КАФЕ ПАУЗА

Tag: туризам

  • Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

    Драматичниот раст на популарноста на Хрватска како туристичка дестинација се должи на раскошното Далматинско крајбрежје, прекрасниот национален парк Плитвички Езера и сцените од малото телевизиско шоу за кое веројатно сте слушнале – „Игра на тронови“. Како и да е, остатоците од римските градби во Хрватска и сами се доволна причина да го посетите Јадранското море.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Арената во Пула е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри
    rnrnРимската империја владеела со територијата на денешна Хрватска повеќе од 5 века, а сепак некој ќе се изненади од фактот дека шестиот најголем римски амфитеатар и еден од најдобро сочуваните, се наоѓа во Хрватска, а не во Италија.rnrn
    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Меѓународниот филмски фестивал се одржува во арената во Пула
    rn

    Пула

    rnАрената во Пула, која некогаш собирала и до 20.000 гледачи, денес сѐ уште се користи како место за организирање настани како Филмскиот фестивал во Пула и натпревари во хокеј на мраз.rnrnХрамот на Август во Пула, лоциран во Форумот, во центарот на Стариот град, бил уништен од бомбардирањето во 1944 година, но бил реставриран во неговиот стар сјај и сега во него има антички бронзени и камени статуи.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Храмот на Август во Пула
    rn

    Сплит

    rnСтариот град во Сплит бил изграден помеѓу 3-от и 4-от век и е поставен околу Палатата на Диоклецијан. Таа е направена од песочен камен донесен од блискиот остров Брач, истиот камен кој подоцна се користел во изградбата на Белата Куќа. Тие што ја гледаат, ќе се сетат на ова место од ТВ серијата „Игра на тронови“.rnrnГрадбата која е заштитена како дел од светското културно наследство на УНЕСКО вклучува 220 згради во рамки на палатата, кои денес се претворени во кафе барови, ресторани и хотели. Исто така денес во овие згради живеат околу 3.000 луѓе. Кој не би сакал да помине една вечер во античка римска палата?rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Диоклецијановата палата во Сплит
    rn

    Салона

    rnАнтичкиот град Салона е сместен во малото село Солин, оддалечено само 5 километри од Сплит. Градот некогаш претставувал политички центар за време на владеењето на императорот Диоклецијан. Посетителите можат да уживаат во убавините на покриениот акведукт и манастирот од 1-от век. Ова е прекрасно место за пикник во природа, а кога сте веќе таму побарајте див аспарагус.rnrn

    Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска
    Остатоци од античкиот град Салона

  • 5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова лето

    5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова лето

    Како што се наближува летото, така треба да почнете да размислувате за вашите планови за патување и одмор. Во светот има толку многу неверојатни дестинации кои веројатно не се во вашиот радар на места кои би сакале да ги посетите, но дефинитивно нема да ве разочараат. Земјите кои ќе ги најдете на оваа листа не се баш конвенционални дестинации за одмор и вообичаено нема да ги видите во просечен водич за патување. Но, посетата на овие дестинации ќе ви остави многу спомени и приказни за споделување во иднина.rn

    1. Филипини

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnФилипини е магична земја со дури 7.106 острови. Едноставно нема да ви биде доста од нивната љубезност, ниски цени, пријателски настроени луѓе и прекрасни плажи. Дали можете да замислите како пиете свеж кокос на плажа, додека ве масираат и ги слушате звуците на брановите кои се удираат од брегот? Овој опис накратко ги објаснува убавините на оваа земја. Ако некогаш планирате патување во овој дел од светот, тогаш мора да ги посетите Филипините.rn

    2. Украина

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnМожеби природно сте исплашени кога ќе го чуете зборот „Украина“, знаејќи ги последните политички превирања, но не е сè како што изгледа во вестите и безбедноста во Украина е на нивото како во секоја нормална земја. Главниот град, Киев, е прекрасно место за истражување. Таму нема многу туристи, па ќе доживеете интересно искуство. Ќе бидете импресионирани од необичната архитектура на црквите и замоците. Ноќниот живот во Киев е енергичен, а цените се многу пониски од кој било друг главен град низ Европа.rn

