КАФЕ ПАУЗА

Tag: вредности

  • 3 причини кои ќе ви укажат дека вашите родители се вистински шамани!

    3 причини кои ќе ви укажат дека вашите родители се вистински шамани!

    Дали некогаш сте размислувале дека родителите можат да бидат вистински шамани? И родителите и шаманите ги подучуваат луѓето да ја пронајдат својата животна цел. Еве на кој начин тие си личат еден со друг.rnrn3 причини кои ќе ви укажат дека вашите родители се вистински шамани! rn

    1. Тие создаваат безбеден простор

    rnШаманот, пред да почне со процесот на исцелување најпрвин создава погодна средина каде што може да се одвива самиот процес. На тој начин, шаманот му помага на пациентот да се поврзе со своето внатрешно јас, нешто што е неопходно за лечење на неговата душа. Од друга страна, и родителите имаат тенденција да го прават истото со своите деца. Тие се обидуваат да создадат безбедно засолниште кое ќе им овозможи на децата да бидат ментално и физички здрави.rn

    2. Тие се водачи, а не инструктори

    rnШаманите ги водат пациентите во процесот на духовното исцелување преку давање совети, а дали тие ќе ги следат советите или не зависи првенствено од нив. Целта на шаманот е духовно да ја лекува личноста, а не да ја контролира. Родителите кои сакаат да израснат здрави и среќни деца го прават истото.rn

    3. Тие не судат

    rnИсцелителите не ги судат своите пациенти. Напротив, тие имаат високо ниво на емпатија, сочувство и љубезност што им дава можност да ги смират пациентите. Меѓу другото, тие ја гледаат реалноста онаква каква што е. Нивната интуиција, разбирање и видовитоста им помагаат да разберат што е потребно за да му се помогне на другиот. Така, нивната примарна цел е да им помагаат на луѓето, а не да ги истакнуваат нивните мани и несовршености. Родителите го прават истото со своите деца. Тие не ги етикетираат или осудуваат поради нивните грешки туку им помагаат да ги осознаат своите грешки и да учат од нив. Родителите се оние кои ги водат децата во потрагата по сопствениот пат и им помагаат да се вратат на вистинскиот пат кога ќе се изгубат.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу родителите и шаманите, можеби ќе сакате да прочитате и како родителството ве прави одговорна личност.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да престанете да се грижите за она што луѓето го мислат за вас?

    Како да престанете да се грижите за она што луѓето го мислат за вас?

    Секој од нас сака да биде прифатен во средината во која живее. Тоа се должи на фактот дека човекот по природа е социјално суштество кое копнее за поврзување, интимност и комуникација со другите. Но, што ако почнете премногу да им ставате значење на мислењата на познајници и непознати? Прочитајте ги нашите совети за како да престанете да се грижите за она што другите го мислат за вас.rnrnКако да престанете да се грижите за она што луѓето го мислат за вас? rn

    1. Идентификувајте ги вашите вредности

    rnКои се вашите вредности? Тие се причината за сето она што го правите. Можеби ви значат пријателите затоа што за вас пријателството е бесценето. Или, честопати патувате затоа што сте авантурист по природа. Осознајте ги вашите вредности, наместо да размислувате дали тие ќе бидат одобрени или не од вашата социјална група. Според психолозите, кога ќе се фокусирате на вашите вредности, без да се откажувате од нив, ќе бидете полни со самодоверба. Во овој случај, ќе можете да го живеете животот онака како што вие посакувате, без да им угодувате на другите.rn

    2. Изберете го вашето друштво

    rnВеројатно имате многубројни познајници преку работа, училиште или социјалните мрежи. Не заборавајте дека не сите нивни мислења треба да ви бидат подеднакво важни. Бидете опкружени со луѓе кои ве прифаќаат онакви какви што сте, без да ве осудуваат за вашите постапки. Вие самите одлучете кого ќе прашате за совет и не дозволувајте нечие непотребно мислење да ви влијае во животот.rn

    3. Оддалечете се од луѓето кои осудуваат

    rnГрадете врски со луѓето кои ве поддржуваат и ви даваат позитивна енергија, а оддалечете се од оние кои не го прават тоа. Држете ги токсичните луѓе колку што е можно подалеку од вашиот живот.rn

    4. Забавувајте се

    rnИмате само 24 часа во текот на денот, па затоа бидете мудри во поглед на тоа како го трошите времето. Нормално е дека колку повеќе време им посветувате на нештата кои ве прават среќни, толку помалку ќе се грижите за она што го мислат другите луѓе. Можете да почнете со ново хоби или активности кои го подобруваат вашето ментално здравје.rn

    5. Помирете се со фактот дека не можете да им угодите на сите

    rnИако е полесно да се каже отколку да се направи, сепак помирете се со фактот дека никогаш нема да бидете доволно добри за сите. Затоа, не вреди да ја насочувате енергијата кон угодување на другите. Тоа може само да ве направи несреќни.rn

    6. Не споредувајте се со другите

    rnНикогаш не ги споредувајте своите со туѓите достигнувања. Тоа не само што може да ве разочара, туку и да ве натера да се откажете предвреме од вашите замисли и цели.rn

    7. Прифатете се себеси онакви какви што сте

    rnСекој од нас е различен сам по себе и затоа, според психолозите, најдобро е да се запрашате кои сакате да бидете, независно од туѓите мислења. Размислете за тоа кои сте сега, во моментов, и кои сакате да бидете, во иднина. Не заборавајте дека сите ваши верзии се подеднакво вредни, без разлика дали се помалку или повеќе успешни сè додека работите на својот личен развој.rnrnОткако прочитавте како да престанете да се грижите за туѓото мислење, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 знаци укажуваат на фактот дека претерано се грижите за туѓото мислење.rnrnИзвор: greatist.com

  • Крвна слика: Кои вредности се нормални?

