Животот не треба да биде лесен. Не можеме да стигнеме до одредена возраст, социјален статус или работна позиција во кариерата и одеднаш да ги добиеме сите одговори на животните прашања. Не постои тајна напивка, среќна амајлија или молитва која ќе го промени текот на нашиот живот дур трепнеме. Но, можеме да бидеме сигурни во едно: Не сме сами.rnrn
rnrnНиту една личност во светов ги нема сите одговори. Има толку многу непознати во овој свет, толку многу промени, толку многу нови ситуации и моменти кои допрва треба да дојдат. Ваквите моменти ќе нѐ турнат нанапред и ќе нѐ вратат наназад. Ќе нѐ упатат во илјадници различни насоки, што ќе биде невозможно да знаеме каде да се движиме и каде ќе завршиме. Незнаењето е дел од убавината на животното патување.rnrnДоколку знаевме сѐ, никогаш немаше да ги почувствуваме првите радости, таги, среќа, љубов, реакции на разните секојдневни настани, независно дали се позитивни или негативни. Животот ќе беше методичен и досаден. Немаше да ги има своите подеми и падови, возбудата за малите работи и восхитот и чудото кога ќе ги пребродиме тешките моменти. Немаше да нѐ расплаче, да нѐ насмее, да нѐ оформи во силни и самоуверени личности. Немаше да биде животот кој си го створивме за себе, кој го сметаме за свој и кој го поседуваме со гордост и во добро и во зло.rnrnНе треба да имаме мапа на животот за да знаеме каде работите почнуваат и каде завршуваат. Сите поминуваме низ периодите на неодлучност, страв, анксиозност, сомнеж, осаменост. Но, тие се минливи. Постепено, ќе научиме важни лекции и ќе откриеме некои од одговорите кои ги бараме. Животот ќе се промени. Затоа немојте да се разочарувате затоа што не сте сигурни во кој правец се движите, што правите, па дури и кои сте. Сите ние бараме, трагаме, учиме и откриваме кои сме, што сме и зошто постоиме.rnrnЖивотот треба да биде предизвик, да нѐ збуни, разочара, развесели, воодушеви. Треба да биде еден долг конец од лекции и сеќавања. Да биде едно патување, авантура во која радо ќе се впуштиме, ќе го грабнеме воланот, но ќе ги ставиме и сигурносните појаси, ќе се соочиме и ќе ги поминеме сите кривини и тесни патчиња, а потоа ќе научиме како да возиме без раце кога ќе излеземе на прав пат и на возбудливи удолници.
Tag: вредности
-

Мапа на животот: Не мора да ги знаеме сите одговори за да бидеме среќни
-

22 мудри арапски поговорки кои ќе ви го прочистат умот
Од историска гледна точка, Блискиот Исток важи за лулка на цивилизацијата, а културното наследство што го има оставено и ден денес е од непроценливо значење. Топлите бои, тесните улички, жешкото сонце, убавата традиционална облека и караваните кои мирно се движат на златните пустински песоци, се привлечни за секој кој има желба да ги открие тајните на неговите древни мудрости.rnrn
rnrnОвие 22 арапски поговорки се само дел од многуте мудрости поврзани со филозофската мисла, погледот кон светот и моралните вредности на арапскиот свет:rnrn1. Отвори ја устата само ако она што ќе го кажеш е поубаво од тишината.rnrn2. Војската од овци предводена од лав ќе ја порази војската од лавови предводена од овца.rnrn3. Една единствена грешка доведува до дупла несреќа.rnrn4. Верувај во она што ќе го видиш, огради се од она што ќе го чуеш.rnrn5. Прашај паталец, а не гаталец.rnrn6. Со убав збор и добрина и слонот ќе можеш да го повлечеш за коса.rnrn7. Ветрот дува спротивно од посакуваната насока на бродот.rnrn8. Ако си наковалната, биди трпелив. Ако си чеканот, удри силно.rnrn9. Оној што бара совршен пријател, завршува без пријатели.rnrn10. Сончевиот зрак секој пат создава пустина.rnrn11. Држи се подалеку од злото, седни и гледај го.rnrn12. Потребната врска помеѓу движењето и времето е вистинска, времето е нешто што душата го создава во движење.rnrn13. Чувајте зелена трева во срцето и можеби славејот ќе дојде.rnrn14. Ако ја победиш гордоста ќе станеш добар. Ако ја надминеш лутината ќе станеш весел. Ако ја надминеш страста ќе станеш успешен. Ако ја надминеш алчноста ќе станеш среќен.rnrn15. Никој не може да управува со оној што не може да управува со самиот себе.rnrn16. Ако се плашиш – не прави го тоа, ако веќе го правиш – немој да се плашиш!rnrn17. Победата покажува за што си способен, а поразот – колку навистина вредиш.rnrn18. Не отворај врата што не ќе можеш да ја затвориш.rnrn19. Мажите што не ги опростуваат малите недостатоци на жените, никогаш нема да можат да уживаат во нивните доблести.rnrn20. Ако своите тајни ги откриеш на ветрот, не смееш да го обвинуваш ветрот за тоа што им ги открил на дрвјата.rnrn21. Ако можеш да имаш сè, не оставај малку.rnrn22. Она што допрва доаѓа е подобро од она што исчезнало. -

Не плашете се да бидете ранливи
Луѓето често ја збунуваат ранливоста со слабоста. Тие веруваат дека да се биде ранлив значи да се биде наивен, да се застане на гредата, да се затворат очите и да се паѓа слепо во меѓучовечките односи. Но, она што не го разбираат е тоа дека да се биде ранлив значи и да се биде најсилната верзија од себе.rnrn
rnrnРанливоста значи да ги отворите очите и да бидете искрени со себе. Значи да ги гледате најслабите и најкршливите делови од себе и да ги прифатите како такви. Значи да ги сфатите своите несовршености, своите стравови и своите желби. Да го погледнете своето минато и да одлучите дека и покрај сѐ што ви се случило, вие ќе продолжите да бидете отворени кон новите искуства и новите познанства.rnrnРанливоста значи да ја избирате љубовта, одново и одново. Да знаете дека можете да бидете повредени и скршени, но и да си дозволите да го проживеете моментот и најубавите делови од животот. Да се биде ранлив значи да се биде моќен, силен, храбар, цврст. Значи да ги правите оние работи од кои се плашите, за да можете да растете и да се развивате. Значи да не се откажувате и бегате од предизвиците и ризиците само затоа што се непознати или изгледаат страшно, туку да го прифатите она што светот има да го понуди без да се воздржувате. Ранливоста значи да се даде шанса на вистинските, автентични врски кои значат и кои вредат. Значи да им ја дадете можноста на другите навистина да ве запознаат и да се ослободите од стравот кој го чувствувате кога мислите дека ќе откријат нешто кое нема да им се допаѓа.rnrnРанливоста е моќ, втора шанса, најдоброто нешто од животот. Ранливоста е она што нѐ прави луѓе. Затоа не треба да се плашиме од неа. Не треба да се плашиме да ги откриеме нашите најдлабоки мисли, да се соочиме со она што нѐ прави анксиозни и загрижени, да го отвориме нашето срце за љубовта дури и во оние моменти кога вратата се затворила. Не плашете се да простувате, да се ослободите од минатото, да го прифатите новото и да се прославите себеси, својот живот и своето постоење.rnrnРанливоста е сила. А, вие сте силни и истрајни. -

8 причини зошто луѓето кои се блиски со семејството се и најсреќните луѓе на светот
Љубовта на семејството е најголемиот благослов во животот. Можеби ќе пораснете на различни гранки од семејното дрво, но затоа вашиот корен секогаш ќе остане ист. Дури и во оние моменти кога се чувствувате најтешко и кога мислите дека нема излез и решение, вашите најблиски се тука да ви ја вратат надежта, да ви дадат поддршка и да стават насмевка на вашето лице. Затоа, никогаш немојте да се откажувате од своето семејството и држете го покрај себе колку што можете подолго, бидејќи нема ништо повредно во животот од најмилите и тоа што можете да го постигнете со нив. Во продолжение прочитајте ги 8-те причини зошто луѓето кои се блиски со своите семејства се и најсреќните луѓе на светот.rnrn
rnrn1. Ја разбираат радоста која може да произлезе од малите нешта. Како и секое дете кое расте, така и тие ги сакаат играчките, патувањата и изненадувањата. Но, тие гледаат среќа и во наједноставните нешта: Долгите ноќи поминати на трпезариската маса, смеењето во автомобилските возења кои би требало да бидат долги и досадни и многу други работи кои би биле обични и заборавни, ако не беше семејството.rnrn2. Можат да пронајдат добро во секоја личност. Да се биде блиску со семејството не значи дека нема кавги и расправии. Но, она што ќе го научите е дека независно колку некој може да ве изнервира, сепак секој има и убави и добри квалитети кои ќе ги увидите во оној момент кога вашата лутина