КАФЕ ПАУЗА

Tag: уметници

  • Овој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!

    Овој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!

    Црвениот фустан е проект замислен од страна на британската уметница Kirsti Macleod кој има за цел да ги истражува културата, идентитетот и традицијата на народи од цел свет преку текстилот и везот. Дали ви се верува дека во неговата изработка учествувале 343 уметници од 43 земји и дека проектот траел 13 години? Раскошниот свилен фустан е рачно извезен од уметници кои доаѓаат од Јужна Африка, Мексико, Египет, Кенија, Турција, Јапонија…rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnУметниците биле охрабрени да најдат инспирација од сопствените животни искуства и притоа да ги внесат културните и традиционалните елементи кои би ги изразиле нивните сопствени идентитети. Така, меѓу нив има бегалци од војната, но и занаетчии кои успеале да ги зачуваат вековните традиции на своите корени и покрај пркосот на модерното време.rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОвој необичен фустан е изработен од 343 уметници од целиот свет!rnrnОткако го погледнавте овој необичен фустан, можеби ќе сакате да погледнете и како фустанот може да се претвори во вистинско ремек-дело.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот

    Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот

    Зад секое ремек-дело од уметноста, речиси секогаш стои инспиративна приказна за тоа како тоа настанало. Еве ги приказните за 10 од нив.rn

    1. „Ѕвездена ноќ“ од Винсент Ван Гог

    rnrnrnПо нервниот слом, што резултирал во самоосакатување на левото уво, Ван Гог доброволно се пријавил во санаториумот „Сен Пол д’ Маусол“ во 1889 година. Во овој период, тој ги насликал некои од најпознатите дела во неговата кариера, вклучувајќи ги „Ирис“ и „Синиот автопортрет“. Сликата „Ѕвездена ноќ“ го прикажува погледот од источниот прозорец на неговата соба во санаториумот, непосредно пред изгрејсонце, каде е додадено идилично село.rn

    2. „Врисокот“ од Едвард Мунк

    rnrnrnМунк бил на прошетка на зајдисонце, кога сончевата светлина на заминување ги покрила облаците како со црвена крв. Тој тогаш го почувствувал „бесконечниот крик како поминува низ природата“. Се сугерира дека вулканска ерупција може да му се припише на неприродно портокаловото небо. Друго објаснување е дека ова може да било резултат на емоционалната состојба на Мунк, бидејќи неговата сестра била сместена во санаториум. Мунк создал четири верзии од оваа слика во боја и пастели, како и на литографски камен од која „преживуваат“ само неколку отпечатоци. Двете насликани верзии се украдени и потоа пронајдени. Една од пастелните верзии ја постигнала четвртата највисока номинална цена платена за слика на јавна лицитација.rn

    3. „Јадачите на компири“ од Винсент Ван Гог

    rnrnrnВан Гог сакал да ги прикаже селаните какви што се и намерно избрал модели кои се груби во естетиката. Тој сакал да покаже сосема различен начин на живот од тој на повисоките класи. Подоцна ѝ напишал на сестра му дека смета дека „Јадачите на компири“ ќе биде неговото најуспешно дело.rn

    4. „Пријател во потреба“ од Касиус Марселус Кулиџ

    rnrnrn„Пријател во потреба“ е најпопуларната слика од серијата „Кучиња што играат покер“ од Касиус Марселус Кулиџ. Серијата првично била нарачана од Браун и Бигелоу за рекламирање цигари. Сите осумнаесет слики се со антропоморфни кучиња, од кои во единаесет се прикажани игри со карти. Сликите на Кулиџ не биле сметани за оригинална уметност, но тие оттогаш станале популарни. Првата слика од серијалот „Покер-игра“, неодамна била продадена во Сотби за 658.000 американски долари.rn

    5. „Сатурн го проголтува својот син“ од Франциско Гоја

    rnrnrn„Сатурн го проголтува својот син“ го прикажува грчкиот мит за Титанот Кронус (романтизиран во Сатурн), кој, плашејќи се дека ќе биде победен од некое од неговите деца, ги јадел откако биле родени. Делото е едно од 14-те црни слики што Гоја ги насликал директно на ѕидовите од неговата куќа.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn

  • Сакате да се чувствувате како уметници? Прочитајте ги овие 10 саркастични правила!

    Сакате да се чувствувате како уметници? Прочитајте ги овие 10 саркастични правила!

