КАФЕ ПАУЗА

Tag: топ 5

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (3.10.-9.10)rn

    1. Дали е ова најкривата улица во светот?

    rnУлицата Ломбард во Сан Франциско, Калифорнија, лоцирана во соседството Руски рид помеѓу улиците Хајд и Левенворт има осум остри кривини, поради кои таа ја заслужила придавката најкривата улица во светот. Ваквата необична изградба на патот била неопходна од безбедносни причини, поради големата стрмност на ридот, по кој повеќето возила не можеле да се искачат.rn.rn

    2. Астрологијата и влијанието на вашиот подзнак

    rnАко вашиот сончев знак ја симболизира вашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, месечевиот знак – вашето срце и сржта на емоциите, тогаш може да се каже дека вашиот подзнак го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите може да ве гледаат како нервозно, енергично човече, со интелигентна смисла за хумор. Понекогаш, вашиот подзнак може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“ кој не сакате другите да го видат. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат?rn.rn

    3. Помладиот брат против постарата сестра

    rnДодека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.rn.rn

    4. 8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минута

    rnЗа уредување на домот, не се секогаш потребни многу пари. Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети кои можат да имаат специфична функција и интересен дизајн.rnrnВо видеото во продолжение, Пјер Лота презентира 8 проекти кои можат да се направат за помалку од една минута, а за нивната изработка се користат рециклирани предмети. Идеите се одлични: вазна од шише и обична бела хартија, кафе-масичка од дрвена плоча и стаклени шишиња, картонска ламба…rn.rn

    5. Модна колекција инспирирана од „Hello Kitty“

    rnМодната куќа „Forever 21“ и компанијата „Sanrio“ заедно ја создадоа оваа ексклузивна линија, инспирирана од неодоливата анимирана мачка. Оваа колекција, која е направена во ограничена количина, вклучува секаков вид женска облека. Од блузи, кратки пантолончиња, долна облека, чорапи до чанти, чевли, накит и слично.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)

    Ова е селекција на петте најчитани содржини на Кафе пауза за изминативе седум дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (26.9.-2.10)rn

    1. Астрологијата и (не)зависноста од вашиот љубовен партнер

    rnНекои хороскопски знаци се индивидуални и одбиваат да прифаќаат компромисно решение за кого и да станува збор, додека други со задоволство го претопуваат нивниот идентитет во животниот стил на нивниот партнер. Дознајте дали вие умеете да бидете во цврста љубовна врска, а сепак да останете свои?rn.rn

    2. Помладиот брат против постарата сестра

    rnДодека една постара девојка се обидува да сними „забавна“ кореографија на песната „Smack That“ од Акон, нејзиниот брат во позадина го прави она што таа не успева. Маладото момче ќе ве изнасмее до солзи. Малиот е ѕвер, не само поради потезите и гримасите, туку и поради шармот кој го поседува.rn.rn

    3. 20 кратки случајни животни совети

    rnТешко е да се живее животот според лекции, но животните совети од некои мудреци ни помагаат полесно да ги совладуваме тешките моменти и повеќе да уживаме во среќните. Овие 20 случајно собрани древни совети нè потсетуваат како да го постигнеме тоа.rn.rn

    4. Како да бидете личноста која сите ја почитуваат?

    rnНе постои човек на планетава Земја кого буквално цел свет го сака. Дури и најкултурните, најталентираните и најубавите холивудски ѕвезди има некој што не ги сака. Зошто тогаш да си ја заморувате главата со луѓе кои некогаш биле, некој мал незначаен дел од вашиот живот? Не им се допаѓате? Во ред. И во вашиот живот сигурно имате некој кој не ви се допаѓа, но најбитно од сè е да ве сакаат оние луѓе, кои и вие ги сакате. А доколку ги сакате, треба и да им го давате тоа на знаење, и тоа не еднаш годишно, туку постојано. Применувајте што е можно повеќе од следниве совети и ќе бидете на вистинскиот пат да бидете личноста која сите ја сакаат и почитуваат.rn.rn

