КАФЕ ПАУЗА

Tag: успешни

  • Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе

    Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе

    „Успешните и неуспешните луѓе не се разликуваат многу во нивните способности. Тие се разликуваат во нивната желба да го достигнат својот потенцијал.“ – Џон Максвел, американски свештеник и автор

    rn

    Разликата меѓу успешните и неуспешните луѓе
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (1920×1200)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?

    Зошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?

    rn

    „Може да бидете најзрелата и најсочната праска во светот, но секогаш ќе се најде некој кој не сака праски.“ – Дита Вон Тиз

    rnСекој сака да биде почитуван и да им се допаѓа на другите, но што се случува кога туѓото мислење станува наша опсесија и почнува многу да влијае на нашата самодоверба? Дали треба да дозволиме нашите успеси, нашата работа, нашиот надворешен изглед, целосно да бидат оценувани преку туѓите очи? Ова се 5 причини зошто не треба да се оптоварувате со тоа какво мислење имаат луѓето за вас.rnrnЗошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?rn

    Луѓето секогаш ќе веруваат во она што тие сакаат да веруваат

    rnМоже да потрошите премногу време и напор за да му се допаднете некому, да привлечете повеќе внимание, или да го смените мислењето кое некој го има за вас, но сето тоа би ви било залудно. Со вашите постапки и зборови до некој степен можете да влијаете врз туѓото мислење, но никогаш целосно да го промените.rnrnРаботата е во тоа што, луѓето веруваат во она што сакаат. Можеби личноста чии симпатии сакате да ги привлечете има одреден круг на луѓе со кои сака да е блиска, или има некакви предрасуди, најверојатно строги и глупави, така што никогаш нема да го смените начинот на кој ги оценува луѓето. Па тогаш зошто да вложите толкав труд? Енергијата насочете ја кон луѓето кои ве ценат и ве сакаат такви какви што сте.rn

    Не е ваша работа што другите мислат за вас

    rnКолку повеќе се грижите што другите мислат за вас, толку повеќе тоа ќе влијае на вас. За брзо време ќе почнете самите да си поставувате граници и нема да бидете слободни во својата кожа, секогаш размислувајќи како другите гледаат на вас. Дали навистина мислите дека доколку се трудите премногу и кон сите сте добри, секој ќе има добро мислење за вас? Дали мислите дека вреди да потрошите толку време пробувајќи да влијаете врз туѓото мислење, наместо да го надградувате сопственото?rnrnОставете ги луѓето да мислат што сакаат, тоа е нивно право и слобода, и не е ваша работа, дури и ако размислуваат за вас. Вие имате свој живот и бидете зафатени живеејќи го по свои правила.rnrnЗошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?rnrn

    Луѓето не се грижат толку колку што мислите

    rnЛуѓето озборуваат за да си пополнат време, не мора да има некоја голема и важна причина. Доколку сте интересни и успешни, ќе ве озборуваат уште повеќе. Но, вистината е дека секој од нас, некој повеќе некој помалку, главно се фокусира на себе. Така што, додека вие губите време пробувајќи да влијаете врз туѓото мислење за вас, луѓето всушност најмногу се преокупирани со самите себе.rn

    Не ви е потребна ничија дозвола

    rnПрекрасно е чувството да се биде почитуван и некој да се огледува на тебе. Но, не можете целосно да влијаете на туѓото мислење, трудејќи се луѓето секогаш да го сакаат она што го правите. Доколку станете опседнати со тоа од сите да бидете сакани или пофалени, на добар пат сте да го изгубите здравиот разум, бидејќи тоа никогаш нема да успеете да го постигнете. Најважно е да се прифатите себеси со сите ваши маани и предности, а пофалбите кои ќе доаѓаат одвреме-навреме, едноставно сметајте ги за бонус, но никогаш не станувајте зависни од нив.rn

    Не се важни оние кои не ве почитуваат, важни се оние кои ве почитуваат

    rnКога луѓето не нè сакаат, ние уште повеќе се трудиме да нè засакаат. Кога луѓето нè одбиваат од себе, вложуваме огромен напор да нè прифатат. Можеби е самиот предизвик, или желбата да им докажеме дека не се во право. Но тоа е бесконечен круг од кој нема излез. Вистината е дека постојат луѓе кои нè сакаат без оглед на сè, и нè прифаќаат такви какви што сме, остануваат покрај нас и нè поддржуваат. Откријте кои се луѓето околу кои не чувствувате притисок и со кои можете да бидете свои и слободни, и почитувајте ги бидејќи не е лесно да се прифатат несовршеностите.rnrnЗошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?rnrnСекако, туѓото мислење до некој степен е важно. Не би смееле да се претвориме во бесчувствителни суштества кои не се грижат апсолутно за ништо и воопшто да не го почитуваме туѓото мислење. Она што треба да научиме е кои се луѓето чие мислење вреди да го почитуваме. Најважно е да знаеме каде е границата, односно кога ги слушаме туѓите мислења за наше добро, а кога дозволуваме целосно да ја обликуваат нашата личност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 победнички навики на успешните

    5 победнички навики на успешните

    Успешните луѓе се навистина фасцинантни. Наместо да им се завидува, од нив треба да се учат здрави победнички навики. Тие треба да се набљудуваат и анализираат и да се црпи најкорисното од нив. Еве неколку од нивните победнички тактики.5 победнички навики на успешните

    rnrn

    Имајте крајна цел

    rnДали се чувствувате изгубени кога правите нешто, а не знаете каде тоа ве носи? Луѓето кои постигнуваат успеси на сите полиња, секогаш ја имаат целта во глава. Тие знаат што сакаат и се посветуваат целосно кон остварување на замисленото. Кога имате поставено цел, имате и на што да се фокусирате. Доколку немате цел, секогаш ќе талкате наоколу, чувствувајќи се изгубено. Секогаш имајте на ум што треба да правите, така ќе си помогнете полесно да стигнете таму.rn.rn

    Имајте причина

    rnИмањето крајна цел е само еден мал сегмент од целата приказна. Победниците секогаш имаат причина зад нивните намери. „Патувањето“ кон вашата цел е полно со препреки. Повеќето луѓе се откажуваат на половина пат затоа што немаат конкретна причина за она што го прават. Како и да е, оние кои имаат силни причини, имаат и поголеми шанси да ги „прерипаат“ препреките. Веројатноста да се откажете е многу поголема доколку немате причини за она што го правите. Како на пример, доколку имате за цел да изгубите 10 килограми од вашата тежина, знаете дека оваа задача нема да ви биде воопшто лесна. Но, доколку си речете дека без тие 10 килограми ќе изгледате фантастично за време на свадбата на која ќе присуствувате, задачата е веќе на повисоко нив и вие влегувате мотивирани и фокусирани.rn5 победнички навики на успешнитеrn

    Детално планирање на времето

    rnВремето е еден од најважните ресурси. Можете да трошите пари, а потоа да успеете да најдете начин како да ги вратите назад, но за времето тоа е невозможно. Морате да бидете претпазливи како го трошите. Доколку сакате да си ги  исполните целите, сигурно поголемиот дел од денот не треба да го потрошите гледајќи телевизија или дружејќи се со пријателите.rnrnВодете бележник за секој саат од денот. Ова во денешно време можете да го правите со многуте апликации, кои можете да ги користите онлајн или на вашиот мобилен телефон. Доколку сте решени навистина да успеете, посветете се на поважните обврски, наместо да се опуштите.rn.rn

    Имајте поддржувачи

    rnСекогаш е полесно да се откажеш кога си сам. Соберете или формирајте поддржувачка група која ќе ви помогне на патот до успехот. За да креирате ваква група, потребно ќе ви биде да најдете истомисленици кои сакаат да постигнат слични цели на вашите. Групата обидете се да биде помала, од двајца до максимум шест луѓе, кои морате да ги одбирате внимателно. Одберете луѓе кои се позитивни, ориентирани кон успехот и со слични ставови.rnrn5 победнички навики на успешнитеrn

    Обидувајте се повторно и покрај падовите

    rnТешко е да се погоди метата од прва. Затоа вистинските победници  никогаш не се откажуваат. Има многу нешта кои не ги знаеме во животот, па грешките ни помагаат да научиме нешто ново. Имајте на ум дека секогаш можете да научите побрзо, доколку се обидувате почесто во краток временски период, а притоа не успевате да постигнете успех. Со побавно реагирање, учењето е со побавно темпо. Кога преземате нешто побрзо, учите забрзано и почнувате да разбирате кои работи функционираат, а кои не.rnrnЗа време на процесот на учење можеби ќе се соочите со многу фрустрации. Како и да е, никогаш не  откажувајте се. Секогаш обидувајте се со нови идеи кои сте ги создале за време на целиот процес. Нема краток пат низ овој процес.rn5 победнички навики на успешнитеИсто така, можете да најмите и ментор или тренер. Без разлика дали целта ви е да ослабете или да отворите компанија за профит, неговото искуство ќе ви биде добредојдено на патот кон постигнување на целта. Бидејќи тие сигурно веќе го поминале тој пат, ќе работат со вас и ќе ви помагаат заедно да ги пребродите предизвиците.rn

  • Познати и успешни Македонци низ светот #2

    Познати и успешни Македонци низ светот #2

    Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.rnrn

    Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Кевин Кузманов на бејзбол теренот
    rnrnРоден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.rnrn

    Џон Битов и фамилијата – бизнисмени

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Десно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)
    rnrnЏон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.rnrn

    Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Летни олимписки игри во Мелбурн, Австралија
    rnrnПитер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.rnrnПрочитајте го и првиот дел за познатите и успешни Македонци низ светот.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn