КАФЕ ПАУЗА

Tag: ТВ серии

  • Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

    Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

    Новогодишните и божиќните празници се совршено време во кое можеме да се одмориме и да поминуваме повеќе време со најблиските, но тие исто така се и одлични кога станува збор за почнување на нова ТВ серија или пак, за догледување на оние епизоди за кои сме немале време претходно. Започнувајќи од прекрасната „Outlander“, па сè до урнебесната „Black-ish“, погледнете ја оваа листа од 15 серии и најдете ги оние чија приказна најмногу ви одговара на вашето моментално празнично расположение…rn

    1. Туѓинец (Outlander)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnПриказната ја следи Клер Рандал, воена сестра од 1945 година која е во брак со Френк. Таа на нивниот втор меден месец, по завршувањето на војната, мистериозно ќе биде повлечена низ времето, во далечната 1743 година во Шкотска. Таму нејзиниот живот постојано ќе виси на конец, сè додека не го запознае младиот војник Џејми Фрејзер кој ќе го освои нејзиното срце и со тоа ќе ја стави Клер во средината на незамислив љубовен триаголник.rnrnrn

    2. Аферата (The affair)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnОваа ТВ серија ги следи психолошките ефекти на аферата помеѓу келнерка во брак која работи во ресторан во Хемптонс и професор кој го поминува летото на имотот кој го поседуваат родителите на неговата сопруга. Одмотувањето на приказната (секогаш едноподруго раскажувана од перспектива на двата главни лика) открива нешто многу посериозно од летната жешка забранета љубов.rnrnrn

    3. Вистински детективи (True Detectives)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnПриказната го следи животот на двајца детективи, Раст Коул и Мартин Харт, чиј живот се испреплетува за време на 17-годишната потрага по сериски убиец во Луизијана.rnrnrnrn

  • 10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

    10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле

    Сте се запрашале ли некогаш што точно се крие зад сцените на оваа ТВ серија? Погледнете ги наредниве 10 фасцинантни факти кои со сигурност ќе ве изненадат и ќе направат да ги засакате уште повеќе вашите омилени ликови…rn

    1. Некои од нашите омилени карактери никогаш не биле дел од стриповите

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnИ покрај тоа што Мерл и Дерил Диксон станаа нашите најомразени и најсакани ликови на малите екрани, тие всушност никогаш не биле дел од стриповите „The Walking Dead“. Браќата Диксон, заедно со Саша, се креирани од страна на продуцентот Френк Дарабонт кој сакал нови карактери со цел да се освежи приказната.rn

    2. ТВ серијата еднаш била мета на полицијата

    rnДарабонт со сигурност зажалил за одлуката да го измисли ликот Мерл во оној момент кога за време на првата сезона набљудувачи повикале полиција бидејќи мислеле дека тој е лудак кој стои на кров со снајпер. За само неколку секунди се појавиле специјалци кои брзо откриле дека станува збор за снимање.rn

    3. Во план било „T-Dog“ да умре порано

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnКога сме на темата за ликови кои не постоеле во стриповите, „T-Dog“, карактер чие полно име беше Теодор Даглас, требало да биде дел од само 3 епизоди во првата сезона. Но, тој станал толку популарен што продуцентите решиле да го поштедат од смртта и да го задржат до 3-тата сезона.rn

    4. За време на снимањето, мртвите се тивки суштества

    rnСите љубители на оваа ТВ серија многу добро знаат како звучат гладните мртви, но дали сте знаеле дека нивните звучни ефекти се додаваат во пост-продукцијата? Всушност, поголемиот дел од мртвите за време на сцените се екстремно многу тивки со цел да не се наруши атмосферата или пак, да не се одвлекува вниманието на глумците.rn

    5. Мртвите никогаш не трепкаат

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЕдна од најголемите карактеристики на мртвите во оваа ТВ серија е што тие никогаш не трепкаат. Доколку некогаш се сними трепкање кај некои од нив, тоа веднаш се исфрла. Ако добро размислите, ова до некаде има смисла, бидејќи тие едноставно не поседуваат доволно основни способности за да ги движат нивните екстремитети соодветно, па трепкањето само дополнително би ги бунело.rn

    6. Карл Грајмс е фан на стрипови

    rnВо оваа ТВ серија често можеме да забележиме мали знаци од други ТВ серии, филмови или стрипови. За време на првите 3 сезони, Карл носи маица на која има цртеж со шепа од куче. Овој цртеж е всушност логото на „Science Dog“, карактер кој исто како оваа приказна, бил креиран од Роберт Киркман за стрипот „Invincible“.rn

    7. Дублерите на Карл се всушност девојки?

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnСе сеќавате на сите оние драматични сцени со многу акција? Верувале или не, позади нив стои тим од искусни дублери кој многу наликуваат на актерите кои ги заменуваат. Но, она што е навистина интересно е што сите дублери на Чендлер Ригс (Карл Грајмс) кој е 15-годишно момче, поради својата мала градба се девојки: 31-годипната Ешли во петата сезона, 29-годишната Емили Бробст во четвртата сезона и 31-годишната Савана Џејд Вихант во третата сезона.rn

    8. Што всушност јадат мртвите?

    rnИ покрај тоа што изгледа како мртвите навистина да јадат човечко месо и органи, реалноста не е толку одвратна. Тимот кој се грижи за специјалните ефекти е екстремно креативен, па токму затоа она што вам ви изгледа како човечко месо е всушност шунка потопена во оцет. Покрај шунката, за снимањето се користат и други видови храна како на пример, желе од грозје, од кое бил направен глушецот кој Лизи ќе го подаде на едно од овие суштества во четвртата сезона.rn

    9. Луѓето и мртвите не се мешаат зад сцената

    rn10 фасцинантни факти за ТВ серијата „The Walking Dead“ кои можеби не сте ги знаеле rnrnЈадењето е многу важен дел во „The Walking Dead“, бидејќи и мртвите и луѓето постојано се во потрага по храна, но зад сцените работите се малку поинакви. Луѓето и „зомбињата“ јадат во различни простории со цел да се одржува тензијата на високо ниво кога тие повторно ќе се вратат на снимање.rn

    10. Традиционалната вечера на смртта во оваа ТВ серија не е толку ужасна како што звучи

    rnСте знаеле ли дека постои традиција секогаш кога ќе умре еден од главните карактери, останатите ликови да организираат „вечера на смртта“ во негова/нејзина чест? Оваа вечера им овозможува на сите да се збогуваат со својот пријател…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Незаборавни сцени од одличната ТВ серија „Третиот камен од сонцето“

    Незаборавни сцени од одличната ТВ серија „Третиот камен од сонцето“

    Се сеќавате ли на лудите вонземјани Дик, Сали, Хери и Томи кои дојдоа на Земјата преправени во луѓе со цел да го истражуваат човештвтото и животот на оваа планета? Ние слободно можеме да кажеме дека ТВ серијата „Третиот камен од сонцето“ е една од најдобрите комедии кои некогаш биле снимени. И токму поради тоа ја составивме оваа листа од неколку видеа кои ќе ве потсетат на дел од најинтересните моменти низ кои поминуваа овие истражувачи…rnrnНезаборавни сцени од одличната ТВ серија „Третиот камен од сонцето“rnrn rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите пријателки на малите екрани кои нѐ мотивираат да веруваме во вечно пријателство

    Најдобрите пријателки на малите екрани кои нѐ мотивираат да веруваме во вечно пријателство

    Кога една ТВ серија трае со години, многу е нормално дека ќе се приврземе за ликовите и дека ќе почнеме да се пронаоѓаме себеси во некои нивни карактеристики. Овие ликови постепено растат заедно со нас, а ние се смееме и плачеме покрај нив. Интересно е како тие на некој начин стануваат дел од нашите животи така што постојано нѐ инспирираат, мотивираат и охрабруваат да ги следиме нашите соништа. Погледнете ја нареднава листа со најдобрите пријателки од ТВ сериите кои ни покажуваат како изгледа едно вистинско пријателство и нѐ уверуваат дека и покрај сите проблеми и потешкотии тоа сепак може доживотно да трае…rnrn

    Најдобрите пријателки на малите екрани кои не мотивираат да веруваме во вечно пријателство
    Макс и Керолајн – 2 шворц девојки
    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатко бебенце облечено како главните ликови од популарните ТВ серии

    Слатко бебенце облечено како главните ликови од популарните ТВ серии

    Фотографката Карен Абад од Калифорнија, неодамна ја посетила својата пријателка во Индијана. Бидејќи времето надвор било многу студено, тие решиле да бидат креативни во затворен простор. Инспирација добиле од бебето на пријателката, Оливија, кое го облекувале како главните ликови во сериите и го поставувале зад сцени кои Карен и мајката Кристина заедно ги правеле.rnrn1-slatko-bebence-oblecheno-kako-glavnite-likovi-od-popularnite-tv-serii-kafepauza.mkrnrnТие го облекувале веселото бебе во облека каква што носат познатите главни ликови во популарните ТВ серии како Хана Хорват од „Девојки“, Френсис Андервуд од „Куќа од карти“, Денерис Таргариен од „Игра на тронови“ и други.rnrnАртистката вели: „Ова е најнасмеаното бебе на светот, па верувајте ми кога ќе ви кажам дека беше многу тешко да ја натераме да не се смее. Таа беше прав другар за време на целиот процес и многу го ценам тоа што ни дозволуваше да ја облекуваме. Крупните кафени очи на Оливија и слатката ‘сериозна фаца’, со сигурност ќе ви предизвикаат насмевка на лицето и ќе ви го разубават денот.rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 5 нови серии кои мора да почнете да ги гледате овој месец

    5 нови серии кои мора да почнете да ги гледате овој месец

    Автор: Ана ПетровиќrnrnИзминатава година се појавија одлични серии кои ни го пробудија апетитот за нови авантури. Со оглед на најавите, во 2014-та година нè очекуваат нови серии, кои нудат огромен потенцијал да бидат светски хитови. Одвојуваме пет од нив кои на прв поглед изгледаат фантастично и вреди да почнете да ги гледате.rnrn5 нови серии кои мора да почнете да ги гледате овој месецrnrn

    1. Интелигенција (Intelligence)

    rn5 нови серии кои мора да почнете да ги гледате овој месецЏош Холовеј, или уште познат како Џејмс Форд од серијалот на Џ. Џ. Абрамс, „Lost“, го гледаме како главен лик во новата серија наречена „Intelligence“. Доколку сте љубители на акција, авантура и на сајбер-тематика, оваа серија е одличен избор за вас. Главниот лик Габриел Вон глуми оперативец, кој има вградено микрочип во својот мозок со помош на кој може да хакира, и нормално, да ја спаси Америка од многуте противници.rnrnrnrn

  • Инспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“

    Инспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“

    Понекогаш на сите нас ни е потребна малку инспирација. За среќа, нашите омилени ликови од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ можат да ни помогнат во постигнувањето на оваа цел.rnrnИнспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“rnrnОд самиот почеток во 2005-тата година, „Вовед во анатомија“ стана една од најгледаните ТВ серии ширум светот. Таа ни донесе многу смеа, солзи, скршени срца, драма како и разнообразни карактери во кои едноставно не можеме да не се заљубиме.rnrnЕдна од многуте работи кои навистина се истакнуваат во оваа ТВ серија е сценариото. Епизода по епизода, преку дијалозите на ликовите ние постојано се замислуваме за животот и се инспирираме за нашите животни планови. Погледнете ги наредниве неколку цитати кои со сигурност ќе успеат да ве инспирираат и вас…rn

    Цитати за кога нештата се распаѓаат

    rnКога се чувствувате како сè околу вас да се распаѓа и кога ви е тешко да поверувате дека нештата би можеле да се поправат, понекогаш сè што ви е потребно е едно мало потсетување дека можеби сепак постои причина за она што ви се случува.rnrnИнспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“
    rn

    Дени Дукет: „Изгледа понекогаш треба да го направиш погрешното нешто. Понекогаш треба да направиш голема грешка за да сфатиш како да ги поправиш работите. Грешките се болни, но тие се единствениот начин на кој можеме да дознаеме кои сме навистина ние.

    rn

    Леванжи: „Знам дека не е совршен, но сепак е живот. А животот понекогаш е замрсен.“

    rn

    Цитати кои ќе ве замислат

    rnСите ние сакаме одлични цитати кои ќе нè натераат да се замислиме. Цитати кои понекогаш дури и ќе успеат да ни ја сменат перспективата за одредени нешта… Ако за нешто се успешни ликовите од оваа ТВ серија, тоа дефинитивно се дијалозите преку кои ни ги менуваат перспективите.rnrnИнспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“
    rn

