Автор: Петар ЛазаровrnrnНеколку пати во последниве недели во различни ситуации се отвора дискусија или некоја ситуација каде што главен фокус е „животот“ и „живеењето“. Меѓутоа посебно ме изненади и позитивно поттикна да споделам со вас една ситуација која се случи пред некој ден. Собрани неколку пријатели во кафуле, еден мој пријател наздрави со здравицата „да живееме, цел живот“. Сите изреагиравме многу позитивно, и нормално се разви пријатна дискусија.rnrn
rnrnАко ја анализираме убаво таа порака и малку подлабоко навлеземе во нејзината суштина, ќе видиме дека во неа се крие еден цел универзум на прашања, сознанија, идеи, техники, методи, стратегии, вештини и што уште не. Овде не ставува збор само да живееме додека не умреме (што генерално сите знаеме и го правиме, т.е. преживуваме), туку нешто многу поголемо. Една цела ЗЕН концепција се крие зад таа мудрост. Овде станува збор за среќен и мирен живот, исполнети и задоволни од себе, исполнети со љубов, реализирани, балансирани во умот и нашите постапки, се мисли на остварување на своите зацртани планови, формирање на задоволно и среќно семејство и многу други работи што ни го прават животот убав.rnrnВо секој случај, да не се правам паметен, многу филозофи, автори, мудреци знаени и незнаени го разработувале прашањето за среќен и исполнет живот, и пак не е најдена некоја едноставна формула како да го постигнеме тоа. Ако некој знае таква формула за успех, го молам да ми ја пише веднаш. Но, мислам дека ќе мора да се задоволиме со фактот дека нема едноставна и брза формула за успех, и со цел да го оствариме тоа, ќе мора да ги засукаме ракавите и да работиме напорно на самите нас. Еве неколку практични совети, кои јас пробувам да ги следам (иако тешко оди) и верувам дека ако работиме на нив напорно и континуирано, може да влијаат позитивно на нашиот живот:rnrn
rnrn1. Свесност и искреност со себе: Нема, свесен или не, сите ние сме некаде на скалата на свесноста. Некој повисоко, некој пониско. Идејата е да бидеме што повеќе будни, со отворени очи, и реални за состојбата, случките околу нас и емоциите кои ги развиваме. За жал, опкружувањето, системот, медиумите, родителите, образованието, влијаат на нашата реалност и ни креираат слика која не е секогаш наша. Свесноста е контрола врз умот. Свесност е кога знаеме дека играме безбедно бидејќи ни е страв да не погрешиме, или кога го затвораме срцето, за да не бидеме повредени. Но, не и да се лажеме во тие ситуации дека ние така намерно правиме и дека отсекогаш така сме постапувале. Свесност е да не се лажеме себеси за нашите инстинкти и мотиви. Да бидеме искрени со себе.rnrn2. Следете ја вашата вистинска природа (вредности): Кои сме ние вистински? Кои се нашите желби, мотиви, вредности, потреби? Сето тоа го знае вашето срце, но за жал мозокот е тој што ни ги прави сите пречки. Слушајте го повеќе срцето, и намалете го рациото. Правете го тоа што го сакате и што ве прави среќни. Не (помалку) слушајте ги другите што ќе решат или избегнувајте го концептот „затоа што така треба“. Ако не ви се допаѓа нешто, променете го.rnrn3. Престанете да ја барате љубовта на вашиот живот: Таа ќе се појави кога ќе почнете да правите работи што ги сакате и уживате во нив. Но, прво преиспитајте се дали профилот што го креирате и ви треба е навистина тој или е креиран од вашата имагинација и се базира само на вашите желби.rnrn4. Не се изложувајте на непотребни информации: Намалете на ТВ, вести, весници и други информативни алатки. Читајте повеќе книги и литература од вашата област на специјализација. Тоа многу повеќе ќе ви помогне во животот отколку да ги знаете сите информации од денешните вести, по неколку пати.rnrn5. Отворете се повеќе: Отворете го умот, срцето и рацете. Отворете се за нови искуства и нови луѓе. Ако ви е тешко, почнете со експериментирање со нови вкусови (храна), облека, места за излегување, ситни работи што не ги правите секој ден, а нема да ви се одразат драматично на животот и работата.rnrn6. Бидете оптимисти: Оптимизмот дава надеж. А надежта последна умира. Одете до крај. Оптимизмот води кон ентузијазам.rnrn
