КАФЕ ПАУЗА

Tag: ТВ серии

  • 3 нови ТВ серии што можат да ви го исполнат овој викенд

    3 нови ТВ серии што можат да ви го исполнат овој викенд

    Иако од новата година поминаа само месец и половина, би се изненадиле од бројката на нови ТВ серии што досега излегоа. Изгледа светот зад малите екрани никогаш не спие, па на наша среќа, во секој момент имаме голем избор, па според расположението, можеме да изберете токму тоа што ни треба. Во продолжение следуваат 3 нови ТВ серии што излегоа во јануари и за кои се очекува да траат барем неколку години…rnrn3 нови ТВ серии што можат да ви го исполнат овој викендrn

    1. Понатаму (Beyond) – 3 јануари

    rnХолден, млад дечко, се буди по 12 години поминати во кома и открива дека на емотивно ниво сè уште е адолесцент, физички наликува на возрасен, додека во себе поседува неверојатни натприродни способности што ќе го изложат на опасност.rnrnrn

    2. Мери убива луѓе (Mary Kills People) – 17 јануари

    rnПриказната го следи животот на д-р Мери Харис. Таа е самохрана мајка и доктор преку ден, а „ангел на смртта“ преку ноќ. Нејзината животна мисија е да им помогне на смртно болните пациенти да си заминат од овој свет под нивни услови.rnrnrn

    3. Ривердејл (Riverdale) – 27 јануари

    rnОваа ТВ серија, чие дејство е сместено во сегашноста, ни нуди храбар и поинаков поглед кон животот на Арчи, Бети, Вероника и нивните пријатели, истражувајќи ја надреалноста на животот во мал град и мистериозноста што се крие зад фасадата над навидум совршениот Ривердејл.rnrn

  • 10 докази дека култната ТВ серија Династија од 80-тите години е најдобрата досега

    10 докази дека култната ТВ серија Династија од 80-тите години е најдобрата досега

    Култната ТВ серија „Династија“ е симбол на 1980-тите, и многумина ги следеле интригите кои се вртеле околу и внатре во ривалските семејства Керингтон и Колби. Освен своето дејство, ликови, луксуз, раскош и сјај, оваа приказна импресионира и со бројките кои ја следат. За тоа дека „Династија“ е серија над сериите докажуваат и статистиките кои оваа американска сапуница ја сместуваат во една од најскапите телевизиски приказни на сите времиња.rnrn1-dinastija-vo-brojki-10-dokazi-deka-kultnata-serija-od-80-setite-e-najdobrata-serija-www.kafepauza.mk_rnrn1. 80 земји ширум светот ја следеле ТВ серијата „Династија“ и интригите помеѓу ликовите кои станале симбол на една цела декада.rnrn2. 60.000.000 гледачи од САД на 15 мај 1985 година ја следеле последната епизода од петата сезона во која терористите упаднале на венчавката на Аманда и принцот Мишел во Молдавија. Ниту самите актери, како што открила Џоун Колинс, во текот на снимањето на сцената не знаеле кој ќе загине во нападот, а гледачите морале да го чекаат почетокот на шестата сезона кога ќе биде откриено дека никој од главните ликови не умрел.rnrn3. 3.000 квадратни метри изнесува површината на вилата во која живеело семејството Карингтон. Имотот се наоѓа во Сан Франциско и денес е отворен за јавноста.rnrn4. Вилата се состоела од 43 соби, 17 бањи и 17 камини.rnrn5. 65.000 квадратни метри изнесува површината на градината која ја опкружувала вилата.rnrn2-dinastija-vo-brojki-10-dokazi-deka-kultnata-serija-od-80-setite-e-najdobrata-serija-www.kafepauza.mk_rnrn5. 50.000 лалиња и 15.000 нарциси биле посадени во величествената градина кои го одземале здивот.rnrn6. 35.000 долари изнесувал неделниот буџет за костимите и скоро секоја недела бил надминуван. rnrn7. 3.000 костими биле сошиени во текот на деветте сезони на ТВ серијата. Џоун Колинс му предложила на дизајнерот на костимите, Нолан Милер, да ги копира моделите од високата мода како оние на Ив Сен Лорен што помеѓу останатото во серијата ги популаризирало и перничињата на рамената.rnrn8. 10.000 долари чинеле рачно изработените кукли со ликот на Алексис и Кристал.rnrn9. Првото место на листата „10-те најголеми ТВ злобници“ која ја составила германската телевизија го зазела ликот Алексис Керингтон Колби која во „Династија“ го толкувала Џоун Колинс.

  • Најдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)

    Најдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)

    Иако оваа година, како и секоја претходно, имаме голем избор кога станува збор за драми, сепак овие три приказни со своите специфични карактеристики успееја да се издвојат од толпата. Во продолжение погледнете за кои ТВ серии станува збор.rnНајдобрите нови телевизиски драми (според фановите на жанрот)rn

    1. Нема утре (No Tomorrow)

    rnТоа што ја прави оваа ТВ серија вистинско изненадување, покрај хуморот и мудрите досетки, е што допира до гледачи на сите возрасти. И покрај тоа што романтичните комедии се најчесто наменети за женската публика, оваа приказна може да го задржи вниманието и на мажите, правејќи ја една од најгледаните за оваа сезона.rnrnrn

    2. Бул (Bull)

    rnМајкл Ветерли ја толкува улогата на д-р Џејсон Бул во драма инспирирана од раната кариера на д-р Фил Мекгро. Брилијантен, моќен и шармантен, д-р Бул е куклар што ги држи сите конци во своите раце така што комбинира психологија, човечка интуиција и најнова технологија за да владее со судниците и да открие што кријат поротниците, адвокатите и сведоците.rnrnrn

    3. Егзорцист (The Exorcist)

    rnИако станува збор за специфичен жанр што не е за сечие срце, сепак благодарение на темната атмосфера, брзото дејство, солидните ефекти и силниот перформанс од целиот тим актери, оваа ТВ серија брзо се вивна меѓу најдобрите оваа година. Отсекогаш било тешко да се направи телевизиска адаптација на моќен филм, но сега засега, Егзорцист добро се држи.rnrn

  • Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

    Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

    Следните 12 месеци ќе им понудат на фановите една богата комбинација од нови ТВ серии, започнувајќи од драми кои ја анализираат музичката индустрија, па сè до приказни за криминалот во 50-тите години во Париз. Всушност, следуваат толку многу новитети, што некои критичари се прашуваат дали конечно го достигнавме периодот кога ТВ сериите се во својот најголем подем. Додека ова можеби претставува проблем за критичарите, фановите можат да седнат, да се опуштат и да уживаат во една одлична забавна програма.rn

    1. Среќен човек (Lucky Man)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnОвој лесен трилер се врти околу Стен Ли, легенда од светот на Марвел, како и за славата на Спајдермен, Икс-мен и Одмаздниците. Ќе имаме можност да го гледаме Џејмс Незбит како Клејтон, детектив кој наидува на една магична бразлетна која му носи добра среќа, но и го носи до негативецот кој си ја бара назад. Серијата премиерно ќе ја емитува својата прва епизода на 22 Јануари, во 21:00 часот (според американското централно стандардно време), на каналот Sky1.rn

    2. Винил (Vinyl)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnДејството на една од најочекуваните нови драми на HBO, „Винил“, се одвива на музичката сцена во Њујорк, во 1970-тите години. Серијата има фантастично педигре на плејада познати и талентирани филмски и музички работници: Создадена е од Теренс Винтер и е во продукција на ѕвездата на Rolling Stones, Мик Џегер и оскаровецот Мартин Скорсесе, кој исто така ја режираше првата епизода. Главните актери се Боби Канавејл, Оливија Вајлд и Реј Романо, како и синот на Мик Џегер – Џејмс. Серијата премиерно ќе се емитува на 15-ти февруари на каналот Sky Atlantic.rn

    3. Ноќниот менаџер (The Night Manager)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnТом Хидлстон ја толкува главната улога во истоимената адаптација во шест дела на шпионската новела од познатиот писател Џон ле Кар. Станува збор за поранешен војник кој работи како ноќен менаџер во еден европски хотел, кој е повторно регрутиран од страна на агентот Оливија Колман со цел да ја уништат мрежата на еден трговец со оружје, чиј лик, пак, го толкува ѕвездата на серијата Д-р. Хаус – Хју Лори. Премиерата на првата епизода е закажана за 1-ви април, на каналот BBC1.rn

    4. Клас (Class)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnДејството на оваа ТВ серија која е инспирирана од Доктор Ху и е наменета за адолесценти, се одвива во измисленото Коал Хил училиште во Лондон, каде постојано избувнуваат нови опасности и предизвици низ временската и просторна компонента и кои го оставаат градот во пустош. Сценариото е на критички прифатениот автор Патрик Нес и е пишувано во духот на ТВ серијата „Бафи, убиец на вампири“ и „Игрите на гладните“, па како такво ги истражува времето, просторот и темните сили кои можат да обземат еден тинејџерски живот. Премиерно ќе се емитува на пролет, на каналот BBC3, а точниот датум сѐ уште не е познат.rn

