Воспитувањето се учи дома, од семејството, од родителите, бабите и дедовците и кога еднаш ќе се стекне, тоа вечно останува вкоренето длабоко во нашето битие, сѐ до самиот крај. Доброто воспитување е сложен процес што секој родител мора да го примени и да му обрнe добро внимание. Запомнете, строгоста не е гаранција за добро воспитување и понекогаш може да има дури и негативни последици. Затоа, добро е работите да се одвиваат природно и одмерено. Во продолжение, погледнете дали вие сте биле добро воспитани од страна на вашите родители…rnrn
rnrn1. Знаете дека трпението е доблест. Не мора сѐ да добиете, сега и овде. Свесни сте за поговорката „Трпение – спасение“ и сметате дека е вистинита. Возрасните луѓе кои не биле научени од своите родители на трпение, посебно во јавноста, можат да се однесуваат исто како мали дечиња. На пример, кога се туркаат преку ред во продавница.rnrn2. Секогаш мислите и на другите. Додека разговарате со повеќе луѓе во круг, се поттргнувате за да може личноста која стои зад вас да се вклучи во разговорот. Притоа, не им упаѓате на другите во разговор и не зборувате без да направите пауза подолго од 2 минути.rnrn3. Свесни сте за својата околина. Кога излегувате од паркингот, на пример, и гледате дека некој го чека вашето паркинг место, вие забрзувате за таа личност пократко да чека и да не направите застој во сообраќајот.rnrn4. Кажувате молам и благодарам. Експертите велат дека родителите мора да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливоста и непристојноста и мора да престанат да смислуваат изговори и оправдувања за непристојното однесување на своите деца. Децата мора да научат да велат молам и благодарам без опомени и потсетници од родителите.rnrn5. Не треба да барате од другите луѓе потврда за вашата вредност. Луѓето кои не добиле соодветно воспитување прават добри работи исклучиво само за да се фалат со тоа. Добро воспитаните луѓе ќе помогнат некому и никому нема да кажат за тоа. Нивната награда е помошта и насмевката од оние на кои помогнале, а не добивањето внимание.rnrn6. Секогаш отстапувате место за постарите личности или бремените жени. Во јавниот превоз или чекалната, вие знаете дека е пристојно своето место да го понудите на постара личност или бремена жена. И тоа секогаш го правите.rnrn7. Не им ја отежнувате работата на другите луѓе. Кога сте во продавница и сте одлучиле да земете нешто што сфаќате дека сепак не ви треба, вие наместо да го оставите каде било, го враќате од местото од каде што сте го зеле.rnrn8. Емпатични сте. Тоа значи дека често се ставате во туѓата кожа, што е денес многу ретко. За емпатијата потребни се и имагинација и морална цврстина која на личноста им дава способност на самоиспитување и проценување на сопствените улоги во одредена ситуација.rnrn9. Ги почитувате постарите. На постарите од вас се обраќате со „вие“, „госпоѓо“ или „господине“. Тоа треба да биде дел од основниот бонтон, но на многумина им недостасува.rnrn10. Кога грешите, вие ја признавате грешката. И знаете кога не сте во право. И со другите мирно дебатирате кога не се сложувате, без конфликт, расправање, викање и кавги. Ги признавате своите грешки и се насмевнувате на тоа.
Tag: воспитување
-

10 знаци кои покажуваат дека сте добро воспитана личност
-

Најлошите типови луѓе од кои треба да се држите понастрана
Никој не е совршен, ама постојат луѓе кои дефинитивно се најлоши и со кои не сакате да си имате работа. Секојдневните обични ситуации можат да покажат кој каков човек е. Таквите луѓе лесно е да се препознаат, но тешко е со нив да останете рамнодушни и да не се изнервирате. Ова се неколку примери…rnrn
rnЛуѓе кои се туркаат на врата да влезат во автобус, а патниците уште немаат излезено
rnСекако дека сите сакаат да седнат во автобус, но мора да признаете дека сте се изнервирале милион пати поради луѓе кои не се способни да почекаат 10 секунди за да излезат патниците од автобусот. Многу е лесно да се препознаат овие луѓе. Кога автобусот ќе застане на постојката, тие стојат точно пред вратата и се туркаат да влезат по секоја цена. Не сте помеѓу нив? Одиме понатаму.rn
Возачи кои бесно им свират на возачите на обука
rnСите луѓе во еден момент биле почетници во нешто и затоа не е јасно како искусните возачи не сочувствуваат со возачите почетници. Потребно е да се покаже барем малку толеранција и емпатија.rn