ќе се смири.rnrn3. Нивните приоритети се едноставни. Работите како богатството и стабилната кариера можат да бидат одлични додатоци на животот. Но, најважното нешто се најмалите работи: Семејниот ручек, одморот поминат со најмилите, здравјето, смеењето, довербата, лојалноста. Она што ги прави луѓето кои се блиски со семејството најсреќни, се оние нешта кои се наоѓаат токму пред нив.rnrn4. Свесни се за себе уште од мала возраст. Растењето со браќата, сестрите и родителите ви помага да разберете кои квалитети, карактеристики и однесувања најмногу ги цените кај другите и како продолжение на тоа, каква личност сакате да бидете и самите вие.rnrn5. Знаат дека е во ред да побараат помош кога им е потребна. Формирањето на длабоки врски со најмилите ве учи дека што и да се случи, независно дали сте во право или сте виновни, вашето семејството секогаш ќе направи сѐ за да ви помогне.rnrn6. Знаат како да се забавуваат и во најобичните моменти. Купувањето, чистењето или што и да е друго, тие ќе најдат начин да го направат смешно и интересно. Дури и оние најсериозни моменти можат да бидат забавни кога сте опколени од луѓето кои ве прават да се чувствувате како да сте дома.rnrn7. Тие постојано се потсетуваат себеси дека треба да бидат благодарни. Тие знаат дека поважно од сопствената спална, бања, големиот и удобен кревет и недостатокот од одговорности се деновите кои ги поминувате со семејството. Луѓето кои се блиски со своите најмили секогаш се обидуваат да бидат благодарни за сите оние работи кои им се дадени во животот.rnrn8. Добиваат енергија од среќата на другите. За нив ништо не е толку возбудливо како знаењето дека луѓето за кои се грижат и ги сакаат се среќни. И кога ќе се порадувате на нешто такво, тогаш немојте да со сомневате дека сте навистина среќни. -

Ова е начинот на кој денес живееме
Сонцето се рефлектира од стаклената површина покриена со отпечатоци од прсти, вирови од идентитети. Пораки, музика, потсетници, повици… Звукот на нашите нокти кои одекнуваат на екраните стана погласен од срцевите отчукувања. Се плеткаме во жиците, во оние кои се делат на средината и кои се виткаат околу нашите грла. Ритамот кој пулсира како тапан во ушите, скриен од другите, себичен и одвоен. Повеќе се смееме за екраните отколку за себе. 10-секундни приказни ги заменија долгите новели и романи, а ние постојано пребаруваме низ најразлични информации, нетрпеливи да стигнеме до крајот.rnrn
rnrnГрадиме кралства на „среќа“ со совршени сеќавања од социјалните мрежи, безгрижно редејќи цигла по цигла: Квадратни фотографии од најважните моменти во нашиот живот, сѐ додека целосно не сме затворени од надворешноста. Се споредуваме со другите насмеани, уредени и осветлени лица, нашите армии вооружени со „лајкови“ „срценца“ и коментари.rnrnСветот ни е буквално во дланките, но со неговото добивање се изгубивме себеси.rnrnНашите дигитални траги нѐ следат насекаде. Нашите костури играат пред нас, парадирајќи го нашето минато за сите оние кои сакаат да ја погледнат нашата кибернетска приказна. Нашите безжични светови ни закачуваат конци на екстремитетите, а електронската репутација е скалата која ја користиме за да се искачиме над сите други. Дводимензионални, идеализирани верзии од нас седат моќно и високо над тродимензионалната реалност на светот надвор од екранот. Но, искуството вели дека ќе паднеме од нашите вештачко произведени пиедестали бидејќи нема ништо цврсто на коешто можеме да застанеме.rnrn
rnrnРеалниот живот е тоа што постои надвор од правите агли на совршено филтрираните фотографии. Вашето утринско кафе, фотографирано за вашите следачи, нема да ја покаже девојката која едвај ги држи солзите во себе седната во ќошот на кафулето. Видеото од преслаткото бебенце на вашата пријателка нема да ги покаже исцрпувачките воздишки од новите родители и ноќните караници. Сѐ што е помалку чисто и светкаво мора да биде скриено или уредено, сочувано од сите љубопитни очи. Во нашиот труд да се поврземе, ја губиме нашата блискост, поистоветуваност, идентификација.rnrnИдеализираме и обожаваме екрани со лажни стандарди за компарација. Нашите глави деноноќно се поклонуваат пред нивните олтари, читаме псалми составени од Фејсбук статуси, твитови и хаштагови и се молиме за прифаќањето кое ќе нѐ искупи од заборавот. Молци привлечени од светлината. Но, која е жртвата за нашата нова религија? Сподели линк, но не споделувај оброк. Сподели емотикон во форма на срце, но не споделувај љубов. Говорот на телото стана непознат јазик, преводот изгубен во ерата на роботските гласови кои нѐ водат низ секојдневието.rnrn
rnrnШто е потребно за да се вратиме назад на фабричките нагодувања?rnrnСиното небо изгледа многу поинаку кога нема филтер. Лицето на нашиот најдобар пријател е многу поубаво лично отколку на една фотографија. Концертите подобро се доживуваат кога ги гледаме со своите очи, а не преку објективот. Станете малку неуредни и осмелете се да заборавите да направите фотографија. Така ќе сфатите дека таа е сѐ уште зачувана во меморија, само не во вашиот телефон, туку во вашата глава.rnrnДисконектирајте се од светот во вашите раце и вклучете се во универзумот пред вас. Отплеткајте се од светската мрежа и вдишете длабоко. Погледнете нагоре и барајте ги новите шанси. -

4 нешта кои се поважни од туѓото мислење за вашиот изглед
Поважно од впечатокот кој го оставате на другите, од тоа дали сте доволно згодни и дали можете да се натпреварувате со сите оние совршени убавици на социјалните мрежи кои живеат за да објават фотографија од нивните совршени животи е да се чувствувате добро во сопствената кожа. Да го прифатите своето тело и начинот на кој изгледате и сликата која ја давате за себе да ја покажува сета психичка длабочина која ја носите во себе. Модата и убавината се мултимилијардерски индустрии каде физичкиот изглед е сѐ, но колку и да звучи клише, тоа што е скриено во вашата суштина е многу поважно од тоа што се наоѓа на површината.rnrn
rn1. Важно е да имате имиџ кој одговара на вашиот карактер
rnВашите модни одлуки и избори не се важни доколку имате сопствен стил кој одговара на тоа со кое зрачите. Никој нема да ве осудува и да мисли дека сте смешни и старомодни, ако се прифатите себеси и одлучите да се облекувате онака како што се чувствувате. Имиџот не постои за да се обидете да се маскирате и да го прикриете вашето вистинско „јас“, туку напротив, тој постои за да се изразите и слободно да се покажете и докажете пред светот.rn
2. Колку добро се чувствувате во своето тело
rnНезависно од тоа дали сте ниски или високи, имате вишок килограми или сте слаби, дали сте елегантен или спортски тип и сте тесни или широки на местата за кои наметнатите општествени стандардни пропишуваат ширина… Ако во вашето тело се чувствувате онака како што се чувствувате дома: Удобно, опуштено и пријатно, тогаш нереалните пропорции кои ги промовира општеството нема да имаат никакво значење. Женственоста и атрактивноста не зависат од големината, градбата, коските и квалитетот на кожата и косата, туку само од тоа колку добро се познавате себеси и дали тоа што го познавате го прифаќате и сакате. Љубовта спрема себе е најдобриот стил кој може да го постигне секоја личност.rn
3. Смисла за хумор
rnСмислата за хумор го дефинира вашиот карактер и избива како искра, млаз, водоскок, катапулт и ерупција – таа е незапирлива и во целост ја отсликува вашата личност. Воздржан и циничен хумор, црн, ведар, интелектуален хумор, хумор на лична сметка, вулгарен, елегантен, хумор во напнати ситуации… Колку луѓе, толку начини да се реагира на еден духовит начин и да се обезбеди сопствено место во реалноста. Смислата за хумор не можете да ја научите, но затоа можете да ја обликувате онаа со која сте родени. rn
4. Љубезност
rnНасмевката, пријатниот тон, нежниот допир со кој ги тешите своите најблиски и ги носите во еден свет каде што ќе бидат безбедни, бидејќи знаат дека некој ќе ги сослуша и ќе сака да им помогне и да ги разбере со самото свое присуство, е илјада пати повредно од секој друг впечаток кој го оставате со својата појава. За љубезната личност никој нема да мисли дека површна, досадна или празна, бидејќи наместо нејзиниот изглед, сите најпрвин ќе ја забележат нејзината насмевка и изразот на нејзиното лице.
