КАФЕ ПАУЗА

Tag: ТВ серии

  • 4 неочекувани начини на кои заедничкото гледање серии може да ви ја зајакне врската

    4 неочекувани начини на кои заедничкото гледање серии може да ви ја зајакне врската

    Гледањето цела серија одеднаш си има добиено лоша репутација, најчесто бидејќи трошиме неколку часови, па дури и денови постојано гледајќи во екран. Не изгледа како најдобрата социјална активност, но доколку гледањето го испланирате со партнерот, тоа може да биде навистина забавно и романтично искуство.rnrn4 неочекувани начини на кои заедничкото гледање серии може да ви ја зајакне врскатаrnrnНаводно, експертите тврдат дека одвреме-навреме добро е да изгледате некоја серија со партнерот, бидејќи тоа ќе ве зближи. Дознајте како.rn

    1. Ќе создадете заедничка удобна зона

    rnКој не сака да изгледа ТВ серија, покриен со меко ќебе и облечен во најубавите пижами? Сега замислете си да го правите тоа со уште некој. Ќе бидете во целосно релаксирана состојба и тоа е сосема спротивно на дотерувањето за излегување во град. Да поканите некого да ви се придружи во таа состојба покажува дека ви е удобно со личноста, па самиот гест е навистина интимен. Поради атмосферата, напнатоста и стресот ќе се намалат и ќе создадете безбедно заедничко место.rn

    2. Ќе се поврзете преку ликовите што ги сакате

    rnГледањето ТВ серии може да ги зближи паровите, бидејќи им помага да формираат емоционална врска со ликовите од она што го гледаат. На почетокот можеби ќе немате многу заеднички пријатели, но со следењето на животите на некој лик од серија, ќе имате нешто заедничко. Кога ќе имате некој што ќе ја разбира вашата желба да гледате уште, ќе се зближите.rn

    3. Ќе научите повеќе еден за друг

    rnЗаедничкото гледање ви овозможува заедно да искусите нешто ново, или пак да си ги покажете омилените нешта. Доколку имате омилена серија од пред 20 години, а вашето момче не ја гледало, тоа ви дава можност да му покажете нешто ново. Ова е начин да внесете повеќе во вашиот заеднички свет. Заедно ќе се смеете, ќе плачете и ќе ги искусите задоволството и забавата.rn

    4. Тоа е состанок без многу подготвување

    rnБидејќи планирањето е лесно, гледањето серија со партнерот ќе ви помогне да поминете време заедно без целиот притисок. Исто така, дружењето покрај состаноците надвор ќе покаже дека вашата врска сепак е вистинска. Ова е добар знак за здрава врска, бидејќи можете да бидете заедно без потреба едниот да го забавува другиот. Доколку можете да бидете среќни заедно без потреба да правите нешто, тоа кажува дека ви е удобно во врската.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата врска е навистина стабилна.

  • Бил Гејтс открива кои се неговите омилени ТВ серии

    Бил Гејтс открива кои се неговите омилени ТВ серии

    Понекогаш сфаќаме дека некое хоби или навика ни одзема премногу време и не ни дозволува да бидеме продуктивни, па некој период се оддалечуваме од тоа и создаваме нови приоритети. Токму тоа го направил Бил Гејтс со неговиот телевизор во неговите 20-ти.rnrnБил Гејтс открива кои се неговите омилени ТВ серииrnrnВо неговите 20-ти, речиси половина деценија Бил престанал да слуша музика и да гледа телевизија.rn

    „Звучи екстремно, но го направив ова бидејќи сметав дека тоа само ми го одвлекува вниманието од размислување за софтвер.“

    rnОчигледно, неговиот план функционирал бидејќи во 20-тите Бил Гејт го создал Мајкрософт.rnrnНо, поставувањето нови приоритети не значи дека треба целосно да се откажете од вашето хоби. Всушност Бил изјавил дека има неколку омилени ТВ серии што сака да ги гледа. Бил, кој беше извршен директор на Мајкрософт до 2000-та година, а сега ја води Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, одвојува време за телевизија и споделил што сака да гледа овие денови.rn

    „Тој период на оддалечување од забавата траеше само 5 години. Овие денови сум голем фан на ТВ сериите како ‘Наркос’ (Narcos) и слушам многу U2, Вили Нелсон и Beatles.“

    rnКога одговарал прашања на Редит, тој споделил уште неколку серии кои не сака да ги испушти.rn