Луѓе кои слушаат музика од мобилниот телефон во автобус
rnАх, тој градски превоз. Доколку конечно успеавте да влезете и да седнете, тогаш најверојатно ќе ве дочека некој кој нема слушалки, но затоа има мобилен од кој вришти некој хит, не е важно од кој вид. Тоа е некултурно, како и гласното зборување на телефон во автобус. Не мора сите да знаеме што ќе има некој за ручек.rn
Луѓе кои одат преку ред
rnОва е дефинитивно најлошото чувство. Трпеливо го чекате вашиот ред, се подготвувате и потоа некој просто си застанува пред вас како да не постоите. Постојат две опции: Едната е ситуацијата да помине мирно и да продолжите со чекање, и секако онаа другата која ќе биде непријатна за сите.rnrn
rnЛуѓе кои ги користат своите деца за побрзо да ги завршат обврските
rnСигурно барем еднаш сте се запрашале дали е возможно ама баш никој да не можел да го чува детето дома – баба, дедо, сосетка, роднина… Кој било! Имено, се работи за луѓе кои ги користат нивните мали деца за да поминат преку ред и да ги завршат нивните обврски побрзо и полесно.rn
Луѓе кои не велат „благодарам“ кога ќе им ја отворите или придржите вратата
rnМора да постои посебен круг од пеколот за овие луѓе. Основно правило на бонтонот е да се каже „Благодарам“!rn
Некултурни луѓе во кино
rnГласно смеење, шушкање со кесата чипс, коментирање на она што се случува на големото платно… Листата е предолга! Некултурата се покажува најчесто на јавни места, а киното е одлично место за да покажете колку сте невоспитани.rn
Луѓе кои постојано се жалат од другите луѓе
rnНикој не е совршен, престанете да се жалите. Тоа е напорно и за вас и за луѓето околу вас.rn
Луѓе кои мислат дека се над сите
rnОва е убедливо најлошиот тип луѓе. Тие мислат дека другите не им се ни до колена, а всушност ниту самите не се свесни за нивното незнаење и заблуда. Љубомората ги уништува. Од нив дефинитивно треба да се држите подалеку!
-

Мудроста на Марија Монтесори: Заповеди кои ќе ви помогнат да станете подобар родител
Марија Монтесори, родена во Италија, е познат педагог, лекар и творец на педагошките методи Монтесори. Таа е заслужна за промената на ставот во однос на одгледувањето на деца во 20-тиот век. Позната е по нејзините кратки, но впечатливи заповеди кои треба да ги знае секој родител.rnrn
rnrnКратки по форма, но големи по содржина, ова се нејзините најзначајни заповеди:rnrn1. Децата учат од нивното опкружување.rnrn2. Ако често го критикуваме детето, тоа ќе научи да ги осудува другите.rnrn3. Ако често го фалиме детето, тоа ќе научи како да ги цени другите.rnrn4. Ако се однесуваме непријателски спрема детето, тоа ќе научи да се тепа.rnrn5. Ако сте искрени со вашето дете, тоа ќе научи што значи праведност.rnrn6. Ако често го исмејувате детето, тоа ќе стане срамежливо.rnrn7. Ако детето се чувствува сигурно, тоа ќе научи да им верува на луѓето.rnrn8. Ако на детето често му се обраќаме со зборовите „срам те било“, тоа ќе научи постојано да се чувствува виновно.rnrn9. Ако често го охрабруваме детето, тоа ќе стекне голема самодоверба.rnrn10. Ако на детето му пружите поддршка, тоа ќе стане самоуверено.rnrn11. Ако детето живее во опкружување со пријателска атмосфера, ќе научи како да ја пронајде љубовта.rnrn12. Никогаш не зборувајте лошо за детето, било да е тоа во или надвор од негово присуство.rnrn13. Фокусирајте се на тоа да ги развивате добрите страни кај вашето дете. Така нема да има простор за лошите.rnrn14. Секогаш сослушајте го и одговорете на детското прашање или молба доколку детето ви се обрати.rnrn15. Почитувајте го детето дури и кога ќе згреши. Така многу брзо ќе може да ја поправи својата грешка.rnrn16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето ако му треба помош, но повлечете се кога ќе видите дека се снаоѓа.rnrn17. Помогнете му на детето рано да ги совлада работите. Тоа ќе го направите на тој начин што ќе се погрижите светот околу него да биде исполнет со мир, љубов и позитивна енергија.rnrn18. Пред детето секогаш однесувајте се убаво. Покажете му како да го извлече најдоброто од себе.rnrn19. Почитувајте го времето на детето кога одмара, ги набљудува активностите на другите деца или размислува за нешто што правело. Немојте да му се обраќате или да го терате на некоја друга активност. -