-

Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?
Живееме во свет во кој често ја гледаме уредената верзија на животот на луѓето. Пријателите на Фејсбук изгледаат како постојано да ги споделуваат своите прекрасни моменти. Видеата на Јутјуб ги покажуваат неверојатните таленти на обичните луѓе и вистинските херои. Сето тоа е за восхит и за жал, исто така е и многу деморализирачко. Понекогаш ни е тешко да не се обидеме да се споредиме со другите, мислејќи дека нивните животи се совршени. А, што се однесува до нас, се чувствуваме како да не можеме да се вклопиме и тука лежи проблемот. Но, постојат начини да се надмине оваа состојба и да се ослободиме од ваквите чувства, кои вреди да се научат.rnrn
rnrnКлучот во избегнувањето на несигурностите е целосно да се разбере што значи тоа да се биде човек. Сите луѓе имаат и силни и слаби страни, и тоа треба да се цени. Сите се соочуваме со чувства на тага, повреда, осаменост и ред други ранливи емоции. Само затоа што луѓето не сакаат да ги истакнуваат своите патења не значи и дека тие не постојат. Набљудувајте ги тие околу вас и ќе сфатите дека не сте сами, и во оној момент кога ќе го сфатите тоа, сочувствувајте со себе.rnrnДа се има сочувство за самите себеси не значи да си дадете дозвола да се откажете и да се прифатите себеси како инфериорни. Напротив, тоа значи препознавање на фактот дека вашите маки се разбирливо тешки и вие ги делите со другите. Значи да останете поврзани со една поголема смисла за самите себеси – онаа која ги вклучува вашите силни страни, таленти, интереси и вредности. Кога ќе обрнете внимание на оние делови од вашиот карактер кои ќе ги цените, природно ќе се чувствувате подобро во својата кожа. Ќе сакате да го правите она што е најдобро за вас.rnrnПолека ќе се ослободувате од сите несигурности и ќе почнете да се огледувате на луѓето кои успешно ги пребродиле сите свои патења и недостатоци. Ќе ги користите како примери кои ќе ви помогнат да ги прифатите своите слабости и маани, паралелно фокусирајќи се на тоа што го правите добро. Помислете на Стивен Хокинг, Хелен Келер, Реј Чарлс или на кои било други личности од вашиот секојдневен живот кои ги сметате за херои. Кога ќе ја пренасочите енергијата и вашето внимание кон попозитивната перспектива ќе забележите многу моменти во кои сте ослободени од самокритичноста.rnrnНо, ќе забележите и дека негативните мисли и чувства можат многу лесно да се вратат. Кога тоа ќе се случи, на вас е да одлучите како ќе реагирате. Можете да изберете да останете заглавени во старите навики или можете да изберете одново да се групирате и фокусирате. Наместо да пронаоѓате доказ за вашата инфериорност, изберете да се потсетите дека не сте сами – вие се соочувате со животот исто како што и секој друг човек на светот. Гледањето и разбирањето на вистината може да ви помогне да бидете посилни личности и да го кренете својот морал. -

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите
Кога сте принудени да го инвестирате своето време и енергија во погрешни партнери, единствениот резултат кој следува како последица е тоа што ќе завршите повредени, фрустрирани и нервозни. Во тие моменти, клучно е да го пронајдете мирот и чувството за среќа во животот и жестоко да се борите да ги задржите, не дозволувајќи некој друг да ви го одземе тоа задоволство. Сепак, не смеете да се откажете ниту од љубовта.rnrn
rnrnВо оној момент кога ќе ја пронајдете вистинската личност која ве инспирира и искрено ве цени, тогаш ќе се ослободите од сите стравови. Но, како да го сторите тоа без да го ризикувате мирот за кој напорно сте работеле да го култивирате во својот живот? Во продолжение прочитајте ги 9-те работи кои можете да ги направите за да се погрижите дека вашето срце ќе остане цело и безбедно.rnrn1. Избегнувајте партнери со очигледна ниска самодоверба. Ако самиот не се сака, цени и почитува тогаш сигурно нема да може да го стори истото и за вас. Пронајдете некој кој има поголема доверба во себе и своите способности.rnrn
