КАФЕ ПАУЗА

Tag: ТВ серии

  • Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес

    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес

    Последната епизода од култната ТВ серија Беверли Хилс која започна да се снима во 1990 година, се емитуваше на 17 мај, 2000 година. Оттогаш поминаа 13 години. Средношколците кои сите фанови ширум светот ги обожаваа, денес се возрасни личности, со повеќе или помалку успешна кариера. Некои се баеги остарени, но некои изгледаат одлично и им пркосат на годините. Погледнете како изгледа дел од победничкиот тим, тогаш и денес. Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес Тимот на Беверли Хилс некогаш и денесrnrn

    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Џејсон Присли (Брендон Волш)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Шенон Доерти (Бренда Волш)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Џени Гарт (Кели Тејлор) и Лук Пери (Дилан Меккеј)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Габриел Картерис (Андреа Закерман)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Џени Гарт (Кели Тејлор)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Тори Спелинг (Дона Мартин)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Лук Пери (Дилан Меккеј)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Тифани Тиесен (Валери Малоун)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Кристин Елис (Емили Валентајн)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Кетлин Робертсон (Клер Арнолд)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Линдзи Прајс (Џенет Сосна)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Ребека Гејхарт (Антонија Тони Маршет)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Ванеса Марсил (Џина Кинкејд)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Хилари Свонк (Карли Рејнолдс)
    rnrn
    Тимот на Беверли Хилс некогаш и денес
    Винсент Јанг (Ноа Хантер)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога вашите омилени ТВ серии и филмови би биле цртани

    Кога вашите омилени ТВ серии и филмови би биле цртани

    Илустраторот Џастин Вајт од Калифорнија, направил навистина интересна серија илустрации инспириран од неговите омилени ТВ серии и филмови. Тој ни доловил како би изгледале тие доколку би биле нацртани, наместо снимани со камера. Доколку сакате да погледнете повеќе илустрации од оваа серија, посетете го сајтот на авторот.rnrn

    Одмазници (The Avengers)
    Одмазници (The Avengers)
    rnrn
    Црниот лебед (Black Swan)
    Црниот лебед (Black Swan)
    rnrn
    Утринскиот клуб (The Breakfast Club)
    Утринскиот клуб (The Breakfast Club)
    rnrn
    Појадок кај Тифани (Breakfast at Tiffany's)
    Појадок кај Тифани (Breakfast at Tiffany’s)
    rnrn
    На лош пат (Breaking Bad)
    На лош пат (Breaking Bad)
    rnrn
    Џанго (Django)
    Џанго (Django)
    rnrn
    Возење (Drive)
    Возење (Drive)
    rnrn
    Игра на тронови (Game of Thrones)
    Игра на тронови (Game of Thrones)
    rnrn
    Убиј го Бил (Kill Bill)
    Убиј го Бил (Kill Bill)
    rnrn
    Леон: професионалецот (Léon: The Professional)
    Леон: професионалецот (Léon: The Professional)
    rnrn
    Момците од Медисон (Mad Man)
    Момците од Медисон (Mad Man)
    rnrn
    Канцеларијата (The Office)
    Канцеларијата (The Office)
    rnrn
    Сјаење (The Shining)
    Сјаење (The Shining)
    rnrn
    Птици (The Birds)
    Птици (The Birds)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали лаги кои секојдневно си ги кажуваме

    Мали лаги кои секојдневно си ги кажуваме

    „Денес ќе го изедам целото чоколадо, па утре ќе бидам само на салата и овошје“. Ќе ги измијам садовите подоцна“. „Имам време да поспијам уште 10 минути, нема да задоцнам“. Кои лаги вие си ги повторувате секој ден? 🙂(1) Мали лаги кои секојдневно си ги кажувамеrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Грешки од ТВ сериите кои ќе ве насмеат до солзи

    Грешки од ТВ сериите кои ќе ве насмеат до солзи

    Во денешно време навистина има огромен избор на серии кои можат да задоволат сечиј вкус. Додека пред 10-15 години со нетрпение сме чекале да ја пуштат на телевизија новата епизода од „Пријатели“, „Беверли Хилс 90210“ и неколку други, денеска понудата на интересни ТВ серии се зголеми, а со тоа и апетитите на луѓето, па така нема човек што не гледа барем 5 серии одеднаш. Грешки од ТВ сериите кои ќе ве насмеат до солзиДенешните серии, без разлика на жанрот, се фантастично реализирани, а за нивното создавање воопшто не се жалат пари. Се најмуваат ѕвезди, се инвестира во опрема и опремување на студија, договорите на глумците рипнаа до небо, а сето тоа на крајот резултира со феноменална серија која луѓето ја сакаат. За време на снимањето често се случуваат многу интересни грешки, кои луѓето од екипата, по некое време ги објавуваат за уште повеќе да се зголеми популарноста на серијата. Мал дел од нив веќе имавте прилика да погледнете, а ова е уште едно продолжение.

    rnrn

    The Office

    rn

    rn

    How I Met Your Mother

    rn

    rn

    Breaking Bad

    rn

    rn

    New Girl

    rn

    rn

    Suits

    rn

    rn

    Fringe

    rn

    rn

    The Mentalist

    rn

    rn

    House MD

    rn

    rn rnrn


    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии

    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии

    Инеки Алиесте Лизаралде е професионален дизајнер на ентериер од Шпанија. Во своето слободно време тој прави детални нацрти од домовите на најпопуларните телевизиски серии и филмови. Сите овие нацрти се рачно нацртани и обоени.rnrn

    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Џери Сеинфилд (Сеинфилд)
    rnrnНо, тоа што е најимпресивно е неверојатно деталното и точно претставување на димензиите и пропорциите. Исто така важно е да се напомене дека повеќето од овие ТВ серии се снимани во студија и честопати сцените биле менувани за време на различни сезони. Тоа што можете да го видите на овие фотографии е најдобриот обид на Инеки да ги инкорпорира сите различни изгледи во еден целосен нацрт на домот.rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Моника Гелер и Рејчел Грин (Пријатели)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Чендлер Бинг и Џои Трибијани (Пријатели)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Шелдон и Ленард (Теоријата за Биг Бенг)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Тед Мозби (Како ја запознав мајка ви)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Кери Бредшо (Сексот и градот)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Домот на Декстер Морган (Декстер)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Вил и Грејс (Вил и Грејс)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Домот на Луси и Рики (Ја сакам Луси)
    rnrn
    Нацрти на апартманите од најпопуларните ТВ серии
    Апартманот на Фрејзер (Фрејзер)
    rnrnДоколку ве интересира нешто повеќе за работата на овој дизајнер, погледнете го неговиот профил на „Etsy“.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериите

    7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериите

    Од „Пријатели“, до „Озборувачка“ и сè помеѓу нив, постојат илјадници ТВ серии кои се обидуваат да го доловат животот во Њујорк Сити. Но, како што знаете, не сè што гледате на телевизија соодветно го отсликува вистинскиот живот и ТВ сериите во кои дејството се одвива во Њујорк не се исклучок од ова правило. Погледнете ги наредниве неколку факти кои укажуваат на тоа колку нереално е прикажан животот во Големото Јаболко на малите екрани.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Налетување на луѓето кои ги познавате

    rnВо ТВ сериите како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Озборувачка“ и „Сексот и градот“ ликовите на улиците и во продавниците постојано налетуваат на некој од минатото. Животот во Њујорк воопшто не е таков. Освен ако не се наоѓате во област каде што некој ваш познат живее или работи, шансите да го видите случајно на улица не се воопшто поголеми од оние да видите некој познат во друг голем град. Моментално таму живеат 8.244.910 луѓе и апсурдно е да се помисли дека секојдневно можете да налетувате на личности од вашето минато.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Место кое е резервирано за вас

    rnВо ТВ сериите, ликовите постојано имаат нивно „место“ каде што секојдневно се собираат и пијат кафе или јадат. „Пријатели“ го имаа каучот во кафуле, „Како ја запознав мајка ви“ имаат сепаре во бар, „Сеинфилд“ имаа место во ресторан – но, во реалниот живот никогаш не можете да го добиете истото место секој пат кога ќе отидете до вашето омилено кафуле, бар или ресторан. Понекогаш после работните часови во Менхетен не може воопшто ни да се најде слободно место за еден, а уште помалку за цела група од 5-6 луѓе.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Апартман со совршена големина

    rnТВ серијата „Пријатели“ започна така што група пријатели заедно бараа работа, љубов и начин на средување на својот живот во Њујорк. Но, Рејчел, Рос и останатите од групата живееа во премногу удобни апартмани во однос на тоа колку време поминуваа пиејќи кафе во Централ Перк. Во просек, доколку работите поеќе од 40 часа неделно, би имале доволно за 1/3 од големината на нивниот стан на Менхетен.rnrnДури и апартманот кој Тед и Маршал го изнајмуваа во „Како ја запознав мајка ви“ е нереално голем за локацијата на која се наоѓа и со оглед на фактот дека на почетокот Маршал беше невработен студент по право. Да не почнеме воопшто да зборуваме за животот во Горната источна страна на Кери од „Сексот и градот“… Доколку немате високо платена работа, вашиот апартман во центарот на Њујорк би имал големина на кутија за чевли.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Пијачки после работа

    rnФактот дека после цел работен ден, ликовите од „Како ја запознав мајка ви“ секогаш имаат енергија да ја поминат вечерта во лудо пиење е малку нереално. Размислете, колку енергија имате вие вечерта кога ќе се вратите од работа? И што прво ви паѓа на памет во моментот кога ќе влезете низ вратата од вашиот дом? Дури и да соберете сила да излезете со вашите пријатели, неколку пива во бар на Менхетен би ве чинеле околу 30 долари. Ако сакате нешто пожестоко ќе мора да потрошите голем дел од она што сте го заработиле тој ден.rnrnВо реалноста пријателите обично „се загреваат“ во домашна атмосфера, а потоа излегуваат во барови и клубови со цел да запознаат нови луѓе и тоа најчесто се случува само за време на викендот.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Гламурозната Горна источна страна

    rnГорната источна страна повеќе не е олицетворение на гламурот и раскошот како што е претставена во „Озборувачка“. Всушност, доколку продолжите да се движете источно од Централ Парк, ќе налетате на една од најевтините населби за живеење во моментов во Менхетен. Исто така, богатите барови и клубови кои се наоѓаат таму, многу ретко се посетувани од помлади, а уште поретко од богати тинејџери. Помладите обично го посетуваат Вилиџ и градскиот центар за забави во вечерните часови. Всушност постојат многу поелитни места кои можете да ги најдете во центарот на Менхетен, така што правилото на девојките од оваа ТВ серија за неизлегување подалеку од 59-тата улица е нелогично.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Постојаното запознавање на кул личности

    rnСите оние пати кога Тед Мозби и неговите пријатели од „Како ја запознав мајка ви“ запознаа паметни, прекрасни и забавни луѓе во нивното маало се граничи со невозможно. Всушност, во реалноста шансите да налатете на неверојатни луѓе во текот на вечерта не се ништо подобри отколку во кој било друг голем град. Можеби тие се дури и полоши, имајќи предвид дека повеќето од оние кои ги запознавате во баровите на Менхетен ќе бидат пијани или ќе имаат цел да ве однесат во кревет во текот на наредните неколку часови.rnrnНо, мора да се признае дека ликот на Барни Стинсон совршено отсликува дел од мажите на кои можете да налетате во вечерните часови на Менхетен… Исто така, ликовите од „Пријатели“ многу лесно успеваа да договорат состаноци, додека пак во реалниот живот тоа оди малку поспоро. Сепак таму живеат преку 8.000.000 луѓе и потребно е повеќе време да ги издвоите „дијамантите“ од обичните „камења“.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    На девојките многу ретко им се додворуваат

    rnАко решите да се дотерате и да облечете високи потпетици за излегување, големи се шансите дека цела вечер околу вас ќе се вртат голем број мажи зборувајќи ви вулгарни работи кои воопшто не би сакале да ги слушнете. Исто така одејќи по улица постојано ќе ви потсвирнуваат и ќе ви упатуваат несоодветни коментари. И покрај тоа што девојките постојано се средени (посебно во „Озборувачка“) ова воопшто не се случува во ТВ сериите.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrnrnЕдинствениот начин целосно да го искусите животот во Њујорк е да живеете таму. Тогаш ќе можете да видите од прва рака колку е тешко да сретнете познати луѓе, колку многу енергија би ви била потребна да правите едноставни и секојдневни работи како одењето до продавница и колку мали можат да бидат апартманите. Но, и покрај сè ова, животот во Њујорк е неверојатна авантура каде што дури и во метрото може да ви се случи нешто незаборавно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите

    Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите

    Сите сакаме добра љубовна приказна. Телевизиските серии и филмови се преполни со нив, но само мал дел можат да се наречат епска романса, посебни љубовни врски или страствени флертувања. Погледнете дел од најдобрите љубовни приказни кои во последнава декада сме имале можност да ги видиме на малите екрани…rn
    rn

    1. Нејтан и Хејли – Три Хил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСекогаш и засекогаш. Овие зборови ќе се поврзуваат со Хејли до крајот. „One Tree Hill“ беше во основата приказна за љубовта. Љубовта за кошарката. Љубовта за музиката. Љубовта за пријателите. Љубовта за фамилијата. И најважно од сè, за вистинската љубов помеѓу Нејтан Скот и Хејли Џејмс.rn
    rn

    2. Кери и Фацата – Сексот и градот

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеКери имаше масовна парада на машки додворувачи, но оној на кој секогаш му се враќаше е Фацата. Тој беше, на многу начини, човечкото олицетворение на вистинската љубов на Кери, градот Њујорк.rn
    rn

    3. Дерек и Мередит – Вовед во анатомија

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДо нивниот почеток тие поминаа бурен пат, но сепак кој може да одолее на куќа изградена од свеќи? И покрај тоа што не секогаш добро се согласуваа, Мер-Дер уште од самиот старт беа судени еден за друг.rn
    rn

    4. Питер и Оливија – На работ

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСправувајќи се со злобни двојници од друга димензија, променети временски линии кои целосно го избришаа неговото постоење и пат до иднината, Питер и Оливија во „Fringe“ секогаш успеваа да се пронајдат еден со друг. Станува збор за љубов која ги надминува сите познати физички закони во универзумот.rn
    rn

    5. Маршал и Лили – Како ја запознав мајка ви

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДоколку можете да избирате да бидете пријатели со кој било ТВ пар, без сомнение ќе ги изберете овие двајца. Тие се доказ дека една здрава и функционална врска може да биде забавна. Нивната совршена смисла за хумор им помага да им е интересно еден со друг, како што би требало да му биде на секој добар пар.rn
    rn

    6. Робин и Барни – Како ја запознав мајка ви

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеИ покрај многуте обиди да бидат само пријатели, тие постојано се навраќаа еден на друг. Брилијантната последна страна од книгата на игрите на Барни, наречена „The Robin“ конечно успеа да доведе до нешто подлабоко и посериозно помеѓу нив.rn
    rn

    7. Чак и Блер – Озборувачка

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДали некогаш порано два лика биле толку совршени еден за друг? Ова подло дуо може да прави заговори и да манипулира со секој, а нивните психолошки игри беа како предигра до судената љубов.rn
    rn

    8. Лукас и Пејтон – Три Хил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОд моментот кога таа влезе во неговата кола во првата епизода, се роди наследството Лејтон. Потоа веќе никој и ништо не можеше да ги спречи. Всушност, тој дури напиша и книга, „The Comet“ во која ја опиша нивната бескрајна љубов.rn
    rn

    9. Касл и Бекет – Касл

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериите4-годишните задевања помеѓу нив беа неодоливи и во тоа време тие станаа толку блиски што би направиле и би ризикувале сè еден за друг. За среќа, тие конечно се предадоа на своите чувства, бидејќи Бекет знае дека тој секогаш ќе биде тука за неа. Секогаш…rn
    rn

    10. Бут и Бренан – Коски

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТие флертуваа со години сè додека конечно не потклекнаа на неизбежното, фрлајќи ја безбедноста низ „прозор“, имајќи заедно бебе и потоа учејќи како да живеат еден со друг. Тоа беше долг пат кој дефинитивно вредеше.rn
    rn

    11. Сидни и Вон – Алијас

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНе беше лесно за овие два супер-шпиони да успеат со нивната врска, посебно покрај лошите родители, владините заговори, античките пророштва, нејзиното прогласување за мртва и неговото лажирање на смртта. Но, некако тие успеаа да поминат преку сè.rn
    rn

    12. Сузан и Мајк – Очајни домаќинки

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеПриказната започна со обидот на Сузан да го освои „жешкиот“ водоводџија и ниту една пречка од сапуницата не беше во можност да ги раздели. Тие беа заедно, сè додека насилниот завршеток не ги „разнесе“ на сите страни.rn
    rn

    13. Џулс и Грејсон – Градот на пумите

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНикој не очекуваше дека шоу наречено „Cougar Town“ може да еволуира во слатка и романтична комедија, но сепак ние успеавме да видиме како љубителката на вино Џулс и покрај сите негови маани успеа да го прифати Грејсон.rn
    rn

    14. Лоис и Кларк – Смолвил

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОва е најголемата љубовна приказна во светот на стриповите, па кога Кларк се појави на малите екрани, беше само прашање на време до појавата на Лоис. Беше потребно долго време, но сепак приказната стигна до забавната гледна точка на двајца новинари кои се заљубуваат додека ги „бркаат“ своите вести.rn
    rn

    15. Дејмон и Елена – Вампирски дневници

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДа, Стефан е добриот тип, но приказната за Дејмон и Елена е многу поинтересна. Тој прв ја запозна, но беше приморан да ја заборави. Бидејќи нивната романса е забранета, тој постојано се однесува премногу кул за да се грижи за такви нешта, но ние знаеме дека тоа не е вистина. Нежната страна на Дејмон постојано надѕирнува и кога ќе се појави, ни покажува колку неверојатно сложена е нивната љубовна приказна.rn
    rn

    16. Шон и Џулиет – Видовитиот

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОваа љубовна приказна е повеќе за смирувањето на девојката отколку за што било друго, додека разиграната будалштина на Шон ја освои Џулиет која веќе не може да одолее на неговиот шарм.rn
    rn

    17. Ленард и Пени – Теоријата за Биг Бенг

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеБубалицата ја освои згодната девојка отспротива. Сите неизбежни проблеми се таму, но тешкиот пат до среќата е она што ја прави оваа приказна толку добра.rn
    rn

    18. Хаус и Кади – Доктор Хаус

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеЕдинствената жена која може да се справи со доктор Хаус е Кади. Тие имаа уникатен однос сè додека конечно не влегоа во љубовна врска. Но, за жал ни таа не можеше да се натпреварува со неговата прва љубов, Викодинот.rn
    rn

    19. Овен и Кристина – Вовед во анатомија

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНивната врска беше комплицирана и сурова сè додека се бореа да го надминат пострауматскиот стрес на Овен. Нивната приказна е прекрасно обликувана околу два сериозно скршени ликови кои се обидуваат, не успеваат и повторно се обидуваат да се спојат еден со друг.rn
    rn

    20. Рејчел и Фин – Гли

    rnНајдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТинејџерската романса е секогаш полна со драма и тоа дефинитивно е случај и со овие двајца кои мораа да поминат низ голем број  пречки и ликови кои се обидуваат да застанат помеѓу нив. Но и покрај лошото раскинување, сите ние знаеме дека тие на крајот повторно ќе бидат заедно.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за филмовите

    Интересни факти за филмовите

    Дали знаевте зошто сериите уште се нарекуваат „сапуници“ и кој е најгледаниот сериски филм? Интересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Во оригиналната верзија, чевличката на Пепелашка не била направена од стакло, туку од крзно.
    • rn011

    • Мапет шоуто било забрането во Саудиска Арабија затоа што еден од ликовите бил свиња.
    • rn011

    • Во серијата „Симпсонови“, Хомер, Марџ, Лиса и Маги ги добиле имињата според мајката, таткото и двете сестри на творецот на оваа серија.
    • rn011

    • Душко Долгоушко за првпат се појавил во 1935 година. Тогаш се викал Среќниот Зајак.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Дизниленд за првпат бил отворен во 1955 година.
    • rn011

    • Во периодот помеѓу 1931 и 1969 година, Волт Дизни освоил 35 Оскари.
    • rn011

    • Првиот долгометражен цртан филм кој излегол од студиото на Дизни бил „Снежана и седумте џуџиња“ (1937 година).
    • rn011

    • Мики Маус во Италија е познат како Тополино.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Бендот „Дјуран Дјуран“ го добил своето име според астронаутот во филмот на Џејн Фонда од 1968 година, „Барбарела“.
    • rn011

    • Песната „Среќен роденден“ била првата песна изведена во вселената од страна на екипажот на Аполо 9, на 8 март 1969 година.
    • rn011

    • Мајката на актерката Мелани Грифит, Типи Хендрен, се прослави играјќи ја главната улога во филмот на Алфред Хичкок, „Птици“.
    • rn011

    • Во филмот на Хичкок, „Психо“, наместо крв бил користен чоколаден сируп. Фамозната сцена со тушот трае 45 секунди, а била снимана 7 дена.
    • rn011

    • Најчестата историска личност портретирана во филмовите е ликот на Наполеон Бонапарта, за кој се снимени 194 филма. По него следуваат Исус Христос со 152 и Абрахам Линколн со 137 филма.
    • rn011

    • Најдолгиот говор за доделувањето на Оскарите траел 5 минути и 30 секунди. Го држел Грир Гарсон за филмот од 1942 „Госпоѓа Минивер“.
    • rn011

    • Првата холивудска актерка која добила 1 милион долари за една слика била Елизабет Тејлор за сликата на Клеопатра.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Сериите познати како „сапунски опери“ или „сапуници“ биле наречени така затоа што биле наменети за рекламирање сапун во вид на прашок.
    • rn011

    • Најпопуларната телевизиска серија е „Чувари на плажата“.
    • rn011

    • Првобитно, Кортни Кокс била предвидена да го глуми ликот на Рејчел во серијата „Пријатели“, но откако го прочитала сценариото, таа сама побарала да ја глуми Моника.
    • rn011

    • Освен „Пријатели“, други можни наслови за оваа серија биле „Пријатели како нас“, „Шест како еден“ и „Преку ходникот“.
    • rn011

    • Пред да започне снимањето на „Пријатели“, било предвидено централниот настан да биде љубовта меѓу Џои и Моника.
    • rn011

    • Гантер, келнерот од кафулето Central Perk, немал име сè до средината на втората сезона.
    • rn011

    • Најавната шпица во која актерите танцуваат во фонтаната била снимена во 4 часот наутро.
    • rn011

    • Последната епизода на „Пријатели“ била снимена на 6 мај 2004 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Првиот филмски бакнеж се случил помеѓу Меј Ирвин и Џон Ројс во 1896 година, во филмот „Вдовицата Џоунс“.
    • rn011

    • Кинг Конг“ е единствениот филм кој добил продолжение истата година (1933), кога првпат се нашол на репертоарот на светските кино-сали. Продолжението на „Кинг Конг“ се вика „Синот на Конг“.
    • rn011

    • Филмот „Убава жена“ е снимен според операта „Травијата“ во која проститутка се вљубува во богат човек.
    • rn011

    • Во филмот „Убиј го Бил“, Ума Турман носи жолт костум ист како оној на Брус Ли во филмот „Игра на смртта“.
    • rn011

    • За потребите на „Убиј го Бил“ биле потрошени 65.000 долари за мечеви.
    • rn011

    • Сценариото на овој филм било пишувано 6 години, пред да биде поделено на два дела.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

    Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“

    На популарноста на јунаците од хит серијата „The Big Bang Theory“ ù нема крај. На интернет кружат нови модни комбинации инспирирани од нивните улоги. Наменети се исклучиво за девојките. Еве по збор-два за овие ултраинтересни ликови и за нивниот изглед во серијата…rnrnАрогантниот и параноичен гениј д-р Шелдон Купер (Џим Парсонс) ужива да ја истакнува својата интелектуална супериорност. Речиси во секоја епизода го потенцира фактот дека на факултет се запишал на шест годишна возраст, а доктор на науки станал на свои 16 години. Покрај науката, негова страст се и стриповите, видеоигрите, а огромен обожавател е и на научно-фантастичната серија „Ѕвездени патеки“. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Шелдон воопшто не се грижи за модните трендови, но постојан е во љубовта кон маичките со суперхерои и кон карираните дезени. Неговите комбинации изгледаат смешно, но ако внимателно ја селектирате облеката, парче по парче, со малку креативност можете да добиете навистина кул изглед.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Леонард (Џони Галецки) е трпелив цимер и колега на Шелдон. Исто така е физичар и со слични хобија и интереси, но кога станува збор за љубовта, тие имаат дијаметрално спротивставени ставови. Шелдон е детинестиот цимер, а Леонард е во потрага по вистинска љубов и стабилна врска.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“За разлика од неговиот другар Шелдон, Леонард е умерен во облекувањето. Неговите парчиња облека се едноставни, но со добро искомбинирани бои. Препознатлив е по очилата со дебели рамки.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Пени (Кејлу Куоку) е типичен пример за девојка од соседството. Таа живее во станот спроти Шелдон и Леонард. Пени се надева дека еден ден ќе стане успешна актерка и сценограф, а додека ги гаи тие соништа работи како келнерка во ресторанот Чизкејк фактори. Таа одлично ги прифатила ексцентричните момци, кои повремено ја збунуваат. Но, кога станува збор за реалниот свет, тогаш на сцена стапува Пени. Тие знаат да затропаат на нејзината врата за совет, особено Шелдон со неговото специфично тропање.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот стил на облекување е едноставен и вообичаен за модерните и кул девојки. Таа е секси во град, но и обична, слатка и опуштена сосетка, која кај Шелдон и Леонард практикува да намине во своите удобни пижами.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард Воловиц (Сајмон Хелберг) е вселенски инженер и единствен во групата гении кој нема докторат. Тој живее со неговата луда мајка и себеси се класифицира во опасен женкар. На крајот љубовта ја наоѓа во колешката на Пени, Бернадет.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Хауард има најоткачен стајлинг. Тој носи тесни, припиени панталони, ролки и карирани кошули. Ако нешто отфрлите од тоа, а нешто додадете, добивате конечен секојдневен изглед, погоден за на факултет или за на работа.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Раж (Кунал Најар) е астрофизичар и најдобриот пријател на Хауард. Доаѓа од богато семејство од Индија. Раж ја обожава американската храна и нивната поп-култура и е во постојан страв дека ќе го депортираат назад во Индија. Тој е екстремно срамежлив и има сериозен проблем во комуникацијата со девојките. Не може да изусти ниту збор пред нив, ако не е под дејство на алкохол. Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Гардеробата на Раж главно се состои од елечиња во многу бои и дезени. Делуваат збунувачки. Такви парчиња облека, па и не можете баш да најдете во бутиците, но еве еден обид за „кежуал“ стајлинг кој потсетува на Раж.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Д-р Бернадет (Мелиса Раух). Таа има докторат по микробиологија и како што веќе напоменавме, работи заедно со Пени во ресторанот. Заљубена е во Хауард, го смета за нејзина сродна душа, иако многу често не ја разбира неговата чудна смисла за хумор. Бернадет е слатка и весела, но во нејзините „жолти минути“ прозвучува како мајка му на Хауард.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“Нејзиниот изглед е по малку наивен, на парчињата облека што ги носи преовладуваат цветните дезени. Но, ако имате време и си поиграте со комбинациите, може да добиете класичен и секси изглед од 60-те години.Гик-чик мода инспирирана од „Теоријата за Биг Бенг“ Па девојки, би облекле некоја од овие комбинации? Размислете за Ражовиот „аутфит“. :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст

    Понекогаш дури и совршените серии имаат карактери кои го нарушуваат беспрекорниот тек на една епизода. Чудно, но причините не се оние кои први би ви паднале на памет, дека актерите не ги носат како што треба нивните улоги пред малите екрани. Напротив, некои од овие глумци се познати ТВ ветерани кои имаат многу искуство и награди зад себе.rn

    Овие карактери сме ги сакале на почетокот, но сценаристите некаде погрешиле и почнале да ги носат во погрешна насока.

    rnrnrn

    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Сју Силвестер – „Гли“ (Glee)
    rnrnСју беше носител на сцените во кои се појавуваше, за да постепено премине во нивни уништувач. Нејзиниот лик сè повеќе станува апсурден, како да е извадена од цртан филм. Обидувајќи се секогаш да ги надмине своите претходни подвизи, нејзината улога стана тешка за одржување и пренападна за серијата. Ова не значи дека секоја сцена во која таа се појавува е катастрофа, туку дека балансот е нарушен и тоа се одразува на целокупниот впечаток од серијата Гли.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Пирс Хаторн – „Заедница“ (Community)
    rnrnОстанатите карактери од „Заедница“ совршено се вклопуваат помеѓу себе, но Пирс понекогаш дури може и да заборавиме дека е дел од групата за учење. Се чини како овој лик веќе воопшто да не и е потребен на серијата. Другите карактери во серијата не го сакаат, па зошто би го сакале гледачите. Сцените со Пирс често не се смешни, па дури и одат на нерви.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Грејс и Зек Флорик – „Добрата сопруга“ (The Good Wife)
    rnrnНишто не го упропастува дејството во серијата како што тоа го предизвикуваат децата на Алиша и Питер. Навистина, нејзината улога како мајка е многу важна и е причина зошто гледачите ја сакаат. Но, кога децата се сами и се соочуваат со разни тинејџерски ситуации, тоа сериозно го нарушува текот на епизодата.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Латс, Пит, Туфер, Френк – „Рокфелер Плаза 30“ (30 Rock)
    rnrnПерсоналот кој е задолжен за пишување на серијата (Латс, Пит, Туфер, Френк и други) си доделува улоги за себе почесто одошто е потребно. Многу иритира кога уживајќи во некоја сцена со Лиз Лемон наеднаш ќе ве нападнат со некоја бесмислена сплетка. Тие се ОК како ликови во позадина, но нивните самостојни сцени целосно го попречуваат текот на епизодите.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Ен Перкинс – „Паркови и рекреација“ (Parks & Recreation)
    rnrnСирота Ен. Кога овој лик се дружи со Лесли и двете заедно уживаат во нивното дружење, таа е супер. Но, кога гледачот е присилен да ја поднесува Ен во однос на Енди или Крис, тогаш работите не се баш супер. Нејзиниот карактер сосема добро се вклопува додека е во близина на Лесли или додека Ејприл и го згорчува животот, но кога сценаристите ја поттикнуваат на романтични подвизи, тогаш работите стануваат здодевни.rnrn
    Улоги кои ги водат ТВ сериите кон пропаст
    Џоел и Џулија – „Родители“ (Parenthood)
    rnrnНадвор од целиот „клан“ Брејверманови, Џоел и Џулија се веројатно најздодевната двојка. Гледачите немаат што да извлечат од нив, а треба да имаат со оглед на тоа дека тие се чуден спој. Нивните проблеми не е интересни во однос на сочните драми кои ги приредува остатокот од семејството.rnrnШто велите вие? Дали се согласувате со листава и би додале ли вие некој лик од ТВ сериите во неа?