10 совети кои ќе ви помогнат да го воспитате детето да биде примерно
Одгледувањето на децата можеби е една од најтешките работи што постои, но тоа е и најубавото нешто што може да му се случи на човекот. Децата се нашата иднина и ние мора да се погрижиме тие да израснат во примерни луѓе.rnrn
rnrnЉубовта кон децата е неспоредлива со ниедна друга, тие се најголемото богатство, но токму поради тоа родителите често грешат при воспитувањето. Секако, тоа не ги прави лоши родители, само што децата примаат навики кои потоа лошо влијаат врз нивниот живот во иднина.rnrnНаправивме листа од 10 работи кои ќе ви помогнат да го израснете вашето дете во подобар човек.rnrn1. Почесто кажувајте НЕ. Практикувајте одложено задоволство и едноставно не му давајте на вашето дете сè што ќе посака во моментот, иако вие тоа лесно можете да си го дозволите.rnrn2. Очекувајте благодарност. Одете чекор подалеку во учењето на вашето дете да кажува „ве молам“ и „благодарам“. Научете го да воспоставува контакт со очи, правилен поздрав со рака, да покажува љубезност и благодарност за убавите зборови кои му се кажуваат и дарежливите подароци кои ги добива. Ако ова не се случува, натерајте го детето да го врати подарокот (на личноста која му го подарила или вам на безбедно чување) и објаснете му зошто не е подготвено да го добие.rnrn3. Практикувајте алтруизам. Донирајте облека и играчки за луѓето на кои им се потребни (не само на вашите соседи бидејќи така е најлесно и бидејќи тие имаат мали деца) и потрудете се и вашето дете да биде дел од тој процес. Правете го ова почесто кога имате можност, пакувајте и подарувајте заедно со цел детето да научи да не биде себично.rnrn4. Бидете внимателни во врска со вашето друштво. Ако се дружите само со богати семејства кои не го одгледуваат нивното дете правилно, можеби ќе почувствувате потешкотии да го постигнете тоа што сакате кога станува збор за воспитувањето на вашето дете. Гледајте да го поминувате времето со членови на фамилијата или пријатели кои имаат слични вредности на вашите.rnrn5. Пишувајте картички за благодарност. Да, картички напишани на хартија со пенкало! Генерално, денес децата пократко го задржуваат вниманието, расеани се и не се научени да одвојуваат време и внимание за да ја изразат нивната благодарност. Оваа едноставна, но сепак важна работа, може значително да го научи вашето дете не само да ја изразува својата благодарност за нештата кои ги има и доживува, туку и своите чувства и грижи.rnrn
rnrn6. Не ги фаќајте секогаш кога ќе паднат. Гледајте да научат дека постапките имаат последици уште од рана возраст – споделете ваши искуства и научете ги лекции како „животот не е фер“. Дополнително, не претерувајте во заштитувањето од разочарувања. Мора да разберете и да верувате дека падовите се дел од успешниот развој на детето.rnrn7. Одолејте му на поривот да купувате повеќе работи наеднаш. Само затоа што можете, не значи дека морате! Не купувајте му 4 играчки наеднаш, купете му една и дозволете му на детето да ја засака и да го цени она што го има.rnrn8. Разговарајте со нивните дедовци и баби и објаснете им ги вашите намери. Споделете со нив дека имате желба детето да научи за почит, благодарност, љубезност и одговорност, и дека целите кон тоа. Потребна ќе ви биде нивната помош во остварување на овие цели, особено ако тие се како повеќето баби и дедовци кои сакаат да ги разгалуваат нивните внуци и внуки. Побарајте од нив да го разгалуваат вашето дете со љубов, време, наклонетост и внимание, а не со пари, подароци и играчки.rnrn9. Научете го детето за вредноста на парите. Поттикнете го вашето дете да управува со пари преку заштеда и донирање во добротворни цели, наместо во трошење. Ако го практикувате ова уште од рана возраст, тогаш детето ќе израсне во навистина одговорна личност.rnrn10. Споделувајте ги вашите приказни. Ако потекнувате од богата фамилија, раскажете му ја на вашето дете приказната како дошло до тоа. Ако самите го имате постигнато она што го имате, раскажете му ја таа приказна. Не заборавајте дека „давањето на детето сè што вие сте немале“ не е секогаш добра работа. Сигурно постојат многу работи кои вие сте ги научиле по патот кои ве направиле личноста којашто сте денес. -

Дали сте го разгалиле вашето бебе?