    Крвна слика: Кои вредности се нормални?

    Колку и да ви е страв од игли или земање крв, одењето во лабораторија е неопходно за дијагностицирање на речиси сите болести. Анализата на крвта дава увид во здравјето на организмот, а во продолжение погледнете кои вредности се нормални.rnrnКрвна слика: Кои вредности се нормални?rn

    КОМПЛЕТНА КРВНА СЛИКА

    rnКомплетната крвна слика е основна лабораториска анализа на крвта со која се проценува општата здравствена состојба и се откриваат разни нарушување како анемија, инфекции, вирусни заболувања, ухранетост на организмот и изложеност на отровни материи. Со оваа анализа се добива увид за бројот и квалитетот на ертитроцитите, тромбоцитите и леукоцитите.rn

    Ертитроцити (Er)

    rnЦрвените крвни зрнца се клетки кои го содржат хемоглобин и кои учествуваат во разнесувањето на кислородот и јаглеродниот диоксид во организмот.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ 4,5-6,3 х 10 на 12/lrnrnЖ 4,5-5,4 х 10 на 12/lrnrnЗголемен број: Дехидратација, полицитемија (ретко заболување)rnrnНамален број: Еден од показателите за анемија, заедно со хематокритот, хемоглобинот и ертитроцитните константиrn

    Леукоцити (Le)

    rnБелите крвни зрнца се создаваат во коскената срж и нивната цел е заштита на организмот од инфекции. Секој одреден вид леукоцити (ги има 5) има посебна функција којашто се гледа од формулата која се прави независно од крвната слика, а се препорачува како задолжителна и ја дополнува сликата за состојбата на организмот.rnrnРеферентни вредности: 4-10 х 10 на 9/lrnrnЗголемен број: Бактериска инфекцијаrnrnНамален број: Леукоцитоза, вирусно заболување, кај хемотерапија, употреба на одредени лековиrn

    Хемоглобин (Hb)

    rnХемоглобинот е состојка на ертитроцитите и претставува протеински комплекс кој го пренесува кислородот од белите дробови во ткивата, а јаглеродниот диоксид од ткивата назад во белите дробови.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ 149-180 g/lrnrnЖ 120-160 g/lrnrnНамален број: Анемијаrn

    Хематокрит (Htc)

    rnХематокритот го претставува волуменот на ертитроцити во единица крв.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ 0,40-0,50 L/lrnrnЖ 0,35-048 L/lrnrnЗголемен број: Полицитемија (ретка болест која се појавува кај постарите луѓе)rnrnНамален број: Дехидратација, анемијаrn

    Тромбоцити (Tr)

    rnТромбоцитите се крвни плочки кои ја згуснуваат крвта.rnrnРеферентни вредности: 150-400 х 10 на 9/lrnrnЗголемен број: Тромбоза (спонтано згрутчување на крвта)rnrnНамален број: Автоимуни заболувања, спонтани крвавења, после трансфузија на крвrn

    Ертитроцитни константи

    rnВо целосната крвна слика се прават и таканаречени ертитроцитни константи кои даваат увид за квалитетот на ертитроцитите.rnrnMCV (mean cell volume) – големина на ертитроцититеrnrnMCH (mean cell hemoglobin) – просечно количество на хемоглобин во ертитроцититеrnrnMCHC (mean cell hemoglobin concentration) – просечна концентрација на хемоглобинот во ертитроцититеrnrnRDW (red cell distribution width) – распределба на ертитроцитите по волуменrn

    Тромбоцитни константи

    rnТромбоцитните константи даваат информации за морфолошките особини на тромбоцитите, нивниот волумен и големина.rnrnMPV (mean platelet volume) – распределба на тромбоцитите по волуменотrnrnPDW (platelet distribution width) – просечен волумен на тромбоцититеrn

    Седиментација (Se)

    rnСедиментацијата на ертитроцитите не влегува во целосната крвна слика, но е препорачлива. Укажува на многу можни болести и се следи кај сите заболувања. Оваа вредност ја покажува брзината со која ертитроцитите се таложат на дното на исправена епрувета. Нормалната брзина го исклучува постоењето на болести, додека забрзаноста е знак за понатамошни истражувања.rnrnРеферентни вредности:rnrnМ (20-50 години) 3-13 mm/hrnrnM (над 50 години) 2-23 mm/hrnrnЖ (20-50 години) 4-24 mm/hrnrnЖ (над 50 години) 5-28 mm/hrnrnЗголемување: Во случај на инфекцијаrn

    ЛЕУКОЦИТАРНА ФОРМУЛА

    rnЛеукоцитарната формула подразбира број на поединечни групи, односно клетки на леукоцити. Постојат три главни видови леукоцити – гранулоцити (неутрофилни, базофилни и еозинофилни), моноцити и лимфоцити.rnrnНеутрофилните гранулоцити, заедно со моноцитите го сочинуваат основниот одбранбен механизам на организмот.rn

    Неутрофилни гранулоцити

    rnРеферентни вредности: 40-75%rnrnЗголемен број: Бактериски инфекции, траума, изгореници, инфаркт. Значајно се зголемени и кај леукемијата и проширените малигни заболувањаrnrnНамален број: Вирусна инфекција, туберкулоза, артритис, нарушување на коскената срж, недостаток од витамин Б12rn

