КАФЕ ПАУЗА

Tag: туризам

  • Хонгконг нуди 500.000 бесплатни авиобилети за туристи од целиот свет!

    Хонгконг нуди 500.000 бесплатни авиобилети за туристи од целиот свет!

    Со цел да заживее туризмот и да се поттикнат посетителите да дојдат, властите во Хонгконг решија да споделат 500 илјади бесплатни авионски билети. Иницијативата „Hello Hong Kong“ беше лансирана неодамна, но на неа се работи повеќе од две години.rnrnХонгконг нуди 500.000 бесплатни авиобилети за туристи од целиот свет!rnrnПатувањето во Хонгконг беше комплицирано и скапо за време на пандемијата. Мерките за карантин што кулминираа со 21 ден изолација како и PCR тестовите ги спречија повеќето патници да дојдат во Хонгконг.rn

    „Влезниците ќе се дистрибуираат меѓу три авиокомпании: водечкиот авиопревозник Cathay Pacific, HK Express и Hong Kong Airlines. 500.000 билети чинат речиси 255 милиони долари. Патниците кои сакаат да патуваат во Хонгконг бесплатно можат да ја посетат веб-страницата на кампањата World of winners, почнувајќи од 1 март за да ги внесат своите информации за лотаријата“, пишува CNN и додава дека билетите ќе сe пoделат на три дела: од 1 март за патниците низ Југоисточна Азија, од 1 април за оние кои живеат во Кина и од 1 мај за жителите на остатокот од светот.

    rnПред пандемијата, Хонгконг имаше 56 милиони посетители годишно, а до 2022 година тој број се намали на околу 100.000. Властите се надеваат дека бесплатните билети би можеле да ја подобрат туристичката ситуација и да го зголемат бројот на туристите по пандемијата…rnrnОткако прочитавте за најновата инцијатива на властите во Хонгконг во поглед на туризмот, можеби ќе сакате да прочитате и за највозбудливите и највисоките места во Хонгконг.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Туризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите врати

    Туризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите врати

    По неколку години, кога ќе погледнете наназад, на 2019 година ќе се сеќавате како на година во којашто европските градови започнаа да го ограничуваат бројот на туристи. Погледнете кои се причините за ваквите одлуки.rn

    Бројот на луѓе што патуваат со авион е сè уште во пораст

    rnТуризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите вратиrnrnПовеќе од 2,6 милијарди луѓе секоја година минуваат низ европските аеродроми и се очекува овој број да се зголеми за 53 % до 2040 година, а влијанието на туристите предизвикува еколошки, социјални и економски последици во многу градови.rn

    Холандија престана да го промовира Амстердам

    rnТуризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите вратиrnrnВо мај, Холандскиот туристички одбор донесе одлука веќе да не ги рекламира своите поголеми градови како што е Амстердам, откако членовите предвиделе зголемување на бројот на туристи за 50 %, односно од 18 милиони во 2017 година на 29 милиони во 2030 година. Рекламирањето на Амстердам како туристичко жариште беше неверојатно успешен план, но сега приоритетот се префрли на зачувување на културниот идентитет на градот, како и на целта градот да стане подостапен за локалното население. Исто така, членовите на одборот се надеваат дека со ограничувањето на бројот на туристите што ќе доаѓаат во земјата, ќе се намалат отпадот и емисијата на јаглерод диоксид.rn

    Венеција сакаше да воведе влезна такса

    rnТуризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите вратиrnrnЕколозите одамна тврдат дека големите бродови ја зголемуваат стапката на деградација и придонесуваат за бавното тонење на градот. Во градот нема доволно простор за локалното население и разликата помеѓу бројот на туристи и бројот на локалните жители е огромна. Во 1965 година, во Венеција имало 122.000 жители, а сега само 54.000 жители, а причината е тоа што повеќето луѓе не се во можност да си дозволат да живеат таму. Многу советници предлагаат да се воведе влезна такса во согласност со тоа што туристите постојано прашуваат „во колку часот затвора Венеција“.rn