Природно е во првите месеци родителот да одговара на сите потреби на бебето, но како што детето расте, родителите треба да избегнуваат да ги задоволуваат сите негови барања, за да не го разгалат.rnrn
rnrnРодителите ја имаат најважната улога во животот на бебето, па затоа треба да се потрудат околу неговото развивање со цел да формираат квалитетна личност. Тој процес е долг и тежок, затоа воспитувањето започнува уште од најмала возраст.rnrnСекако, во првите месеци од животот на бебето, мајката и таткото одговараат на сите негови потреби, но како што тоа расте и го запознава светот, психолозите ги советуваат родителите да ги избегнуваат следниве работи, со цел да не го разгалат.rnrn1. Земајте го бебето во прегратка кога плаче само во првите 3 месеци, затоа што дотогаш потребно му е да се чувствува сигурно и да развие доверба во родителите. После тоа, слободно пуштете го да плаче малце подолго и почекајте само да се смири. Доколку не престанува со плачење, обидете се да го смирите со зборување или тивко пеење.rnrn2. Бебе од 9 месеци веќе знае дека со плачење може да ги повика родителите и да го привлече нивното внимание, па затоа обидете се да откриете дали плаче затоа што има некој проблем или само затоа што сака друштво и утеха.rnrn3. Нежното нишкање во прегратка, кое успива, пожелно е родителите да го практикуваат додека бебето направи 3 или 4 месеци. После тој период, ова задоволство постепено одбегнувајте да му го давате и за одредено време потполно прекинете. Многу е важно детето да научи да заспива само.rnrn4. Работите со кои не сакате бебето да си игра, чувајте ги подалеку од неговиот дофат и поглед. Родителите не се свесни колку брзо децата примаат информации, па затоа тргнете ги клучевите, мобилните и слични предмети кои не се играчки. Многу родители се жалат на тоа дека нивните две-три годишни деца баш тие предмети ги бараат, а тоа веројатно е затоа што тие работи им биле постојано пред очи и гледале како нивните родители ракуваат со нив. Добро би било кога околу бебето има само предмети со кои тоа може да си игра и да се забавува.rnrn5. Кога грицкате нешто, природно е детето да посака да го проба тоа. Затоа пред бебето потрудете се да јадете здрави прехранбени продукти, овошје, зеленчук, млечни производи.rnrnИсто така, немојте да му давате на бебето да ја пробува вашата храна веднаш штом тоа заплаче и ја подаде раката кон неа. Почекајте една или две минути само да се смири. Со тоа ќе научи дека не може да добие сè што ќе посака. -

10 животни вештини на кои секој родител е должен да го научи своето дете
Секој родител го посакува само најдоброто за своите деца и на свој начин ги учи како да стигнат до тоа. Децата не можат да научат сè на овој свет, но има некои работи кои се задолжителни за нив за да имаат подобра иднина. Тие се учат дома и затоа родителите се должни да ги научат на овие работи.rnrn
rn1. Никогаш да не престанат да читаат и учат
rnКолку повеќе читаат и учат, толку поотворен ум ќе имаат. Научете ги никогаш да не престануваат со тоа. Нека сфатат и дека читањето не е единствениот начин на учење. Треба да бидат отворени и за бројни животни искуства за постојано да учат.rn
2. Научете ги да си играат со другите деца
rnТоа што е играта со другарчињата денес, тоа ќе биде соработка со пријателите и колегите утре. Нека научат како да ги прифатат меѓусебните разлики и да ги надминат затоа што така ќе напредуваат. Ако рано научат дека тимската работа ќе ги однесе далеку, ќе знаат добро да се приспособуваат кога ќе пораснат.rnrn
rn3. Научете ги мирно да ги разрешуваат конфликтите
rnКонфликтите се неизбежен дел од животот, а нивното разрешување е многу важна животна вештина. Онака како што вие ги разрешувате, така ќе прави и вашето дете. Затоа дајте му пример со кој ќе сфати дека тоа треба да се направи мирно, преку разговор и без примена на насилство. Кога неговата возраст ќе го дозволи тоа, научете го да ги согледува работите од повеќе агли и на тој начин да разбере од каде доаѓа недоразбирањето. Еден ден вашето дете ќе биде тинејџер и ќе има конфликти и со вас, а кога е мало имате можност да го научите како треба да се расправате кога ќе порасне.rn
4. Научете ги да го кажат својот став
rnОваа вештина се учи дома. Охрабрете го детето да го кажува своето мислење секогаш кога тоа е потребно и тоа ќе го прави тоа и кога ќе порасне. Тоа е многу потребно во денешниот свет и мора да се научи уште од мали нозе. Ако само го замолчувате вашето дете сега, тоа ќе го прави и некој друг по неколку години затоа што денес сте го научиле дека така треба.rn
5. Научете ги да се извинат и да простат
rnЌе бидат повредени и ќе ги повредуваат другите, но мораат да научат како се исправаат работите. Нека знаат дека доблесно и храбро е да се извиниш и дека не си слаб ако простиш на оној што ти згрешил.rnrn
rn6. Нека покажат добрина кога никој не го бара тоа од нив
rnПовторно тоа најдобро ќе го постигнете со вашиот пример. Научете ги да подадат рака кога му треба на некој. Тоа ќе ги научи на емпатија и ќе сфатат дека може да постои разлика меѓу желбите и она што навистина се случува во животот.rn
7. Нека ја гледаат позитивната страна на животот
rnНема целиот живот да биде како детството. По некое време ќе дојдат и тешки денови, а тоа ќе мора да знае како да гледа на позитивната страна на животот. Ќе му биде потребно својата реалност да ја гледа како збир на убави и неубави моменти, а не како на нешто кое мора да иде совршено како што некогаш било. Научете го на суштината на онаа клише, но вистинита реченица дека чашата е полуполна, а не полупразна.rnrn
rn8. Научете ги да се грижат за околината
rnКолку и да им кажуваат на училиште дека треба да ја чуваат околината, ако вие фрлате ѓубре од петти кат, користите автомобил за да поминете 500 метри и ги малтретирате животните, нема наставник кој може да го разубеди детето дека она што го правите е неисправно.rn
9. Научете ги на лична хигиена
rnЗнаете дека тоа е предмет на домашно воспитување, Извршете ја својата должност. Колку порано научат, толку поуредни ќе бидат понатаму.rn
10. Научете ги на безусловна љубов
rnЉубовта движи голем дел од светот и е причина за сите убави работи кои ни се случуваат во животот. Научете ги своите деца да ги сакаат луѓето безусловно, поради тоа што се, а не поради тоа што прават за нив или за некој друг. Дајте им можност да формираат силни и стабилни врски кога ќе пораснат.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

4 начини да ги дисциплинирате децата без да ги казнувате
Кога родителите мислат на дисциплинирање на своите деца, тоа си го преведуваат во казнување. Но, казнувањето си има своја цена. Тоа прави децата да се чувствуваат лошо и поради тоа не е премногу ефективен метод на воведување дисциплина во нивното однесување. За среќа има методи кои не вклучуваат казнување, а даваат добри резултати при подобрувањето на однесувањето кај децата. Д-р Сузан Хејтлер нуди четири методи преку кои ќе ја остварите таа цел.rnrn
rn1. Превенирајте го негативното однесување
rnАко го превенирате негативното однесување, нема ни да има потреба од дисциплинирање. Децата почнуваат да прават проблеми од две причини: ако се гладни или ако им е здодевно. Давајте им да каснат по нешто на неколку часа и овозможувајте им активности кои ќе ги држат во позитивно расположение. Добар начин за тоа е да создадете рутина. На пример, само еднаш викнете ги да дојдат да ручаат и ветете им десерт ако дојдат веднаш после првиот повик. Ако претходно сте се расправале за тоа кога да јадете, сега тие ќе престанат да се расправаат со вас за тоа.rn
2. Одвлечете му го вниманието
rnКога детето прави нешто што не треба да го прави, како на пример играње со некој кршлив предмет додека сте на гости, немојте веднаш да викате по него. Наместо тоа, обидете се да му го насочите вниманието кон нешто друго при што однесувањето нема да му биде проблематично.rn
3. Објаснувајте му и насочувајте го
rnОбјаснете им каде згрешиле и што треба да направат наместо тоа. Сторете го тоа кратко и јасно. На пример: „Дома не се игра со топка. Топките се за играње надвор“. Или: „Сестрите не се удираат, тие се за да си играш со нив“. Кажете им што треба да направат, затоа што многу ќе ги збуните и налутите ако им забраните нешто, а не ги насочите како понатаму.rn
4. Пофалете ги кога се однесуваат убаво
rnСекогаш кога ќе направат нешто убаво и паметно, пофалете ги за тоа. Ако се фокусирате на тоа, тие ќе ви возвратат со добро однесување. Децата сакаат да бидат пофалени одново и одново.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

9 работи кои ги прави одговорниот татко
„Ни требаат татковци кои ќе сфатат дека обврските не завршуваат со зачнувањето. Треба да сфатат дека не те прави маж само способноста да имаш дете, туку храброста да го одгледаш.“ – Барак Обама
rnrnРодителството не е работа само на мајката или пред сè нејзина, како што многумина веруваат. Татковците имаат подеднакво големи обврски кон детето и должни се да ги исполнат ако сакаат да се наречат добри родители. Ова се неколку работи кои секој од нив мора (или не треба) да ги прави.rnrn
rn1. Нема да дава лош пример
rnОдговорниот татко знае дека детето го следи неговиот пример, а не неговите совети. Затоа тој ќе внимава како се однесува пред своето дете. Ќе биде љубезен и културен со другите, па ако треба и ќе направи напор да го подобри своето однесување само за детето да види добар пример. Исто така, ќе внимава и на тоа да не ги лаже ниту децата ниту останатите пред нив. Децата бргу стануваат експерти во лажење, а тоа нема да донесе ништо добро.rn
2. Никогаш нема да употреби физичка сила со децата
rnТепањето е „педагошки“ метод на минатите векови кога луѓето не знаеле ништо за тоа како се формираат навиките кај децата и какви лоши последици носи кое било насилство, а особено она над децата. Одговорниот татко нема да примени таков примитивен метод на воспитување, туку некои кои се добри за развојот на неговото дете.rn
3. Секогаш ќе им посветува внимание на децата
rnКога се мали, родителите сочинуваат најголем дел од светот на децата. Затоа очекуваат тие постојано да се со нив. Одговорниот татко секогаш ќе биде тука за своето дете. Нема да го запоставува заради својата забава.rnrn
rn4. Нема да ги заборави важните датуми
rnТатковците секогаш треба да бидат присутни на важните настани како родендените или матурирањето. Децата формираат многу важни спомени за таквите датуми и затоа родителите треба да се околу нив во тие моменти.rn
5. Никогаш нема да го критикува своето дете без основа
rnПонекогаш родителите знаат да ги критикуваат децата само за да покажат некаков авторитет. Можеби родителот во тој момент ќе се чувствува подобро, но детето ќе остане зачудено од ситничарењето на родителот и ќе се исполни со гнев кон него. Одговорниот татко нема да го направи тоа, првенствено затоа што ќе го третира детето фер и согласно принципи, а не заради потреба да биде авторитетен. Никогаш нема ниту да го навреди и да го нарекува со имиња и така да му ја уништи кревката самодоверба.rn
6. Никогаш нема да биде авторитарен
rnИма разлика меѓу тоа да се биде авторитетен и авторитарен. Авторитетниот родител знае да создаде пријатна семејна атмосфера во која децата ќе добијат можност да направат избор за одредени работи и да растат со тоа. Наместо тоа, авторитарниот родител секогаш „знае“ што е најдобро за децата и ќе се обиде да го наметне сојот избор во нивно име како знае и умее, па и на груб или насилен начин ако треба. Одговорниот родител е авторитетен, а не авторитарен.rnrn
rn7. Нема да биде ниту премногу попустлив
rnИ преголемата попустливост е сосема неодговорен чин. Светот е полн со препреки и граници за кои детето мора да научи дека постојат за еден ден да почне самото да ги совладува.rn
8. Ќе внимава на своите деца
rnТој нема да дозволи децата да му избегаат од вид додека си играат во ситуации во кои можат да се повредат. Иако ќе ги остави децата сами на некој умерен ризик и нема да ги затвори во стаклено ѕвоно за да ги заштити, сепак очите ќе му бидат свртени накај нив и ќе реагира доколку е потребно. Секогаш ќе биде тука и кога ќе им треба помош за нешто. Како што веќе напоменавме, родителството е подеднаква обврска на двајцата родители. Одговорниот татко нема да го испрати детето кај мајка му затоа што во моментот не сака да одговори на неговото барање за помош.rn
9. Нема да дозволи односот со сопругата да влијае на децата
rnОдговорниот татко никогаш нема да дозволи односот помеѓу него и сопругата да влијае негативно на децата. Одвреме-навреме ќе има проблеми во бракот, но тој нема да дозволи децата да се чувствуваат лошо поради тоа, а уште помалку да ги искористува за да се пресметува со сопругата.rnrn
„Сите знаат како се прави бебе, но никој не знае како се прави татко.“ – стих од „Papaoutai“ на Стромае
-

Овие карактеристни особини предвидуваат успешна иднина за детето, а не оценките на училиште
Многумина сметаат дека децата кои имаат добри оценки на училиште се предодредени да имаат блескава иднина и дека тоа што го совладале училишниот материјал е доволно за тие да бидат способни да се справат со сите предизвици кои понатаму ги носи животот. Кога тие деца ќе пораснат и ќе влезат во светот на возрасните каде што ќе го бараат својот успех и својата среќа, наидуваат на тешкотии какви што не очекувале кога им се предвидувало мед и млеко. Тие имаат знаење, но не знаат како да го искористат тоа знаење во животот. Во меѓувреме гледаат дека некој друг кој немал толку добри оценки постигнува поголем успех во животот и се прашуваат зошто е тоа така. Факт е дека доброто формално образование е од исклучителна важност, но според психологот Кетрин Браун Рамспергер овие шест карактерни особини кои носат успех повеќе од сите други и прават разлика помеѓу овие две категории деца.rnrn
