КАФЕ ПАУЗА

Tag: утро

  • Победете ја дремката без да пиете многу кафе

    Победете ја дремката без да пиете многу кафе

    За многу луѓе кафето е единственото нешто кое може да ги освести кога им недостигаат неколку часа квалитетен сон. За да не се налевате непотребно со кафе во текот на целиот работен ден, прочитајте ги алтернативните начини кои ќе ви помогнат да останете будни.Победете ја дремката без да пиете многу кафеrn

    Ладна вода

    rnМиењето со ладна вода или пиењето чаша ладна вода, е еден од најдобрите начини да се освестите наутро.rn
    rn

    Едноставни утрински вежби

    rnКога многу ви се спие, скокнете неколку пати во место за да го забрзате протокот на крв и за да го покачите нивото на вашата енергија.rn
    rn

    Гума за џвакање

    rnЏвакајте гума за џвакање без шеќер. Движењето на мускулите на лицето предизвикано од џвакањето, ќе го избрка уморот кој го чувствувате. Најмногу се препорачуваат мастики со освежувачки вкус, како на пример пеперминт, лимон и слично.rn
    rn

    Насмевка

    rnСмеењето доволно го стимулира вашиот мозок и го тера да се разбуди.rn
    rn

    Музика

    rnСлушањето музика со брз ритам кога многу ви се спие, исто така ќе ви го разбуди мозокот.rn
    rn

    Светлина

    rnАко можете, прошетајте се малку на сончева светлина. Она што го рекле старите не е лага, сонцето навистина дава енергија. Доколку не можете да излезете надвор, максимално осветлете ја просторијата во која седите. Запалете го светлото и тргнете ја завесата, бидејќи ако седите во мрак ќе се чувствувате поспано.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Утринска прошетка на умот

    Утринска прошетка на умот

    Викендот помина и повторно нѐ очекува уште една напорна работна недела. Наместо да очајувате и со нетрпение да го чекате следниот викенд, започнете ја со свежина оваа работна седмица, набљудувајќи ги овие фасцинантни пејзажни фотографии, кои ќе ви го ослободат умот од грижи. Утринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотЗа љубителите на добрата фотографија каква што е оваа, можеби овие магични уметнички дела ќе ги инспирираат да го избришат фотоапаратот од насобраната прашина и да тргнат во потрага по нешто уште поубаво од ова. Имајте пријатна работна недела, драги кафепаузаџии. 🙂Утринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали треба да се пие кафе наутро?

    Дали треба да се пие кафе наутро?

    Со сонливи очи, полубудни, сè уште во пижами го подготвувате вашето утринско кафе. Дали ви е познат овој утрински ритуал? Сигурно! Колку пати само сте слушнале или пак самите сте кажале, дека едноставно денот не ви почнува без шолја кафе. Ако ви е потребна таа доза кафе наутро за да се активирате, тогаш спаѓате во огромна група луѓе кои денот го почнуваат со енергетската бомба – кафето.Дали треба да се пие кафе наутро?Според истражувањата направени на отсекот за психологија на Универзитетот Колумбија, луѓето кои по природа се вредни и мотивирани, ќе функционираат полошо доколку се напијат кафе наутро, додека оние кои се помрзеливи ќе добијат позитивен ефект од него.rn
    rn

    „Секој ден милиони луѓе користат кафе да се расонат и да бидат концентрирани, од возачи до студенти. Нашите истражувања покажуваат дека кафето како стимуланс наутро дефинитивно има одличен ефект кај луѓето и нивната продуктивност во утринските часови“ – потенцира Џеј Хоскинг, магистер по психологија од Универзитетот Колумбија.

    rnСпоред истражувањето на Нестле и брендот Нескафе спроведено од „ГФК Скопје“, македонските кафеџии кафето го консумираат најмногу поради социјализација, но голем е процентот и на утрински кафе-пијачи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #67

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #67

    rn

    „Ги оркестрирам моите утра во согласност со мелодијата на кафето.“ – Хари Матар

    rnКафе-позадина за вашиот десктоп #67
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Утринска гозба

    Утринска гозба

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnКако резултат на различните традиции, навики, култури, постојат различни видови појадоци. Во некои земји тие се богати со разновидни јадења, додека во други појадокот е едноставен и претставува само премин до главното јадење. Запознајте се со најпопуларните појадоци во светот.rn
    rn

    Англиски појадок

    rnЕден од најпознатите и со сигурност најобилните појадоци во светот е токму англискиот. Порцијата обично содржи јајца, сланина, колбаси, грав, печурки и парче тост. Англичаните најмногу уживаат да појадуваат со шолја црн чај.Утринска гозбаrn

    Полски појадок

    rnПолскиот појадок е познат како „јајечница“. Се подготвува од изматени пржени јајца и парчиња полска колбаса, која е ставена одозгора. Обично се служи со 2 палачинки од домати.Утринска гозбаrn

    Појадок во Шпанија

    rnЗа разлика од англискиот и полскиот, шпанскиот појадок е далеку поскромен. Познат како Пан ала Каталана, овој појадок е доста вкусен и се подготвува мошне брзо. На парчиња леб се мачка свеж лук и одозгора се нанесуваат зрели домати. Се попрскува со малку сол и маслинов зејтин. Овој појадок може да се збогати со сирење, шунка или колбаси.Утринска гозбаrn

    Хавајски појадок

    rnПоради тоа што Хаваи изобилува со овошје, овој појадок задолжително содржи некое овошно парче. Како додаток, хавајскиот појадок може да се сервира со ѓеврек.Утринска гозбаrn

    Појадок во Италија

    rnИталијанците имаат прилично едноставен појадок. Кроасан со капучино е сосем доволно да ги засити до главниот оброк, во кој со сигурност пицата ќе доминира.Утринска гозбаrn

    Појадок во Тајланд

    rnВо Тајланд, појадокот не се разликува многу од ручекот и вечерата. Се состои од зачинета риба, слатко-зачинето пилешко месо сервирано со ориз. Овој појадок има одличен вкус и е многу здрав.Утринска гозбаrn

    Руски појадок

    rn„Олади“ е јадење кое можете да го пробате во Русија како појадок. Овој појадок е сличен на палачинки кои се меки внатре, а однадвор крцкави. Најдобро се комбинираат со мед, џем, павлака и свежи бобинки.Утринска гозбаrn

    Појадок во Јапонија

    rnПопуларен појадок во Јапонија е „тофу“ сирењето. Обично се служи со ориз и риба. Соја сосот е задолжителен додаток кој го збогатува вкусот на ова јадење.Утринска гозбаrn

    Унгарски појадок

    rnПогачата е традиционален унгарски појадок. Толку е популарна што во нејзина чест преку целата година се организираат фестивали во различни делови на Украина. Рецептите за погачата се разликуваат зависно од тоа во кој регион се подготвуваат.Утринска гозбаrn

    Појадок во Турција

    rnПојадокот во Турција е составен од различни видови јадења и е доста обемен. Обично, за појадок ќе добиете неколку видови сирења, путер, маслинки, јајца, домати, краставички, мармалад, мед и зачинето месо.Утринска гозбаrn

    Македонски појадок

    rnМакедонците се познати по тоа што денот го започнуваат со кафе, кое е најчесто турско. Откако ќе се расонат, појадуваат месени јадења како ѓеврек, банички, лиснато тесто и ги комбинираат со чаша јогурт. Сепак, најпознато и најомилено јадење за појадок е бурекот, кој може да се најде во различни варијанти – бурек со месо, бурек со сирење, бурек со спанаќ.Утринска гозба
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лек против мамурлак

    Лек против мамурлак

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnБрена Хајсом е „виновна“ за ефикасната формула што лечи мамурлак. После бројни обиди за справување со последиците од долгите, бурни и непреспани ноќи, конечно  дошла до ефикасен рецепт кој делува за само 15 минути. Открила  дека мамурлакот може да исчезне со точно 500 милиграми аспирин, 60 милиграми кофеин и антацид, кој го стабилизира вознемирениот стомак.Жена пронашла лек против мамурлакХајсом не е научник, ниту пак е дел од здравството, туку е поранешна финансиерка која мака мачела со мамурните утра. Комбинациите од лекови, чаеви и што уште не, кои ги пробувала исклучиво на себе, воопшто не ѝ помагале. Нејзиниот благодетен изум сега е патентиран како „Blowfish“ и може да се најде во аптеките во САД. Една доза од лекот чини околу три долари. Тој е признаен од  американската Агенција за храна и лекови (ФДА) и наредната година најверојатно ќе се појави и на европскиот пазар.Жена пронашла лек против мамурлак
    rn