    Барселона се плаши дека ќе ја изгуби душата на градот

    rnТуризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите вратиrnrnГрадоначалникот на Барселона се закани дека ќе го ограничи влезот на патниците што доаѓаат од крстарење тврдејќи дека тие не придонесуваат за економијата на регионот затоа што не преноќуваат во градот и оставаат само неред. Барселона е најпосетуваното пристаниште во Европа и загадувањето на воздухот го направи градот премногу бездушен за живеење.rnrnСпоред градоначалникот на Барселона, единствената алтернатива за да се спаси локалниот живот е ограничувањето на бројот на туристи. Тој тврди дека за разлика од останатите поголеми градови, Барселона е позната по својата разновидност и по медитеранскиот шарм и тој се плаши дека постои опасност градот да ја изгуби својата душа.rnrnПогледнете ги овие бајковити места што вреди да ги посетите оваа зима.

  • 10 природни чуда видени преку стакло

    10 природни чуда видени преку стакло

    Природата е најубава кога се гледа без филтер, таква каква што е, а некои пејзажи и природни појави можат да бидат уникатно искуство кое го покренува адреналинот. Во голем дел од ваквите места, постојат сместувачки капацитети за заштита од надворешните неповолни влијанија, кои доживувањето на природата го прават поинакво кога се гледа низ стакло.rn

    1. Игло бунгалови

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnСе наоѓаат во Селото на Дедо Мраз во Лапонија, Финска, а преку стаклените делови може да се набљудуваат елените, снеговите и поларната светлина.rn

    2. Пауза со ајкули

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо Сан Франциско постојат два подводни проѕирни тунели во крајбрежниот аквариум. Преку нив може да се набљудува морскиот свет и повеќе видови ајкули кои живеат во овој дел.rn

    3. Лифт кон височините

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnЛифтот Бајлонг е изграден во кинескиот национален парк Жангџиаџие, изработен е од проѕирен материјал и силна челична конструкција и оди и до 300 метри нагоре, дозволувајќи да се видат уникатни сцени од кањонот.rn

    4. Стаклениот мост

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо истиот кинески национален парк постои и долг проѕирен мост кој освен што е застрашувачки, придонесува и за високо адреналинско искуство на посетителите.rn

    5. Гнездо во височините

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо Перу, туристите може да искусат сместување на раб на карпа во Светата долина. Домаќините нудат одлично сместување со вклучени оброци, проследени со квалитетно вино и незаборавна глетка.rn

    6. Хеликоптерски тури

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо САД постојат хеликоптерски тури над Големиот Кањон, Јелоустоун и вулканите на Хаваи, а туристите може слободно да фотографираат уникатни глетки.rn

    7. Воз „на отворено“

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnПостојат неколку железнички рути во Алјаска и Канада преку кои патниците можат да разгледаат недопрени предели од овие региони. Вагоните се изработени од проѕирен плексиглас, за искуството да биде што подобро и пореално.rn

    8. Соби во меур

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnПостојат во Франција и во Северна Ирска, но и во други делови на Европа. Изработени се во форма на меур од кои може и да се гледа живиот свет, но и туристите да се безбедни од потенцијални опасности.rn

    9. Стаклени бродови

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnВо овие бродови, патниците не се лишени од разгледување, но се заштитени од надворешни влијанија. Ги има во реките во Чикаго, Париз, Копенхаген, Сингапур и Стразбур.rn

    10. Подморници со проѕирно дно

    rn10 природни чуда видени преку стаклоrnrnПрекрасно искуство за разгледување на морското дно, а ги има околу Големиот корален гребен, на Хаваите и околу Нов Зеланд.rnrnПрочитајте ги и овие факти за најдалечните острови ширум планетата.

