Од модните писти директно на големото платно: 20 манекенки кои станаа успешни актерки
Еве краток преглед на светски познатите убавици кои ја заменија модната писта со филмското платно, почнувајќи од Моника Белучи, Клаудија Шифер, Мила Јовович и Жизел, па сè до Наоми Кембл. Погледнете ја листата на супер талентираните, убави и успешни познати жени.
1. Енди Мекдауел
Откако се појави во „Вог“ и во рекламите на Келвин Клајн и Ив Сен Лоран, Енди почнавме да ја гледаме и на големото платно, најпрво во филмот „St. Elmo’s Fire“ (1985).
2. Елизабет Харли
Музата на Ести Луадер и моделот на сопствената модна линија, за првпат се појавува во филмот „Austin Powers: International Man of Mystery“ (1997), а потоа следуваат и други. Таа исто така е и дел од популарните серии „Gossip Girl“ и „The Royals“.
3. Моника Белучи
Музата на Долче и Габана се појави во францускиот „Elle“ и беше главен лик во кампањата на Диор. На големото платно најпрво се појави во филмот „Malena“ (2000), а во поново време ја видовме во филмот „Spectre“ (2015).
4. Сибил Шепард
Откако се појави на насловните на „Гламур“ и „Вог“, најпрво ја видовме во филмот „The Last Picture Show“ (1971). Нејзината актерска кариера продолжи со неколку познати филмови и серии.
5. Ванеса Вилијамс
Откако стана Мис Америка во 1984, глумеше во филмовите и сериите: „Harley Davidson and the Marlboro Man“, „Soul Food“, „Ugly Betty“, „Desperate Housewives“ и „Temptation: Confessions of a Marriage Counselor“.
6. Шалом Харлоу
Таа се појави во многу списанија, беше одбрана за прва победничка на „Вог“ од VH1 наградите за модел на годината. Се појави во филмовите: „In & Out“, „Vanilla Sky“, „Melinda and Melinda“ и „Alvin and the Chipmunks“.
7. Клаудија Шифер
Таа беше модел на „Гес“ и се појави на околу 700 насловни страници на различни списанија. Глуми во филмовите: „Black & White“, „Friend and Lovers“, „Desperate but Not Serious“, „Zoolander“ и „Love, Actually“.
8. Мила Јовович
Таа се појави на насловните страници на „Вог“ и „Гламур“, а имаше улоги во кампањите на „Банана Републик“, „Дона Каран“ и „Версаче“. Глуми во филмовите „The Fifth Element“, „Zoolander“, „Resident Evil“, „The Fourth Kind“, „Resident Evil: Afterlife“, „The Three Musketeers“ и „Survivor“.
9. Камерон Диаз
Откако некое време беше модел во текот на нејзините тинејџерски години, во 1994 се појавува во филмот „Mask“, а потоа и во „There’s Something About Mary“, „Being John Malkovich“, „Charlie’s Angels“, „Bad Teacher“, „Sex Tape“, „The Counselor“ и во „Annie“.
10. Жизел Бундхен
Се прослави во шоуто на „Викторија Сикрет“. Беше модел и за „Вог“, „Ел“, „Алур“, „Харперс Базар“. Подоцна се појавува во филмовите „Taxi“, „The Devil Wears Prada“ и „Coracao Vagabundo“.
Погледнете ги и останатите 10 на следната страница…