КАФЕ ПАУЗА

Tag: верност

  • Постапките на вашето куче и нивното значење

    Постапките на вашето куче и нивното значење

    Многу сопственици на кучиња обожаваат кога се во верното друштво на нивниот миленик, но притоа пропуштаат некои знаци коишто тие се обидуваат да им ги пренесат. Погледнете ги овие неколку карактеристични однесувања на кучињата и што всушност тие значат.rn

    1. Носење на работите коишто им ги фрлате

    rnКога вашето куче ќе ви ја донесе играчката којашто сте му ја фрлиле, вие помислувате дека тоа сака да си игра. Но, преку ова всушност кучето сака да ви даде подарок. Тоа е останат инстинкт од нивното време како диви волци. Тие се обидуваат да ви дадат нешто со што би ви помогнале да преживеете.rnrnrn

    2. Контакт со очите

    rnКонтактот со очите на кучињата им е еден од начините да покажат љубов кон својот сопственик.rn

    3. Подигнување на едната нога

    rnКога ќе го видите вашето куче со едната нога подигната и гледа напред, подобро е да се поттргнете. Со ова тој покажува дека се стреми кон ловење.rn

    4. Свивање за да изгледа помал

    rnТоа е знак дека кучето се плаши. Доколку наоколу нема ништо од што тој би можел да се плаши, голема е веројатноста дека кучето било малтретирано и злоупотребувано.rn

    5. Џвакање на вашите омилени предмети

    rnСо ова однесување на кучињата се соочуваат речиси сите сопственици. Тоа може да значи дека на вашето куче му е досадно или пак дека е анксиозно. Подобро е да му дадете играчки за кучиња со чијашто помош би ја променил оваа навика.rnrnrn

    6. Седење на вашите нозе

    rnКучињата може да седат на вашите нозе од повеќе причини. Тоа може да го прават во обид да бидат доминантни над вас или пак со тоа се чувствуваат удобно дека се блиску до вас. Тоа исто така може да биде и посесивен потег којшто вели „овој човек е мој“.rnrn

  • Посветени, лојални и добри партнери: Ова е најверниот хороскопски знак

    Посветени, лојални и добри партнери: Ова е најверниот хороскопски знак

    Една од најважните нешта во секоја љубовна врска е довербата, па токму затоа и клучно е партнерот да ви биде верен додека сте заедно. Целта на врската е да најдете личност со која ќе можете да го споделувате вашиот живот целосно, без никакви тајни. Имајќи го тоа на ум, доколку вашиот најмил е во овој хороскопски знак, тогаш нема потреба да се сомневате во неговата верност.rnrnПосветени, лојални и добри партнери: Ова е најверниот хороскопски знакrnrnЈарците се најверниот знак во целиот Зодијак, најмногу затоа што тие не го доживуваат неверството како нешто телесно, туку како духовно предавство. Нив може некоја девојка да ги привлече додека се во врска со друга, најчесто со својата интелектуална страна, но тие нема да дозволат помеѓу нив да се случи ништо повеќе од безопасен флерт.rnrnВо љубовта тие се чувствуваат среќно, но и искусуваат премногу силни емоции. Имаат тенденција да бидат љубоморни, но сепак одлучуваат да останат верни. Јарците сакаат да бидат во брак, па затоа и откако ќе ја најдат својата посебна личност, тие ќе се погрижат да ја задржат покрај себе колку што можат подолго. Тие веруваат дека нема многу шанси за љубов, па ја искористуваат во целост онаа на која ќе налетаат.

  • Според истражувањата, мажите со брада имаат тенденција да лажат, мамат и крадат

    Според истражувањата, мажите со брада имаат тенденција да лажат, мамат и крадат

    Оваа студија била спроведена во Велика Британија, со цел да се открие што имаат луѓето да кажат за мажите со брада. Резултатите ни носат лоши вести за оние момци кои посветиле месеци при растењето на нивната брада со надеж дека ќе привлечат жени, ќе имаат поактивен сексуален живот и генерално ќе изгледаат подобро. Овие резултати се исто така лоши и за девојките кои биле во врска со нив.