    5. Маигрет (Maigret)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnРоуан Аткинсон, на народот познат како Господинот Бин, ја игра насловната улога на лукавиот француски детектив Жул Маигрет во новата адаптација на истоимените детективски приказни од Џорџ Сименон. Дејството ќе биде поделено на две долгометражни и наративно неповрзани епизоди со наслов „Маигрет поставува стапица“ и „Мртвиот човек на Маигрет“, чие дејство се одвива во 50-тите години, во Париз. Ќе се прикажува на каналот ITV, а точниот период и датум на емитување допрва треба да се најават.

  • 10-те најдобри ТВ серии во 2015 година

    10-те најдобри ТВ серии во 2015 година

    Поради ограничениот број часови кои ги имаме во еден ден за гледање телевизија, човек може да каже дека никогаш нема да има доволно време да изгледа сѐ што критичарите, колегите, пријателите и семејството велат дека треба да се види. Ако ги тргнеме на страна другите години, само во 2015-та имаат снимено 409 серии… Едноставно не може да се изгледаат сите.rnrn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnДа се издвојат 10-те најдобри ТВ серии кои се емитуваа годинава (постари или понови) е херкулски зафат. Затоа, на оваа листа се наоѓаат само оние кои се добро напишани, фантастично одглумени и маестрално сработени. Погледнете ги најдобрите ТВ серии во 2015-тата година:rn

    10. „Кежуал“ (Casual)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrn„Опуштено“ припаѓа во светот на ниско буџетните, „инди“ серии и со право се наоѓа на оваа листа. Во неа имаме можност да ги следиме приказните на ликовите толкувани од Микајла Ваткинс, која ја игра улогата на разведена мајка, Тајра Лин Бар како нејзината ќерка и Томи Дјуи, како нејзиниот брат и креатор на една апликација за љубовни средби со кого мајката и ќерката се вселуваат да живеат заедно. Чудниот хумор истражува како веб-сајтовите и апликациите за состаноци кои треба да нè направат подобри во љубовта, всушност нè прават многу полоши.rn

    9. „Во неплодните земји“ (Into the Badlands)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnТука нема пиштоли и експлозии, но затоа има многу кунг фу, како и 7 барони и нивните војски од тренирани убијци, кои го држат законот во свои раце. Но, што би е случило ако едно дете со неверојатна моќ може да натера еден барон да се сврти против другите? Ова е синопсисот на драмата на извршниот продуцент, а и актер, Даниел Ву. Серијата не само што крши стереотипи имајќи Азиец во главна машка улога, туку и најголемиот злобник во неа, Вдовицата, е смртоносен борец со цела армија жени кои сакаат да преземат сѐ. Светот на ТВ серијата „Во неплодните земји“ ги има едни од најумешните ТВ сценографии и е фантастично снимен и пренесен на екраните.rn

    8. „Ничиј господар“ (Master of None)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnСветлата страна на денешната ситуација со бројните ТВ серии е фактот што добрите приказни имаат шанса да успеат и надвор од традиционалните телевизиски канали. „Ничиј господар“ носи важна порака со себе и никој немаше да ја слушне ако Нетфликс не се согласеше да ја направи оваа серија. Претставништвото на малцинствата е една работа, но дозволувајќи им да играат улоги надвор од стереотипите и одново да ги постават равенките на изборот на актери е сосема друга и многу поважна работа. Она што го гледаме е неверојатно осмислена сезона за тоа како ние несвесно ги судиме и третираме другите по раса, пол, возраст и националност – претставено низ многу паметен хумор.rn

    7. „Баксузот“ (The Jinx)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnОваа документарна серија се фокусира на енигматичната фигура, Роберт Дурст, кој беше испрашуван во врска со исчезнувањето на неговата сопруга и кој потоа се соочи со две обвиненија за убиство, од кое едното е за негов близок пријател. Шесте делови од документарецот беа морничави со самата сомнителна околина која го опкружува Дурст, па заедно со неговото учество во неа добивате една одлична авантура.rn