    Лимфоцити

    rnЛимфоцитите произведуваат антитела и учествуваат во одбраната од вируси.rnrnРеферентни вредности: 20-45%rnrnЗголемен број: Вирусни инфекции, токсоплазмоза, бруцелозаrnrnНамален бој: Кај лекување со кортикостероиди, инфилтрација на коскената срж, СИДА, кај лекување со радиотерапија и хемотерапијаrn

    Еозинофилни гранулоцити

    rnЕозинофилните гранулоцити учествуваат во одбраната од алергените и паразитните инфекции.rnrnРеферентни вредности: 2-4%rnrnЗголемен број: Астма, алергија, егзема, зрачење, кај заздравување од инфекција.rn

    Моноцити

    rnМоноцитите се најголемите крвни клетки и тие се како „собирачи“ на мртвите клетки.rnrnРеферентни вредности: 2-10%rnrnЗголемен број: Акутни и хронични инфекции, малигни болестиrn

    Базофилни гранулоцити

    rnБазофилните гранулоцити се најмалку застапена група на леукоцити и учествуваат во алергискиот одговор на организмот.rnrnРеферентни вредности: 0-1%rnrnЗголемен број: Вирусни инфекции, уртикарија, после хемолиза и отстранување на слезината

  • 15 знаци дека сте многу чесна личност со правилни морални вредности

    15 знаци дека сте многу чесна личност со правилни морални вредности

    Чесните луѓе се искрени и морални. Иако честа има различно значење за различни поединци, сепак ваквите луѓе поседуваат некои заеднички карактерни особини. Светот во кој живееме е многу суров и многумина забораваат да ја негуваат својата добрина. Но, не и чесните луѓе. Доколку сакате да дознаете дали сте дел од нив, обидете се да се пронајдете во следниве 15 знаци…rnrn15 знаци дека сте многу чесна личност со правилни морални вредностиrn

    1. Ги почитувате сите луѓе и многумина ви ја возвраќаат почитта

    rnЗнаете дека сите луѓе заслужуваат почит и воопшто не се двоумите дали да испочитувате некого. На почитта секогаш возвраќате со почит. Ова е прекрасна особина што, за жал, на многумина им недостасува.rn

    2. Искрени сте дури и во најтешките ситуации

    rnНикогаш не лажете. Дури и да се најдете во болна ситуација, секогаш ја кажувате вистината. Луѓето ви веруваат и не се сомневаат во вашите зборови.rn

    3. Вие сте добри и дружељубиви со сите луѓе што ги среќавате

    rnДобри сте кон сите луѓе што ги среќавате, освен ако некој не ви даде повод да не бидете. Сите ги пресретнувате со насмевка и воопшто не се двоумите дали да ја понудите вашата помош некому. Вие сте навистина многу добродушна личност.rn

    4. Трпеливи сте

    rnНе се нервирате ако треба да чекате. Знаете дека трпението е многу важна доблест иако многумина не знаат да бидат трпеливи.rn

    5. Доверливи сте

    rnДругите можат да сметаат на вас, бидејќи знаат дека никогаш нема да ги разочарате. Никогаш нема да дозволите да ги повредите луѓето кои ви значат.rn

    6. Секогаш работите на вашиот напредок

    rnСекогаш се обидувате да научите нови работи. Знаете дека смислата на животот е да станувате сѐ посилни и да го извлекувате најдоброто од себе. Нема да застанете сѐ додека не го постигнете најголемиот личен напредок.rn

    7. Секогаш ги завршувате работите

    rnНикогаш не ви недостасува мотивација. Секогаш ги завршувате работите што сте ги почнале. Напорната работа е дел од вашиот живот.rn

    8. Вашите дела зборуваат погласно од зборовите

    rnНе ветувате дека ќе направите нешто, ако немате намера да се зафатите со тоа. Освен тоа, секогаш ги правите работите онака како што сте кажале дека ќе ги направите. Вашите дела зборуваат погласно од зборовите.rnrn15 знаци дека сте многу чесна личност со правилни морални вредностиrn

    9. Не драматизирате

    rnДрамата не ве следи каде и да одите. Ги решавате вашите проблеми и не дозволувате да бидете погрешно разбрани од страна на другите. Ако некој се обиде да внесе драма во вашиот живот, веднаш му ја покажувате вратата.rn

    10. Се залагате и борите за правдата

    rnЗнаете дека понекогаш мора да се бориме за нашите цели. Знаете дека ќе успеете само ако се борите за себе и за луѓето кои не можат да се борат самите. Поседувате вистински морални вредности кои не ви дозволувате да скршнете од правиот пат.rn

    11. Подготвени сте да се жртвувате за беспомошните луѓе

    rnАко некому навистина му треба вашата помош, вие ќе направите сѐ што можете за да помогнете. Ништо нема да ве поколеба. Кога некоја блиска личност страда, вие секогаш се залагате за неа. Би жртвувале сѐ за луѓето кои ви значат.rn

    12. Кон сите се однесувате праведно

    rnНе одбирате миленици и не ги осудувате останатите. Се однесувате праведно кон сите луѓе во вашиот живот. Кога запознавате нови луѓе, не обрнувате внимание на нивниот изглед. Се обидувате да дознаете каков е нивниот вистински карактер.rn

    13. Давате без да очекувате ништо за возврат

    rnНесебично го давате она што го имате на сите луѓе околу вас. На светот му требаат повеќе луѓе како вас.rn

    14. Си ги знаете своите граници

    rnЗнаете што можете, а што не можете да направите. Животот е премногу краток за да го потрошите во бркотница по нешто што никогаш нема да се случи. Сте ги поставиле вашите граници и никогаш не ги преминувате. Вие ги следите вашите соништа, без да газите сѐ што ќе ви се најде на патот.rn

    15. Лојални сте им на луѓето кои ви значат

    rnВашата лојалност е огромна. Вашите саканите знаат дека можат да ви веруваат во секоја смисла на зборот. Сите тајни што ќе ги споделат со вас, се безбедно сочувани во вашата духовна ризница до крајот на вечноста.rnrnНе е толку тешко да се биде чесен. Ако се пронајдовте во горенаведените знаци, тоа значи дека поседувате голема чесност. Другите луѓе ви се восхитуваат и време е и самите да станете свесни колку сте неверојатни.rnrnСега откако дознавте дали сте чесни, откријте и дали поседувате голема харизма.

  • 7 работи што не смеете да им ги дозволите на другите луѓе

    7 работи што не смеете да им ги дозволите на другите луѓе

    Секогаш кога имате работа со тешки или непријателски настроени личности, важно е да заземете цврст став. Ова е ваш живот. Можеби не можете да контролирате сѐ што другите ви прават, но можете да одлучите дека нема да стоите во некој ќош со „подвиткана опашка“. Можете да одлучите дека нивните дела и постапки нема да влијаат на вашето срце и ум. А, над сѐ, можете да одучите покрај кого ќе чекорите утре, а кого ќе го оставите зад себе уште денес. Немојте да им дозволите на другите да ви ги прават следниве работи…rnrn1-7-raboti-koi-ne-smeete-da-dopushtite-da-vi-gi-pravat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Не дозволувајте да ве вовлекуваат во непотребни караници

    rnНемојте никогаш да губите време да им се објаснувате на луѓето кои веќе неколку пат покажале дека немаат разбирање за вас. Никогаш немојте да ја дефинирате својата интелигенција и сопствената вредност по бројот на караници од кои сте излегле како победник, туку по тоа колку пати сте рекле дека караницата не е вредна за губење на вашето време.rn

    2. Не дозволувајте да ве вовлечат во нивната негативност

    rnПозитивноста е избор. Избирајте мудро. Бидете доволно мудри да се оддалечите од негативноста која ве опкружува, бидејќи таа во ниту една ситуација не е вредна, ниту за вас, ниту за вашата добрина.rn

    3. Не дозволувајте да ве малтретираат

    rnНасилничкото однесување е погрешен начин на однесување. Не постои слобода на овој свет која ѝ дава право на друга личност да ве напаѓа. Запомнете дека никој нема моќ да направи да се чувствувате мали, освен ако вие не го дозволите тоа.rn

    4. Не дозволувајте вашите пријатели да бидат неискрени со вас

    rnАко не се искрени, тогаш не ви се вистински пријатели. Можеби не можете да ги избирате роднините, но пријателите и тоа како можете. Бидете добар пријател кон сите што ве заслужуваат, а само вистинските и искрени пријатели ќе ве задржат до себе.rnrn2-7-raboti-koi-ne-smeete-da-dopushtite-da-vi-gi-pravat-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rn

    5. Не дозволувајте постојано да ве лажат

    rnДоколку забележите дека некој ве лаже, тогаш не молчете. Некои луѓе ќе се обидат постојано да ве лажат, за да ги остварат своите лични интереси. Личноста која ве лаже не е добра личност. Дистанцирајте се од неа што е можно побрзо.rn

    6. Немојте да им дозволувате на луѓето да ве искористуваат

    rnПонекогаш луѓето не ги забележуваат работите што ги правите за нив сѐ додека не престанете да ги правите. Тоа не е во ред. Сфатете го тоа. Вие заслужувате подобро. Вие заслужувате луѓе со кои ќе можете да се смеете, кои не ве земаат здраво за готово и луѓе кои нема да ве остават на цедило.rn

    7. Немојте да им дозволите на другите да ве уверат дека промените се лоша работа

    rnОна што не можете да го промените, обично ќе ве промени вас. Промената се случува со причина. Помирете се со тоа. Тоа нема секогаш да биде лесно, но на крај секогаш ќе се исплати.

  • Што да направите доколку сакате луѓето да ве сфаќаат посериозно на работното место?

    Што да направите доколку сакате луѓето да ве сфаќаат посериозно на работното место?

    Постојат бројни фактори поради кои во професионалниот свет (не) ве сфаќаат сериозно. Во прашање може да биде нешто ирационално како што се времето, полот, висината, па дури и гласот поради кој вас и вашите вредности другите погрешно ги проценуваат. Понекогаш и одредено несвесно однесување може да биде погрешно интерпретирано, па многумина да ве сметаат за помалку стручни или вешти отколку што навистина сте. Независно од начинот поради кој сте несфатени, обидете се да ги промените ставовите на вашите колеги така што самите вие ќе се промените и ќе почнете да живеете по јасни вредности за да стекнете почит и конечно да бидете сфатени посериозно.rnrnBusiness woman looking out windowrn

    1. Секогаш бидете информирани

    rnПодобро молчете отколку да зборувате нешто за што не знаете ништо. Комуницирајте ефикасно и со доволно предзнаење за секоја тема што ви „лежи“. Бидете сигурни дека владеете со сите факти пред да ги изговорите зборовите кои не можат да се вратат. Да бидете интелигентни не е доволно.rn

