КАФЕ ПАУЗА

Tag: верност

  • 5 животни што им се верни на своите партнери

    5 животни што им се верни на своите партнери

    Не постојат многу животни што знаат што значи да се биде верен. Само 3-5% од сите животи имаат еден партнер за целиот свој живот. Освен тоа, некои парови дури имаат свои традиции што се најчистиот доказ за нивната посветеност еден на друг. Овие животни остануваат заедно со партнерот и во добро и во зло и треба да ни служат како пример.rn

    1. Сончевиот папагал го избира својот партнер на возраст од околу 4-5 месеци

    rn5 животни што им се верни на своите партнериrnrnОвие мали папагали живеат во североисточниот дел на Јужна Америка. Тие се многу дружељубиви и живеат заедно во групи, а пред да стапат во сериозна врска, тие започнуваат со хранење и негување на партнерот.rn

    2. Сивите жерави имаат посебна свадбена церемонија

    rn5 животни што им се верни на своите партнериrnrnОвие птици живеат во Уганда и ја сфаќаат својата врска многу сериозно. За да ја покаже својата посветеност, младиот пар танцува заедно пред останатите пред да се пресели во своето гнездо.rn

    3. Тити мајмуните може да станат љубоморни

    rn5 животни што им се верни на своите партнериrnrnОвие мајмуни живеат во дождовните шуми во Јужна Америка. Нивната врска е многу посебна во животинското царство, затоа што се поврзуваат со своите партнери емоционално. Тие дури и се вознемирени кога се разделени. Паровите остануваат заедно и по сезоната на парење, поминувајќи романтични моменти додека седат рамо до рамо со опашките испреплетени.rn

    4. Белите морски коњчиња остануваат заедно додека не умре еден од партнерите

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Jules Casey (@onebreathdiver) on

    rnrn

    rnrnrnДвајцата родители се многу одговорни, но мајката природа има неколку трикови кога станува збор за овие животни. Во оваа двојка, женката треба да го привлече мажјакот, а штом тој се заљуби, забременува и ги носи бебињата неколку недели.rn

    5. Видрите се држат за рака додека спијат за партнерите да не се изгубат еден со друг

    rn5 животни што им се верни на своите партнериrnrnГолемите речни видри остануваат заедно и живеат во заедница со другите видри откако ќе имаат потомство. Тие ги делат задачите во семејството подеднакво, а понекогаш и другите видри може да помогнат во одгледувањето на бебињата.rnrnПрочитајте зошто сините животни се многу ретки.

  • Вистинска приказна: Кучето кое чекало 4 дена на еден мост и гледало во водата

    Вистинска приказна: Кучето кое чекало 4 дена на еден мост и гледало во водата

    Оваа фотографија од кучето кое седи до оградата на еден мост во Кина ги стопли дури и најстудените срца. Сведоци велат дека кучето го чека неговиот сопственик после трагедијата што се случила на 30 мај. Кога минувачите пробале да го одведат, кучето бегало.rnrnНа ова место неговиот сопственик си го одзел животот. Фотографијата ја направил еден минувач откако го забележал кучето. Тој имал намера да посвои куче и пробал да го однесе дома, но кучето избегало.rnrnВистинска приказна: Кучето кое чекало 4 дена на еден мост и гледало во водатаrnrnДиректорот на друштвото за заштита на животните во Вухан ја видел објавата на човекот и почнал да го бара кучето со помош на волонтери. Тој вели дека побарале од службениците на мостот да проверат што точно се случило. На надзорните камери не можело да се види добро, бидејќи било мрачно. Сепак, можело да се види доволно дека човекот се самоубил со скокање од мостот, а кучето останало да гледа во водата со денови.rnrnДруштвото за заштита на животните издало изјава за сите волонтери, дека додека не се најде кучето, тие нема да престанат со потрагата. Веста стигна и до социјалните мрежи каде сите се соединија што поскоро да го пронајдат кучето. Директорот вели дека е срамота такво верно куче да остане на улицата, а ние се согласуваме со тоа.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QC7_ppxOFPY&feature=emb_titlernrnПрочитајте за овој зајак без крзно што бил спасен од еутаназија сега живее како ѕвезда на социјалните мрежи.

