понатаму. Па, вие свесно донесувате одлуки и ја избирате среќата, наместо нервозата и бесот.
Поимот нормално се сведе на поимот просечно, медиокритет, потреба за материјални добра, послушност на диктатот на потрошувачкото општество и лицемерието на лажниот морал. Станавме себични и исплашени за себе и за сопственото преживување. Станавме завидливи и љубоморни, наместо радосни за успехот на другите. Идоли ни се популарните и гламурозни личности, наместо големите и сјајни умови и научници.rnrnОва е кратка листа на работи кои се нормални, но поради времето во кое живееме стануваат вистинска реткост.rnrnrnrn1. Помагање на непозната личност– Отуѓеност. Ова може да го кажеме кога коментираме за настан во кој некоја личност паднала, но никој не ѝ пришол да ѝ помогне. Ако вие сте единствените кои сте пришле да ѝ помогнете, додека десеттина други само гледале или уште полошо – поминувале и ја вртеле главата на другата страна, во нивните очи вие сте тие кои не се вклопуваат и правите тие да се чувствуваат непријатно. Најверојатно тој што паднал е алкохоличар, наркоман, скитник. Па што? Човек е!rnrn2. Преземање одговорност за своите грешки – Кога нешто ќе згрешите нормално е вие први да го забележите тоа и да кажете. На работа, во семејството, во врската, секаде каде што ќе погрешите. Но, преземањето одговорност денес стана екстравагантна и несакана појава, наместо да биде мерило за нормалност.rnrn3. Извинување– Извинување кога некого случајно ќе удрите додека се разминувате, извинување пред некому да му се обратите и извинување кога ќе погрешите нешто или ќе повредите некого. Се извинуваме со цел да го поправиме она што може да се поправи и да се прости. Нормалните луѓе го правеле тоа отсекогаш.rnrn4. Љубезност – Зборуваме за љубезното обраќање кон сите без разлика кои се и за подготвеноста да ги ислушате и да размислите како да им излезете во пресрет, дури и кога некого мора да одбиете, бидејќи не можете да направите нешто. Понекогаш сте направиле доволно со самото тоа што некого сте ислушале, сте го сфатиле сериозно и љубезно сте му се обратиле.rnrn5. Општа култура – Значи да ги следите и да ги познавате современите настани во музиката, книжевноста, политиката, економијата. Да имате љубопитност и редовна активност. Да читате, да одите во кино, да слушате музика, да гледате филмови. Да консумирате содржини кои се надвор од рамките на вашето општество. Да бидете подготвени да разговарате со кого било од која било земја во светот.rnrnrnrn6. Отвореност и доверба – Нормално е отворено да им пристапувате на луѓето и да имате доверба во нивните добри намери, само што ова повеќе не е нормално и луѓето се многу недоверливи и воздржани. Ова е резултат од многуте лоши искуства.rnrn7. Чесност и искреност – На чесниот и искрен човек му е навистина незгодно кога околината го гледа како будала и ексцентрик.rnrn8. Изјавување љубов и приврзаност – И љубовта е променета заедно со останатите човечки вредности. Често ги криеме нашите чувства, бидејќи нè прават ранливи и мета на оние кои сакаат да нè повредат.rnrn9. Радост за туѓиот успех– И тоа не мора да биде некој наш близок роднина или пријател. Ако некој успеал во нешто што ние одамна сме сакале да го постигнеме, тоа е дополнителен мотив за нас дека и ние го можеме тоа.rnrn10. Интегритет – Да се биде личност со интегритет значи да се познавате и сакате себеси и да живеете според сопствени правила, и покрај ненормалноста која ја диктираат поголемиот дел од луѓето.