    2. Одржете го дадениот збор

    rnАко кажете дека ќе направите нешто, направете го тоа. Никогаш не ветувајте нешто што не можете да го направите, бидејќи тоа е најлесниот пат луѓето да почнат да доживуваат како несериозни. Секогаш е подобро да бидете искрени отколку да ги разочарате своите колеги поради недостиг на време.rn

    3. Облекувајте се убаво

    rnСите ние знаеме да се облечеме за работата која ја сакаме, но не и за работата која ја имаме. Како ќе се појавите на работното место е показател за почитта што ја имате кон себе, но и кон околината. Никогаш не заборавајте дека почитта е клучна за доживување успех.rn

    4. Пазете на тонот на гласот

    rnНачинот на кој зборувате може да значи повеќе од она што го изговарате. Разговарајте со доверба, но и почитување, секогаш имајќи го на ум тонот кој го користите. Тоа е еден од најлесните начини да се покажете како доверлива личност, што знае што прави.rn

    5 .Секогаш бидете на време

    rnДоцнењето е знак за непочитување и неодговорност – две особини кои немаат место во канцеларијата. Затоа припазете на точноста.

  • 3 моќни навики што ќе ви помогнат да останете будни во свет кој спие

    3 моќни навики што ќе ви помогнат да останете будни во свет кој спие

    Целта на материјалниот свет е да го одвлекува човечкото внимание од вистинските вредности во животот, па затоа во денешното општество многу е тешко да се напредува и да се постигне личен развој. Материјалните нешта се виновниците за појавата на лицемерието, бескрупулозноста и нечесноста. Луѓето се изолираат и оддалечуваат едни од други, наместо да се обидат да ја почувствуваат духовната врска што ги поврзува сите битија на овој свет. И покрај тоа, возможно е да се задржат моралните вредности и притоа да се постигне успех, но само доколку ги стекнете следниве 3 навики…rnrn3 моќни навики што ќе ви помогнат да останете будни во свет кој спиеrn

    1. Учете

    rnЧитајте, истражувајте, прашувајте и бидете љубопитни. Кои теми ве интересираат? Денес е многу лесно да се дојде до посакуваните информации, само треба да изразите желба. Сепак, Интернетот не треба да е вашиот единствен извор на информации, бидејќи голем дел од нив се лажни. Најважно е да знаете да ја разликувате вистината од лагата. Колку повеќе работи дознавате и применувате, толку побрзо ќе можете да ја составите сложувалката на вашиот живот. Кога сѐ ќе се соедини во една целина, ќе можете да ја следите вашата интуиција која секогаш ќе ве води на правиот пат.rn

    2. Споделувајте го вашето знаење

    rnПоврзаноста е она што е заедничко за сите луѓе. Секогаш зборувајте од лично искуство. Разговарајте за нештата што сте ги дознале, преживеале и споделете ја вашата мудрост со оние кои сакаат да ја слушнат. Ќе доживеете голема среќа кога ќе пронајдете отворени луѓе во општество на затворени умови. Со слободоумните луѓе ќе можете да разговарате на секоја тема. Ако можете да го споделите вашето знаење, ќе добиете голема поддршка и ќе доживеете духовен напредок. Разговарајте со луѓето кои ги сакате, како и со оние кои ги делат вашите интереси без разлика дали ги познавате или не. Ослободете ја вашата позитивна енергија и пренесете ја на сите што ве опкружуваат. Постојат толку многу работи што вреди да се научат, но поубаво и позабавно е ако не истражувате сами, туку заедно со други луѓе.rn

    3. Направете го светот подобро место за живеење

    rnНаправете нешто со вашиот ентузијазам и целото тоа знаење што го имате собрано! Најдете истомисленици и поставете ги темелите на новиот подобар свет. На овој начин ќе останете будни, но и ќе ги разбудите останатите луѓе кои постојано спијат. Што ве интересира? Каков белег сакате да оставите на Земјата? Сакате ли да го намалите загадувањето на воздухот? Неправдите во светот? Убивањето на животните? Колку повеќе го ширите вашето знаење, толку повеќе истомисленици ќе најдете кои сакаат да го направат истото што и вие.rnrnСите луѓе имаат душа полна со знаење и енергија, само некои треба да се разбудат и да го започнат остварувањето на сопствената цел. Прифаќајте нови идеи и споделувајте ги вашите. Само така ќе можете да ја одржите врската со другите луѓе која е суштински дел од секое човечко битие.

  • Вистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото

    Вистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото

    Понекогаш забораваме да им обрнеме внимание на прекрасните нешта што ни се случуваат секој ден. Станува збор за некои мали гестови кои служат за да нѐ потсетат дека и покрај сите неправди што се случуваат во светот, сепак основните човечки вредности не се изгубени засекогаш. Прочитајте ги овие вистински инспиративни приказни што откриваат кои работи ги прават обичните луѓе среќни…rn