    3. Мјанмар

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnМјанмар (Бурма) е земја која од неодамна ги отвори своите граници за туристите, па можете да добиете виза веднаш по слетувањето на меѓународниот аеродром во Јангон. Но, најдобро е да ја посетите оваа земја што поскоро, додека е автентична, а цените не се астрономски. Се очекува Мјанмар да стане новиот Тајланд со наездата на туристите, да ја изгуби автентичноста и секако, да се комерцијализира.rn

    4. Јужна Кореја

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnШтета е што Јужна Кореја често е засенета од нејзиниот сосед, Јапонија, како атрактивна туристичка дестинација. Технолошки развиениот, футуристички и урбан стил на живот во Сеул комплетно ќе ги помести вашите сфаќања и верувања. Кореја е една од најбезбедните земји во светот бидејќи корејската култура главно се темели на почитта кон другиот. Корејската храна е евтина и вкусна, а ноќниот живот во Сеул е најдобар во целиот свет.rn

    5. Боцвана

    rn5 невообичаени земји кои треба да ги посетите ова летоrnrnПоследна, но не и најмалку важна на листата е Боцвана. Во оваа мирна земја живеат пријателски настроени луѓе, а најпозната е поради дивиот свет што живее таму и прекрасните пејзажи. Тргнете на сафари низ Боцвана за да видите нилски коњи, крокодили, лавови, леопарди, носорози, зебри и многу други егзотични животни. Ќе се изненадите од фактот дека 17% од територијата на Боцвана опфаќа национални паркови кои се дом на најголемите стада од слонови на Земјата.

  • 7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

    7 спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале

    Сите знаеме за познатите светски атракции како Колосеумот во Рим, Кинескиот Ѕид или Таџ Махал. Но постојат и други, грандиозни, антички градби за кои не слушнале ниту најстрасните авантуристи. Во продолжение погледнете ги резултатите од истражувањето на веб-сајтот „Quora“ во кое тие побарале од читателите да наведат некое помалку познато архитектонско чудо во светот.rn

    Големата џамија во Џене, Мали

    rnrnrnГолемата џамија во Џене е стара повеќе од 100 години и претставува најголемата градба во светот изработена од глинени тули. Во 1988 година беше вклучена на листата на Светски наследства на УНЕСКО, како дел од стариот град Џене. Во моментов џамијата е затворена за туристи. Се претпоставува дека вакви мерки се преземени во 1996 година, откако во џамијата имало фотосесија за модното списание Вог.rn

    Чанд Баори, Индија

    rnrnrnЧанд Баори, лоциран во малото индиско село Абанери, претставува едно од најстари и најдлабоки простории со скалила во светот. Џиновската структура претставува превртена пирамида, која под земја се спушта 30 метри. Има 3 ѕидови на кои има 3.500 тесни скали, наместени во совршена симетрија, кои водат до мало, зеленикаво езеро. Научниците сѐ уште не можат точно да откријат дали оваа градба била изградена помеѓу деветтиот и единаесеттиот век или 600 години пред нашата ера.rn

    Палатата на Парламентот, Романија

    rnrnrnЕдно од најпознатите обележја во Букурешт било изградено во времето на Социјалистичка Романија. Оваа палата се смета за најголемата и најскапата административна зграда во светот. Ова неокласично чудо има 12 ката (и 8 дополнителни ката под земја) и 3.100 соби, со вкупна површина од 330.000 метри квадратни.rn

    Стариот мост, Босна и Херцеговина

    rnrnrnПешачкиот мост над реката Неретва во Мостар, е модерна копија на стариот мост кој бил уништен во воениот конфликт во 1993 година. Стариот мост станал дел од листата на Светски наследства на УНЕСКО во 2005. Скоковите од мостот во ладните води на Неретва претставуваат традиционална забава за туристи.rn

    Тврдината Кумбалгар, Индија

    rnrnrnТврдината Кумбалгар е опкружена со ѕид, кој во старите времиња бил познат како „Чувар на Смртта“ или „Окото на Мевар“. Ѕидот се протега на 36 километри, а на некои места достигнува висина и до 8 метри. За изградба на оваа тврдина биле потребни сто години, од петнаесеттиот до шеснаесеттиот век. И покрај многуте војни, Големиот Ѕид од Индија никогаш не бил значително оштетен или предаден на непријателите.rn