Излегувате подолго време и на памет ви паѓа да го поставите големото прашање? Тогаш продолжете со читање. Ова се знаците кои покажуваат дека сте во врска со девојката која треба да ви биде сопруга.rnrnrn
1. Ги знае вашите пријатели и се грижи за нив
rnГи знае по име сите, и блиските и не толку блиските. Знае што се случува во нивните животи и прва ќе крене слушалка да им честита роденден или да им „мести“ некоја пријателка. Никогаш не би сакала да се претворите во оние кои си ги забораваат другарите откако ќе почнат сериозна врска.rn
2. Кога одите заедно на патување или одмор, не се карате постојано
rnДури и ако автобусот се расипал или хотелот не бил како на сликите, вие ќе најдете начин да не избувнете и сепак да го извлечете најдоброто од понуденото.rn
3. Одвреме-навреме ја фаќате како ве мерка од глава до пети
rnСлатко е кога ќе помислите како ве мерка подгризнувајќи си ги усните, како вие да сте најсекси суштество на светот. Го прави тоа несвесно, исто како „тазе“ заљубените девојки.rnrnrn
4. Имате исти животни приоритети
rnДелите исти вредности и приоритети. Се согласувате за најважните животни прашања. Ако вас семејството ви е важно, важно ѝ е и неа.rn
5. Сака да се фали со вас
rnНе ве пушта од рака додека разговара со некој друг, ве гледа со заљубен поглед и неретко ќе ве пофали за постигнатото пред други.rn
6. Кога пријателот се жали за својата врска, воопшто не се пронаоѓате
rnЗарем така постапила? Тоа е толку различно од вашата девојка. Всушност, кога слушате како пријателот се жали за љубовта ви се чини дека вие сте од друга планета.rnrnrn
7. Таа е вашата најголема поддршка
rnЗа што и да треба да одлучите, со каков проблем да се соочувате, таа е тука, и секогаш е на ваша страна. Го сака најдоброто за вас и за вашата иднина, па ќе ви ја даде целосната поддршка дури и тогаш кога од неа се бара пожртвуваност.rn
8. Слободно ја вклучувате во плановите за иднината
rnАко, да речеме, свадбата на вашата сестра е за една година, без ни малку да се почувствувате чудно, го планирате вашето заедничко одење.rn
9. И двајцата сте подготвени на компромис и сте пожртвувани еден за друг
rnНе сака да биде само по нејзино, и ако тоа ве прави среќни ќе излезе од нејзината зона на комфорот.rn
10. Не се обидува да ве промени
rnИако ги знае сите ваши маани и слаби страни, што секој од нас ги има, не се обидува да промени ништо кај вас. Не ве споредува со други, што би ве навредило. Едноставно ве прифаќа такви какви што сте.rn
11. Им се допаѓа на вашите пријатели
rnПо толку состаноци кои тргнале наопаку, по толку напорни и токсични врски и флертови, вашите пријатели се среќни што имате таква девојка покрај себе.rn
12. Може целосно да бидете искрени со неа
rnНе чувствувате потреба да се преправате ниту пак да прикриете нешто. Може да ѝ кажете што било и се чувствувате слободни со неа.rnrnrn
13. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога нешто ќе ви се случи
rnБез разлика дали е тажна или среќна вест, прво кревате слушалка за да ја споделите со неа.rn
14. Ги прифаќа работите кои се чудни кај вас
rnКако некоја чудна или неразбирлива навика за која и вие би се срамеле. Гледате дека дури и почнува да ја применува.rn
15. Имате нескротлива потреба да ја заштитите
rnПостојано сте загрижени да не ѝ се случи нешто лошо. Кога ќе ви се јави растревожена посакувате да го убиете оној кој направил да се чувствува така.rn
16. Кога се карате, тоа го правите на фер начин
rnТаа се кара со вас на фер начин. Нема да спомнува нешто што се случило пред многу време ниту пак ќе гледа да ви ги погоди слабите точки или да ве потсети колку сте згрешиле во нешто.rnrnrn
17. Има свој живот настрана од вашата врска
rnСи има свој идентитет, нејзиниот идентитет не е слеан во врската. Неретко ќе излезе сама со другарките или ќе замине некаде без вас. И покрај тоа што многу ве сака, таа е самостојна.rn
18. Кога сте разделени ви недостига
rnКога ќе ѝ кажете дека ви недостига, навистина го мислите тоа. Мразите да одите во кревет или да се будите без неа.