  • 5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

    5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватска

    Хрватска отсекогаш била скриена скапоценост на Балканот, но во последните години стана атрактивна и за туристите од целиот свет. Историјата, прекрасните плажи, националните паркови и шармантните градови прават секој турист да се вљуби во оваа држава и да посака што почесто да се враќа таму.rnrn5 туристички замки кои треба да ги избегнете во ХрватскаrnrnНо, како и секоја популарна дестинација, така и Хрватска има свои замки во кои туристите често паѓаат, а кои всушност се лесни за избегнување. Во продолжение следуваат најчестите пет…rn

    1. Посета во тек на туристичка сезона

    rnЈули и август се најпопуларни периоди за да се посети Хрватска, но не се и најдобрите. Во текот на летните месеци градовите се преполни со луѓе, улиците со автобуси, а морето со бродови за разгледување на брегот. Дури и локалните жители повеќе ги сакаат раните летни и есенските денови за уживање покрај море. Исто така, престојот во мај, јуни, септември и октомври е доста поевтин.rnrn5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватскаrn

    2. Плаќање со евра наместо со куни

    rnЕдно евро е 7,4 куни и доколку плаќате со евра, може да се случи рестораните или кафулињата да ви наплатат „округла“ сума и со тоа да дадете повеќе пари. Затоа, подобро е во менувачница да размените евра во куни и да плаќате по цените наведени во државната валута.rnrn5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватскаrn

    3. Разменување валути во која било менувачница

    rnВнимавајте каде ги разменувате парите, бидејќи може да се случи исто така да добиете заокружен износ и да ги почестите некое евро и вработените таму. Најдобро е да одите во банка, каде што ќе ви ги разменат парите со точниот износ. Исто така, банките работат со скратено работно време за викенди, па затоа купете куни порано.rnrn5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватскаrn

    4. Плаќање премногу за просечна храна

    rnНа колку поатрактивна локација се наоѓа ресторанот, толку повисоки се и цените. Локалната храна во Хрватска е навистина вкусна, но традиционалните специјалитети можете да ги најдете и во рестораните кои немаат поглед на море и не се во туристичкото срце на градот. Најскапиот локал не значи и дека е најдобар. Постојат многу онлајн туристички сервиси каде што може да прочитате искуства на некои кои веќе ги посетиле и да одлучите каде вие ќе отидете.rnrn5 туристички замки кои треба да ги избегнете во Хрватскаrn

    5. Плаќање превисока цена за такси

    rnКако и во повеќето туристички места, така и во Хрватска често се случува таксистите да ве возат по подолг пат за да можат да пријават подолга релација, но и сето тоа дебело да го наплатат. Затоа, можете да ги разгледате опциите за јавен превоз во местото каде што престојувате или пак да се консултирате со домаќините на сместувањето, кои во најголем број се љубезни и фини.rnrn5 туристички замки кои треба да ги избегнете во ХрватскаrnrnЗа полесно да изберете кое место да го посетите, прочитајте повеќе за шармантното хрватско крајбрежје

  • 5 шармантни европски градови кои вредат да се посетат оваа пролет

    5 шармантни европски градови кои вредат да се посетат оваа пролет

    Можеби државите на Балканот и во Јужна Европа не се наоѓаат на светските топ листи за туристички дестинации, но она што е сигурно е дека постојат навистина прекрасни градови кои вредат да бидат посетени.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrnrnЗатоа, оваа пролет заборавете на Париз, Прага, Рим и Барселона и целете кон поблиски и со сигурност поевтини места.rn

    1. Блед, Словенија

    rnГрадот Блед, заедно со езерото, е идеален избор за оние кои сакаат да уживаат во уникатна и живописна природа. Езерото има прекрасна сина боја, а убавина додава и опкружувањето со дел од планинскиот венец од Алпите. Поради тоа, Блед е и чест избор на љубителите на планината. Во близина се наоѓа и езерото Бохињ, кое исто така вреди да се посети.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    2. Брашов, Романија

    rnВо овој град има многу дворци, меѓу кои се наоѓа и Бран, каде што живеел грофот Дракула. Градот нуди одличен спој на историја и историски локалитети и модерни кафулиња и ресторани, што ќе ви овозможат многу удобен престој.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    3. Јајце, Босна и Херцеговина

    rnПрекрасен град сместен на водопадите на реката Врбас. Јајце е дом на многу градби од античките времиња, на тврдини од средниот век и на мистериозната катакомба по која градот е препознатлив. Во близина се наоѓа и единствената готска црква во Босна и Херцеговина.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    4. Котор, Црна Гора

    rnКотор излегува на Јадранското Море и нуди сосема поинаков пролетен и летен одмор. Со самото влегување во градот може да се види и да се почувствува богатата историја, но и духот на модерното време. Исто така, нуди можност и за полесни планинарски тури, а прекрасен е и за оние кои сакаат само да пешачат и да уживаат.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    5. Охрид, Македонија

    rnЗа нашиот бисер може многу да се пишува, но тоа никогаш нема да биде доволно за да се опише неговата убавина. Тука е сместено најстарото езеро во Европа, многу хотели, кампови, одморалишта, но и неизоставните културно-историски знаменитости.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrnrnСекако, на оваа листа може да влезат уште многу одлични места, како што се туристичките места на Јадранското море, Струга, Мостар… Што се однесува до најубавата плажа во Европа, оваа велшка убавица навистина ќе ви го одземе здивот!

  • Би ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?

    Би ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?

    Во вселенските станици, животот на астронаутите е сличен како и на Земјата – тие работат, вежбаат, јадат и одмараат. Наскоро и обичните луѓе ќе можат да ја имаат оваа привилегија, но не баш сите.rnrnБи ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?rnrnСтаницата „Аурора“ е планирано да биде првиот луксузен хотел во вселената, а првата модуларна единица треба да биде лансирана во 2021 година. Првите гости се очекуваат веќе следната година, а ќе бидат придружувани од екипаж од два члена. Платформата ќе се наоѓа на околу 320 километри над Земјата.rnrnВселенските туристи би имале несекојдневна можност за пат околу планетата за 12 дена, со различни брзини на движење. За време на оваа авантура, тие ќе сведочат на 284 изгрејсонца и зајдисонца. Во една „смена“ може да има најмногу 6 гости.rnrnИако до неодамна ваквата идеја можеше да биде само фантазија, по „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Virgin Galactic“, оваа замисла веќе може да се реализира.rnrnБи ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?rnrnВселенската мисија „Орион Спан“, која е сопственик на станицата „Аурора“, смета дека со носење туристи во вселената, се достигнува највисоката точка на цивилизацијата. Оттаму изјавиле дека иако ваквиот аранжман не е секојдневна организација, се надеваат дека ќе има луѓе кои ќе сакаат да платат за астрономско искуство во вселената.rnrnКолку би чинело ова? 12-дневен пат низ вселената, со вклучено сместување и пат, би чинело 9,5 милиони долари по лице, односно 791.666 долари за ноќевање, со тоа што како депозит се плаќаат 80.000 долари.rnrn„Орион Спан“ се надеваат дека ќе имаат клиенти, но и компании кои ќе инвестираат во овој проект. Тие уште преговараат со други компании кои би го изведувале летот од Земјата кон вселенскиот хотел. Исто така, пред да се реализира патувањето, туристите ќе бидат примени на тримесечен тренинг и онлајн курс, на кои ќе треба да научат како да се справуваат со условите во вселената.rnrnБи ноќевале ли во хотел на 320 километри над Земјата?rnrnПогледнете ја и оваа неверојатна глетка од вселената.

  • 6 туристички дестинации кои се многу поразлични во живо

    6 туристички дестинации кои се многу поразлични во живо

    Повеќето луѓе имаат долга листа со места кои сакаат да ги посетат. Некои од местата ги посетуваат поради нивната убавина, а некои поради нивната историска или политичка значајност. Сигурно секој има видено фотографија од местата кои сака да ги посети, и без сомнение тие фотографии изгледаат неверојатно. Но, кога ќе пристигнете ќе сфатите дека вашите очекувања биле превисоки. Погледнете како навистина изгледаат посетите на некои од најпознатите места.rn

    1. Стоунхенџ

    rn(1)6-turistichki-destinacii-koi-se-mnogu-porazlichni-vo-zhivo-kafepauza.mkrnrnСтоунхенџ е едно од оние мистериозни места кое речиси сите сакаат да го посетат. Се разбира, секој од нас си замислува дека ќе го пречека нешто како на фотографијата.rnrn(2)6-turistichki-destinacii-koi-se-mnogu-porazlichni-vo-zhivo-kafepauza.mkrnrnКога ќе пристигнете, ќе сфатите дека сите посетители го мислеле истото, и дека реалноста е далеку од онаа на првата фотографија.rn