rnrn7. Живејте во моментот: Овој совет е најЗен! Времето не постои, постои само моментов! Цел живот го поминуваме во мислење за тоа „што се случило“ и „што ќе се случи“. Но, едното поминало, а другото не знаеме дали ќе дојде. Уживајте во моментите, повеќе.rnrn8. Не глумете маченици: Секој си го има својот товар со себе. Како ти е тебе, така му е и на другиот.rnrn9. Страдања: ПРИФАТЕТЕ дека тешки и лоши ситуации, проблеми, несреќи и други неубави работи имало, има и ќе има. Тоа е прво, да прифатиме. Следно е да пробаме да не се фокусираме на тоа што било, туку на пронаоѓање на најдобро и најефикасно решение како да се справиме со новонастанатите ситуации.rnrn10. Не се врзувајте за материјалното: Знам дека ова е многу тешко, посебно кога цел свет промовира и подржува материјалност, но не треба многу да се врзуваме со некои ситници и неважни предмети.rnrn11. Немојте да сте многу строги кон себе: Критичкиот родител кај секој од нас е присутен. Секогаш ќе биде нашиот најголем критичар. Нека се опушти малку.rnrn12. Бидете благодарни на она што го имате: Бидете дете и радувајте се на сите ситници како што тие се радуваат. Гледајте ги децата.rnrn
rnrn13. Сите грешиме: Види бр. 11rnrn14. Простете: Сите ние ја чуваме во себе лутината на тие што сме им лути. Нема потреба.rnrn15. Карма: Има секакви објаснувања за кармата. Јас ќе го искористам објаснувањето што се поистоветува со 3-от Њутнов закон и кој вели дека кармата е акција-рекација на животот, односно акциите што ги правиме ни се рефлектираат преку реакциите што ги добиваме. Внимавајте на вашите акции.rnrn16. Натпреварувајте се со себеси: Другите се интересни, но вистинскиот натпревар треба да е со нас самите. Да бидеме подобри од она што сме биле вчера.rnrn17. Вежбајте некоја ментална или физичка активност: Физичката активност ќе ви ја потроши негативната енергија и ќе ве врати во живот, а менталната ќе ве научи како да го избегнете или да се справите со стресот.rnrn18. Животот е краток, живејте го својот сон. Мудро!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]
Tag: вредности
-

Да живееме, цел живот!
-

5 реченици на Махатма Ганди кои ќе ве инспирираат
Колку е прекрасно кога денот ќе го започнете со доза позитивност! Овие зборови на Махатма Ганди ќе ве инспирираат и мотивираат, а позитивните мисли секогаш одат заедно со шолја добро кафе.rnrn1. Мислите нека ви бидат позитивни, бидејќи вашите мисли стануваат зборови.rnrn2. Зборовите нека ви бидат позитивни, бидејќи вашите зборови стануваат ваше однесување.rnrn3. Вашето однесување нека биде позитивно бидејќи однесувањето станува ваша навика.rnrn4. Вашите навики нека бидат позитивни бидејќи навиките стануваат ваши вредности.rnrn5. Вашите вредности нека бидат позитивни бидејќи вредностите стануваат ваша судбина.rnrn
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Идоли и високи потпетици
Воглавно постојат два вида жени: оние кои носат штикли за да привлечат внимание и да си го истакнат задникот и други кои докажуваат дека и на штикли можат да трчаат и да освојуваат. Феминистките се противат на високите потпетици. Јас пак не би се согласила. Штиклите не ја спречуваат жената да дојде до целта туку напротив, прават уште повеќе да се вреднува нејзиното стигнување до неа.rnrn
rnrnСе очекува модерната жена кога-тогаш да потклекне. Просто има премногу предизвици. Треба да се избори да го добие работното место, да биде унапредена без да спие со шефот, да замине на трудничко боледување и да си го зачува работното место по враќањето, да биде добра домаќинка и мајка и да има кариера. И ако потклекне во која било област ќе ја направат да се чувствува помалку вредна. Системот на вреднување изгледа е расипан, и тоа почнува од рана возраст. Како?rnrnНа девојките им се всадува таа зависност од „љубов“ и внимание од страна на мажите. Таа треба да има некој покрај себе, за да добие внимание треба да е убава, за да биде убава треба да троши на шминка и облека. Сето тоа мене ми наликува на пропаганда. Но да се задржиме на она „убава“. Што е всушност убавина?rnrnДеколте, истакната задница, полни усни, нашминкани очи? Жените всушност се дотеруваат за другите жени, не за мажите. Треба да изгледаат привлечни, се натпреваруваат која ќе собере повеќе погледи, ќе се озборуваат меѓусебно која колку се здебелила… И