  • Топ 5 најверни жени во Зодијакот

    Топ 5 најверни жени во Зодијакот

    Постојат жени што се целосно посветени на партнерот. Целата околина им завидува на нивната верност и решителност да издржат во бракот. Прочитајте во кои хороскопски знаци се родени жените што никогаш нема да ве изневерат.rnrnТоп 5 најверни жени во Зодијакотrn

    Лав: 7/10

    rnЛавовите се сакаат и се ценат себеси. Овој факт може некого и да изнервира, но тоа е причината што Лавовите не се трошат себеси на ситници. Жената родена во знакот Лав бара сè најдобро, и тоа кај еден маж. Но, ако нејзиниот партнер потфрли, таа нема да издржи долго и веднаш ќе тргне во потрага по нов партнер.rn

    Рак: 7/10

    rnЖените родени во знакот Рак не се менуваат и не сакаат да променат ништо околу нив. Ако сопругот ја изневери, жената Рак нема да бара развод, туку ќе бара начин како да го спаси бракот. Таа ќе го изневери сопругот само поради голем очај или поради голема потреба за одмазда. Овие жени го избираат вториот партнер долго и внимателно.rn

    Водолија: 8/10

    rnВодолијата флертува често и со задоволство, но никогаш нема да изневери. Жените родени во овој хороскопски знак сакаат да се забавуваат и да се дружат и тоа секогаш го прифаќаат како понуда. По расправијата со сопругот, жената Водолија со задоволство ќе отиде во бар со друштвото за да заборави на сè. Меѓутоа, сопругот го изневерува само во краен случај.rn

    Бик: 10/10

    rnБикот е направен од чист принцип. Жената родена во знакот Бик никогаш нема да го изневери својот сопруг. Сепак, нејзиниот сопруг не ни помислува да ја изневери затоа што знае дека сопругата нема никогаш не му го прости тоа.rn

    Девица: 10/10

    rnИсто како Биковите, жените родени во знакот Девица никогаш не би го изневериле сопругот, но не поради разумот, туку поради чувствата. Верноста на Девицата се заснова на тоа што таа е толку вљубена во својот сопруг, што не гледа никој друг околу себе. Нивните сопружници го разбираат тоа, па затоа и никогаш не ги изневеруваат.rnrnПрочитајте и кои се хороскопските знаци кои ги чека голема среќа во следната година.

  • Хороскопот открива: Во овие 3 знаци се раѓаат најверните мажи

    Хороскопот открива: Во овие 3 знаци се раѓаат најверните мажи

    Иако за мажите важи стереотипот дека во природата им е да изневеруваат и дека не би можеле да одолеат на искушението ако им се укаже прилика, сепак, постојат исклучоци кои никогаш не се вртат по други жени. За овие мажи, љубовната врска е света и тие не би ја ризикувале за некоја минлива романса. Такви мажи се раѓаат во овие 3 хороскопски знаци:rnrnХороскопот открива: Во овие 3 знаци се раѓаат најверните мажиrn

    Бик

    rnБиковите важат за најверните знаци во Зодијакот. Тие влегуваат во врските со чисто срце, и се во состојба да направат сѐ за својата поубава половина само за да видат насмевка на нејзиното лице. Тие се заштитнички настроени кон неа и не сакаат никој да ја повреди, а особено не тие самите.rn

    Овен

    rnОвните сакаат сигурност за себе и за жената којашто ја сакаат. Сметаат дека довербата е основата на секоја здрава врска, па даваат сѐ од себе за да ја изградат заедно со својата избраничка и таквиот однос не би го нарушиле за ништо на светот. Сѐ што очекуваат за возврат, несебично и го даваат, така што со нив лесно се гради врска која се заснова на меѓусебно разбирање и почитување на меѓусебните потреби.rn

    Јарец

    rnНа Јарците верноста им е многу важна. Тие се лојални и посветени на сѐ што прават, а посебно на својата врска. Покрај тоа што тие никогаш не би ја изневериле својата партнерка, за нив неверството претставува пораз и такво нешто и самите не би можеле да простат.rnrnПрочитајте и кој хороскопски знак е најсклон кон неверство, а кои знаци пак, знаат да простат неверство.

  • Хороскопските знаци кои никогаш не ги изневеруваат своите партнери

    Хороскопските знаци кои никогаш не ги изневеруваат своите партнери

    Кога станува збор за верноста, не сите имаат исти принципи. Имено, некои луѓе се полиберални и поопуштени кога се во врска. Од друга страна пак, постојат и личности кои не поднесуваат неверство и кои никогаш не би направиле нешто такво. Кога станува збор за неверството, овие хороскопски знаци се најверните партнери од сите.rnrnХороскопските знаци кои никогаш не ги изневеруваат своите партнериrn

    1. Девица

    rnДевиците се верни личности кои имаат свои принципи. За луѓето со овој хороскопски знак, неверството е табу тема и е нешто коешто никогаш нема да го простат. Доколку сте во врска со Девица, можете да му верувате на партнерот и секогаш да се потпрете на него. Овие луѓе никогаш не би ги изневериле своите сакани.rn

    2. Јарец

    rnОвој хороскопски знак спаѓа помеѓу најверните. За Јарците, неверството е непознат поим. Кога се во врска, не ни помислуваат на прељуба. Токму истото го очекуваат и од своите партнери. Доколку изневерите Јарец, не очекувајте прошка бидејќи неверството е сосема спротивно од неговите принципи.rn

    3. Рак

    rnРаковите се можеби најверните луѓе кои постојат. И самите стравуваат од измама или неверство, па поради тоа никогаш не би повредиле друга личност. Доколку врската не е како што треба, поверојатно е да ја прекинат отколку да извршат неверство.rnrnДознајте и кои се хороскопските знаци кои најмногу изневеруваат.

  • Истражувањата откриваат: Интелигентните мажи ја ценат верноста во љубовната врска

    Истражувањата откриваат: Интелигентните мажи ја ценат верноста во љубовната врска

    Паметните луѓе се позаборавени, се однесуваат бунтовнички во младоста, но и помалку изневеруваат кога се во прашање љубовните врски. Во едно истражување од 2010 година откриено е дека кај мажите со повисок коефициент на интелигенција постојат помали шанси да бидат неверни.rnrnИстражувањата откриваат: Интелигентните мажи ја ценат верноста во љубовната врскаrnrnИстражувањето ги анализирало одговорите од анкетата спроведена на 1.000 возрасни и тинејџери во САД и открило дека интелигентните луѓе повеќе ја ценат моногамијата и сексуалната ексклузивност за разлика од помалку интелигентните поединци.rnrnПа, која е причината за ова? Од еволуциска гледна точка, современите мажи се во можност да се ослободат од инстинктите на „пештерскиот човек“ кои ги наведуваат да имаат што е можно повеќе сексуални партнерки. Оние со понизок коефициент на интелигенција не можат да му се спротивстават на овој инстинкт, па затоа им е важно да спијат со многу жени и неверството воопшто не им е непознато.rnrnМеѓутоа, вреди да се спомене дека истражувањето открило јасна разлика помеѓу преференцијата и однесувањето. Имено, кај интелигентните мажи имало голема веројатност дека истовремено ќе ја вреднуваат сексуалната ексклузивност и ќе учествуваат во вонбрачни активности.rnrnВажно е да се нагласи дека жените и мажите имаат тенденција да изневеруваат од различни причини. Според едно истражување од 2008 година, кај жените кои го донесуваат главниот приход во домот има помали шанси да изневерат, додека дури кај 70% од мажите кои се главниот извор на финансии во врската, како и кај мажите кои се финансиски зависни од жените, постојат поголеми шанси дека ќе ја изневерат својата партнерка.rnrnШто мислите вие на оваа тема? Кои се главните причини поради кои изневеруваат мажите и жените?rnrnДоколку немате идеја зошто некој би се одлучил на неверство, прочитајте ги следниве 10 психолошки причини поради кои мажите изневеруваат.