    Уметниците важат за многу емотивни, креативни и талентирани луѓе кои делуваат како да живеат во некој свој свет. Тие се најголемите критичари на современото општество, бидејќи веруваат дека никој не може да ги прифати и разбере такви какви што се. Освен тоа, владее мислењето дека уметниците мораат да бидат тажни и незадоволни од животот за да создаваат ремек-дела. Па, доколку отсекогаш ве привлекувал уметничкиот начин на живот, но не сте знаеле како да го спознаете, ова се 10-те правила по кои треба да се водите за да се чувствувате како вистински уметници…rnrnСакате да се чувствувате како уметници? Прочитајте ги овие 10 саркастични правила!rn

    1. Постојано споредувајте се со други уметници

    rnУметниците имаат голем натпреварувачки дух и секогаш обрнуваат внимание на конкуренцијата. Доколку нивното дело е најуспешно, се чувствуваат неизмерно горди на себе и не се плашат тоа и да го покажат. Ако, пак, делата на конкуренцијата се поуспешни од нивните, сопствениот неуспех го припишуваат на лошиот вкус на публиката.rn

    2. Разговарајте со вашето семејство за она што го правите и очекувајте ја нивната поддршка

    rnКолку и да се горди, сепак и на уметниците им треба поддршка од најблиските. За жал, ретко кои родители се воодушевени кога ќе чујат дека нивното дете сака да се запише на драмски факултет или на ликовна академија. И покрај тоа, уметниците најчесто одат против сите и не отстапуваат од нивните соништа.rn

    3. Засновајте го целиот ваш професионален успех на еден единствен проект

    rnПостојат голем број уметници кои се прославиле благодарение на едно дело и толку. Тие сѐ уште се присутни во јавноста, но не создаваат ништо ново или пак не можат да го повторат претходниот успех. Остануваат запаметени само по една претстава, книга или уметничка слика и потоа се чини како земјата да ги проголтала.rn

    4. Држете се само до она што го знаете

    rnКога уметниците ќе забележат дека постигнуваат успех со еден ист метод на работа, ретко кога се осмелуваат да експериментираат и да го променат. Изговорот им е дека по тоа се препознатливи, односно дека тоа е нивниот заштитен знак. Вистината е дека премногу се плашат да преземаат ризици и постојано играат на сигурно.rnrnСакате да се чувствувате како уметници? Прочитајте ги овие 10 саркастични правила!rn

    5. Потценувајте го вашиот талент

    rnУметниците се исто така познати по нивната лажна скромност. Тие имаат тенденција да зборуваат лошо за себе и за нивните дела во јавност со цел да добиваат повеќе комплименти и да привлечат внимание. Некои од нив навистина се несигурни во себе и имаат негативно мислење за она што го работат, но преовладуваат оние кои намерно ги омаловажуваат сопствените креации за да остават посилен впечаток на несфатени и неприфатени уметници.rn

    6. Парите нека ви диктираат што да правите

    rnНеретко уметниците се газат себеси и сопствените убедувања за пари. Почнуваат да создаваат дела и да прават работи во кои не веруваат за да опстанат или за да го задржат своето влијание во општеството.rn

    7. Подлегнете на притисоците што ги наметнува општеството

    rnКога уметниците ќе сфатат дека не можат да функционираат како отпадници, почнуваат да ги прифаќаат општествените норми, но повторно на нивен авангарден и ексцентричен начин. Тие можеби во јавност ќе продолжат да се претставуваат како несфатени и неприфатени, но приватно ќе се однесуваат исто како и сите други обични смртници.rn

    8. Критикувајте ги сите нешта што постојат на светот

    rnУметниците секогаш имаат по некој навредлив збор во ракав за сѐ што се движи, дише и мирува на планетава Земја. Тоа е така затоа што им било кажано дека мора да имаат мислење и критички став за сѐ во животот. Не плашете се отворено да кажете дека масата е непропорционална во однос на столчињата во нечија трпезарија или дека просторијата не е соодветно осветлена.rnrnСакате да се чувствувате како уметници? Прочитајте ги овие 10 саркастични правила!rn

    9. Купете си шал

    rnШалот е неизоставен дел од секоја модна комбинација на вистинските уметници. Воопшто не е важно кое годишно време е! Шалот оди добро на сѐ без разлика дали е зима или лето. Како би можеле да направите драматично замавнување кога не би имале шал?! Никако! Под итно купете си што е можно подолг шал.rn

    10. Поставете си недостижни цели кои ќе ги остварите најдоцна до утре

    rnСо оглед на тоа што уметниците се многу драматични, тие честопати знаат да ги преувеличат работите. По неколку пати секоја недела тие не знаат кој пат да го одберат, како да ги остварат целите и кои хипстерски очила да ги стават. Станува збор за многу стресни и значајни одлуки! Плаќањето на сметките мора да стане вашата недостижна цел, за да можете да го сфатите тоа толку трагично што ќе го разбудите уметникот во себе!rnrnВе молиме немојте да ги сфаќате овие саркастични правила премногу сериозно. Секако дека не се сите уметници исти и постојат голем број такви кои отскокнуваат од вообичаените стереотипи што владеат за нив. Уметничкиот живот е толку бурен и непредвидлив што дефинитивно не би можел секој да го издржи. Треба да ја цениме и почитуваме уметноста бидејќи таа ни ги задоволува сетилата, ни го разубавува животот, ни помага да ги согледаме нештата од повеќе различни перспективи, но и да се спознаеме себеси. Уметниците се важен дел од секое општество и сосема е разбирливо доколку некогаш сте посакале да ја почувствувате магијата на нивниот свет.rnrnДоколку не се сметате себеси за уметници, не очајувајте. Вистината е дека во секој човек лежи по некоја уметничка жичка што чека да биде откриена. Обидете се да ја разбудите вашата креативна страна и ќе се изненадите од извонредната уметност која можете да ја создадете!rnrnДоколку сте вистински љубители на уметноста, погледнете ги овие неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот.

  • Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

    Неверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивот

    Постојат уметници кои ги рушат сите граници и достигнуваат нови за кои не сме биле ниту свесни дека постојат. Без оглед на тоа дали користат масло, акрилни бои, јаглен, пенкало или обичен молив, тие создаваат толку реалистични уметнички слики што буквално не постои разлика меѓу нив и обичните фотографии. Благодарение на нивната упорност и талент, овие уметници создаваат нешто многу импресивно што може да послужи како вистински прозорец кон еден алтернативен свет обликуван според нивната уметничка визија. Погледнете ги следниве уметнички дела кои несомнено ќе ви ги прошират хоризонтите и ќе ве остават без зборови…rn

    Диего Фацио

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnДиего почнува со цртање од едната страна на платното и полека продолжува да се движи понатаму. Користи обичен молив и јаглен. Му биле потребни 200 часа за да го заврши ова дело.rn

    Омар Ортиз

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnОмар толку добро знае да си игра со боите, светлото и сенките, што тоа станало негов главен заштитен знак. Тој поседува неверојатна способност совршено да ја пренесе на платно секоја линија и форма на човечкото тело.rn

    Грегори Тилкер

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnГрегори Тилкер ги создава неговите „дождливи“ слики со помош на водени и маслени бои при што ги користи само неговите раце. Доколку внимателно се загледате во неговите слики, ќе се почувствувате како да патувате со автомобил на ладен, дождлив ден.rn

    Рут Тајсон

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnБританскиот уметник Рут Тајсон нема формално уметничко образование. Но, тоа не го спречува со неговиот уникатен талент да создава реалистични уметнички слики. Тој користи комбинација од графитни и акварелни моливи со обична боја.rn

    Роберто Бернарди

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnТешко е да се поверува дека уметничките дела на Роберто Бернарди не се направени со фотоапарат. Деталите кои ги содржат и нивната јасност се просто неверојатни.rn

    Робин Елеј

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnОвој уметник од Лондон создава огромни, реалистични дела со помош на масло. Честопати тој ги сокрива деловите на моделот кои не се покриени со облека и притоа користи полу-транспарентна пластична покривка за да постигне софистициран ефект.rn

    Готфрид Хелнвајн

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnГотфрид Хелнвајн користи акварелни бои за неговите дела. Тој работи како уметник, фотограф и скулптор. Не неговите таленти им нема крај!rn

    Винсент Фантаузо

    rnНеверојатно реалистични уметнички дела кои ќе ви го одземат здивотrnrnДелата на австралискиот уметник Винсент Фантаузо се познати насекаде низ светот. Неговиот спектакуларен портрет на Хит Леџер бил насликан само неколку недели пред смртта на актерот.rnrnЗа да ги погледнете делата на останатите неверојатни уметници преминете на следната страна…rn

  • Познати уметници советуваат како да го пребродите стравот

    Познати уметници советуваат како да го пребродите стравот

    Стравот не е нешто што треба да се избегнува. Тоа не е показател дека правите погрешни работи. Стравот е всушност трошокот којшто треба да го платат сите успешни луѓе за да се справат со пречките со коишто се соочуваат. Еве што велат за стравот познатите уметници, како и нивните совети за справување со истиот.rnrnrn

    1. Стравот ни кажува што треба да правиме

    rn

    „Дали сте парализирани од страв? Тоа е добар знак. Стравот е добра работа. Како и сомневањето во себе, стравот е одреден показател. Тој ни кажува што треба да правиме. Запаметете го ова правило: Колку повеќе сме исплашени од работата, толку посигурни можеме да бидеме дека мораме да го направиме тоа. Отпорот се доживува како страв, степенот на стравот е еднаков на силата на отпорот. Па, колку повеќе страв чувствуваме околу една работа, толку посигурни можеме да бидеме дека тоа е важно за нас“, вели Стивен Пресвилт.

    rnНа почетокот, поважно е да се започне, отколку да се успее. Само преку почетокот можете да ја откриете можноста за вашето напредување.rnrnrn

    2. Започнете со помалку

    rn

    „Она што треба да направите е да кажете ‘Кое е најмалото нешто што можете да го совладате и кое е најзастрашувачкото нешто што можете да го направите коешто може да ве научи како да играте со стравот?’ Еднаш кога ќе го поминете ова, ќе сфатите дека ништо не е страшно“, објаснува Сет Годин.

    rnМенталната цврстина е вештина, па како и секоја друга вештина и таа може да се развива. Учењето како да го надминете стравот е исто како да градите нови навики. На почетокот се мали, но потоа бавно почнуваат да растат.rnrnrn

    3. Соочете се со стравот

    rn

    „Кога размислувате да направите нешто и тоа ви изгледа застрашувачко, кога чувствувате дека на крај ве чека голем лав којшто рика и ви изгледа страшно и како да чека да ве изеде… Во секој случај, тргнете кон лавот“, советува Тина Есмејкер

    rnНе кажувајте си „не“ на себеси. Вашата работа е да креирате, да споделувате и да го надминете стравот. Во секој случај, луѓето ќе може да ве озборуваат или осудуваат. Но, уште полошо е да правите работи коишто лично вам нема да ви се допаѓаат.rnrnrn

    4. Сега е исто толку добро време како и секое друго

    rn

    „Тоа е ужасна работа, мислам, во животот да треба да чекаш додека си подготвен. Во овој момент чувствувам дека никој никогаш не е подготвен да направи нешто. Едноставно не постои подготвеност. Постои само сегашност. И токму затоа и би требало да ги направите тоа сега. Мислам, го кажувам тоа со самодоверба како во истиов момент да одам да скокам банџи или слично – но, не го правам тоа. Не сум личност што презема ризик. Но, сметам дека, генерално, сега е најдоброто време за што било“, објаснува Хју Лаури.

    rnВие не треба да чекате момент кога ќе бидете подготвени. Всушност, никој никогаш не е целосно подготвен за да направи нешто. Речиси не постои најпогоден момент, бидејќи вистинскиот момент е токму сега. Затоа, никогаш не чекајте да дојде вистинското време, ниту пак дозвола од некој за да започнете нешто. Дајте си самите дозвола. Успешните луѓе започнуваат пред да бидат подготвени.rnrnrn

    5. Уметниците издржуваат

    rn

    „За оние човечки суштества за кои се грижам, им посакувам страдање, малтретирање, болест, лоши искуства – посакувам да не им остане непознат презирот за себеси, мачењето од недовербата во себеси, бедата на поразените: Јас немам жал за нив, бдеејќи им ги посакувам само оние нешта кои ќе им докажат уште денес дали се вредни за што било или не – дали тие с оние кои издржуваат“, вели Ниче.

    rnПотребно е луѓето да го искусат страдањето, малтретирањето и понижувањето. Шансата да преминете преку сомневањето во себе и стравот е една од најголемите можности коишто ги имате за да откриете многу особини за вашата личност. Само преку создавањето можете да откриете какви сте навистина. Живејте во арената, наместо да судите од толпата. Таму е повозбудливо. Без разлика дали ќе победите или изгубите, самата борба за вас е награда!rnrn

  • Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Досега многу пати сме се навратиле на славните личности и нивните животи, на тоа колку тие заработуваат и каде ги трошат заработените пари. Она што сега следува е листа на познатите личности кои заработуваат и после нивната смрт.rnrnНивната слава и понатаму живее!rn

    1. Мерлин Монро

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnИако почина во 1962-та година, Мерлин и денес е неприкосновен секс-симбол, а вреди 15 милиони долари годишно.rn

    2. Пол Вокер

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот актер кој трагично го заврши својот живот во сообраќајна несреќа, исто така е на листата на најплатени ѕвезди кои заработуваат и после смртта. Неговата заработка изнесува 10,5 милиони фунти годишно.rn

    3. Мајкл Џексон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на поп музиката, Мајкл Џексон, во 2009-тата година, после неговата смрт, имал долг од 260 милиони фунти. Шест години после смртта заработил и повеќе од доволно за да го исплати тој долг. Имено, точниот износ на неговата заработувачка бил 653 милиони фунти.rn

    4. Елизабет Тејлор

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnБлагодарение на нејзината линија парфеми „White Diamonds“, познатата актерка која почина во 2011-тата година, заработува неверојатни 20 милиони долари.rn

    5. Елвис Присли

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на рокенролот, чии хитови се слушаат и денес, на годишно ниво заработува 55 милиони долари.rn

    6. Курт Кобејн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnЛегендата која ја интригира јавноста и после неговата смрт, заработува неверојатни 50 милиони долари.rn

    7. Џон Ленон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смрттаrnrnПопуларниот пејач на Битлси, од продажбата на музичките албуми, годишно заработува 12 милиони долари. Имено, во Америка во периодот од 1992-та година до денес, се продадени преку 63 милиони копии од албумите на позната рок група.rn

    8. Алберт Ајнштајн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот научник, кој почина во 1995-тата година и зад себе остави голем успех во полето на физиката, има годишна заработувачка од 20 милиони долари.rn

    9. Енди Ворхол

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnАвангардниот поп уметник Енди Ворхол бил во право кога рекол дека во иднина секој ќе ги доживее своите 15 минути слава. Неговата годишна заработка изнесува 19 милиони долари.rn

    10. Џ. Р. Р. Толкин

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnДоколку сте ги гледале филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ или „Хобит“, тогаш сте му платиле на Толкин. Филмските продукции ги задржуваат авторските права на Толкин, па тој годишно заработува по 7 милиони долари. На тој износ се додава и сумата од продадените книги, играчки и облека.

  • 11 неверојатни причини зошто да им дадете шанса на уметниците

    11 неверојатни причини зошто да им дадете шанса на уметниците

    Уметниците се изгубени, без чувство за време и за место, но светот без нив би бил празен и здодевен. Тие живеат во нивни светови кои ретко имаат допир со реалноста и се најнепредвидливите суштества на планетава. Но, освен што имаат негативни страни, тие имаат и прекрасни доблести кои ги прават неверојатни личности.rnrn0-11-neverojatni-pricini-zosto-da-im-dadete-sansa-na-umetnicite-kafepauza.mkrn

    1. Тие се полни со приказни

    rnУметниците се луѓе со интересен живот и постојано се соочуваат со различни предизвици. Тие се одлични наратори и нивната способност да навлегуваат во детали ќе направи да се почувствувате како да сте дел приказната.rn

    2. Тие имаат големи соништа

    rnТие никогаш не се задоволуваат со помалку од она што сметаат дека го заслужуваат. А, ако вие сте на нивната листа со желби, тогаш бидете сигурни дека ќе добиете совршен третман и ќе направат сѐ за да бидете нивни.rn

    3. Тие имаат слободен дух

    rnНивните мисли се движат со огромна брзина. Не се плашат од преземање ризици и се трудат да го живеат животот што е можно подобро. Отворени се кон нови искуства и ги гледаат можностите кои животот и светот може да им ги понуди.rnrn1-11-neverojatni-pricini-zosto-da-im-dadete-sansa-na-umetnicite-kafepauza.mkrn

    4. Тие редовно одвојуваат време за себе

    rnКога излегувате со уметник, не очекувајте дека целото негово време ќе ви биде посветено вам. Уметниците се луѓе кои секогаш одвојуваат време за себе. Тие никогаш нема да ви здодеат бидејќи поминувате премногу време заедно. Тие се слободни луѓе кои си го ценат времето кое сакаат да си го „потрошат“ за себе. Освен ако не работат на некој проект и се заглавени до гуша, тогаш тешко дека ќе ги видите сѐ додека не завршат.rn

    5. Тие се снаодливи

    rnЕдно е да имате интересна идеја, а друго е да знаете како да ја реализирате. Креативноста на овие луѓе е толку голема што секогаш ќе најдат интересен начин да ви го развеселат денот или да го направат состанокот навистина интересен.rn

    6. Тие се талентирани

    rnВелат „Ако уметник се заљуби во тебе никогаш нема да умреш“. И тоа е вистина бидејќи ќе продолжите да живеете преку нивните дела долго откако ќе умрете. Љубовта е движечка сила во сите уметности. Од песни до поеми, па дури и драми, скоро во сите случаи љубовта е главна инспирација за сите големи дела.rnrn2-11-neverojatni-pricini-zosto-da-im-dadete-sansa-na-umetnicite-kafepauza.mkrn

    7. Тие имаат голема страст

    rnНивната љубов и страст кон нивната работа е огромна, а истиот однос го имаат и кон љубените. Ваквите луѓе го вложуваат нивното срце и душа во своето творештво. А подеднакво се трудат и во врските.rn

    8. Тие не се откажуваат

    rnУметничките души никогаш не се откажуваат од она што го сакаат. Тие силно веруваат во себеси и својата уметност и постојано изнаоѓаат нови начини и нови решенија на проблемите. Затоа не постои предизвик кој не можат да го победат.rn

    9. Тие одлично избираат подароци

    rnТие се луѓе кои премногу размислуваат пред да направат што било. А избирањето подарок за нивните сакани не е исклучок. Тие ќе се потрудат да го најдат она што го сакате, па макар тоа да значи дека треба да го пропатуваат пола свет.rnrn3-11-neverojatni-pricini-zosto-da-im-dadete-sansa-na-umetnicite-kafepauza.mkrn

    10. Тие не се плашат да се препуштат на своите емоции

    rnКога излегувате со уметник вие во секој момент ќе знаете дека сте сакани. Дали преку нивните романтични и иновативни гестови, преку нивното творештво или на некој друг необичен начин, уметниците секогаш знаат како да ги искажат своите емоции.rn

    11. Тие се отвораат кон личностите што ги сакаат

    rnОсвен што не се срамат од своите емоции, тие не се срамат нити од нивното минато и нивните грешки, до толкав степен што самите ќе ви раскажат за нивните непријатни случки. Но, за да стигнете на ова ниво, тие мора да бидат целосно сигурни во вас и да имаат огромна доверба. А, кога еднаш ќе се отворат, тешко дека потоа ќе ги „затворите“. Исто така, тие можат да ви помогнат и вие полесно да се отворите.

  • 6 уметници кои си ги мразат своите ремек-дела

    6 уметници кои си ги мразат своите ремек-дела

    Уметниците одвреме-навреме создаваат по некое ремек-дело по кое стануваат препознатливи, но тоа е меч со две острици. Иако од една страна добиваат признание, слава и пари, од друга страна тоа може да биде единственото нешто по кое луѓето ќе ги препознаваат, а тие имаат уште многу што да му покажат на светот. И резултатот од тоа е омраза кон нивното големо дело. Има многу такви уметници, ова се само шест од нив кои се попознати од другите.rnrn6 уметници кои си ги мразат своите ремек-делаrn

    1. Рејдиохед

    rn„Creep“ е убедливо најпознатата песна на рок бендот Рејдиохед и единствената позната од нив за повеќето неупатени во рок музиката. На бендот му е смачено од тоа, па затоа и не сака веќе да ја свири на своите концерти. Додека тие упорно се обидуваат да ја претстават својата нова музика, фановите им ја бараат „Creep“. За време на еден концерт во Монтреал, фронтменот Том Јорк одбил да ја отпее песната, нарекувајќи ги ретардирани оние кои ја бараат. Својата омраза кон песната ја изразиле и на фестивалот Гластонбери во 2003 година кога го ангажирале Моби да ја испее наместо нив за затворање на концертот.rnrnrn

    2. Вуди Ален

    rnСите кои се фанови на Вуди Ален се фанови и на „Менхетен“, но не и самиот тој. Вуди има проблем со сите свои филмови и ако го прашате може да ви каже дека никогаш не направил добар филм, но овој вистински го мрази од само за него познати причини. Познато е дури дека ја молел продукциската куќа да не го прикажува филмот, а за возврат нудел да им сними нов филм бесплатно, само да го повлечат „Менхетен“.rnrnrn