rnrn2. Погрижете се неговите семејни и пријателски вредности да се совпаѓаат со вашите. Доколку сакате да го поканите во својот живот, најпрвин анализирајте го неговото однесување. Погледнете дали неговиот однос со семејството и пријателите е цивилизиран и нормален и дали неговите обврски и одговорности се под контрола.rnrn
rnrn3. Не го прифаќајте неговото лошо однесување. Доколку покажува негативен, критички и некомуникативен однос со пасивна агресија, тогаш разговарајте со него и кажете му како се чувствувате. Ако не може да се откаже од неговите лоши навики и одлуки, тогаш време е да ставите крај на вашето дружење.rnrn
rnrn4. Обрнете внимание на тоа што го прави, а не на тоа што го кажува. Делата зборуваат погласно од зборовите. Оној партнер кој е љубезен, дарежлив, досетлив и способен да бара компромис е партнер кој вреди да го имате покрај себе.rnrn
rnrn5. Погрижете се да ве вклучи во сите аспекти на неговиот живот. Доколку искрено ве сака, тој ќе го сподели неговиот приватен и професионален живот со вас и нема да се срами од фактот што токму вие сте личноста со која избрал да ја дели својата животна приказна.rnrn
rnrn6. Бидете сигурни дека е заинтересиран за вас. Доколку навистина ве цени, тој ќе ве направи дел од неговите приоритети во животот. Ќе сака да поминува време со вас и ќе ви каже кои ваши карактеристики му се допаѓаат. Нема да има потреба да се запрашувате како тој се чувствува или што мисли за вас. Ако е заинтересиран, вие тоа ќе го знаете.rnrn
rnrn7. Бидете сам свој адвокат. Кога нешто ви пречи, кажете му. Ако ги занемари вашите чувства или се обидува да го оправда и одбрани своето однесување, тогаш не е сѐ во најдобар ред. Барајте партнер кој знае да ги препознае своите грешки и е способен да ги направи потребните промени. Некој кој ќе знае да ги почитува вашите чувства и некој за кој ќе можете и вие да го сторите истото.rnrn
rnrn8. Почекајте пред да спиете со него. Кога сте сериозни во потрагата по вистинската личност, добро е да почекате додека не развиете емоционална поврзаност пред да стапите во поинтимен однос. Ова е една од најдобрите стратегии за поуспешна врска.rnrn
rnrn9. Погрижете се да се чувствувате среќно и опуштено. Ако се чувствувате анксиозно и нервозно, тогаш нешто не е во ред. Верувајте им на своите инстинкти и дајте си време. Ако има повеќе лоши отколку добри денови, тогаш време е да ја продолжите потрагата.rnrn
-

Безвременски еврејски поговорки кои ни пренесуваат моќни пораки
Секој народ низ историјата остава поговорки по кои ќе биде запаметен и препознатлив. Таков е случајот и со Евреите, чии поговорките со векови наназад се прераскажуваат, цитираат и од колено на колено се пренесуваат на следните генерации. Овие моќни мисли се чуваат како национално богатство и како драгоцени бисери, токму поради мудростите кои ги кријат во себе.rnrn
rn„Тој што нема да го научи своето дете од потта на лицето да заработува за леб, тој одгледува крадец.“
rn
„Тоа што е супата за телото, насмевката е за душата.“
rn
„Од успехот до неуспехот нѐ дели само еден чекор. Од неуспехот до успехот нѐ дели долг пат.“
rn
„Љубовта која се одржува со подароци е секогаш гладна.“
rn
„Ако не бидам подобар, ќе бидам полош.“
rn
„Одговорноста е секогаш на човекот: без разлика дали го направил делото свесно или несвесно, без разлика дали бил буден или спиел.“
rn
„Научете да молчите, за да знаете да зборувате.“
rn
„Тоа што кај паметниот се постигнува со разум, кај будалиот се постигнува со ќотек.“
rn
„Позајмено, во бунар фрлено.“
rn
„Онаму каде што Ѓаволот не може сам, тој таму го испраќа виното.“
rn
„Честа е како млекото. Се валка и од најмалите ситници.“
rn
„Ако носите горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ви помогне.“