    Добрина

    rnВистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    „Пред многу години кога бев тинејџерка и немавме многу пари, мојата постара сосетка ми даваше облека и накит што таа ги носела во нејзината младост. Работите што ми ги даваше беа многу добро сочувани, но секако дека беа по малку старомодни. По некое време почнав да забележувам дека и други девојчиња носеа слични работи. Тогаш сфатив дека сосетката купувала нови работи и се преправала дека тие се всушност нејзини. Сето тоа го правеше поради нејзиното верување дека многу е важно да се изгледа убаво на млади години.“

    rn

    „Имам сосед кој живее сам. Секогаш го гледам како ги храни околните мачки, кучиња и гулаби. Еден ден, си дојдов дома со мојот 5-годишен син и соседот извика ’Еј, види ме! Како Снежана сум!’. Погледнав и сфатив на што мислеше. Само што излезе од неговата куќа, сите животни потрчаа накај него за да го поздрават.“

    rn

    „Доживеав сообраќајна несреќа и ја изгубив способноста за говор. Сега, насекаде си носам тетратка и пенкало за да можам да комуницирам. Кога сѐ уште бев во болница, мојот најдобар пријател од детството разговараше на секакви теми со мене. Секогаш трпеливо чекаше да го напишам мојот одговор и тогаш или се согласуваше или не се согласуваше со мене. Ваквите гестови ве потсетуваат дека треба да ги цените пријателите и она што го имате.“

    rn

    Љубов

    rnВистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    „Пред многу години, чекав на ред во продавница со мојата 3-годишна ќерка. Беше зима и таа беше целата завиткана во топло палто, капа и чизми. Имаше прекрасни крупни очи и нејзините образи беа зацрвенети од ладното. Го слушнав гласот на едно мало момче, кое имаше околу 5 години. Тој извика: ’Погледни мамо колку е убава! Еден ден ќе бидеме пријатели!’ Се насмевнав на мајката на момчето и нашите деца се запознаа. Потоа пораснаа, а сега ја планираат нивната венчавка.“

    rn

    Незгоди

    rnВистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    „Не сум многу ниска, но моето момче е речиси 2 метра високо. Еднаш се шетавме заедно околу факултетот. Група од мои колеги поминуваа и баш тогаш се сопнав и паднав. Кога паднав, еден куп ситни пари ми се истурија од џебовите. Наместо да ми помогне, дечко ми уште повеќе ја влоши ситуацијата со тоа што кажа ’Отсекогаш знаев дека си леприкон!’.“

    rn

    „Еднаш, ми беше многу здодевно додека се возев во автобус. Се сетив на една игра што ја игравме со другарите. Го фокусирав погледот на една девојка која седеше во близина и ја зјапав долго време. Потоа го извадив телефонот и гласно кажав ’Шефе, ја најдов вистинската’. Без да трепне, таа го извади нејзиниот телефон и кажа ’Ме фатија! Барам евакуација.’ Цел автобус прсна од смеење.“

    rn

    „Се враќав дома од работа, уморна, гладна и одеднаш почна да истура. Облеката ми беше мокра, фустанот стана речиси проѕирен,а шминката целата ми беше растечена. Сите случајни минувачи ме гледаа и тоа уште повеќе ме нервираше. Што гледаа? Никогаш не виделе наврнат човек? Кога стигнав дома, одеднаш сфатив дека цело време сум одела со чадор во раката.“

    rn

    Семејство

    rnВистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    „Сопствениците на локалната сала за вежбање не можат да поверуваат како успевам да доаѓам шест пати неделно. Тренерите се чудат како секој ден успевам да правам различни вежби. Во меѓувреме, јас и брат ми одиме во салата за вежбање три пати неделно со една членска картичка.“

    rn

    „Смислив една нова домашна традиција: 5 минути нежност. Сѐ што треба да направам е да кажам: ’Време е за нашите 5 минути нежност’ и сопругот и синот престануваат со секаква работа и трчаат да ме прегрнат заедно со нашата мачка.“

    rn

    „Обожавам да пеам под туш, но само кога моите родители не се дома, затоа што имам ужасен глас. Еднаш излегов од бањата и ги видов мајка ми, татко ми и сестра ми седнати на столчиња во ходникот. Почнаа да ми ракоплескаат. Татко ми дури успеал да купи и вештачки букет за да ми го даде на крајот од ’концертот’.“

    rn

    „На ќерка ми мораше да ѝ ја ампутираат ногата до коленото. Јас и сопругот секогаш се обидуваме да го разведриме тој немил настан и се шегуваме во врска со тоа. Еднаш бевме на плажа и сопругот ја однесе ќеркичката до водата и почна да вика дека ајкула ѝ ја откинала ногата. Друг пат, кога нејзините соученици ја прашаа за нејзината нога, таа им кажа дека била во војска и стапнала на нагазна мина. Многу сме среќни што ќерка ни има одлична смисла за хумор!“

    rn

    Детство

    rnВистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвотоrn

    „Кога бев дете, бевме многу сиромашни. Моите родители немаа многу пари и не можеа да си дозволат да ме носат на фризер. За таа задача беше задолжен татко ми. На училиште многу се срамев поради тоа, но сега сфаќам дека немало зошто. Нема многу ќерки што можат да се пофалат дека татко им знае да шие, да прави фризури, да нанесува шминка, да поправа работи и да готви. Навистина сум горда на него!“

    rn

    „Кога имав 5 години, а брат ми имаше 8, родителите често нѐ оставаа сами дома затоа што мораа да одат на работа. Не ни даваа пари и немаше слатки и чоколади по дома. Но, ние бевме деца и моравме да најдеме некаков извор на шеќер. Па така, брат ми ќе ја земеше книгата за готвење на мајка ми, ќе побаравме некој едноставен рецепт и потоа одевме кај сите соседи за да ги позајмиме потребните состојки. Потоа самите приготвуваме некој десерт. По готвењето, одевме кај сите соседи од куќа до куќа за да го поделиме приготвеното јадење.“

  • Најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле

    Најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле

    Во денешното современо општество кога сите се преокупирани со изгледот и материјалните работи, тешко е да се научи детето да ги цени вистинските вредности и внатрешната убавина. Писателката Ингрид Дивковиќ на нејзиниот блог го споделила со читателите непријатното искуство од тинејџерските денови и советот на мајка ѝ кој го следи и ден денес, а со чија помош сфатила каде лежи вистинската вредност на нештата. Во продолжение прочитајте ја нејзината исповед која ќе ве замисли и ќе ви го промени погледот на работите…rnrnНајдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чулеrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКој би рекол дека ќе дојде време кога на жените ќе им биде поважно што носат на себе отколку во себе. Не сум исклучок. Има денови кога се ценам себеси според тоа колку ме ценат другите.rnrnНе можам и не сакам да им судам на оние кои живеат за потврден одраз во огледалото. Такви се земските судии и бегам од нив. Не се мешам во телата и душите на луѓето. Не е моја работа да ѝ аплаудирам на едноставноста, а да го осудувам кичот и лажните фасади. Но, полека нештата ќе се сменат. Доаѓаат некои нови огледала. Оние во очите.rnrnСѐ треба да се проба. Нека се потроши сѐ. И тоа сѐ за некого е ништо. Евтино или скапо. Со или без етикета. И црната кеса за ќубре на некои жени им стои добро. А на некои жени не им стои ниту најскапата бунда на светот. Но, бундата е бунда, а вреќата за ѓубре е вреќа за ѓубре. Кога ќе здогледате скапа бунда, не гледате уморна и загрижена жена со престилка околу половината додека со едната рака лупи компир, а со другата го брише носот на расплаканото дете. Гледате жена. Најдобрата верзија од неа. Огледало, чисто без дамки.rnrnНејзе ѝ е добро само кога туѓите усни се смеат кога ќе ја погледнат. Тоа е улогот, алибито за убавината. Сѐ што е добро, кога-тогаш се враќа, останатото испарува.rnrnУбавината не ја бараат сите во нас, туку на нас. Сѐ додека станува збор за убавина, не е важно дали ја бараат однадвор или одвнатре.rnrnРазмислував со денови за девојките кои седеа до мене пред некое време. Две девојки на возраст од околу 19 години. Од црните лакирани Луј Витон чанти ѕиркаа скриптите за факултето. Идентични чанти. Идентични девојки. Мобилните телефони вибрираа, доволно големи, доволно сјајни. На футролите пишуваше Chanel. Ги набљудував. На едната од нив ѝ беше размачкана маскарата. На другата не ѝ беше гајле. Да ѝ беше, девојката сигурно не би имала на лицето црна дамка под носот. Но, таа имаше. И дамка и долги вештачки нокти со црвен лак кои сигурно не беа во состојба да ја опфатат шолјата макијато, без да делуваат смешно. И на двете усните им беа обоени покрај со никотин и со црвена боја. Ги набљудував доволно долго за да разберам дека бараа внимание. Потврда за нивното постоење. Цена која не беше закачена на нивните синџирчиња. Но, исто како да беше. Тоа се гледа, се чувствува. Жените тоа го покажуваат без да бидат свесни. Сѐ што оди има цена. Сѐ што дише има вредност. Предметите не дишат, во случај да сте заборавиле…rnrnСе сетив на мене и моите деветнаесет. Прва година на факултет. Имав многу малку облека, односно само она што ми го позјамуваше постарата сестра. И тоа што можев да си го дозволам сама. Да барам пари од родителите за крпчиња? Не ми ни паѓаше на памет. Што поради воспитувањето, што поради животната ситуација. Владееше изреката: „Снаоѓај се сам, пријателе“.rnrnНеретко ги гледав сите тие прекрасно облечени девојки. Се гледав и себе додека ги гледав нив. Дали им завидував? Можеби. Не е дека немав ништо, но не е ниту дека имав сѐ. Не се сеќавам на деталите, но се сеќавам дека едната иста маица ја носев на сто и еден начин. И на тоа дека некои, слични на мене веројатно, ми велеа дека имам стил и дека сум многу креативна.rnrnНо, иако не би сакала, добро се сеќавам и на една ситуација која ме порази и ми покажа дека има богати луѓе посиромашни и од најјадниот питач. Се сеќавам на нејзините очи и поглед вперен мене. Ми се обрати нансеувајќи го сјајот на усните и рече: „Доаѓаш со нас во тоа? Немаш ништо ново? Некој оригинал? Нешто со потпис…?“rnrn„Немам… Па, што му недостасува на ова, ново е…“rnrn„Му недостасува цена, драга. Цена на потписот. Тоа е знак колку вредиш.“rnrnАко некогаш сум се чувствувала толку јадно и евтино, тоа беше тогаш. Сепак, тоа чувство траеше кратко. Нешто ме извлече од бедата која излезе од нејзините усни. Нешто ме разбуди. Или некој? Таа ме разбуди? Да, доволно добро за да ѝ бидам благодарна за лекцијата која ја сфатив неколку години подоцна. Исто како и луѓето и лекциите доаѓаат тогаш кога мораат, не тогаш кога ние сакаме…rnrn„Ќерко моја, не носи марки. Биди марката“, ми рече и ме прегрна како никогаш дотогаш. Ти благодарам мајко. Твоите зборови ми одѕвонуваат секогаш кога ќе ги погледнам лицата на тие робови кои се туѓинци и за самите себе, и никогаш не се свои.rnrnА денес? Не, не носим познати марки. Не затоа што не можам да си ги дозволам, туку затоа што воопшто не ми е гајле за модните марки и имиња од познати брендови. Ако имам некое парче облека со потпис, најверојатно сум го добила како подарок.rnrnПремногу сум себична за себе. За мене е грев да дадам 650 евра за чанта или чевли. Тоа е така затоа што во животот ми се поважни некои други работи како книгите, патувањата, сликите, малите ситници… Се сеќавам на зборовите на мојата мајка како вчера да се изговорени.rnrnВчера. Денес. И утре ќе биде исто. Да погледнеме околу себе. Во светот во кој живееме сѐ се сведува на изглед, имиџ. Во најмала рака она што го носиме на нас. Да ги погледнеме жените кои нѐ опкружуваат. Пријателките, познајниците. Поголемиот дел од нив се облечено во скапа облека, по последна мода. Иако живееме во многу тешко време. А во меѓувреме сите зборуваме за внатрешната убавина која е некако незамислива без оние нови чанти и чевли.rnrnКолку лицемерно! Многу често некои познајници знаат да ме прашаат: „Што е ова што го носиш? Многу е убаво. Чие е ?“. Јас им велам: „Мое“. А тие ми велат: „Не, мислам која марка е?“. Јас им одговарам: „Нема марка. Ако е на мене, мое е“.rnrnМислам дека за некои луѓе би вредела повеќе ако речам дека носам Шанел или Луј Витон. Но, за тие луѓе не ни сакам да вредам.rnrnИ не, не мислам дека е грев да се има пари, човек да има можност да си дозволи убави работи, да се грижи за себе, да се негува, дотерува, да се облекува по последна мода и да ужива… Навистина не мислам така. Но, мислам дека е грев да се живее само за тоа. Да им се наметнува тоа на луѓето, и што е уште полошо да се вреднуваат луѓето исклучиво врз основа на тоа што имаат на себе. Меѓу другото, дури и жената која живеела за модата и поради модата, во една прилика рекла:rn