    Џамијата Шеик Лутфула, Иран

    rnrnrnОва архитектонското ремек-дело на сафавидската иранска архитектура, било изградено помеѓу 1602 и 1619 година. Џамијата е елегантна, но крајно невообичаена градба од неколку причини. Оваа џамија нема минариња ниту двор, веројатно поради фактот што не била наменета да биде отворена за јавноста, туку да служи како место за молење на жените од харемот.rn

    Тврдината Деравар, Пакистан

    rnrnrnМонументалната, квадратна структура во Деравар била изградена во 1733 година. Тврдината се состои од 40 бедеми, кои никнуваат од пакистанската пустина. Вкупниот обем на ѕидовите изнесува 1.500 метри, а високи се 30 метри. Дури и многу од локалните жители не знаат за нејзиното постоење.rnrnВо продолжение погледнете повеќе фотографии од овие неверојатни места ширум светот…rnrn

  • Рајот за читателите: Посетете го мирното гратче на книгите во Велс!

    Рајот за читателите: Посетете го мирното гратче на книгите во Велс!

    Хеј Он Вај (често само Хеј) е мал трговски град кој се наоѓа на брегот на реката Вај на границата помеѓу Велс и Англија. Овој град е познат по тоа што има преку 40 книжарници во кои можат да се купат евтини и користени книги. Освен книжарниците, насекаде низ градот има штандови полни со прекрасна литература. Градот исто така е домаќин на „Фестивалот на книгите“, кој Бил Клинтон во 2001 го прогласил за „Вудсток за умот“. Овој фестивал секоја година го посетуваат околу 80.000 писатели, издавачи и љубители на пишаниот збор од целиот свет.rnrn0-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mkrnrnСѐ започнало во 1961 кога Ричард Бут ја отворил својата прва половна книжарница во старата зграда на противпожарната служба. Книгите ги набавувал од Америка, а таму во тоа време книжарниците постојано се затварале. По некое време, во градот се отворени уште неколку книжарници, а веќе до 1970 Хеј станал познат како „градот на книгите“. Денес ова малечко гратче има околу 500.000 посетители годишно.rnrn1-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mkrnrnМеѓу сите видови книжарници, најубави и најнеобични се т.н. „чесни книжари“ – тие се без продавач и се состојат само од полици и книги. Тоа функционира така што луѓето едноставно одбираат книга и оставаат пари во малите поштенски сандачиња.rnrn2-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mk3-rajot-za-chitatelite-posetete-go-mirnoto-gratche-na-knigite-vo-vels-kafepauza.mkrnrn

  • Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

    Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски

    Јапонските островите Изу имаат прекрасна природа, но не се многу „гостопримливи“ кон луѓето. Ова се вулкански острови од кои некои исчезнуваат по повремените ерупции на сè уште активниот вулкан. Ситуација е најлоша на островот Мијакеџима, каде што вулканот Ојама испушта толку многу сулфур што луѓето мораат дење-ноќе да носат гас маски. Дури и кога воздухот е поднослив за дишење, тие пак се законски обврзани да имаат гас маска на дофат на рака. Знаејќи го ова, звучи неверојатно фактот дека таму има околу 3.000 луѓе кои упорно тоа место го нарекуваат свој дом.rnrnЈапонски остров каде што луѓето живеат под гас маскиrnrnИнтересно е тоа што одвреме-навреме кога има силни ерупции местото целосно се евакуира, за потоа жителите повторно да се вратат кај своите гас маски под облаците од сулфур. Тие во секој момент очекуваат вклучување на сирените за евакуација. Ако за нив тоа е нормално затоа што дома си дома, неверојатно е како местото привлекува туристи кои се надеваат дека таму ќе ја видат апокалипсата.rnrnЈапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маскиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најнови туристички атракции

    10 најнови туристички атракции

    Секаде се гради по нешто ново и затоа секаде има по некоја нова туристичка атракција која привлекува посетители кои сакаат да ја видат. Овие десетина од најновите се отворени неодамна или се очекува да бидат отворени во секој момент.rn

    1. Стаклениот под на Ајфеловата кула во Париз

    rnАјфеловата кула доби нов интересен детаљ. Сега покрај одличниот поглед околу неа, благодарение на новиот стаклен под на првиот кат ќе можете да погледнете како е и под неа.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    2. Гудс Лајн во Сиднеј

    rnОваа новоизградена пешачка патека во Сиднеј ги поврзува Дарлинг Харбор и Технолошкиот универзитет. Покрај неа ќе има и бројни кафулиња како и амфитеатар за настани на отворено.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    3. Фабриката за алкохол во Лејверстоук, Англија

    rnФабриката за алкохол Бомбај Сафир сместена во малото англиско село Лејверстоук неодамна доби стаклени куќи кои изгледаат како да се исфрлени од самата фабрика. Иако таа не е стара како другите на островот, се очекува новата архитектура во малото живописно село да добие посетители кои се љубители на алкохолот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    4. Музејот за човекови права во Винипег, Канада

    rnНовата модерна стаклена зграда ќе биде дом на изложби поврзани со холокаустот, етничкото чистење во Босна, животот на Нелсон Мандела и сите други настани поврзани со човекови права.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    5. Марктал, Ротердам

    rnРотердам е исполнет со модерна и кул архитектура. Најновото од неа е Марктал, зграда со 230 станови која е изградена во облик на потковица. Под неа има зелен пазар.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    6. Ролеркоустерот Бетмен во Сан Антонио, САД

    rnТој се очекува да стане ролеркоустерот кој секој трагач по адреналин ќе сака да го посети. Тоа ќе биде најдолгиот 4Д ролеркоустер во светот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    7. Конгресниот центар во Краков, Полска

    rnОние што ја посетиле Полска не се навикнати на вакви градби, но жителите на Краков се горди на нивниот нов модерен конгресен центар. Тој ќе биде првенствено наменет за концерти.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    8. Кулата Шангај

    rnНовата кула во Шангај е втора по големина во светот, веднаш зад Бурџ Калифа во Дубаи. Висока е 610 метри и се надвиснува на реката Хуангпу. Се разбира, сместена е во модерниот деловен дистрикт во градот.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    9. Велосипедската патека во Нунен, Холандија

    rnОваа велосипедска патека по цел ден црпи сончева енергија која навечер ја претвора во ѕвездено небо. Инспирирана е од сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент Ван Гог.rnrn10 најнови туристички атракцииrn

    10. Музејот на утрешнината во Рио де Жанеиро

    rnДизајнирана од легендарниот архитект Сантијаго Калатрава, бразилскиот музеј на утрешнината има облик на риба и со главата е свртен кон океанот. На неговата програма ќе има интерактивни изложби поврзани со климатските промени, растот на бројот на населението и за тоа како нашите денешни дејства влијаат на иднината.rnrn10 најнови туристички атракцииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бордо – заспаната француска убавица

    Бордо – заспаната француска убавица

    Бордо е честопати нарекуван Заспана убавица поради тоа што е преубав, но не ужива толкава популарност како Париз или некои други француски градови. Туристите не го земаат често предвид веројатно поради неговата малку оддалечена локација во близина на Атлантскиот брег, но тој има многу да понуди.rnrnБордо - заспаната француска убавицаrnrnНеговиот изглед неверојатно добро се вклопува во она што странците во главата го имаат како стереотип за еден француски град, благодарение на Париз. Општиот впечаток е дека Бордо многу наликува на главниот град, поради што од некои е нарекуван Мал Париз. Прекрасна архитектура, музеи, можности за дегустирање на познатото локално вино, шармантни кафулиња, пространи плоштади, паркови… И Бордо е град на уметноста, полн со знаменитости за кои може да се прашувате какви се тие способни раце кои ги изградиле, но е помал, се живее побавно и е порелаксиран. Тој вибрацијата не ја добива од туристите, туку од огромната студентска популација.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години

    Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години

    „Врата кон пеколот“ е соодветно именувано поле со гас во пустината Каракум во Туркменистан, кое гори веќе подолго од 40 години. Разгорениот кратер првин бил пронајден од страна на советските научници во 1970 година, како област полна со ресурси на гас. За жал, земјиштето пропаднало од тежината и притисокот на платформата за нафта поставена на местото. Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 годиниГолеми количества метански гас штетен за околина, се ослободиле од масивното опаѓање и тоа ги натерало научниците брзо да реагираат и да го изгорат гасот, сметајќи го за најевтино и најлесно решение на проблемот. Гасот, планирале да  изгори за неколку дена. Но, она што тие не го очекувалe, е огнот да гори 4 декади, до ден денешен. Денес, ова е туристичко место, кое привлекува посетители од целиот свет, да дојдат и да ја видат одблизу пеколната бездна. Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 години Врата кон пеколот – вулкански кратер кој гори над 40 годиниrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 градови со прекрасни плажи

    10 градови со прекрасни плажи

    Убавите плажи не се сместени само на изолирани места некаде далеку од урбаните подрачја. Според магазинот Лонли Планет овие градови не заостануваат зад нив.rn

    Барселона

    rnЦелото крајбрежје на Барселона е исполнето со прекрасни плажи. Најјужно се наоѓа Плаџа де ла Нова Икарија, најубавата од нив и секогаш полна со капачи.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Рио де Жанеиро

    rnКопакабана и Ипанема се двете најпознати плажи во овој бразилски град. Оној кој еднаш стапнал овде и ја почувствувал енергијата во воздухот секогаш копнее да се врати на овие храмови на хедонизмот.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Кејп Таун

    rnБез оглед на тоа дали сакате плажа опкружена со барови, катче за одмор со семејството или место за играње фудбал на плажа, на убавото крајбрежје на Кејп Таун има сè што може да ви притреба.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Танжиер

    rnМароканскиот град Танжиер се наоѓа на африканскиот дел од Гибралтарскиот Проток, онаму каде што се среќаваат Атлантикот и Медитеранот. Градот располага со огромни песочни плажи кои никогаш не се празни. Тука постојано има капачи, деца кои си играат и луѓе кои доаѓаат само за да се опуштат гледајќи во океанот.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Мајами

    rnПрвата слика која доаѓа на памет кога ќе се споменат плажите во Мајами се хоризонтот и убавите тела на посетителите, но покрај тоа во градот има место и за оние кои сакаат да сурфаат или за оние кои не бараат гужви.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Сиднеј

    rnКога брановите стигнуваат до плажата Бонди во Сиднеј се чини дека нема граница каде завршува Пацификот и почнува плажата. Во градот има и други убави плажи, но не се толку популарни како оваа.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Валенсија

    rnПлаја де ла Малвароса и Плаја де лас Аренас ја прават Валенсија привлечна за туристите кои сакаат да се бањаат на бреговите на Коста Бланка. Веднаш зад нив се наоѓа шеталиштето Пасео Маритимо, а недалеку од нив се и бројните шпански ресторани, барови и дискотеки.rnrn(7) 10-gradovi-so-prekrasni-plazhi-www.kafepauza.mkrn

    Тел Авив

    rnТел Авив е спротивност од угледот кој го има Израел. Плажите се совршено чисти и се исполнети со млади луѓе кои таму се забавуваат додека се раздени.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Дубаи

    rnСè она најдобро што може еден турист да посака може да го најде во Дубаи. Песокот и водата на плажите се беспрекорни, а покрај погледот кон морето може да се ужива и во глетката над надвиснатите архитектонски зданија во градот.rnrn10 градови со прекрасни плажиrn

    Брајтон

    rnИзненадувачки, меѓу најубавите плажи во светот се наоѓа и една во Англија. Плажата е со ситни камчиња, но студентите и денешните хипици кои ја окупираат ѝ даваат боемски дух кој ја сместува меѓу најатрактивните во светот.rnrn10 градови со прекрасни плажиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија

    Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија

    На прв поглед изгледа како на фотографијава да има брод врз кој удира голем бран, но тоа е во суштина паметно дизајнирана фонтана, која испушта вода низ голем број дупчиња. Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија Инспиративна фонтана во облик на брод во ВаленсијаЛоцирана крај плажата Плаја де ла Малвароса во Валенсија, Шпанија, оваа бродска фонтана создава илузија на бродска конструкција и едро од ликвиден млаз.rnИнспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија Инспиративна фонтана во облик на брод во ВаленсијаИзгледа минималистички, импресивно, надреално и свежо, а се состои од многу едноставна идеја со неколку шипки кои исфрлаат вода и го „цртаат“ нејзиниот облик.Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија Инспиративна фонтана во облик на брод во ВаленсијаСличен ваков дизајн на фонтана е виден и на други места ширум светот, како таа во Португалија и во Израел, но се чини дека оваа во Валенсија привлекува најмногу странски туристи. Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија Инспиративна фонтана во облик на брод во ВаленсијаДоколку немате можност да ја посетите наскоро, можете во моментов да погледнете фантастичен поглед од 360 степени од нејзината структура на Гугл Мапс. Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.