која е целта?rnrnСонот на многу девојки е да станат „феме фатале“, што по некоја урбана дефиниција би значело: девојка со изразена сексуалност но и интелигенција, која ги користи тие свои доблести за да манипулира со мажите и да го добие она што го сака. Ако ништо друго, барем тоа „интелигенција“ да им остане макар до некој степен приоритет.rnrnВо средношколските денови девојките се трудат да бидат убави, модерно облечени, прифатени во нечие друштво и всушност си поставуваат еден сосем погрешен принцип на себе-вреднување. Има еден интересен факт – колку си попопуларен во средно, толку си понепопуларен во остатокот од животот. Но работата е што не е само средното. И возрасни, мажени жени се борат со својата „конкуренција“ за вниманието од мажите.rnrnНеодамна слушнав нешто што ме замисли – жените меѓусебно се гледаат како конкуренција, не за работа или кариера (што до негде би било прифатливо), туку за вниманието на мажите. Како што растам и созревам сè полесно цртам паралела меѓу два типа жени и веќе ми е сосем јасно и си ја поврзувам сложувалката. Убава и средена жена – да, во секој поглед. Одѕив на високите потпетици во ходникот – не е на одмет, памет и образование – задолжително. Таа оди со крената глава и напредува на работното место не бидејќи легнала со шефот, туку бидејќи без неа работите се распаѓаат. И неа не ѝ е потребно ничие внимание кога дома си има некој кој знае што чува покрај себе.rnrnРазмислете добро за жените кои ги познавате, сите без исклучок. Кои им се примарните вредности во животот, кон што целат, каква е позицијата на оние пристојните а каква на оние што просто премногу се трудат да бидат забележани? Која по што останува запаметена? Ако со сите медиумски влијание на младината во глава ѝ се формира идејата дека треба да наликува на некоја старлета за да привлече внимание од мажите и да се пробие во светот на славата со „домашно видео“, колку е всушност здрава таа младина?rnrnНе ви се потребни витези кои јавно ќе се борат за вашето внимание за да сфатите дека сте убави. Убавината ја носите со себе и тоа не е клише. Ако имате свои идоли, жени на кои им се восхитувате – одбирајте ги разумно. Ако носите високи потпетици најпрво размислете, со која цел ги облекувате?rnrnЕлиrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Учи за да не работиш
Те молам продолжи да се жалиш, тоа е просто музика за моите уши! Видете, немам јас ништо против ситуација во која сум приморана да бидам во иста просторија со луѓе кои не ги познавам само под услов да молчат. Да, тоа звучи како да сум страшно недружељубиво суштество. Кога влегувам во такси сакам таксистот да ме однесе таму каде сум му рекла, кога одам на фризер сакам да ја добијам новата фризура и да си одам. Зарем многу барам? Зошто попатно да слушам како бензинот поскапел, како ние младите за бадијала учиме кога немаме иднина во државава, како е сè за нигде и работата никогаш нема да се оправи. Замислете, сето тоа го слушаш во 10 од сабајле. Епа имај убав ден! Фала и ти исто.rnrn
rnrnНашата грешка е што сакаме да одиме напред кога со мислите сме заглавиле во некое друго место и време. Кога сè било државна сопственост, луѓето само требало да си го истераат работното време, да останат на работа до 3 или 4, во меѓувреме да имаат 10 кафе паузи, да си ја пикнат платата во џеб и да си одат дома. И во цела фирма ќе се погоделе неколкумина кои стварно си ја вршат работата за и другите да земаат плата. Сега кога се тежнее кон приватната сопственост, извинете ама има да работите оти на вашиот газда џебот му е многу драг. И не ви чини, па нормално дека не ви чини кога мора да одите на работа за да работите а не за да безделничите.rnrnПорано на децата им велеле „Учи за да не работиш.“ Логика? Нула, ска, нема. Како бе учи за да не работиш? Учи за да работиш. Ја гледам мојата генерација и си велам со што се задоволува (со чести исклучоци)? Со џепарлак од мама и тато за да пие кафиња цел ден. Во мојот град околу 2 часот, откако добро ќе се изнаспијат, џаболебарите зафаќаат позиција по кафулињата и кладилниците, леб за без пари да им даваа немаше да киснат таму по цел ден. Т.е. тие кај мене барем менуваат положба. Слободно прошетајте во градот на конзулите, поминете по Широк сокак, потоа поминете пак по еден час. Ќе ги најдете истите лица на истите места кои го пијат истото кафе и во истата позиција се ѕверат по сокакот за да не им избега ништо што мрда и прета. Па не за џабе второто име на улицата ѝ е „Улица Биди Виден“.rnrnШто правиш со животот? – Пијам кафе.rnrnМислам кафето е супер, и јас обожувам да го консумирам, ама додека размислувам за иднината.rnrnАко бидеме сосем искрени, првично кон самите себе, и си ја погледнеме објективно целата наша генерација, што ќе видиме?rnrnПоправете ме ако грешам, на 60 години ич нема да ви биде гајле која ви била профилната слика, каде сте се тагнале и што другите мислат за вас. Ќе се навраќате на спомени кои ви го обележале животот. Ќе правите резиме на сето она што сте го сработеле, што сте го постигнале, на местата кои сте ги посетиле, на животните искуства, на моментите кои ви го одзеле здивот, мигови кога сте посакале да врескате од среќа и возбуда, ќе се сеќавате на љубовта од порано и на онаа со која сè уште ќе се ситите. Ќе ги гледате сликите од вашите матури и дипломски, а не од вашите профилни сликнати во теретана.rnrnПостојат луѓе кои немаат покрив над глава и кои ова утро се грижат како ќе си ја нахранат фамилијата. Ама ти ќе твитнеш колку животот ти е за нигде од проста причина што кафето ти се истурило на омилената блуза. Worst day ever!!! Денес некој доктор, пожарникар или полицаец ќе спаси нечиј живот а ти ќе се пофалиш со слика дека си пиел кафе на некое добро место?rnrnДали ќе научиме да се радуваме на вистинските вредности во животот или полека но сигурно ќе ни се излизгаат од раце? Ќе научиме да се бориме, да работиме, да создаваме, да одиме напред или ќе се задоволиме со некој наш внатрешен нагон кој нè наговорува на плиткост? Важно е да си убаво облечен, да те видат и да бидеш виден?rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Импресивни цитати на големиот Толстој
Лав Николаевич Толстој е еден од најпознатите руски писатели. Неговото импозантно творештво изобилува со богата психолошка анализа на ликовите, притоа ставајќи акцент на моралните како и на семејните вредности.rnrnЕден од најголемите умови во историјата на човештвото, брилијантен уметник чии мисли живеат и важат и ден-денес. Ова се дел од најимпресивните цитати на Толстој како и неговите гледишта за животот, уметноста, моралните вредности и вистинските квалитети на човекот.rnrn
rnrnrn„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“
rn
„Музиката е стенографија на емоциите.“
rn
„Двата најмоќни воини се трпението и времето.“
rn
„Сè, сè што разбирам, разбирам бидејќи љубам.“
rn
„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“
rn
„Му се бесам на човека на врат, давејќи го и терајќи го да ме носи, а сепак се убедувам себеси и останатите дека ми е жал за него и дека посакувам да му олеснам на секој можен начин – освен да му се симнам од вратот.“
rn
„Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“
rn
„Неверојатно е колкава е заблудата за тоа дека убавината е добрина.“
rn
rnrn„Не постои значајност таму каде што нема едноставност, добрина и вистина.“
rn
„Здодевност: желба за желби.“
rn
„Во име Господово, запрете за миг, прекинете со работа и погледнете околу себе.“
rn
„Еден од најголемите услови за среќа е дека врската меѓу човекот и природата не смее да биде прекината.“
rn
„Уметноста не е ракотворба туку пренос на чувства кои уметникот ги доживеал.“
rn
„Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“
rn
„Вистинскиот живот се живее кога се случуваат мали промени.“
rn
„Вербата е смислата на животот, смисла заради која човекот не се уништува себеси туку продолжува да живее. Тоа е силата по која живееме.“
rn
rnrn„Луѓето живеат не заради грижата за себе туку за љубовта што другите ја чувствуваат за нив.“
rn
„Историчарите се како глуви луѓе кои продолжуваат да даваат одговори на прашања кои никој не им ги поставил.“
rn
„Да се каже дека некое уметничко дело е добро, но неразбирливо за повеќемина, е исто како да се каже дека одредена храна е многу добра, но повеќето луѓе не можат да ја јадат.“
rn
„Изгубивме бидејќи си рековме себеси дека сме изгубиле.“
-

Како да го одберете вистинскиот факултет?