rn
„Бог нека ве чува од лошите жени, а од добрите чувајте се самите.“
rn
„Да даде Бог да бидете здрави, богати и непознати.“
rn
„Кога изгледа дека нема излез од некоја ситуација, има барем четири.“
rn
„Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два.“
rn
„Најсигурен е животот со вистината.“
rn
„Ако сакате да заборавите на работните проблеми, облечете два броја помали чевли.“
-

12 знаци дека вашиот сопруг е среќен во бракот
Постојат моменти во навидум среќните бракови кога сѐ изгледа во ред и одеднаш еден од партнерите изјавува дека е готово меѓу вас. Според низа социјални експерименти е докажано дека жените почесто иницираат развод, но затоа мажите е поверојатно да ја напуштат брачната заедница и неочекувано да го прекинат односот. rnrn
rnrnПоследователната колатерална штета од двата случаи, која се одразува врз преостанатите членови на семејството и пријателите, само го проширува кругот на болка, бес и лутина. Според тоа, како можете да бидете сигурни дека вашиот сопруг е навистина среќно оженет? Постои ли начин да дознаете дали вашиот брак е функционален и безбеден? Во продолжение прочитајте ги 12-те сигурни знаци кои гарантираат дека вашиот сопруг е среќен во бракот.rn1. Се чувствува ценето и забележано
rnИстражувањата покажуваат дека мажите сакаат да им се посветува одредено внимание и да бидат ценети од своите партнери, а она што го правите (или не го правите) за нив е една од примарните мерки за тоа колку тие се среќни во брачната заедница.rn
2. Знае дека може да ви се довери без да се чувствува осудувано или критикувано
rnОвој тип комуникација е од голема важност, бидејќи ја претставува основата врз која се гради довербата и посветеноста.rn
3. Знае дека е физички посакуван
rnКолку и да уживаат во сексот, ниеден маж не сака да биде единствениот кој покажува интерес.rn
4. Му се допаѓа чувството кое го обзема кога е со вас
rnКомплиментите, пофалбите, прегрнувањата, редовното изговарање „Те сакам“ и останатите гестови со кои му покажувате колку го сакате, го прават вашиот сопруг да се чувствува добро и задоволно.rn
5. Знае дека нема да го толерирате неговото лошо однесување
rnВашиот сопруг знае дека вашата љубов е вистинска и дека таа не се заснова на потчинета согласност.rn
6. Му се допаѓа тоа што ви е потребен, но и фактот што не сте зависни од него
rnМеѓусебната поддршка претставува значаен дел од здравата врска, но преголемата зависност од партнерот создава контрола, а со тоа и потребата да се ослободите од неа.rn
7. Му се допаѓа тоа што се грижите за физичкиот изглед на свој начин
rnВашиот сопруг не очекува да изгледате како холивудска ѕвезда, но тоа што гледа како се грижите за физичкиот изглед го тера да мисли дека ја знаете својата вредност, но и вредноста на вашиот заеднички однос.rn
8. Се чувствува почитуван и сакан
rnЉубовта и почитувањето одат заедно. Да се чувствувате почитувано од личноста која ве сака ја зголемува самодовербата и ја обновува емоционалната страст меѓу вас.rn
9. Никогаш не се чувствува понижено од вас
rnКога сте лути и кога не користите лични навреди и напади, вашиот сопруг се чувствува сигурно и е подготвен да ги ислуша причините поради кои сте вознемирени.rn
10. Верува дека ќе го оставите минатото зад себе
rnЗнае дека нема долго да ја држите лутината и да се чувствувате како жртва. Неговата доверба во вас го прави вашиот брак флексибилен, возбудлив и отворен кон идеите за иден заеднички напредок.rn
11. Знае дека претставува приоритет во вашиот живот
rnВашиот сопруг сака да знае дека ви е важен и дека кога ќе има потреба од вас, како и дека секогаш ќе ја изберете и ќе застанете на неговата страна.rn
12. Ја цени вашата љубезност кон неговото семејство
rnНикој не го избира своето семејство. Кога ќе покажете дека сте ги прифатиле неговите најблиски, вашиот сопруг ќе се почувствува среќно и исполнето.