    6. „Гoсподин Робот“ (Mr. Robot)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnОваа американска драма е една неверојатна приказна со најразлични аспекти на модерниот живот, при што гледачот има потешкотии да одлучи во што да верува. Таа ја истражува корпоративната и бирократска алчност, дрогата, социјалните односи, љубовта и предавството. Низ сето тоа, предводени сме од главниот лик Елиот (Реми Малек), кој пак ги следи наредбите од мистериозната фигура во ликот на Кристијан Слејтер – кралот на хакерите, Господин Робот. Но, што е вистина и кој е главен? Не знаеме со сигурност, но ова е едно неверојатно патување кое едноставно мора да го поминете.rn

    5. „Нескршливата Кими Шмит“ (The Unbreakable Kimmy Schmidt)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnКој би можел да претпостави дека Ели Кемпер (од ТВ серијата „Канцеларијата“) ја имала Кими Шмит во себе? Повторно, благодарност до Нетфликс што им ја пренесе оваа незаменлива комедија на гледачите. Луда и малку претерана, станува збор за комедија која се формира околу актерите. Приказната се врти околу Кими, која откако со години ќе биде изолирана од страна на полигамичен лидер на култ, таа ќе ја искуси надворешноста со уникатна страст. Ова е една освежувачка страна на овој жанр, која нема да ја видите на друго место.rn

    4. „Силициумска Долина“ (Silicon Valley)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnТалентирани, но неискусни млади кои се наоѓаат во натпреварувачкиот свет на бизнисот секогаш ќе биде успешна и смешна формула за сценарио. Гледајќи како момците од „Силициумска Долина“ се обидуваат да се уверат себеси дека се добри во технолошкиот бизнис со милиони долари на ризик, е малку лекомислено, но од друга страна ние сепак навиваме за нив. Втората сезона беше особен предизвик, бидејќи момците мораа да се соочат со едно нишало кое се ниша во нивна корист, за потоа да биде најдалеку од нив. Делови од компанијата се распаѓаа, а момците сведочеа како нивната работа паѓа во рацете на конкурентите. Се смеевме многу, но не ни беше сеедно.rn

    3. „Дердевил“ (Daredevil)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnСтивен С. Денајт (Спартакус) вешто изработи една серија која не само што ги задоволи љубителите на стриповите, туку и оние кои не знаат ништо за овој херој и првпат чуле за него. Во една темна серија за совладувањето на демоните, херојот делуваше истовремено и супер и човечки, а талентираните актери како Росарио Досон и Винсент Донофрио само го покачија квалитетот. Ова е одличен следбеник на ТВ серијата „Џесика Џоунс“.rn

    2. „Луди мажи“ (Mad Men)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrnПосле неверојатни 6 сезони на една серија која е добро позната и критички одобрена како „Луди луѓе“, логично е да ги избегнувате преостанатите понови серии. Потоа, ја гледате финалната епизода и се прашувате како сте живееле досега без неа. Такви чувства го обземаат секој кој ќе се одлучи да ја гледа оваа серија.rn

    1. „Игра на тронови“ (Game of Thrones)

    rn10-те најдобри ТВ серии за 2015-татаrnrn„Игра на тронови“ мора да биде на оваа листа и без сомнение го заслужува првото место. Но, тоа не значи дека последната сезона на оваа фантастична серија беше совршена или пак, дека не сака да си поигра со фановите кога се работи за, на пример, кој умира. Во секој случај, серијата е сѐ уште господар на перипетиите – независно дали фановите ги сакаат или не. И сѐ уште е едно неверојатно достигнување составено од врски, битки и мистицизам. Сето тоа придонесува за телевизиска маестралност која нè освојува недела по недела.

  • 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

    5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

    Доколку сте заинтересирани за нова ТВ серија, лесна и едноставна за гледање, тогаш ви ги препорачуваме овие 5 комедии кои можат одлично да го исполнат вашето слободно време. Одберете ја вашата омилена, замотајте се во ќебе и покрај шолја кафе уживајте во насмевките предизвикани од урнебесниот живот на овие ликови…rn

    1. Млади и гладни (Young & Hungry)

    rn(1) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викендиrnrnМлад и успешен милионер најмува млада и борбена блогерка за храна со цел да биде негов личен готвач. Но, откако тој ќе раскине со својата девојка, таа ќе мора да се избори да ја задржи својата работна позиција…rnrnrn

    2. И девојка и мајка (Significant Mother)

    rn(2) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викендиrnrnЖивотот на Нејт ќе се преврти наопаку кога тој ќе дознае дека неговиот најдобар пријател и цимер излегува со неговата мајка која од неодамна е сингл. За да биде уште полошо, оддалечениот татко на Нејт нема да се плаши да го искористи со цел да ја освои повторно мајка му.rnrnrn