    „Во модата не се работи за облеката. Модата е во воздухот, родена од ветрот. Мора да имате интуиција за неа. Таа е на небото и на патот.“ – Коко Шанел

    rnТи благодарам, Коко. Ако немаш ништо против јас би се задржала на небото, на патот ми е претесно. Треба да знаете да живеете. Повеќе во своја кожа, а помалку во туѓи очи.rnrn[/message_box]

  • Вашите омилени личности во светот ги имаат овие 3 заеднички работи

    Вашите омилени личности во светот ги имаат овие 3 заеднички работи

    Сте сретнале ли некогаш во животот некоја личноста која ве прави да се чувствувате како да сте единствените луѓе во собата – дека сте најинтересни и најпаметни од сите? Личност која сметате дека е создадена на Земјата само за да ве воодушевува и восхитува? Ваквите луѓе не прават само вие да се чувствувате посебно, туку сите кои зборуваат со нив.rnrnВашите омилени личности во светот имаат 3 заеднички работиrnrnТие имаат таква моќ да направат секој да помисли дека е најдобар и дека може да успее во сѐ. Која е нивната тајна? Во продолжение прочитајте ги 3-те главни состојки во нивната магична напивка со која ве тераат да се чувствувате онака како што се чувствувате кога сте со нив.rn

    1. Знаат како да слушаат

    rnВашите омилени личности во светот имаат 3 заеднички работиrnrnСо нив ќе се почувствувате смирено, сакано и слушнато. Тие се мирни слушатели кои ве гледаат директно во очите, ве слушаат внимателно и прават пауза пред да кимнат со главата или да ви одговорат. Нивното тело е свртено кон вас и тие навистина размислуваат за она што го споделувате со нив. Тие прават место за вас додека ги раскажувате своите искуства, емоции или идеи.rn

    2. Вистински се грижат за другите

    rnВашите омилени личности во светот имаат 3 заеднички работиrnrnЛуѓето кои сакаат да слушаат се често емпати кои имаат искрена желба да ве запознаат. Тие навистина се грижат за вашиот живот и за она што го мислите и го чувствуваат тоа што го чувствувате, рефлектирајќи го кон вас. Знаете дека се грижат за вас затоа што се сеќаваат на ситните детали за вашиот живот и ве потсетуваат на нив секогаш кога ќе се сретнете со нив.rn

    3. Ги прославуваат вашите достигнувања

    rnВашите омилени личности во светот имаат 3 заеднички работиrnrnОние кои знаат како добро да разговараат, сакаат да ги прославуваат вашите достигнувања. Тие кажуваат работи како: „Изгледаш среќно, кажи ми што има ново!“, „Тоа е неверојатно, напорно работеше за да ја оствариш целта“ или „Ти го можеш тоа!“ Секогаш е добро и позитивно да се слушне потврдување и конфирмација од луѓето кои ги сакате и цените. Охрабрувачки е да знаете дека сте упатени во вистинската насока.rnrnДоколку сакате и вие да правите вашите омилени личности да се чувствуваат најдобро кога се со вас, тогаш слушајте ги и дајте им до знаење дека вие навистина тоа го правите така што ќе ги гледате во очи и ќе бидете смирени. Рефлектирајте ги нивните искуства со тоа што ќе го осознаете она што го споделиле со вас. Дајте им поддршка. Кажете им дека тие можат да го остварат тоа што го замислиле.rnrnКога луѓето ќе се почувствуваат слушнато и поддржано, ќе сакаат да бидат покрај вас. Ќе им кажуваат на другите колку им е убаво кога се во ваша близина и тоа ќе го зголеми вашиот социјален круг. Лично или професионално, слушањето прави луѓето да се чувствуваат вредно и ценето, а тоа значи дека ќе ве ценат и вас.