rnЕмоционална приспособливост
rnДецата кои имаат одлични оценки и постојано им се повторува дека се совршени ученици сметаат дека се должни засекогаш да останат совршени. Затоа се трудат да научат сè што може да се научи, дури и кога тоа не е соодветно на нивната возраст и развој. Но, кога ќе наидат на некоја препрека, се откажуваат. За разлика од нив, децата кои не се оптоварени со совршеност знаат дека ако научат уште малку повеќе тоа ќе ги доведе до нешто поголем успех и затоа сакаат да научат. Нив не ги води потребата за совршенство, која не носи среќа, туку желбата да научат и постигнат повеќе. Затоа, фокусирајте се на тоа повеќе да го фалите детето за обидите и за работата отколку за постигнатите резултати. Емоционално приспособливото дете се обидува повторно и повторно без да биде престрого кон себе за евентуалните неуспеси. Тоа ќе му биде многу потребно во понатамошниот живот.rn
Љубопитност
rnАлберт Ајнштајн за себе рекол дека не е попаметен од другите, туку е само пољубопитен. Љубопитните деца размислуваат надвор од рамките кои им се поставени и затоа имаат многу поголеми шанси за успех во животот. Таквите луѓе доаѓаат до идеи кои го унапредуваат светот. Секое дете е љубопитно пред моралот да се обиде да го стави под контрола. После тоа некои остануваат љубопитни, а други го учат само тоа што им е дадено да научат. За да ја задржите оваа прекрасна особина кај вашето дете направете да се чувствува удобно кога се интересира за работи кои не се бараат од него.rnrn
rnОтвореност на умот
rnСлепото слушање на наставниците или родителите и неизлегувањето од нивните рамки определува дека максимален успех за детето ќе бидат тие рамки и тоа никогаш нема да ги надмине своите претходници. Поттикнете го детето да има отворен ум, да биде отворено за нови сознанија и за нови аспекти од работите кои веќе ги знае. Направете го тоа така што ќе разговарате на многу теми без да осудувате. Искористете го тоа што живееме во мултикултурно општество и поттикнете го да ги види работите и од туѓа перспектива. Така тоа ќе сфати дека постојат и други реалности освен неговата и со тоа ќе расте и духовно и интелектуално.rn
Љубезност
rnСтимулирајте ја љубезноста кај вашите деца. Дајте им до знаење дека го цените тоа кај нив и тие ќе одговорат позитивно. Иако можеби не е лесно видливо, уште додека се мали на тој начин можат да креираат промени околу себе. Ако тие се љубезни кон своите другари и соседите, тоа ќе ги поттикне и нив на љубезност и така синџирот продолжува. Замислете до каде би можеле да стигнат кога ќе пораснат.rnrn
rnДисциплина
rnНапорната работа и дисциплината носат поголем успех на училиште отколку коефициентот на интелигенција, и како што веќе знаете од своето искуство, така е во животот. Ако го научите вашето дете дисциплинирано да го следи патот кој го води до неговите цели, сте завршиле одлична работа како родител. Тоа можете да го постигнете преку соодветен систем на награди и казни и преку воведување на модели кои ја олеснуваат дисциплината. На пример, нека учат помали делови од материјалот меѓу кои ќе прават паузи. Или пронајдете некој начин на учење кој ќе им биде забавен. Сето тоа ќе им олесни во обидот да бидат дисциплинирани.rn
Самодоверба
rnВо животот е потребно да се работи и независно и како дел од тим, а за тоа не е доволно да имате широки и длабоки теоретски познавања. За тоа е потребна висока самодоверба, затоа што оние кои ја поседуваат оваа особина знаат како да учат и не се плашат да паднат и пак да станат. Поттикнете го детето да си ги искажува своите ставови кога зборува со наставниците и другите авторитети и тоа ќе сфати дека може и заслужува да биде почитувано. Тоа ќе го направи самоуверено, што е клучна карактерна особина за успех во животот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Хороскопот ви открива каков родител сте
Откријте ги вашите главни карактеристики според астрологијата, кога станува збор за родителството.rnrn
rnОвен
rnОвенот како родител е строг, но праведен. Генерално, напорно делува на детето, но тоа треба да го послуша бидејќи тој е секогаш во право. Од детето бара да биде упорно, за да ги постигне најдобрите резултати. Понекогаш престрого ги воспитува своите деца, но во исто време ги тера да бидат индивидуалци. Родителот роден во знакот овен не смее премногу да се нервира и да бара премногу од своите деца, бидејќи неговите амбиции не се амбиции и на детето. Овните треба да бидат малку попретпазливи, за да бидат совршени родители.rn
Бик
rnРодителите родени во знакот бик постојано ќе стравуваат дали нивното дете е гладно, жедно, дали нешто му треба и слично. Доколку во повозрасни години детето не обезбеди материјална сигурност, родителот бик постојано ќе му помага на сите начини. Никогаш нема да дозволи некој од неговото семејство да нема нешто или да живее во сиромаштија, освен ако е порочна личност.rn
Близнаци
rnБлизнаците како родители се интересни, добри и весели. Само понекогаш не се знае кој е подетинест, дали родителот или детето. Секогаш ќе имаат време да позборуваат со своите деца, колку и да се зафатени. Инсистираат децата да им бидат образовани. Некои претставници на овој знак ќе се одречат од имање деца, а нема ни да влегуваат во брачна заедница бидејќи знаат колку се несериозни. rn
Рак
rnРодителите родени во знакот рак се едни од најосетливите знаци, па постојано ќе се грижат. Дали детето е гладно, да не му е ладно или да не му треба нешто, ракот се грижи дури и кога сè е како што треба. Најмногу внимание обрнува на чувствата на детето, неговите интереси, како и на домот во кој тоа живее, дури и откако еден ден ќе се отсели. Секогаш е тука да помогне и да даде добар совет.rn
Лав
rnРодителот роден во знакот лав е најдобар другар на своето дете, но и најголема поддршка во неговиот живот. Детето на лавот секогаш ќе биде свесно за своите квалитети и можности, а лавот ќе ја буди таа енергија и ќе го зајакнува неговиот карактер преку постојани пофалби. Лавот го „бруси“ своето дете за да го направи подобар човек. Тој своите чувства не ги искажува преку зборови, туку преку гестови и подароци.rn
Девица
rnРодителот роден во знакот девица е комплициран. Сè мора да биде совршено, а неговото дете да биде непогрешливо и најдобро. Доколку се случи да не се согласува со детето, тој демонстративно ќе си замине и ќе се чуди зошто тоа не е такво како што тој го замислил. Доколку вие сте родител-девица, немојте премногу да го притискате детето да учи и да работи. Секој живее во свој свет и има свој живот. Дајте совет, ама не претерувајте.rnrn
rnВага
rnРодителот роден во знакот вага најмногу се грижи за манирите и убавото однесување на своето дете. Нема да дозволи непристојно однесување, ниту такво облекување. Се грижи за иднината на своето дете, а најмногу за тоа да е во врска и еден ден да стапи во брак, бидејќи за него тоа е многу важно. Ќе ги научи своите деца на толеранција и да ги прифаќаат разликите кај другите.rn
Скорпија
rnРодителот со знак скорпија сè гледа и сè знае. Никој од него не може да сокрие ништо, бидејќи тој следи сè и проверува, додека не е целосно сигурен дека ја знае целата ситуација. Тој не дозволува детето да биде разгалено и да не се однесува како што треба, па поради тоа честопати е напорен родител. За него децата никогаш не прераснуваат во возрасни личности. Дури и кога тие ќе имаат свое потомство, во неговите очи засекогаш остануваат деца за кои тој треба да се грижи. Најважно му е детето да му биде обезбедено.rn
Стрелец
rnРодителот роден во знакот стрелец ќе му допушти на своето дете целосна слобода, а поради тоа детето многу ќе го почитува. Без забрани, со исполнување на сите желби, родителот во овој знак е секогаш весел и ги води децата на патувања и секаде со себе. Факултетот ќе биде многу важен за овие родители, како и спортот и другите активности.rn
Јарец
rnМожеби звучи дека јарецот секогаш е најстрогиот знак, но овој пат тоа воопшто не е лоша работа. Знае како да се постави, да ги стави работите на свое место и да има авторитет, а тоа е најважно во процесот на воспитување деца. Секогаш е добар советник и не се меша, освен кога неговото дете ќе побара. Бара дисциплина и одговорност.rn
Водолија
rnЗа секое дете, најдобар пријател е родителот-водолија. За разлика од стрелецот, водолијата не му попушта на своето дете. Тие се ригорозни и ладни и доколку забележат дека нивните деца не ги слушаат, следуваат санкции. Сепак, на овој родител брзо му поминува лутината и попушта после некое време. Детето мора да постави одредени цели и да ги исполни.rn
Риби
rnРодителите родени во знакот риби секогаш се прават дека ништо не гледаат, а забележуваат сè околу нив. Тие знаат да ги чувствуваат потребите на детето и не го притискаат, туку го оставаат да биде свое. Ова може да доведе до совршено воспитување или до сосема спротивен ефект. Најчесто го насочуваат детето на некакви активности, но доколку тоа не покажува некој интерес, нема да го притискаат. За нив мирот во куќата е најважен.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.