    3. Свештеник натрапник (Impаstor)

    rn(3) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викендиrnrnСо цел да го спаси својот живот, Баду Добс ќе одите во мал град и ќе го преземе идентитетот на свештеник хомосексуалец. Тој се обидува најдобро што може да ја одигра својата улога, но нештата многу побрзо ќе почнат да се вртат наопаку.rnrnrn

    4. Кевин од работа (Kevin from Work)

    rn(4) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викендиrnrnМлад човек храбро ја изјавува својата љубов кон колешка во моментот пред да ја прифати новата работа, но потоа дознава дека понудата е повлечена и тој е заглавен на истото работно место со својата симпатија.rnrnrn

    5. Одеднаш и татко и дедо (Grandfathered)

    rn(5) 5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викендиrnrnЦелиот живот на Џон Страмос ќе се преврти наопаку кога неговиот 20-годишен син кој не знаел дека го има ќе се појави пред него со својата мала ќерка. На тој начин овој долгогодишен ерген одеднаш дознава дека е татко, но и дедо.rnrn

  • 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

    7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскинале

    Замислете дека сте биле во врска со колега. А сега замислете дека сте раскинале со него или неа и вашата работа вклучува бакнежи кои мора да продолжат помеѓу вас. Ви звучи страшно? Актерите често стапуваат во врска едни со други, па токму затоа често се случува и по раскинувањето едноставно да мора да продолжат да работат заедно. Без разлика дали станува збор за мирно или бурно раскинување, тие поминуваат секојдневно со часови во глума дека се пријатели или партнери на малите екрани. Ова можеби е претерано непријатно за нив, но дефинитивно е забавно за нас. Погледнете дел од најпопуларните славни парови кои по раскинувањето морале да продолжат да работат заедно…rn

    1. Кејли Куоко и Џони Галеки

    rn(1) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnТВ серијата „The Big Bang Theory“ навистина сака да ги направи Ленард и Пени новите Рос и Рејчел, но историјата може да ги запомни по нешто сосема друго. Тие биле дел од кратка врска на која брзо ѝ ставиле крај, но поради нивната работа сепак морале да продолжат да бидат „во врска“ додека се на работа.rn

    2. Џенифер Карпентер и Мајкл С. Хол

    rn(2) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnВо ТВ серијата „Dexter“, овие актери играат посвоени брат и сестра. Но, во реалноста помеѓу нив настанала силна хемија, па токму затоа и започнале со љубовна врска која брзо преминала во брак. За жал, тоа не траело долго, па тие по разводот сепак морале да продолжат секојдневно да се гледаат на сцена.rn

    3. Блејк Лајвли и Пен Баџли

    rn(3) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnИ покрај тоа што Ден и Серена стапуваат во брак во ТВ серијата „Gossip Girl“, сепак врската помеѓу Пен и Блејк во реалноста не успеала. По раскинувањето, таа накратко се гледала со Леонардо Дикаприо, но брзо потоа се запознала со Рајан Рејнолдс со кој сè уште е во брак.rn

    4. Џенифер Гарнер и Мајкл Вартан

    rn(4) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnАко сте ја следеле ТВ серијата „Alias“, тогаш сигурно знаете дека Сидни и Вон на крајот започнуваат свое семејство. Но, во реалниот живот, Џенифер и Мајкл биле во многу кратка врска, која брзо завршила. Таа сега е во брак со Бен Афлек, а тој е разведен.rn

    5. Гвен Стефани и Тони Канал

    rn(5) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnДодека Гвен Стефани беше дел од групата „No Doubt“ таа била и во врска со басистот Тони Канал. Но, нивната врска завршила и под влијание на искуството со него, таа напиша еден од најголемите хитови во нејзината кариера. Изгледа понекогаш вреди да се има скршено срце. Денес, таа е во брак со Гевин Росдејл.rn

    6. Нина Добрев и Ијан Самерхолдер

    rn(6) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnТие биле во врска до 2013 година, но сè уште работат заедно како дел од ТВ серијата „The Vampire Diaries“. Ијан сега е во брак со Ники Рид, која беше дел од филмот „Twilight“, па слободно можеме да заклучиме дека сè во неговиот живот се врти околу вампири.rn

    7. Џенифер Морисон и Џеси Спенсер

    rn(7) 7 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно откако раскиналеrnrnОвие актери се најпознати по своите улоги во популарната ТВ серија „House M.D.“. Џенифер го толкуваше ликот на Камерон, која ја привлекуваше д-р Хаус, но потоа стапи во брак со Чејс, другиот доктор од нивниот тим. Овие актери беа во врска и надвор од приказната, па дури и биле верени одреден период. Но, исто како нивните карактери во серијата, така и тие не го добија својот среќен крај во реалноста.

  • 12 најубави љубовни приказни кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните

    12 најубави љубовни приказни кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните

    Иако љубовта од ТВ екраните можеби не е вистинска, сепак од неа можеме многу да научиме за љубовта и врските. И иако на прв поглед нивните врски ни изгледаат идилични и нереални, факт е дека тие многу наликуваат на денешните врски. Романтични предлози за брак кои до ден-денес посакуваме да ни се остварат, интересни ситуации кои можат да се случат само на филм и разни љубовни сплетки… Од најромантичните парови до најнеобичните, направивме листа од 12 ТВ парови кои нѐ „приклештија“ за ТВ екраните.rnrn0-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    1. Кери и Фацата од „Сексот и градот“

    rnКери и Фацата се можеби најдобриот пар на сите времиња. Од караници до раскинувања, големи проблеми и животни предизвици со кои овие два ликови се соочуваат, сепак нема нешто што може да ги победи. Тие се доказ дека вистинската љубов постои и покрај сѐ. А после 10 години проблеми, предизвици, бројни раскинувања и емоционални моменти, Кери и Фацата конечно го добиваат нивниот среќен крај.rn

    2. Моника и Чендлер од „Пријатели“

    rnМожеби најнеочекуваниот пар во серијата, Моника и Чендлер од најдобри пријатели преминуваат во момче и девојка полека разгорувајќи го малото љубовно пламенче кое е секогаш присутно меѓу нив. Иако Рос и Рејчел се главниот пар, сепак овие двајца имаат поромантична и понеобична љубов која на крај ќе заврши со брак.rn

    3. Лили и Маршал од „Како ја запознав мајка ви“

    rnНема ликови од ниедна ТВ серија кои повеќе си одговараат од овие двајца. Луди и романтични, со убава историја преплетена со вредни моменти, Лили и Маршал успеваат да пребродат сѐ што животот може да приреди. Тие се совршена слика за тоа како еден брак треба да изгледа, но иако не е сѐ розово, вистинската љубов успева да се одржи на површината потиснувајќи ги проблемите.rnrn1-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    4. Рејчел и Рос од „Пријатели“

    rnСамата приказна дека Рос е веќе 10 години заљубен во Рејчел без да признае толку долго време нѐ тера да извикаме „ооо“ со слатко гласче. Нивната љубовна приказна, исполнета со тврдоглавоста на Рос и горделивоста на Рејчел на моменти нѐ предизвикува да влеземе во ТВ екраните, да ги удриме нивните глави една со друга и да ги натераме да се бакнат.rn

    5. Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“

    rnИако на почетокот тие го загрозуваат нивниот однос стажант-ментор, тоа прераснува во една прекрасна љубовна приказна исполнета со секојдневните доживувања и проблеми на докторите. А вистинската љубов не може ни смртта да ја раздели.rnrnELLEN POMPEO, PATRICK DEMPSEY, CHYLER LEIGHrn

    6. Блер и Чак од „Озборувачка“

    rnНајконтроверзни, а сепак најзаљубени, Чак и Блер имаат невообичаена врска. Нивната романтичност и лицемерие, карактеристично за богатата класа е токму она што силно нѐ прикова за ТВ екраните додека траеше оваа популарна серија. Од согласност за секс за една ноќ со неговата девојка за да го добие назад својот хотел до екстравагантни понуди кои ниедна жена не може да ги одбие, Чак и Блер имаат искусено сѐ. Но, најважно е што сето она што им се случува тие успеваат да го пребродат заедно. А нема ништо помоќно од тоа.rn

    7. Робин и Барни од „Како ја запознав мајка ви“

    rnПовеќе како пријатели отколку како момче и девојка, Барни и Робин започнуваат со платонски односи, но еден импулсивен секс и работите во главата на најголемиот женкар се менуваат. Неговата слатка, детска и невина љубов која ја чувствува кон Робин е токму главната карактеристика на овој прекрасен пар.rnrn7-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    8. Хана и Кејлеб од „Слатки мали лажливки“

    rnВистински показател дека врските на далечина можат да опстанат се Хана и Кејлеб од „Слатки мали лажливки“. Она што е навистина интересно, па и клише за овој пар, е тоа што иако припаѓаат на целосно различни светови, тие сепак успеваат да ја одржат нивната љубов.rn

    9. Џеки и Хајд од „Луди 70-ти“

    rnБез разлика колку се мразеа, тие двојно повеќе се сакаа. Иако таа беше размазената богаташка и сѐ она што тој го мрази кај една девојка, љубовта која Хајд ја чувствуваше кон Џеки не може да се спореди со ниедна друга. Младоста и предизвиците кои таа ги носи никогаш не ги спречи овие два ликови да бидат заедно.rn

    10. Пени и Ленард од „Теоријата за Биг Бенг“

    rnКрајно романтични, лигави и уникатни се дефинитивно епитетите кои ги заслужуваат овие два ликови. Колку и необично да изгледа, некогаш доброто момче ја добива убавата девојка. Нивната хемија полека растеше од првиот состанок кога Пени се досели во нивната зграда за потоа да настане реална и неотповиклива љубов.rnrn6-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrn

    11. Снежана и Принцот од „Си биле еднаш“

    rnОсвен што е фантазија во прашање и една од најомилените двојки на сите времиња, оваа љубовна приказна има да понуди многу повеќе од тоа. Од справувањето со ќерката која е на иста возраст со нив, до амнезијата и битката против злото, Снежана и Принцот успеваат да пребродат сѐ. А доброто секогаш победува над злото.rn

    12. Џес и Ник од „Новата девојка“

    rnЖивеењето во стан со три момчиња е навистина голем предизвик. И плус, голем ризик е вљубувањето баш во оној кој нема постојана работа, не знае да искажува емоции и едноставно има несреден живот. Но, баш таа љубов е најубава. Љубов во која викањето на сред караница завршува со бакнеж.rnrn5-12-najubavi-ljubovni-prikazni-koi-ne-priklestija-za-tv-ekranite-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовта на ТВ екраните: Што научивме од најубавите ТВ парови?

    Љубовта на ТВ екраните: Што научивме од најубавите ТВ парови?

    Иако реалноста е многу поинаква од светот на телевизијата, сепак има некои работи кои можеме да ги научиме од ТВ сериите. На пример, Кери Бредшо во вистинскиот живот никогаш немаше да може да си дозволи толку голем апартман во центарот на Њујорк, нити да ја одржува нејзината колекција од дизајнерски обувки. Но, можеме да научиме нешто од нејзините грешки и како изгледа вистинската љубов.rnrn1-ljubovta-na-tv-ekranite-sto-naucivme-od-najubavitetv-parovi-kafepauza.mkrn

    1. Љубовта е најслатка кога е помеѓу најдобри пријатели

    rnЛичноста која најмногу ве познава и со која сте поминале низ сито и решето, на крајот да ви стане животен партнер е дефинитивно најубавата комбинација која постои. Па така никој не претпостави дека малата хемија и привлечноста помеѓу Моника и Чендлер од „Пријатели“ ќе прерасне во една од најубавите љубовни приказни на нашите ТВ екрани.rn

    2. Некогаш љубовта ќе ви влепи шамар, а вие нема ни да почувствувате

    rnЉубовта е секогаш таму каде што не ја очекуваме. Доаѓа спонтано и природно, без никакви присилби. Така Елена од „Вампирските дневници“ вети дека засекогаш ќе го мрази Дејмон, но со текот на времето сфати дека оној кој ја предизвикуваше е всушност нејзината вистинска љубов. А огромната омраза помеѓу Хајд и Џеки во „Луди 70-ти“ премина во љубов која никој не ја очекуваше.rn

    3. Љубовта секогаш ќе најде начин да успее

    rnБез разлика на сите пречки со кои се соочуваме, вистинската љубов секогаш ќе најде начин да успее. Кери и Фацата конечно го добиваат нивниот среќен крај во ТВ серијата „Сексот и градот“ и покрај сите проблеми со кои 10 години се соочуваа, мора да ги споменеме и Тед и Робин од „Како ја запознав мајка ви“ и Снежана и Принцот од „Си биле еднаш“.rnrn2-ljubovta-na-tv-ekranite-sto-naucivme-od-najubavitetv-parovi-kafepauza.mkrn

    4. Паузите не се секогаш најдобра идеја

    rnЗа жал, паузите најчесто водат до раскинување на целата врска. Совршен пример е кога Рос од „Пријатели“, во текот на паузата спиеше со атрактивната девојка од печатницата. Тоа целосно ја уништи неговата врска со Рејчел. Во „Беверли Хилс 90210“, паузата која ја бара Бренда е тоа што го води Дилан во креветот на Кели.rn

    5. На лагата ѝ се кратки нозете

    rnЕдна од најважните работи за љубовта која можеме да ја научиме од нашите омилени ТВ парови е дефинитивно фактот дека на лагата ѝ се кратки нозете. Почнувајќи од „Декстер“ кога Декстер ја лаже Рита за неговиот идентитет и кога таа ќе ја дознае вистината одлучува да го напушти, па до Волтер Вајт од „Breaking Bad“ кој крие од Скајлер како го поминува неговото слободно време, а тоа води до нивно разделување. Дури ни Дон Дрејпер од „Mad men“ не успева да го спаси својот брак откако неговата жена дознава за неговите многубројни афери.rn

    6. Не се врти сѐ околу романсата

    rnМногу телевизиски парови ни покажаа колку е романтична љубовта (Маршал и Лили од „Како ја запознав мајка ви“, Ленард и Пени од „Теоријата за Биг Бенг“), но многу од нив исто ни покажаа дека сите парови се караат и имаат тешки моменти. Таков пример се Чак и Блер од „Озборувачка“ кој пред да го добијат нивниот крај од приказните, се соочуваат со разни предизвици кои со секое надминување стануваат сѐ посилни и посилни.rnrn3-ljubovta-na-tv-ekranite-sto-naucivme-od-najubavitetv-parovi-kafepauza.mk

  • 10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

    10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улоги

    Кога гледаме филмови и ТВ серии, ние почнуваме да мислиме дека добро ги знаеме актерите кои ги играат своите улоги. Многу е лесно да се претпостави дека глумците наликуваат на своите улоги, но верувајте, работите никогаш не се онака како што изгледаат. Погледнете ја оваа листа на 10 хомосексуални актери кои премногу добро ги играат своите стрејт улоги.rn

    1. Сара Полсон

    rn10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улогиrnrnПолсон, најдобро позната според својата работа во ТВ серијата „Американски хорор приказни“ има јавно изјавено дека е бисексуалка. Нејзината прва врска со жена била актерката Чери Џоунс која траела од 2007-ма до 2009-та година. Пред Џоунс, Полсон никогаш претходно не била во врска со жена, но по нивното раскинување во 2009-тата година, таа изјавила дека е отворена за врски и со мажи и со жени.rn

    2. Виктор Гарбер

    rn10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улогиrnrnГарбер, кој најдобро го помниме по своите улоги во филмовите „Арго“, „Титаник“, „Легално русокоса“, како и „Клубот на првите жени“ е исто така хомосексуалец. Неговото јавно признавање било во 2012 година кога тој изјавил, „Не зборувам за тоа, но сите знаат.“ Тој веќе 15 години живее во Њујорк со својот партнер, Рејнер Андрисен.rn

    3. Џим Парсонс

    rn10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улогиrnrnПарсонс, односно Шелдон од ТВ серијата „Теоријата за Биг Бенг“ е еден од најслободните и најотворени хомосексуални актери на малите екрани. За својата улога добива по неверојатни 1 милион долари за секоја снимена епизода, но и покрај големата слава тој и по 12 години, сè уште е во врска со својот партнер, Тод Спајвак.rn

    4. Синтија Никсон

    rn10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улогиrnrnФактот дека Никсон е отворено хомосексуалка е само уште еден доказ за нејзината големина. Како Миранда Хобс во ТВ серијата „Сексот и градот“, таа многу убедливо го дели креветот со многу жешки мажи. Не би рекле? Сетете се само на секс сцената со нејзиниот сопруг, Стив, во серијата.rn

    5. Мет Бомер

    rn10 хомосексуални актери кои имаат само стрејт улогиrnrnДевојки, седите? Да, вистина е, Мет Бомер кој е најдобро познат со своите улоги во филмовите „Бела јака“ и „Магичниот Мајк“ има изјавено дека е хомосексуалец и дека е заљубен. Тој е во брак со публицистот Сајмон Холс од 2011-та година, но прв пат јавно го признал тоа кога им се заблагодарил на сопругот и нивните деца при прифаќањето на хуманитарната награда „Стив Чејс“ во 2012-та година.rnrn