  • Верен и лојален: Овој хороскопски знак е најдобриот љубовен партнер што можете да си го замислите

    Верен и лојален: Овој хороскопски знак е најдобриот љубовен партнер што можете да си го замислите

    Според поголемиот дел од луѓето, верноста е најважното нешто во секоја љубовна врска. Доколку верувате во хороскоп и се сомневате во лојалноста на вашиот партнер, ѕвездите можат да откријат многу за тоа какво мислење имаат знаците за неверството. Еден хороскопски знак е познат по неговата безусловна верност и посветеност.rnrnВерен и лојален: Овој хороскопски знак е најдобриот љубовен партнер што можете да си го замислитеrnrnЧувствителен, приврзан за семејството и со чести промени на расположението. Станува збор за Ракот кој секогаш се стреми кон тоа да изгради врска исполнета со љубов. Кај него не постои толеранција за прељубата и лагите. Раковите не можат да бидат целосно среќни, сѐ додека не остварат длабока емотивна врска, а кога ќе се заљубат, секогаш размислуваат за иднината и посакуваат вечно да останат заедно со нивната сакана или сакан.rnrnРаковите се во потрага по личност со која ќе можат да изградат дом и да основаат семејство. Ракот многу дава, но исто така и многу бара. Потребно им е многу внимание, сакаат кога љубовта им се покажува и докажува, но секогаш возвраќаат со иста мера.rnrnКога ќе наидат на некакви проблеми во врската, не ги одбегнуваат, туку ги решаваат бидејќи не сакаат ништо да им застане на патот до љубовта. Тие се подготвени да ги надминат сите препреки и да ги совладаат сите стравови доколку сметаат дека ја пронашле вистинската личност. Не ни помислуваат на неверство како метод на решавање проблеми. Тие се лојални до самиот крај.rnrnРаковите кријат сложена емотивна структура и длабоки внатрешни доживувања. Станува збор за луѓе кои во себе носат силни чувства и многу интензивно го преживуваат сето она што се случува околу нив.rnrnТие се молчаливи, внимателни и мистериозни. Раковите повеќе се грижат и плашат за нивните блиски одошто за себе. Како родители, се однесуваат премногу заштитнички кон нивните деца. Имаат посебна потреба да си го чуваат семејството, но и традиционалните вредности. Ако се работи за човек што го сакаат, бестрашно ќе застанат во негова одбрана и ќе го штитат од секое зло.rnrnПонекогаш се религиозни, духовните вредности ги ценат повеќе од материјалните, а според нив љубовта е движечка сила на светот. Доколку имате Рак во животот, сигурно го обожавате поради неговата дарежливост, чувствителност, грижливост, доверливост и пожртвуваност. Кој не би посакал ваков партнер покрај себе?

  • Невозможно е по овие фотографии да не посакате едно прекрасно кученце покрај вас

    Невозможно е по овие фотографии да не посакате едно прекрасно кученце покрај вас

    Кучињата отсекогаш се познати како најдобри пријатели на човекот. Тоа не е залудна констатација. Досега се покажало дека овие прекрасни суштества се целосно лојални на нивните сопственици. Тие се секогаш среќни, максимално уживаат во животот и се вистинска инспирација. Кучињата знаат да нè смират во моментите кога сме нервозни, да нè поддржат кога ни е тешко и да нè воодушеват со својата досетливост, остроумност и искреност.rnrn

    Кучињата знаат што значи лојалност. Ова куче било спасено и вдомено од овој човек. Подоцна кога станот на неговиот сопственик бил зафатен од пожар, тој го вклучил алармот и му се одолжил на својот спасител
    Кучињата знаат што значи лојалност. Ова куче било спасено и вдомено од овој човек. Подоцна, кога станот на неговиот сопственик бил зафатен од пожар, тој го вклучил алармот и му се одолжил на својот спасител.
    rnrnДоколку сè уште немате куче, погледнете ги овие неверојатни фотографии. На нив е прикажана неверојатната блискост којашто може да се развие меѓу кучето и човекот. Веруваме дека уште денеска ќе почнете да го барате своето идно најверно пријателче. А ако веќе имате крзнено пријателче, без сомнение веднаш ќе истрчате да го гушнете.rnrn

