КАФЕ ПАУЗА

Tag: верност

  • Книга: „Јужно од границата, западно од сонцето“ – Харуки Мураками

    Книга: „Јужно од границата, западно од сонцето“ – Харуки Мураками

    Книга: „Јужно од границата, западно од сонцето“ - Харуки МуракамиКолку можеме да веруваме дека некој нè сака искрено? Колку можеме да си веруваме дека сакаме некого искрено? Бајките нè учеа на „хепи енд“, потоа Холивуд го презеде кормилото и ги спои сите „Ромео и Јулија“ на новото време додека истовремено постави практично неостварливи стандарди за една нормална, не совршена, туку нормална врска. Но, некогаш мораме да пораснеме и да откриеме дека љубовта има незамисливо многу димензии. „Јужно од границата, западно од сонцето“ е книга за возрасни луѓе, не поради експлицитност ниту вулгарност, туку поради зрелоста на делото и нијансите на човечките чувства кои се откриваат суптилно и со секоја прочитана страница.rnrnХајиме и Шимамото се најдобри пријатели уште од малечки и тоа благодарение на една „чудна“ работа којашто двајцата ги поврзува – тие се единци. Во општеството во коешто растат е невообичаено да се има само едно дете, па оние кои се растени без браќа и сестри ги сметаат за малку себични и незрели – предрасуди кои ќе го прогонуваат Хајиме цел живот и кои ќе го обојат делумно и неговиот карактер. Шимамото од друга страна, е повлечено и мирно девојче, но не поради глупавите осудувања туку поради фактот дека не може правилно да оди и поради тоа не може да ужива со своите пријатели во сите нормални детски активности. И двајцата си наоѓаат еден во друг сродна душа, стануваат најдобри пријатели, верно и срамежливо негувајќи ја искрата на прва детска љубов којашто почнуваат да ја чувствуваат – сè додека животните околности не ги разделат, и едниот се пресели во друг град.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnХајиме раскажува за годините по разделбата со најважната личност во неговиот живот и почнува да верува дека никогаш нема да биде вистински добра личност доколку Шимамото не е покрај него. Минувајќи низ типични тинејџерски фази Хајиме прави неколку погрешни одлуки, повредувајќи се себеси и луѓето околу себе. Во надеж дека токму факултетот и промената на средината и луѓето околу него ќе му помогне да се пронајде самиот себеси, Хајиме завршува уште поизгубен од претходно без никаква цел во животот. Постојано се прашува како би завршил кога не би ги напуштил и повредил бившите девојки, особено каков би бил кога покрај него би била Шимамото.rnrnНо среќата му се насмевнува, Хајиме запознава нова, симпатична девојка, се заљубува и решава да го помине животот со неа, по малку поттикнат од фактот дека нејзиниот татко е исклучително успешен претприемач кој поседува неколку градежни фирми. Нормално, Хајиме се излекува од лошата работа, добива свој ноќен џез клуб, жена и две деца и изгледа дека конечно неговиот живот се движи во вистинска насока, сè додека една дождлива ноќ во неговиот џез клуб не се појави токму таа…rnrnТука започнуваат моментите на каење и страст, морални дилеми и погрешни одлуки, кога Хајиме конечно се соочува со фактот дека ја изгубил љубовта на својот живот многу одамна, а сега живее во чевлите на некој друг човек. Работите не се олеснети ни од целата мистерија која ја обвива Шимамото, која не открива ништо конкретно за својот живот, постојано исчезнува и повторно се враќа без никакви објаснувања.rnrnКнига: „Јужно од границата, западно од сонцето“ - Харуки МуракамиrnrnХаруки Мураками е мајстор за истражување на човечката психа и колку и да е приказната банална, типична љубовна, не можеме да ги игнорираме емоциите кои ги истражува токму поради тоа што е толку лесно да ги пронајдеме сопствените емоции меѓу нив. Не верувам дека постои човек кој кога ја изразувал својата љубов не се замислил дали тоа „засекогаш“ или „вечно“ коешто го ветуваме е навистина безусловно. За мене Хајиме беше лик кој истовремено го обожавав и го мразев, кој ме воодушевуваше и изневеруваше со секоја наредна мисла, но во крајна линија и покрај погрешните одлуки, секогаш го разбирав. Од друга страна, книгата има и своја мистериозна нота, постојано сте во исчекување да се случи нешто крајно необично или необјасниво што пак ве тера да читате непрестајно и со огромно внимание.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnДелото се чита лесно, но со вистинско уживање и што е најважно честопати ќе ве натера да се преиспитате себеси. Топло ја препорачувам за сите оние кои никогаш не се плашат да ги истражат повторно и повторно длабочините на своите вистински чувства.rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 10 декември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Хороскопските знаци како брачни партнери

    Хороскопските знаци како брачни партнери

    Дали планирате да стапите во брак оваа година? Прочитајте што велат ѕвездите за однесувањето на хороскопските знаци како брачни партнери.rnrnХороскопските знаци како брачни партнериrn