    rn

    Според истражувањата, мажите со брада имаат тенденција да лажат, мамат и крадат

    rn

    Според одговорите, 47% од мажите со брада признале дека ги мамеле своите девојки, во однос на 20% од оние кои редовно се бричеле. 45% од мажите со брада признале дека уживаат да се вклучуваат во тепачки, а само 29% од оние без брада се препуштале на ова однесување. 40% од мажите со брада признале дека имаат украдено нешто во своето минато, во споредба со 17% од мажите кои редовно се бричат.

    rn

    Но, она што е уште поинтересно доаѓа од резултатите каде што жените биле прашувани за атрактивноста на мажите со брада. Скоро 65% од нив велат дека преферираат нивните партнери редовно да се бричат. Всушност повеќе од 35% од жените повеќе би сакале мажи со обелена коса отколку со брада.

    rn

    Дали ова значи дека започнува трендот „бебешко лице“ за мажите?

    rn

  • Колкави се шансите за неверство и процентот на љубомора што го чувствува секој хороскопски знак во љубовните врски?

    Колкави се шансите за неверство и процентот на љубомора што го чувствува секој хороскопски знак во љубовните врски?

    Без разлика дали верувате во хороскоп или не, секогаш постојат некои сличности помеѓу карактерот и астрологијата кои ги препознаваме во себе, во своите домашни, во пријателите или во партнерот. Додека некои особини на знаците се вредни за пофалба, други пак никој не сака да ги признае и да каже дека го опишуваат неговиот знак. Љубомората и неверството се едни од тие. Затоа, дознајте кои хороскопски знаци се најопасни како партнери.rnrn0-ljubomora-i-neverstvo-koi-horoskopski-znaci-se-skloni-kon-izneveruvanje-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnВерност: Ако во неговата глава не е тоа тоа, неверството се случува одненадеж и не е реткост, но ако Овенот се заљуби, тогаш тој сака со целото негово срце.rnrnЉубомора: 75%rn

    Бик

    rnВерност: Во љубовта ја сакаат сигурноста и среќата што им ја носи цврстата и стабилна врска. Не се склони кон неверство и верни се на партнерот. Искушението не им никаков проблем – сигурно ќе одолеат.rnrnЉубомора: 65%rn

    Близнаци

    rnВерност: Иако можеби сакаат да бидат верни, тешко е да се одолее на шармот на Близнакот. Ако не се во сериозна врска, тие обожуваат да кокетираат дури и кога не сакаат ништо повеќе од дружење – тоа може да ја збуни другата страна. Но кога вистински ќе се заљубат, Близнаците се трудат да му удоволат на партнерот и да бидат верни.rnrnЉубомора: 25%rn

    Рак

    rnВерност: Ако нивната врска е квалитетна и вредна за чување и одржување, Ракот ќе ви биде верен до самиот крај, но со оглед на неговите прилично високи барања за цврста врска, во неговите очи многу лесно можете да се претворите во нешто што не е вредно за спасување. Сепак, Ракот е верен додека е среќен.rnrnЉубомора: 85%rn

    Лав

    rnВерност: Со вистинските зборови и гестови, Лавот може многу брзо и лесно да биде заведен – но тоа не значи дека тој ќе ја жртвува неговата врска, туку ќе ги стави работите на вага и ќе процени што повеќе му одговара. Има цврсто его – поради кое е тешко да го восхитите.rnrnЉубомора: 80%rn

    Девица

    rnВерност: Девиците се многу верни и истото го очекуваат од својот партнер. На овој знак, врските можат да му станат лабилни, особено ако им се допаѓа нечие ласкање. Тешко се вљубуваат.rnrnЉубомора: 40%rn

    Вага

    rnВерност: Вагите сакаат да експериментираат и да мерат на вага, како во врските – така и во животот. Поради тоа тие не се баш најверни партнери. Уживаат во љубовни авантури и тешко е да ги скротите, но ако тоа некому му тргне од рака, и ако се среќни и заљубени, тие долго ќе останат во врска.rnrnЉубомора: 50%rn