    Едно особено брутално утро на кое му претходеше исклучително добра ноќ, почнав да размислувам за тоа дека мора да има начин и утрата да станат толку добри и долги, исто како и ноќите. Навечер пиев хербални лекови кои не ми го решаваа проблемот. Затоа започнав да трагам по нешто што навистина ќе функционира и што ќе може да се конзумира наутро, после пиење алкохол. Открив комбинација која брзо делува ѝ ја споделив со пријателите“,  вели таа.

    rn

    Многу луѓе се срамат од мамурлакот. Јас мислам дека тој е дел од животот, но дефинитивно со ова не ги охрабрувам луѓето да пијат прекумерно, без разлика што слоганот на производот е ‘Биди сопственик на ноќта, спаси го денот’“, додава Хајсом.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Трагите во снегот

    Трагите во снегот

    Ги паметиш ли нашите прошетки по ланскиот снег? Насмевките и среќата кои тој ги пробуди во нас? Ветувањата дека ќе си останеме верни еден на друг и во топли прегратки ќе го дочекуваме секое ново зимско утро? А во твојата прегратка јас наоѓав сè, сè што ми беше потребно, топлина, заштита, неизмерна среќа…rnrnОдејќи по снегот ги остававме нашите стапки, како доказ дека сме биле тука, сме оставиле некаков белег, некаква трага, а јас секогаш се лутев што твоето ангелче во снегот беше поголемо и поубаво од моето.rnrnТрагите во снеготrnrnГи памтиш ли снежните утра кои ги дочекувавме во топлина, се вкусно кафе и насмевки на лицата, а утрата беа толку бели, изгледаа така смирено и невино. А јас, јас бев сигурна дека што и да се случи, смиреноста ќе ја пронајдам со тебе. Колку и да беше бурно попладнето, твојот лик на крајот од денот ми носеше мир. Снегот се стопи, нашите траги во него исчезнаа, останаа само влажните улици, а без тебе тие се некако ладни и мрачни…Но не грижи се, среќата пак ќе најде пат до двајцата нас, само што нема да ја делиме истата.rnrnСега смирено на мојот прозорец го чекам првиот снег од новата зима, подготвена сум за него. И не се плашам, јас сум храбра девојка, можам и сама да чекорам по снегот, да ги оставам моите траги во него, моите стапки, и оваа година како дете да му се израдувам на снежно-белиот убавец. А новата љубов… ќе се случи, дали ќе ја донесе новиот снег, или пак, пролетното сонце, не е ни важно, важно ќе се случи, а во меѓувреме, со сета моја среќа, со сите мои насмевки и сета моја надеж, ќе уживам во белите утра, зашто се прекрасни!

  • 8 ефективни совети како да го започнете денот

    8 ефективни совети како да го започнете денот

    Автори: Кристина Шумадиева и Виктор МилевскиrnrnСекој има своја рутина како го започнува денот. Утрото е многу важен период, бидејќи како тоа ќе ви започне, најверојатно така ќе ви се одвива цел ден. Најголем процент од луѓето утрото го започнуваат со шолја кафе и ситен појадок, а потоа започнуваат веднаш да се припремаат за на работа, предавање, за пазарење и слично. Ова се неколку предлози на активности кои можете да ги направите штом ќе се разбудите, а кои можат да ви помогнат денот да го започнете во подобро расположение и со повеќе енергија.8 ефективни совети како да го започнете денотrn

    1. Ослободете се од лошиот звук на алармот

    rnВеројатно не постои нешто полошо од вознемирувачкиот звук на алармот. Можеби гласниот звук е ефективен при будењето, но сигурно не е пријатен. Наместо тоа ставете да ви ѕвони некоја пријатна песна, класична музика, а добра солуција се дури и звуци од птици.8 ефективни совети како да го започнете денотrn