За да го направите тестот, најпрво треба да ја прочитате приказната.
rnrnrnЕдна девојка шета покрај река. На другиот брег здогледува младо момче во кое во истиот момент се заљубува. Се обидува да го дознае неговото име, но безуспешно. Не знае да плива, па преминувањето на другата страна на реката е невозможно. Мост нема на видик. Единствено што знае е дека по секоја цена мора да стигне до ова момче. Изненадно здогледува човек на сплав. Му се приближува и му ја објаснува ситуацијата. Му ги нуди сите пари што ги има.rnrn„Ќе те превезам, но пари не ме интересираат. Ако спиеш со мене, брзо ќе дојдеш до момчето кое ти се допаѓа.“ Очајната девојка го остава човекот на сплавот и продолжува да оди по брегот. Сега е веќе сосема разочарана. На патот среќава старец. Кога тој ја прашува зошто плаче, таа му објаснува што се случило. На крајот го прашува за совет. Треба ли да спие со човекот на сплавот за да дојде до оној што ѝ се допаѓа?rnrn„Драга девојко, за тоа мораш сама да одлучиш“, ѝ одговорил старецот.rnrnТаа продолжува да оди по брегот, размислува и набрзо носи одлука. Се враќа, ја прифаќа понудата на човекот на сплавот и набрзо јури на другата страна на брегот. Најпосле стигнува до момчето. „Видов што направи. Те презирам!“, во еден здив изговара момчето. Во моментот девојката паѓа на земја, а од шумата излегува друго непознато момче. Воодушевено ја гледа девојката и ѝ вели: „Ја видов целата приказна од почеток до крај. Омажи се за мене!“rn
Решение на тестот
rnОткако ја прочитавте приказната, треба да ги оцените сите 5 актери со оценка од 1 до 5. Највисока оценка (5) дајте му на оној лик во приказната кого го сметате за најпозитивен, а најниска (1) на оној кој ви оставил најлош впечаток. Една оценка не треба да се повторува.rn
Ликовите се:
rn
rn011
Девојката
rn011
Момчето
rn011
Човекот на сплавот
rn011
Старецот
rn011
Второто момче
rn
rn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Погледнете кој лик што претставува:” active=”false”]rnrn1. Девојката – љубов, страстrnrn2. Момчето – љубомора, себичност, малодушностrnrn3. Човекот на сплавот – материјална вредност, егоизамrnrn4. Старецот – животна мудрост, мирrnrn5. Второто момче – љубовен живот[/toggle_item]rnrn[/toggle_box]rnrnНа овој начин добивате скала на особините на вашиот карактер, односно вредностите до кои се држите во животот.
