Сварено кафе ве чека на работната маса во кујната. Барем си замислувате додека сè уште се обидувате да ги одлепите очите. Миризбата ве буди и ви предизвикува пријатно чувство. Станувате од креветот, се протегате и гледате дека шолјата е навистина таму, полуполна со вашиот омилен утрински пијалак, сервирано со едно зрно на рачката. Прекрасно утро, прекрасен гест за добро утро. Направете го тоа за некого…rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1330×980) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Станувате од спиење, а кафето веќе ве чека сварено на работната маса во кујната. Очните капаци полека се борат да го избистрат погледот, миризбата благо допира до вашиот нос. Лесно е да станете, треба само да посегнете по вашата шолја со кафе и да ја шмркнете првата голтка. Убаво е кога некој ќе ви направи кафе од сабајле. Направете го тоа и вие некогаш за блиските во семејството. На здравје!rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Кафето е убаво во секое годишно време и во секој дел од денот. Некои го пијат само наутро, други во текот на целиот ден. Сепак, ќе се сложите дека утринското кафе е некако највкусно, а особено на лето. Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rnrnrn
Ова е серија фотографии сликани на најубавите места на Земјата. Волшебни планински предели, суви пустини и бели зимски утра се само дел од оваа збирка од прекрасни слики кои се благодет за душата. Погледнете ги.rnrnrnrn rnrn
Кафе… уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво. Љубителите на кафето ќе ја сакаат оваа позадина на нивниот десктоп.rnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно е никогаш да не заборавате да уживате во него. Ги имате состојките, направете си кафе по мерак.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп. rn
———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
За многумина, кога ќе започне денот со кафе, некако наеднаш сè е во ред. Секако, може да се изнервираме, да се налутиме некому, некој да ни се налути нас… иако веројатно и многу пати ќе се насмееме на нечија шега, ќе се почувствуваме исполнето кога ќе завршиме некоја задача со успех, ќе ни пролетаат пеперутки во стомакот штом го/ја видиме оној/онаа што ни се допаѓа. За сè има шанса во текот на еден ден. Обидете се да не мислите на ништо додека ги шмркате првите голтки од утринското кафе. Ова време е само за вас.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×960) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп. rn
———————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Кафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате додека го пиете вашето омилено утринско кафе.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1280) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ако сте од оние кои не пијат кафе за да се расонат наутро или пак воопшто не го конзумираат, најпрво прочитајте неколку занимливости за кафето и кофеинот. А, ако пак сте со ентузијастички дух и сакате утрото да го почнете малку поинаку, еве неколку начини како да се расоните без кафе:rn
1. Свежо исцеден сок
rn…и не само од портокал. Во соковникот ставете моркови, лимони, грејпфрут, јаболка, киви, јагоди…rn.rn
2. Убаво истријте го грбот додека се туширате наутро
rnСо помош на четка за триење со долга рачка, убаво истријте го грбот. Тоа ќе ви ја зголеми циркулацијата.rn.rn
3. Стимулирајте го мозокот
rnМожеби ви се чини по малку чудо уште наутро да почнете да решавате крстозборки или судоку, ама тоа може да ве расони.rn.rn
4. Ладен туш
rn…само неколку секунди. Тој ќе ве освести во истиот момент.rn.rn
5. Насмевнете му се на Сонцето
rnКога ќе излезете од дома, не ставајте ги веднаш очилата за сонце, туку погледнете му на Сонцето директно во очи. Сончевите зраци веднаш ќе го раздрмаат вашиот внатрешен часовник за будење.rn.rn
6. Потсетете се на вежбите од часовите по физичко
rnСе сеќавате на вежбите кои ги правевме секој час на часовите по физичко за да се размрдаме? Сетете се на една и повторете ја десет пати.rn.rn
7. Средете си го бирото
rnСамо неколку минути поминати во разместување на предметите во работниот простор, ќе ви го освежи умот и ќе ве направи да се почувствувате задоволно.rn.rn
8. Добро познатите 8 часа посветени на сонот
rnПонекогаш успева, понекогаш не. Во секој случај, не занемарувајте ги часовите предвидени за цврстиот сон кој треба да трае 8 часа.rnrnАко ништо од ова не ви успева, не двоумете се и направете си едно големо, млечно и богато утринско кафе.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук
Има нешто во пената од кафе… нешто што моментно ни ги буди сетилата, не стрви за следната голтка, не прави задоволни кога ќе ја шмркнеме. Утринското кафе е најслатко затоа што е првото кое го вкусуваме. Па, ако првата работа која ја правите наутро е вклучување на вашиот компјутер, оваа позадина, ќе ви го надополни уживањето.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×1024) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.