Изборот на факултет т.е. вашето идно занимање е голема и важна одлука, која нема да ви влијае на животот само во наредните 4-5 години додека да ги завршите студиите, туку со неа ја одредувате и вашата лична професионална иднина. Работата со којашто ќе се бавите, освен што ќе влијае на степенот на вашето задоволство, ќе ја одреди и вашата материјална положба, социјалниот углед, изборот на пријателите и многу други работи.rnrn
rnrnПод притисокот кој со себе го носи важноста на оваа одлука, голем број идни бруцоши поради стравот од грешка, го одложуваат донесувањето на крајната одлука до последниот момент или се одлучуваат за оној факултет кој го избрале повеќето нивни пријатели. Колку е тоа среќно решение на вашиот проблем, знаете и сами.rnrnНаместо да донесете погрешна одлука, која ќе влијае на остатокот од вашиот живот, посветете малку време на себе и концентрирајте се на прашањата кои со сигурност ќе ви помогнат:rn1. Запознајте ги вашите карактерни особини
rnСекој од нас може да биде успешен во различни занимања, но сепак има области кои повеќе ни лежат и во кои можеме да дадеме најмногу од себе и да ги работиме со леснотија и задоволство. Затоа е потребно добро да ги познавате вашите способности, интереси и вредности.rn
1.1 Способности
rnСпособностите може да бидат:rn
- rn011
- Интелектуални (вербални, логичко-математички, просторни…)
- Моторички (координација на движење, брзина на реагирање…)
- Сензорни (визуелна и аудитивна чувствителност…)
rn011
rn011
rn
rnРазвиеноста на одредена способност можете да ја проверите и доколку се запрашате кои предмети во школо сте ги совладувале со леснотија:rn
- rn011
- Дали тоа биле предмети во кои се работи во групи и од вас бараат добра меморија и речитост или подобро се справувате со индивидуални задачи?
- Дали сте биле подобри во предметите во кои е многу важна прецизноста и точноста или во оние во кои доаѓа до израз вашиот субјективен суд?
- Дали на часовите по физичко воспитување ја истакнувавте вашата спортска подготвеност и брзина во однос на останатите ученици?
- Знаете ли добро да цртате и да си го визуелизирате просторот?
- Имате ли смисла за ритам и композиција?
- Ја разбирате ли вашата внатрешна страна?
- Имате ли трпение да ги слушате другите луѓе и да им помагате?
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНапишете ги сите способности коишто мислите дека ви се добро развиени и рангирајте ги. Одговарајќи на овие и слични прашања, можете со леснотија да одредите кои ваши способности ви се добро развиени и на тој начин да го стесните изборот на факултет.rnrn
rn1.2 Интереси
rnИнтересите нè насочуваат кон работите со кои сакаме да се занимаваме, во кои уживаме и за кои не ни е потребно стимул од околината. Кои се активностите во кои вие најмногу уживате? Читање книги, спорт, музика, технички науки и компјутери? Направете листа со вашите интереси и рангирајте ги по важност.rn
1.3 Вредности
rnВредноста се темели на целите кои еден поединец сака да ги оствари во својот живот. Помислете што ќе ви биде важно при идното вработување:rn
- rn011
- да биде добро платена работата
- да можете да им влијаете на другите луѓе
- самостојно да носите одлуки
- да работите во тим
- работата да ви биде возбудлива
- да немате точно определено работно време
- да вклучува патувања
- работата да е посветена на грижа за други луѓе
- да бидете ценети
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnОткако ќе видите кои од овие работи ви се важни, работите ќе ви станат многу појасни. Исто така и нив ќе треба да ги рангирате по важност. При рангирањето многу е важно да бидете искрени кон себе, бидејќи има луѓе на кои им е тешко да си признаат дека сакаат мирна работа, со точно одредени обврски и работно време, не сакајќи да ги сметаат за досадни. Имајте на ум дека одбирате работа која ќе биде по ваша мерка, а не по мерка на другите.rnrn
rn2. Запознајте ги професиите кои ќе можете да ги работите по завршувањето одредени студии
rn
- rn011
- Распрашајте се кои работи можете да ги работите по завршувањето на одреден факултет и каква е ситуацијата за наоѓање таква работа. Дознајте кое работно место е најдиректно поврзано со факултетот. На пример, можеби вам ве интересира македонскиот јазик, книжевноста и филозофијата, но никако не би сакале да работите како учител/ка, а тоа е најчестото работно место поврзано со тие студии.