    Овен

    rnТој: Мажите-овни спаѓаат во категоријата најпосакувани знаци и најчесто тоа се мажи по кои копнеат жените. Тие ги опсипуваат жените со комплименти, подароци и романтични пораки. За нив е многу важно жената да биде убава и паметна. Од жените бараат да бидат доста морални, иако тие самите не се блиску до таа особина. Изневерувањето не го толерираат, но знаат да се впуштат во флертови, паралелни врски и љубовни односи. Никогаш не им е доста од возбудувања.rnrnСовет: Овните се многу горделиви мажи со голем сексуален апетит кој тешко го контролираат. Жените чиј избраник е роден во знакот на овенот мора да знаат како да одговорат на сите негови сексуални желби.rnrnТаа: Жените-овни се витални, здрави и физички супериорни жени кои ретко се жалат. Тоа се хиперактивни и амбициозни жени кои не поднесуваат неактивни мажи. Тие им се истовремено и љубовници и пријателки на своите партнери. Нив никогаш не им е здодевно затоа што честопати за нив денот трае повеќе од 24 часа. Важат за згодни и убави жени, на што се посебно горди и имаат високо мислење за себе.rnrnСовет: Многу се љубоморни на разни ситници и сакаат мажот целосно да им го посвети своето внимание. Заради тоа, најдобро ќе се согласуваат со мажи кои имаат особини слични на нивните, односно мажи кои се посесивни, агресивни и страсни.rn

    Бик

    rnТој: Мажите-бикови најдобро се снаоѓаат во улогата на сопрузи. Важат за верни мажи, а може да изневерат ако не бидат задоволени нивните сексуални апетити кои не се мали. Сакаат да уживаат и заради тоа биковите се хедонисти во секоја смисла. Никогаш не ги занемаруваат партнерката и семејството. Се трудат да изгледа дека сите зависат од нив.rnrnСовет: На своите жени ќе им обезбедат луксузен живот, ако се во можност, затоа што знаат многу да ги сакаат своите партнерки. Бараат убави и згодни жени и штом ќе стапат во брак, тешко се одлучуваат за развод.rnrnТаа: Жените-бикови се едни од најблагодарните и најодговорните сопруги во зодијакот. Целосно им се посветуваат на мажите, а домот и семејството им се најважни. Смислата ја пронаоѓаат во семејниот живот. Добродушни се и зависни од мажот. Знаат да прејдат преку секоја брачна криза. Овие жени не се воопшто љубоморни.rnrnСовет: Жените-бикови не треба да го покренат прашањето за материјалноста затоа што единствено тогаш може да станат љубоморни и посесивни. Колку е поуспешен нејзиниот маж, толку е таа подобра личност и тогаш нема нешто што не може да гo направи за него.rn

    Близнаци

    rnТој: Мажите-близнаци се „лесни за одржување“, не се љубоморни, но и не им одговараат жени со слични особини. Тие се интелектуалци, интересни личности кои ретко им се посветуваат на жените. Повеќе им се посветуваат на сопствените мисли и на кариерата и не се подготвени за мирен семеен живот. Идната сопруга на мажот-близнак треба да биде жена со слични мислења и погледи спрема бракот, во спротивно тој цел живот ќе се обидува да ги промени нејзините мислења.rnrnСовет: Жената на мажот роден во овој знак не треба да биде љубоморна затоа што неговиот интерес за други жени никогаш нема да згасне. Тие обожаваат да флертуваат, а потребна им е жена која нема да ги попречува во ништо.rnrnТаа: На жените-близнаци поважен им е интелектуалниот контакт со мажите отколку сексуалниот. Тие повеќе им се посветени на работните обврски, а помалку на брачниот живот. Заради тоа, многу жени близнаци имаат проблем при усогласувањето на потребите. Не го сакаат многу семејниот и затворен живот, но кога се дома не поднесуваат неред. Друштвени се, зборлести и начитани и им одговараат мажи кои се токму такви, професионални и подвижни.rnrnСовет: Исто како и мажите, така и жените-близнаци обожаваат да флертуваат. Но, вешто успеваат да ги сокријат своите мали авантури и романси.rn

    Рак

    rnТој: Мажите-ракови се добри и одговорни мажи, посветени на домот. Важат за многу емотивни и сентиментални личности, но од друга страна се и големи педантерии и ситничари. Знаат често да критикуваат, речиси секогаш се жалат за нешто и никогаш не се целосно задоволни. Мажите-ракови знаат да се оженат и од корист, со богата и добро ситуирана жена со добар статус и висока позиција.rnrnСовет: Мажите-ракови имаат многу особини кои се вклопуваат во традиционалните размислувања за животот. Спаѓаат во групата на верни мажи кои знаат како сексуално да ја задоволат жената. Неверни се тогаш кога нивната потреба за секс ќе изостане.rnrnТаа: Жената-рак е синоним за мајка. Таа е симпатична, љубезна, трпелива, посветена и заштитнички расположена. Им служи на другите, но и на себе. Сепак, и жените-ракови се многу емотивни и често го менуваат расположението. Лесно се одлучуваат за брак, но знаат да бидат многу посесивни.rnrnСовет: Стабилноста во домот зависи од жените-ракови. Тие се идеални партнерки за мажите кои бараат класична жена.rn

    Лав

    rnТој: Мажите-лавови се многу горделиви и се централна фигура во семејниот живот. За себе мислат дека сè им е дозволено. Не поднесуваат непочитување од страна на жената. И покрај тоа, умеат да сакаат и да бидат нежни, романтични и посветени. Знаат да ѝ ги наметнат правилата и должностите на жената на таков начин што таа не би можела да ја одбие таквата диктатура. Лоша страна им е вечната склоност кон авантури.rnrnСовет: Верните и храбри лавови се во состојба да се борат на достоинствен начин. Тие знаат како да направат жената покрај нив да се чувствува сигурна и сакана.rnrnТаа: Жената-лав е идеална партнерка за мажот кој би можел да поднесе кариерата да е нејзин приоритет. Таа често работите ги гледа од високо и се смета себеси за газда во домот. Поседува многу квалитети и затоа сè во домот е секогаш совршено организирано. Ако наиде на подеднакво амбициозен маж, таа ќе му биде голема поддршка во работата. Сака постојано да биде почитувана, а тоа и го заслужува.rnrnСовет: Верна е и би се жртвувала за својот маж. Ако тој не е доволно амбициозен, доминантен и силен, таа ќе продолжи понатаму, а ако е, нивниот брак ќе биде идеален.rn