Во врска сте, задоволни сте и среќни сте заедно. Меѓутоа и понатаму се прашувате дали сте судени еден за друг. Прочитајте ги овие 10 знаци и веднаш дознајте дали сте сродни души.rnrnrn
1. Имате слични интереси
rnЈа делите страста кон спортот, некое хоби или кулинарството. Без разлика дали е во прашање скијање или љубовта кон лутата храна, вие и вашиот партнер со самото тоа имате цврста основа за врска. А тоа е добар знак дека врската ќе трае.rn
2. Но не ги сакате баш СИТЕ исти работи
rnНезависно од тоа колку е еден пар компатибилен, секој од нас би требало да ја зачува својата индивидуалност и своите сопствени интереси кои се важни за да одржувате здрав начин на живот.rn
3. Еден на друг си ги кажувате тајните
rnДали ви се има доверено дека во трето одделение се измочал во кревет? Дали му го откривте стравот од пајаци? Способноста да му верувате на партнерот и да се чувствувате пријатно додека му откривате некои од најсрамните и најмрачните искуства во вашиот живот, говори многу за силата на вашата врска.rn
4. Не можете да престанете со допирите и бакнежите
rnФизичката привлечност не е сè, но дефинитивно е многу важна.rn
5. Сакате да истражувате заедно
rnБез разлика дали е тоа пат до Мачу Пикчу или заедничка посета на курс по готвење, посета на некој музеј или заеднички часови по фотографија, работите кои ги учите и откривате заедно значат дека сте способни заедно да се развивате.rn
6. Фер кавги
rnНиеден пар не е имун на кавги, но начинот кој го правите тоа е вистински тест за вашата врска. Ако сте во состојба заедно до дојдете до продуктивен заклучок, вие сте буквално родени еден за друг.rn
7. Го обожавате семејството на другиот
rnАко ги сакате членовите на неговото/нејзиното семејство колку што го сакате него/неа, тоа е знак дека сте идеален партнери. Не грижете се премногу за неговата чудна мајка или за нејзиниот престрог татко. Во секое семејство има некој што е „чуден“, а заштитничкиот став кон своето чедо исто така си го прави своето.rn
8. Ги сакате неговите/нејзините пријатели
rnСемејството е важно, но важни се и пријателите со кои го минувате времето. Добувате бонус поени доколку немате ништо против да поминете заедничко време со неговите другари во друштво, но двојно повеќе поени доколку како машко се сложите да излезете со нејзините другар(к)и.rn
9. Имате исти вредности
rnСудбината на вашата врска има подобри изгледи ако обајцата сакате три деца и два златни ретривери. Или ако двајцата знаете дека не сакате деца туку јахта на која ќе живеете до крајот на животот додека други ви служат шампањско и сирење на послужавник.rn
10. Меѓусебно си ги довршувате речениците
rnОва е и знак дека сте најдобри другари. Кога двајца луѓе се познаваат толку добро за меѓусебно да си ги читаат мислите, значи дека потполно сте опуштени во врската и можете да бидете сосема свои во неа.
20-тите години од нашите животи се период во кој чувствуваме дека сме незапирливи и дека располагаме со потенцијал кој треба да биде искористен. На моменти може да се почувствуваме несигурно и исплашено, но важно е да не ги заборавиме најважните нешта. Еве како во екот на младоста да го извлечете најдоброто од себе.rnrnrn
1. Патувајте
rnБез разлика дали сте пораснале во голем или мал град или во село, вистината е дека во вас се врежани одредени идеи, ставови и гледишта. Патувањето ќе ви ги прошири хоризонтите и ќе ве натера да прифатите повеќе различни култури и вредности, истовремено терајќи ве повеќе да се запознаете себеси. Искористете ја секоја можност да искусите нешто ново без разлика дали станува збор за одмор или стажирање во странство.rn
2. Променете го вашето гледиште за парите
rnВо ред, парите се потребни, но сигурно не се сè во животот. Ако само се стремите кон правење пари со цел да покажете дека вредите, ќе пропуштите многу важни нешта во животот. Затоа неопходно е да го најдете тој баланс на нештата. Ако пак, од друга страна, продолжите да ги гледате парите како средства кои ги добиваме од нашите родители и кои постојат за да се трошат без резерва, нема да научите да ги вреднувате правилно, а навистина треба.rn
3. Пронајдете го вашиот пат во животот
rnЗалудно е да продолжите да пробувате да се вклопите во некоја шема, 20-тите години се вистинско време да се откриете себеси. Оставете го светот, трендовите, ставовите и мислењата настрана, и вистински откријте се себеси. Што сте, во што уживате, што сакате, каде мислите дека припаѓате? Време е да го пронајдете вашиот пат во животот, да се научите себеси но и да се сакате токму какви што сте.rn
4. Почнете да се грижите за вашето тело
rnВреме е да престанете да се однесувате лошо со своето тело. Недоволниот сон, претераното пиење, лошата исхрана – можеби овие нешта нема да се манифестираат со последици во вашата младост, но со сигурност ќе дадат резултати подоцна. Доколку сакате да се чувствувате убаво, да бидете полни со енергија и виталност, почнете да се грижите за своето тело.rn
5. Научете да се дистанцирате од виртуелниот свет
rnСоцијалните мрежи ви беа интересни кога бевте тинејџери. Време е да научите да се дистанцирате од виртуелниот свет и многу повеќе да се осврнете кон реалниот живот како стекнување вистински пријатели, учење и доживување нови авантури.rnrnrn
6. Простете си себеси за минатото
rnГрешките во сечиј живот се неизбежни, и тие нè учат на големи и важни лекции. Точно е дека сте направиле грешки и пропусти и дека некои нешта во минатото сте ги направиле погрешно, но токму тие ве направиле она што сте денес. Секој има товар од минатото и ако не си простите само ќе продолжите да се мачите себеси и нема да ви успее да свртите нова страница и вистински да почнете од почеток.rn
7. Дистанцирајте се од драма и конфликти
rnНекои личности сакаат да предизвикуваат драми и кавги поради многу причини, но кога добро ќе размислите навистина не вреди да претрпите толкав стрес за на некого да му правите забава. Постојат многу личности и ситуации кои ќе ве испровоцираат но држете се подалеку од токсичните пријатели и кралиците на драмата.rn
8. Успорете
rnСекако дека не можете да дочекате да ви се случат големи нешта, да постигнете многу, да искусите што е можно повеќе авантури, но во ред е некогаш да паузирате, да застанете. Впијте ги нештата кои ви се случуваат, уживајте во малите работи наместо брзо да итате кон повеќе бидејќи еден ден ќе сфатите дека сте ги пропуштиле сите мали нешта кои го прават животот.rn
9. Инвестирајте во себе
rnБез разлика дали станува збор за нова книга, курс или посета на семинар, инвестирајте во сè што може да ве надгради и унапреди како личности. Таа инвестиција секогаш се исплаќа.rn
10. Дефинирајте ги вашите вредности
rnНештата кои ве прават среќни, личностите на кои им се восхитувате и ги почитувате, работите во кои вложувате и верувате се вашите вредности. Концентрирајте се на тоа да го живеете животот според вредностите кои сами сте ги поставиле за себе. Така гарантирано ќе бидете посреќни.rnrnrn
11. Најдете ги вашите вистински пријатели
rnКако мали сме се дружеле со децата кои живеат блиску до нас или ни се куќни пријатели, како тинејџери сме се дружеле со оние кои учат заедно со нас, а како возрасни се дружиме со нашите колеги. Сепак, настрана од оние личности со кои можете да си направите добар кафе-муабет постојат вистинските пријатели со кои може да направите буквално сè. Тука е вашиот партнер, социјалниот живот, зафатеноста со работа, што придонесува да ги занемарите пријателствата, но никогаш не заборавајте колку вредат. Најдете ги вашите вистински пријатели и чувајте ги како да се скапоцени камења. Секому му треба вистински пријател, нека не ве залажува она што го имате во моментов.rn
12. Не дозволувајте му на детето во вас да исчезне
rnВеќе станувате возрасни и од вас се бара да бидете посериозни и тоа е сосем правилно. Но, никогаш не дозволувајте детето во вас да ве напушти, колку и да ви звучи налудничаво. Тоа што имате над 20 години не значи дека не треба да се радувате на детски песни, да пеете гласно, или да играте со јаже исто како кога бевте мали.rn
13. Научете да управувате со парите
rnНајпрво учете од вашите родители или од оној кој може да ви послужи како пример, потем почнете да го применувате наученото. Не мора да бидете економисти за да знаете како да управувате со парите, едноставно тоа е потреба во животот па бидете паметни дури и кога станува збор за ситни трошоци.rn
14. Поставете си цели
