Ако сакате да се почувствувате како дел од кралско семејство додека сте на одмор, морате да ги имате предвид овие десет прекрасни европски замоци кои денес се пренаменети во хотели.rn
Торнбури, Англија
rnИзграден во десеттиот век, овој замок бил меѓу омилените престојувалишта на членовите на британското кралско семејство. Има 25 луксузни соби, ресторан и просторија за венчавки, а можете да отседнете во собата што некогаш ја користеле кралот Хенри VIII и Ен Болејн.rnrn
rn
Абиглен, Ирска
rnЗамокот е изграден во 1832, а во меѓувреме служел и како сиропиталиште. Во шеесеттите бил повторно отворен, овој пат како хотел. Таму најдобри се вторниците, кога менијата во ресторанот се напишани на галски јазик и се служат само традиционални ирски јадења, баш како во минатото.rnrn
rn
Хорнберг, Германија
rnОвој витешки замок од единаесеттиот век е отворен од 1953 година. Нудат т.н. витешки оброк, односно храна за 20-120 луѓе според традиционални германски рецепти од средниот век, музика и жонглери. Фешта баш како од пред 500 години.rnrn
rn
Кастел Брандо, Италија
rnНеверојатно е што овој 2000 години стар замок денес сè уште е во употреба. Покрај соби за престој во него има и музеј.rnrn
rn
Ешфорд, Ирска
rnОвој замок датира од 1228 година, а во 1939 година бил претворен во хотел. Во него престојувале многу славни личности, како Бред Пит, Џон Ленон, Роналд Реган, Џорџ Харисон, Џон Вејн и други.rnrn
rn
Парадор де Кардона, Шпанија
rnПреубав замок во близината на Барселона кој е изграден во осмиот век, а издржал и голем број војни. Ако престојувате таму, би било убаво да ја избегнете собата со број 712, затоа што се верува дека е опседната од духови.rnrn
rn
Хазлвуд, Англија
rnСе претпоставува дека замокот Хазлвуд е изграден уште во единаесеттиот век. За време на владеењето на кралот Хенри VIII служел како прибежиште за гонетите католички свештеници, а од 1997 има својство на хотел. Меѓу другото, за време на престојот во замокот можете да земете и часови по готвење.rnrn
rn
Шато де Кастел Новел, Франција
rnОвој замок се наоѓа во централниот дел на Франција. Датира од тринаесеттиот век, а во негова близина се достапни многу активности, како кајакарење, голф и риболов.rnrn
rn
Кастело де Обидос, Португалија
rnКастело де Обидос е изграден во дванаесеттиот век на западниот брег на Португалија. Гратчето Обидос е заштитен од УНЕСКО, а самиот замок е избран како едно од Седумте португалски чуда.rnrn
rn
Гатри, Шкотска
rnЗамокот Гатри е изграден во петнаесеттиот век како кула во која имало соби за живеење, а бил напуштен неколку години подоцна кога близу до него била изградена куќа. Веќе со векови двата објекти се поврзани и сочинуваат прекрасен замок. Интересно е тоа што за него се поврзува и приказна дека е опседнат од духови, но тоа не ги спречува гостите да престојуваат во него.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.