    Девица

    rnТој: Мажите-девици се комплицирани, цинични, ситничави и здодевни. Ова се најчестите причини поради кои тие остануваат сами. Не знаат ги покажат чувствата, но релативно добро се снаоѓаат во семејниот живот. Бракот за нив се базира на пријателство и често со жената се однесуваат како да се колеги од работа. Тоа се способни личности кои знаат да обезбедат удобен живот за себе и своето семејство. Склони се кон флертови, но ретко одат до крај.rnrnСовет: Можеби мажот роден во овој знак нема да ја доведе жената до екстаза, но затоа е одличен во предиграта, романтиката и заведувањето. Тој ќе се потруди да ја задоволи жената на секаков начин.rnrnТаа: Жените-девици се совршени сопруги. Бракот го сфаќаат како еден вид пријателски однос. Во нејзиниот дом нема и не смее да има грешка. Таму владее одличен ред и сè е секогаш чисто. Одлично се снаоѓаат во кујната. Штедливи се и паметни и работите најчесто ги извршуваат рутински. Може да биде под голем притисок од околината и затоа е емоционално послаба. Никому не му се предава целосно и ретко ги покажува своите чувства.rnrnСовет: Жената-девица делува како ладна и бесчувствителна личност и затоа ѝ е потребен некој кој ќе допре до неа. Тоа би можело да се случи само доколку таа вистински засака некој. Не барајте ништо повеќе од тоа што таа може да даде и ќе добиете исклучителна жена. Преферира сериозни и интелектуални мажи.rn

    Вага

    rnТој: Мажите-ваги се површни и незаинтересирани за брак затоа што не го сакаат семејниот живот. Кога се во брак живеат квалитетно, полни се со разбирање и конците на судбината ги држат во свои раце. Жените ги третираат како кралици и им овозможуваат луксузен живот. Често ги опсипуваат жените со подароци, облека и накит затоа што за нив љубовта претставува уметност.rnrnСовет: Мажот роден во овој знак никогаш нема прв да ја остави својата партнерка, туку ќе чека таа да го направи тој чекор.rnrnТаа: Жените-ваги се како магнет за мажите. Тие се многу убави, женствени и привлечни. Но мажите треба да знаат дека овие жени го сакаат луксузот. Нивниот изглед ги тера мажите да помислат дека треба да ги заштитат жените родени во овој знак. Ментално се многу издржливи и знаат да создадат хармонија во животот.rnrnСовет: Жената-вага инстинктивно знае во кој момент како треба да се однесува. На мажот знае да му пружи сè што му треба. Сака да флертува и понекогаш попушта пред додворувањето.rn

    Скорпија

    rnТој: Со мажот-скорпија е многу тешко да се оствари складен и хармоничен брак. Единствен начин за тоа е жената постојано да го следи во сè. Дури и да е безусловно сакан, неговата љубомора секогаш ќе биде присутна во голема мера. Не може да поднесе жена која е во некаква смисла појака од него. Мажите родени во овој знак се сметаат за агресивни и насилни. Сексуално се многу силни, со нагласена љубомора и посесивност. Позитивна особина кај овие мажи е тоа што се успешни и способни добро да заработуват.rnrnСовет: Неговите чувства се искрени, но тој не знае да ги покаже на вистинскот начин. Ги обожаваат жената и децата и во состојба се да направат сè за нив.rnrnТаа: Жените-скорпии го сфаќаат бракот многу сериозно и умеат силно да сакаат. Грижливи се и како сопруги и како мајки. Тие едноставно го чувствуваат семејниот живот и кога се во брак целосно се посветуваат. Многу работи зависат од нивното расположение затоа што сè што прават, прават со најискрени намери. Овие жени ги обожаваат мажите.rnrnСовет: На жената родена во овој знак ѝ е потребен силен маж кој нема да ѝ попречува во ништо и ќе знае како да ја задоволи.rn

    Стрелец

    rnТој: Мажите-стрелци имаат големи барања кога се во прашање жените и бракот. Тие се големи критичари, често се отсутни од домот и важат за мегаломани кои не се интересираат за брачен живот. За нив љубовта е сплет од среќни околности. Не разбираат зошто е воопшто потребно да ги покажуваат чувствата. Бараат жена која ќе поседува висок степен на интелигенција.rnrnСовет: Мажите родени во овој знак се нетрпеливи. Не поднесуваат никакви правила и ограничувања и затоа жената покрај нив треба да има слични сфаќања.rnrnТаа: Жената-стрелец му е најдобар пријател на мажот затоа што таа сака сè што сака и тој. Жените родени во овој знак го сакаат брзиот живот, но поседуваат трпение и умеат да чекаат колку што е потребно. Тие се интелигентни жени и добри мајки. Работите со кои се занимаваат подразбираат сè освен релаксација во домашен амбиент.rnrnСовет: Жената-стрелец не го познава зборот „љубомора“. Сексот не ѝ е приоритет, но ужива во него. Во бракот сака да ѝ се посветува љубов и внимание.rn