    3. Брус Спрингстин

    rnБрус Спрингстин го мрази својот голем хит „Born to Run“, како и целиот истоимен албум. Иако според музичките критичари тој важи за еден од најдобрите албуми на сите времиња, а и самиот Спрингстин потрошил шест месеци на првиот сингл и уште доста време на другите песни, тој вели дека „не може да го слуша повеќе“. За него тоа е „најлошото рок ѓубре кое некогаш го слушнал“ и не сакал да го издаде. Продуцентите го разубедиле во тоа и затоа денес знаеме дека овој славен албум постои.rnrnrn

    4. Лед Цепелин

    rnЗа многу рок-фанови „Stairway to Heaven“ е една од најдобрите песни што постои. Затоа Лед Цепелин го завршувале секој концерт со ова ремек-дело и затоа толку се заситиле од него што го замразиле. Вокалистот Роберт Плант со тек на време почнал да ја нарекува „глупава свадбена песна“, па дури и му платил на едно радио во Портланд да не ја пушта повеќе. Честопати ги одбивал предлозите за повторни обединувања на бендот од истата причина. За разлика од него, гитаристот Џими Пејџ ја обожавал, па при обединувањата Плант му поставувал услови да не ја свират песната или барем да не ги завршуваат концертите со неа.rnrnrn

    5. Клод Моне

    rnНајголемиот дел од делата на Клод Моне опфаќаат насликани пејзажи. Тие од него направиле еден од најценетите уметници во историјата, но кога тој сам би си судел, не би имал такво мислење за себе. Се знае дека си ги уништувал сликите, но не се сигурни причините зошто го правел тоа. Според писмата на неговата сопруга може да се заклучи дека во зависност од неговото расположение тој си ги сакал делата или ги мразел и ги бодел и распарчувал со нож. Вака уништил најмалку 30 слики.rnrn6 уметници кои си ги мразат своите ремек-делаrn

    6. Тони Кеј

    rnТони Кеј веројатно не би си го мразел својот филм толку многу ако беше малку повеќе негов. „Американска историја Х“ (American History X) е филм кој има многу висока оценка на ИМДБ и бил номиниран за Оскар, но тогаш дебитантот во холивудскиот свет, Тони Кеј, го замислувал поинаку. Неговата продукциска куќа извршила одредени поправки на филмот на кои тој бил многу лут. Бесот го искажал закупувајќи простор во печатените медиуми каде што говорел против филмот, а кога тој бил прифатен на филмскиот фестивал во Торонто тој одлетал од Германија до Канада за лично да побара да биде тргнат од програмата. Ништо од тоа не му помогнало.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 уметници ги развеселиле ѕидовите на една детска болница во Лондон

    15 уметници ги развеселиле ѕидовите на една детска болница во Лондон

    Самата помисла на болница е ужасна, па уште кога ќе стигнете таму и ќе го почувствувате оној болнички мирис сместен во вообичаениот сив ентериер, веројатно секој пат би сакале да се вратите назад. А ако сте дете, тогаш воопшто нема шанси да ви се седи таму. За жал, тоа е неизбежно за младите пациенти од Кралската детска болница во Лондон. Затоа петнаесетмина уметници од организацијата Витал Артс одлучиле да донираат цртежи на ѕидовите за тие да се чувствуваат колку-толку поубаво додека се таму. Мора да признаете, резултатите се навистина убави и би сакале сите болници да бидат вакви.rnrnКако 15 уметници ги развеселуваат дечињата од една детска болница во Лондон?rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шарени телефонски говорници на улиците на Сао Паоло

    Шарени телефонски говорници на улиците на Сао Паоло

    Овој несекојдневен уметнички проект е финансиран од страна на бразилската телекомуникациска компанија Виво, а идејата е да се спојат 100 уметници со 100 телефонски говорници распоредени насекаде низ Сао Паoло. Уметниците немаат никакви ограничувања на нивните идеи и креативност, па така секоја говорница е приказна сама за себе. Резултатот е навистина одличен, па се решивме да одвоиме некои од најинтересните само за вас.Шарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао Паоло(1) Шарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао ПаолоШарени телефонски говорници на улиците на Сао Паолоrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.