    5. Романтична куќичка на дрво со џакузи

    rnДали како деца сте копнееле да имате ваша лична куќичка на дрво, која би претставувала ваше скривалиште и интимен простор во кој никој нема да ве вознемирува? Во денешно време да се дојде до една таква е многу лесно, доколку тоа сè уште го сакате и имате доволно пари. Француската компанија „Canopée Construction“ е специјализирана токму за изградба на куќички на дрво. Оваа што можете да ја погледнете на сликите е изградена изминатава зима, а се наоѓа на 50 километри северно од градот Тулуз, Франција.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (19.9.-25.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (19.9.-25.9)

    Ова е селекција на петте најчитани содржини на Кафе пауза за изминативе седум дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (19.9.-25.9)rn

    1. 13 чадори поради кои ќе го засакате дождот

    rnЧадорот е едно од оние нешта кои не сакаме да ги употребуваме многу. Сепак, кога ситуацијата наложува да носиме чадор поради лошите временски услови, сакале или не, мора да понесеме еден со нас. Па за да биде целата работа поинтересна, еве некои модели кои ги смислиле дизајнерите низ светот.rn. rn

    2. Како изгледале познатите во нивните алманаси?

    rnПознатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот. Приложени со слика од нивниот годишен алманах од средно или основно училиште, прочитајте кои од познатите фаци, кои се денес актери или пејачи, удирале на тапани, се откажале од школо, ги бивало за спорт, сакале да имаат мртовечница или отсекогаш биле она што се денес. :)rn.rn

    3. Астрологијата и вашите психолошки бариери

    rnИнтимноста може да претставува проблем за некои луѓе. Не е едноставно да им ги ставите на послужавник вашите емоции, на луѓето кои ви значат во животот и ако нешто тргне во лош правец, да се чувствувате ранливо и разочарано што сте дозволиле тоа да се случи. Обидувајќи се да се заштитат од таквите чувства, некои хороскопски знаци одлучуваат да стават бариера пред себе, на тој начин не дозволувајќи им на луѓето да им ги повредат чувствата. Но, тоа не е баш добра одлука, бидејќи во некоја точка од животот ќе сфатите дека тие бариери ве кочат вас, кон патот до успехот. Научете како да формирате искрени интимни врски со вашите блиски и партнерот, со помош на астрологијата.rn. rn

    4. Шик модни комбинации кои се носат со патики

    rnТрикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.rn. rn

    5. Топ 15 најубави замоци во светот

    rnИако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (12.9.-18.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (12.9.-18.9)

    Кои се петте содржини што најмногу се читаа на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (12.9.-18.9)rn

    1. Облекувајте се тренди оваа есен

    rnЗа една седмица есента ќе ни чукне на врата. Постепено температурите ќе почнат да опаѓаат, а тоа значи дека ви е потребна есенска обнова на вашиот гардеробер, доколку сакате да бидете во чекор со модните новости кои ги носи ова годишно време. За да бидете тренди и шик не морате да купувате облека од скапи, луксузни бутици. Сè што треба да знаете е кои бои се модерни оваа есен, какви дизајни се носат и најважно од сè, како сето тоа добро да го искомбинирате за да изгледате современо. Тука ќе ги пронајдете сите тие одговори и притоа ветуваме дека нема да ви создадеме вртоглавица.rn.rn

    2. Фантастична вила за луксузно бегство од реалноста

    rnВилата „Chi“ се наоѓа на островот Пукет во Тајланд. Таа е сместена веднаш над прекрасниот океан, притоа нудејќи комплетна изолација и непречен бескраен хоризонт за своите посетители. Со неа управува хотелот „Cape Sienna“, а за љубителите на луксузот, ова прекрасно место има што да понуди.rn.rn

    3. Како би изгледале познатите без веѓи?

    rnВеѓите се дел од лицето кој нема некоја значителна улога, но нивниот облик и тоа како значи за изгледот на секој човек. Дали некогаш ви се случило да се запрашате, како би изгледале без нив? Одговорот на тоа прашање го даваат тројца другари кои се кријат под псевдонимите Gusto, Mr. GIF и Rory Rockmore.rn.rn

    4. Астрологијата и справувањето со разочарувањата

    rnСекој знае да се справи  со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.rn.rn

    5. Најубавите национални костуми на „Мис Универзум 2011“

    rnНатпреварот за најдобар национален костум е најшарениот дел од изборот за Мис Универзум. Меѓу другото, овој дел од настанот е и најинтересен за гледачите ширум светот.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)