    2. Појдете на кратка прошетка или на џогирање

    rnМожеби во нашата земја ова не се практикува многу, но сепак тоа е одличен начин да се започне денот. Тоа е одлична рутина која би можела да ви го промени текот на целиот ден, бидејќи може да бидете поенергични. Па затоа доколку имате време направете некоја вежба, повозете со се велосипед, појдете до најблискиот базен, теретана и слично и започнете го денот со некоја активност.rn. rn

    3. Брз туш

    rnПовеќето луѓе практикуваат туширање навечер, за да заштедат време наутро и да се заштитат од ладното време во одреден период од годината. Сепак, можеби треба да пробате денот да го започнете со еден брз туш. Ќе се изненадите колку енергија може да внесе во вашиот ден. Ако ништо друго, со сигурност убаво ќе се расоните и ќе бидете свежи за новиот ден.8 ефективни совети како да го започнете денотrn

    4. Избегнувајте вести

    rnНаутро гледајте да ги избегнете вестите. Информирајте се за времето, состојбата на патиштата и за некои културни случувања во вашето опкружување. Со сигурност не сакате денот да ви започне со тешки политики, црна хроника или пак лоши вести од економијата.rn. rn

    5. Направете листа на задачи

    rnКои работи морате да ги завршите до утре? Имате планови за задутре? Што треба да сработите денес? Ако сфатите дека не сте продуктивни онолку колку што сакате да бидете, обидете се секое утро да правите листа со обврските кои морате да ги завршите до крајот на денот. Бидете разумни додека ја пишувате листата! Секако дека не можете да завршите сто работи во денот, но можете десетина.rn.rn

    6. Започнете го и завршете го денот со бакнеж

    rnНема ништо поубаво од започнување на вашиот ден со бакнеж. Ако живеете со партнерот/брачниот другар, бакнете го пред секое излегување од дома и дочекајте го со бакнеж кога ќе го видите попладне. Ако живеете со вашите родители бакнете ги в чело пред да излезете од дома. Ако имате деца/милениче, бакнете ги нив. Нели е прекрасно на почетокот и крајот од секој ден да знаете дека има некој во вашиот живот кој безрезервно ве сака? Тоа на некој начин, ја дава смислата на нашето постоење.8 ефективни совети како да го започнете денотrn

    7. Немојте да заборавите да појадувате

    rnСигурно мајка ви секогаш ви кажува дека доручекот е најважниот оброк во денот. Не избегнувајте го, без разлика колку и да брзате за на факултет/работа. Секогаш имајте корнфлекс, мусли или овошје во кујната за да можете барем набрзина да каснете ако немате многу време наутро, но немојте да го прескокнувате овој оброк, бидејќи потребен им е на вашето тело и мозок.8 ефективни совети како да го започнете денотrn

    8. Пронајдете инспирација

    rnСи велите: „Во ред. Доручкував, се истуширав, ги исполнив денешните обврски, ги бакнав најблиските и сега што да правам?“ Одговорот е дека најверојатно ви треба малку инспирација во денот. Размислете што треба да сторите за да имате нешто што ќе ве турка низ денот и ќе ви даде доволно мотивација за наредниот? Дали е тоа некоја добра книга која одамна се спремате да ја купите или пак некоја ТВ серија која секогаш ја заспивате или пак можеби сакате да отидете на кафе со слаткото момче/девојка кој/а неодамна го/ја запознавте на автобуската станица?rnrnНаоѓајте некоја мала инспирација секој ден и ќе бидете изненадени колку пријатно ќе ви биде вашето секојдневие и со задоволство ќе станувате кога ќе ви заѕвони алармот наутро.rnrnКои работи се дел од вашата утринска рутина? Што е она кое ве турка низ напорниот ден?rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #55

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #55

    rn

    „Не пијте кафе наутро. Ќе ве држи будни само до пладне.“ – анонимен цитат

    rn

    rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #55
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #54

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #54

    Ако мразите понеделник наутро, барем уживајте во првата шолја кафе. Тоа ќе му даде тек на целиот ден и смисла на целата седмица што следува.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #54
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.