  • Лојален до крај: Хороскопскиот знак кој го презира неверството

    Лојален до крај: Хороскопскиот знак кој го презира неверството

    За повеќето луѓе, моногамијата е важен став во секоја љубовна врска и секој партнер, соодветно, посакува да биде сакан, ценет и почитуван. Астрологијата веќе ни го откри хороскопскиот знак за кој е најверојатно да го изневери својот партнер, но овој пат ни го открива и хороскопскиот знак кој е познат по својата безусловна верност и лојалност. Во продолжение прочитајте за кого станува збор.rnrnЛојален до крај: Хороскопскиот знак кој го презира неверствотоrnrnОд сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежнеат и се стремат кон сигурната и стабилната врска полна со љубов, во која нема место за неверството. Тие се секогаш интерпретирани како емотивни, но она што е поважно е тоа што тие знаат како да се справат, соочат и да ги контролираат тие емоции. Затоа, Раковите никогаш нема да бидат целосно среќни сѐ додека не остварат длабока емотивна врска, а кога ќе се заљубат секогаш размислуваат долгорочно.rnrnВо потрага се по личноста со која можат да изградат дом и семејство. Раковите многу даваат и исто толку бараат. Но, за нив материјалните работи не се толку важни, бидејќи бараат само љубов и внимание и секогаш возвраќаат со истата мера. Кога ќе наидат на проблеми во врската тие не ги избегнуваат, туку ги решаваат бидејќи не сакаат ништо да им застане на патот кон љубовта. Тие не ни помислуваат на неверството како метод на решавање на проблемот затоа што се лојални до самиот крај.rnrnСе разбира, Ракот не е единствениот хороскопски знак познат по својата лојалност. Неверството не го практикуваат ниту:rn

      rn011

    • Биковите, кои бараат стабилност и верност.
    • rn011

    • Вагите, кои имаат вродена желба за правда и почитување и бараат хармонична врска.
    • rn011

    • Девиците, кои се чувствителни и традиционални во љубовта.
    • rn011

    • Јарците, кои се трпеливи и вредни и ќе работат на врската колку што е потребно.
    • rn

  • Цитати во коишто ќе се пронајдат сите љубители на животните

    Цитати во коишто ќе се пронајдат сите љубители на животните

    Кога луѓето правилно го користат своето право за владеење над животните, тоа може да им донесе многу убави моменти. Многу љубители остваруваат близок контакт со животните, притоа сметајќи ги за дел од нивното семејство. Несомнено е дека животните придонесуваат за подобар, посреќен и поисполнет живот.rnrnrnrnДоколку сте љубители на животните погледнете ги овие неколку цитати коишто дополнително ќе ви ја зголемат желбата да го прегрнете вашето милениче.rn

    „Кучињата зборуваат, но само на оние коишто знаат да слушаат.“ ― Орхан Памук

    rn

    „Животните постојат во светот поради свои причини. Тие не се создадени за луѓето, исто како што црните луѓе не постојат за белите и жените не се створени за мажите.“ ― Алис Вокер

    rnrn

    „Ако да имаш душа значи да бидеш способен да чувствуваш љубов, верност и благодарност, тогаш животните се подобри од многу луѓе“. ― Џејмс Хериот

    rn

    „Можеме да судиме за срцето на човекот по неговото однесување кон животните.“― Емануел Кант

    rnrn

    „Не знам како животните ги разбираат работите, но јасно е дека тие разбираат. Веројатно постои јазик којшто не е составен од зборови и сите на светот го разбираат. Веројатно постои душа скриена во сѐ и таа секогаш може да ѝ зборува на друга душа, без притоа да испушти звук.“ ― Франс Ходсан Бурнет

    rn

    „Нашето совршено друштво никогаш нема помалку од четири нозе.“― Колет

    rn