    Скорпија

    rnВерност: Скорпиите се познати како големи шармери и заводници поради нивните лукави и избрани зборови, а тоа ги прави да зрачат со голема доза сексапил. Иако се склони кон авантури и обожуваат да пробуваат нови нешта, штом одберат партнер тие и животот ќе му го посветат.rnrnЉубомора: 90%rn

    Стрелец

    rnВерност: Многу се друштвено активни и популарни и поради тоа верноста никаде не се спомнува во нивната листа на добри карактеристики. Сакаат стабилни врски, но одвреме-навреме се спремни да си дозволат по некоја авантура.rnrnЉубомора: 20%rn

    Јарец

    rnВерност: Овој знак цврсто стои на земја и не му се потребни ласкања за да ги задоволи своите потреби. Тие се многу верни и истото го очекуваат од партнерот. Спремни се многу да истраат во име на вистинската љубов.rnrnЉубомора: 30%rn

    Водолија

    rnВерност: Како љубовници се многу непредвидливи и тешки за контролирање. Сакаат игри – поради што често заглавуваат во неверства. Многу се несигурни кога станува збор за љубовта, затоа стануваат склони кон експерименти.rnrnЉубомора: 10%rn

    Риби

    rnВерност: Рибите се многу отворени и сакаат да пливаат во љубовните и друштвените води. Врските им се долги и стабилни. Кога сакаат тоа го покажуваат со дела, но и авантурите не им се непознати.rnrnЉубомора: 70%

  • Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Цртаните на Дизни имаат голема лекција за вас: Ова е вистинско пријателство!

    Можеби мислевте дека Дизниевите цртани филмови се обични содржини за деца, но верувајте дека грешите. Тие во себе содржат важни лекции за пријателството, љубовта, грижата… Во секој од нив има скриена порака која треба да ја разбереме и да ја практикуваме. Внимателно погледнете што велат цртаните на Дизни за пријателството и какви лекции тие споделуваат со вас.rnrn1-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вистинските пријатели чекорат со вас низ животот.

    rn2-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    2. Тие ве подигаат кога ќе паднете.

    rn3-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    3. И ги чуваат вашите тајни.

    rn4-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    4. Но, исто така ви помагаат да го намалите озборувањето.

    rn5-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    5. Тие се секогаш тука да ве држат за рака.

    rn6-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    6. Тие нема да ве осудуваат ако одвреме-навреме им се препуштате на задоволствата.

    rn7-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    7. Тие ве поддржуваат кога ви е најпотребно.

    rn8-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    8. Но, ве опоменуваат кога грешите.

    rn9-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    9. Тие се поврзани со вас на повисоко ниво – понекогаш не се потребни зборови.

    rn10-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

    10. Кога ви треба утеха, тие знаат точно што треба да ви кажат.

    rn11-dizni-crtanite-imaat-golema-lekcija-za-vas-ova-e-vistinsko-prijatelstvo-www.kafepauza.mk_rn

  • „Зарем не сум му доволна?“ – Зошто мажите имаат потреба од друга?

    „Зарем не сум му доволна?“ – Зошто мажите имаат потреба од друга?

    Да ја оставиме настрана приказната дека човечката раса не е предодредена за моногамија и дека флертот не е изневерување. Во реалноста често наоѓаме докази за мажи кои изневеруваат. Притоа не мислиме само на интимниот однос како единствен начин на којшто мажите може да нè изневерат. Што е со сите флертувања, допишувања, размислувања, евентуални излегувања, фразата „таа ми е само другарка“?rnrn1-zar-ne-sum-mu-dovolna-zoshto-mazhite-imaat-potreba-od-druga-www.kafepauza.mk_rnrnМожеби звучи смешно кога ќе ви кажеме дека физичкото изневерување е најмалку болно. Можеби вашиот партнер успева да ви биде физички верен, но психички да ве изневерува со месеци или пак со години. Како да го спречите психичкото изневерување? За жал, тоа не е можно, бидејќи не постои начин да контролираме нечии мисли и желби. Дали треба да ја прекинеме врската, ако започнеме да фантазираме за друга личност? Одговорот најверојатно би бил ДА, но реалната ситуација покажува други опции.rnrnВрската понекогаш опстанува, иако партнерот со месеци води паралелна врска во реалноста и во мислите. Сака една личност, друга го привлекува, со трета одлично комуницира! Прашањето е: „Дали може да пронајдеме една личност за сè и да се заштитиме од изневерувањето?“rnrnИма ли љубовта рок на траење? После неколку години не е чудно, еден од партнерите да посака нешто поразлично бидејќи навиката го направила своето. Конкретно овде станува збор за момците, бидејќи тие по природа повеќе изневеруваат и потешко се врзуваат. Како изгледа таа идеална жена кон која засекогаш ќе бидат верни? Одговорот најверојатно го немаат ниту тие самите, но факт е дека само ретките од нив може да се пофалат дека пронашле жена за цел живот и дека останатите не ги интересираат.rnrn2-zar-ne-sum-mu-dovolna-zoshto-mazhite-imaat-potreba-od-druga-www.kafepauza.mk_rnrnКлучот најверојатно се наоѓа во психата.rnrn„Животот е премногу краток и доколку ја пронајдеш личноста која ти одговара во 70% од работите, ќе се обидеш да ја зачуваш и да ја сакаш секој ден сè повеќе“ – ова е одговорот на едно слатко момче кое планирало да ја запроси својата девојка. Искушенијата постојат за да провоцираат и да се обидат да ни ги заматат мислите и умот, но само одредени личности, т.е. мажите кои знаат што сакаат и мислат на својата партнерка, ќе научат како да одолеат на тоа.rnrnНека не ве залажуваат приказните, бидејќи вистинскиот маж кој навистина ја сака својата поубава половина, не изневерува и нема потреба за друга без разлика каква е неговата природа. Доколку знае дека таа е вредна за неговата љубов, ќе ги чува сета своја љубов, страст и желба само за неа.

  • 10 факти кои ќе ги разберат само родените во хороскопскиот знак Рак

    10 факти кои ќе ги разберат само родените во хороскопскиот знак Рак

    Поголемиот дел од нас има барем една личност која е родена во хороскопскиот знак Рак, што значи и дека ја запознала со сите нејзини добри и лоши страни. Затоа денес ќе споделиме 10 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во овој знак, а ако не верувате во тоа, слободно прашајте ги нивните најблиски. Ви ветуваме дека ќе ви ги потврдат.rnrn1-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn1. Наоѓањето нови изговори за да не отидат на кафе или на пијалак со пријателите им е како неплатена работа. Тие повеќе не можат да се потпрат на изговорот дека се болни, само затоа што дома подготвиле пица во која сакаат сами да уживаат.rnrn2. Се обидуваат да не ја јадат баш секоја храна, само затоа што таа добро мириса. Раковите едноставно обожаваат да јадат, па затоа нив нема да ги чуете дека нешто не им се допаѓа или дека им е невкусно. Внатре во нив секогаш се води војна, дали да јадат нешто или да не јадат воопшто.rnrn2-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn3. Ако ги прашувате нив, тие цел ден би го поминале во пижами или во некоја стара блуза, бидејќи облеката им е досадна. Тие први би гласале за да се воведат пижамите како униформа на местото каде што работат.rnrn4. Кога некој ги критикува, Раковите знаат полека, но сигурно да се вовлечат под својот оклоп. И тогаш се создава проблем, бидејќи можат да бидат многу ладни и незаинтересирани. Затоа може да кажеме дека емотивноста на Раковите им е награда, но и проклетство.rnrn3-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn5. Кога се заљубени, спремни се да дадат сè. Во тој момент саканата личност за нив е сè на светот и никој не може да ги убеди во спротивното.rnrn6. Може слободно да добијат номинација за Оскар секој пат кога ќе изразат некоја емоција, бидејќи Раковите се вечни актери. Без разлика дали се смеат, плачат или пак се лутат. Кај Раковите секоја од овие емоции е зголемена на квадрат, додека тој квадрат е зголемен на куб.rnrn4-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn7. Бог нека им е на помош на нивните пријатели кои ги натерале да дојдат на состанок кој брои повеќе од три личности, а притоа тие не го очекувале тоа.rnrn8. Раковите многу тешко се спријателуваат со нови луѓе, а сите нивни познанства завршуваат така што или ќе станат најдобри пријатели со таа личност или пак воопшто нема да ѝ го запомнат името.rnrn5-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-horoskopskiot-znak-rak-www.kafepauza.mk_rnrn9. Нивната соба е вистинско мало складиште со предмети од сентиментална вредност. Толку многу, што во секој момент очекувате дека нешто ќе излезе од некоја фиока или пак полица.rnrn10. Раковите се многу заштитнички настроени спрема своите најблиски личности. Немојте да се зачудите ако заминете на состанок со некоја личност која неодамна сте ја запознале, а тие да испратат некој да ве следи. Да, да, би го направиле и тоа!

  • Астрологијата открива колку е посветен на врската неговиот хороскопски знак

    Астрологијата открива колку е посветен на врската неговиот хороскопски знак

    Ако се прашувавте колку тој ќе се посвети на врската, астрологијата дава одговор на тоа прашање. Астрологијата открива колку е посветен на врската неговиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnОвенот се вљубува брзо и со цело свое срце. Неговите чувства се длабоки, а врската со него динамична и многу страсна. Често ќе се расправате со него поради неговата непромисленост во љубовта, па треба да очекувате однос топло-ладно. Ако тоа потрае доволно долго, тој нема да се посвети на повторно градење на срушеното и ќе ве напушти.rn

    Бик

    rnБиковите се олицетворение на преданоста во една врска. Нема да се врзат со секоја девојка, но штом ја пронајдат вистинската и се случи тоа, се претвораат во партнер каков што секоја девојка посакува. Ќе ве чуваат како знаат и умеат и постојано ќе работат на врската за да успее. Важен дел од целата таа работа е и колку си одговарате в кревет.rn

    Близнаци

    rnТие се доста предани и не сакаат да ја остават партнерката, но сакаат да ја тестираат љубомората кај неа за да ја видат нејзината посветеност. Сакаат да флертуваат со други, па ако им најдете некаква добра занимација покрај вас, тогаш сте го нашле вистинскиот начин да направите да се посветат целосно на вашата врска.rn

    Рак

    rnПрипадниците на овој знак не сакаат сомничавост, несигурност и неизвесност во љубовта. Најдобро се снаоѓаат во долги врски и неретко знаат да се венчаат со првата љубов. Во бракот се многу верни, но можат да ја оттргнат партнерката од себе со својата љубомора и несигурност. Бидете посветени на врската со Ракот и тој ќе ви врати повеќекратно.rn

    Лав

    rnЛавовите полека се вљубуваат и внимателно влегуваат во нови врски, но кога ќе ја најдат вистинската жена тие ја покажуваат својата посветена и страсна страна. По природа се такви што работите брзо им стануваат здодевни, а кога ќе дојде до тоа нивната посветеност ќе ја снема.rn

    Девица

    rnИако тие најмногу уживаат со играта на додворување и освојување, знаат како да се посветат на врската и да уживаат во неа. Не се склони кон изневерување. Ако му понудите можност за среќен брак со многу почитување, тој засекогаш ќе биде ваш.rn

    Вага

    rnНивните долги врски се темелат на пријателство, па логично е што тие се одликуваат со голема посветеност кон партнерката. Тој ќе сака засекогаш да остане со вас ако го стимулирате неговиот социјален живот и ако сексуално одлично го задоволувате.rn

    Скорпија

    rnПолн е со еротска енергија и истовремено е еден од најпосветените партнери кои можете да ги замислите. Харизматичен е и привлечен, но и љубоморен. Тоа е пречка која го отежнува врзувањето. Ќе се скрасат со првата партнерка покрај која можат да се чувствуваат сигурно и на која целосно ѝ веруваат.rn

    Стрелец

    rnТој долго се мисли дали да се врзе. Не се сигурни во ништо кога љубовта е во прашање и често се сомневаат во сопствените избори во љубовта. Ќе ги задржите покрај себе ако им бидете добар пријател и ако им дадете одредена слобода. Но и тогаш посветеноста не им е силна страна и се склони кон изневерувања кои добро знаат да ги сокријат.rn

    Јарец

    rnТој очекува апсолутна верност. Јарците се доста традиционални и тешко се врзуваат, но кога ќе влезат во сериозна врска прават сè за таа да успее и да трае додека се живи. Евентуалната неверност ја доживуваат како тешко предавство и ќе ве избришат од срцето во истиот миг. Добриот секс и децата се состојките кои ќе ги држат до вас.rn

    Водолија

    rnНа мажот роден во овој знак постојано му е потребен некаков предизвик. Не сака да остане со жена која не му е интересна и со која не може да се поврзе на интелектуално и духовно ниво. Нема да се посветат на врска во која треба многу да се приспособуваат на партнерката и да прават многу компромиси. Тие сакаат некоја покрај која никогаш нема да им биде здодевно.rn

    Риби

    rnМажите родени во знакот на Риби се најверните и најпосветените во зодијакот. Тие би сакале целиот живот да го поминат само со една партнерка, само таа да им одговара. Во љубовта се упорни и романтични. Ќе излезат од врска само ако соберат толку многу фрустрации кои веќе не можат да ги држат во себе и сакаат да побегнат од нив.

  • 14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во брак

    14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во брак

    Стапувањето во брак е голем чекор за кој треба добро да се размисли. Никој не стапува во брак со очекување дека ќе се разведе, но разводите стануваат сè почеста појава која не би посакале да ни се случи. Пред да одговорите позитивно на понудата за брак или пред да одлучите некому да му понудите брак, еве за што задолжително мора да размислите.rnrn14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во бракrn

    1. Дали вашиот партнер ве привлекува и физички, не само емоционално?

    rnСе разбира дека изгледот не е најважен, тоа е плитко размислување. Но, не смееме да речеме дека воопшто не е важен, во тој случај би биле големи хипокрити. Вашиот партнер треба да ве привлекува емоционално но и физички. Мора да постои таа хемија меѓу вас која ќе направи искрата страст да не згасне и по долги години во брак.rn

    2. Дали сте подготвени да го минете остатокот од животот со вашиот партнер?

    rnОваа одлука воопшто не е лесна, но не е ни тешка доколку знаете што сакате. На моменти може да ви звучи доста застрашувачки самата помисла да бидете заедно со некого до крајот на животот. Со текот на годините ќе остарете, созреете, ќе се променат многу нешта кај вас, затоа е многу важно да размислите и да одговорите на ова прашање: Дали сте подготвени да останете посветени на таа личност до крајот на вашиот живот, во добро и во зло?rn

    3. Што се случува кога се карате или не се согласувате?

    rnКавгите и несогласувањата се неизбежни во секој брак, затоа многу е важно како се справувате со нив. Дали мора секогаш да биде по ваше? Дали знаете како да направите компромис? Колку се чести кавгите и несогласувањата и за што најчесто се случуваат?rn

    4. Дали ќе бидете верни?

    rnНе влегувајте во брак со резерва дека некогаш би можеле да скршнете од патот, да направите грешка и подоцна да се оправдате, да го изневерите својот партнер доколку ви се пружи прилика. Бракот е сериозен чекор, а да претпоставиме дека ќе имате и деца. Многумина ќе бидат повредени од вашата несериозност и нелојалност. Стапете во брак само доколку знаете дека може да бидете верни и да ја заслужите довербата на партнерот.rn

    5. Дали делите исти или слични верувања и интереси?

    rnДелењето на исти или слични верувања и интереси е клучно за успешен брак. Тие се основа на вашиот заеднички живот и на начинот на кој би ги воспитувале своите деца, затоа многу е важно да се најдете на иста бранова должина со вашиот партнер.rn

    6. Дали вие сте таа личност која вашиот партнер ја бара и со која сака да стапи во брак?

    rnДоколку размислите на долги патеки, дали вие сте тоа што тој/таа го/ја сака за себе во иднина? Дали се поклопувате со профилот на неговата/нејзината иден/на сопруг/а?rn

    7. Дали делите слични животни цели?