    Јарец

    rnТој: Мажите-јарци не чувствуваат големо задоволство од бракот, но важат за добри и класични сопрузи. Овие мажи се секогаш одговорни за домашниот буџет и средствата од него ги трошат разумно. Тие се еден вид конзервативни диктатори. Не ги слушаат жените, често се деструктивни и создаваат големи проблеми кога желбите на жените не се во склад со нивните желби.rnrnСовет: Главна карактеристика на мажите-јарци е дисциплината. Тие не знаат за емоции и не знаат да создадат атмосфера за уживање. Се сметаат за маратонци во сексот.rnrnТаа: Жените-јарци не се многу женствени и не претставуваат магнет за спротивниот пол. Како мажите, така и жените важат за диктатори со многу малку емоции. Овие жени ги привлекуваат мажите со особини како што се систематичност, верност и способност. Одлични домаќинки се и знаат да управуваат со домашните финансии.rnrnСовет: Жената-јарец е верна и постојана. Таа е идеална сопруга за мажите кај кои чувствата не играат голема улога.rn

    Водолија

    rnТој: Мажите-водолии преферираат слобода и интелект. Не знаат што е љубомора и им се најдобри пријатели на своите партнерки. Не се големи љубовници, но ако жените сакаат ексцентризам и ослободување од предрасудите, тогаш овие мажи се вистинските за нив. Ретко лажат, а на бракот гледаат како на претприемништво. Знаат да бидат внимателни кога се жените во прашање.rnrnСовет: Понекогаш делуваат како да се незаинтересирани за љубов, а тоа жените тешко го поднесуваат. Најдобро се чувствуваат во односи кои не бараат обврски.rnrnТаа: Жените-водолии се неверојатно интелигентни жени кои не се љубители на емотивните односи. Тие се едноставни и неконвенционални. Нивното однесување спрема мажите е исто така едноставно и не предизвикува проблеми. Не се љубоморни, ниту сомнителни. Подготвени се да се жртвуваат и за мажот и за семејството.rnrnСовет: Жената родена во овој знак е многу емотивна, иако разумот е тој кој ја води низ животот. Ретко се наоѓаат во афектна состојба. Мажот мора да биде многу паметен за да ги искористи нејзините квалитети. Во сексот немаат предрасуди и сакаат да експериментираат.rn

    Риби

    rnТој: Мажите-риби се внимателни и чувствителни и затоа се омилени кај жените. И покрај тоа, тешко се одлучуваат да стапат во брак. Го сакаат семејниот живот и многу време поминуваат во домот. Овие мажи се сонувачи и уметнички души. Честопати немаат сила да се борат и да се изборат со животните проблеми.rnrnСовет: Мажите родени во овој знак имаат недостаток на амбиции и енергија и затоа се релативно нестабилни. Но, ако жените се доволно силни и знаат да го искористат потенцијалот на овие мажи, нивниот брак може да биде како бајка.rnrnТаа: Жените-риби не се ни премногу вредни, ни премногу амбициозни, а ни премногу способни, но лесно се прилагодуваат на семејниот живот. Неверојатно се чувствителни и имаат голема емоционална моќ да им се вовлечат на мажите под кожа. На тој начин знаат да станат неодоливи и неопходни. Овие жени умеат домот да го претворат во мирно и удобно место. Голем дел од животот го поминуваат во сонување и фантазирање.rnrnСовет: Жената родена во знакот риби е одговорна и лесно прилагодлива. Таа на мажот му ги нуди сите магии кои воопшто можат да бидат понудени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто некои мажи се верни?

    Зошто некои мажи се верни?

    Постои теорија дека моногамни врски меѓу животните се случуваат таму каде мажјаците и женките се со приближно иста големина. Додека пак, кај човеколикиот мајмун на пример, мажјаците имаат повеќе женки во својот „харем“. Дали истото важи и за луѓето? Дали во врските каде доминираат мажите, постои поголема веројатност тие да бидат неверни?rnrnНекои религии, како муслиманската на пример, одобруваат полигамија, и секако, таа им е дозволена на мажите. Исто така, античките евреи имале повеќе од една жена. Иако во денешно време, барем во најголемиот дел од светот, полигамни бракови не се одобрени и имањето повеќе од една жена е неморално, не можеме да кажеме дека секаде секој е верен. Неверството постои и од двете страни. И мажите и жените се речиси еднакво (не)верни.rnrnЗошто некои мажи се верни?rnrnКога би се сконцентрирале само на мажите, би набројале многу работи и причини поради кои им се неверни на своите жени и девојки. Како на пример: сексуално незадоволство, емоционална нестабилност, проблеми во бракот, финансиски кризи… Но, како што постојат причини за неверство, така постојат и причини поради кои одредени мажи се верни.rn

    Зошто некои мажи се верни?

    rnНекои мажи едноставно имаат мала заинтересираност за секс (колку и да ви звучи невистинито). Не се многу заинтересирани за секс ни во бракот а ни надвор од него. Обично тоа се мажи кои имаат поставено одредени стандарди и правила кога станува збор за секс. Некои пак, се срамежливи. Не се комуникативни и не би ја прифатиле можноста да бидат со друга жена. Таквите или не реагираат воопшто, или реагираат откако ќе соберат храброст, а тоа е обично предоцна. Постојат мажи кои се верни од проста причина што немаат време за афера. Тие се зафатени со својот бизнис и преокупирани со работа, и имаат доволно обврски и грижи.rnrnДруга причина поради која некои мажи се верни е поради стандардите поставени од општеството и религијата. Имаат висок углед кој не смее да им биде нарушен и не сакаат да ризикуваат. Но, постојат и такви кои едноставно не сакаат да ги лажат своите жени. Долги години се во брак и не би сакале да ја ризикуваат таа стабилност. Доколку им пропадне бракот би им пропаднале многу работи во животот и би требале одново да започнат да градат нова стабилна врска, за која ќе им биде потребно премногу време. На крај, да не забораваме, постојат и мажи кои не изневеруваат од проста причина што ја сакаат својата жена/девојка. Станува збор за добро воспитани мажи кои знаат да го ценат она што го имаат и не сакаат да бидат неверни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Препознајте го верниот маж

    Препознајте го верниот маж

    Дали понекогаш посакувате да постои формула за полесно препознавање на верноста кај мажите? Иако не постои 100% гаранција за такво нешто, сепак одредени карактеристики може да предвидат дали тој е предиспониран да биде верен.rnrnПрепознајте го верниот мажrn

    Тој ги почитува жените

    rnМажот кој има почит кон понежниот пол е помалку наклонет да ја гледа жената само како објект. Според бихејвиористичкиот специјалист и терапевт, Патрик Ванис, начинот на кој мажот прави нешто е всушност начинот на кој тој прави сè. Тоа значи дека ако тој ги почитува жените, тогаш сигурно не е заинтересиран за авантура за една вечер.rn

    Тој е емоционално интелигентен

    rnЕмоционалната интелигенција е голем показател за тоа дали мажот е предодреден да биде верен или не. Како да дознаете колку тој е емоционално интелигентен? Едноставно, забележете дали тој размислува пред да дејствува и како се справува со расположението на луѓето околу него.rnrnПрепознајте го верниот мажrn

    Тој го исполнува ветувањето

    rnЛичноста која има интегритет ја покажува својата посветеност преку тоа што го прави, не преку тоа што го кажува. Верниот маж ќе го одржи ветувањето што ви го дал. Тој ќе вечера заедно со вас, дури и ако неговите пријатели имаат билет повеќе за натпреварот кој тој не би сакал да го пропушти.rn

    Тој не бара внимание

    rnМажот кој копнее по сечие внимание е способен да го игнорира однесувањето на жената кое можеби веќе ја преминало границата на толеранција. Ова можеби изгледа безопасно на почетокот, но ако таквото однесување продолжи, може да доведе до сексуална тензија.rnrnПрепознајте го верниот мажrn

    Тој е сигурен во себе

    rnНесигурноста и желбата за внимание одат рака под рака. Мажот кој е сигурен во себе добива целосно признание за тоа од една жена. Нему не му се потребни повеќе жени истовремено за да му ја потврдат сигурноста. Ако тој е сигурен во себе, тогаш лесно ќе ги признае своите слабости без воопшто да си го повреди егото.rn

    Тој не ризикува

    rnОној кој презема ризици најчесто се води според начелото дека ќе има со што да се здобие, додека верниот маж размислува поинаку. Тој не сака да ризикува затоа што така може повеќе да изгуби, отколку да добие. Верниот маж нема да ве изневери затоа што не би ризикувал да ја изгуби вашата љубов.rnrnПрепознајте го верниот мажrn

    Тој е благодарен

    rnЧовекот кој го цени животот чувствува исполнетост која ја обезбедува неговата верност. Тој секогаш е задоволен со тоа што го има и не бара повеќе, па затоа никогаш нема да побара нешто подобро. Едноставно, верниот маж е благодарен за тоа што веќе го има.rn

    Тој знае како да комуницира

    rnНаместо да ги игнорира проблемите и да ги потиснува негативните чувства, верниот маж има капацитет да биде отворен во врска со своите емоции. Тој без никаков проблем ќе ѝ каже на жената доколку не е среќен или ако неговите потреби не се исполнети.rnrnПрепознајте го верниот мажrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Категорија: Женкар

    Категорија: Женкар

    Вистина е дека не сме еднакви, се делиме на машки и женски пол и меѓу нив има разлика како од Северниот до Јужниот. И физички и психички, поинаку сме градени, поинаку се развиваме, поинаку размислуваме, имаме различни сфаќања за нештата… Да се разбере како функционира женскиот мозок не е лесна работа, ако пробувате да го сторите тоа – со среќа! Ама постои една група на мажи кои извежбале некои проверени финти, па така можат лесно да ќарат женски… е таквите милуваме да ги викаме ЖЕНКАРИ… ЖЕНКАРИШТА!Категорија: ЖенкарЖенкарите – вечито обвинувани и омразени од останатите припадници на погрубиот пол. Можеби дел им се восхитуваат зашто „мотаат“ женски, ама сите потајно ги мразат од проста причина што им ги ќаруваат женските лесно, додека тие остануваат со прстот во уста.rnrnКако да ги познаете? Момци кои се гледа дека се грижат за својот изглед. Владеат со просторот околу нив, зборуваат гласно и јасно, имаат шмекерски поглед, се движат така мажествено и заводливо. Преовладуваат во друштво, силни се, упатуваат заводнички погледи. Го имаат тој шмек кој ги издвојува од толпата.rnrnКако шармираат? Нема да ви пријдат пијани, ќе бидат трезни, дури и по малку скромни. Зошто трезни? Па имаат премногу самодоверба, така што, не им треба алкохол. Ќе ве шармираат со убави зборови, мажествен став, а можеби и со цвеќе.rnrnКако оперираат? Сте виделе кученце кое се врти околу месарница? Колку повеќе ги одбивате толку повеќе трчкаат по вас, како издресирани мајмунчиња. Колку сте вие поладни тие сè повеќе горат. Подготвени се да клекнат на коленици. Глупави се? Папучари се? Не драги мои, далеку од тоа, тие се упорни, вие сте им цел, а упорните луѓе кои имаат зацртана цел ќе направат сè што е потребно за да ја добијат.rnrnКако ве освојуваат? За да се дојде до машкото срце клуч е заводливоста, а за да се дојде до женското, најважни се убавите зборови. Тие имаат финти, ама добро извежбани. Секогаш имајте на ум дека не сте ни прва ни последна на која ù ги упатува тие зборови. Тие долго и очигледно ќе зјапаат во вас, подгризнувајќи ги устите за вам да ви се покачи самодовербата, да знаете дека сте посакувани… што да ви кажам, оперираат добро и проверено.rnrnНивните финти:rn