rnНе зборуваме за детален план за животот, но пожелно е да знаете кон што се движите и што сакате. Оној кој не знае што сака веројатно нема ни да го добие. Поставете си цели и не заборавајте да го направите првиот чекор кон нивно остварување.rn
15. Решете ги вашите најголеми проблеми
rnФакт е дека во животот секој има проблеми, а не ни сакаме совршен здодевен живот во кој тече мед и млеко. Но, зборуваме за нештата кои веќе со години ве мачат и кои треба еднаш засекогаш да ги решите за да живеете исполнет и среќен живот. Не дозволувајте си да продолжите понатаму во животот чувствувајќи голем проблем со самодовербата, љубомората, стравот или некоја фобија.rnrn rnrn
„Малиот принц“ е најпознатиот роман на Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943-та година. Иако замислена како книга за деца, оваа филозофско-лирска сказна, прави повеќе длабоки и идеалистички поенти за животот и човековата природа, со што претставува неповторливо четиво не само за децата, туку и за читателите од сите возрасти. Во општество полно со гордост, суета и лажни вредности, оваа книга ќе ве потсети на важноста на љубовта, пријателството, одговорноста и приврзаноста во градењето на подобар живот, а со тоа и на подобар свет.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrn
rnrnНа почетокот, нараторот, кој раскажува во прво лице, се навраќа на своите први цртежи и на неуспешниот обид да биде сликар, по што станува авијатичар. Поради дефект на авионот, тој е принуден да се спушти среде пустината Сахара каде што ќе го сретне малиот принц, кој на Земјата е дојден од друга планета, астероидот Б 612. Особено важни се меѓупланетарните патувања на принцот, кои отвораат цела галерија портрети на луѓе, што својот живот го посветиле на безумни цели: крал кој управува со илузорна империја, вообразеник опиен од суета, бизнисмен занесен со сметање на ѕвезди итн. Кога веќе еднаш стигнува на Земјата, принцот се соочува со уште една група симболи, кои се во улога на подучувачи и морализатори. Се чини дека најважна од сите е лисицата, која на принцот му открива една голема тајна, која како да ја носи суштината на целото дело:rnrn
„…човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.“
rnИ така, принцот доаѓа до сознанието дека времето што го загубил за неговата ружа е она што ја прави толку значајна и поразлична од многуте расцветани ружи во градината, кои иако убави, се неприпитомени и празни. Кога недостигот од вода во пустината станува алармантен, принцот му го открива на пилотот неисцрпниот извор, богатството што секој го носи во себе. Наскоро доаѓа часот на нивната разделба. Обземен од споменот за своето цвеќе, принцот ја замолува змијата смртоносно да го касне, зашто само така ќе може да ја напушти Земјата и да се врати онаму од каде што доаѓа.rnrnrnrnЗа да ја открие смислата на животот, малиот принц никогаш не престанува да поставува прашања. Авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет, лишен од вистинските вредности, каде владее грубиот рационализам и извештаченоста на возрасните. Преку ликот на принцот, се оживуваат квалитетите и доблестите, кои му даваат смисла и содржина на животот. Тој лесно стекнува пријатели, чесно ги исполнува обврските, има храбро, благородно срце и разумен поглед кон светот. Трудољубив е, постојан во својата приврзаност и без алчни или агресивни стремежи.rnrnЕдноставноста на раскажувачкиот тон, езотеричниот јазик, ненаметливоста на репликите и навидум наивните цртежи и акварели, се оние што ја кројат необичноста на „Малиот принц“, за кој несомнено се можни безброј интерпретации. Ќе уживате во едноставниот стил на кој е напишана книгата и ќе ве натера да се запрашате дали можеби и вие несвесно сте станале дел од грубиот, рационален свет на возрасните, целосно отуѓени од детскиот светоглед. Ќе ве натера да се преиспитате и да сфатите дека чувството на пожртвуваност, одговорност и солидарност во остварувањето на одредена хумана цел, му помагаат на човекот, најпрвин да стане господар на самиот себеси, а потоа во заедница со другите луѓе и господар на целиот свет.rnrnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 16 јули 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn