КАФЕ ПАУЗА

Tag: успешни

  • Нивниот збор мора да е последен: Дознајте кои хороскопски знаци секогаш ги добиваат битките

    Нивниот збор мора да е последен: Дознајте кои хороскопски знаци секогаш ги добиваат битките

    Сите сакаат да бидат успешни, моќни, славни, силни и популарни. Но, понекогаш успехот е предодреден од страна на ѕвездите. Иако сите хороскопски знаци имаат предиспозиции да станат успешни, 3 од нив буквално секогаш ги добиваат битките, бидејќи никогаш не се откажуваат од своите соништа. Во продолжение дознајте кои се тие…rnrnНивниот збор мора да е последен: Дознајте кои хороскопски знаци секогаш ги добиваат биткитеrn

    Овен – роден лидер

    rnОвенот е многу храбар хороскопски знак. Ретко кој го поседува неговиот ентузијазам и одлучност. Тој секогаш ги завршува работите до крај. Овните поседуваа неверојатна харизма што им помага да бидат бестрашни и непобедливи. Овните секогаш преземаат иницијатива и се движат напред, без да се свртат назад. Токму затоа, Овните најчесто стануваат лидери, шефови и директори кои никогаш не мируваат. Тие секогаш ги исполнуваат своите ветувања, но истото го очекуваат и од нивните соработници. Најмногу мразат предавства, лаги и малодушност.rnrnПрипадниците на овој знак се добри хирурзи, градежни инженери, војници, војсководци, глумци и комичари, како што е Чарли Чаплин, на пример. Овните се исто така многу добри љубовници. Доколку се најдете во близина на овој знак, нема да имате простор за забушавање. Подгответе се за напорна работа, бидејќи единствено така ќе можете да победите и да оставите добар впечаток пред вашите претпоставени.rnrnНивниот збор мора да е последен: Дознајте кои хороскопски знаци секогаш ги добиваат биткитеrn

    Стрелец – оптимист, аристократ

    rnСо овој знак владее планетата Јупитер која претставува моќ, успех, уживање и среќа. Стрелецот е знак на веселбата и егзотиката. Тој сака храна, пиење, патувања, музика, се бори против неправдите и го цени пријателството. Неговиот дух е млад, а надворешниот изглед е убав и спортски граден. Стрелецот ги обожува благородните спортови, како што е тенисот. Припадниците на овој знак се префинети аристократи, а понекогаш и бунтовници, кои ја почитуваат традицијата, но сепак одат по својот пат. Стрелците би биле добри свештеници, астролози и пророци.rnrnНе е лесно да се соработува со Стрелците, бидејќи знаат да бидат многу строги и напорни. Тие честопати ги казнуваат своите работници, но тоа е повеќе непријатно одошто е трагично. За овие родени хедонисти нема поголема казна од тоа да останат без уживање и пари. Имаат големи животни апетити, кои на крајот успеваат да ги остварат. Претставници на овој знак се големите музички легенди Френк Синатра и Тина Тарнер, чиј постигнат успех сѐ уште трае. Не заборавајте дека вратите им се отвораат на луѓето кои веруваат во себе.rn

    Јарец – деспот, владетел, авторитет

    rnЈарецот се смета за еден од највлијателните знаци во зодијакот. Овој хороскопски знак е многу дисциплиниран, моќен и успешен. Јарците не се плашат од стрес и загуба, бидејќи тие знаат дека им е судено да бидат авторитети. Нивниот пат не е воопшто лесен, но доколку ги следат знаците на универзумот, ќе можат да станат неверојатни луѓе.rnrnЈарците се успешни доктори, хемичари, биолози, адвокати, астрономи, банкари, трговци со недвижнини и пејачи. Еден од најсилните претставници на овој знак е музичката легенда Елвис Присли. Тој е еден од ретките Јарци кој му дозволил на хедонизмот да завладее со неговата дисциплинираност и да го уништи.rnrnВо продолжение, дознајте кои се најуспешните хороскопски знаци.

  • Хороскопскиот знак ви открива со само неколку зборови што треба да направите за да бидете успешни

    Хороскопскиот знак ви открива со само неколку зборови што треба да направите за да бидете успешни

    Секој си поставува различни цели кои настојува да ги оствари. Успехот зависи од вашата посветеност, истрајност, труд и работа. Добрите совети се секогаш добредојдени, па, погледнете што може да ви открие хороскопскиот знак за да бидете успешни оваа година.rnrnХороскопскиот знак ви открива што треба да направите за да бидете успешни во 2017-та годинаrn

    Овен

    rnЦелосно посветете се на вашите одлуки.rn

    Бик

    rnНе обидувајте се да ги контролирате другите.rn

    Близнаци

    rnВо ред е да побарате помош.rn

    Рак

    rnПрифатете дека промените се неопходни.rn

    Лав

    rnБидете поподготвени да слушате.rn

    Девица

    rnПрифатете дека совршенството е невозможно.rnrnХороскопскиот знак ви открива што треба да направите за да бидете успешни во 2017-та годинаrn

    Вага

    rnОбрнете внимание на вашата интуиција.rn

    Скорпија

    rnБидете флексибилни со туѓите идеи.rn

    Стрелец

    rnИмајте повеќе доверба во своите инстинкти.rn

    Јарец

    rnПовеќе верувајте си себеси.rn

    Водолија

    rnБидете подготвени за големите цели.rn

    Риби

    rnДржете се одлучно за своите верувања.

  • 5 начини на кои можете да ги поттикнете вашите ќерки да станат успешни во животот

    5 начини на кои можете да ги поттикнете вашите ќерки да станат успешни во животот

    Најголем пример за децата се нивните родители. Уште од мали нозе тие учат како да се однесуваат, што е во ред, а што не. Затоа, со причина се вели дека улогата на родител е нешто што бара големо внимание и посветеност. Па, што се однесува до воспитувањето на вашите ќерки, овде ви прикажуваме неколку начини на кои можете да ги поттикнете тие да станат постабилни, поуспешни и позадоволни жени. Еве за што станува збор.rnrn5 начини на кои можете да ги поттикнете вашите ќерки да станат поуспешни во живототrn

    1. Дајте им комплимент кој не се однесува на нивниот изглед

    rnСекогаш е добро девојчињата да слушнат дека изгледаат прекрасно и дека новата облека им прилега одлично. Но, тие треба исто така да научат дека има поважни работи од физичкиот изглед. Така, наместо тоа, можете да ги пофалите дека имаат добри вештини за цртање, пишување, танцување и слично.rn

    2. Не настојувајте тие да прегрнуваат кој било

    rnНа срамежливите и претпазливи девојчиња, прегратките не им се омилени. Зошто да ги доведувате во непријатна ситуација, барајќи од нив да прегрнат некој кој речиси и не го познаваат? Наместо тоа, како знак на внимание и учтивост, научете ги како да се поздравуваат со рацете.rn

    3. Дајте им играчки кои имаат поврзаност со математиката и науката

    rnПокрај омилените детски играчки, дајте ѝ на вашата ќерка и играчки кои се поврзани со логика, при што понатаму поголема ќе биде веројатноста да покаже заинтересираност за овие предмети.rnrn5 начини на кои можете да ги поттикнете вашите ќерки да станат поуспешни во живототrn

    4. Зборувајте им за пари

    rnКога станува збор за платите, пензиите и општата финансиска удобност, жените сѐ уште заостануваат зад нивните машки колеги. Еден начин да се борите против ова е да ја заинтересирате вашата ќерка за парите и нивната вредност. На пример, можете да ѝ давате одредена минимална неделна сума пари и да ја охрабрувате да штеди за понатаму да купи нешто што таа го сака. Исто така во семејството отворено зборувајте за штедењето и навиките за трошење.rn

    5. Покажете им колку ја сакате вашата работа

    rnПоголема е веројатноста ќерките да имаат добра работна позиција, ако имаат мајки кои работат. Но, на вас како родител ви останува да ѝ покажете на вашата ќерка колку може да биде значајна кариерата. Зборувајте ѝ за случувањата, а доколку сте во можност, однесете ја да го посети вашето работно место. Бидете жената во која сакате да израсне вашата ќерка.

  • 5 емоции кои ги немаат успешните претприемачи

    5 емоции кои ги немаат успешните претприемачи

    Една од карактеристиките на успешните претприемачи е што тие создаваат вредност гледајќи решенија онаму каде што другите не гледаат ништо. Успешните претприемачи имаат способност да пронајдат решенија за сите проблеми коишто им се испречуваат на патот. Познато е дека емоциите може да бидат поттик, но од друга страна тие може да бидат и голем демотиватор. Клучот на успехот е да ги задржите оние чувства коишто ви даваат сила, а да ги отфрлите оние коишто ви оневозможуваат да напредувате. Еве пет емоции коишто не се дел од личноста на успешните претприемачи.rnrnrn

    1. Љубомора

    rnПретприемачите не се љубоморни. Тие гледаат на успехот на своите колеги како на резултат од напорна работа. Паметните ќе забележат што ги прави успешни тие луѓе, дали тоа е пазарот, производот, начинот на рекламирање и слично, па ќе се обидат да искористат нешто од тоа. Наспроти ова, луѓето коишто се љубоморни на другите, всушност признаваат дека никогаш нема да бидат успешни како нив. Тоа покажува голема несигурност, при што тие личности се спречени подобро да ја вршат работата. Запаметете, доколку можете да бидете вистински среќни за некој којшто е успешен, вие можете за еден чекор да го доближите успехот и до себе.rn

    2. Очај

    rnЗборот очај може да се дефинира како „целосно губење или отсуство на надеж“. Успешните претприемачи не ја губат надежта, затоа што знаат дека без надеж, не постои ниту можност. Но, ова не значи дека и претприемачите понекогаш не се обесхрабруваат, зашто сепак и тие се луѓе. Но, она што ги карактеризира нив е тоа што нивната надеж никогаш не исчезнува комплетно. Без разлика што и да им се случи, тие секогаш успеваат да застанат на нозе, ако не веднаш, малку подоцна, но барем не се предаваат!rn

    3. Апатија

    rnАпатијата во основа значи воопшто да не се грижите за нешто. Тоа значи дека без разлика што се случува, дали добро или лошо, вие не сте емоционални околу тоа. Ова може да биде добра работа за претприемачите. Доколку не се грижат за резултатите, тие би можеле да се фокусираат на позначајни работи. Но, од друга страна апатијата може да биде уништувачка емоција затоа што тоа може да ја потроши енергијата и страста.rnrnrn

    4. Разочарување

    rnРазочарувањето е често присутна емоција. Луѓето се разочаруваат од многу работи, на пример од други луѓе, од ситуациите врз коишто не може да влијаат, па и од самите себе. И претприемачите понекогаш чувствуваат одредено разочарување, но што е она што ги разликува од другите? Претприемачите го претвораат разочарувањето во нова можност за раст. На пример, тие ги согледуваат работите коишто ги разочаруваат, па не ја трошат енергијата на нив. Успешните претприемачи ја отфрлаат оваа емоција со цел да бидат поефикасни.rn

    5. Грижа

    rnПретприемачите, во споредба со останатите, имаат двојно повеќе работи за коишто треба да се грижат. Тие имаат повеќе обврски коишто ги исцрпуваат, како физички, така и психички. Но, успешните менаџери сфаќаат дека грижењето може само да им наштети. Тие знаат дека тоа само им ја одзема енергијата којашто треба да ја насочат на попродуктивни работи.rnrnЗапаметете дека грижењето не ги намалува шансите да се случат лоши работи. Па, тогаш зошто да се грижите?

  • Од модните писти директно на големото платно: 20 манекенки кои станаа успешни актерки

    Од модните писти директно на големото платно: 20 манекенки кои станаа успешни актерки

    Еве краток преглед на светски познатите убавици кои ја заменија модната писта со филмското платно, почнувајќи од Моника Белучи, Клаудија Шифер, Мила Јовович и Жизел, па сè до Наоми Кембл. Погледнете ја листата на супер талентираните, убави и успешни познати жени.rn

    1. Енди Мекдауел

    rnЕнди МекдауелrnrnОткако се појави во „Вог“ и во рекламите на Келвин Клајн и Ив Сен Лоран, Енди почнавме да ја гледаме и на големото платно, најпрво во филмот „St. Elmo’s Fire“ (1985).rn

    2. Елизабет Харли

    rnЕлизабет ХарлиrnrnМузата на Ести Луадер и моделот на сопствената модна линија, за првпат се појавува во филмот „Austin Powers: International Man of Mystery“ (1997), а потоа следуваат и други. Таа исто така е и дел од популарните серии „Gossip Girl“ и „The Royals“.rn

    3. Моника Белучи

    rnМоника БелучиrnrnМузата на Долче и Габана се појави во францускиот „Elle“ и беше главен лик во кампањата на Диор. На големото платно најпрво се појави во филмот „Malena“ (2000), а во поново време ја видовме во филмот „Spectre“ (2015).rn

    4. Сибил Шепард

    rnСибил ШепардrnrnОткако се појави на насловните на „Гламур“ и „Вог“, најпрво ја видовме во филмот „The Last Picture Show“ (1971). Нејзината актерска кариера продолжи со неколку познати филмови и серии.rn

    5. Ванеса Вилијамс

    rnВанеса ВилијамсrnrnОткако стана Мис Америка во 1984, глумеше во филмовите и сериите: „Harley Davidson and the Marlboro Man“, „Soul Food“, „Ugly Betty“, „Desperate Housewives“ и „Temptation: Confessions of a Marriage Counselor“.rn

    6. Шалом Харлоу

    rnШалом ХарлоуrnrnТаа се појави во многу списанија, беше одбрана за прва победничка на „Вог“ од VH1 наградите за модел на годината. Се појави во филмовите: „In & Out“, „Vanilla Sky“, „Melinda and Melinda“ и „Alvin and the Chipmunks“.rn

    7. Клаудија Шифер

    rnКлаудија ШиферrnrnТаа беше модел на „Гес“ и се појави на околу 700 насловни страници на различни списанија. Глуми во филмовите: „Black & White“, „Friend and Lovers“, „Desperate but Not Serious“, „Zoolander“ и „Love, Actually“.rn

    8. Мила Јовович

    rnМила ЈововичrnrnТаа се појави на насловните страници на „Вог“ и „Гламур“, а имаше улоги во кампањите на „Банана Републик“, „Дона Каран“ и „Версаче“. Глуми во филмовите „The Fifth Element“, „Zoolander“, „Resident Evil“, „The Fourth Kind“, „Resident Evil: Afterlife“, „The Three Musketeers“ и „Survivor“.rn

    9. Камерон Диаз

    rnКамерон ДиазrnrnОткако некое време беше модел во текот на нејзините тинејџерски години, во 1994 се појавува во филмот „Mask“, а потоа и во „There’s Something About Mary“, „Being John Malkovich“, „Charlie’s Angels“, „Bad Teacher“, „Sex Tape“, „The Counselor“ и во „Annie“.rn

    10. Жизел Бундхен

    rnЖизел БундхенrnrnСе прослави во шоуто на „Викторија Сикрет“. Беше модел и за „Вог“, „Ел“, „Алур“, „Харперс Базар“. Подоцна се појавува во филмовите „Taxi“, „The Devil Wears Prada“ и „Coracao Vagabundo“.rnrnПогледнете ги и останатите 10 на следната страница…rn

  • Учете од најдобрите: 6 нешта кои успешните жени никогаш не ги кажуваат

    Учете од најдобрите: 6 нешта кои успешните жени никогаш не ги кажуваат

    Успешните, паметни и силни жени се секогаш еден чекор пред останатите. Тие знаат многу мали трикови за успех со кои секојдневно се служат. Дел од овие трикови се и следниве нешта кои тие никогаш не би ги ни помислиле, па токму затоа тие и се толку успешни.rnrnУчете од најдобрите: 6 нешта кои успешните жени никогаш не ги кажуваатrn

    „Не знам како!“

    rnПостои теорија дека паметните и успешни жени се оние кои се најснаодливи. И тоа е точно. Тие не секогаш знаат како нешто да направат, особено ако станува збор за нешто ново, но тие никогаш не се откажуваат и набрзо сфаќаат како. Тие цело време ги набљудуваат колегите, барајќи начини на кои тие се справуваат со одредени нешта, постојано поставуваат прашања и детално ја истражуваат целата работа. Токму на овој начин и успеваат во својата намера. Сите ние можеме да научиме како нешто се прави, само треба да се потрудиме.rn

    „Немам време!“

    rnСите луѓе на оваа планета имаат 24 часа во денот, па гледајќи ги успешните, лесно можете да заклучите дека и вие имате време. Проблемот лежи во одредувањето приоритети и организирањето на тие 24 часа. Доколку кажете дека немате време за нешто, со други зборови вие кажувате дека не сакате да го направите тоа. Токму затоа обидете се да го организирате вашето време и секогаш да бидете директна. На пример, кажете си дека можете да го преземете тој проект, но дека ќе ви биде потребно повеќе време да го завршите. Или пак објаснете дека моментално работите нешто друго, па некој од вашите послободни колеги би можеле подобро да ја завршат таа работа.rn

    „Да!“

    rnМожеби ќе ви звучи контрадикторно, но постои уметност која се крие во изговарањето на зборот „не“. Вие едноставно не можете секогаш да бидете слободни за сите нешта и сите луѓе. Вие не можете да присуствувате на секој состанок, настан или конференција на која сте повикани. Успешните жени успешно владеат со оваа способност, бидејќи тие знаат дека понекогаш љубезното „не“ може да им отвори многу повеќе врати. На овој начин вие правите ваш избор и секогаш сте под контрола на ситуацијата. И секако, никогаш не заборавајте да се заблагодарите за понудата откако ќе ја одбиете со цел да избегнете тензија со таа личност во иднина.rn

    „Не сум доволно платена за работата која ја извршувам!“

    rnДа бидеме искрени, реално кој верува дека е доволно платен за тоа што го работи? Успешните жени никогаш не проектираат негативен став, бидејќи тие знаат дека со тек на време, доколку почнат да остваруваат подобри резултати, тие ќе добијат и повеќе пари. Оваа изјава е една од најдеструктивните за вашата мотивација, но исто така и за вашата работа доколку некогаш вашиот шеф ве слушне.rn

    „Тоа не е фер!“

    rnСигурно многу пати сте чуле дека животот не е фер. Успешната жена не го ни очекува тоа. Таа ја насочува целата своја енергија на промените, фокусирајќи се на оние нешта кои може самата да ги направи. Бидете сигурни дека луѓето без размислување ќе газат преку вас, вашиот шеф ќе презема заслуги за вашата работа, а некои од колегите за помалку работа ќе бидат повеќе платени. Успешната жена зазема храбар став и никогаш не троши време на жалење, бидејќи знае дека кога-тогаш ќе ги постигне своите цели.rn

    „Никогаш не земам одмор!“

    rnДоколку мислите дека некој ќе ве награди за тоа или пак, дека повеќе ќе ве цени, тогаш дефинитивно сте во заблуда. Тоа е тотална лудост, бидејќи луѓето едноставно не можат да функционираат без барем едно викенд релаксирање од својата работа. Сте забележале како некои луѓе земаат и по неколку пати одмор во годината? Успешните жени го ставаат своето приватно време на прво место и тие знаат колку е важен одморот. Тој влијае на вашиот сон, сила и креативност. Уморните и незадоволни жени се последните на листата за успех.

  • Како успешните луѓе се справуваат со токсичните личности?

    Како успешните луѓе се справуваат со токсичните личности?

    rnrnМеѓу нашите пријатели, колеги и познаници, неретко има и токсични личности. Тоа се оние кои негативно влијаат на вас и на вашето расположение, секогаш стремејќи се да бидат во центарот на вниманието и да се докажат себеси, оставајќи ги сите други настрана како не толку важни. Иако нивното однесување е речиси неподносливо, овие луѓе се неизбежни, ќе ги сретнете сакале или не. Но, еве како успешните личности правилно се справуваат со токсичните пријатели, познаници или колеги.rnrnКако успешните луѓе се справуваат со токсичните личности?rn

    Тие поставуваат граници

    rnТоксичните луѓе ќе ве вовлечат во нивниот мал и себичен свет, правејќи ве дел од нивните проблеми и ќе направат да ги доживеете како свои. Тие не ни сакаат да најдат решение за „проблемот“ бидејќи така ќе можат подолго да се сожалуваат себеси или да зборуваат за себе. Успешните луѓе се борат со ова така што поставуваат граници. Да, тие ќе ги сослушаат токсичните личности за да не бидат груби и непријателски настроени, но постои граница после која нема да им дозволат да продолжат да ги вовлекуваат во нивниот свет.rn

    Не очекуваат дека таквите луѓе некогаш ќе се променат

    rnТие не ја насочуваат својата енергија пробувајќи да ги променат овие личности, ниту пак очекуваат дека можат да влијаат на нивното размислување. Тие едноставно ги оставаат да бидат такви какви што се, без да си трошат време очекувајќи некој да се промени преку ноќ.rn

    Не се впуштаат во кавга

    rnУспешните личности умешно ги одбираат „битките“ кои ги водат. Обидувајќи се да му докажеш нешто на некој кој е упорно опседнат со себе и своите ставови е како удирање со главата во ѕид. Иако имаат многу аргументи, тие својата енергија ќе ја насочат кон нешто попаметно.rn

    Не дозволуваат други да влијаат на нивната среќа

    rnУспешните личности се господари на сопствената среќа, па така нема да дозволат некој друг да им ја скрати среќата. Туѓите мислења или постапки нема да им го расипат убавиот ден.rn

    Не забораваат

    rnБидејќи секој прави грешки, успешните личности не забораваат како во минатото дозволиле да бидат изманипулирани од токсични луѓе. Поради таа лекција во иднина нема да си дозволат таков непотребен луксуз.rn

    Имаат развиено свој систем на одбрана

    rnБидејќи токсичните личности ги има насекаде, па колку и да сакате да се дистанцирате ќе начекате таков во некоја прилика, успешните луѓе имаат развиено одбранбен систем. Тоа може да биде пренасочување на мислите, игнорирање на личноста и слично, но токму тоа ќе го применат кога повторно ќе се најдат во друштво на таква личност.rn

    Се фокусираат на решението наместо на проблемот

    rnБидејќи токсичните личности упорно го потенцираат својот проблем за да бидат во центарот на вниманието и да направат драма, успешните личности намерно се насочуваат кон решението. Лесно и ненаметливо ќе им го презентираат решението и ќе ја намалат драмата и тензијата за да не останат заробеници на нечија негативност.rn

    Тие се свесни за своите добри страни

    rnСвесни се за своите квалитети, добри но и лоши страни, за своите успеси и за својот живот општо. Тие имаат реална слика за себе и токму затоа остануваат имуни на токсичните луѓе. Што сака нека зборува тој/таа, јас знам кој/а сум.rn

    Никогаш не се поставуваат како жртва

    rnТоксичните личности играат по свои правила, па на вас останува дали ќе се поставите како жртва или не. Може да им се покорите или да се издигнете над нивната негативност и да излезете како победници.rn

    Не осудуваат

    rnСвесни се дека секој има лоши и добри страни. Не сакаат да стекнат навика на осудување, едноставно е, секој нека си го живее животот како што сака. И ним им сметаат токсичните луѓе, но нема да ги слушнете како зборуваат лошо за нив. Успешните луѓе се фокусираат на сочувство, простување, разбирање и почит.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

    20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоа

    Сите имаме периоди во животот кога чувствуваме дека тапкаме во место и дека не го даваме најдоброто од себе. Многу често не сфаќаме колку сме направиле и колку далеку сме стигнале. Доколку токму така се чувствувате во моментов, само размислете дека можеби сте успешни, но не сте свесни за тоа. Ова се 20 знаци дека сте постигнале многу повеќе отколку што мислите.rnrn20 знаци дека сте успешни иако не сте свесни за тоаrn

    1. Не дозволувате платата да ве ограничува и преокупира

    rnМожеби не можете да си ја дозволите најскапата марка часовник во моментов, но барем не се грижите како ќе сврзете крај со крај до следната плата. Знаете дека секогаш може да добивате повеќе и дека во природата на човекот е ништо да не му е доволно, па затоа сте научиле да бидете среќни со она што го имате. Тоа значи дека не само што сте научиле како правилно да ги распоредувате парите за да не влезете во „дупка“, туку и знаете како да бидете задоволни и среќни без постојано да мислите на пари.rn

    2. Не сте опседнати со потребата да се докажете

    rnРетко кога вашите реченици почнуваат со „јас“ и слушате повеќе одошто зборувате. Не чувствувате потреба да се докажете и покажете, едноставно сфаќате дека другите се оние кои треба да ги увидат вашите позитивни страни и вредности. Честитки, бидејќи успешен е токму оној кој нема потреба да се покаже и издигне себеси за да си го нахрани сопственото его.rn

    3. Не драматизирате како порано

    rnЗнаете за неколку минути да се спакувате за викенд надвор од градот, умеете да поднесете доза на несовршенство без да експлодирате од бес и не си ги сфаќате работите толку сериозно. Ако порано драматизиравте за секоја ситница, сега едноставно верувате во себе и знаете дека сè ќе излезе како што треба.rn

    4. Имате план

    rnЕдноставно знаете каде одите, кон што се движите, имате слика за себе по една година и знаете што сакате да остварите. Бидете горди на тоа, бидејќи има многу луѓе кои не знаат што сакаат и кои просто немаат план за себе.rn

    5. Сакате да учите нови работи

    rnПостојано сте жедни за знаење и искуство па ја користите секоја можна шанса. Ништо нема да ве запре и отворени сте на сè што е ново и корисно. Вашата желба за надградување е нескротлива и тоа само по себе е успех.rn

    6. Ранобудници сте

    rnСтанувате рано со нескротлива желба да го освоите претстојниот ден наместо нескротлива мрза да останете во кревет.rn

    7. Често сте социјално активни

    rnМожеби не ви се излегува во секој момент, но многу често сте во интеракција со колеги, пријатели и роднини. Пријателските врски не само што придонесуваат за хармоничен живот, туку ве носат до нови познанства, ги шират вашите видици и ви помагаат да оформите корисни врски за во иднина. Потребните контакти нема да ви затропаат на врата, треба да ги најдете сами.rn

    8. Ги почитувате луѓето

    rnБез потреба да потцените некого за да се издигнете себеси, вие сте доволно исполнети за да ги вреднувате луѓето околу вас и во секого да најдете нешто позитивно.rn

    9. Им помагате на другите

    rnВашата емпатија придонесува за вашиот хуман однос кон луѓето што ве исполнува и ви дава вредност во очите на другите.rn

    10. Водени сте од страста за животот

    rnНе знаете што е меланхолија. Вие како да сте приклучени на струја, едноставно итате кон успеси, знаења и унапредување. Тоа е страста која ја чувствувате за она што го работите и општо за животот.rnrn

  • 10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси

    10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси

    Сите ние сме различно скроени, и сите одвреме-навреме се соочуваме со многу несигурности и сомнежи кога станува збор за нас самите. Факт е дека сме такви какви што сме. Некому ќе му се допаѓаме, некому не. Најважно е да се прифатите самите себе без да чувствувате потреба да промените нешто кај себе, ниту пак да се преоптоварувате со тоа што другите мислат. Ова се 10 прекрасни работи кои ќе ви се случат кога ќе почнете да се прифаќате себеси такви какви што сте.rnrn10 работи кои ќе се случат кога ќе почнете да се прифаќате себесиrn

    1. Ќе ви се отворат нови можности

    rnКога ќе се прифатите себеси ќе станете свесни за своите можности и способности. Ќе знаете во што сте добри и што може да му понудите на светот околу вас. Со самодоверба ќе го правите она во што сте добри, а тоа ќе ви отвори многу нови врати и можности. Само заборавете го поставениот модел – што би требало да бидете и како би требало да размислувате, и едноставно бидете свои. Дајте му ја на светот таа ваша уникатност.rn

    2. Ќе станете свесни за нештата околу вас

    rnМоже нешто цел живот да ви стоело пред нос, но да не сте го забележале бидејќи сте биле премногу зафатени потиснувајќи се себеси. Кога ќе се прифатите себе, ќе почнете светот околу вас да го гледате со поинакви очи, да проникнете во мислите на луѓето, во начинот на кој се однесуваат и размислуваат. Со еден збор ќе имате целосна слика за светот околу вас.rn

    3. Нема да мислите дека сте неуспешни

    rnВистината е дека секој некогаш во животот се почувствувал како цар на неуспехот. Дури и кога ќе земете за пример некоја успешна личност ќе сфатите дека има доживеано неуспех. Прифатете ги и негативните нешта кои ви се случуваат и продолжете со крената глава. Не сè во животот ќе излезе по планираното, едноставно опуштете се и прифатете ја ситуацијата како нешто што секому може да му се случи.rn

    4. Ќе ја прифатите животната фаза во која се наоѓате

    rnДа бидеме искрени, премногу често размислуваме за тоа какви сме биле некогаш и какви треба да бидеме во иднина. Она што забораваме е да се осврнеме кон периодот во кој се наоѓаме моментално. Заборавете на тоа што сте биле или што сакате да бидете, прифатете се себеси онакви какви што сте сега и сфатете дека што и да ви се случува во моментов, е само уште една фаза, нова лекција и животно искуство.rn

    5. Ќе запознавате повеќе луѓе слични на вас

    rnКога ќе се прифатите себеси ќе почнете да минувате време во кругови на луѓе со кои ќе делите слични интереси, ставови и цели. Тоа ќе направи да се чувствувате исполнето, ќе ви помогне да го проширите кругот на пријатели и контакти, да споделите знаење и вештини и да си отворите нови можности за успех.rn

    6. Ќе ги привлекувате вистинските личности

    rnАко се преправате дека сте нешто што не сте, ќе привлекувате сосем погрешни личности во чие друштво ќе се чувствувате потиштено и непријатно во сопствената кожа. Пробајте да бидете свои и ќе видите како за брзо оние кои ви значат исто така ќе ве прифатат какви што сте. Само покажете се себеси во вистинското светло.rn

    7. Ќе престанете да се споредувате себеси со другите

    rnАко постојано се преокупирате споредувајќи се себеси со другите, ќе заборавите да го живеете својот живот. Често знаеме да се споредиме себеси со некој друг, да се запрашаме дали тој/таа живее подобар живот од нас, но вистината е дека никогаш не можеме да знаеме како навистина луѓето се чувствуваат и низ што требало да минат за да стигнат до таму. Затоа бесцелно е да се споредувате себе со другите и да губите скапоцено време. Дајте сè од себе да бидете најдобрата верзија од себеси според условите кои ги имате.rn

    8. Ќе бидете благодарни

    rnЗа почеток ќе престанете да се жалите поради она што го немате и ќе почнете да бидете благодарни за она што го имате.rn