    rnСите ние се придвижуваме кон нашите цели и желби. Важно е да се движите заедно а не да се постојано разидувате. Секако, за многу нешта ќе бидете различни и меѓусебно ќе се надополнувате, но што ќе се случи ако вашите планови и цели за иднината воопшто не се ни слични? Што ако вие сакате да патувате и макар привремено да живеете во друга земја а тој/таа не го сака истото?rnrn14 прашања кои треба да си ги поставите пред да стапите во бракrn

    8. Дали и двајцата сакате да имате деца?

    rnБидејќи доколку едната страна не сака а другата сака, очигледно има голем проблем. Не влегувајте во брак со надеж дека ќе го/ја разубедите во иднина. Имањето деца е едно од најважните животни одлуки.rn

    9. Дали би останале со него/неа доколку му/ѝ се случат огромни физички промени?

    rnЖивотот е непредвидлив, а нашиот физички изглед со сигурност ќе се менува со текот на годините. Женското тело ќе се промени по раѓањето деца, партнерот може да се здебели, да преживее страшна катастрофа и да остане хендикепиран и сл. Не дека сакаме да помислуваме на негативни ситуации, но едноставно мора да бидеме подготвени. Мора да речеме дека ја сакаме личноста поради тоа што е, и ја сакаме толку многу што би останале покрај неа без оглед на сè што би можело да му се случи на нејзиното тело. Само тогаш сме спремни да стапиме во брак.rn

    10. Дали сте подготвени да ги ставите нејзините/неговите потреби пред вашите?

    rnМора да знаете дека бракот е тимска игра во која голема улога игра несебичноста. Подгответе се понекогаш вашите потреби да бидат на второ место, а доколку имате деца, на последно. Доколку не сте подготвени на оваа пожртвуваност и не мислите дека некогаш би биле, тогаш како мислите дека вашиот брак би функционирал?rn

    11. Дали ќе бидете тимски играч?

    rnИсто како што за тангото се потребни двајца, така и за бракот. Бракот е тимска игра. Погледнете ги вашите родители како пример. За да функционираат добро мора да се договараат, да одржуваат здрава комуникација и да вложуваат во тимот.rn

    12. Дали сте горди на својот партнер?

    rnДали го/ја гледате со гордост во очите? Дали му/ѝ се восхитувате? Дали сте подготвени несебично да подигнете чаша и да наздравите за неговите/нејзините успеси?rn

    13. Дали го прифаќате семејството на партнерот?

    rnНеизбежно ќе бидете во контакт со семејството, па доколку не го прифаќате неговото/нејзиното семејство, или чувствувате дека вие не сте прифатени, размислете како би функционирале. Ќе треба да се гледате за празници, да ги носите вашите деца на посета, да им помагате кога се болни или имаат потреба од тоа. Семејствата се дел од нашите животи од кои не можеме да се отсечеме.rn

    14. Како ќе ги решите финансиските прашања?

    rnДали имате претстава како би ги решиле големите финансиски прашања? Парите се една од најголемите причини за развод. Дали ќе работите со здружени или одделни финансии? Колкава улога имаат парите во неговиот/нејзиниот, а колкава во вашиот живот?rnrnВнимателно размислете пред да стапите во брак, дали сте подготвени и дали тој/таа е вистинската личност. Ако одговорот е позитивен, впуштете се во таа прекрасна љубовна авантура и бидете подготвени заедно да делите прекрасни моменти и да ја дочекате староста фатени за раце. Бракот не е страшен, па се надеваме дека со овој текст не ве исплашивме многу. Само сакаме да бидете сигурни во вашата одлука. 🙂

  • 27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

    27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

    Најчесто со цел да го истакнеме најдоброто од нас, се концентрираме на големите работи, не обрнувајќи им внимание на ситниците. Всушност малите работи се оние кои ја создаваат големата слика за нас. Еве на што треба да обрнете внимание доколку сакате лесно да ги импресионирате луѓето околу вас.rnrn27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу васrn

    1. Облекувајте се добро

    rnКако изгледате е она што луѓето го забележуваат најпрво. Доколку сакате да импресионирате некого или да освоите нечии симпатии, ставете акцент на вашата облека како и на целокупниот изглед. Луѓето ги прават првите претпоставки за вас уште пред да отворите уста. Средената и чиста гардероба, како и професионалниот изглед, играат голема улога во интервју за работа, на пример.rn