- Разговарајте со вашите пријатели за нивната професија. Притоа, обрнете внимание на фактите, а не на донесување вредносни судови. Пример, некој ви раскажува дека си ја мрази работата (вредносен суд) поради честите патувања (факт), а можеби токму патувањата вам ви се привлечни.
- Замолете ги да појдете 2-3 дена со нив на работа.
- Доколку немате пријател кој може да ве одведе, јавете се директно во компанијата и прашајте дали ќе може да дојдете да се запознаете со нивниот начин на работење и функционирање.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
3. Информации од други лица
rnИнформациите кои ги добиваме од луѓето кои ги познаваме, понекогаш можат многу да ни помогнат и да нè натераат да се замислиме во поинакво светло и да размислуваме за професии кои претходно не ни паѓале на ум.rnrnРазговарајте со родителите, пријателите и професорите и изнудете да ви одговорат како тие гледаат на вас, кои се вашите потенцијали, што мислат која професија најмногу ќе ви лежи и во која можете да бидете успешни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Траги-комедии
Надвор дожд и грмотевици, тебе и онака денот ти е ужас, сè ти тргнало наопаку, сегде доцниш, ништо не правиш како што треба, па си велиш сценава баш се поклопува со времево надвор, поужасно не можеше да биде. Од друга страна, на исто такво време можеш да бидеш неверојатно среќен/на, сè ти оди како подмачкано, дождот не ти смета, напротив, си велиш, баш добро денес што заврна ќе си шетам надвор по дождот, си ја пееш „Кој си носи чадорче“, ти си најсреќната особа на светов. На времето работа му е да врне, да се менува, да грее сонце, а ние да се поистоветуваме со истото, како да е небаре поврзано со нашата судбина. rnrn
rnrnМногу често времето управува со нас, како лондончаните, се појавува еден од тие ретките моменти кога грее сонце а не истура дожд, и се чувствуваат како преродени. Да се чудиш колку на твоето расположение може да влијае времето, но од друга страна, колку ти можеш да влијаеш врз сопствената психа, како самиот ти ќе ги доживееш тие временски услови. Се рекло, „има луѓе кои го чувствуваат дождот, а другите само се наводенуваат“.rnrnИма едно нешто за кое гарантирам дека човек со најсилна психа не може да го издржи. Тој може да учествува на некаков ритуал на секти и да излезе од таму без ментални оштетувања, ама дај му на истиот човек да гледа неколку епизоди од турските серии по ред, ќе се уништи кутриот. Ма нема сега само турски, има и индиски. Музиката те мава во глава, ти зуе во мозокот, ти се чини ќе експлодираш во секој момент. И ние тоа го гледаме. Нашата нација групно се труе во просек 4 часа дневно. Па не сме здрави, кого залажуваме. Сцена на тортура, морам да го дојадам колачот на баба, се трудела жената и плус ми го направила омилениот, со вишни, леле, леле. Во секоја друга прилика би ми дошло прсти да излижам, ама ела да те видам објасни ѝ дека капацитетот ми е толкав, после зелникот, па питата, и уште кога ќе помислам дека слатко ме чека. Капак на сè, мора да сум во иста просторија за да се увери дека јадам. Бабо не можам веќе, е неразбирлив израз. А во таа просторија ечат серии, ти се чини дека после тоа за ниедна психичка функција нема да си способен.rnrnАгата Кристи кажала дека доколку не ги пишувала своите книги, најверојатно ќе била шизофреничар, всушност книгите ѝ помагале да се ослободи од стресот. Па не знам кој таму писател бил по малку „однесен“, некој поет последните денови од својот живот ги минал во лудница… Чекај, значи во многу случаи овие надарениве генијалци биле на работ пред „шизнување“ или веќе биле „шизнати“. Ја паметам книгата „Чекајќи го Годо“, уште една тортура, цела книга го чекаа и мислам дека на крај не дојде. А да не го спомнувам љубовниот триаголник на Шекспир, човеков, барем според мене, бил чист генијалец, ама ако не бил заглавен помеѓу љубовта кон проститутката и згодниот младич, ќе бил само обичен човек без никакво значење за светот.rnrnТогаш Шекспир остро се противел на верувањето дека само белите девојки, со сини очи и плави коси се убави. Изреволтиран пишувал за лажните убавици кои премногу се шминкале за да имаат бело лице. О, Шекспире, дојди живеј во денешно време, пишувај за „тортите“ кои се шетаат по улица. Кај нас денес сè е убаво, црно, плаво, кафено, сè додека е добро нашминкано, можеби не се служиме со корсети, ама мил мој Шекспир, имаме силикони, ха! Тој го згрешил времето во кое живеел, требало покасно да се роди.rnrnАко некој во денешно време сака да ја опише убавината на една девојка, тоа би звучело вака некако:rnrnСекси слика на профил имаше таа, ах убавино, ах голотио, ах тесни хеланки твои!rnrnЛајкови и коментари се множеа дневно, будно стоев на нејзиниот профил ко ноќна птица,rnrnЧекајќи нова слика да ме осамне, мене, кутриот, мене јадниот, грешна душа!…
rnФејл, ама мислам дека пораката е јасна, тоа е поентата… Заклучок: прифатете ги промените, нови времиња, тоа е тоа, можеби и супер ни е вака, којзнае што доаѓа во иднина!rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Бесценети цитати за животот
Тешко е да се живее според правила. Некако полесно е да се создаваат, отколку да се почитуваат. Но, некои паметни луѓе, кажале некои мисли, кои, ако ништо друго, барем не инспирираат да искористуваме повеќе од животот и не потсетуваат на неговите вистински вредности. Одбравме 13 кои нам ни се допаднаа, но вие слободно споделете ги вашите животни мота преку коментари.rnrn
rn1. „Во животот си успеал тогаш кога сè што сакаш е сè што ти е потребно.“rn- Вернон Хауард
rn
2. „Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран.“rn- Конфучие
rn
3. „Многумина од нас го губат половина од своето време посакувајќи работи кои би можеле да ги имаат кога не би го потрошиле половина од времето на посакување.“rn- Александар Вулкот
rn
4. „Успехот не треба да се мери според позицијата што некој ја постигнал во животот, туку според пречките кои успеал да ги надмине додека се обидувал да успее.“rn- Букер Т. Вашингтон
rn
5. „Има право да критикува оној кој има срце да помага.“rn- Абрахам Линколн
rn
6. „Најгорливата болка е да се препознаеме себеси како единствена причина за сите наши неволји.“rn- Софокле
rn
7. „Можете да одредите колку се луѓето самоуверени слушајќи го она што не го кажуваат за себе.“rn- Брајан Џ. Џет
rn
8. „Во средината на тешкотијата, лежи можноста“.rn- Алберт Ајнштајн
rn
9. „Мора да ја искористиме болката за да ја согориме како гориво за нашето патување.“rn- Мијазава Кенџи
rn
10. „Искуството е она што го добиваш кога не го добиваш она што го сакаш.“rn- Непознат автор
rn
11. „Не обвинувај никого. Не очекувај ништо. Прави нешто.“rn- Бил Парселс, мото на американскиот рагби тим Њујорк џајантс
rn
12. „Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите ‘Животот е тежок’, секогаш сум во искушение да прашам: ‘Во споредба со што’?rn- Сидни Херис
rn
13. „Губитникот никогаш не победува, а победникот никогаш не се откажува.“rn- Наполеон Хил
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.