    „Мелинда и јас сакаме да гледаме серии како ‘Силиконска долина’ (Silicon Valley), ‘Ова сме ние’ (This is Us), ‘Милион мали нешта’ (Million Little Things)… ‘Наркос’ ја изгледав сам. ‘Лажи ме’ (Lie to Me), ‘Американски вандал’ (American Vandal), ‘Црно огледало’ (Black Mirror). Има многу добри серии – луѓе ми кажуваат за нив, но не можам да ги изгледам сите!“

    rnНо се разбира, не е сè музика и телевизија. Бил Гејтс исто така ужива во медитацијата, која ја нарекува вежба за умот. И тој и неговата сопруга неодамна почнале да медитираат 2 до 3 пати неделно, по 10-тина минути.rn

    „Не сум сигурен колку медитацијата би ми помогнала да се фокусирам во раните денови на Мајкрософт, бидејќи бев навистина фокусиран и без неа. Но сега кога сум во брак, имам три деца и имам поширока палета на професионални и лични интереси, таа е одлична алатка за подобрување на мојот фокус. Исто така ми има помогнато да се повлечам и да се смирам со кои било мисли или чувство што ги имам. Ми се допаѓа она што го добивам од 10-те минути на секои неколку денови.“

    rnПогледнете и кои се омилените книги на најуспешните луѓе во современиот свет.

  • 13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието

    13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието

    Денес речиси и да немаме време за долги серии. Поради ова мини сериите земаат сè поголем замав. Тие се одлични за опуштање по долгиот напорен ден, а за да ги изгледате доволно ви е само еден викенд. Во продолжение погледнете некои понови мини серии што навистина ќе ве заинтересираат.rn

    1. „Крајот на е***иот свет“ (The End of the F***ing World)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnЏејмс и Алиса имаат 17 години, но се веќе разочарани од животот. Таткото на Алиса ја напуштил, а мајката на Џејмс извршила самоубиство. Двата лика се среќаваат и одлучуваат да избегаат од нивниот град. Но целта на нивното патување не е баш обична или нормална. „Крајот на е***иот свет“ има сè што ѝ е потребно на една мини серија – солзи, крв и бунтување.rn

    2. „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnПатрик Мелроуз е аристократ со многу пари, психолошки нарушувања и проблеми. Во неговото детство бил малтретиран од татко му, но успеал да стане значајна личност во општеството. Приказната за мажот кој се справува со траумите со помош на алкохол и дрога, речиси сигурно ќе ви го привлече вниманието.rn

    3. „Мозаик“ (Mosaic)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnОваа серија започнува со крајот – убиството на главниот лик, авторката на книги за деца по име Оливија. Ерик Нил е главниот осомничен, но нештата не се толку едноставни. Серијата продолжува со сеќавања од минатото кои ни покажуваат што навистина ѝ се случило на авторката. Овој необичен трилер ќе ве остави без здив до самиот крај.rn

    4. „Пикник на Хенгинг Рок“ (Picnic at Hanging Rock)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnДве девојки и нивните учителки исчезнуваат по пикник на мистериозното место Хенгинг Рок на Денот на вљубените. Ова е навистина морничава и убава серија, а во главниот лик ќе ја видите Натали Дормер.rn

    5. „Внатрешната убавина“ (The Beauty Inside)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnАлекс секое утро се буди како различна личност, а со ова „нарушување“ е навистина тешко да пронајдете љубов. Но кога луѓето ќе се вљубат, најважно е она што е внатре, а токму тоа се обидуваат да го прикажат креаторите. Оваа необична серија полна со љубов и романса ќе биде вистинска храна за вашиот ум.rn

    6. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnКлеј е обичен тинејџер кој е вљубен во Хана, девојка која извршила самоубиство. Тој открива 7 касети снимани од Хана во кои таа ги опишува 13-те причини зошто ставила крај на својот живот. „13 причини зошто“ ќе ве натера да обрнувате повеќе внимание на луѓето околу вас.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

    10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

    Понекогаш кога ќе се вратите дома по долг ден на работа, сè што сакате да направите е да седнете и да изгледате нешто интересно. Но понекогаш подолго ни треба да избереме што да гледаме од самото гледање. Па доколку ви е потребен предлог за некоја серија, погледнете ги најдобрите нови серии што можеби сте ги испуштиле годинава.rn

    1. „Жал ми е за вашата загуба“ (Sorry for Your Loss)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnГлавниот лик, Ли Шо, се обидува да се справи со смртта на нејзиниот сопруг. Живее со нејзината загуба и се надева дека ќе ги обнови врските со пријателите и со семејството. Ли ја очекуваат многу драматични настани, но таа верува дека може да надмине сè. Оваа серија ќе ве натера да сочувствувате со ликовите, а можеби дури и да заплачете со нив.rn

    2. „Касл Рок“ (Castle Rock)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnДејството се одвива во измислениот град на Стивен Кинг, Касл Рок. Ова е место каде што сериските убијци слободно шетаат по улиците, бесните кучиња ги напаѓаат луѓето и самиот ѓавол им продава проколнати предмети на луѓето. По самоубиството на чуварот од авторот Шошанк, еден млад маж е пронајден во близина на затворот. Никој не знае кој е, а мажот го кажува само името на неговиот адвокат кој е роден во Касл Рок.rn

    3. „Пикник на Хенгинг Рок“ (Picnic at Hanging Rock)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnСеријата е сместена на почетокот од 20-тиот век. Неколку девојчиња и нивните негувателки одат на пикник во близина на Хенгинг Рок. Според гласините, на ова место постои некој мистериозен зол дух. Трите девојчиња исчезнуваат и никој не може да ги најде. Ако сакате уметнички филмови и драми, оваа серија ќе ви го привлече вниманието.rn

    4. „Проклетството во куќата Хил“ (The Haunting of Hill House)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnСемејството Крејн во минатото купило куќа за да ја реновира и да ја продаде. Децата во сегашноста се сеќаваат на нивното детство во наводно проколнатата куќа. Настаните од минатото имале влијание на иднината – еден од браќата е писател, една од сестрите е психијатар, а најмладиот брат страда од зависност. Сите деца се оддалечени од нивниот татко кој не сака да им каже што навистина се случило во куќата, ноќта кога мајка им починала.rn

    5. „Ти“ (You)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnГлавниот лик е успешен менаџер на книжарница и среќава шармантна млада писателка. Љубовта на мажот набрзо се претвора во вистинска опсесија. Тој почнува да ја пребарува на социјалните мрежи за да дознае повеќе за неа и се обидува да ѝ се доближи што е можно повеќе. По некое време се претвора во вистински тиранин кој е подготвен да направи буквално сè ако нешто му застане на патот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Дневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии!

    Дневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии!

    Кога ги гледате вашите омилени ТВ серии, секоја сцена е како стар познајник кого многу добро го познавате и сигурни сте дека ништо не може да ве изненади. Но, што ако решиме да ја провериме вашата концентрација со тоа што ќе промениме неколку мали детали? Можете ли да ги најдете разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии? Колку и да ви делува тешко, не се откажувајте и обидете се да не го погледнете одговорот! Подготвени сте? Ајде да почнеме!rn

    „Теоријата за Биг Бенг“ (The Big Bang Theory): Најдете 3 разлики!

    rnДневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Дневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии![/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    „Игра на тронови“ (Game of Thrones): Најдете 2 разлики!

    rnДневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Дневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии![/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    „Пријатели“ (Friends): Најдете 3 разлики!

    rnДневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Дневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии![/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    „На лош пат“ (Breaking Bad): Најдете 3 разлики!

    rnДневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Дневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии![/toggle_item]rn[/toggle_box]rn

    „Твин Пикс“ (Twin Peaks): Најдете 3 разлики!

    rnДневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Дневен предизвик: Најдете ги разликите помеѓу фотографиите од вашите омилени ТВ серии![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПродолжете на следната страница и обидете се да ги најдете разликите помеѓу останатите неколку фотографии…rnrn

  • 10 најдобри ТВ серии за 2017 година

    10 најдобри ТВ серии за 2017 година

    Се подготвувате за дочекот на Нова година? После таа луда ноќ сигурно ќе сакате само да ги облечете вашите најудобни пижами, да се сместите на каучот и да уживате со маратонско гледање ТВ серии. Зар има нешто подобро од тоа за време на празниците?! 2017-та година беше полна со интересни и возбудливи серии, а ако не знаете од каде да почнете, ние ви ги препорачуваме следниве…rn

    1. „Големи мали лаги“ (Big Little Lies)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnУбиство. Интрига. Риси Витерспун во дрска улога што одлично ѝ прилега. ТВ серијата е адаптација на романот од Лиен Мориарти, мистерија која ги испреплетува животите на повеќе жени и начнува сериозни проблеми како што се семејното насилство и училишното силеџиство. Оваа серија постигна огромен успех благодарение на извонредната актерска екипа што ја сочинуваат Витерспун, Никол Кидман, Шејлин Вудли и Зои Кравиц. Иако првичната идеја била да се направи мини серија, очекувајте и втора сезона!rn

    2. „Ривердејл“ (Riverdale)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnДејството во серијата се одвива во сегашноста, а ликовите полека ги разоткриваат мистериите на навидум совршениот Ривердејл. Иако втората сезона не ги исполни очекувањата на голем дел од обожавателите, сѐ уште има надеж дека нештата ќе се вратат во вистинската насока. И покрај тоа, сигурно ќе се согласите дека првата сезона беше извонредна!rn

    3. „Кралица на шеќерните плантажи“ (Queen Sugar)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnТВ серијата го прикажува животот на семејството Борделон кое го сочинуваат 2-те сестри Нова и Чарли и братот Ралф. Тие мора да се прилагодат на животните промени кога ќе станат сопственици на плантажа со шеќерна трска по смртта на татко им. Вистинска семејна драма што нема да ве остави рамнодушни!rn

    4. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnТВ серијата ја раскажува приказната на Хана, средношколка која извршува самоубиство и остава 13 касети посветени на луѓето кои придонеле за нејзината смрт. Касетите се пренесуваат од човек на човек, почнувајќи од момчето кое раширило злобна гласина за Хана. Оваа серија не е за секого, бидејќи солзите се неизбежни, особено ако сте почувствителни.rn

    5. „Приказната на робинката“ (The Handmaid’s Tale)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnСтанува збор за адаптација на дистопискиот роман од Маргарет Атвуд. Актерската екипа е извонредна и ја сочинуваат Елизабет Мос, Самира Вајли, Ен Доуд и Ивон Страховски. Втората сезона треба да излезе во април 2018 година и очекувањата се огромни!rn

    6. „Девицата Џејн“ (Jane the Virgin)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnЗабавна и хумористична серија која никогаш не престанува да нѐ изненадува! Доколку сакате да се расположите и да заборавите на секојдневните проблеми, дефинитивно треба да ѝ дадете шанса.rn

    7. „Потрага“ (Search Party)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnСтанува збор за мистериозна ТВ серија што изобилува со црн хумор, а главната порака е дека понекогаш подобро е да го најдеме тоа што мислиме дека го бараме. Доколку ги обожувате детективските мистерии обвиени со специфични хумористични елементи, сигурно ќе ви се допадне оваа серија.rn

    8. „Несигурна“ (Insecure)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnОваа извонредна хумористична ТВ серија го прикажува пријателството на 2 жени, како и нивните непријатни искуства и луди авантури. Доколку сте ја гледале првата сезона и имате одредени очекувања, подгответе се за вистинско изненадување што сигурно ќе ви се допадне!rn

    9. „Ова сме ние“ (This Is Us)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnАко сте ја изгледале првата сезона, знаете дека се работи за драматична серија која ги прикажува животите на неколку луѓе родени на ист датум чии судбини се испреплетуваат на необичен начин. Подгответе се за вистинска бура од емоции, бидејќи втората сезона изобилува со неочекувани пресврти: Рандал станува старател, Кејт доживува абортус, а Кевин се бори со зависност. Подгответе ги марамчињата за 2018 година!rn

    10. „Катастрофа“ (Catastrophe)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnОваа реалистична британска ТВ серија е полна со изненадувања! Подгответе се за уште многу смеење и забавни ситуации во третата сезона.rnrnАко не се пронајдовте во овие предлози, дајте им шанса на следниве 7 драматични ТВ серии.

  • 7 драматични ТВ серии што треба да ги гледате доколку ја обожувате „Вовед во анатомија“

    7 драматични ТВ серии што треба да ги гледате доколку ја обожувате „Вовед во анатомија“

    Нема сомнеж дека „Вовед во анатомија“ е една од најдраматичните ТВ серии некогаш направени. Од некои непознати причини, сите луѓе уживаат во разочарувањата и пресвртите што ги прикажуваат сериите. Најверојатно тоа се случува, бидејќи се вљубуваме во ликовите. На пример, идејата да си имаме „наш човек“ што ја наметнува „Вовед во анатомија“, сѐ уште нѐ возбудува и нѐ поттикнува да ги прегрнеме нашите најдобри пријатели. Сценаристите многу добро знаеле како да нѐ натераат да се соживееме со ликовите и да ги засакаме толку многу што на моменти забораваме дека тие не постојат навистина.rnrn7 драматични ТВ серии што треба да ги гледате доколку ја обожувате „Вовед во анатомија“rnrnПо гледањето на овие ТВ серии се чувствуваме многу необично и преплавени сме со емоции. Тие ни влијаат во животот многу повеќе одошто би сакале да признаеме. Доколку ја обожувате „Вовед на анатомија“, но сакате да почнете со нова серија, следниве драматични ТВ серии се идеалниот избор за вас…rn

    1. „Приватен доктор“ (Royal Pains)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=0lWP-p91fG8rnrnКога двајца браќа ќе почнат да работат во Хемптонс, ќе се изненадите од тоа во какви ситуации ќе западнат. Очигледно е дека богатите луѓе не се имуни на лудите случајности. Поединците од елитата се подготвени да платат големи суми на пари за доктор што прави домашни посети, а никогаш не можете да знаете што ќе се случи откако ќе се отворат нивните врати.rn

    2. „Живи мртовци“ (The Walking Dead)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=R1v0uFms68UrnrnОваа ТВ серија емоционално ќе ве уништи! Многу ќе се приврзете за ликовите што се борат во зомби апокалипсата. Тие формираат кланови и на крајот ќе сфатите дека „талкачите“ не се вистинските чудовишта, туку некои од луѓето.rn

    3. „Ноќна смена“ (The Night Shift)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=2H0SfnB76GArnrnДокторите не добиваат доволно заслуги за обврските со кои секојдневно се соочуваат. Ноќната смена во која било професија ќе ви го смени погледот кон светот. Освен тоа, сериите поврзани со болници се многу емотивни, бидејќи прикажуваат ситуации во кои и ние самите би можеле да се најдеме.rn

    4. „Портокаловата е новата црна“ (Orange Is the New Black)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zLyUlTu4KbIrnrnПодгответе се за нешто сурово и урнебесно смешно. Најчесто, не ја знаеме перспективата на жените во затвор, но оваа приказна ќе ви помогне подобро да ги разберете дамите облечени во портокалови комбинизони. Сигурно ќе ви биде забавно покрај толку многу различни карактери на едно место.rn

    5. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=JebwYGn5Z3ErnrnПодгответе ги марамчињата! Се работи за адаптација на книга која сигурно е уште потажна од ТВ серијата. Во секоја наредна епизода се откриваат делчињата од сложувалката која ги отсликува настаните што довеле до трогателната смрт на една тинејџерка.rn

    6. „Црно огледало“ (Black Mirror)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=di6emt8_ie8rnrnТехнологијата е единственото нешто што го живееме и дишеме од моментот кога ќе се разбудиме, па сѐ додека не заспиеме. Сигурно сте свесни дека порано или подоцна, технологијата ќе стане попаметна од нас и ќе почне да размислува сама за себе. Погледнете ја оваа ТВ серија и дозволете ѝ на паранојата да навлезе во вашиот живот.rn

    7. „Циганка“ (Gypsy)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=y67_16zSMwkrnrnТерапевтите би требало да ни помагаат, но што се случува кога еден од нив ќе го редефинира поимот „помош“? Постои одредена граница помеѓу пациентот и терапевтот што не треба да се премине, но во оваа ТВ серија сите граници се преминуваат. Што би направиле кога единствената личност што ги знае сите детали од вашиот живот, физички ќе се смести во вашите потреби и ранливост?rnrnМожете да почнете и со следниве 11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа.

  • Дали маратонското гледање ТВ серии ви го нарушува сонот?

    Дали маратонското гледање ТВ серии ви го нарушува сонот?

    Нема ништо поубаво од тоа да се стуткате во кревет и да ја гледате вашата омилена ТВ серија пред да заспиете. Но, потоа вашата глава ќе биде преплавена со мисли за судбината на ликовите и настаните што ќе се случат во наредна епизода. Какво влијание има маратонското гледање серии на вашиот сон?rnrnДали маратонското гледање ТВ серии ви го нарушува сонот?rnrnСпоред едно најново истражување, маратонското гледање ТВ серии пред спиење има огромно влијание на квалитетот на сонот и може да предизвика несоница или пак да ја влоши, што доведува до исцрпеност наредниот ден.rnrnВо истражувањето учествувале 423 возрасни луѓе на возраст помеѓу 18 и 25 години кои пополниле онлајн прашалник поврзан со нормалното гледање телевизија, маратонското гледање ТВ серии, квалитетот на сонот, исцрпноста, несоницата и вознемиреноста што се јавува пред спиење. По направените анализи, резултатите покажале дека 80,6% од испитаниците се изјасниле како маратонски гледачи. 20% од нив практикувале маратонско гледање најмалку неколку пати неделно во текот на изминатиот месец. 32,6% од испитаниците имале проблеми со спиењето токму поради маратонското гледање серии, што предизвикува зголемена исцрпеност и симптоми на несоница, додека, пак, нормалното гледање телевизија не ги предизвикува истите проблеми.rnrnДали маратонското гледање ТВ серии ви го нарушува сонот?rnrnНо, сето ова не се должи само на фактот што останувате будни до доцна во ноќта. Бројот на епизоди што ќе ги изгледате и нивната содржина исто така влијаат на квалитетот на сонот. На пример, доколку сте емоционално поврзани со некоја серија, како што е „Игра на тронови“, ќе бидете многу побудни кога ќе заврши епизодата, за разлика од тоа кога ќе гледате нешто поопуштено што не бара поголем психички ангажман.rnrnЗаклучокот од сето ова е дека не смеете да си го загрозите и скратите времето за спиење кое од големо значење за вашето нормално функционирање наредниот ден. Ако веќе мора да гледате повеќе епизоди одеднаш, нека бидат тоа 3, а не 10. Така ќе можете подолго време да уживате во вашата омилена ТВ серија, се согласувате?rnrnСега кога знаете како разумно да гледате серии, ние ви ги препорачуваме следниве 11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа.

  • Откажани ТВ серии кои би требало да се вратат

    Откажани ТВ серии кои би требало да се вратат

    Кога ќе ви откажат серија којашто навистина сте ја сакале сигурно се чувствувате фрустрирано. Многу често откажаните серии не ја завршиле приказната, поради што не знаете што ќе се случеше со вашите омилени ликови. Па, бидејќи сме во ерата на „оживување“ на стари серии, еве неколку кои заслужуваат барем уште една шанса.rn

    1. Ханибал (Hannibal)

    rn(1)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnКога во 2015 година се откажа Ханибал, фановите беа сигурни дека за неколку недели ќе се промени мислењето на телевизијата. Сепак и критичарите и фановите го делеа мислењето дека оваа серија беше најдобрата на NBC. Една година подоцна, серијата не само што не најде нов „дом“, туку креаторот почна да работи на нови проекти, а актерите полека си заминаа секој на своја страна. Кога почнаа шпекулациите дека Ханибал повторно ќе се емитува, телевизијата им соопшти на новинарите дека не сакале да прикажуваат серија која нема да им биде омилена на сите. Земајќи ги предвид високите оценки, на никој не му е јасно дали телевизијата зборувала за истата серија.rn

    2. Мајстори за забави (Party Down)

    rn(2)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnОва е една од сериите кои биле пред своето време и поради тоа баш немале среќа. Се работи за комедија која го следи животот на група луѓе кои работат во кетеринг служба и кои на чуден начин се вплеткуваат во животите на нивните муштерии. И покрај одличната актерска екипа, серијата изгледа е засекогаш завршена. Проблемот најверојатно е телевизијата која ја емитуваше (Starz), која не е позната по оригинална програма. Подоцна серијата го изгуби Адам Скот кој почна да ја снима Паркови и рекреација (Parks and Recreation), а Џејн Линч си замина бидејќи доби улога во Гли (Глее).rn

    3. Дедвуд (Deadwood)

    rn(3)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnФановите молат за обновување на серијата уште од 2006-та година, кога серијата беше откажана по само 3 сезони. Дедвуд успеа да добие 28 Еми номинации, освои 8 од нив и беше прогласена за најдобрата серија која била откажана. Па што всушност го означило крајот на оваа серија? Најголем проблем биле парите. И покрај огромниот број фанови, од сезона во сезона заработката станувала помала. Снимањето вестерн со дејство во 18-тиот век бил еден од најскапите проекти на НВО. На креаторот му била понудена последна скратена сезона од 6 епизоди, но тој одлучил дека е подобро да го напушти проектот отколку да го намали квалитетот на серијата.rn

    4. Просветлени (Enlightened)

    rn(4)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnОваа серија е доказ дека величањето од страна на критичарите не значи ништо ако серијата нема гледаност. Серијата беше номинирана за 2 Еми награди и 2 Златни Глобуси. На почетокот гледаноста била мала, но потоа се подобрила. Ова ги натерало критичарите да ги советуваат креаторите за нова сезона, но серијата сепак била откажана.rn

    5. Светулка (Firefly)

    rn(5)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnОваа серија е легенда кога станува збор за откажување и за борбата да се врати назад. Серијата е откажана уште пред крајот на првата сезона, а го следи животот на група луѓе во 2517 година. По само 14 епизоди, причината за откажување биле слабите оценки. Излегло дека епизодите биле прикажани го грешен редослед, а ова предизвикало збунување во приказната. Дури откако беше издадена дивиди верзија од серијата, почнаа да се појавуваат фанови, а беше направен и филм, кој пак засекогаш ја уништи надежта за нова сезона. Сепак, во 2015 година актерите изјавиле дека со задоволство би направиле уште некоја сезона, па може да се надеваме дека Нетфликс или Амазон ќе се обидат да го сторат тоа.rnrnПогледнете кои серии беа обновени оваа година.

  • 5-те најдолги ТВ серии на сите времиња!

    5-те најдолги ТВ серии на сите времиња!

    Телевизијата е многу натпреварувачко место овие денови. Тешко е да најдете серија која е доволно добра за да „преживее“ повеќе од 5 сезони. Но, некои серии успеале да продолжат со емитување дури и подолго од предвидувањата. Погледнете ги 5-те серии кои најдолго се емитуваат.rn

    1. Симпсонови (The Simpsons)

    rn(1)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mkrnrnОвој анимиран ситком допре до насловните страници со неговата 600-та епизода од 28-та сезона. Телевизијата најави дека серијата ќе има уште барем 2 сезони, 29 и 30. Со ова бројот на епизоди ќе достигне до 669 и ќе ја направи серијата најдолга на сите времиња.rn

    2. Гансмоук (Gunsmoke)

    rn(2)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mkrnrnОваа вестерн серија била во етер од 10-ти септември 1955, до 31-ви март 1975 година. Ѕвездите Џејмс Арнес и Милбурн Стоун ги играле главните улоги во сите 20 сезони. За време на овие две децении, биле снимени 635 епизоди, и ова ја прави втората најдолга серија после Симпсонови.rn

    3. Закон и ред (Law & Order)

    rn(3)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mkrnrnПремиерата на оваа серија била во 1990 година, а последната 20-та сезона била емитувана во мај, 2010 година. Оваа серија е најдолгата криминална драма. Бидејќи епизодите на Гансмоук се по 30 минути, всушност Закон и ред е најдолга серија според времетраење бидејќи нејзините епизоди траат по 1 час.rn

    4. Саут Парк (South Park)

    rn(4)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mkrnrnСаут Парк дебитираше во 1997 година со многу голем успех. Серијата досега има 20 сезони и 277 епизоди. Но изгледа ќе има уште за гледање. Оваа анимирана серија е обновена за уште три сезони што ќе излегуваат најмалку до 2019 година. Иако ќе има повеќе сезони од Гансмоук и Закон и ред, секоја сезона има помалку епизоди, па затоа се наоѓа на четвртото место.rn

    5. Закон и ред: Оддел за жртви (Law & Order: SVU)

    rn(5)5-te-najdolgi-tv-serii-kafepauza.mkrnrnОвој спин-оф од оригиналната серија ја доживеа својата премиера во 1999 година и досега се излезени 18 сезони. Бидејќи повеќето сезони имаат околу 24 епизоди, до крајот на 18-тата сезона ќе има 400 епизоди. Со оглед на тоа што рејтингот на серијата е висок, а нејзиниот крај не е на повидок, постои можност таа да се искачи повисоко на оваа листа.rnrnПоглднете ги и овие криминалистички серии кои се издвојуваат од останантите.