    Еве ги петте поста кои најмногу пати беа кликнати во текот на изминатите 7 дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (5.9.-11.9)rn

    1. Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    rnКолку пати досега сте биле шокирани од фотографијата која ја објавил некој ваш пријател на својот профил на Фејсбук? Како пак реагирате кога ќе видите дека истиот тој пријател, решил да ја означи таа ужасна фотографија како профил слика, која ќе може цел свет да ја види? Францускиот фотограф Mathieu Grac се сетил да направи една интересна серија фотографии, која ја нарекол „Boyz and Girlz du net“ (Момчињата и девојките на нет). Неговите фотографии ја истакнуваат опсесијата на секое општество во светот, со профил-сликите на социјалните мрежи.rn.rn

    2. Никол Шерцингер и Ламборгини „Дијабло“ – убиствено жешка комбинација

    rnДали можеби ви се чини дека ова е излезено од вашите фантазии? На овие слики се прикажани две неверојатни убавици. Од една страна, Никол Шерцингер, поранешната прва пејачка на атрактивната женска поп група „Pussycat Dolls“, а од друга, импресивниот модел на Ламборгини, неприкосновениот „Дијабло“.rn.rn

    3. Адријана Лима во нова секси фотосесија

    rnАдријана Лима е повторно назад на сцената, откако од „Victoria’s Secret“ повторно објавија нејзина нова жешка фотосесија во долна облека. Како никогаш да не родила дете, нејзиното тело сè уште изгледа совршено. Иако повеќето модели на „Victoria’s Secret“, во краток период заминаа на породилно, сепак тие се вратија уште позгодни и поатрактивни од претходно. Да не заборавиме дека тука беа новите и млади заменички, кои во иднина ќе ја претставуваат оваа куќа. И што мислите вие за Адријана?rn.rn

    4. Првиот виртуелен супермаркет во светот

    rnМожете ли да си замислите како влегувате во супермаркет да испазарите нешто и притоа не гледате ниту еден продукт на полиците? Епа токму ова им се случува на Јужнокорејците кога пазарат во нивната нова виртуелна продавница, чиишто продукти потоа реално ги користат.rn.rn

    5. Астрологијата и започнувањето на есента

    rnЕсента само што не ни зачукала на портите, па затоа мораме да бидеме спремни за посериозни обврски и враќање во реалноста, по долгото и мрзеливо лето. Оваа транзиција може за некого да биде многу тешка, па затоа погледнете што ви порачуваат ѕвездите, за да останете во вашиот природен баланс.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (29.8.-4.9)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (29.8.-4.9)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (29.8.-4.9)rn

    1. Ахиловата пета на хороскопските знаци

    rnСекој астролошки знак има одреден дел од телото кој му е особено чувствителен и кој треба да биде третиран со поголема нега и грижа. Прочитајте што велат ѕвездите, за тоа кој дел од вашето тело заслужува посебно внимание.rn. rn

    2. Инспиративни приказни со среќен крај

    rnОва е нашата селекција на 15 инспиративни приказни од сајтот Makes Me Think, кои истовремено ќе успеат да ве насмеат, расплачат и облеат со милион емоции. Се надеваме ќе уживате во психолошкото патување, исто колку што уживавме и ние.rn. rn

    3. Трите фази на заљубувањето

    rnЗаруменети обравчиња, забрзано чукање на срцето и потење на дланките се само неколку симптоми кои ве издаваат дека почнувате да се заљубувате. Сепак, во внатрешноста на телото има јасни хемиски знаци, кои со сигурност кажуваат дека ве погодила една од стрелите на Купидон. Кога станува збор за љубовта, се чини дека сме оставени на милост и немилост на биохемијата. Еден од најдобрите истражувачи во оваа област е Хелен Фишер од универзитетот во Њу Џерси. Според нејзините зборови, секој човек се заљубува во три фази и секоја од нив вклучува различен сет од хемикалии.rn. rn

    4. Смешни грешки при куцање СМС-пораки

    rnОва е нашата селекција на 25 ултра смешни СМС-пораки испратени од Ајфон, кои веруваме дека ќе ве насмеат до солзи и ви го продолжат животот за неколку години. Ако оваа доза хумор, извлечена од реални ситуации на луѓе не ви е доволна, продолжете со читање комични СМС-пораки на сајтот DamnYouAutoCorrect.com. Уживајте. 🙂 🙂 :)rn.rn

    5. Кое годишно време сте вие?

    rnВерувале или не, постои еден старомоден начин, кој ви кажува кои се вашите бои и тој е сè уште релевантен после многу години. Станува збор за една студија за боите кои најдобро им стојат на луѓето, а се нарекува сезонска анализа на бои.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)rn

    1. ТВ серии кои ќе ги гледате од септември

    rnСептемврискиот маратон на ТВ сериите само што не започнал. Како и секоја година во овој период, на малите екрани се враќаат поголемиот дел од популарните ТВ серии со нова сезона. За сите љубители и фанатици, следниот месец ќе претставува рај, не само поради тоа што продолжуваат старите, туку и поради фактот што во овој период се појавуваат и нови серии кои можат да бидат следниот светски хит. Затоа вие само гледајте и уживајте, а Кафе пауза ќе ве изненадува со нови рецензии и занимливости поврзани со сериите и оваа сезона.rn.rn

    2. 5 невообичаени примени на пастата за заби

    rnМногу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент…rn.rn

    3. Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош на астрологијата и технологијата

    rnАко сте во долга љубовна врска и сметате дека веќе одамна сте го освоиле срцето на вашиот партнер, тоа не значи дека сега веќе нема потреба да правите нешто со што ќе ја докажувате вашата љубов кон него/неа. Љубовта треба постојано да се докажува и покажува. Секој човек одвреме-навреме има потреба за малку внимание и убав романтичен гест, па зошто да не ги искористите новите технологии за да направите нешто што ќе биде креативно, ќе изгледа убаво и ќе му го затрепери срцето на вашиот љубен партнер?rn.rn

    4. Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

    rnКонечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го понатаму. :)rn.rn

    5. Смешни грешки при куцање СМС-пораки

    rnи се случило ли некогаш да напишете СМС-порака и дури откако ќе притиснете „испрати“ да сфатите дека сте направиле печатни грешки, поради кои можете да бидете тотално погрешно сфатени? Не знаеме за вас, но бидете сигурни дека илјадници американци имаат што да кажат на темава. Кога куцаат СМС-пораки, тие ја користат опцијата за автоматско коригирање на зборовите, па понекогаш наместо да им се олесни пишувањето, тие се ставаат себеси во чудна ситуација со нивните блиски луѓе и не сакајќи прават страшна семејна драма, започнуваат неочекувани кавги со љубовниот партнер, звучат ужасно безобразно и перверзно и што ли уште не! Ова е нашата селекција на 25 ултра смешни СМС-пораки испратени од Ајфон, кои веруваме дека ќе ве насмеат до солзи и ви го продолжат животот за неколку години.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (15.8.-21.8)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (15.8.-21.8)

    Направивме селекција на петте најчитани содржини на Кафе пауза за изминативе седум дена.Топ 5 содржини за изминатата недела (15.8.-21.8)rn

    1. 20 нешта кои треба да престанете да им ги правите на другите

    rnВашето поставување игра многу голема улога во градењето на односите со луѓето. Доколку сакате да воспоставите силна и трајна врска со некого, секогаш треба да внимавате во почитувањето на неговите граници и толерирање на ситните и занемарливи работи кои вам лично ви сметаат. Сепак, секој однос зависи од взаемното почитување. Ова се 20 совети кои секој треба да ги почитува, за да има добра комуникација и здрав однос со луѓето околу себе.rn.rn

    2. Близначка ù го спасила животот на сестра ù во мајчината утроба

    rnАндреа Гудрич била 20 седмици бремена кога ги слушнала тажните вести дека е неизбежно да ги изгуби двете бебиња. Како и да е, вчера таа ги лулкала нејзините две здрави ќеркички, откако едната ù го спасила животот на другата, уште пред тие да се родат.rn.rn

    3. Реклами од минатото кои денеска би биле забранети

    rnМногу денешни реклами не се во согласност со човековата етика и моралните стандарди, но кога ќе ги погледнете овие реклами од минатото, ќе сфатите дека денешниве се одлични. Покрај тоа што се дискриминаторски, деградирачки и расистички, повеќето од нив содржат лаги, но сакале или не, тие се дел од историјата и најверојатно вечно ќе останат таму.rn.rn

    4. Гаража претворена во фантастична куќичка

    rnНа сите ни е интересно да гледаме како од луѓето кои имале потреба од некои физички корекции прават вистински ѕвезди, „крш“ автомобили кои ги трансформираат во возила кои не знаеш дали повеќе сакаш да ги гледаш или да ги возиш и домови кои по преуредувањето не можат да се препознаат. Креативноста и умешноста во уредувањето на внатрешниот простор е неопходна, но веројатно треба и многу повеќе, ако на располагање имате една стара гаража од 23 квадрати. Мишел дела Вега, визуелен артист, дизајнер на простор и поставувач на уметнички инсталации од Сиетл, од неа, направила чудо.rn.rn

    5. Водич за комбинирање бои во вашата гардероба

    rnДа се соочиме. Повеќето жени сме ограничени кога станува збор за експериментирање со различни бои во нашата гардероба. Така, кога одиме да купуваме чевли најчесто одбираме црни, кафени, а не виолетови, сини или жолти. Како основна боја во облекувањето ја користиме црната или белата и ја комбинираме со некоја друга боја, бидејќи нели црно и бело одат со сè! По излозите во бутиците игнорираме сè што има чудно име на боја како тиркизна или циклама, бидејќи сметаме дека тие бои не би ни стоеле нам. Но, дали таквото ограничување е добар избор?rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (8.8.-14.8)rn

    1. Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

    rnКога ќе се погледнат за 250 пати поголеми од реалната големина, зрната песок имаат фантастична, колоритна структура и се уникатни како снегулките. Погледнати низ микроскоп, тие потсетуваат на делови од кристали, парчиња од спирални школки и ронки од вулканска карпа.rn.rn

    2. Астрологијата и вашите најдобри пријатели

    rnКакви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.rn.rn

    3. Интересни туторијали за нокти

    rnНоктите на секоја припадничка на понежниот пол треба да бидат средени. Со тоа се постигнува впечаток на педантна личност која се грижи за секој дел од своето тело. Во летото ноктите се особено важни, а интересните и лесни дизајни никогаш не се на одмет.rnЗатоа еве неколку интересни туторијали кои се надевам ќе ги красат вашите нокти!rn.rn

    4. Изнајмете го островот во форма на срце

    rnСопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.rn.rn

    5. Надреални автопортрети од 16 годишно момче

    rnОвој талентиран 16-годишен фотограф доаѓа од Дуизбург, Германија, а неговото име е Филип Шумахер. Тој веќе две години активно се занимава со фотографирање. Инспириран е од познатите фотографи Алекс Стодард, Роузи Харди и Брук Шаден, кои својата работа ја споделуваат на „Фликр“.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (1.8.-7.8)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (1.8.-7.8)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (1.7.-7.8)rn

    1. Листа на летни романтични филмови

    rnЛетото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.rn.rn

    2. Кул пешкири за на плажа

    rnПешкирите се неопходност во нашето секојдневие, кои со својата едноставна правоаголна форма, еднобојни или шарени, сепак си ја вршат својата основа функција – ги впиваат капките од нашата навлажнета кожа и ни пружаат удобност и комоција после капење. Но, како што има креативност во сè друго, така постојат и креативни пешкири со кои би било кул да се појавите на плажа. Кој од овие би бил вашиот избор?rn.rn

    3. Направете си блескави нокти во домашни услови

    rnЖенските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.rn.rn

    4. Што сè имаме научено од филмовите

    rnСкоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.rn.rn

    5. Астрологијата и вашето справување со староста

    rnДали сè уште ќе носите мини здолништа, модерни очила за сонце и кул облека кога ќе имате 50 години? Или прерано ќе се помирите со фактот дека сте стари и немате што да правите повеќе со себеси? Ќе бидете кул старче или досадна баба/дедо? Некои хороскопски знаци грациозно се справуваат со староста, а други бесно се борат со неа. Во која категорија спаѓате вие?rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.