    Изи Стивенс: „Никогаш не знаеш кој ден во твојот живот е најголемиот ден. Сè додека не почне да се случува. Не го препознаваш најголемиот ден во твојот живот сè додека не дојдеш на половина од него. Оној ден кога ќе се обврзеш за нешто или некого. Денот кога твоето срце ќе се скрши. Денот кога ќе ја запознаеш твојата сродна душа. Денот кога ќе сфатиш дека нема доволно време затоа што сакаш да живееш вечно. Тоа се најголемите денови. Совршените денови.“

    rn

    Мередит Греј: „Ако има само еден совет кој би можела да ти го дадам, тоа е дека кога постои нешто што навистина го сакаш треба да се бориш за него, не се откажувај без разлика на тоа колку безнадежно ти изгледа. И кога ќе ја изгубиш целата надеж, запрашај се себеси дали за 10 години од сега ќе посакуваш да си му дала на тоа нешто уште само една шанса, бидејќи најдобрите нешта во животот не доаѓаат бесплатно.“

    rn

    Цитати кои ќе ве насмеат

    rnОдличните цитати не секогаш треба да ве замислат или инспирираат. Можеби понекогаш сè што ви е потребно е да земете еден слободен ден и да се обидете да се расположите. Без разлика на тоа како се чувствувате, наредниве цитати со сигурност ќе ја повикаат насмевката на вашето лице.rnrnИнспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“
    rn

    Кејти Брајс: „Главата ми е полна.“rnrnМередит Греј: „Тоа се вика размислување. Продолжи така.“

    rn

    Мередит Греј: „Не мора да има харфи кои свират, птици кои пеат или ливчиња од ружи кои паѓаат од небото… Дефинитивно постојат и денови кога романсата е мртва. Но, ако погледнете околу себе ќе сфатите дека нештата се неверојатни. Затоа застанете за една секунда. Уживајте во убавината. Почувствувајте ја магијата. Впијте го тоа во себе. Бидејќи нема да трае засекогаш. Романсата избледува. Ќе се случат нешта. Луѓето ќе се променат. Љубовта ќе умре. Но, можеби, не денес.“

    rn

    Мередит Греј: „Ние сме пријатели, вистински пријатели и тоа значи дека без разлика колку време ќе ти треба, кога конечно ќе решиш да погледнеш назад, јас ќе бидам таму.“

    rn

    Цитати кои ќе ве инспирираат

    rnЗарем има нешто подобро од инспирацијата кога станува збор за начините за подобрување на нашето расположение? Ликовите во оваа ТВ серија постојано се чувствуваат победени од врските, работата па дури и од животот, но сепак постојано наоѓаат начин како да се изборат против тоа.rnrnИнспиративни цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“
    rn

    Мередит Греј: „Во еден момент ќе мора да донесеш одлука. Границите не ги држат другите луѓе надвор од нив. Тие ве држат вам внатре. Животот е заплеткан. Така сме направени. Токму затоа можеш да го трошиш животот цртајќи линии или да живееш така што ќе поминуваш преку нив.“

    rn

    Мередит Греј: „Подобро е да знаеш отколку да се прашуваш, подобро е кога се будиш отколку кога спиеш. И дури и најголемите грешки, и најлошите, се ѓаволски подобри отколку воопшто никогаш да не се обидеш.“

    rn

    Мередит Греј: „Повеќе текила. Повеќе љубов. Повеќе од сè. Повеќе е подобро.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите

    Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите

    Поради тоа што сме преплавени со американски филмови и ТВ серии кои постојано се водат по истите шеми кои сите ние веќе добро ги имаме научено, понекогаш можеме дури и во првите неколку минути да го предвидиме крајот на приказната. Ви звучи познато? Токму поради тоа составивме листа на малку поразлични, но истовремено и одлични британски ТВ серии на кои вреди да им се даде шанса.rn

    1. Доктор Кој (Doctor Who)

    rnБритански ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите - гУлоги: Мет Смит, Керен Гилан, Артур Дарвил, Џена КолманrnrnЖанр: авантура, драма, научна фантастикаrnrnПремиера: 23 ноември 1963rnrnСезони: 33rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnНаша оценка: 10rnrnrnrnКога една ТВ серија трае половина век, дефинитивно би можеле да заклучиме дека има нешто возбудливо и привлечно во неа. Шармантниот и мистериозен Доктор, чие име сè уште не е познато, го освојува срцето на своите верни гледачи веќе 50 години. Станува збор за вонземјанин, последен од својот вид, кој патува во сина кутија која однатре е поголема одошто однадвор. Оние кои добро го познаваат Докторот, накратко го опишуваат како „лудакот кој живее во кутија и личност во којашто не можеш да не се заљубиш“. Тој покрај него секогаш има сопатник, личност од Земјата со која заедно патува низ времето и просторот. Нивните возбудливи авантури најчесто завршуваат со спасување на Земјата, галаксијата или пак, понекогаш дури и на целиот Универзум.rnrnОна што треба да го знаете за оваа ТВ серија е дека никој од глумците не останува подолго од неколку сезони. Докторот е 900 години стар, но кога тој е фатално повреден се регенерира и се враќа повторно во живот – притоа секојпат со нов лик. А нов лик значи и нов сопатник и токму поради тоа, доколку решите да ги следите авантурите на Докторот, бидете подготвени и за честата промена на глумците.rnrnБритански ТВ серии кои не смеете да ги пропуштитеrnrn

  • ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

    ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)

    ТВ серија за 5 тинејџери чии животи одеднаш ќе се поврзат поради фаталната клетва која долго време го демне градот Рејвенсвуд….rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood) Главни улоги: Никол Андерсон, Тајлер Блекбрн, Бритни Олдфорд, Брет Даер, Мерит Петерсон, Стивен Кабрал, Мег ФостерrnrnЖанр: драма, хорорrnrnКреатори: Оливер Голдстикс, Џозеф Доерти, И. Марлин КингrnrnПремиера: 22 октомври 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrnДејството започнува во автобус кој патува накај градот Рејвенсвуд. Во него се возат двајца тинејџери на 17-годишна возраст, Миранда (Никол Андерсон) и Кејлеб (Тајлер Блекбрн). Тие се запознале претходната вечер преку девојката на Кејлеб, Хана, која го замолила да не ја остава Миранда да оди сама во град каде што жителите прават забави на гробишта.rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)rnrnМиранда патува накај Рејвенсвуд бидејќи сака да го запознае својот единствен жив роднина, Рејмонд Колинс (Стивен Кабрал) и да дознае зошто тој дозволил таа да расте со странци наместо со него. Таа и Кејлеб вечерта пристигнуваат во градот, но и покрај тоа што не се луѓе кои лесно се плашат, она што таму ќе го видат многу ќе ги вознемири. Барајќи го Рејмонд, чија куќа се наоѓа веднаш покрај гробиштата, тие ќе налетаат на надгробни плочи на кои ги има нивните имиња и фотографии. Исплашени и збунети, тие почнуваат да истражуваат надевајќи се дека сè ова е само некоја бизарна случајност која би можела да му се случи на секого.rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)rnrnНивната потрага ќе ги доведе до неколку збунувачки, но истовремено и неверојатни откритија. Историјата на Рејвенсвуд е преполна со трагедии и страдања, а жителите од околните градови тврдат дека тој е проколнат. Но, ништо нема да има смисла сè додека не се случи страшна несреќа која ќе ги спои животите на 5 тинејџери од овој град. Миранда, Кејлеб, Реми (Бритни Олдфорд) и близнаците Лук (Брет Даер) и Оливија (Мерит Петерсон) ќе мора да навлезат длабоко во историјата на Рејвенсвуд, и пред да биде предоцна, да ја откријат клетвата која со години владее низ градот и да најдат начин како да ја победат и да се спасат себеси од сигурна смрт.rnrnТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood) ТВ серија: Рејвенсвуд (Ravenswood)rnrnГрадот Рејвенсвуд се наоѓа во близина на градот Роузвуд каде што се одвива дејството од ТВ серијата „Убави мали лажливки“. Овие две серии се спојуваат преку девојката на Кејлеб, Хана (Ешли Бенсон). И покрај тоа што не може да се каже дека приказната во „Рејвенсвуд“ е нешто досега невидено и необично, сепак доколку сте љубители на мистерии и паранормални случувања, оваа ТВ серија може да ви биде интересно и на моменти застрашувачко бегство од реалноста.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба

    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба

    Кога Џошуа Ватсон и Рејчел Ватсон се вериле, сакале да направат интересна фотосесија за најава на нивната свадба. Со помош на нивниот пријател Џордан Накамура, кој работи како фотограф, тие рекреирале постери од познати филмови и ТВ серии, заменувајќи ги главните ликови со себеси.rnrn

    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба
    Како ја запознав мајка ви (How I Met Your Mother)
    rnrnПостерите во вид на покани даваат детални информации за свадбата, а младоженците си направиле и постери во реална големина кои вечно ќе го красат нивниот дом.rnrn
    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба
    Образование (An Education)
    rnrn
    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба
    Казабланка (Casablanca)
    rnrn
    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба
    Одење по работ (Walk the Line)
    rnrn
    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба
    Почеток (Inception)
    rnrn
    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба
    Малата Мис Америка (Little Miss Sunshine)
    rnrn
    Рекреирале постери од филмови и ТВ серии за најава на нивната свадба
    Момците од Медисон (Mad Man)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.