      rn011

    • Отвораат врата од кола.
    • rn011

    • Ви даваат предност.
    • rn011

    • Тие се „вистински“ џентлмени.
    • rn011

    • Играат ладно-топло.
    • rn011

    • Ќе ви купат цвеќе, или уште потрогателно, ќе наберат самите.
    • rn011

    • Може да ви посветат, дури и да ви потпевнат по некоја убава песна.
    • rn011

    • Вие сте нивното срце, злато, душа, ангел, убавица, малечко будалче…
    • rn011

    • Ќе ве залажат со спомнување на иднината.
    • rn011

    • Кажуваат „ние“ а не „јас“ (ама само мислете си дека навистина станува збор за вас, најчесто е тој со неговото его).
    • rn

    rnИ уште купишта финти, изрази, зборови, комплименти… и ситници. Таквите мажи знаат дека жените обрнуваат внимание на ситници, па ги кажуваат спонтано како да немаат значење, а всушност зад нив стои некаква намера.rnrnШто треба да запаметите?rn

      rn011

    • Да, нивниот однос ќе се промени откако ќе ве освојат.
    • rn011

    • Не, не сте му ни прва ни последна.
    • rn011

    • Да, тој сака само секс.
    • rn011

    • Не, не смеете да фантазирате за иднина со него.
    • rn011

    • Да, тој еден ден ќе реши да стапи во брак, но шансите да биде верен се минијатурни.
    • rn011

    • Не, не сака сериозна врска.
    • rn011

    • Да, истите финти ги има испоробано безброј пати со други девојки пред вас.
    • rn011

    • Не, нема да ви биде верен.
    • rn011

    • Да, ќе биде со вас додека да му здодеете.
    • rn011

    • Не, не сака да се запознае со вашите родители.
    • rn

    rnЗаклучок? Во ред е да запознаете многу луѓе, животот ќе ве однесе на различни патишта и ќе сретнете различни карактери, меѓу кои и карактерот на еден женкар. Оставете го да се глупира, да се труди да ве освои, но никогаш не му се покорувајте, секогаш ставете му до знаење дека не верувате на што и да излезе од неговата уста. Може да одберете воопшто да не се плеткате со каков било човек од оваа врста, а може да одите до крај и да видите како функционира тој. Ништо страшно, едно животно искуство повеќе. Но што и да правите, секогаш бидете еден чекор пред него, не дозволувајте да се вљубите, оддалечете се додека имате време, тој со неговите финти ќе се појавува одвреме-навреме и лесно ќе паѓате под негово влијание колку и да сте ладни. Кога веќе сте одбрале да играте со оган, навреме и цврсто повлечете линија за крај.rnrnПа дами мои, спремни сте да им одолеете на ваквите заводници?rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најверните раси кучиња

    Најверните раси кучиња

    Кучињата умеат одлично да се социјализираат со луѓето и да се приврзат кон нив. Со кучињата делиме заедничка потреба за друштво, наклонетост и верност и затоа можеме со нив да формираме силни врски кои траат додека сме живи. Овде избравме неколку раси кои најлесно се приврзуваат кон луѓето и остануваат верни, иако секое куче може да биде најлојалното на светот ако е третирано како дел од семејството.rn

    Шкотски овчар

    rnФилмовите со Леси направија легенда од шкотскиот овчар, но неговиот углед е сосема заслужен. Тој е едно од најинтелигентните кучиња, многу се приврзува за сопственикот и секогаш е пријателски настроен кон децата. Него го краси смиреност и индивидуалност. Никогаш не му здодева човечко друштво.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Германски овчар

    rnГерманскиот овчар има репутација на опасно куче поради тоа што се користи во полициските акции благодарение на неговата интелигенција. Претпазлив е кога пред него ќе се појави странец и може да го заплаши. Но, штом еднаш запознае некој, со него ќе формира силна врска која ќе трае додека е жив. За да дојде до израз неговата добра страна, неопходно е да биде добро дресиран.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Лабрадор ретривер

    rnЛабрадор ретриверот е најпопуларен од семејството на лабрадори, меѓу другото поради неговата исклучителна верност. Лесно ја освојуваат околината со својот жив темперамент, бескрајна енергија, интелигенција и пријателски однос кон децата. Многу е добар со луѓе, но ако неговиот сопственик е нападнат, нема да се колеба да го одбрани.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Бретански шпаниел

    rnБретанскиот шпаниел знае да заврши одлична работа кога оди во лов на птици, но тој исто така е еден од најдобрите другари на човекот. Многу се лојални, лесно се учат на добри навики и обожаваат да се галат.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Мастиф

    rnМасивниот мастиф има застрашувачки изглед, но тоа не зборува ништо за неговиот карактер. Тој всушност, е еден нежен џин којшто е пријателски настроен кон сопственикот, одличен е кон децата, а знае да се спријатели и со помали кучиња од другите раси.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Боксер

    rnБоксерот важи за куче со кое тешко може човек да излезе на крај, но тоа се однесува само на оние кои претставуваат опасност за неговиот сопственик. Инаку се работи за куче кое лесно се дресира, многу сака да си игра на отворен простор и со луѓето што ги познава.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Златен ретривер

    rnЗлатниот ретривер спаѓа во оние кучиња кои секој сака да ги види како му трчат во дворот. Секогаш е добро расположен и добро се однесува со сите. Децата го обожаваат поради постојаната желба да си игра и да се гали.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Бернардинец

    rnОгромниот бернардинец делува застрашувачки и затоа многумина го чуваат дома за да ги исплаши евентуалните натрапници. Но, кога станува збор за односот со сопствениците, тој е прекрасно куче. Секогаш се труди да им угоди, а знае да си игра и со деца.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Кувас

    rnЛојалноста на оваа раса со потекло од Унгарија, доаѓа оттаму што тој нема да се колеба да го одбрани својот пријател дури и кога е нападнат од крволочно животно. Кога не е соочен со ваков предизвик, сака да си игра и да трча на отворен простор.rnrnНајверните раси кучињаrn

    Бигл

    rnОние кои од своето куче не бараат да го чува домот од натрапници, можат слободно да вдомат бигл. Тоа куче толку е многу пријателски расположено, што се однесува добро дури и кон оние што првпат ги гледа. Се труди на секој начин да му причини задоволство на сопственикот и одлично реагира на деца.rnrnНајверните раси кучиња

  • Кои хороскопски знаци најдолго остануваат во врска?

    Кои хороскопски знаци најдолго остануваат во врска?

    Нашите чувства и емотивни склоности, во голема мерка се одредени од астролошките профили. Погледнете како секој од хороскопските знаци се снаоѓа во љубовните врски.rnrnКои хороскопски знаци најдолго остануваат во врскаrnrn

    Овен

    rnОвните се вљубуваат брзо и снажно, па дури и прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со тие одлуки и бегаат од нив, што понекогаш трае со месеци. Потоа вообичаено запаѓаат во период на проценка и повторни средби, притоа обидувајќи се да ја оживеат страста во врската. Во текот на тој период најчесто осознаваат како се чувствуваат и решаваат дали сакаат да останат во врската и да се смират. Доколку не успеат да ја оживеат страста, тогаш тие најчесто бараат нова љубов.rnrn

    Бик

    rn

    Биковите се верни како кутриња и тоа не во лоша смисла на зборот. Кога еднаш ќе ја запознаат личноста, тие се врзуваат за неа и најчесто остануваат со неа до крајот на животот, или поточно додека функционира сексуалниот живот. Доколку страста исчезне или едноставно го снема интересот за секс, ќе побараат возбуда на друго место и тоа најчесто зад вашиот грб. Неверството никогаш нема да го признаат и тоа само во име на врската која ќе трае засекогаш. Со други зборови кажано значи дека и ако се неверни нема да ве остават.

    rnrn

    Близнаци

    rn

    Близнаците се верни и никогаш не ја напуштаат саканата личност, но сакаат да ја тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја измачуваат личност со која се во врска, флертувајќи со што е можно повеќе луѓе. Само поради таа причина честопати остануваат сами и оставени, кога се во прашање луѓе кои не можат да го поднесат заведувањето и лутањето на погледот на близнаците. Близнаците ќе ги припитомите и ќе го задржите нивниот интерес, само ако вие нив ги направите љубоморни. На тој начин ќе останат во врска засекогаш.

    rnrn

    Рак

    rn

    Ракот е знак на кого најмногу му одговара да ѝ се предаде на една личност и да заврши со тоа. Овој знак не сака игри и проблеми што произлегуваат од било какви сомнежи или несигурност. Сепак тие можат да бидат силно љубоморни, несигурни и да бараат многу од партнерот, што честопати ги одбива луѓето кои ги сакаат. Ретко се случува да треба да се грижите за тоа дали овој знак ви е верен, бидејќи кога еднаш ќе се венчате, ракот е ваш засекогаш.

    rnrn

    Лав

    rn

    Лавовите се прилично внимателни пред да се вљубат. Може да помине доста долго време пред љубовта да процвета, бидејќи овој знак ги обожува игрите на заведување. Кога ќе им се случи да се вљубат, најчесто се многу страсни и посветени, но тоа не трае долго. Луѓето родени во овој знак имаат немирно срце, па затоа врските не им траат долго.

    rnrn

    Девица

    rn

    Овој тврдоглав и практичен знак сака кусо додворување и сосема малку секс. Всушност станува збор за знак кој првенствено ќе се реши за воздржување од секс пред брак. Најверојатно и после склучување на бракот ќе го избегнува сексот. Многу претставници на овој знак се во брак во кој ретко се консумира секс и во кој со години, особено жените, ќе мижат на неверството на партнерот. Врската на девицата ќе трае долго сè додека се во игра сигурноста, материјалната добивка и угледот во друштвото.

    rnrn

    Вага

    rn

    Вагите се многу верни и најчесто имаат долги врски, бидејќи во врската тие пред сé се пријатели. Сепак тие лесно можат да се оладат и загреат за личноста, а несигурноста и неверството можат да ја уништат нивната врска. Врската со вагата ќе трае сé додека ги држите заинтересирани во кревет и додека сте спремни да им понудите многу внимание.

    rnrn

    Скорпија

    rn

    Луѓето родени во знакот на скорпија се меѓу најверните знаци во зодијакот. Тие се едни и од најпривлечните и најхаризматични личности, па нивниот партнер мора да се бори со секакви конкуренти. Тоа создава многу несигурност, поради што врските после година или две се распаѓаат. Најубаво е да не се замерувате многу со овој знак, бидејќи ќе ве „боцне“ во грб без пардон.

    rnrn

    Стрелец

    rn

    Родените во знакот на стрелец се неодлучни и имаат проблем со посветеноста кон една личност, па кога се долго време на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со стрелецот да трае со години, морате да им дадете доволно слобода. Можеби ќе морате дури да преминете и преку повремени неверства.

    rnrn

    Јарец

    rn

    Јарецот е многу традиционален знак кој очекува традиционална венчавка на која ѝ претходело долготрајно додворување и не премногу секс пред брак. Исто така овој знак очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го добие, останува со партнерот долго време. Децата и сексот претставуваат начин на кој ќе го задржите јарецот, а неверството за него вообичаено значи прекинување на врската.

    rnrn

    Водолија

    rn

    Ова е многу немирен знак на кој му е проблем да остане со некого подолго време, па со разновидност и промени сака да си го направи животот поинтересен. Водолиите вообичаено не се претерано сексуални. Може да им се случи некоја личност максимално да ги фасцинира и импресионира, а потоа одеднаш да изгубат интерес. Најголема шанса да останете со водолија подолго време заедно, ќе имате доколку го стимулирате нивниот интелект за да не им биде здодевно, а пожелно е и да сакате да патувате.

    rnrn

    Риби

    rn

    Рибите се еден од најверните и најпосветените знаци во зодијакот. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. И покрај тоа што станува збор за многу морални знаци, неверството не им е непозната работа, но тие тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот. Честопати рибите се тие кои се венчаваат со својата средношколска љубов и со неа остануваат до крајот на животот.

    rn rnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистинско другарство: кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили

    Вистинско другарство: кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили

    Кога болеста која ја имала Лили, кучка од расата германска дога, ги приморала ветеринарите да ги отстранат нејзините очи, надежта дека таа ќе живее исполнет и просперитетен живот не била голема. Но, во тој момент никој не се сетил на нејзината другарка Медисон, која откако Лили го изгубила видот, постојано е околу неа, во улога на куче-водич.Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка ЛилиОва дуо е неразделно веќе неколку години, но сега тие си бараат нов дом, бидејќи нивниот сопственик не можел повеќе да се грижи за нив. Тие, од месец јули, чекаат вдомување во центарот за згрижување на бездомни кучиња „Dogs Trust“ во Шрузбери, Англија. Замката за сите оние кои се заинтересирани за вдомување куче, е тоа што овие две германски доги доаѓаат во пакет.rn. rn

    Менаџерката на центарот за згрижување кучиња-бездомници, Луиз Кембел, рекла: „Медисон ù е водич на Лили. Кога се надвор, поголемиот дел од времето Медисон ја води Лили, а таа чекори близу до неа и ја допира на моменти, за да знае во кој правец да оди. Глетката е прекрасна. Медисон секогаш се грижи за неа.“

    rn

    Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили
    Засекогаш пријателки: Медисон (десно) ја води слепата Лили (лево) додека шетаат. Тие се неразделни од моментот кога Лили го изгубила видот.
    rnrnЛили, која сега има 6 години, била мало кученце кога се разболела од болест, од која трепките почнале да ù растат навнатре, накај очните јаболкца, при што ù ги оштетиле без можност за лекување. После овој трауматичен момент во животот на Лили, се продлабочил нејзиниот однос со седумгодишната Медисон, бидејќи таа ја земала под своја закрила. Овие најдобри пријателки живееле заедно, под ист покрив, кога нивните сопственици решиле дека не можат повеќе да се грижат за нив.rn. rn

    Г-ѓа Кембел објаснува: „Со губењето на видот на двете очи, на Лили ù се развија другите сетила, така што и покрај тоа што никогаш не ја раздвојуваме од другарка ù, таа најчесто знае дали Медисон е во нејзина близина. Тие се тркалаат по земја пред да заспијат и постојано си зборат нешто на кучешки јазик. Ги немаме анализирано нивните различни лаења, но доколку Лили сака да оди нанапред, а Медисон оди пред неа и ù пречи на патот, нивното лаење поинаку звучи од вообичаено.“

    rnГ-ца Кембел вели дека Лили ги прави сите работи кои ги прават нормалните кучиња и тврди дека доколку ја гледате од далеку, нема да знаете дека нешто не е во ред со нејзините очи.Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили.rn

    „Овие две пријателки живеат навистина среќен живот. Чашата е секогаш половина полна за нив. Тие се со нас веќе подолго време, но се многу среќни тука, лојални се една кон друга и си ги извршуваат нивните дневни рутини.“

    rnТаа верува дека физичката големина на кучињата и нивната возраст, како и фактот дека доаѓаат во пакет, може да ги обесхрабри потенцијалните сопственици, но потенцира дека секој оној кој размислува да ги земе во својот дом, треба да дојде и да го види нивниот животен стил и да ја земе предвид одговорноста која доаѓа со нив.Вистинско другарство: Кучката Медисон се грижи за слепата кучка Лили.rn

    „Лили и Медисон не изгледаат толку големи кога ќе ги видите надвор, во природа. Тие се само две мили, големи девојки, кои заслужуваат удобно да го проживеат остатокот од нивниот живот.“ – вели таа

    rn„Dog Trust“ се грижи за 16.000 бездомни и напуштени кучиња, во вкупно 17 центри за згрижување. Германската дога Лили е во потрага по нејзин сопственик, кој ќе биде желен да ù овозможи неа, и на нејзината пријателка Медисон, нов дом за живеење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.