    2. Пристигнувајте на време

    rnСо вашето доцнење покажувате незаинтересираност и непрофесионалност. Пристегнувањето на време и одговорноста, создаваат многу позитивна слика за вас како личности.rnrn27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу васrn

    3. Не ги прекршувајте дадените ветувања

    rnНе ветувајте нешто што не можете да го исполните, не им давајте лажни надежи на другите бидејќи сето тоа може да резултира со незадоволство и фрустрација. Ако дадете ветување, направете сè што е во ваша моќ да го исполните.rn

    4. Почитувајте ги другите

    rnПочитувајте ги сите – вашите родители, деца, роднини, пријатели, претпоставени, луѓе кои работат за вас, дури и оние кои ги среќавате на улица, а воопшто не ги познавате. Почитувајте ги и постарите и помладите од вас, и оние со кои делите исто мислење како и оние кои мислат спротивно, едноставно бидете човечни.rn

    5. Бидете инволвирани

    rnКога сте посветени на нешто, бидете посветени целосно. Без разлика дали станува збор за вашата работа, проект на кој работите, организација каде членувате. Што и да правите, дајте го максимумот од себе.rn

    6. Бидете љубезни

    rnМагичните зборови се „ве молам“, „ви благодарам“… Никогаш не ги заборавајте. Љубезноста секогаш ве претставува во позитивно светло.rn

    7. Смејте се често

    rnСигурно сте чуле дека животот е огледало – ако му се насмееш ќе ти врати со насмевка. Насмевката и позитивноста се рецепт за успех и среќа. Насмевнете му се дури и на оној кој не е љубезен со вас, веднаш ќе ја почувствувате разликата.rnrn27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу васrn

    8. Оставете го вашиот телефон на мира

    rnКога разговарате со некого, прилично е некултурно па дури и навредливо кога постојано гледате во вашиот телефон. Оставете го телефонот и целосно посветете му се на оној со кого разговарате. Така покажувате почит и заинтересираност.rn

    9. Бидете верни

    rnНе само на вашиот партнер или сопруг/а, туку бидете верни на секого и сè, така покажувате дека сте личност со принципи и личност на која другите можат да се потпрат.rn

    10. Пружете ја потребната поддршка

    rnПоддржете ги вашите деца, вашите родители, пријатели, вработени и сл. Посветете им внимание на другите и дајте им ја потребната мотивација. Верувајте, тоа значи многу.rn

    11. Личната хигиена е задолжителна

    rnХигиената игра важна улога во тоа каков впечаток оставате. Чистата облека, свежиот здив и убавиот мирис зборуваат наместо вас.rn

    12. Зборувајте јасно и одржувајте контакт со очите

    rnНе дозволувајте си да ви шета погледот наоколу додека разговарате со некого. Гледајте ја личноста во очи и зборувајте јасно, приспособувајќи ја интонацијата според ситуацијата. Така покажувате дека сте заинтересирани за разговорот и дека ја почитувате личноста со која зборувате.rn

    13. Внимавајте како џвакате мастика

    rnНачинот на кој ја џвакате мастиката може да биде примерен или крајно иритирачки и некултурен. Не џвакајте гласно и со отворена уста, не џвакајте додека зборувате и што е најважно од сè, не заборавајте дека постојат многу ситуации во кои џвакањето мастика воопшто не е соодветно.rn

    14. Имајте смисла за хумор

    rnСо мала доза хумор може да подобрите нечие расположение и да зрачите со позитивност. Хуморот не е на одмет сè додека никого не навредува ниту пак е претеран.rn

    15. Внимавајте на физичкиот контакт со другите

    rnДоколку личноста ви е блиска, секако дека ќе ја поздравите со прегратка и бакнеж. Но ако сте на деловен разговор, на пример, соодветно е ракување. Одржувањето правилен физички контакт со другите е многу важна техника. Кога зборувате со некого, не навлегувајте во приватниот простор на личноста, но не се ни оддалечувајте многу за да не изгледате ладни и незаинтересирани. Најдете некаков баланс и употребувајте гестикулации.rnrn