    2. Венеција

    rn(3)6-turistichki-destinacii-koi-se-mnogu-porazlichni-vo-zhivo-kafepauza.mkrnrnСекогаш кога ќе видиме фотографија од каналите на Венеција, посакуваме да се најдеме таму.rnrn(4)6-turistichki-destinacii-koi-se-mnogu-porazlichni-vo-zhivo-kafepauza.mkrnrnНо за жал, голема е веројатноста во Венеција да се пронајдете во оваа ситуација.rn

    3. Пиварата Hofbräuhaus во Минхен

    rn(5)6-turistichki-destinacii-koi-se-mnogu-porazlichni-vo-zhivo-kafepauza.mkrnrnПовеќето луѓе кои одат во Германија, сакаат да го искусат пивото на вистинскиот германски начин во оваа пивара.rnrn(6)6-turistichki-destinacii-koi-se-mnogu-porazlichni-vo-zhivo-kafepauza.mkrnrnНо кога ќе пристигнете, таму ќе ве пречека огромна толпа од туристи.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Гугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања)

    Гугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања)

    Гугл одамна игра огромна улога во нашите животи, така што ни открива голем број интересни информации, најнови трендови, како и размислувањата и желбите на луѓето ширум светот. Тој исто така може и да ни открие кои се најчесто пребаруваните туристички дестинации ширум светот. Ако мислевте дека станува збор за Њујорк, Лондон и Париз – грешите! Доколку сакате необично и незаборавно патување, Гугл ви ги предложува следниве неколку градови…rn

    1. Рејкјавик, Исланд

    rnГугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања!)rnrnРејкјавик е главниот и најголемиот град во Исланд. Најсеверниот град во светот е познат по своите раскошни поларни светлини и сината лагуна. Верувале или не, Исланд станал една од најпопуларните туристички дестинации во 2016 година. Иако првото нешто што ви паѓа на памет кога ќе помислите на ова место е лед, земјата може да понуди многу повеќе од тоа. Толку зеленило и различни нијанси на бои, ретко каде можат да се видат. На Исланд дури нема ни комарци, а според бројни истражувањата таму живеат дел од најсреќните луѓе ширум светот.rnrnСпоред Гугл, жените на возраст од 25 до 34 години се најзаинтересирани за да го посетат популарниот град Рејкјавик.rn

    2. Хавана, Куба

    rnГугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања!)rnrnНа второ место се наоѓа Куба, која е омилена дестинација за многу туристи. Овој град е познат по својата шарена архитектура и автомобилите од 50-тите години, кои често се забележуваат на улиците.rnrnСпоред Гугл, Куба е најпопуларно место за мажите од 35 го 44 години.rn

    3. Торонто, Канада

    rnГугл одбра: Најдобрите 3 дестинации во светот (според вашите пребарувања!)rnrnТоронто е најголемиот град во Канада и омилената туристичка дестинација на многу мажи. Кога ќе се земе предвид гастрономската сцена во Торонто, богатата историја и најпопуларниот канадски рапер, Дрејк, не можеме да кажеме дека сме изненадени.rnrnСпоред Гугл, оваа туристичка дестинација е најпребарувана од мажи на возраст од 25 до 34 години.

  • Запознајте го 37-годишниот Норвежанец кој ги посетил сите 198 држави во светот

    Запознајте го 37-годишниот Норвежанец кој ги посетил сите 198 држави во светот

    Норвежанецот Гунар Гарфорс дефинитивно спаѓа во групата исклучителни луѓе. Тој има 37 години и веќе ги посетил сите 198 држави во светот. Патувањето почнало како облог, а Гунар, не ни дал отказ од работа, туку работел од секаде каде што можел, бидејќи го носел својот лаптоп со себе.rnrn(1) 37-godishen-norvezhanec-gi-posetil-site-198-drzhavi-vo-svetot-kafepauzamkrnrnНа прашањето која земја му е омилена, вели дека е тешко да се избере само една. Но, сепак, направил листа од 12 земји кои секој мора да ги посети.rn