    9. Ќе почнете да живеете богат и исполнет живот

    rnБидејќи ќе престанете да се фокусирате на неважните работи, туку ќе почнете да се фокусирате на она што навистина е важно и ќе почнете да го вреднувате она што е ваше, па добрите чувства само ќе се множат. Така ќе живеете исполнет и богат живот во кој ќе уживате правејќи го она што навистина го сакате и инспирирајќи ги другите да го прават истото.rn

    10. Ќе почнете да се сакате себеси

    rnОва можеби е најтешката лекција која ќе треба да ја научите – негувањето љубов кон самите себе. Кога ќе почнете да се прифаќате, ќе почнете и да се сакате себеси. Нема да го гледате светот како место кое треба да се промени и поправи туку ќе почнете од самите себе. Што вие може да промените и поправите со вашата уникатна способност и знаење?

  • 6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

    6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

    Сите зборуваат како успешните луѓе се ранобудници. Стануваат и го освојуваат светот уште пред другите да го подготват утринското кафе. Но, што прават успешните луѓе пред спиење? Ова се 6 навики на познати успешни личности кои може да ги земете за пример.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

    1. Бил Гејтс: чита еден час

    rnМајкрософт милијардерот, Бил Гејтс, е страстен читател. Секоја ноќ пред спиење, како што ѝ е познато на јавноста, тој се посветува на читање на разна литература. Веќе ни се познати многубројните бенефиции од читањето, меѓу кои се подобрената меморија, редуцирање на стресот, подобрување на когнитивните способности, како и спречување на деменција на постара возраст.rn

    2. Ариjана Хафингтон: целосно се исклучува од светот

    rnОткако се онесвестила поради умор, повредувајќи си ја главата, оваа американска авторка и новинарка, нашла начин како да го добие вистинскиот одмор кој ѝ е потребен. Таа наводно целосно се исклучува од светот, оставајќи го мобилниот во друга соба и посветувајќи си време себеси.rnrnСпоред д-р Чарлс Зајзлер, професор на Харвард, зраците од мобилните го вознемируваат нашето тело и го нарушуваат природниот процес на спиењето, мамејќи ги нашите тела да мислат дека е дење. Светлата од екраните на мобилните се потенцијални виновници за лошиот сон и несоницата.rn

    3. Џоел Гаскоин: оди на прошетка

    rnИзвршниот директор на Buffer, пешачи со брзо темпо непосредно пред легнување. Ова, како што вели тој, го ослободува од негативната енергија, му ги оддалечува мислите од работа и го уморува за подобро да спие.rnrnПрошетката, исто така помага во поттикнување на креативното мислење. Едно истражување покажува дека при прошетка, мозокот е поотворен на слободен тек на идеи. Прошетката со сигурност ќе ви помогне доколку имате некој проблем, ќе ве ослободи од тензијата и бидејќи вашиот мозок не работи жестоко полесно ќе дојдете до креативно решение на проблемот.rn

    4. Опра Винфри: медитира

    rnУспешна и зафатена жена како Опра Винфри, мора да најде начин да се опушти и да се ослободи од стресот кој ѝ го носат работните обврски и тоните информации кои нејзиниот мозок ги апсорбира секој ден. За Опра, медитацијата е вистинската алатка за помош.rnrnМедитацијата го намалува стресот, анксиозноста, депресијата и болката. Доколку медитирањето не е за вас, или просто се коси со вашите верувања, најдете алтернативна форма на опуштање и смирување.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

    5. Вера Ванг: се посветува на креативното размислување

    rnВера Ванг признава дека навечер се посветува на креирањето бидејќи тишината на ноќта е вистински лек за креативната блокада. Она што е изненадувачки е истражувањето кое покажува дека ноќното време е најдобро за креативност дури и ако сте уморни по долгиот ден, со образложение дека поспаниот ум размислува послободно и без притисок. Така, ако сте ранобудници, вашите најдобри идеи ќе ви доаѓаат навечер, кога вашиот мозок ќе прави логични поврзувања кои инаку не би ги направил.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

    6. Кенет Ченоу: го планира наредниот ден

    rnИзвршниот директор на Американ Експрес го сака планирањето, па така го завршува секој ден помислувајќи на трите најважни нешта кои треба да ги постигне наредниот ден. Така наутро може да се разбуди и да се зафати со работа, концентрирајќи се на извршување на примарните и најважни обврски.rnrnЕдно истражување од раните 90-ти кое тестирало ученици од средно ја оправдува оваа навика на Кенет, покажувајќи дека учениците кои во средно добро владееле со планирање на времето покажувале подобри резултати во учењето и на факултет. Така, нивното планирање им донело и подобар академски успех, што докажува дека оваа навика дава добри резултати.