    Романија

    rn

    „Трансилванија, најпозната по дворците, планините и Дракула, дефинитивно ќе ве освои. Романија ќе ја помнам и по пивото и незаборавниот ноќен живот во Букурешт“.

    rn

    Мадагаскар

    rn

    „Неспорно е дека Французите биле тука, а на брегот се шетаат лемури и има баобаб дрва“.

    rn

    Исланд

    rn

    „Исланд е голем остров сред Атлантикот. Ветровите и брановите тука се веќе милиони години! Земете си опрема за пливање и уживајте во топлите природни извори со минерална вода додека паѓа снег“.

    rn

    Виетнам

    rn

    „Во оваа земја ќе го сфатите вистинското значење на љубезноста. Не дозволувајте сообраќајот да ви го уништи престојот. Седнете, нарачајте пијалак, опуштете се и гледајте“.

    rn

    Киргистан

    rn

    „Неверојатна природа, шарени пазари и многу пријателски расположени луѓе. Носете си голема чаша за вотка од светска класа“.

    rn(2) 37-godishen-norvezhanec-gi-posetil-site-198-drzhavi-vo-svetot-kafepauzamkrn

    Кариби

    rn

    „Рај. Без многу луксуз, со фантастични морски плодови. На Карибите гостопримството на локалното население е на високо ниво“.

    rn

    Нов Зеланд

    rn

    „Уживајте во белите, црни и златни плажи, во кој и да ви текне спорт на вода, бидејќи тука ги има сите, но и во многу други активности за кои не сте ни знаеле дека постојат“.

    rn

    Никарагва

    rn

    „Никарагва е интересна земја помеѓу Костарика и Хондурас. Тука ќе најдете легендарни места за сурфање и преубава природа“.

    rn

    Брегот на Слоновата Коска

    rn

    „Ова место е практично рај на Земјата. Очекувајте преубави плажи, идилични села и насмеани луѓе. Не очекувајте развиена инфраструктура“.

    rn

    Доминиканска Република

    rn

    „Има езеро, вулкан, скриени плажи и прашуми. Не само што звучи неверојатно, туку и навистина е“.

    rn(3) 37-godishen-norvezhanec-gi-posetil-site-198-drzhavi-vo-svetot-kafepauzamkrn

    Норвешка

    rn

    „Наречете ме пристрасен, но ако не сте го виделе западниот дел од Норвешка, или нејзиниот север, тогаш не знаете што е пејзаж што воодушевува. Таа се состои од неверојатни планини, фјордови, незамисливи водопади, величествени глечери, мали села, а сонцето на полноќ ќе ве остави без зборови“.

    rn

    Уругвај

    rn

    „Оваа релативно неоткриена земја ми остави мирни и опуштачки спомени со многу возбудливи личности“.

  • Добредојдовте во Хаваи: Местото каде што се случува чиста магија

    Добредојдовте во Хаваи: Местото каде што се случува чиста магија

    Хаваи е најизолираното населено копно во светот и во истиот момент штом излезете од авион и стапнете на хавајската земја, илјадници километри далеку од дома, едно нешто е јасно уште од самиот старт – Хаваи е навистина магично место!rnrn Хаваи: местото каде што се случува чиста магијаrnrnЏејсон Матијас е фотограф кој патува низ светот и сака да го долови чувството кое го доживеал во четирите години додека живеел на островот.rn

    Вложувам многу напор и размислување за да ги доловам овие моменти каде што се чини дека елементите соработуваат со мене. Емоциите кои сакам да ги доловам е удобната изолација на островите и бескрајниот простор во малиот момент на беспрекорна самотија.

    rnБарајќи места кои ќе ја доловат мистичноста на Хаваи, Матијас се искачил по вулкански карпи, планинарел до највисоките кратери и го бркал зајдисонцето секоја ноќ, само за да може да ги фотографира овие моменти на чиста магија.rn

    Поентата на фотографијата е дека секогаш може да се најдат елементи на движење. Хаваи е жив!

    rn